|
ПРЕДВРЕМЕНИ ИЗБОРИ во МК - генерална дискусија |
Внеси реплика | страница <1 2526272829 36> |
Автор | ||
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Во ова наша мала земја никако да се премине од зборови на дела
Георгиевска: Стечајците ќе му ,,пресудат“ на Груевски |
||
vmro1990
Нов член Регистриран: 06.Април.2011 Статус: Офлајн Поени: 35 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Вељаноски распиша избори
Претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељановски го потпиша Решението за распишување на предвремени избори. - На крај од вчерашниот ден Собранието одлучи дека легитимитетот на парламентарните политички субјекти треба да биде проверен од граѓаните на Република Македонија на предвремени парламентарни избори. Апелирам до сите политички партии за одговорноста што секој од нив ја има во обезбедување услови за одржување фер и демократски избори, рече Вељаноски по потпишувањето на одлуката. За него е разбирливо дека политичките партии ќе настојуваат да обезбедат, што е можно поголема поддршка за своите ставови. Но, додаде, истовремено секоја политичка партија во наредниот период има шанса и обврска да даде придонес во создавањето конструктивна атмосфера и во јакнењето на меѓусебната доверба. Вељаноски апелира на одговорно и достоинствено однесување и побара од членовите и симпатизирете на политичките партии секогаш да водат сметка за севкупните интереси на државата. - Конечната оценка за прифаќањето на предложените политички програми ја даваат граѓаните. Во оваа смисла ги повикувам граѓаните да излезат на предвремените парламентарни избори и да го изразат својот став кому треба да ја дадат довербата и мандатот за водење на Република Македонија во наредниот период, истакна Вељаноски. Oдлуката за распуштање на законодавниот дом, што ја предложи претседателот на Собранието Трајко Вељаноски со поддршка од 79 парламентарци, беше усвоена вчера вечерта Со тоа заврши мандатот на досегашниот пратенички состав и се отвори можност за распишување предвремени парламентрани избори. Распуштањето на Парламентот беше овозможено по изборот на Борис Кондарко за претседател на Државната изборна комисија и со изгласувањето на измените на Изборниот законик. Предвремените парламентарни избори ќе се одржат на 5 – ти јуни, датум предолжен од премиерот Никола Груевски, прифатлив за останатите партии. Изборите на 5 јуни се втори вонредни, а вкупно седми парламентарни од осамостојувањето на Македонија. Првите се одржаа во 1990 година, вторите 1994, третите 1998, четвритите 2002, петиите во 2006, а последните шести во 2008 година. Тие воедно беа и први предвремени парламентарни избори. Со актот за распишување на изборите се определуваат и роковите за извршување на изборните дејства. Во случајот на предвремени избори за пратеници тие се скратуваат за пет дена, освен рокот за спроведување на изборната кампања, која стартува 20 дена пред денот на изборите, а завршува 24 часа пред почетокот на гласањето. Извор: http://k*rir.mk/makedonija/vesti/26352-Veljanoski-raspisa-izbori АЈДЕ ВМРО-ДПМНЕ, ВЕРУВАМЕ ВО ТЕБЕ! |
||
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Дали се предвремени, навремени, закаснети ама ич не е важно. Важно е...што вели мојот омилен професор чии колумни редовно ги читам и ми се плаче оти за се е во право, дека пак ќе ни продадат ветер и магла и ние пак ќе им поверуваме и ќе ги гласаме. За жал.
Да, драги мои. Во секое предизборие, власта на неписмениот и необразован граѓанин на Република Македонија му го продава неверојатното како веројатно. Фантастиката му ја продава за реализам. Затоа и лесно се владее со необразован и запустен народ. Мојот студент продолжи со логицирање – ме праша дали во Македонија, иако се смениле пет-шест владејачки гарнитури, недостигот од промени се должи не на константната желба за богатење на гарнитурите, туку на константната ниска писменост и образование на гласачите, кои како такви веруваат во чуда? |
||
Andjelina
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Miss High Hill’s Регистриран: 07.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 14129 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
да,предвремени избори ќе има,ама што добива народот со нив?
освен што ќе ни ги подиспразнат џебовите кои ионака зјаат празнички која будалаштина ни се случува со Државава? кои лудаци не заведуваат и ни продаваат м*** за бубрези...а ние...народот...еееееех..ние сме приказна сами за себе и кога сме кај изборите.... Изменето од Andjelina - 17.Април.2011 во 10:21 |
||
Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува
|
||
kejt-d-grejt
Сениор Регистриран: 05.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 6228 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
не се нормални, жими се! ама не преувеличувам абе стварно не се нормални!!! |
||
се' што е убаво во животот е поезија. сето друго е проза
|
||
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Ма почнавме и ноќе да не спиеме од грижа, ама сега малку здивнавме кога видовме дека
-Пратениците за време на предизборната кампања, ќе земаат пратеничка плата и сини картони |
||
kejt-d-grejt
Сениор Регистриран: 05.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 6228 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
барем за нив да не мислиме
|
||
се' што е убаво во животот е поезија. сето друго е проза
|
||
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Ееееее ако имаме среќа дедо боже да ни овозможи
На некои суратот никогаш повеќе да не им го видиме ќе биде многу арно. Дај боже да останат раскарани, и уште поарно да им омили пратеничката функција па да не се кандидираат повеќе. (кај е она човечено на брза со крстењето да го клаам тука) |
||
DameMak
Сениор Регистриран: 24.Јуни.2009 Статус: Офлајн Поени: 617 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Ova go vikash na sekoi izbori? |
||
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
На секои избори досега па и на овие се потврдува онаа класиката од Бизмарк, дека најмногу и најбезобразно се лаже после лов, за време на војна и пред избори. Лаги и ново-стари ветувања, отварање чешми, афери, тужби, отчети. Уффф... а кампањата сеуште (официјално) не почната. |
||
pajser
Сениор kloshar Регистриран: 04.Март.2011 Локација: Lao People's Dem. Rep. Статус: Офлајн Поени: 13922 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
samo mala ispravka., kampanjite pochnuvaat sekogash koga sdsm ne se na vlast i toa vednash
|
||
nesluchajno ne veruvam vo sluchajnosti<>sekoja sluchajnost e kontrolirana
|
||
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Чешмите секогаш ги пуштаат властодршците А кампањите...ќе почнат... Петров::„ салите се мали за конвенцијата, одиме на градски стадион“ |
||
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
На новостокмениот ли? Ако не за натпревари, за партиски собиранки барем ќе им се најде стадионот. |
||
којсумјас
Сениор Регистриран: 22.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4543 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Значи темава можеби веќе губи од актуелност...
предвремените избори веќе се реалност, се знае кога... но вистинското прашање е... зошто...? Зошто владеачката гарнитура која сеуште има голема поддршка... од голем дел од народот... прифати да има предвремени избори... во ситуација кога има 61 пратеник... каква таква стабилна коалиција со ДУИ... заеднички вкупен број во коалиција повеќе од 80 пратеници... задоволен и Бадинтеров принцип... можеа да донесуваат какви сакаат закони, промени на устав... се' што ќе им текнеше на онаквото... башка влезени во проекти, Скопје направено како градилиште... свои директори на јавни претпријатија, државни установи, навлезени веќе во шема... значи им "цвета бизнисот"... и они сега паѓаат под притисок на некоја си опозиција која брои едвај 20 тина и нешто пратеници... и таа бројка на пратеници издејствува да има избори, кои после бре излезе дека не ги ни сака... се' чудо до чудо... ни едниве имаат потреба за нови избори... ни другиvе пак сакаат нови избори... а види чудо... избори ќе има... ни првите ќе го задржат големиот број на пратеници... ни вторите ќе добијат доволен број на пратеници... губат и едните и другите... но избори ќе има... и кој сега добива од тоа што ќе има избори... е кој де...?? Американците велат... ќе јадеме, ќе пиеме... ама на крај некој ќе мора да плати... како што ми изгледа, нашиве завршија со ручекот... Изменето од којсумјас - 29.Април.2011 во 22:15 |
||
Внеси реплика | страница <1 2526272829 36> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |