IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Патувања...
  Активни теми Активни теми RSS - Места кои мора да ги посетите
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Места кои мора да ги посетите

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1112131415>
Автор
Порака
Marko Polo 1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
venecijaner

Регистриран: 20.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 9693
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Marko Polo 1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Декември.2010 во 21:32
iskreno, bi gi posetuval barem po ednas vo sekoj period... Da ne se lutat esenta, letoto i najvekje proletta...
Incredible Blue
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Февруари.2011 во 12:09
 
Маурициус - рајски остров

Република Маврициј е островска држава во југозападниот Индиски океан. Први го колонизирале холанѓаните и му го дале името по принцот Маурициј од Насау. Островот... 

...се наоѓа 900km источно од Мадагаскар. Се до 17 век бил ненаселен, а сега е пренаселен и преставува една од најразвиените афикански земји.

На само 2.045 квадратни километри живеат 1.200.000 жители. На 90% од земјиштето се сади шеќерна трска, но љубезните жители на островот се занимаваат и со туризам и со текстилна индустрија.

Главен град е Порт Луис, кој мора да го посетите и да уживате во мирните вечерни прошетки, а ако сте повеќе за забава и за тоа има предвиден кварт полн со продавници, ресторани, барови, кино сали и луксузни коцкарници.

Климата е тропско-океанска, но пријатна преку целата година. Зимите се топли и суви, а летата влажни и жешки. Се разликуваат две сезони - од декември до април трае летото, а од мај до септември, зимата. Идеално време за посета е јули.

Овој вулкански остров познат е и по изумрената птица додо, чие име е синоим за глупост.

Тешка околу 23 килограми, птицата додо изумрела набргу по доаѓањето на португалските истражувачи на островот.

Се смета дека неможела да и се спротивстави на агресијата на ловците и нивните кучиња, но и на останатите животни кои го населувале островот со новите народи.

Нешто што секогаш асоцира на Маурициус и нешто за што особено се зборува е тиркизното море, белите песочни плажи, како и коралните гребени кои никого не го оставаат рамнодушен.

Сигурно сте чуле за џиновските листови на водениот лилјан во местото каде што живеат стогодишните желки; тоа е најголемата ботаничка бавча на светот - Sir Seewoosagur Ramgoolam.

Повеќето жители зборуваат англиски, па комуникацијата не би требало да е проблем.  Храната е разнолична и има по нешто за сечиј вкус, што и не е чудно со оглед на разноликоста на жителите (Африканци, Азијци и Европејци).

Квалитетот никогаш не е под знак прашање, но за да се уверите во тоа морате да го пробате нивниот специјалитет, Camarons – рак во пикантен сос. Властите на Маурициус не сакаат островот да се претвори во масовно туристичко одредиште, туку да ја задржи ексклузивноста. На островот има многу хотели и вили и тоа ексклузивно опремени.

Овде е годишен одмор од сништата за повеќето Европејци, но и за туристи од другиот дел на светот. Има бројни атракции како - одење по морското дно, возење со полуподморници, крстарење, нуркање, сурфање, риболов, тенис, голф, па дури и крокодилска фарма... и уште многу, многу работи кои вреди да се видат.

 

 

 

 



Изменето од емил - 06.Февруари.2011 во 12:14
Кон врв
stigma04 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Март.2010
Статус: Офлајн
Поени: 2661
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај stigma04 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Февруари.2011 во 05:21
Mesto sto e interesno da se poseti Vratnica Tetovo

Dokolku ste ljubitel na voda, moze da odite na prekrasnoto Livadicko ezero na okolu 2000 m nadmorska visina koe sto e bogato so ezerska pastrmka stara povece od 20 godini.

Mozete da go posetite i maloto ezero vo Senokos, kako i ezeroto vo Golina na koe sekoja godina se odrzuva turnir vo ribolov.

Tuka e i nasata reka Racita so nekolkute vodopadi i se razbira vodenicata (Gurcina vodenca) pokraj koja sto se pravat prekrasni izleti. Dodeka sme kaj vodite, da gi spomeneme i golemiot broj na izvori vo Ckalo, Dolna reka, golemiot broj livadicki i ljubotenski izvori, i sekako Ajducko cesmice na Ljuboten.

Ljubitelite na crkvi i spomenici moze da ja posetat crkvata Sv. Petka (najgolema od selskite crkvi vo Polog), maloto crkvice vo dvorot na Sv. Petka koe e obnoveno od strana na Ratko Cupe i manastirot Sv. Konstantin i Elena vo Cestodubje koj momentalno e vo izgradba.

Pokraj crkvi, vo Vratnica ima i nekolku spomenici i toa: vo Vuklevo, vo blizina na osnovnoto uciliste „Simce sastovski“, na patot Tetovo - Jazince kaj fabrikata IGM - Vratnica, vo dvorot na crkvata Sv. Petka i drugi.

Se razbira tuka e i Vratnickoto Kale koe e mnogu oddaleceno od naseleniot del i se naoga vo dolniot del na Vratnica, vo blizina na s. Orasje i rekata Vardar. Poradi voeniot konflikt od 2001 god. vo posledno vreme ova mesto e slabo poseteno od bezbednosni pricini.

Dokolku sakate da odite na lov ili planinarenje ili pak samo da uzivate vo prirodnite ubavini, mora da se iskacite na Sar Planina koja vo zavisnost od periodot od godinata, ce ve zadovoli so sneg, sonce, mozebi dozd, no sekako pecurki, malini, kapini, jagodi, borovinki, kosteni i preubavi divi zivotni. Interesni mesta se Vuklevo, vikendicite vo Bucje i Senokos i dvete pokraj patot za Ljuboten, ljubotenskite i livadickite bacila, planinskiot dom na Ljuboten, sandarska buka (za onie koi ne znaele, toa e edno od najubavite drva vo Makedonija), potoa Kozja karpa, Ljubotenska sija i planinskiot vrv Ljuboten (2496 m). Tuka da ne gi zaboravite i livadickite predeli, Kamce i Golem kamen.

Dokolku odite niz vratnickoto pole mora da go posetite mestoto kade sto nekogas postoel bazen i fudbalsko igraliste (Redes), potoa rekickata vo Rakoac koj porano bila bogata so rakcinja, vratnickoto Lozje koe se naogalo vo Golina (pod ezeroto).

Dokolku planirate da pravite izlet, izberete gi livadite od „Motel“ do „Gabar“ i pominete nezaboravno.

Za kraj da go spomeneme i centarot na Vratnica (sred-selo) koj bese renoviran od Mesnata Zaednica vo izminatite godini.

Jas sum pepel tamu kade sto bev ogan
Кон врв
Schatzii Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 04.Мај.2010
Локација: Germany
Статус: Офлајн
Поени: 10600
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Schatzii Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Февруари.2011 во 12:30
Куба - волшебно патување
 
Куба е најголемата островска земја во групата на Малите Антили во Карипското море. Таа од сите страни е опколена со вода - Атлантскиот Океан на исток Мексиканскиот Залив на север и Карпиското Море на југ.

Со над 200 заливи и 280 тропски и рајски бели плажи, окружени со волшебни нијанси од зелени и сини бои, Куба претставува вистински предизвик за секој посетител.

Шпанците зад себе оставиле големо влијание што се однесува на архитектурата, а уште поголем шарм на Кубанските градови им даваат куќите од камен, поплочените улици и извонредно љубезните домаќини. Речиси од секој агол во на островот допираат звуците на салсата и мирисот на пурите.

Во Куба значајна стопанска гранка е туризмот. Пријатната клима и долгите песочни плажи секоја година привлекуваат се поголем број туристи.

Возење со стари автомобили од 50-те, ветар во коса и звуци на салса, прошетка до долината Винхалес, водопадите, шеќерните плантажи, јавање на коњи, капење во водопадите и уживање во прекрасната природа се само мал дел од слатките задоволства кои ги нуди овој остров.



Изменето од Schatzii - 18.Февруари.2011 во 12:31
Dream what you want to dream;
Go where you want to go;
Be what you want to be,
because you have only one life and one chance to do all the things you want to do.
Кон врв
Schatzii Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 04.Мај.2010
Локација: Germany
Статус: Офлајн
Поени: 10600
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Schatzii Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Февруари.2011 во 19:24

Сејшели

500

Сејшелите, попознати како Сејшелски острови се островска држава во Индискиот Океан.

Сејшелите, можеме слободно да кажеме дека се рајот на земјата.

Се состојат од 115 острови, од кои 33 се населени. Околу 80% од населението живее во главниот град Викторија, на островот Mahe.

Прекрасна глетка и убава природа, вистински луксуз од бели рајски плажи со кристална чиста вода, разновиден подводен свет, необична флора и фауна.

Има луксузни куќарки кои се расфрлани низ целиот остров, во нив освен удобно сместување, ќе најдете велнес центри, ресторани и низа други активности.

На Сејшелите владее тропска клима, просечната дневна температура изнесува 27°C, а температурата на водата исто така е 27°C.

1210

1211

121

122

123

124

125

126

127

128

129

130

131

132

133

134

135

136

Dream what you want to dream;
Go where you want to go;
Be what you want to be,
because you have only one life and one chance to do all the things you want to do.
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Февруари.2011 во 07:36
Острови кои мора да ги посетите
 

Истражувачите на Budgettravel го поминаа светот во потрага за најубавите острови кои би требало да ги посети секој серизен патник. Секое од тие места има нешто што не може да се најде никаде на друго место – од вештачки архипелаг до природни убавини./span>

Без оглед дали барате недопрена природа, културни знаменитости или сакате да откриете нови доживувања, овие места пружаат се за што отсекогаш сте сонувале.

Виеквес
Кога американската морнарица во 2003 год го напушти овој остров во северноисточните Кариби, позади себе остави недопрена природа повеќе од 60 години. Иако некогаш служел како полигон за вежбање бомбардирање, Виеквес денес е природен резерват. Покрај неколкуте големи хотелски комплекси, сместување може да се најде и во помали и романтични пансиони. Еден од нив е Great Escape B&B, каде доручекот се послужува во базен. Островот е во склоп на Порторико и има помалку од 10.000 жители и само два значајни града – Изабел Сегунда на северната страна и помалиот Есперанза на југ.


Бали
Иако во последниве години е спомнуван како популарна туристичка дестинација, Бали помеѓу хиндуистите е познат и како место на духовност наречен „остров на боговите“. Еден од 17.000 острови на индонезискиот архипелаг, Бали е едиствениот со хиндуистичко мнозинство. Уште повпечатлив е фактот дека разни духовни прослави таму се организираат скоро секој ден. Трите хиндуистички храма во местото Бесаких преживеале дури 1.963 вулкански ерупции кои ги уништиле околнте села. Мештаните тоа се уште го доживуваат како чудо, па редовно доаѓаат на богослужба и молитва. Но освен на светите места духовен мир на Бали може да се најде на различни места на залезот на сонцето кое го заблескува Индискиот океан.

Искиа
Овај вулкански остров, кој се наоѓа во наполитанскиот залив, од поодамна е познат по своите терминални извори, па привлекува туристи веќе 2.000 години. Грците, Римјаните и Турците брзо откриле дека терминалните извори можат да делуваат лековито и да ја облажат болката во мускулите или едноставно да го опушти телото. И денешните патници со задоволство доаѓаат на масажа, каливи и геотермални бањи, од каде го продолжуваат истражувањето на островот, кој уште е познат по вино од локалните лозја, и по Арагонскиот замок кој е подигнат пред на него да дојдат Римјаните.


Чилое
Островите Чилое не се толку оддалечени од брегот на матичниот Чиле, но поради изолираноста на нивната историја, обичаите и начинот на живот, имаат малку врска со она на копното или било каде на светот. Локалните земјоделци и понатаму ги чуваат старите верувања за џуџињата, вештерките и духовите. Големите прашуми се заштитени како национален парк, додека научниците од Тихиот океан ги истажуваат и штитат, пингвините, видрите, и најголемите суштества на светот – сините китови. Во главниот гад Кастро нарачајте јадење од школки, месо и компири и погледнете ги ракотворбите од дрво и шарените фустани од чилеанска волна. Жителите се уште живеат во традиционални куќи, поставени на трупци над морето, додека језуитските мисионери локалните материјали ги користат за изградба на капели.

Бора Бора
Ако сакате да посетите идилични острови во Француска Полинезија Бора Бора ќе ги исполни сите ваши очекувања. Дури и познатиот романописец Џејмс Миченер, кој многу од своите дела ги направил на подрачјето на јужниот Пацифик, рекол дека Бора Бора е еден од најубавите острови на светот. Островот е опкружен со лагуна и корален гребен, а во средината е остаток од некогашниот вулкан на кои потсетуваат двата планински врвови Пахиа и Отеману. Бидејќи островот воглавно го посетуваат богати европски, американски и јапонски туристи, сместувањето е отмено, но и многу скапо.

Пенанг
Најголемиот град на малезискиот остров Пенанг, Џорџтаун познат е како престолнина на храната во која се мешаат вкусовите на мелезиската, кинеската, индиската и европската кујна. Љубителите на храна прошетката мораат да ја почнат од центарот Ајер Итам, каде можат да пробаат многу јадења на база на ориз, тестенина, риба, школки, пилешко, свинско, овошје, и друго. Пробајте 'лор бак' – пржено маринирано мелено свинско со чили, ’лок лок’ - ражнич од морски плодови, месо и зеленчук, ’икан бакар’ - риба маринирана во кокосово млеко, замотана во лист од банана и печена на жар, како и други видови на специјалитети кои кора да ги пробате. Покрај сето тоа островот има и прекрасни плажи, мали рибарски села и многу храмови, џамии и цркви.


Велигденски острови
Со најблиското копно оддалечени повеќе од 3.500 километри, Велигденските острови се исто толку далечни и мистериозни. Никој точно не знае зошто 900 гигантски камени монолити се расфрлани низ островот среде јужниот Пацифик. Познати под називот ’моаи’, големите камени глави се тивки стражари на Велигденските острови, високи се во просек околу 134 метри и тешки 14 тони.

Галапагос
Познатите желки од Галапагос не се единствената причина на љубителите на животни да се упатат на овој остров. Тука има повеќе од 500 животински видови кои не можете да ги најдете никаде на друго место. Токму ендемските врсти на Галапагос го воодушевиле Чарлс Дарвин и го натерале на размислување, кое дошло до познатата теорија на еволуција. Повеќето видови кои го воодушевиле Дарвин и денес можат да са видат на островот, во првиот ред морски лавови, пингвини и албатроси.

Остров-палма
Уметничкиот остров пред Дубаи е првиот остров на светот кој го создал човекот. Но иако е направен исклучиво заради пари, Островот-палма во Дубаи е едно од најубавите и најраскошните архитектонски чуда на денешницава. Нешто што мора да се посети.
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Април.2011 во 06:38

Древни ''изгубени'' градови

Овие чуда на стариот свет вредат да се видат, или барем да се фантазира за нив. Во немирни времиња какви што се сега, не е лошо да се потсетиме дека луѓето се способни и за големи дела.


Петра, Јордан

Петра е древен град на Блискиот исток, на територијата на денешен Јордан. Поранешната престолнина на Набатејското царство ја освоиле Римјаните во 106 година пред новата ера и тогаш овој град станал дел од римската провинција Арабија. Во VII век паѓа во рацете на муслиманите, а првиот човек од Европа кој го видел градот Петра бил Швајцарецот Јохан Буркхарт.

Археолошките ископини ги откриле спомениците, гробниците со раскошни фасади од розови, црвени и виолетови камења. Интересот за овој древен град расте во текот на 80-тите години од минатиот век, благодарение на филмските авантури на Индијана Џонс.

 


Чичен Ица, Мексико

Чичен Ица го основале Маите во мексиканската држава Јукатан, се претпоставува во VI век во новата ера. Во X век градот го освоиле племиња од групата Толтеки и освојувачите изградиле многу градби, од кои и познатата скалеста пирамида „Ел кастиљо“. Во близина е и терен на кој, по крвавите спортски игри, на боговите се принесувале човечки жртви.

Иако градот бил напуштен уште пред доаѓањето на конквистадорите во XVI век, Маите и понатаму го сметале за свето место.

 


Џеринкуја, Турција

За Кападокија, област во централна Турција, карактеристичен е специфичниот градежен феномен – подземни градови направени во вулкански карпи. Една од тие населби се наоѓа во близина на градот Деринкуја, а тој локалитет е еден од ретките од овој тип кој е достапен на туристите.

Се претпоставува дека овој подземен град, кој може да прими и до 50.000 луѓе и неброени стада стока, настанал во VIII или VII век пред новата ера.

Градот бил откриен случајно во 1963 година кога еден жител на денешен Џеринкуја го урнал ѕидот во подрумот на својата куќа и открил дека зад ѕидот се наоѓа уште една просторија, па уште една... И така бил откриен најголемиот подземен град во Турција.

 


Мачу Пикчу, Перу

Древната тврдина на Инките во 1911 година ја открил Американецот Хирам Бингем. Храмот и градот останале речиси недопрени со векови, благодарение на тоа што се наоѓа на висина од 2.350 метри, па шпанските освојувачи не можеле да дојдат до тврдината.

Денес овој локалитет под заштита на Унеско е популарна туристичка дестинација.

 


Ангкор, Камбоџа

Ангкор бил престолнина на Кмерското царство од IX до XV век. Ангкор Вот е комплекс на храмови, а ова врвно дело на кмерската архитектура е посветено на богот Вишна, изградено во XII век и со 1.550 метри широчина и 1.400 метри должина претставува најголема религиска градба во светот.

 


Помпеја, Италија

Помпеја е антички град на југот на Италија, оштетен во земјотрес 63 години пред новата ера, а потоа и целосно уништен од ерупција на вулканот Везув 79-тата година пред новата ера. Остатоците од градот се прекриени со дебели слоеви на вулканска прашина, па на тој начин се „конзервирани“ и со векови зачувани од пропаѓање.

Археолошките ископини на овој локалитет биле почнати уште во 1748 година, а покрај форумот, храмовите, јавните купатила, театри и стотици куќи, во текот на децениските и вековните истражувања откриени се и тела на Помпејци мумифицирани со вулканска прашина, бидејќи ерупцијата била толку силна што луѓето немале шанса да побегнат.
Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Април.2011 во 01:37


Омилени европски дестинации:

1. Тоскана, Италија

omileni-evropski-destinacii-1

2. Лаутербрунен, Швајцарија

omileni-evropski-destinacii-2

3. Сите грчки острови

omileni-evropski-destinacii-3

4. Халштат, Австрија

omileni-evropski-destinacii-4

5. Рим, Италија

omileni-evropski-destinacii-5

6. Венеција, Италија

omileni-evropski-destinacii-6

7. Лондон, Велика Британија

omileni-evropski-destinacii-7

8. Париз, Франција

omileni-evropski-destinacii-8

9. Амстердам, Холандија

omileni-evropski-destinacii-9

10. Мадрид, Шпанија

omileni-evropski-destinacii-10

11. Барселона, Шпанија

omileni-evropski-destinacii-11

12. Берлин, Германија

omileni-evropski-destinacii-21

13. Корнвол, Велика Британија

omileni-evropski-destinacii-31

14. Копенхаген, Данска

omileni-evropski-destinacii-41

15. Фиренца, Италија

omileni-evropski-destinacii-51
Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Април.2011 во 17:03


Нашиот Охрид како место кое мора да се посети.
На списокот на 10 топ туристички дестинации за студенти во британски Guardian и нашиот бисер.
љубов

Summer holidays: 10 of the best trips for students


...

Macedonia

Galicica%20national%20park
Galicica national park

Although Skopje, the underwhelming capital of Macedonia offers little to non-historians, the country's most popular destination, Lake Ohrid, is just hours away. When those hours are spent speeding through the majestic and rugged countryside by train, the ethereal folk songs of local women ringing in your ears, the journey is hard to forget. This Unesco world heritage site caters to all tastes and moods; spend a slow day lakeside pretending not to be impressed by the religious tolerance and harmony on display with mosques and churches strewn throughout the town and try not to salivate while tucking into the ubiquitous kebapi (kebab), which may whet your appetite for a night of intoxication. Climb aboard a boat party with the only other guests here – hedonistic Bulgarian and Albanians – and take in the stunning backdrop of the Galicica national park as it fades to black with another perfect sunset.
For convenience and price Villa Old Town (ohrid.com/villas/villa-old-town.html), with English-speaking, relaxed staff, offers a sound deal at €20 for a double room
Adam Barr, Cardiff undergraduate and contributor to student magazine Quench


Кон врв
BellaGrandma Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Game over

Регистриран: 10.Јуни.2010
Статус: Офлајн
Поени: 20029
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај BellaGrandma Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Мај.2011 во 19:55
Не е баш некое *место* за посетување... но интресно е ....
 
10
најлуксузни железнички патувања
Возовите се популарен метод за патување, и отсекогаш било лесно да се најдат билети за воз. Но патувањето со луксузен воз е поинакво искуство за кое ќе треба да дадете многу повеќе пари. А ако вашата желба е луксузно патување на шини, тогаш можете да изберете дестинации во повеќе земји во светот. Кога купувате билет за овие возови, не добивате седиште, туку цел вагон за уникатно патување во неверојатен луксуз.

Гордоста на Африка
Гордоста%20на%20Африка
Патување низ природа кое ја истражува величенственоста, убавината и големината на „Темниот Континент“. Ова е можност да уживате во природата додека патувате помеѓу Кејптаун, Преторија, Кимберли и Кругер Националниот Парк и многу други локации. Самиот воз е оценет како најлуксузен помеѓу луксузните возови.

Источен & Ориентален Експрес
Источен%20Ориентален%20Експрес
Оваа линија сообраќа помеѓу Сингапур и Банкок, низ богати и прекрасни тропски шуми. Возот е модерен и ултра удобен.

Ројал Скотсман
Ројал%20Скотсман
Патувањето со овој воз е најскапото во светот. Четири дена поминати на овој воз чинат повеќе од деветнаесет дневен престој во првата класа на Транс Сибирската железница.

Дунавски Експрес
Дунавски%20Експрес
Овој воз се нарекува луксузен хотел на тркала и е приватен воз на кој можете да уживате со ваш личен персонал кој ќе ве послужува додека патувате низ Централна Европа.

Транс-Сибирска Железница
Транс-Сибирска%20Железница
Една од првите луксузни линии во светот, Транс-Сибирската Железница, патува 9656 километри низ Русија и ви овозможува да ја видите големината и убавината на земјата.

Синиот Воз
Синиот%20Воз
Ова е ексклузивен воз кој носи само по 84 патници на секое патување од Преторија до Кејптаун, и ќе ви ги прикаже некои од најубавите глетки во Африка. Секое купе има свој тоалет, климатицазија, телевизија и собна послуга.

Ориент Експрес
Ориент%20Експрес

Овој луксузен воз поврзува неколку градови од Европа, како Венеција, Лондон, Будимпешта, Рим и Прага. Патувањето е шармантно но не е за штедливите, трите дена во кои ќе поминете низ Австрија, Швајцарија и Франција ќе ве чинат повеќе од 2000 евра.

Калифорнија Зефир
Калифорнија%20Зефир

Овој воз го поврзува Пацификот со регионот на Големите Езера. Голем дел од маршрутата е речиси идентичен со првата линија на трансконтиненталната железница, и на некој начин ви овозможува да го доживеете Златното Доба на патувањето со воз.

Глечерски Експрес
Глечерски%20Експрес

290 километри исполнети со пејсажи кои ќе ги гледате осум часа бидејќи овој луксузен воз не е многу брз. Линијата ги поврзува Цермат и Сент Мориц на Швајцарските Алпи.

Големиот Јужнопацифички Експрес
Големиот%20Јужнопацифички%20Експрес

Линијата помеѓу Сиднеј и Кернс на источниот брег на Австралија била отворена во 1999 година. Патувањето е поделено на два дела со преноќување во Бризбејн. Поубавиот дел од патувањето е оној од Бризбејн до Кернс, во кое е вклучено и патување со хеликоптер до Големиот Корален Гребен каде што ќе поминете еден ден во нуркање.
Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
Кон врв
BellaGrandma Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Game over

Регистриран: 10.Јуни.2010
Статус: Офлајн
Поени: 20029
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај BellaGrandma Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Мај.2011 во 19:57
Еве што вреди да се посети...пред да исчезнемир
 
 

Мртвото Море

природа
Ова е најниската точка на планетата (423 метри под површината на светските океани), има десет пати по солена вода од останатите мориња, а многумина веруваат дека содржи и лековити минерали.

Заканата: Во последните четири децении Мртвото Море се смалило за околу една третина, површината на водата се спуштила за околу 24 метри (околу 30 сантиметри годишно). Одморалишта и ресторани кои биле изградени на брегот сега се наоѓаат на околу километар и половина од водата. Реката Јордан е единствениот извор на вода за Мртвото Море, и со се поголемата употреба на нејзината вода од околните земји многу мал дел стигнува до крајот.

Мртвото Море најверојатно целосно ќе исчезне за околу 50 години. Дополнителен притисок врз Мртвото Море претставуваат и козметичките компании кои го користат како извор за минерали. Еден предлог за негов спас е контроверзниот Red-Dead Canal, кој би донел вода од Црвеното Море оддалечено 180 километри, но ефектот врз екосистемот би можел да биде негативен (некои луѓе се загрижени дека овој проект би можел да ја зголеми сеизмичката активност во регионот).

Половите

природа
Природните феномени тука се инспиративни: огромни санти мраз, поларни светлини и величествени животни (поларни мечки, китови, пингвини).

Заканата: Океанографскиот Институт Вудс Хол, најголемата непрофитна океанска истражувачка група во светот, предвидува дека 80 проценти од популацијата на царскиот пингвин на Антарктикот ќе исчезне, а остатокот би се соочил со изумирање ако продолжи порастот на температурата.

Во Арктикот поларните мечки се исто така загрозен вид поради постепеното исчезнување на морскиот мраз (кој се намалува по 3 проценти секоја деценија од седумдесетите). Со исчезнувањето на морскиот мраз исчезнуваат и цели ексосистеми: фитопланктонот кој живее под мразот е храна за зоопланктонот и мали ракови како крил, кои се храна за рибите, фоките, китовите, поларните мечки и пингвините. Студиите предвидуваат дека со порастот на температурите, во следните 20-40 години воопшто ќе нема морски мраз на Антарктик.

Долината на реката Конго

природа
Тропски прашуми како онаа во долината на реката Конго произведуваат 40 проценти од светскиот кислоро и претставуваат витален извор на храна, лекови и минерали.

Заканата: Со површина од над 1,5 милиони километри квадратни долината на Конго е втора прашума по големина, по Амазонската. Според ООН дури две третини од прашумата и уникатните растенија и животни би можеле да бидат загубени до 2040 освен ако не се преземат мерки за нејзина заштита.

Сместена во шест земји, околу четири милиони хектари шума се уништуваат годишно поради рударство, нелегално сечење, земјоделство и воени дејства. Патиштата создадени од дрвосечачите и рударите им овозможуваат на ловокрадците да ловат загрозени животни како планински горили, шумски слонови, бонобо шимпанза и окапи. Со смалувањето на шумата, се абсорбира сè помалку јаглерод диоксид, и се намалуваат количините на дожд, со што само се влошуваат климатските промени.

Долината на реката Јангце

природа
Егзотични животни како џиновски панди, џуџести сини овци, речната свиња, и сибирските жерави, како и 400 милиони луѓе живеат во овој регион

Заканата: Сè уште е рано за да се знае вистинското влијание на масивната Брана Три Клисури која чини 24 милијарди долари, но многумина, меѓу нив и кинеската влада, велат дека постои опасност регионот да ги загуби најкарактеристичните животни.

Расчистувањето на шумите било направено за да се создаде обработливо земјиште за раселените земјоделци, а акумулацијата има поплавено цели села, фарми, фабрики и рудници со што се влошило веќе постоечкото загадување. Сè почести се и лизгања на земјиштето, а сеизмолозите се загрижени дека притисокот од огромната количина вода над два раседи би можел да предизвика катастрофален земјотрес.


Изменето од ФорумскаБаба - 04.Мај.2011 во 19:57
Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
Кон врв
nikola_kiro Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член
Лик (аватар)

Регистриран: 04.Февруари.2011
Статус: Офлајн
Поени: 7
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај nikola_kiro Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Мај.2011 во 14:53
KUBAAAAAAAA
Кон врв
nikola_kiro Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член
Лик (аватар)

Регистриран: 04.Февруари.2011
Статус: Офлајн
Поени: 7
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај nikola_kiro Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Мај.2011 во 14:53
KUBAAAAA
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Мај.2011 во 16:30
nikola_kiro па објасни ни зошто точно Куба .среќамечтаење
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1112131415>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,218 секунди.