IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Интима > Семејство
  Активни теми Активни теми RSS - Сестра, Дадичка, цеце...
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Сестра, Дадичка, цеце...

 Внеси реплика Внеси реплика
Автор
Порака
volkswagen Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Знам, комшивка ми е!

Регистриран: 18.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 4820
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај volkswagen Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Сестра, Дадичка, цеце...
    Испратена: 27.Април.2011 во 01:36
И добро, досега на никого не му текна да отвори тема само за сестразбунетост


Повеќе чекам од вас да видам напишано, пошто јас немам сестра (тага)
Ај еве да почнам....


Од неврзан муабет со другари , стигнав до еден заклучок дека да се има сестра е бесценето нешто. Ако убаво промозга човек, на светов постојат некои ствари (поготово во онај емотивниот свет) кои само женско доволно добро ги разбира. Која е таа особа на која можеш да и се обратиш за совет, помош или било што и што ќе ти помогне од сесрце , најдобронамерно?  Некои работи не можат да се споделат со родителите безразлика колку сте блиски (тука е и генерациската разлика и нивните поинакви сваќања)...

Од сите овие што ги сретнувам околу мене , ретко кој знае да се однесува човечки спрема сестра му. Некако како да му е смачена од секојдневното гледање и многу време потрошено задно. Но никој не гледа дека таа е цура, со женски размислувања, поинакви сваќања, често полукава од нив. Не приметуваат дека е чупе со сите предности и мани на понежниот пол кои можат да ти помогнат и да ти се најдат во животот , туку таа за нив е „дада“ .

Јасно дека во раните години низ детството најголемите кавги се со сестрата. Ама стварно, ако знаеш да се однесуваш цивилизирано во животот, во сестрата ќе најдеш добар пријател што ќе биде поферски поставена спрема тебе од било која другарка.

Епа јас така гледам на феноменот наречен „сестра“. Ако имате вие нешто, било што... БУЈРУМ



Кон врв
sanja-a Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Only God Can Judge Me!

Регистриран: 12.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 13457
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sanja-a Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Февруари.2012 во 21:51
Даде :
- ќе стане и во 4 наутро да ти помогне околу домашното
- ќе слуша додека ти ги вежбаш сонатите на Моцарт
- ќе те пакува кога одиш на пат, ќе те чека да се вратиш и ќе ти каже дека едвај те дочекала да се вратиш
- ќе ти биде најверна публика и најголем критичар
- ќе се кара со тебе и на крај ќе попушти
- ќе шета со тебе и на крај ќе ја прашаат, шо ти е дечково
- ќе ти помогне околу другата "цеце"
- ќе игра со тебе фудбал и спортска....

...до утре може да пишувам што правам како Даде...
за на крај да кажам дека за тоа мало, а големо суштество и рака во оган би ставила и колку и да ми згази на нерв, пак сум првата за консултации и слушање на сите негови лудости...
Обожавам луѓе кои ме смеат.
Искрено, мислам дека смеењето е нешто што го сакам најмногу.
Тоа лечи многу болести. Можеби тоа е најважното нешто кај човекот.
Одри Хепберн
Кон врв
FosterThePeople Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 17.Декември.2011
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1147
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај FosterThePeople Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Февруари.2012 во 23:03
Јас немам ни брат ни сестра и стварно сам во собата како да умрел некој се осеќам,нема со кого опуштено муабет да си направиш пошто на никој не му верувам,со еден збор нема на кој да се довериш,со родителите за било каков муабет не ми иде,а најдобро мислам дека би ме сфатила сестрата(ако ја имав).Потполно се согласувам со volkswagen за неговиот погорен пост.Поздрав до "изгорените" за сестра.
I just wanna feel real love.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,172 секунди.