![]() |
|
Германска Бундеслига |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 34567> |
Автор | ||||||||||||||
Schatzii ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 04.Мај.2010 Локација: Germany Статус: Офлајн Поени: 10600 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||||||||||
Богат договор за Нојер
Екипата на Шалке нема намери да се раздели со својот голман Мануел Нојер за кого секојдневно пристигнуваат понуди од големите европски клубови. Германскиот репрезентативец е "врзан" за Шалке до 2012 година, меѓутоа клубот од Гелзенкирхен е презадоволен од него и планира да му понуди продолжување на соработката на уште една година со значително зголемени примања. Годишната плата од два ќе му скокне на пет милиони евра, а во договорот ќе постои клаузула според која сите заинтересирани купци може да го добијат пред 30 јуни 2013 година само доколку "искешираат" од 20 до 25 милиони евра. Пред извесно време екс-голманот на Баерн Оливер Кан му порача на Нојер да замине во голем клуб доколку сака да стане најдобриот голман на светот. Но засега нема одговор од 24-годишниот чувар на мрежата на Шалке. |
||||||||||||||
Dream what you want to dream;
Go where you want to go; Be what you want to be, because you have only one life and one chance to do all the things you want to do. |
||||||||||||||
![]() |
||||||||||||||
Schatzii ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 04.Мај.2010 Локација: Germany Статус: Офлајн Поени: 10600 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||||||||||
Мајнц го загуби второто место во Бундес лигата
![]() Лидерот Борусија Дортмунд го победи Вердер и сега има 11 бодови повеќе во однос на второпласираниот Баер Леверкузен. Резултати од 16.коло во Бундес лигата: Хановер - Штутгарт 2:1, Баерн Минхен - Сент Паули 3:0, Келн - Ајнтрахт 1:0, Кајзерслаутерн - Волфсбург 0:0, Хамбург - Баер Леверкузен 2:4, Хофенхајм - Нирнберг 1:1, Борусија Дортмунд - Вердер 2:0, Фрајбург - Борусија Менхенгладбах 3:0 и Мајнц - Шалке 0:1. Табела: Борусија Дортмунд 43 бодови, Баер Леверкузен 32, Хановер 31, Мајнц 30, Фрајбург 27, Баерн Минхен 26,... |
||||||||||||||
Dream what you want to dream;
Go where you want to go; Be what you want to be, because you have only one life and one chance to do all the things you want to do. |
||||||||||||||
![]() |
||||||||||||||
Schatzii ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 04.Мај.2010 Локација: Germany Статус: Офлајн Поени: 10600 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||||||||||
Последно коло од првиот дел во Бундес лигата
![]() Во саботниот термин од 15:30 часот лидерот на табелата и првопласираната по првиот дел Борусија Дортмунд гостува во Франкфурт кај Ајнтрахт. Покрај овој дуел играат уште: Нирнберг - Хановер, Шалке - Келн, Вердер - Кајзерслаутерн, Волфсбург - Хофенхајм. Мајнц гостува кај Сент Паули, а почетокот на овој дуел е во 18:30 часот. Колото ќе биде комплетирано со натпреварите в недела: Баер Леверкузен - Фрајбург (15:30 часот) и Штутгарт - Баерн (17:30 часот). Табела: Борусија Дортмунд 43 бодови, Баер 32, Хановер 31, Мајнц 30, Фрајбург 27, Баерн 26,... |
||||||||||||||
Dream what you want to dream;
Go where you want to go; Be what you want to be, because you have only one life and one chance to do all the things you want to do. |
||||||||||||||
![]() |
||||||||||||||
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||||||||||
Новески во топ-10 дефанзивци во Бундеслигата
|
||||||||||||||
![]() |
||||||||||||||
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||||||||||
Баерн Минхен речиси ја загуби битката за титулата во Германија откако си дозволи да не победи и покрај водството од 0:2 на гостувањето кај Келн.
Гомез и Алтинтоп му ја донесоа високата предност на најтрофејниот германски тим, и кога се очекуваше сигурен триумф на "Баварците", домашните се вратија од "мртвите". За само 18 минути Келн три пати погоди во мрежата на Крафт. Прво Клеменс намали, а Новаковиќ најпрво израмни во 62 минута, за да 11 минути подоцна и по втор пат се запише во листата на стрелците, и целосно го сврти резултатот во корист на Келн. Баерн со ова речиси немаат шанси за титулата, а по поразот и на Баер Леверкузен кај Нирнберг, Борусија и со нерешено ја зголеми предноста пред конк*рентите. "Невозможно е како не успеавме да победиме. Да се има предност на гостински терен од два разлика, и да не се освојат трите бода е навистина срамно. Мораме сите да се запрашаме што се случуваше", изјави Томас Милер.
Бундес-лига 21 коло Петок: Борусија Д. - Шалке 0:0 Сабота: Келн - Баерн М. 3:2 (Клеменс 55', Новаковиќ 62', 73' - Гомез 22', Алтинтоп 43') Мајнц - Вердер 1:1 (Ширле 19' - Пизаро 90') Нирнберг - Баер Л. 1:0 (Еглер 60') Хановер - Волфсбург 1:0 (Пинто 5') Хофенхајм - Кајзерслаутерн 3:2 (Сигурдсон 28', Руди 40', Ибишевиќ 62' - Хофер 58', Роднеи 59') Борусија М. - Штутгарт 2:3 (Данте 29', Де Камарго 31' - Погребњак 51', Харник 56', Гебхарт (п) 87') Недела: Хамбургер - Ст. Паули (одложен) Фрајбург - Ајнтрахт (17:30 ч.) Табела: Борусија Д. 51, 2. Баер Л. 39, 3. Мајнц 37, 4. Хановер 37, 5. Баерн М. 36, 6. Фрајбург 33 (-1), 7. Хофенхајм 32, 8. Хамбургер 30 (-1), 9. Нирнберг 29, 10. Шалке 26, 11. Ајнтрахт 26, 12. Волфсбург 23, 13. Вердер 23, 14. Кајзерслаутерн 22, 15. Ст. Паули 22 (-1), 16. Келн 22, 17. Штутгарт 19, 18. Борусија М. 16 бодови. |
||||||||||||||
![]() |
||||||||||||||
Santijago ![]() Сениор ![]() ![]() PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF Регистриран: 17.Јануари.2008 Локација: Tuka be ... Статус: Офлајн Поени: 21002 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||||||||||
Диего го изведе ’најскапиот’ пенал, вреден 100.000 евра
![]() Имено, на Волфсбург му беше досуден пенал во 80-та минута при резултат 1:0. Според инструкциите на тренерот изведувач требаше да биде Хелмес, но Диего не го послушал тренерот и сам одлучил да го шутира пеналот. Бразилецот не само што ги игнорираше советите на Стив Мекларен, туку и го промаши пеналот што додатно го разбесна тренерот, а неговата екипа запиша нов пораз. „Кога некој играч ги игнорира моите инструкции станувам многу лут. Тој заслужи казна, а исто така дополнителна казна ќе му биде тоа што ќе биде отстранет и од еден натпревар на тимот - следниот викенд против Хамбургер“, изјави Мекларен. |
||||||||||||||
I'm out bcz of pathetic around here
|
||||||||||||||
![]() |
||||||||||||||
Santijago ![]() Сениор ![]() ![]() PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF Регистриран: 17.Јануари.2008 Локација: Tuka be ... Статус: Офлајн Поени: 21002 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||||||||||
|
||||||||||||||
I'm out bcz of pathetic around here
|
||||||||||||||
![]() |
||||||||||||||
Schatzii ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 04.Мај.2010 Локација: Germany Статус: Офлајн Поени: 10600 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||||||||||
Мајнц домаќин на шампионот Баерн
![]() Ова коло во Бундес лигата вечерва од 20 часот и 30 минути ќе го отворат Нирнберг и Ајнтрахт. Во саботниот термин од 15 часот и 30 минути играат: Борусија Дортмунд - Сент Паули, Фрајбург - Волфсбург, Хамбургер - Вердер, Хановер - Кајзерслаутерн и Хофенхајм - Келн. Во недела двојките се: Баер Леверкузен - Штутгарт и Борусија Менхенгладбах - Шалке. Табела: Борусија Дортмунд 52 бода, Баер Леверкузен 42, Баерн Минхен 39, Хановер 38, Мајнц 37, Фрајбург 34,... |
||||||||||||||
Dream what you want to dream;
Go where you want to go; Be what you want to be, because you have only one life and one chance to do all the things you want to do. |
||||||||||||||
![]() |
||||||||||||||
Santijago ![]() Сениор ![]() ![]() PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF Регистриран: 17.Јануари.2008 Локација: Tuka be ... Статус: Офлајн Поени: 21002 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||||||||||
На седум натпревари во 23.коло од Бундеслигата, само Баерн победи на гости. Борусија Д. лесно се справи во Сент Паули, додека Вердер доживеа дебакл од Хамбургер.Тренерот на Вердер, Томас Шаф пред извесно време понуди оставка, но сепак раководството на клубот не ја прифати. Промени на шефот на стручниот штаб засега нема, но нема ниту резултати. Единствено благодарејќи на конк*рентите Волфсбург и Кајзерслаутерн, Вердер се уште се наоѓа две позиции над опасната зона која носи испаѓање. Нова „шлаканица“ Вердер доби вчера, и тоа од нивниот најголем ривал Хамбургер кој славеше со убедливи 4:0. Стрелци за ХСВ беа Петриќ, Бен Хатира и Паоло Гереро, кој постигна два гола. Борусија лесно се справи со Сент Паули. „Гусарите“ по двата триумфа по ред против Мехенгалдбах и Хамбургер, во Дортмунд допатуваа растеретени. Меѓутоа тоа не им помогна против лидерот да направат позитивен резултат. „Милионерите“ славеа со 2:0, а резултатот можеше да биде поубедлив доколку домаќините беа попрецизни во завршниците. Лукас Бариос беше стрелец на првиот гол, додека конечните 2:0 ги постави Ралф Гунеш кој ја затресе сопствената мрежа. Баерн Минхен исто така беше убедлив на гостувањето кај Мајнц и Николче Новески победувајќи со 3:1, со што беше единствената гостинска екипа која во ова коло забележа победа. Швајнштајгер, Милер и Гомез беа стрелци за Баерн, додека поразот на Мајнц го ублажи Алагуи. Бундес-лига 23.коло Сабота: Борусија Д. – Сент Паули 2:0 (Бариос 39, Гунеш а.г 49) Хамбургер – Вердер 4:0 (Петриќ 42, Гереро 64, 79, Бен Хатира 87) Хофенхајм – Келн 1:1 (Новаковиќ а.г 48 – Мохамад 69) Фрајбург – Волфсбург 2:1 (Рајзингер 43, Сисе 70 – Хелмс 28) Хановер – Кајзерслаутерн 3:0 (Шлојдраф 17, 57, Абделауе 45) Мајнц – Баерн М. 1:3 (Алагуи 84 – Швајнштајгер 9, Милер 50, Гомез 77) Недела: Баер Л. – Штутгарт Борусија М. – Шалке 04 Петок: Нирнберг – Ајнтрахт 3:0 (Шибер 67, Мак 87, Коен 90) Табела: Борусија Д. 55, Баер /-1/ 42, Баерн 42, Хановер 41, Мајнц 37, Фрајбург 37, Хамбургер 36, Нирнберг 35, Хофенхајм 33, Шалке /-1/ 29, Сент Паули 28, Ајнтрахт 27, Келн 26, Вердер 24, Волфсбург 23, Кајзерслаутерн 23, Штутгарт /-1/ 19, Борусија М. /-1/ 16 бодови. |
||||||||||||||
I'm out bcz of pathetic around here
|
||||||||||||||
![]() |
||||||||||||||
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||||||||||
Милионерите“ почнаа да ја слават титулата
Борусија Дортмунд с` поцврсто чекори кон титулата шампион на Германија. Улогата на апсолутен фаворит во фудбалската Бундеслига ја потврди со победа од 3-1 на гостувањето на „Алијанс арена“ против актуелниот германски шампион Баерн Минхен. „Милионерите“ за кратко време почувствуваа дека се подобар противник и со погодоците на Бариос во 9. и Сахин во 18. на два пати обезбедуваа водство, по израмнувањето на домаќинот преку Густаво во 16. минута. Триумфот го потврди Хемелс, на половина час пред крајот на средбата. |
||||||||||||||
![]() |
||||||||||||||
Santijago ![]() Сениор ![]() ![]() PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF Регистриран: 17.Јануари.2008 Локација: Tuka be ... Статус: Офлајн Поени: 21002 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||||||||||
Катастрофални осум денови за Баерн
Карл Хајнц Румениге, претседателот на
управниот одбор на Баерн од Минхен, беше бесен по поразот од Хановер
нагости од 3-1, но потенцираше дека нема да се донесуваат избрзани
одлуки за иднината на тренерот Ван Гал, иако очигледно е дека по трите
врзани порази (Дортмунд, Шалке и Хановер) иднината на холанѓанецот виси
на конец. |
||||||||||||||
I'm out bcz of pathetic around here
|
||||||||||||||
![]() |
||||||||||||||
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||||||||||
До пред само некое коло сите во Германија и ја даваа титулата на Борусија Дортмунд, која имаше голема предност над врвот. Сепак, добрата серија резултати на Баер Леверкузен и едниот пораз и реми на “милионерите“ ја направија завршницата на Бундеслигата поинтересна од очекуваното. |
||||||||||||||
![]() |
||||||||||||||
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||||||||||
Порака за играчите на Келн: Опстанок или смрт
На велигденски понеделник во тренинг кампот на Келн, играчите ги пречекала страшна порака од навивачите. Страв и шок во таборот на популарните "јарци". По неделниот пораз во Волфсбург (4:1), со што си ја искомпликуваа ситуацијата околу опстанокот, хулигани провалиле во внатрешноста од тренинг комплексот и со црн спреј испишале порака долга речиси 20 метри: "Ако испаднете, ќе ве тепаме до смрт!" Најдобриот играч на Келн и репрезентативец на Германија, Лукас Подолски не можел да верува дека вакви работи се случуваат. "Ова нема врска со здравиот разум. Вистинските навивачи тоа никогаш не би го сториле. Ништо нема да биде подобро, ако некој не тепа по глава. Мора да веруваме во иднината." - изјавил Подолски. Голманот на "јарците" Михаел Ренсинг смета дека треба да се срами навивачот кој го напишал графитот. "Не ми се допадна, тоа е удар под појас. Тој што тоа го напишал треба да се срами. Верувам дека зад пораката стојат помал дел од навивачите". Во шок бил и тренерот на Келн, Франк Шефер. "Ова нема никава врска со фудбалот, ниту со конструктивна критика. Тоа е обична деструкција". Келн е во негативна серија од три порази во низа, што ја доведе екипата на само три бода над опасната зона, а до крајот на Бундес лигата останаа уште три кола. |
||||||||||||||
![]() |
||||||||||||||
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||||||||||
Борусија Дортмунд шампион во Бундес лигата
Две кола пред крај на сезоната фудбалерите на Борусија Дортмунд ја освоија титулата шампион на Германија. Тие во 32. коло во Бундес лигата ја победија екипата на Нирнберг, а откако Баер загуби во Келн, екипата на Борусија Дортмунд се стекна со недостижни осум бода предност. За Борусија ова е шеста шампионска титула, прва по девет години. Борусија Менхенгладбах освои злато вредни бодови во борбата за опстанок победувајќи ја на гости екипата на Хановер, кој така го загрози пласманот на третото место на табелата и пласман во квалификациите за Лигата на Шампионите. Мајнц со убедлива победа над Ајнтрахт за чекор е поблизу до излез во Европа, додека екипата на Франкфурт и понатаму е на место кое води во плеј аутот. |
||||||||||||||
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 34567> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |