IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Свет
  Активни теми Активни теми RSS - Арапскиот свет и што потоа ????
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Арапскиот свет и што потоа ????

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1213141516 30>
Автор
Порака
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Април.2011 во 02:36
Originally posted by Zeksi71 Zeksi71 напиша:

I so ponataka da pravat site mali narodi na koi ke im frlat oko ovie golemite.Da im se napupime podobro za da ne ne boli mnogu koga ke ni ja vteruvaat "demokratijata" ili ..................


Пријателе, па зарем не гледаме што прави македонскиот народ кој остана во Албанија, Грција и Бугарија до ден денешен и што вродува тоа? Останува да се бориме за правда, друго решение нема.
Кон врв
Platenik Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3600
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Platenik Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Април.2011 во 04:23
Ви приложувам две колумни кои се напиашни од Енгелс на 14 и 15 Фебруари 1849 година во весникот Неуе Рајнише Цајтунг.

Семтам дека текстовите се иклучително интересни од аспект да се види како во тоа време се гледало на политчките настани и историското право да некои мали народи постанат нации. Посебно внимание се посветува на словенските народи.

Во предвид треба да се има дека текстовите ги обработуваат причините за неуспехот на буржуаската револуција во Германија од 1848 година и појавата на пансловенизмот. Целите на самата револуција ќе бидат илузии и роматичарските фантазии за воспотавување на универзална братска заедница на луѓе, Европска федеративна република, кој ќе донесе вечен светски мир. Иако текстовите на накој начин ги лоцираат виновниците за неуспесите за постигнување на повисоки над национални интереси, сепак се добива чувство од истите дека Словените не се историски зрели за такво нешто, а доминантна обединувачка сила би требало да биде Германија или некој кој има поголема виталност.

Чинам дека многу од овие размислувања подоцна ќе бидат селективно избрани во одредени политички платформи преку кои ќе сака да се докаже супериорноста на Германија како историски зрела нација. Нација која ќе биде кадра да го поведе светот напред или ќе ги доминира историски заостанатите народи.

Мислам дека и денеска 160 години подоцна не е ништо различно кога станува збор за малите и неафирмирани нации.

Застрашувачко е што има многу вистина во текстовите, а која вистина и ден денеска е актуелна. Сметам дека начинот на кој и денес се донесуваат решенијата во ЕУ, САД... во многу неодстапуваат. Денес тоа се прави малку по транспарентно, преку обработка на јавното мислење и придобивање на неговата доверба.

   Демократски пансловенизам

Изменето од Platenik - 22.Април.2011 во 04:33
Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“

Кон врв
DragancoLeskoec Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 01.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 984
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DragancoLeskoec Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Април.2011 во 12:59
Напред Гадафи војводо.
Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Април.2011 во 13:30
Парадокс е тоа што токму тоа што го пропагирале Маркс и Енгелс се применувало не во развиената Германија, туку во земјите на оние, кои според Енгелс, немаат прво ниту да бидат самостојни нации.

Мислам дека сепак Енгелс пропушта нешто. Во средниот век, додека словенскиот свет сепак имал големи држави, Светото Римско Царство мака мачело да се избори со Папата за превласт и на крајот сите битки ги изгубило.Воопшто не може да се нарече некаков лидер кој ги води народите.

Решенијата кои денес ги носат ЕУ и САД не може да се споредат со тогашните настани. Сепак, тој период е период на револуции, контрареволуции, бунтови, немири и воопшто не можеме да говориме за мир.

Истотака, денешната ЕУ е замислена како заедница, која на некој начин ќе ја "врзе" Германија и ќе донесе баланс на европскиот континет меѓу помоќните европски држави. А да не говорам дека денес Германија ниту оддалеку не може да се пофали со многу моќен потенцијал, благодарение на договорите по Втората Светска Војна.

И како што кажа, денес сепак општествата се демократски, па не се донесуваат одлуките на начинот на кој се донесувале во времето на Енгелс.
Кон врв
Platenik Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3600
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Platenik Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Април.2011 во 00:01
Македон,

Текстовите се исклучително содржајни, а богами и тешки за разбирање. Треба да се има во предвид дека тие незборуваат за тоа дека малите народи немаат право на националност и самостојност туку дека историски не се зрели за такво нешто. Се разбира од аспект како тие ја обработуваат историјата и пред се нејзината улога во развојот на општествата.

Борбата е меѓу буржуазијата, оние кои располагаат со капиталот и пролетеријатот кој може само да ја продава својата работна сила. Без разлика на која народност и припаѓаат екплоатираните тие ќе бидат експлоатирани и од домашната и од странската буржуазија. Затоа нивните цели биле да ги организраат луѓето не според нивната националност, туку според статусот кој го имале во општеството. Нивниот пристап е наднационален. Затоа на крајот на втроит текст апелира, борбата треба да биде безпоштедна, не во интерес на Греманија, туку во интерес на револуцијата.

Да потсетам целите на револуцијата биле, федеративна Европа на рамноправни народи.

Затоа во текстот вели дека баш потчинатите и окупираните се тие кои биле контрареволуционери кои допринеле за неуспехот на буржуаската револуција од 1848 година. Со други зборви, се ставиле во функција на оние кои и дотогаш ги експлоатирале. Неразбирливо е како некој може да си оди против сопствените интереси.

Неразбирливо е како 12милиони (Грци, Словени, Власи...) можат да бидат доминирани од 700000 Турци ни повеќе ни помалку туку 500 години? Тоа е примерот кој тој го дава и навистина човек може само да се запраша како е тоа можно?!

Историски е докажано дека посилните, повиталните и поенргичните народи секогаш опстојувале и влијаеле врз изацијата на помалите, послабите, попасивните. Всушност како и во природата, големите риби ги јадат малите.

Кога зборував како се донесуваат решенијата денес во развиениот свет немислев буквално дека се исти, туку дека принципот и кирериумите се многу слични. Тоа време било зародишот на парламентарната демократија, барем кога станува збор за западна Европа па и САД ако сакаш. На кое ниво бил Балканот нема потреба да зборувам.

И тогаш и денес мотивот за интервенција од големите афирмирани нации били ист, свера на влијание, ресурси, интереси, политчка доминација. Од тоа произлегуваат поделбите, цртањето на карти и нивното прекројување.

Зарем денес тоа не се случува и во арапскиот свет, а некои прогнозираат и пекројување на тој дел на светот.

Разликата е што денеска се користат пософистицирани методи, а ако тие неуспеат, тогаш се прибегнува кон примена на постриктни педагошки мерки. Со кроце, со усул и малку ќотек.

Има ли разлика?!

ПС. Дали мислиш помалку ќе те боли ако газда ти е Трифун Костовски или било кој друг домашен милионер во споредба со тоа да газда ти биде некој странец? И едниот и другиот се во бизнис да направат профит, а не од алтрустички побуди.

Изменето од Platenik - 24.Април.2011 во 00:10
Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“

Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Април.2011 во 15:00
Originally posted by Platenik Platenik напиша:

Македон,

Текстовите се исклучително содржајни, а богами и тешки за разбирање. Треба да се има во предвид дека тие незборуваат за тоа дека малите народи немаат право на националност и самостојност туку дека историски не се зрели за такво нешто. Се разбира од аспект како тие ја обработуваат историјата и пред се нејзината улога во развојот на општествата.


Токму тоа и го коментирав, начинот на кој тие текстови ја обработуваат историјата. Тие обработуваат дел од историјата, се фокусираат на напредокот на Германија по буржоаската револуција, а кога говорат за Славјаните, се фокусираат на најновите случувања. Јас не го оспорувам значењето на Енгелс како философ и социолог, но како што еднаш имам кажано, марксистичката обработка на историја не е најточна. Особено оние дефиниции дека историјата на човештвото е борба на класи.

Originally posted by Platenik Platenik напиша:


Борбата е меѓу буржуазијата, оние кои располагаат со капиталот и пролетеријатот кој може само да ја продава својата работна сила. Без разлика на која народност и припаѓаат екплоатираните тие ќе бидат експлоатирани и од домашната и од странската буржуазија. Затоа нивните цели биле да ги организраат луѓето не според нивната националност, туку според статусот кој го имале во општеството. Нивниот пристап е наднационален. Затоа на крајот на втроит текст апелира, борбата треба да биде безпоштедна, не во интерес на Греманија, туку во интерес на револуцијата.


Во тој период сепак мораме да кажеме дека не доминира секаде борбата меѓу буржоазијата и пролетаријатот, туку доминираат националните борби. Енгелс коментира дел од настаните, но не сите. А ако сакаме да создаваме глобална слика, истата не можеме да ја создадеме од статијата на Енгелс. Најдобро ќе биде да видиш што се се случувало во 1848 година.

Originally posted by Platenik Platenik напиша:


Да потсетам целите на револуцијата биле, федеративна Европа на рамноправни народи.


Но, мора да кажеме, дека не на сите револуции тоа била целта.

Originally posted by Platenik Platenik напиша:


Затоа во текстот вели дека баш потчинатите и окупираните се тие кои биле контрареволуционери кои допринеле за неуспехот на буржуаската револуција од 1848 година. Со други зборви, се ставиле во функција на оние кои и дотогаш ги експлоатирале. Неразбирливо е како некој може да си оди против сопствените интереси.


Платеник, има еден мошне убав пример за да може ова да е разбере. Тоа е примерот на Хрватска. Кога избувнува во 1848 година револуција во Австро-Унгарија, Кајзерот му ги дава на хрватскиот народ националните права кои ги бара, го поставува за бан Јосип Јелачиќ, а за возврат хрватскиот народ зема учество во борбите против ревочуцијата во Унгарија. Потчинетите народи во тој период се обидувале да ги задоволат пред се своите национални барања, а дури потоа класните, работничките и другите.

Originally posted by Platenik Platenik напиша:


Неразбирливо е како 12милиони (Грци, Словени, Власи...) можат да бидат доминирани од 700000 Турци ни повеќе ни помалку туку 500 години? Тоа е примерот кој тој го дава и навистина човек може само да се запраша како е тоа можно?!


Турскиот тимарско-спахиски систем бил воспоставен токму со таа цел, да доминира над народите. Турската држава била типична воена држава, која својата моќ ја црпела од воените походи, теророт над населението. А и се пропушта еден многу важен момент. Во Турција, сите Муслимани биле сметани за Турци, а и тука треба да се споменат Татарите. Сите тие учествувале на страната на Султанот во борбите против рајата. Макијавели најдобро ја објаснува доминацијата на Турците над Балканот во своето дело "Владетелот". Ако си во можност, погледни го тој дел, на почетокот на делото е. Многу големо внимание се посветува на ваквите нешта.

Originally posted by Platenik Platenik напиша:


Историски е докажано дека посилните, повиталните и поенргичните народи секогаш опстојувале и влијаеле врз изацијата на помалите, послабите, попасивните. Всушност како и во природата, големите риби ги јадат малите.


Макијавели, на кажаното од руанскиот кардинал дека Италијанците не се создадени за војување одговорил: Французите не се создадени за политика. Епилогот го знаеме. Папата Александар стана најмоќната личност и се она што Кралот на Франција дотогаш го уживаше, задржувајќи независност од Католичката Црква, наеднаш го загуби. Италијанскиот народ, иако пасивен, поделен и слаб, успеа за кратко време да се ослободи од француската окупација. Коската од малата риба, успеала да ја натера големата риба да го плукне изеденото.

Originally posted by Platenik Platenik напиша:


Кога зборував како се донесуваат решенијата денес во развиениот свет немислев буквално дека се исти, туку дека принципот и кирериумите се многу слични. Тоа време било зародишот на парламентарната демократија, барем кога станува збор за западна Европа па и САД ако сакаш. На кое ниво бил Балканот нема потреба да зборувам.


И тогаш и денес мотивот за интервенција од големите афирмирани нации били ист, свера на влијание, ресурси, интереси, политчка доминација. Од тоа произлегуваат поделбите, цртањето на карти и нивното прекројување.


Политичките интереси постоеле секогаш, но во демократските општества, за разлика од тоталитаристичките, употребата на сила не е толку честа. Секако, дури и денес постојат нечесности, дворски игри и бранење интереси по секоја цена.

Originally posted by Platenik Platenik напиша:


Зарем денес тоа не се случува и во арапскиот свет, а некои прогнозираат и пекројување на тој дел на светот.


Не верувам во целосно прекројување на тој дел од светот, сепак, дури и САД знаат дека тоа се чувствителни прашања и дека не може да дојде до измени преку ноќ. А европските држави се многу смешни, барем мене ми се. Франција прва влета во војните во Либија, а вчера се закани со суспендирање на шенгенскиот договор поради зголемена имиграција токму од Либија и Тунис. А ако кон тоа се додаде фактот дека во земјата огромен дел се Арапи и Муслимани, можеш да заклучиш во што ја заплетка политичката елита судбината на Франција. Затоа и ја препорачав погоре книгата "Осамена Америка" од Марк Стејн. Ако си во можност најди ја и кога ќе имаш време прочитај ја. Интересен е и тој поглед на светот, особено што за некои нешта, барем ние во Европа треба убаво да размислиме. Ако не успееш да ја најдеш, пиши ми порака.

Originally posted by Platenik Platenik напиша:


Разликата е што денеска се користат пософистицирани методи, а ако тие неуспеат, тогаш се прибегнува кон примена на постриктни педагошки мерки. Со кроце, со усул и малку ќотек.

Има ли разлика?!


Има! Денес се употребува малку ќотек, а порано се употребувал ќотекот многу повеќе и почесто.

Originally posted by Platenik Platenik напиша:


ПС. Дали мислиш помалку ќе те боли ако газда ти е Трифун Костовски или било кој друг домашен милионер во споредба со тоа да газда ти биде некој странец? И едниот и другиот се во бизнис да направат профит, а не од алтрустички побуди.


Ако газдата ми е странец кој постојано ме навредува на национална основа и ме дискриминира,тогаш повеќе ќе ме боли ако тој ми е газда отколку кога би ми бил некој Македонец.
Кон врв
Platenik Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3600
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Platenik Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Април.2011 во 17:24
Македон: “Тие обработуваат дел од историјата, се фокусираат на напредокот на Германија по буржоаската револуција, а кога говорат за Славјаните, се фокусираат на најновите случувања“.

Не ти ја рзабирам реченицава, посебно онај дел кога зборуваш за Словените и фокусот на најновите случувања?!

Кои најнови случувања? Тие “најнови случувања“ се од пред 160 години. Тој го анализира Пансловенскиот конгрес во Прага, поточно говоирте на Бакунин.

На прашањето дали јужните Словени (мисли на Хрватите, Далматинците и Словенците) заедно со турските Словени можат да создадат една држава, тој вели дека може и таа држава би можела да биде пандан на Австроунгарија или Германија. Меѓутоа веќе во следната реченица ни ја отсликува реалноста која и нам ни е позната или сме сведоци на реалноста при распадот на СФРЈ.

Па ќе рече, тие се толку разединети, се мразат повеќе меѓу себе, дури и повеќе од што ги мразат Маџарите.

Тоа кажува се!

За постигнувањето на политичките цели веќе рековме, принципот е ист, но методологијата е различна.

Што се однесува до ќотекот, нема сега да ситничариме, ќотекот си е ќотек. Иако денешниов помал ќотек може да биде многу попогубен за човештвото. Средствата за масовно уништување се исто така пософистицирани, нели?!

Кога зборуваме за газдите, еве ќе направиме уште едно разграничување, странскиот газда не те навредува на национална основа. Од кој газда повеќе ќе те боли експлоатацијата, ако и едниот и другиот те плаќаат по 100 евра?

Што се однесува до арапскиот свет, мислам дека таму процесот на осамостјување сеуште не е заокружен. Сите тие држави се формирани по распадот на Отоманската Имерија, но претежно биле протекторати под цврстата рака на некои други империи. Мислам на англиската и француската. Веќе во 50 и 60 тите години на минатиот век се стекнуваат со суверенитет, Алжир, Мароко, Либија, Либан.... еден народ расцепкан на повеќе административно територијални единици, со назначен суверен за неприкосновен владетел, кој ќе свири според музиката на бившите колонизатори. Јас се прашувам дали Саад, Хусеин или Гадафи се поголеми диктатори од Кралот Абдула или Кралот Мухамед и заслужуваат да бидат казнети?!

Мислам дека порцесот за прекројување веќе е започнат со Ирак. За промена на власта, да незборуваме, тоа се прави веќе подолго време.

Изменето од Platenik - 25.Април.2011 во 10:24
Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“

Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Април.2011 во 19:53
Originally posted by Platenik Platenik напиша:

Македон: “Тие обработуваат дел од историјата, се фокусираат на напредокот на Германија по буржоаската револуција, а кога говорат за Славјаните, се фокусираат на најновите случувања“.

Не ти ја рзабирам реченицава, посебно онај дел кога зборуваш за Словените и фокусот на најновите случувања?!


Сакав да кажам дека историјата на Словените пред буржоаските револуции ветувала многу повеќе за тие народи. Затоа што во средниот век постоеле моќни држави на Чесите и голема полска држава, за разлика од Германија, која како што споменав погоре, мака мачела да излезе на крај со Светата Столица и да ја зацврсти својата државност. Потоа, кога дошло до издигнување на Германија, словенските држави пропаднале. Затоа и сметам дека заклучокот на Енгелс дека другите словенски држави, освен Полска, имаат тешка иднина, е неточен и дека нивната слава со паѓањето на тие моќни средновековни држави веќе избледела.

Originally posted by Platenik Platenik напиша:


Кои најнови случувања? Тие “најнови случувања“ се од пред 160 години. Тој го анализираат Пансловенскиот конгрес во Прага, поточно говоирте на Бакунин.


Најновите случувања - во смисла на времето во кое е напишана колумната. Се случиле доста исклучителни работи, меѓу кои и еден пролетерски бунт во Прага. А Бакунин е доста контроверзен и не би го анализирал, иако слободно може да се каже дека неговите групи го уништија напредокот на Русија, убивајќи го Царот кој ги спроведе сите потребни реформи за напредокот на Русија.

Originally posted by Platenik Platenik напиша:


На прашањето дали јужните Словени (мисли на Хрватите, Далматинците и Словенците) заедно со турските Словени можат да создадат една држава, тој вели дека може и таа држава би можела да биде пандан на Австроунгарија или Германија. Меѓутоа веќе во следната реченица ни ја отсликува реалноста која и нам ни е позната или сме сведоци на реалноста при распадот на СФРЈ.

Па ќе рече, тие се толку разединети, се мразат повеќе меѓу себе, дури и повеќе од што ги мразат Маџарите.

Тоа кажува се!


Секако дека ќе бидат разединети, кога не делат иста религија сите, а да не говорам дека пропагандите веќе создале голема омраза меѓу народите. А и зошто да ги мразат Хрватите повеќе Унгарците од другите, кога токму Царот на Австро-Унгарија им ги дал потребните права?! А и во СФРЈ немаше да се случат работите кои се случија да не ги ставаше сите проблеми комунистичката партија под тепихот на "Братството и единството". Требаше сите сметки да се расчистат уште многу одамна и немаше да се случи тоа што се случи. Чиста сметка-долга љубов. А и пак ќе кажам дека во политиката "бракот" се склучува од интерес. Штом интересот, во случајот економските придобивки од заедницата, престанаа да постојат, нормално беше да се случи и тоа што се случи.

Originally posted by Platenik Platenik напиша:


За постигнувањето на политичките цели веќе рековме, принципот е ист, но методологијата е различна.


Toa e така за било кој интерес. Во секое нешто постојат различни интереси, а не само во политиката.

Originally posted by Platenik Platenik напиша:


Што се однесува до ќотекот, нема сега да ситничариме, ќотекот си е ќотек. Иако денешниов помал ќотек може да биде многу попогубен за човештвото. Средствата за масовно уништување се исто така пософистицирани, нели?!


Се согласувам дека ќотекот е ќотек и претставува насилство, но сепак не е исто дали на една територија се погодени војници или цивили и дали нападот е извршен со автоматско оружје или нуклеарна бомба. А ако "ќотекот" е извршен со нуклеарна бомба, не може никако да биде мал и непогубен.

А средствата за масовно уништување, не се употребуваат така лесно сеуште, барем не од демократските джрави. Само држави како Северна Кореја може да направат такво нешто, за што и денес се заканија.

Originally posted by Platenik Platenik напиша:


Кога зборуваме за газдите, еве ќе направиме уште едно разграничување, странскиот газда не те навредува на национална основа. Од кој газда повеќе ќе те боли експлоатацијата, ако и едниот и другиот те плаќаат по 100 евра?


Во тој случај подеднакво ќе боли.

Originally posted by Platenik Platenik напиша:


Што се однесува до арапскиот свет, мислам дека таму процесот на осамостјување сеуште не е заокружен. Сите тие држави се формирани по распадот на Отоманската Имерија, но претежно биле протекторати под цврстата рака на некои други империи. Мислам на англиската и француската. Веќе во 50 и 60 тите години на минатиот век се стекнуваат со суверенитет, Алжир, Мароко, Либија, Либан.... еден народ расцепкан на повеќе административно територијални единици, со назначен суверен за неприкосновен владетел, кој ќе свири според музиката на бившите колонизатори. Јас се прашувам дали Саад, Хусеин или Гадафи се поголеми диктатори од Кралот Абдула или Кралот Мухамед и заслужуваат да бидат казнети?!


Сите диктатори се диктатори. Нема поголем и помал диктатор. Или е диктатор или не е. Но, постојат диктатори кои не "диктираат" постојано леејќи крв и такви кои извршиле масакри. Прашање е само дали диктаторот е извршител на злосторства против човештвото или воен злосторник или не е. А за чудо, постојат и такви кои народот ги сака. Тоа можеби за нас, од Европа е несфатливо, но ако нам нешто не ни се допаѓа, не значи дека и на другите не им се допаѓа.

Originally posted by Platenik Platenik напиша:


Мислам дека порцесот за прекројување веќе е започнат со Ирак. За промена на власта, да незборуваме, тоа се прави веќе подолго време.


Да, во Ирак е извршено прекројување, со кое да бидам искрен, донекаде се согласувам, затоа што сметам дека к*рдите имаат право на извесен степен на автономија. Добро знаеме што им правеше Садам Хусеин. A промените на власта во арапскиот свет се доста чести, се согласувам и за жал, не се демократски.
Кон врв
brza Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Февруари.2006
Локација: vidiFOTOupotpis
Статус: Офлајн
Поени: 34534
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај brza Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Април.2011 во 20:22
...toa e ...vnatreshno prekrojuvanje,...a ne, na megjunarodni granici.
----------------------------------------------------------------------------------------
....tuku,,..,..kako li ne ve mrzi?!изненадување
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
Кон врв
Platenik Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3600
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Platenik Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Април.2011 во 01:14
Дај да бидеме малку пореални. Какви словенски држави, каков просперитет? Ако има некоја словенска група на нардои која е на повисоко ниво, тоа мора да бидат сепак оние кои биле поблиску до севорзападна Европа. Но и тие биле под силно вилјание на опкружувањето. Ако некој можел од нив автохтоно да се развива тоа биле Русите и донекаде Полјаците.

За Бакунин си прав дека е контраверзен, но на некој начин може да го поврземе и со пансловенското движење. Па и царска Русија ќе се појави како главниот носител на пансловенизмот. За руските цареви не би сакл да дискутирам, од причина што сметам дека само Петар Велики бил поголем визионер и бил пред времето во кое живеел. Сите други биле грозни, од Иван па се до Николај.

Значи религијата ги разделувала истојазичните јужни Словени и турски Словени или кои и да било други причини. Дали некој сакал да ги врзе преку пансловенизмот или југословенството, се докажа дека тие идеи неможат да опстанат. Сметам дека обидите за тоа врзување, кои датираат уште од времето на Прибојевиќ, некој ги форсирал со цел тие мали словенски племиња или народи престанат да бидат нечив привезок. Византиски, Османлиски, германски, Австро-унгарски..... Времето покажа дека тие словенски народи несакаа да бидат ниту руски пирвезок. По однос на Блаканот, Србите претендираа да бидат тој “обединувачкиот“ фактор но и тука знаеме како се одвиваа работите.

Во таква консталација помалите секогаш кога се принудени се фаќаат со ѓаволот, само за да опстанат. Пример за тоа ни е Анте Павелиќ и неговата лојалност кон Хитлер. Имал ли тука разлика меѓу тоа што направил Банот Јелачиќ и Павелиќ? Причини за разединување имало и ќе има. За жал ниту австроунгарскиот, ниту рускиот или српскиот цар/крал, а ниту социјализмот успеал да ги реши причините за поделбите и омразата меѓу истојазичните јужни Словени. Судбината е повеќе од јасна, малите јужно словенски народи ќе останат нечив привезок или слепото црево на Европа. Мислам за тоа зборува Енгелс.

Ти сигурен си во тоа дека оружјето за масовно уништување неможе да се употреби од страна на демократските општества? Мислма дека премногу имаш доверба во демократијата.

Прво, Северна Кореја, а ниту една друга друга држава која има средства за масовно уништување го има упоребено истото, ниту врз воени цел, ниту врз цивилно нселение. Овде станува збор за тоа дека стравот го чува лозјето.

Второ, единствената држава која досега има употребено атомско оружје врз цивилно население е САД.

Трето, сведоци сме за употребата на бомби со осиромашен ураним и пак од САД и нејзините партнери.

Четврто, хемиското оружје е исто така оружје за масовно уништување. Користењето на напалмот врз македонското население во грѓанската воја во Грција е пак сторено од демократските држави.

Петто, оранж гасот кој американската војска масовно го користела во виетнамската војна е многу добро документирано

и така листата продолжува.

Ќе те молам немој да ми кажуваш дека Северна Кореја била спремна да го користи оружјето, а демократите не, кога историјата те демантира.



Изменето од Platenik - 25.Април.2011 во 01:24
Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“

Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Април.2011 во 02:13
Originally posted by Platenik Platenik напиша:

Дај да бидеме малку пореални. Какви словенски држави, каков просперитет? Ако има некоја словенска група на нардои која е на повисоко ниво, тоа мора да бидат сепак оние кои биле поблиску до севорзападна Европа. Но и тие биле под силно вилјание на опкружувањето. Ако некој можел од нив автохтоно да се развива тоа биле Русите и донекаде Полјаците.


Сакаш да кажеш дека Чешка не можела да биде успешна држава? Или пак можеби Словенија? Јас мислам дека и двете се, а и биле прилично успешни. Дури и во поранешниот систем, кога и двете беа доста ограничувани, особено Чешка, успеваа да имаат релативно висок стандард според тогашните параметри.

Originally posted by Platenik Platenik напиша:


За Бакунин си прав дека е контраверзен, но на некој начин може да го поврземе и со пансловенското движење. Па и царска Русија ќе се појави како главниот носител на пансловенизмот. За руските цареви не би сакл да дискутирам, од причина што сметам дека само Петар Велики бил поголем визионер и бил пред времето во кое живеел. Сите други биле грозни, од Иван па се до Николај.


Анархистите се виновни за многу нешта кои и се случија на Русија. Злосторството го сторија врз најневиниот Цар, оној кој го укина кметството и ги забрза реформите. Какви беа последиците од тоа, сите знаеме. А во однос на Николај, многу нешта не се такви какви што изгледаат. Верувам се сеќаваш на видеата кои ги поставив на темата за капитализмот и социјализмот на подфорумот политика, каде што дури и во триесеттите години Русите чувале слики на Царот Николај, па затоа Сталин наредил да се запалат сите слики и икони во домовите. Оставам на тебе да размислиш зошто не чувале слики од Сталин и Ленин.

Originally posted by Platenik Platenik напиша:


Значи религијата ги разделувала истојазичните јужни Словени и турски Словени или кои и да било други причини. Дали некој сакал да ги врзе преку пансловенизмот или југословенството, се докажа дека тие идеи неможат да опстанат. Сметам дека обидите за тоа врзување, кои датираат уште од времето на Прибојевиќ, некој ги форсирал со цел тие мали словенски племиња или народи престанат да бидат нечив привезок. Византиски, Османлиски, германски, Австро-унгарски..... Времето покажа дека тие словенски народи несакаа да бидат ниту руски пирвезок. По однос на Блаканот, Србите претендираа да бидат да “обединувачкиот“ фактор но и тука знаеме како се одвиваа работите.


Идеите, како што велиш, можеби и навистина имале за цел да создадат нации кои нема да бидат ничиј приврзок, но, штом самите тие нации не го сакале тоа, особено не сакале да се стават на располагање на разни "обединители".

Originally posted by Platenik Platenik напиша:


Во таква консталација помалите секогаш кога се принудени да се фатат и со ѓаволот, само за да опстанат. Пример за тоа ни е Анте Павелиќ и неговата лојалност кон Хитлер. Имал ли тука разлика меѓу тоа што направил Банот Јелачиќ и Павелиќ? Причини за разединување имало и ќе има. За жал ниту австроунгарскиот, ниту рускиот или српскиот цар/крал, а ниту социјализмот успеал да ги реши причините за разделбите и омразата меѓу истојазичните јужни Словени. Судбината е повеќе од јасна, малите јужно словенски народи ќе останат нечив привезок или слепото црево на Европа. Мислам за тоа зборува Енгелс.


Има огромна разлика меѓу тоа што го направил Јелачиќ и тоа што го направил Павелиќ. Јелачиќ се погрижил да ги задоволи правата на сопствениот народ, но не и да уништува други народи. А и тогашниот австиски владетел никако не бил ѓавол. Павелиќ, покрај тоа што бил приврзок на Хитлер, бил и воен злосторник. Малите јужнословенски народи, да те потсетам, дури и во СФРЈ беа приврзок. Зарем СФРЈ не беше приврзок на САД? Зарем сметаш дека туку-така Тито можеше да се избори против Сталин, доколку Западот не му помагаше? Не знам колку си во можност да следиш балкански телевизии, но на Радио Телевизија Србија почнаа да ги покажуваат снимките од заседанија на комунистичките лидери на поранешна СФРЈ. Тоа се однесува најмногу на Косово, но во дел од тие самиот Тито говори дека желбата на САД е Југославија да опстане и дека односите со таа држава се добри. Зарем на Југославија и пречеше тоа што на некој начин е приврзок на САД? Не, напротив, дури народот веруваше дека Југославија е самостојна и моќна држава. Многумина кои ги следат тие серии сфаќаат дека многу нешта кои биле кажувани во Југославија не биле токму такви.

Originally posted by Platenik Platenik напиша:


Ти сигурен си во тоа дека оружјето за масовно уништување неможе да се употреби од страна на демократските општества? Мислма дека премногу имаш доверба во демократијата.


Можеби и би се употребило, но не токму лесно како што тоа може да се употреби во едно тоталитаристичко општество. Да, имам доверба во демократијата, но не во "демократите", кои поскоро се демагози.

Originally posted by Platenik Platenik напиша:


Прво, Северна Кореја, а ниту една друга друга држава која има средства за масовно уништување го има упоребено истото, ниту врз воени цел,и ниту врз цивилно нселение. Овде станува збор за тоа дека сравот го чува лозјето.


Северна Кореја доволно го малтретира своето цивилно население. Концентрационите кампови кои ги има и сите други нешта кои му ги прави на населението се доволно оружје против своето цивилно население. Нема потреба да наведувам што се друго му прави на истото, јасно ни е на сите. А да те потсетам дека Северна Кореја уби цивили во Јужна Кореја при нападот на еден од островите на Јужна Кореја.

Originally posted by Platenik Platenik напиша:


Второ, единствената држава која досега има упоребено атомско оружје врз цивилно население е САД.


Тоа не беше одлука само на САД. Тоа беше одлука на САД, СССР и Велика Британија.

Originally posted by Platenik Platenik напиша:


Трето, сведоци сме за употребата на бомби со осиромашен ураним и пак од САД и нејзините партнери.


Да, за ова си во право.

Originally posted by Platenik Platenik напиша:


Четврто, хемиското оружје е исто така оружје за масовно уништување. Користењњто на напалмот врз македонското население во грѓанската воја на Грција е пак сторено од демократските држави.


Она што се случуваше со македонското население не е само вина на демократските држави, туку и на оние кои го поттикнаа тоа, а имаа седиште во Москва. Македонското население навистина го проживеа тоа, но, по вина на двата система, кои решија да го прават тоа што го правеа, а последиците да ги чувствува цивилното население.

Originally posted by Platenik Platenik напиша:


Петто, оранж гасот кој американската војска масовно го користела во виетнамската војна е многу добро документирано

и така листата продолжува.


Навистина не знам што е оранж гас и не сум добро запознаен со таа ситуација, ниту пак дали е употребувано против војници или цивили и во кои ситуации.

Originally posted by Platenik Platenik напиша:


Ќе те молам немој да ми кажуваш дека Северна Кореја била спремна да го користи оружјето, додека демократите не, кога историјата те демантира.


Демократите го употребувале во определени ситуации, исклучок е Грција, додека Северна Кореја тоа што го прави е се само не нормално.

http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=137098]Северна Кореја се закани со уништување на Јужна Кореја и САД

А да те потсетам, токму САД и Јужна Кореја и помагаат да се избори со гладот кој постојано е присутен во една од најнапредните држави на светот, за што самите се сметаат. А дури и тракторите им се донација од ЕУ. А како на тоа возврати Северна Кореја? Со оган кон Јужна Кореја. Јужна Кореја ниту еднаш не ја нападна. Напротив, секогаш и помагала, на секој можен начин, иако таа тоа не го заслужила. А многу добро нашиот народ кажал дека раката која те храни не се гризе.

Искрено се надевам дека не си поддржувач на тој злосторнички режим таму.

Изменето од Македон - 25.Април.2011 во 02:36
Кон врв
brza Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Февруари.2006
Локација: vidiFOTOupotpis
Статус: Офлајн
Поени: 34534
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај brza Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Април.2011 во 02:27
tokmu taka ...za poslednoto !да
 
a, tek  onoj lepotanon bogomoljecon, ako se zdobie so nuklearno oruzje,
....samo naiven nekoj moze da pomisli deka nema lesno da go upotrebi ,...i pokraj toa shto znae deka nema lesno da pominat i tie ,....
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Април.2011 во 02:46
Originally posted by brza brza напиша:

tokmu taka ...za poslednoto !да
 

a, tek  onoj lepotanon bogomoljecon, ako se zdobie so nuklearno oruzje,

....samo naiven nekoj moze da pomisli deka nema lesno da go upotrebi ,...i pokraj toa shto znae deka nema lesno da pominat i tie ,....


Западот не смее да ја повтори грешката која ја направи со Северна Кореја. И таму од желба за нуклеарно оружје, дојде до се она што се случува денес. Од немање желба да се одговори на тоа од страна на демократскиот свет токму поради заштита на Јужне Кореја, се доведоа во состојба во која што се денес. Истото ќе се случува и со Иран, ако дојде до нуклеарно оружје.
Кон врв
brza Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Февруари.2006
Локација: vidiFOTOupotpis
Статус: Офлајн
Поени: 34534
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај brza Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Април.2011 во 02:53
...edinstven problem so severnata koreja e toa shto juzna koreja bi mozela mnogu da izgubi vo eventualen nuklearen konflikt, a toa severnjacite i te kako go znaat , pa zatoa i se pravat tolku silni.
 
 
...za razlika od juznite ,..tie i nemaat kojznae shto da izgubat,..nivniot narod i taka zivee vo krajna beda, pa,...mozebi i spas ke im bide,...smrtta,...
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1213141516 30>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,109 секунди.