|
Средношколец убиен во училишен двор |
Внеси реплика | страница 123> |
Автор | ||
aLbaneso
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 27.Септември.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 933 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 08.Април.2011 во 18:44 |
|
Убиен е средношколец во училишен двор. Со метална шипка удрен е директно во глава. Го тепале двајца, засега се уште непознати за полицијата. Крвавата тепачка се случи попладнево на самиот влез од градежното скопско училиште „Здравко Цветковски“ во населбата Карпош. Убиен е 18-годишниот Мухамед Али Јашари од Кондово, излегол да ја спречи тепачката во која цел на насилниците бил неговиот соученик 17-годишниот Дарко, кој пак од удар со бекатон плочка лежел во бессознание на плочникот пред влезната врата од зградата, силните удари со металните шипки во главата за Мухамед биле смртоносни. Реагирало и обезбедувањето на училиштето но попусто. Лекарите успеале да ги санираат повредите кај 17-годишниот средношколец. Полицијата пладнево вршеше увид во градежното училиште, металните шипки со кои бил убиен Мухамед не ги најдоа во дворот. Со полициска трака беше одбележано местото каде се случило крвавото убиство. Додека траеше распитот во „Здравко Цветковски“, директорката на училиштето вешто ги избегна новинарите, брзаше на прес конференција во Град Скопје, кај министерот за образование Никола Тодоров и градоначалникот Коце Трајановски. Но таму, ниту одговорност ниту одговори за новинарите. Не е прв пат ученици да се пресметуваат со ножеви, метални шипки и камења. Се почесто баналните расправии меѓу учениците завршуваат со пукнати глави и слепоочници или избодени со ножови. Денеска Мухамед само сакаше да му помогне на својот другар. Неодговорноста на општеството ја плати со живот. http://a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=136515 |
||
Љаеш НЕ касаш !
|
||
aLbaneso
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 27.Септември.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 933 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Мое искрено сочуство до семејството на загинатиот
ДО КОГА ВАКА ????????????????????????????? |
||
Љаеш НЕ касаш !
|
||
sanja-a
Сениор Only God Can Judge Me! Регистриран: 12.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 13457 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
до тука ли стигнале...
од играчка прават плачка ако вакво нешто требало да се случи за конечно тогаш да се свестат и децата и возрасните тогаш сме за жалење како народ |
||
Обожавам луѓе кои ме смеат.
Искрено, мислам дека смеењето е нешто што го сакам најмногу. Тоа лечи многу болести. Можеби тоа е најважното нешто кај човекот. Одри Хепберн |
||
Iron Man
Сениор железен раз бираш Регистриран: 11.Јануари.2009 Локација: Antarctica Статус: Офлајн Поени: 8032 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
сочуство до семејството
|
||
|
||
Renatax
Сениор Регистриран: 27.Декември.2008 Статус: Офлајн Поени: 11613 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Ова е тоа што треба да не загрижи,ако на настава доаѓаат вака фино наоружани ученици,каде треба да ја бараме вината....кај директорката,владата,општеството или кај родителите кои не си ги контролираат своите деца ?! |
||
Мирно движи се низ галамата и хаосот, секогаш имајќи на ум каков мир постои во тишината.
|
||
Marko Polo 1
Сениор venecijaner Регистриран: 20.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 9693 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
katastrofa...
socuvstvo i od mene... |
||
Incredible Blue
|
||
Andjelina
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Miss High Hill’s Регистриран: 07.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 14129 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Рен,вината е колективна...на нас како родители,на нас како педагози,како обезбедување,како власт...на сите Патем,спомнаа обезбедување...се прашувам каде биле додека траела тепачката,зашто очигледно не се случила во една секунда Изменето од Andjelina - 09.Април.2011 во 00:03 |
||
Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува
|
||
KINGDAVID
Сениор Solomon's father Регистриран: 09.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 9420 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Mnogu zalno sto se sluci vakvo nesto. Da se nadevame deka drugoto dete kje ostane zivo. Me trogna ovaa slucka vo koja drugarceto Albanec sakal da go zastiti drugarceto Makedonec. Mnogu sum nazalen sto deckoto go izgubi zivotot. :((( Iskreno socuvstvo do negovata familija... Daj Boze huliganite sto pobrzo da gi najdat i da odgovaraat pred zakonot, iako so toa za zal, ne moze da se vrati eden mlad zivot i ne moze so nisto da se nadomesti zagubata .... :((( |
||
SOLI DEO GLORIA
|
||
mrzla
Сениор натурална девојка Регистриран: 14.Мај.2008 Статус: Офлајн Поени: 13330 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
||
И бричот падна на колена пред зборот:
Те преколкувам кажи како да се наострам како тебе,сакам да колам без да пуштам крв |
||
kultuzin
Сениор Регистриран: 03.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4903 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
За жал вакви работи се случуват многу брзо. |
||
kultuzin
Сениор Регистриран: 03.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4903 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Жалосно за фамилијата, голема трагедија, за која се надевам дека некој ќе одговара иако со ништо неможе да се надокнади она што тие кутри луѓе го загубиле.
|
||
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Многу убаво прашање кое треба да си го поставиме сите. Каде згрешивме, кога ги испуштивме од рака децата и дозволивме од нив да направиме неконтролирана маса хулигани, тепачи па и убијци. Дали тогаш кога прв пат замолчивме и истолериравме една тепачка. -Родителите на родителските состаноци доаѓаат со брзање, додека класниот зборува отворено гледаат на саат, а некои и дрско ги прекинуваат со зборовите-Немам јас време за овие празни муабети Заминува омаловажувајки го времето на останатите покажувајки ја својата моќ дека и да му е проблематично детето никој ништо не му може. -Просветарите чувајки си го лепчето (оти одамна ѓаволот ја однел шегата и секој кој е малку партиски врзан -може ако некој му се намерчи даго остави без работа) па замижуваат пред малите вандали кои безобразно ја реметат наставата, ги малтретираат своите понемоќни соученици. - Просветарите кога од колегијалност, од страв затоа што нивното добро досие зависи од педагошко-психолошката служба замолчуваат кога овие најмалку имаат време за децата со нарушено однесување. -Политичарите кои своите пипки ги пуштија во секоја пора на општеството па го исполитизираа образованието-назначувајки свои директори кои кога се посетени од оние кои ги назначиле траат. молчат (па може дете или наставник да умира, ама ако има општинари или сопартијци во канцеларија никој не смее да ги прекине). Директори кои бесрамно даваат изјави дека инцидентот се случил надвор од училиште-ко да таму тие деца не се истите, не се нашите за кои државата не плаќа да ги научиме да се добри деца и оти надвор од училиште токму се гледа што научиле на училиште или дома. Затаивме сите ние-возрасните. Дозволивме децата да ни гинат токму како во филмовите или видео игрите кои мдиумите онака бесрамно (во име на профитот) без никаква цензура да ги даваат во време кога децата се сами дома и можат да гледаат и имитираат мислејки дека и во реалноста жртвата ќе стане, ќе ја затресе прашината од себе , ќе ја забрише крвта и ќе замине дома. Како човек, мајка, просветен работник се срамам зошто замолчив, ја свртев главата, се направив дека не видов кога почна да се толерира неработењето, политизацијата на образованието. Сега се срамам да им изразам сочувство на родителите, да речам лесна му земја на она младо јагненце кое отиде к*рбан бранејки го другарството,оти моите зборови се само празни зборови. Нивната тага и болка за синот единец не може да ја избришат зборови. Ни зборовите на осуда кон хулиганите , нити зборовите со пофалба за нивното дете нема да им го вратат единецот. Тој повеќе нема да влезе дома задишан, гладен послле напорен училишен ден, уморен од младешките игри. Неговиот стол во домот ќе остане празен, неговата чинија ќе собира прашина, неговата мајка залудно ќе чека. А ние, сите ние, пред да кренеме рака да си ги погалиме децата, пред да отвориме уста да се жалиме од сиромаштијата да помислиме дека има и потешки работи кои не ги исполнивме. Политичарите- и Груевски и Црвенковски и сите оние кои се возат во коли со затемнети стакла, и новинарите и Латас и Мирка и Чуму и еди кој си,и А1 и Сител, и канал 5 и кој ли не, сите тие -пред да зинат да ни кажат кој коллку украл, кој колку гласови ќе добие /изгуби нека размислат дека тие се тие кои доведоа до ова. Тие ги урнисаа законите, институциите, телевизиите, семејствата. Зошто? Изменето од mamamd - 09.Април.2011 во 13:16 |
||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Za zhal vakvi neshta se sluchuvaat i kaj mene...
So shipki, nozhovi i pishtoli. Ova ne go govoaram za da ja namalam bolkata na onie koi souchestvuvaat so nemiliot sluchaj, tuku da posocham deka mladosta, egoto i adrenalinot zaslepuva bez obzir na nacionalnosta, drzhavnosta i geografskata shirochina. Ljubovta e isto taka bezgranichna... no za zhal mnogu pomalu zastapena. A za toa site sme podednakvo vinovni. Onoa shto se sluchi, na krajot od krishtata, e samo rezultanta na nasheto zaednichko deluvanje. |
||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Да, ама кај тебе ваквите убијци завршуваат со смртна казна или казна доживотен затвор без право на помилување, во сторги затвори, а не со казна затвор од 5 до 15 години и право на помилување. А болката на родителите и блиските, никој не може да ја намали. Изменето од Македон - 09.Април.2011 во 16:10 |
||
Внеси реплика | страница 123> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |