IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > АРХИВА > Историја и политика
  Активни теми Активни теми RSS - Средношколец убиен во училишен двор
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Средношколец убиен во училишен двор

 Внеси реплика Внеси реплика страница  123>
Автор
Порака
aLbaneso Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 27.Септември.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 933
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај aLbaneso Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Средношколец убиен во училишен двор
    Испратена: 08.Април.2011 во 18:44

Убиен е средношколец во училишен двор. Со метална шипка удрен е директно во глава. Го тепале двајца, засега се уште непознати за полицијата.

Крвавата тепачка се случи попладнево на самиот влез од градежното скопско училиште „Здравко Цветковски“ во населбата Карпош.

Убиен е 18-годишниот Мухамед Али Јашари од Кондово, излегол да ја спречи тепачката во која цел на насилниците бил неговиот соученик 17-годишниот Дарко, кој пак од удар со бекатон плочка лежел во бессознание на плочникот пред влезната врата од зградата, силните удари со металните шипки во главата за Мухамед биле смртоносни.

Реагирало и обезбедувањето на училиштето но попусто. Лекарите успеале да ги санираат повредите кај 17-годишниот средношколец.

Полицијата пладнево вршеше увид во градежното училиште, металните шипки со кои бил убиен Мухамед не ги најдоа во дворот.

Со полициска трака беше одбележано местото каде се случило крвавото убиство. Додека траеше распитот во „Здравко Цветковски“, директорката на училиштето вешто ги избегна новинарите, брзаше на прес конференција во Град Скопје, кај министерот за образование Никола Тодоров и градоначалникот Коце Трајановски.

Но таму, ниту одговорност ниту одговори за новинарите.

Не е прв пат ученици да се пресметуваат со ножеви, метални шипки и камења. Се почесто баналните расправии меѓу учениците завршуваат со пукнати глави и слепоочници или избодени со ножови.

Денеска Мухамед само сакаше да му помогне на својот другар. Неодговорноста на општеството ја плати со живот.

http://a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=136515
Љаеш НЕ касаш !
Кон врв
aLbaneso Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 27.Септември.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 933
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај aLbaneso Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Април.2011 во 18:46
Мое искрено сочуство до семејството на загинатиот
ДО КОГА ВАКА ?????????????????????????????тага
Љаеш НЕ касаш !
Кон врв
sanja-a Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Only God Can Judge Me!

Регистриран: 12.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 13457
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sanja-a Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Април.2011 во 18:50
до тука ли стигнале...

од играчка прават плачка ако вакво нешто требало да се случи за конечно тогаш да се свестат и децата и возрасните тогаш сме за жалење како народ
Обожавам луѓе кои ме смеат.
Искрено, мислам дека смеењето е нешто што го сакам најмногу.
Тоа лечи многу болести. Можеби тоа е најважното нешто кај човекот.
Одри Хепберн
Кон врв
Iron Man Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
железен раз бираш

Регистриран: 11.Јануари.2009
Локација: Antarctica
Статус: Офлајн
Поени: 8032
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Iron Man Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Април.2011 во 20:44
сочуство до семејството
Кон врв
Renatax Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 27.Декември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 11613
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Renatax Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Април.2011 во 21:51
Originally posted by aLbaneso aLbaneso напиша:



Не е прв пат ученици да се пресметуваат со ножеви, метални шипки и камења. Се почесто баналните расправии меѓу учениците завршуваат со пукнати глави и слепоочници или избодени со ножови.

Денеска Мухамед само сакаше да му помогне на својот другар. Неодговорноста на општеството ја плати со живот.

http://a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=136515


Ова е тоа што треба да не загрижи,ако на настава доаѓаат вака фино наоружани ученици,каде треба да ја бараме вината....кај директорката,владата,општеството или кај родителите кои не си ги контролираат своите деца ?!збунетост
Мирно движи се низ галамата и хаосот, секогаш имајќи на ум каков мир постои во тишината.

Кон врв
Marko Polo 1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
venecijaner

Регистриран: 20.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 9693
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Marko Polo 1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Април.2011 во 21:52
katastrofa...
socuvstvo i od mene...
Incredible Blue
Кон врв
Andjelina Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Miss High Hill’s

Регистриран: 07.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 14129
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Andjelina Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Април.2011 во 00:01
Originally posted by renatax renatax напиша:


QUOTE]Ова е тоа што треба да не загрижи,ако на настава доаѓаат вака фино наоружани ученици,каде треба да ја бараме вината....кај директорката,владата,општеството или кај родителите кои не си ги контролираат своите деца ?!збунетост

Рен,вината е колективна...на нас како родители,на нас како педагози,како обезбедување,како власт...на сите
Патем,спомнаа обезбедување...се прашувам каде биле додека траела тепачката,зашто очигледно не се случила во една секунда


Изменето од Andjelina - 09.Април.2011 во 00:03
Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува

Кон врв
KINGDAVID Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Solomon's father

Регистриран: 09.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 9420
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај KINGDAVID Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Април.2011 во 00:10

 Mnogu zalno sto se sluci vakvo nesto. Da se nadevame deka drugoto dete kje ostane zivo.

Me trogna ovaa slucka vo koja drugarceto Albanec sakal da go zastiti drugarceto Makedonec.

Mnogu sum nazalen sto deckoto go izgubi zivotot. :(((

Iskreno socuvstvo do negovata familija...сршено%20срце

Daj Boze huliganite sto pobrzo da gi najdat i da odgovaraat pred zakonot,лутина iako so toa za zal, ne moze da se vrati eden mlad zivot i ne moze so nisto da se nadomesti zagubata .... :(((



   SOLI DEO GLORIA
Кон врв
mrzla Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
натурална девојка

Регистриран: 14.Мај.2008
Статус: Офлајн
Поени: 13330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mrzla Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Април.2011 во 01:24
И бричот падна на колена пред зборот:

Те преколкувам кажи како да се наострам како тебе,сакам да колам без да пуштам крв
Кон врв
kultuzin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 03.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4903
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kultuzin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Април.2011 во 01:54
Originally posted by Andjelina Andjelina напиша:

Originally posted by renatax renatax напиша:


QUOTE]Ова е тоа што треба да не загрижи,ако на настава доаѓаат вака фино наоружани ученици,каде треба да ја бараме вината....кај директорката,владата,општеството или кај родителите кои не си ги контролираат своите деца ?!збунетост

Рен,вината е колективна...на нас како родители,на нас како педагози,како обезбедување,како власт...на сите
Патем,спомнаа обезбедување...се прашувам каде биле додека траела тепачката,зашто очигледно не се случила во една секунда


За жал вакви работи се случуват многу брзо.
Кон врв
kultuzin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 03.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4903
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kultuzin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Април.2011 во 01:57
Жалосно за фамилијата, голема трагедија, за која се надевам дека некој ќе одговара иако со ништо неможе да се надокнади она што тие кутри луѓе го загубиле.
Кон врв
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Април.2011 во 13:09
Originally posted by renatax renatax напиша:

Ова е тоа што треба да не загрижи,ако на настава доаѓаат вака фино наоружани ученици,каде треба да ја бараме вината....кај директорката,владата,општеството или кај родителите кои не си ги контролираат своите деца ?!збунетост


Многу убаво прашање кое треба да си го поставиме сите.
Каде згрешивме, кога ги испуштивме од рака децата и дозволивме од нив да направиме неконтролирана маса хулигани, тепачи па и убијци. Дали тогаш кога прв пат замолчивме и истолериравме една тепачка.
-Родителите на родителските состаноци доаѓаат со брзање, додека класниот зборува отворено гледаат на саат, а некои и дрско ги прекинуваат со зборовите-Немам јас време за овие празни муабетизбунетост Заминува омаловажувајки го времето на останатите покажувајки ја својата моќ дека и да му е проблематично детето никој ништо не му може.
-Просветарите чувајки си го лепчето (оти одамна ѓаволот ја однел шегата и секој кој е малку партиски врзан -може ако некој му се намерчи даго  остави  без работа) па замижуваат пред малите вандали кои безобразно ја реметат наставата, ги малтретираат своите понемоќни соученици.
- Просветарите кога од колегијалност, од страв затоа што нивното добро досие зависи од педагошко-психолошката служба замолчуваат кога овие најмалку имаат време за децата со нарушено однесување.
-Политичарите кои своите пипки ги пуштија во секоја пора на општеството па го исполитизираа образованието-назначувајки свои директори кои кога се  посетени од  оние кои ги назначиле траат. молчат (па  може дете или наставник да умира, ама ако има општинари или сопартијци во канцеларија никој не смее да ги прекине). Директори кои бесрамно даваат изјави дека инцидентот се случил надвор од училиште-ко да таму тие деца не се истите, не се нашите за кои државата не плаќа да ги научиме да се добри деца и оти надвор од училиште токму се гледа што научиле на училиште или дома.
 Затаивме сите ние-возрасните. Дозволивме децата да ни гинат токму како во филмовите или видео игрите кои мдиумите онака бесрамно (во име на профитот) без никаква цензура да ги даваат во време кога децата се сами дома и можат да гледаат и имитираат мислејки дека и во реалноста жртвата ќе стане, ќе ја затресе прашината од себе , ќе ја забрише крвта и ќе замине дома.
Како човек, мајка, просветен работник се срамам зошто замолчив, ја свртев главата, се направив дека не видов кога почна да се толерира неработењето, политизацијата на образованието.
Сега се срамам да им изразам сочувство на родителите, да речам лесна му земја на она младо јагненце кое отиде к*рбан бранејки го другарството,оти моите зборови се само празни зборови.
Нивната тага и болка за синот единец не може да ја избришат зборови. Ни зборовите на осуда кон хулиганите , нити зборовите со пофалба за нивното дете нема да им го вратат единецот. Тој повеќе нема да влезе дома задишан, гладен послле напорен училишен ден, уморен од младешките игри. Неговиот стол во домот ќе остане празен, неговата чинија ќе собира прашина, неговата мајка залудно ќе чека.
А ние, сите ние, пред да кренеме рака да си ги погалиме децата, пред да отвориме уста да се жалиме од сиромаштијата да помислиме дека има и потешки работи кои не ги исполнивме.
Политичарите- и Груевски и Црвенковски и сите оние кои се возат во коли со затемнети стакла, и новинарите и Латас и Мирка и Чуму и еди кој си,и А1 и Сител, и канал 5 и кој ли не, сите тие -пред да зинат да ни кажат кој коллку украл, кој колку гласови ќе добие /изгуби нека размислат дека тие се тие кои доведоа до ова. Тие ги урнисаа законите, институциите, телевизиите, семејствата.
Зошто?тага


Изменето од mamamd - 09.Април.2011 во 13:16
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Април.2011 во 15:44
Za zhal vakvi neshta se sluchuvaat i kaj mene...    тага

So  shipki, nozhovi i pishtoli.

Ova ne go govoaram za da ja namalam bolkata na onie koi souchestvuvaat so nemiliot sluchaj, tuku da posocham deka mladosta, egoto i adrenalinot zaslepuva bez obzir na nacionalnosta, drzhavnosta i geografskata shirochina.

Ljubovta e isto taka bezgranichna... no za zhal mnogu pomalu zastapena.

A za toa site sme podednakvo vinovni.

Onoa shto se sluchi, na krajot od krishtata, e samo rezultanta na nasheto zaednichko deluvanje.




Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Април.2011 во 16:07
Originally posted by Messenger Messenger напиша:

Za zhal vakvi neshta se sluchuvaat i kaj mene...    тагаSo  shipki, nozhovi i pishtoli.Ova ne go govoaram za da ja namalam bolkata na onie koi souchestvuvaat so nemiliot sluchaj, tuku da posocham deka mladosta, egoto i adrenalinot zaslepuva bez obzir na nacionalnosta, drzhavnosta i geografskata shirochina.


Да, ама кај тебе ваквите убијци завршуваат со смртна казна или казна доживотен затвор без право на помилување, во сторги затвори, а не со казна затвор од 5 до 15 години и право на помилување.

А болката на родителите и блиските, никој не може да ја намали.

Изменето од Македон - 09.Април.2011 во 16:10
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  123>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,109 секунди.