|
Македонија покрена тужба против Грција |
Внеси реплика | страница <1 20212223> |
Автор | ||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Пресудата од Меѓународниот суд на Правдата во Хаг не е само советодавна. Далеку од тоа дека е само советодавна. Двете страни ќе ја почитуваат одлуката на судот. Не случајно нашата страна во тужбата побара судот да и наложи на Грција да го усогласи својот однос со Привремената спогодба, а тоа значи подигнување на блокадите доколку Македонија аплицира под привремената спогодба. Сепак, ниту Грција, ниту Македонија не се доволно моќни за да го газат меѓународното право. Во однос на апсурдноста, сосема си во право, но, за жал, такво е меѓународното право. Секогаш постои критериумот на сила. Но, тоа не треба да не плаши. Далеку е и Грција, а и Македонија, од таква сила. |
||
ADVISOR
Сениор Регистриран: 17.Февруари.2009 Статус: Офлајн Поени: 1026 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Можно објаснување е дека евентуалната пресуда мора да биде прифатена од
Советот за безбедност, а тоа тешко ќе се случи, бидејќи тој има право на
вето на одлуките на судот. Земјите засегнати во спор мора да ја
прифатат одлуката на судот (освен САД кои еднострано излегоа од судот во
1986 година и ги прифаќаат неговите одлуки од случај во случај), а ако
не сакаат да го сторат тоа, Советот за безбедност ќе ги принуди преку
своите механизам. Обратно, пак, нема сила што може да го натера Советот
за безбедност да прифати одлука ако некоја од петте земји-членки не се
согласува со неа.
Тоа значи дека ни ревидирањето на независноста ни евентуална одлука за спорот на Македонија немаат шанси да поминат ако за тоа нема добра волја во Советот за безбедност, но позитивно советодавно мислење на судот би траело вечно и не би можело стопроцентно да се игнорира. |
||
MyWay
Сениор Антиталенат на годината Регистриран: 05.Септември.2008 Локација: Aruba Статус: Офлајн Поени: 23914 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Денес продолжува јавната расправа по тужбата на Република Македонија против Република Грција во врска со примената на Времената спогодба потпишана од двете држави од 1995 година.Расправата се одржува со Палатата на правдата во Хаг. На првото рочиште вчера министерот за надворешн работи и застапник на Македонија пред Меѓународниот суд на правдата Антонио Милошоски истакна дека случајот е едноставен и јасен оти договорите мора да се почитуваат. - Тужената страна приговори на нашето членство во НАТО потпирајќи се на причини кои не се дозволени според Времената спогодба. Тужената страна се обидува случајот да го направи комплексен, изнесувајќи серија на нерелевантни или неточни тврдења, како и нови правни и фактички тврдења кои не биле покренати пред април 2008 година. Аргументите на Тужената страна се чини имаат за цел да затскријат експлицитно прекршување на експлицитна обврска која произлегува во Времената спогодба, рече Милошоски. Потенцирајќи дека е ова прво појавување на Македонија како странка во Судот во Хаг, тој појасни дека со тужбата се бара од Грција да се придржува кон клучните обврски од Времената спогодба, односно членот 11 според кој таа нема да го попречува зачленувањето на државата во меѓународни организации под привремената референца во кои таа е членка. Од Судот се бара и да им помогне на двете страни да се вратат во рамките на системот воспоставан со Времената спогодба. Ова, рече Милошоски, ќе ни овозможи да ги продолжиме нашите активности за зачленување во НАТО и Европската унија, цел за која се определивме уште од 1993 година и која е од огромно значење за внатрешната стабилност на македонското мултиетничко демократско општество, но и за регионот.
Грција, според него, се повикува на четири клучни аргументи во однос на тужбата, а тоа се дека Република Македонија не треба да го користи уставното име во меѓународни организации, дека привремената референца е „привремено име“ на државата, оти македонската страна е таа која ја прекршила Времената спогодба. Воедно, вели, упорно погрешно го толкува барањето на македонската страна инсистирајќи оти во предметот се работи за однесувањето на НАТО врз што Судот нема надлежност, и погрешно го толкува членот 22 од Времената спогодба. - Нашата одлука да го иницираме спорот пред Судот не беше донесена лесно. Сепак немавме друг избор. Доколку тужената страна навистина верува оти ние сме ја прекршиле ВС таа можеше да покрене постапка против нас според членот 21 од ВС и да се повика на други меѓународни договори, но не стори ништо од тоа. Наместо тоа ги зеде работите во свои раце и дејствуваше вон правото. Бараме од Судот да и наложи на тужената страна да ги исполни своите обврски кои произлегуваат од овој исклучително важен билатерален инструмент, рече Милошоски. Професорот Филип Сендс, кој е дел од македонскиот тим, во своето излагање се осврна на околностите кои доведоа до склучување на ВС, која е вели срцето на овој судски предмет. Тој укажа на нејзината непречена примена до 2008 година, и особено се задржа на однесувањето на Грција во 2007 и 2008 година како исклучително важни за овој процес. Тој при тоа се повика на изјава на тогашната министерка за надворешни работи на Грција Дора Бакојани дадена во октомври 2007. во интервју за грчки новинар. Прашана зошто не дозволуваат влез на Македонија во НАТО под привремената референца таа изјавила дека „политички безболни одлуки не се од национален интерес и оти криењето на главата во песокот секогаш чини, како и политичиот кукавичлук“. - Ова е чисто признание од тужената страна дека знаела за своите правни обврски и дека одбрала да ги игнорира за да избегне да биде обвинета за „политички кукавичлук“, рече проф. Сендс. Побра од Судот да си постави две клучни прашања што направи тужената страна во 2007 и 2008 и кои биле причините за тоа што го направила, бидејќи во нив лежи суштината на овој предмет. На јавната расправа се обратија и проф. Шон Марфи и Пјер Клаин кои се фокусираа на тоа дали однесувањето на Грција во периодот 2007 – 2008 година било во согласност со Времената спогодба, односно како тоа ја попречило поканата за членство на Република Македонија во НАТО. Марфи нагласи дека од 1995 година до 2007. Грција не се противела на пристапувањето на Македонија кон Партнерството за мир и Акцискиот план за членство, како програми за соработка на земјата со Алијансата и исполнување на критериумите за членство. Во втората половина на 2007 и почетокот на 2008 Грција почна жестока и систематска кампања против членството на Македонија единствено затоа што не беше решено прашањето за името. Овој доказ произлегува од пишаната и усна дипломатска комуникација и од изјавите на високи официјални претставници соопштени јавно од владините институции, рече Марфи. По денешната презентација на македонските аргументи, грчката страна своите контрааргументи ќе ги изложи на 24 и 25 март. Во втората фаза на 28 март тимот што ќе ја претставува Македонија ќе има можност да одгвори усно на одбраната на Грција, а јавната расправа ќе биде заокружена на 30 март со завршниот збор на грчката страна. Значи за шест месеци ќе го чекаме исходот..Одлуката е правосилна и мора да се изврши. Да се надеваме дека ќе биде во наша корист.
|
||
Како изгледа совршен маж..Он не изгледа..Он се понаша ...... |
||
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Издржано и детално ги образложуваат аргументите, ама и контрааргументите со кои ќе се брани Грција ги побиваат. Посебно што нагласуваат дека од судот не се бара да одлучува по политички процес, туку за она што е и негова должност: правото и прекршувањето на една клаузула од правен договор помеѓу две страни. Ги извадија сите признанија од грчките политичари дека имало вето т.е. попречување, документирано со изјави. Како што ги слушав вчера и денеска и онака лаички ми изгледа добро спремен нашиот тим, а така велат и правниците со кои разговарав. Нека им е со среќа. Ај отидоа на пауза за ручек. Изменето од Анастеа - 22.Март.2011 во 12:48 |
||
MyWay
Сениор Антиталенат на годината Регистриран: 05.Септември.2008 Локација: Aruba Статус: Офлајн Поени: 23914 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Крајот го краси делото, па ќе видиме. Нај важно е да успееме добро да ги образложеме сите аргументи и да ги употребиме сите средства кои одат во наш прилог. Има една прилика кога и Бакојани призна дека Македонија доби вето од нив. Да видиме како ќе се покаже и хрватскиот професор Будислав Вукас како наш ад хок судија... Изменето од MyWay - 22.Март.2011 во 13:51 |
||
Како изгледа совршен маж..Он не изгледа..Он се понаша ...... |
||
MyWay
Сениор Антиталенат на годината Регистриран: 05.Септември.2008 Локација: Aruba Статус: Офлајн Поени: 23914 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Сандс: Преименувањето на скопскиот аеродром не е оправдување за грчкото противењe „Како може да се тврди дека преименувањето на скопскиот аеродром или именувањето на паневропскиот коридор со името Александар Велики се чинови кои не се компатибилни со меѓународното право“, праша Филип Сандс, еден од правните застапници на Македонија во спорот против Грција што се води пред Меѓународниот суд на правдата во Хаг. Со цел да ги побие грчките аргументи кои Грција ги доставила како против одговор на македонската тужба, Сандс рече дека е „чист очај“ бидејќи ниту еден аргумент на Грција не го оправдува нејзиното противење на македонското членство во НАТО. |
||
Како изгледа совршен маж..Он не изгледа..Он се понаша ...... |
||
brza
Сениор Регистриран: 06.Февруари.2006 Локација: vidiFOTOupotpis Статус: Офлајн Поени: 34534 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Sands rekol...taka?!
auu...pa togash stvarno i navistina e taka!"" ...koga Sands ne bi go kazuval toa, za koe shto e,najverojatno najdebelo platen, od kutriot makedonski narod! ...navistina neznam, shto drugo bi moel da kaze,.... tvoj advokat!? ....ili koj i da e drug ,..e mora Sands...koga bi bil tvoj. |
||
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein |
||
ADVISOR
Сениор Регистриран: 17.Февруари.2009 Статус: Офлајн Поени: 1026 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
MyWay
Сениор Антиталенат на годината Регистриран: 05.Септември.2008 Локација: Aruba Статус: Офлајн Поени: 23914 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Започнува претставувањето на грчките аргументи пред судот во Хаг Со презентација на грчките аргументи, денеска во Меѓународниот суд на правдата во хаг продолжува првиот круг од усната расправа по тужбата на Македонија против Грција. По крајот на вториот круг од расправата, судот ќе се повлече до донесувањето на конечната одлука. Пресудата се очекува да биде соопштена најдоцна наесен.
|
||
Како изгледа совршен маж..Он не изгледа..Он се понаша ...... |
||
ADVISOR
Сениор Регистриран: 17.Февруари.2009 Статус: Офлајн Поени: 1026 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Негативен дел кој не иде во полза на Македонија а што несомнено ќе потклекнат судиите е делот во кој и се дава право на Грција да се спротивставува за прием на Македонија во меѓународни организации под уставното име а Македонија својата апликација ја поднела под уставното име . Тоа Македонија го стори за апликацијата за НАТО.
Овој аргумент мислам дека ќе го натера судот на не донесе одлука . Изменето од ADVISOR - 27.Март.2011 во 22:51 |
||
brza
Сениор Регистриран: 06.Февруари.2006 Локација: vidiFOTOupotpis Статус: Офлајн Поени: 34534 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
...celo vreme i jas na grcive im se chudev za toa ,...deka nemale pravo da se bunat ama,
...ete kaj bila cakata,...pametnite makedonci , so celiot svoj ,prochuen nadaleku,umstven kapacitet , se drznale so pogreshno ime da se obidat da vlezat,.... ...a, so koe ime stanala kandidat,...tamu kaj shto e( vekhje vechen) kandidat? |
||
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein |
||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Со привремената референца. А со таа референца и ќе влезевме во НАТО. И во ООН аплициравме под уставното име, но влеговме под привремената референца. |
||
brza
Сениор Регистриран: 06.Февруари.2006 Локација: vidiFOTOupotpis Статус: Офлајн Поени: 34534 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
ee, znachi nema shto da se bunat, shto ne gi primille,...da bile pod ''novoto'' bi imale pravo ,ama shtom e taka ,..samo djabe pari frlile po advokatine,...namesto ushte nekoj spomenik da ni napravat!
..a, za toa shto vo OON bile prijaveni kako makedonija , a primeni pod drugo ime,...zarem mozelo drukchie , koga novoto seushte ne i bilo potvrdeno,..zatoa ne ''lezi'' toa bash.... ...ne mi e jasno samo,...kako bile tolku glupi ,pa se prijavile pod ''pravoto''ime?! ili moze namerno go napravile toa ,... |
||
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein |
||
MyWay
Сениор Антиталенат на годината Регистриран: 05.Септември.2008 Локација: Aruba Статус: Офлајн Поени: 23914 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Македонските застапници во Хаг ги побиваат грчките контрааргументи – Во Хаг денеска почна втората фаза од усната расправа по тужбата на Република Македонија против Република Грција пред Меѓународниот суд на правдата, во врска со примената на Времената спогодба потпишана меѓу двете земји во 1995 година. Професорот Филип Сендс од Лондонскиот универзитет, кој го започна излагањето на македонскиот одговор на грчките контрааргументи, истакна дека по првата расправа е очигледно оти ова е едноставен случај базиран на факти, а тоа е дека тужената страна се спротивставила на членството на Македонија во НАТО во услови кога ќе и се обраќаат под привремената референца. Правна последица на тоа, рече, е едноставно кршење на членот 11 од Времената спогодба. - Очигледно е дека не и лесно на тужената страна да се одбрани. Минатата недела се обидоа случајот да го направат посложен и она што го слушнавте е бајка поставена на неосновани факти и митови за она што се случило и што не се случило во 1993, 1995, 2007 и 2008 година. За да и даде боја на таа бајка тужената страна ги игнорира фактите, создава погрешни претстави, погрешно цитира и погрешно презентира трети страни и се повикува на историски факти кои достигаат до 4 век од п.н.е кои немаат никакво значење за овој случај, рече Сендс. Со покренување серија од прашања за инволвирање на овој Суд во политички прашања, како и со други техники, грчката страна, според него, има за цел да го убеди Судот во она што смета дека е „главната вест во весниците“ оти Грција не приговорила на членството на Македонија во НАТО. - Очигледно е дека таков наслов би бил бесмислен, рече Сендс. Тој посочи дека за да го оправда тоа тужената страна оди со пристап со кој негира „пет слона во собата“, односно пет аргументи во врска со примената на привремената рефернца како мислењето на Бадентеровата Комисија од 1992 година, на медијаторот во спорот за името Метју Нимиц дека Македонија нема обврска да го користи привременото име кое не го прифаќа, на Резолуцијата 817 на ОН и самата Времена спогодба, а ги оспори и наводните докази за „иредентизам“, како и дека апликантот е закана со „територијалните претензии“ кон тужената страна. - Македонија во 1992 година се откажа од секакви територијални претензии против која било соседна држава, посочи Сендс, укажувајќи на изјави на државата и на нејзините лидери кои го докажуваат тоа. Тужената страна, рече Сендс, може да користи измислени факти, но Судот не смее да и дозволи. - Тужената страна доаѓа во Судот и вика дека подносителот не ги исполнува своите обврски. И подносителот можел сите работи да си ги земе во свои раце и да каже – унилатерално ги суспендираме оние одредби од ВС кои не ни одговраат, но ние на тој пат не тргнавме, туку ги следевме сите постапки пред овој суд. И да се критикува подноситеот за следење на сите правни постапки е нрепифатливо, рече Сендс. За разликите за името подвлече дека е прашања за кое ќе се најде политичко решение на што двете страни се обврзале со Резолуцијата 817 на ОН, и не може да се види како пресудата на Судот на каков било начин може да се однесува на НАТО или на прашањето со името. - Слушајќи ги аргументите на тужената страна не ни е јасен начинот на кој се бранат или петтиот слон, односно се чини дека не можат јасно да ја презентираат нивната приказна. Викаат не сакаме контрамерки, па сакаме, еден вели член 11 значи едно, друг адвокат вели дека значи нешто друго. Велат не сакавме да је прекинеме Времената спогодба, а други пак велат делумно ја суспендиравме, рече Сендс објаснувајќи ги презентираните ставови на грчката одбрана. Тој се повика и на изјави на поранешниот грчки премиер Костас караманлис дека изразил противење на членството на Македонија во НАТО со примена на вето, за друг член на одбраната да рече дека тоа не е точно, додека поранешниот министер за надворешни работи на тужената страна вели дека нема да ја искористат ВС за да не бидат обвинети за „политички кукавичлук“. Се согласуваат дека Македонија може да го користи уставното име во билатералната комуникација, но не и во ОН, но ваквата пракса, посочува проф. Сендс е целосно неконзистентна. Тој со забелешка и оти на усната расправа Грција ја користи кратенката ПЈРМ што воопшто не е во согласнот со резолуцијата 817. Професорот Шон Марфи од Универзитетот „Џорџ Вашингтон“ во своето излагање се задржа на аргументите од писмените поднесоци на Грција и од првата фаза на јавната расправа, оквалификувајќи ги како празни, недоследни и неверодостојни и погрешно претставени апсекти со кои тужената страна не може сериозно да се спротивстави на аргументите кои докажувааат непоспустливост за членството во НАТО, па затоа велат дека македонската тужба е за НАТО. Се осврна и на одлуката на НАТО и начинот на кој Грција го извршила приговарањето. - Без разлики дали ќе се окарактеризира како вето, попречувањето е возможно од страна на еден член на Алијансата. Идејате е дека НАТО не познава вето на кое иснистрираше тужената страна мината недела, рече Марфи. Посочи дека во 2007 и 2008 тужената страна органзиираше систематска кампања против приемот на Македонија во НАТО. Стратегија за да се спротистави на тоа го направи само затоа што не биле решени разликите за името, на задоволстсво и онака како што сака тужената страна. Потсети на изјави од повеќе осстаноци на НАТО, изјави во Парламентотот и изјава на тогашната шефица на грчката дипломатија Дора Бакојани и на грчкиот премиер Караманлис со кои се потврдува дека Грције ќе ги искористи сите опции што и се на располагање да го попречи приемот на Македонија во НАТО, односно оти доколку нема решение за името нема покана за членство. Тој укажа и на изјави на актуелниот лидер на опозициската Нова демократуја Андонис Самарас за корстење на зборот вето во контекст на Македонија, како и на шефот на дипломатијата Димитрис Друцас кој искажува загриженост за упоотребата на зборот вето. - Бараме од Судот да не заборави и да го утврди неоспорниот факт кој го покажува однесувањето на тужената страна во 2007 ма и 2008 и дека таквите факти јасно покажуваат кршење на Времанта спогодба од 95. „Гејм овер“ - тужената страна сака да наметне дека НАТО самостојно одлучило за апликацијата на Македонија, рече Марфи. И професорот Пјер Клајн ги отфрли тврдењата на грчката одбрана дека случајот во Хаг е поврзан со прашањето за името и оти Судот не е надлежен да одлучува по македонската апликација. Грчките застапници, истакна Клајн, не презентираа докази и не изнесоа аргументација во прилог на тоа. Тој смета дека е неоснована и одбраната на Грција дека таа само се придружила на консензусот во НАТО околу поканата за Македонија. Нагласи дека, напротив, Атина преку нејзините највисоки претставници ја спречила поканата за членство во Алијансата. Добро ни оди за сега..да се надеваме дека еднаш нешто ќе се пресуди во наша корист.
|
||
Како изгледа совршен маж..Он не изгледа..Он се понаша ...... |
||
Внеси реплика | страница <1 20212223> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |