IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Свет
  Активни теми Активни теми RSS - Арапскиот свет и што потоа ????
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Арапскиот свет и што потоа ????

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 7891011 30>
Автор
Порака
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Март.2011 во 14:07
Originally posted by Platenik Platenik напиша:

Originally posted by Македон Македон напиша:

Originally posted by Platenik Platenik напиша:


@Македон

На мислење бев дека никогаш нема да правиш компромис со политката на било кој диктатор, без разлика колку истиот и носи просперитет на соодветната држава?!


Јас никогаш не би правел компромис со политиката на диктатори, но, секогаш би ја почитувал волјата на еден народ, како еден од највисоките дострели на демократијата. Ако волјата на либискиот народ е насочена кон поддршка на системот, кој сум јас, или било кој друг, да гази врз таа волја? Никој тој луксуз не смее да си го дозволи, па дури ни САД.

Јас не сум благонаклонет кон Гадафи, но секако ја сакам и почитувам слободата на либискиот народ, а многу добро знаеме дека монархот на Либија истото не го дозволуваше, а државата ја претвори во пералница на пари. Не сакам да кажам дека и Гадафи истото не го прави, но, штом ја ужива поддршката на мнозинството, значи дека поседува легитимитет.

Морам да признаам и дека ме разочараа западните демократии. Се што пропагираа, се кон што се стремеа, за само половина час на CNN го згазија. Двојните аршини речиси и јавно ги покажаа.

Завчера не можев да си верувам на очите кога видов дека на youtube има видео клипови каде што се гледа дека цело Триполи е на улиците во поддршка на Гадафи, а тоа на ниту една телевизија не го покажаа. Исклучок е вчера што објавија дека имало собир за поддршка во Триполи и дека покрај резиденцијата на Гадафи се наоѓаат цивили кои се спремни да го дадат животот за него. Сепак, доколку нема поддршка, ниту еден народ не би седел на улиците во текот на бомбардирања, зарем не?

A истотака сметам дека добар владетел, воопшто не треба да дозволи некакви бунтовници да уништуваат се и сешто, па дури и да ја поделат државата. Зарем не велат и најдемократските држави дека со терористи не се преговара?

Секако, врв на лицемеритето е тоа што постојано се говори за цивили, додека, како што гледаме, многу од тие цивили шетаат со базуки и слични нешта в раце. А за да биде лицемерието поголемо, дури

И секогаш ќе повторувам. Ако некој е загрижен за цивилите, веднаш да го урне режимот на Сверна Кореја, каде што се убиваат деца, каде што постои колективна вина и каде што има сеуште гулази. Се дотогаш се што ќе се каже е само говорење во ветер.бараат оружје, па и велат дека имале само лесно оружје. Тоа не беше целта на резолуцијата на Советот за безбедност на ООН. Мене никако не ми личи дека на сликата што ја постирав, тоа што го постирав држи бунтовникот е лесно оружје. Нека каже некој што има познавања од оружја, јас немам толкави.

Патем, ова вреди да се прочита.

Дали Гадафи не беше во право кога велеш дека има и терористи од Ал Каеда против него!?

Зарем не треба и на тоа да помислиме? Што ако навистина станува збор за радикали? Зарем треба да се препушти сиот народ на такви?



Убаво напишано, убаво срочено.

Меѓутоа велиш дека си се разочарал од демократските системи. Е мој Македоне, допрва ќе се разочаруваш од нив и нивните двојни стандарди. Зарем требеше да се случи Гадафи за конечно да ги увидиме двојните стандарди?! Па тој филм сме го гледале незнам колку пати досега. Сценариото и режијата се исти, само глумците се различни.

Систем во кој што те тепаат (со законски регулативи, а со цел да се запазат нечиви интереси), а не ти даваат да плачеш не е демократија.

Види сега, во Северна Кореја нема нафта, а згора на тоа имаат и nuclear capabilities. Меѓудругото демократите имаат лошо искуство со воените интервенции на тој простор од планетава. Во Виетнам се изгореам и Французите и Американците, во Кореа Американците.

Ако зборуваме објективно, каде и да интервенитрале, никаде не се офајдиле или ги „средиле“ работите. Иран, Ирак, Алжир, Мароко, Либија на неколку наврати, Авганистан.... и листата продолжува, катасрофа до катастрофа.

Зарем неможе да се види дека постапуваат по онаа римската, подели па владеј. Христијани наспроти муслимани,католици против протестанти против православни, шиити наспроти суни, Срби наспроти Хрвати, Хуту наспроти Тутси.........

Викаш дека народот му давал подршка на Гадафи, па народот му давал подршка и на Сталин и на Тито и на Садам и на Кастро и на Мугабе и на Ганди и на Бандаранјке и на Шавез, и на Беназир Буто....., а би рекол дека народот му дава подршка и на Ким Ил Сунг.

За “демократите“ како Пиноче, Пахлави, Батиста, Бота, Мркус... се разбира дека има подруг аршин, нели?

Меѓутоа, некој седнал и решил кои од овие диктатори се лоши, а на кои од нив може да им се прогледа низ прсти или се толерираат. Камапњите против диктаторите се одвиваат по одредено сценарио, а нивниот интензитет зависи од неколку фатори:

- природните ресурсите со кои располага земјата на диктаторот
- неговата воена моќ
- неговата одлучност сам да биде газда на сопствените ресурси
- неговата одлучност да го избере начинот на кој ќе се спрведуваат финасиските трансакции
- политичкото опкружување и
- резултатот од анализата што ќе добијам, а што изгубам ако интервенирам. Доколку добивката е поголема, тогаш вредно е да се изгубат и одреден број на човечки животи и постигне целта.

Во целиот овај процес се спроведува јасна стратегија со кој се сака да се придобие јавното мнение и оправда интервенцијата, а со тоа и евентуалната загубата на људски потенцијал.

Тоа го прави CNN, BBC, Foxnews.......

Значи кога зборуваш за подршка од народот на некој лидер, треба да ги анализираш нападите, од каде доаѓаат, кои се мотивите, која е целта, па потоа да заклучиш дали некој навистина е диктатор. Преполн е светов со Гулази и локални силеџии, но не секаде се интервенира. Во принцип диктатор е диктатор и несмее да се прави компромис, ама...

На некои народи западниот вредносен ситем, едноставно не им одговара, како историски, социолошки, така и од културолошки аспект. Тие системи треба да се развиваат самостојно и постепено, а не со присила. Голем е бројот на опортунисти кои ќе ги искористат нередите да се здобијат со политичка власт, преку која ќе се однесе народот назад во средниот век.

Прав си кога зборуваш за можноста дека на власт може да дојдат некои радикали од кои со сигурност може да се очекува дека ќе бидат полоши.

Зарем праксата тоа не го покажува, Талибан е многу добара пример.

Веројатно некому му одговара да има нереди. Нели се вели за некому да му раздени, некому треба да му се стемни.   


Сега видов дека сум направил превид при поставувањето на линкот за оружјето, ама го средив.

Да, се разочарав од оние кои се нарекуваат столбови на демократијата! Најмногу поради тоа што мислат дека никој не гледа што прават, па и дека сме наивни. Во ред е да лажат, тоа знаеме го прават, но да лажат некого кога со свои очи го гледа нештото, веќе преминува во она што народот го нарекува правење будала од другиот.

Во други случаи, ќе се посомнева човек дека нешто не е во ред, па ако не може да го докаже, можеби и ќе мине лагата, но овој случај ја прелева чашата. Пак ќе кажам, не сум благонаклонет кон Гадафи, но, кога нештата ги поминуваат границите, тогаш веќе поинаку гледа човек. Да убедува некој дека Гадафи останал сам, па потоа да каже дека се води граѓанска војна, а нели според кажаното дека останал сам значи дека нема поддржувачи, па да сокрива информации за поддршка на Гадафи, постојано да вели дека се случува масакр врз цивили, а да станува збор за бунтовници, а како врв на се, во други држави да има масовни убиства на цивили и да не презема ништо е лага врз лага, односно се ова што го набројав, ако се стави во една реченица ќе се добие нелогична ситуација.

И убаво велиш, во Северна Кореја никој нема да интервенира затоа што има една од најголемите армии, нуклеарно оружје и фанатизирано население, а да не говориме и дека Кина и Русија се тука да и помогнат.

Во однос на поддршката, не би ги споредувал сите тие диктатори кои ги наброја, затоа што сепак, во Либија нема милиони убивани, како што имало во СССР, Северна Кореја и другите. Во Северна Кореја ситуацијата никако не може да се спореди со онаа во Југославија, затоа што во Северна Кореја сеуште постојат гулази, концентрациони логори, експериментирања врз луѓе, убивања на цели фамилии. Не знам дали знаеш, но во главниот град на Северна Кореја мора да живеат само здрави луѓе. Болните, инвалидите и другите слични, поради недостигот на храната, често завршуваат на непознат начин, а поради постоењето на глад, недостиг на електрична енергија и лекови, постојано капиталистите кои ги мразат им донираат нешта. А тоа и најмногу ме иритира. На таков систем, каков што е оној на Ким Јонг Ил му се прогледува низ прсти, па дури и му се помага.

Точно е дека се експлоратираат масовно поделбите меѓу луѓето, но тоа го прават и диктаторите и другите. Да бидам искрен, мошне се плашам дека таму ќе дојдат радикали, а ќе бидат поддржани од САД. Жално е што народот во САД не ги сфаќа овие нешта, па дури има и поддржувачи на вакви агресии. Не ја доживувам националната и верската определба како нешто вештачко и нешто што треба да дели. Односот кон верата не треба да биде однос помеѓу мене и соседот, односно ниту соседот не треба да ми одговара мене за тоа во што верува, ниту јас на соседот. Тоа е лично право. А дека ќе се злоупотребува, доволен доказ е Сирија. Имам пријатели во Сирија, од каде што секој ден дознавам што се случува и кои на моите прашања за огромни немири и слично, одговараат со страв, велејќи дека, доколку тој лидер падне, бидејќи се Христијани, ќе паднат во милост и немилост таму, затоа што веќе во џамиите се повеќе и повеќе се проповедала нетолеранција, а токму таму беа најдени и оружја, многу пари, пропаганден материјал и слично. Но, дури и велат дека протестите не се толку големи и крвави. А западот веќе почна со својата кампања. Барем на CNN.


За медиумите си целосно во право, веќе јасно се гледа. Се престорија во слуги на елитите. Известуваат пристрасно, но, дури и не се кријат, веќе отворено заземаат страни.

Треба да се анализира состојбата за да се види кој е диктатор, но, доколку се сака да се спроведат еднакви мерки кон сите, веднаш ќе се препознае кој е што. Но, очигледно не се сака.

И морам да кажам, комплетно се согласувам дека оваа ситуација ќе биде злоупотребена. Во Либија младото население кое војува против Гадафи војува во голем дел под влијание на пропагандата на радикалите, во Египет веќе ослободуваат од затворите лица кои биле блиски на Ал Каеда, во Саудиска Арабија веќе се најавува зголемување на власта на верските лидери на сметка на световните. А сите тие, за да успеат, ќе се претворат во слуги на западот, сакале или не, барем во Либија, каде што сеуште се поддржува Гадафи. А Западот, иако се радикали,
ќе ги поддржи.

Врв на се беше интервјуто со бутновниците вчера. Се говореше за пукање, убивање цивили, масакри, а во позадина еден од нив парадираше со сосема "лесна" зоља.

А кога дадоа разурнат објект, со мртви од бомбите на коалицијата, потоа погреби на десетици цивили, CNN не можел да потврди дека навистина тие биле убиени од коалицијата.

Но, штом некој веќе толку е лажен, вината не е во тој што лаже, туку во тој што е лажен.

И ако се мора да се бира меѓу Гадафи и исламските радикали, кои либискиот народ ќе го однесат во немаштија, неедуцираност и мрак, тогаш, подобро е на власт да остане барем оној кој досега има изградено многу факултети, кој на својата земја и донесе образовен систем, кој овозможува стекнување солидни знаења, кој на жените им дозволува непречено да работат, па дури и на политичките собирања може да се видат многу жени. Тоа со радикалите нема да биде возможно. А тоа е и волјата на народот, кој никој нема право да ја гази.

Изменето од Македон - 25.Март.2011 во 14:08
Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Март.2011 во 14:18
Originally posted by Messenger Messenger напиша:



Ma, kade postoi megjudrzhavna demokratija ??? Povtorno meshash poimi. Postojat samo drzhavni interesi i megjudrzhavni dogovori koi se vtemeluvaat na tie interesi. Drzhavnite interesi voglavno se ekonomsko-politichki nacionalni interesi koi demokratski gi odreduvaat site drzhavi samite za sebe. Tuka ne postoi nikakva megjudrzhavna demokratija.

Shto ochekuvash so takvata nepostoechka demokratija, SAD da se slozhi so demokratskoto izbiranje na narodot vo nekoja drzhava da go prekine izvozot na naftata zatoa shto ne se slozhuva so amerikanskata politika, opshtetveno ureduvanje ili verskata opredelba? Shto ochekuvash, Makedonija da aminuva toa shto grchkiot narod na najdemokratski nachin kje se izjasni deka ne postojat makedonci kako nacija ? Ti od edna strana gi obvinuvash ednite drzhavi zoshto se odnesuvaat nasilnichki, a ne gledash deka istovremeno si podgvotven istoto nasilnichko odnesuvanje na drugite drzhavi da go prifatish kako demokratija. Toa e oksimoronstvo.

Gi imash ispomeshano poimite i postavkite vo svetov, a tokmu toa taka go uchev i jas na chasovite po marksizam. Zatoa i go spomnav ovoj vekje nepostoechki predmet. Mozhebi ne trebashe da go napravam toa bidejki mi izgleda deka temava i diskusijava zastranuva vo pogreshen pravec.



Messenger, примерот ти е катастрофален и е мешање баби и жаби. Велиш дека меѓу државите не постои демократија, но дали постојат правила? Постои меѓународно право, на кое толку се повикуваат, па дури и при интервенциите? Секако, зар не?

Либискиот суверенитет е израз на волјата на народот, а не на некој меѓудржавен договор. Штом е израз на волјата на народот, несомнено дека тој суверенитет треба да биде почитуван од сите други. Во спротивно, постои класично газење на волјата на народот, што е недемократско нешто. Ако тој суверенитет е востпоставен, а во исто време се претега на сета територија на која народот одлучил да се протега, тогаш, ресурсите на таа територија се под суверенитетот на државата која се простира таму. Значи дека право на сопственост на тие ресурси има либиската држава. А правото на сопственост опфаќа користење и располагање со стварта на што некој има право на сопственост. Тоа значи употреба на истата, давање под закуп, оттуѓување и засновање други стварни права. А правото на сопственост и заштита на истата е едно од основните права на секој демократски систем, независно дали е таа приватна или државна.

Во вториот пример има класично ограничување на право на други. Грчкиот народ не може да решава за право кое им припаѓа на македонскиот народ и држава. Во случајот со Либија, либискиот народ и држава не посегнува кон права кои не им припаѓаат.

Мошне едноставно е.
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Март.2011 во 14:59
Velam deka mozhe da ima demokratija vo drzhavata, a megju drzhavite samo vremenski dogovori spored nivnite momentalni ekonomski i politichki interesi.

Nema megjudrzhavna demokratija.

Najbliskoto do toa bi bilo ON, no i tamu nema i ne mozhe da ima ramnopravnost megju glasovite na drzhavite. Nemozhe, na primer, Mozambik i Siera Leone so dva glasa da go nadglasaat edniot glas na SAD, Rusija ili Kina. Mozhebi bi mozhelo za nekoi pomalu vazhni raboti, no sekako ne za neshta od koi zavisi opstanokot na ovie golemi drzhavi.

Toa e realnosta.

350 milioni lugje i s'e ushte najsilnata industrija i tehnoloshki napredok na svetov, ne mozhat da bide sopreni zatoa shto nekolku drzhavi, proizveduvachi na nafta, kje se dogovorat deka kje prekinat so isporachuvanjeto na ovoj osnoven energetski izvor zatoa shto ne im se dopagja kako SAD go podrzhuva Izrael. Ili zatoa shto ne im se dopagja kako ne go podrzhuva shirenjeto na Islamot.

Dogovorot bi bil najdemokratski, neli ?

I shto mislish, SAD ili bilo koja druga industrijski razviena zemja kje sedne so skrsteni race stanuvajkji nem svedok na svoeto kolapsiranje vo ime na takvata demokratija?

Zatoa velam deka ne postoi megjudrzhavna demokratija. Patem, nikogash ne postoela i nema nikogash da postoi.

Zatoa vo ON ima Sovet za bezbednost vo koj nekolku najgolemi i najsilni drzhavi imaat vechno chlenstvo i pravo na veto. Zarem toa ne e dokaz deka ne postoi megjudrzhavna demokratija. Zarem ima demokratija vo megjudrzhavnite asocijasii NATO i EU kade shto samo edna drzhava so veto ima pravo da gi nadglasa site i da sprechi druga da im se pridruzhi?

Kolku da ni zvuchi gubo i neubavo, fakt e deka nema megjudrzhavna demokratija i toa apsolutno nema nikakva vrska dali drzhavite se kapitalistichki, socijalistichki, komunistichki, feudalni ili bilo kakvi drugi.

Demokratija vo edna drzhava mozhe da postoi zatoa shto imperativot na narodot vo nea e da se grizhi za svojata egzistencija. Demokratija megju drzhavi ne mozhe da postoi zatoa shto nikoj narod nema da dozvoli drugi narodi da mu ja krojat i odrerduvaat negovata egzistencija.   



Konkretno vo vrska so Libija, rekov deka ova shto se sluchuva e flagrantno meshanje vo vnatreshnite raboti na edna drzhava zad koe stoi sosem odreden interes na onie drzhavi koi navodno go branat libijskiot narod.



Изменето од Messenger - 25.Март.2011 во 15:16
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Март.2011 во 19:23
Нема да те цитирам, затоа што мислам дека е јасно што сакаме да кажеме.

Не,а да навлегувам во сите тие нешта кои ги спомена, но морам да кажам дека ова кое го пишуваш е врата која ако се отвори, ќе доведе трагедии од невидени размери.

Ако правото на силата е над силата на правото, тогаш, сосема слободно може да кажеме дека ако се случи утре Северна Кореја да смета дека нејзиниот развој ќе е подобар ако фрли нуклеарна бомба во САД, тогаш тоа е нејзино право, затоа што не може да бидат сопрени затоа што некој во Вашингтон така сака. Никаде не пишува дека Северна Кореја нема право да го стори тоа, ако смета дека не смее никој да ја запира. Впрочем, такво нешто за кое говориш се случи и со нападот над Јужна Кореја.

Ако некогаш Кина стане најмоќна држава, тогаш не може истата да ја запираат некакви тибетски активисти и Далај Лама, па слободно може да ги збрише од лицето на земјата, повикувајќи се на својата моќ и дека меѓу народите нема демократија, па дури и на царската власт, која се протегала и на Тибет. Истото може да го направи и со Тајван.

Нема да навлегувам во понатамошна анализа на она што го кажа, затоа што дефинитивно ќе скршнеме од темата, но од твоите примери, произлегуваат примерите кои јас ги наведов како можни, а еден дел и како реални.

И за крај, меѓу државите не постои демократија, но постои право, кое штом ќе се згази, знаеме кон што доведува.
Кон врв
Marko sk Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 08.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 887
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Marko sk Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Март.2011 во 19:23
Originally posted by Messenger Messenger напиша:

..Konkretno vo vrska so Libija, rekov deka ova shto se sluchuva e flagrantno meshanje vo vnatreshnite raboti na edna drzhava zad koe stoi sosem odreden interes na onie drzhavi koi navodno go branat libijskiot narod.

jas mislam deka ne e bas taka...
Demokratskiot svet ima pravo ( pred se od humanisticki pobudi), koga eden narod e ugnetuvan, maltertiran od nekoj valdetel ili grupa da reagira...samo sto ovoj svet na celo so US se selektivni, pr. vo S. Arabija se zivee kako vo sreden vek...a mladite seici trosat milioni po kockarnicite vo Monako i LV, se zabavljaat :)

Inaku, platformata ( sublimirano kje se obidam da ja prezentiram) na pogore kaznoto od Messenger za intervenciite na US kako lider vo svetov e zacrtana uste vo filozofskiot koncept na Hegel :
Samo golemite narodi imaat mokj i infrastruktura da go sirat demokratskiot razvoj i sevkupen progres... na malite narodi drzavite im gi sozdavaat ili vo kraen slucaj, kontroliraat golemite drzavi...
Na istoriskata scena igraat samo subjekti koi se mokjni da vladeat so bitieto, koe za Hegel e 'svetskiot apsoluten duh, i da ucestvuvaat vo negovoto razvivanje...
Ovaa , poslednava recenica e pobjagi filozovska, i prevedena na obicen jazik znaci deka ako US i EU se motori na svetskiot ekonom progres , nemoze nekoj da se zeza so energensite , so terorizam i sl...e sega ima kolateralni steti , ama toa e, sepak tie se glavni i koga kje se svrti trkaloto na istorijata, koga centarot na mokjta kje se preseli, i tie ( drugite) kje prakticiraat ista pesna, najverojatno na nekoj povisok level, ama toa e, spiralno ciklicno dvizenje na civilizaciive...

Ok da se vratime na denesninava i da zamislime deka Libia so Gadafi preku nokj stane pomokjana od US ( eve so nekoja voznemna tehnologija koja nekoe NLO mu ja dostavi ), mozete li da pretpostavite makedon i platenik sto kje pravi Gadafi na svetov...:)

Изменето од Marko sk - 25.Март.2011 во 19:41
Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Март.2011 во 19:39
Originally posted by Marko sk Marko sk напиша:

Originally posted by Messenger Messenger напиша:

..Konkretno vo vrska so Libija, rekov deka ova shto se sluchuva e flagrantno meshanje vo vnatreshnite raboti na edna drzhava zad koe stoi sosem odreden interes na onie drzhavi koi navodno go branat libijskiot narod.

jas mislam deka ne e bas taka...
Demokratskiot svet ima pravo ( pred se od humanisticki pobudi), koga eden narod e ugnetuvan, maltertiran od nekoj valdetel ili grupa da reagira...samo sto ovoj svet na celo so US se selektivni, pr. vo S. Arabija se zivee kako vo sreden vek...

Inaku, platformata ( sublimirano kje se obidam da ja prezentiram) na pogore kaznoto od Meseenger za intervenciite na US kako lider vo svetov e zacrtana uste vo filozofskiot koncept na Hegel, samo golemite narodi imaa mokj i infrastruktura da go sirat demokratskiot razvoj i sevkupen progres... na malite narodi drzavite im gi sozdavaat ili kontroliraat golemite drzavi..
Na istoriskata scena igraat samo subjekti koi se mokjni da vladeat so bitieto, koe za Hegel e 'svetskiot apsoluten duh, i da ucestvuvaat vo negovoto razvivanje...poslednava recenice e pobjagi filozovska, i prevedena na obicen jazik znaci deka ako US i EU se motori na svetskiot ekonom progres , nemoze nekoj da se zeza so energensite , so terorizam i sl...da zamislime deka Libia so Gadafi preku nokj stane pomokjana od US ( eve so nekoja voznemna tehnologija koja nekoe NLO mu ja dostavi ), zamislite makedon i platenik sto kje pravi Gadafi na svetov...


Но, Хегел кажал и дека правото е царство на остварената слобода. Јас, а верувам и Platenik, нека прости ако грешам, но за тоа говориме. А судирот во Либија е внатрешен. А пред да говориш за хуманистичките побуди на политиката, во што јас не верувам, погледни се што досега сум потирал, па донеси заклучок дали правило не информираат медиумите.
Кон врв
Marko sk Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 08.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 887
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Marko sk Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Март.2011 во 19:46
Makledone, sega US e glaven, edinstvena super sila, kakva takva, svetov egzistiora na nacin i demokraticnost kakva e vo momentov, e sega zamisli Gadafi i Libia da se glavni , samo toa, nemora da pravis kibernetski modeli, zamisli go Gadafi najmokjen na svetov ?

A za Libia, prasaj nekoj postar koj bil tamu pa se kje ti stane jasno !

A za vnatresnite problemi na nekoja zemja i toa ne e samo rabota na soodvetnata zemja, svetov funkcionira po principot na svrzani sadovi....

Изменето од Marko sk - 25.Март.2011 во 19:47
Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Март.2011 во 20:12
Originally posted by Marko sk Marko sk напиша:

Makledone, sega US e glaven, edinstvena super sila, kakva takva, svetov egzistiora na nacin i demokraticnost kakva e vo momentov, e sega zamisli Gadafi i Libia da se glavni , samo toa, nemora da pravis kibernetski modeli, zamisli go Gadafi najmokjen na svetov ?

A za Libia, prasaj nekoj postar koj bil tamu pa se kje ti stane jasno !

A za vnatresnite problemi na nekoja zemja i toa ne e samo rabota na soodvetnata zemja, svetov funkcionira po principot na svrzani sadovi....


Пријателе, чичко ми работеше во Либија пред многу години, воопшто не се пожали, напротив, велеше дека се е во добар ред во таа држава. Ете, дури и Zeksi71 погоре напиша дека неговиот вујко сеуште живее во Либија и дека ситуацијата е добра.

Во однос на замислата, да, Гадафи можеби би бил страшен доколку Либија би била најмоќната држава, но тоа не значи дека е сега страшен. Да, тој е суров диктатор, но, со бунтовниците не преговараат ниту најдемократските држави.
Кон врв
Marko sk Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 08.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 887
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Marko sk Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Март.2011 во 20:21
Se citas li...velis tamu bilo dobro od infoto so koi raspolafgas, a od druga strana velis Gadafi e strasen i surov diktator...i zarem moze da bide tamu dobro koga na vlast ima takov covek... jas celo vreme zboram deka diktatorite treba da bidat minato,...ok, nema konzistentost vo duiskusijava, srednoskolski debati, izvini.
Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Март.2011 во 20:25
Originally posted by Marko sk Marko sk напиша:

Se citas li...velis tamu bilo dobro od infoto so koi raspolafgas, a od druga strana velis Gadafi e strasen i surov diktator...i zarem moze da bide tamu dobro koga na vlast ima takov covek... jas celo vreme zboram deka diktatorite treba da bidat minato,...ok, nema konzistentost vo duiskusijava, srednoskolski debati, izvini.


А ти следиш ли кој е замена за Гадафи? Гледаш ли кои се бунтовниците и опозиционерите. Истражи повеќе, почни од знамето кое го веат, па се ќе ти стане јасно.
Кон врв
Marko sk Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 08.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 887
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Marko sk Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Март.2011 во 20:44
Gledam mlad momak si uste, na vremeto, koga kje sletas vo Misurata imas cuvstvo( vistinsko) deka si vlegol vo hermeticki zatvoren svet, koga kje sletas vo Frankfurt kje vidis razlika...
I ne e bitno vo momentov koi se buntovnicite, tie vo sekoj slucaj tie kje bidat staveni vo 'funkcija' - vo sluzba na zapadnive zemji i interesi... zborot bese, kako sto glasi i temava, sto posle so arapskiot svet ? ... neminovna e promena, promena koja kje bide vo funkcija na dvigatelite na `progresot`, toa e, promeni koi kje bidat vo funkcija, a pred se, i po terk na kreatorite na svetskiot polit i opstestven ambient...seto ostanato za niv e kolateralna steta, toa e realnosta , ti se svigjala ili ne, bilo demokratski ili ne, toa e.

PS. postirav i link so karti, vekje se kroi, ako ne e skroen DUP-ot ( `detal. urban. plan`) za toj region...

Изменето од Marko sk - 25.Март.2011 во 22:10
Кон врв
brza Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Февруари.2006
Локација: vidiFOTOupotpis
Статус: Офлајн
Поени: 34534
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај brza Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Март.2011 во 23:11
Originally posted by Marko sk Marko sk напиша:

Makledone, sega US e glaven, edinstvena super sila, kakva takva, svetov egzistiora na nacin i demokraticnost kakva e vo momentov, e sega zamisli Gadafi i Libia da se glavni , samo toa, nemora da pravis kibernetski modeli, zamisli go Gadafi najmokjen na svetov ?

A za Libia, prasaj nekoj postar koj bil tamu pa se kje ti stane jasno !

A za vnatresnite problemi na nekoja zemja i toa ne e samo rabota na soodvetnata zemja, svetov funkcionira po principot na svrzani sadovi....
...ne mora gadafi da e najsilen na svetot,изненадување
...ete,...dajte mu na onoj iranskion lepotan atomska bomba ,...pa , ke vidish shto ke pravi so nea!

...a i  severna korea,...neka transparentno i otvoreno,go ubiva svojot narod  ( onie shto odudaraat od pregolemata im ljubov kon nivniot vodach), kako shto toa go pravi gadafi,..pa, ne znam dali ke pomine lesno i  togash ,..kako shto sega i progleduvaat niz prsti..makar imala i  sto bombi !
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
Кон врв
Zeksi71 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 18.Ноември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 2391
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Zeksi71 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Март.2011 во 02:13
E ne be Gadafi treba da sedne na ista masa so buntovnicite, pa duri i vo parlament da gi primi, koalicija da si napravat kako so nie vo MK napravivme.

vakvo li nesto treba pak da se sluci za da se osvezat sekjavanjata na lugjeto

http://www.serendipity.li/waco.html

tie li ke zboruvaat za nekoj koj go napagja svojot narod. samo poglednete koi se faci se odgovorni za naredbata da se ubijat stotina nedolzni civili medju koi zeni i deca, i na koj nacin se ubieni i zosto.

Samo napred pukovnice, iscisti toj dzgan pred sebe i vrati go mirot povtorno kako so bese porano.


Изменето од Zeksi71 - 26.Март.2011 во 02:17
"Када је неко глуп не можеш му то ни доказати" Душко Радовиќ
Кон врв
Platenik Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3600
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Platenik Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Март.2011 во 04:32
@Marko Sk

Искрен да бидам, хипотетички да гледам на работите или да се бавам со илуизионизам немам намера.

Како и да е, кај демократите од англосаксонското говорно подрачје има една изрека, better devil you know then the devil you do not!

Воена интервенција е оправдана само преку овластени институции како на пример ОН и тоа во случај кога некој локален баџо, почнува да ги малтретира локалните држави и народи. Внатрешните работи си се внатрешни работи и народот на соодветната држава сам ќе треба да се справи со сопствените проблеми.

Што се оденсува до енергенсите со кои некои држави располагаат, тие не треба да бидат третирани различно од бил кој друг производ кој се нуди на пазарот. На многу од тие земји тие ресурси им се единствениот извор за егзистеницја и сигурно имаат право истите да ги бранат, на начин на кој тие сметаат дека најдобро ќе бидат заштитени нивните интереси.

Дали треба да приложам листа на земји и производи кои имаат посебен третман?! На американските компании со закон им се забранува да тргуваат со непожелните или неспослушните Зарем и тука не го гледаме двојниот стандард?

Само како мало потсетување, немаше ништо лошо кога демократите го вооружуваа умерениот муслим Садам да војува против Ајатолахот Хомеини и фундаменталистичкиот Иран. Кога тој истиот Садам се обиде да си ги штити сопствените интереси, тогаш стана лош, диктатор. Сите забораваме дека нему му беше забрането дури да увезува пченица и основни медицински помагал и лекарстава. Како резултат на тоа, преку 2 милиона недолжни животи беа изгубени ради нечиви демократски решенија. Да парадоксот биде уште поголем тие 2 милиона живота му се препишувваа на режимот на Садам, а не на демократските санкции. И покрај ригорозните санкции, пак некои од демократските земји му доставуваа повеќе од дозовленото. За тоа никој ништо незборува.

Што стана сега од Ирак? Уште една разорена земја во која грижно се гаи исламскиот фундаментализам.

Занчи во ред е демократскиот запад да превзема такви драконски мерки, па дури и воено да интервенира, но не е во ред заостанатиот исток да си ги штити сопствените интереси.

Западниот демократски и целокупен врендосен ситем не е за секого. Мислам дека и ние на Балканот не сме дораснати за такво нешто. Многу време ќе треба да помине пред да созрееме.

Во меѓувреме може само да си играме политика, за да не не фати луњата. Сила бога немоли!


ПС. Шеиците се забавуваат во Европа, а обичните Саудијци, кои се толку многу псоветени на Алах, секој четврток после работно време, на забава се во Бахраин. Таму земските пороци се дозволени, а операторки има од цел свет, од Филипини, Шри Ланка, Украина, Русија.... Можеби незнаете дека во Саудиска Арабија дозволено е да си имаш роб, кој ќе ти работи за плата, несмее да те погледне во очи и несмее да ти зборува. Сето тоа е во ред, нели?    

Изменето од Platenik - 26.Март.2011 во 09:00
Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 7891011 30>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,561 секунди.