IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Свет
  Активни теми Активни теми RSS - Арапскиот свет и што потоа ????
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Арапскиот свет и што потоа ????

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 678910 30>
Автор
Порака
Platenik Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3600
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Platenik Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Март.2011 во 06:57
А ако Македонија влезе во НАТО и пушти свои војници?

А што правиме ако со вклучи коалицијата на добра волја од времето на Садам? Броени му се деновите на Гадафи.
Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“

Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Март.2011 во 12:56
Originally posted by Platenik Platenik напиша:


@Македон

На мислење бев дека никогаш нема да правиш компромис со политката на било кој диктатор, без разлика колку истиот и носи просперитет на соодветната држава?!


Јас никогаш не би правел компромис со политиката на диктатори, но, секогаш би ја почитувал волјата на еден народ, како еден од највисоките дострели на демократијата. Ако волјата на либискиот народ е насочена кон поддршка на системот, кој сум јас, или било кој друг, да гази врз таа волја? Никој тој луксуз не смее да си го дозволи, па дури ни САД.

Јас не сум благонаклонет кон Гадафи, но секако ја сакам и почитувам слободата на либискиот народ, а многу добро знаеме дека монархот на Либија истото не го дозволуваше, а државата ја претвори во пералница на пари. Не сакам да кажам дека и Гадафи истото не го прави, но, штом ја ужива поддршката на мнозинството, значи дека поседува легитимитет.

Морам да признаам и дека ме разочараа западните демократии. Се што пропагираа, се кон што се стремеа, за само половина час на CNN го згазија. Двојните аршини речиси и јавно ги покажаа.

Завчера не можев да си верувам на очите кога видов дека на youtube има видео клипови каде што се гледа дека цело Триполи е на улиците во поддршка на Гадафи, а тоа на ниту една телевизија не го покажаа. Исклучок е вчера што објавија дека имало собир за поддршка во Триполи и дека покрај резиденцијата на Гадафи се наоѓаат цивили кои се спремни да го дадат животот за него. Сепак, доколку нема поддршка, ниту еден народ не би седел на улиците во текот на бомбардирања, зарем не?

A истотака сметам дека добар владетел, воопшто не треба да дозволи некакви бунтовници да уништуваат се и сешто, па дури и да ја поделат државата. Зарем не велат и најдемократските држави дека со терористи не се преговара?

Секако, врв на лицемеритето е тоа што постојано се говори за цивили, додека, како што гледаме, многу од тие цивили шетаат со базуки и слични нешта в раце. А за да биде лицемерието поголемо, дури URL=http://edition.cnn.com/2011/WORLD/africa/03/23/libya.war/index.html?hpt=T1]бараат оружје[/URL], па и велат дека имале само лесно оружје.

И секогаш ќе повторувам. Ако некој е загрижен за цивилите, веднаш да го урне режимот на Сверна Кореја, каде што се убиваат деца, каде што постои колективна вина и каде што има сеуште гулази. Се дотогаш се што ќе се каже е само говорење во ветер.[ Тоа не беше целта на резолуцијата на Советот за безбедност на ООН. Мене никако не ми личи дека на сликата што ја постирав, тоа што го постирав држи бунтовникот е лесно оружје. Нека каже некој што има познавања од оружја, јас немам толкави.

Патем, ова вреди да се прочита.

Дали Гадафи не беше во право кога велеш дека има и терористи од Ал Каеда против него!?

Зарем не треба и на тоа да помислиме? Што ако навистина станува збор за радикали? Зарем треба да се препушти сиот народ на такви?

Изменето од Македон - 25.Март.2011 во 13:32
Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Март.2011 во 13:00
Originally posted by Messenger Messenger напиша:



A ako sluchajno akcijata beshe uspeshna ubeden sum deka kje govoreshe deka Gadafi ostanal sam (zatoa bea prateni informacii do CNN i drugite stanici da objavat deka toa bozhem bilo tokmu taka) bidejki i negovite lojalisti mu go svrtele grbot i go otepale vo negovata palata.


Nema nishto novo pod ova staro Sonce.   



Интересно е што Гадафи и неговите истомисленици испаднаа мудри. Народот, знаејќи дека тоа се планира, додека траат бомбардирањата спие во околината на резиденцијата на Гадафи, па затоа и не може постојано и насекаде да се бомбардира. Не очекував дека тоа ќе се случува.

Дури и CNN, немајќи каде да побегне од тоа, објавија коментари на народот во Триполи, каде што народот кажува дека нема да се тргне од улиците. Но, сепак, на крајот кажаа дека не може да се потврди дека бомбардирањето дошло од коалицијата и било насочено кон убиство.


За жал, во право си за немањето ништо ново. Утилитаризмот стана водечка философија. Очигледно Макијавели убаво ги објаснил нештата, а ден-денес сме сведоци дека сеуште се применува истото, независно што се тврди спротивното.

P.S. Дури и Обама изјави дека се надева дека се надева дека бунтовниците ќе го бутнат Гадафи..

Јас колку што знам, целта беше да се воспостави мир, а не да се помагаат разни бунтовници. Па уште дури и да се говори дека станува збор за цивили.

Изменето од Македон - 23.Март.2011 во 13:58
Кон врв
Platenik Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3600
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Platenik Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Март.2011 во 00:19
Originally posted by Македон Македон напиша:

Originally posted by Platenik Platenik напиша:


@Македон

На мислење бев дека никогаш нема да правиш компромис со политката на било кој диктатор, без разлика колку истиот и носи просперитет на соодветната држава?!


Јас никогаш не би правел компромис со политиката на диктатори, но, секогаш би ја почитувал волјата на еден народ, како еден од највисоките дострели на демократијата. Ако волјата на либискиот народ е насочена кон поддршка на системот, кој сум јас, или било кој друг, да гази врз таа волја? Никој тој луксуз не смее да си го дозволи, па дури ни САД.

Јас не сум благонаклонет кон Гадафи, но секако ја сакам и почитувам слободата на либискиот народ, а многу добро знаеме дека монархот на Либија истото не го дозволуваше, а државата ја претвори во пералница на пари. Не сакам да кажам дека и Гадафи истото не го прави, но, штом ја ужива поддршката на мнозинството, значи дека поседува легитимитет.

Морам да признаам и дека ме разочараа западните демократии. Се што пропагираа, се кон што се стремеа, за само половина час на CNN го згазија. Двојните аршини речиси и јавно ги покажаа.

Завчера не можев да си верувам на очите кога видов дека на youtube има видео клипови каде што се гледа дека цело Триполи е на улиците во поддршка на Гадафи, а тоа на ниту една телевизија не го покажаа. Исклучок е вчера што објавија дека имало собир за поддршка во Триполи и дека покрај резиденцијата на Гадафи се наоѓаат цивили кои се спремни да го дадат животот за него. Сепак, доколку нема поддршка, ниту еден народ не би седел на улиците во текот на бомбардирања, зарем не?

A истотака сметам дека добар владетел, воопшто не треба да дозволи некакви бунтовници да уништуваат се и сешто, па дури и да ја поделат државата. Зарем не велат и најдемократските држави дека со терористи не се преговара?

Секако, врв на лицемеритето е тоа што постојано се говори за цивили, додека, како што гледаме, многу од тие цивили шетаат со базуки и слични нешта в раце. А за да биде лицемерието поголемо, дури

И секогаш ќе повторувам. Ако некој е загрижен за цивилите, веднаш да го урне режимот на Сверна Кореја, каде што се убиваат деца, каде што постои колективна вина и каде што има сеуште гулази. Се дотогаш се што ќе се каже е само говорење во ветер.бараат оружје, па и велат дека имале само лесно оружје. Тоа не беше целта на резолуцијата на Советот за безбедност на ООН. Мене никако не ми личи дека на сликата што ја постирав, тоа што го постирав држи бунтовникот е лесно оружје. Нека каже некој што има познавања од оружја, јас немам толкави.

Патем, ова вреди да се прочита.

Дали Гадафи не беше во право кога велеш дека има и терористи од Ал Каеда против него!?

Зарем не треба и на тоа да помислиме? Што ако навистина станува збор за радикали? Зарем треба да се препушти сиот народ на такви?



Убаво напишано, убаво срочено.

Меѓутоа велиш дека си се разочарал од демократските системи. Е мој Македоне, допрва ќе се разочаруваш од нив и нивните двојни стандарди. Зарем требеше да се случи Гадафи за конечно да ги увидиме двојните стандарди?! Па тој филм сме го гледале незнам колку пати досега. Сценариото и режијата се исти, само глумците се различни.

Систем во кој што те тепаат (со законски регулативи, а со цел да се запазат нечиви интереси), а не ти даваат да плачеш не е демократија.

Види сега, во Северна Кореја нема нафта, а згора на тоа имаат и nuclear capabilities. Меѓудругото демократите имаат лошо искуство со воените интервенции на тој простор од планетава. Во Виетнам се изгореам и Французите и Американците, во Кореа Американците.

Ако зборуваме објективно, каде и да интервенитрале, никаде не се офајдиле или ги „средиле“ работите. Иран, Ирак, Алжир, Мароко, Либија на неколку наврати, Авганистан.... и листата продолжува, катасрофа до катастрофа.

Зарем неможе да се види дека постапуваат по онаа римската, подели па владеј. Христијани наспроти муслимани,католици против протестанти против православни, шиити наспроти суни, Срби наспроти Хрвати, Хуту наспроти Тутси.........

Викаш дека народот му давал подршка на Гадафи, па народот му давал подршка и на Сталин и на Тито и на Садам и на Кастро и на Мугабе и на Ганди и на Бандаранјке и на Шавез, и на Беназир Буто....., а би рекол дека народот му дава подршка и на Ким Ил Сунг.

За “демократите“ како Пиноче, Пахлави, Батиста, Бота, Мркус... се разбира дека има подруг аршин, нели?

Меѓутоа, некој седнал и решил кои од овие диктатори се лоши, а на кои од нив може да им се прогледа низ прсти или се толерираат. Камапњите против диктаторите се одвиваат по одредено сценарио, а нивниот интензитет зависи од неколку фатори:

- природните ресурсите со кои располага земјата на диктаторот
- неговата воена моќ
- неговата одлучност сам да биде газда на сопствените ресурси
- неговата одлучност да го избере начинот на кој ќе се спрведуваат финасиските трансакции
- политичкото опкружување и
- резултатот од анализата што ќе добијам, а што изгубам ако интервенирам. Доколку добивката е поголема, тогаш вредно е да се изгубат и одреден број на човечки животи и постигне целта.

Во целиот овај процес се спроведува јасна стратегија со кој се сака да се придобие јавното мнение и оправда интервенцијата, а со тоа и евентуалната загубата на људски потенцијал.

Тоа го прави CNN, BBC, Foxnews.......

Значи кога зборуваш за подршка од народот на некој лидер, треба да ги анализираш нападите, од каде доаѓаат, кои се мотивите, која е целта, па потоа да заклучиш дали некој навистина е диктатор. Преполн е светов со Гулази и локални силеџии, но не секаде се интервенира. Во принцип диктатор е диктатор и несмее да се прави компромис, ама...

На некои народи западниот вредносен ситем, едноставно не им одговара, како историски, социолошки, така и од културолошки аспект. Тие системи треба да се развиваат самостојно и постепено, а не со присила. Голем е бројот на опортунисти кои ќе ги искористат нередите да се здобијат со политичка власт, преку која ќе се однесе народот назад во средниот век.

Прав си кога зборуваш за можноста дека на власт може да дојдат некои радикали од кои со сигурност може да се очекува дека ќе бидат полоши.

Зарем праксата тоа не го покажува, Талибан е многу добара пример.

Веројатно некому му одговара да има нереди. Нели се вели за некому да му раздени, некому треба да му се стемни.   
Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“

Кон врв
Marko sk Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 08.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 887
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Marko sk Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Март.2011 во 00:52
Arapskiot svet i sto potoa ?
se znae, sledi preraspredelba - prekrojuvanje na granicite

slicen tekst so karti pred 23-4 god i vo ex- yu mediumi izleze, nikoj ne veruvase vo toa..

`Погледнете како би требало да изгледаат Блискиот и среден исток по револуциите`
http://tocka.com.mk/index14.php?ID=36673

Изменето од Marko sk - 24.Март.2011 во 00:53
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Март.2011 во 03:52
.

Изменето од Messenger - 24.Март.2011 во 13:30
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Март.2011 во 03:53
Originally posted by Platenik Platenik напиша:


Меѓутоа велиш дека си се разочарал од демократските системи.

Ponatamu ne citiram za da ne ja obremenam nepotrebno stranicava.       






Ne sum Makedon i ne odgovaram za nego, no samo sakam da potenciram deka meshash dve raboti:

1. Demokratija kako opshtestven sistem

2. Interesi na drzhavi


Prvoto so vtoroto nemaat vrska edno so drugo. Interesite na drzhavite sekogash bil niven imperativ vo site mozhni drzhavni i ekonomski (kapitalistichki, socijalistichki, feudalen...) ureduvanja.

Spored toa, da mavash po demokratijata zatoa shto nekoi golemi drzhavi se odnesuvaat nasilnichki za da gi odbranat svoite ekonomski i politichki interesi e deplasirano. Taka se ucheshe po marksizam koga se braneshe ednopartijskiot sistem na socijalistichkite drzhavi.







Изменето од Messenger - 24.Март.2011 во 03:55
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
Platenik Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3600
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Platenik Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Март.2011 во 05:25
Originally posted by Messenger Messenger напиша:

Originally posted by Platenik Platenik напиша:


Меѓутоа велиш дека си се разочарал од демократските системи.


Ne sum Makedon i ne odgovaram za nego, no samo sakam da potenciram deka meshash dve raboti:

1. Demokratija kako opshtestven sistem

2. Interesi na drzhavi


Prvoto so vtoroto nemaat vrska edno so drugo. Ineteresite na drzhavite sekogash bil niven imperativ vo site mozhni drzhavni i ekonomski (kapitalistichki, socijalistichki, feudalen...) ureduvanja.

Spored toa, da mavash po demokratijata zatoa sho nekoi golemi drzhavi se odnesuvaat nasilnichki za da gi odbranat svoite ekonomski i politichki interesi e deplasirano. Taka se ucheshe po marksizam koga se braneshe ednopartijskiot sistem na socijalistichkite drzhavi.








Не сакам да бидам погрешно сфатен или помислиш дека ти контрирам, но мора да направам една забелешка. Во праксата, а и во теоријата непостои економско-политчко уредување или систем кој се нарекува демократија.

Да не навлегуваме во дефинирање на демократијата, од причина што истата не е предмет на разговор.

Понатаму, како ти би ги издвоил интерсите на државите од демократските процеси во државите, без разлика на нивното политчко уредѕвање? Ако се издвојуваат едните од другите, тогаш логично е да интересите имаат предимство. Губитник или жртва во тоа подвојување можат да бидат само демократските процеси. Тогаш што останува сем да заклучиме дека реториката околу демократијата е подеднакво депласирана.

Е тие земји кои се однесуваат насилнички, тогаш навистина ќе треба да се запрашаат за каква демкратија се тие протагонисти? Каков вредносен систем се обидуваат да му наметнат на остантиот дел од светот? Кој вели дека нивниот модел е најсовршениот и применлив во секоја една средина? Се ми се чини дека демократијата, која е толку многу експонирана и експлоатирана, е само обично лижалче.

Што е тоа што се учело во марксизмот кое е депласирано или не е и денсека актуелно?

Изменето од Platenik - 24.Март.2011 во 05:39
Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“

Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Март.2011 во 13:43
Meshash demokratija vo edno opshtestvo so interesite na toa opshtestvo vo odnos na drugite opshtetva (chitaj - drzhavi).

Zarem ne mozhe najdemokratski edno opshtestvo da se odluchi na vojna intervencija protiv drugo opshtestvo koe najdemokratski odluchilo da prevzeme neshto protiv interesite na prvoto.

I shto ima toa vrska so ekonomskoto ureduvanje na opshetsvoto (kapitalizam, socijalizam...).

A toa shto se ucheshe po marksizam beshe tokmu ova shto go posochuvam, meshajkji demokratija so ekonomski sistemi i ednopartijstvo so pluralizam na idei i partii. Pravejkji takva kasha imashe za cel da "dokazhi" deka vistinskata demokratija e diktatura na samo edna partija so samo edna ideja. No ne samo shto teoretski toa ne e voopshto izdrzhano, tuku i prakichno e negirano preku primerite na nordijskite drzhavi, a denes i od Kina.







Изменето од Messenger - 24.Март.2011 во 13:44
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
Platenik Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3600
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Platenik Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Март.2011 во 16:13
Originally posted by Messenger Messenger напиша:

Meshash demokratija vo edno opshtestvo so interesite na toa opshtestvo vo odnos na drugite opshtetva (chitaj - drzhavi).

Zarem ne mozhe najdemokratski edno opshtestvo da se odluchi na vojna intervencija protiv drugo opshtestvo koe najdemokratski odluchilo da prevzeme neshto protiv interesite na prvoto.

I shto ima toa vrska so ekonomskoto ureduvanje na opshetsvoto (kapitalizam, socijalizam...).

A toa shto se ucheshe po marksizam beshe tokmu ova shto go posochuvam, meshajkji demokratija so ekonomski sistemi i ednopartijstvo so pluralizam na idei i partii. Pravejkji takva kasha imashe za cel da "dokazhi" deka vistinskata demokratija e diktatura na samo edna partija so samo edna ideja. No ne samo shto teoretski toa ne e voopshto izdrzhano, tuku i prakichno e negirano preku primerite na nordijskite drzhavi, a denes i od Kina.







Не те разбирам, но не е битно. Сакаш да кажеш дека САД на демократски начин одлучија да интервенираат во Авганистан, Иран, Ирак, Никарагава, Виетнам, Кореја, Либија...или на демократски начин фрлија нуклеарни бомби на Хирошима и Нагасаки?! Да не случајно распишаа референдум?

Ако сакаш да знаеш, силно сум убеден дека едно општество неможе на демократски начин да влезе во војна со друго општество. Во војна и во армија неможе да има демократија. Таму постои строго дефинирана хиерархија и точно се знае како и кој ги носи решенијата.

Причините за влегуванње во војна можат да бидата само економски и политички.

Ако некој те убедува дека причинте за влегување во војна се алтрустички, хуманитарни, воведување демократија или соборување на диктаторски режими, верувај дека те лаже.

90% од американските граѓани (гласачи) незнаат каде е Либија, па камо ли да се потресуваат за тамо некои си Арапи кои наводно биле малтретирани од диктаторот Гадафи.

Ако САД се толку благородна држава ( како што вели Bill O'Reilly) зошто тогаш американските благородници не интервенираа демократски во Руанда во 1994 година? Таму се сотреа 1 милион луѓе.

Почни да презентираш идеи или зборуваш против main stream politics во САД и да видам до каде ќе стигнеш. Не треба многу, почни да дискутираш со твоите колеги на работа.

Колку што мене ми познато економско-политчките односи мора да бидат комплементарни со цел точно да се дефинира општественото уредување на било која држава.

Нестанува збор за мешање на демократијата и економските системи, патем во ниту еден марксистички теоретски труд не е така обработено како што ти го толкуваш, туку за различни економско-политчки системи кои користат ист термин. Во секој случај терминот демократија и демократските процедури се дефинираат од различна идеолошка основа.

Без разлика на општественото уредување, демократските порцеси можат да бида прекршени во името на националните интереси. Тие кои ги прекршуваат демократските принципи обично се оние на кои демосот им дал мандат.

Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“

Кон врв
Marko sk Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 08.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 887
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Marko sk Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Март.2011 во 16:32
Eve edna odlicna sublimirana misla za demokratijata i za demokratski razvoj na diskusijava :

"No one pretends that democracy is perfect or all-wise. Indeed, it has been said that democracy is the worst form of government except all those other forms that have been tried from time to time."
- Winston Churchill, 1947 A.D.




Изменето од Marko sk - 24.Март.2011 во 16:33
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Март.2011 во 18:03
Originally posted by Platenik Platenik напиша:


Ако сакаш да знаеш, силно сум убеден дека едно општество неможе на демократски начин да влезе во војна со друго општество. Во војна и во армија неможе да има демократија. Таму постои строго дефинирана хиерархија и точно се знае како и кој ги носи решенијата.



Ne citiram ponatamu bidejki ova e sublimacija na kazhanoto.




Meshash demokratija kako opshetstven sistem so subordinacija vo vojskata i policijata. Pa, kade ima demokratija vo vojska ???

Edno opshtestvo mozhe najdemokratski da vleze vo vojna so drugo. Od kade ti e tvrdenjeto deka ne mozhe ??? Zarem treba da se posochuvaat istorisjki primeri za sprotivnoto ?

Zarem demokratijata po nekoj zakon e venchana edinstveno za mir ili pacifizam ? Od kade e taa ideja ?

Demokratija e legislativen sistem vo koj site gragjani imaat podednakvo pravo na prakticiranje na svojot glas vo predlozhuvanjeto, razvivanjeto i realizacijata na zakonot na opshtetvoto. Kazhano ednostavno, toa e glasot na narodot.

A kako kje izglasa mnozinstvoto na narodot toa e negov izbor. Ako smeta deka e neizbezhna vojna, togash kje bide vojna. I shto ima toa vrska so ekonomkoto ureduvanje na drzhavata ili so faktot deka vo vojskata ne postoi demokratija ???   

Ostavi na strana kako se manipulira demokratijata i kako nekoi interesni grupi se izboruvaat za svoite celi. Toa e sosem druga rabota. Sekogash razlichnite sili vo demokratskite opshtestva kje se borat za svoja dominacija i koj kje bide pouspeshen, koj kje go prigrabi vnimanieto na narodot na svoja strana, toj kje preovladuva. Toa e del od demokratskata dinamika.

Sekakvo drugo razmisluvanje za nekakva idealna demokratija vo koja sovrsheno kje se sledi sekoe mislenje i zhelba na sekoj poedinichen chlen vo opshtetsvoto e utopistichka. Ne postoi nishto idealno.


Originally posted by Platenik Platenik напиша:

Е тие земји кои се однесуваат насилнички, тогаш навистина ќе треба да се запрашаат за каква демкратија се тие протагонисти? Каков вредносен систем се обидуваат да му наметнат на остантиот дел од светот? Кој вели дека нивниот модел е најсовршениот и применлив во секоја една средина? Се ми се чини дека демократијата, која е толку многу експонирана и експлоатирана, е само обично лижалче.


Ma, kade postoi megjudrzhavna demokratija ??? Povtorno meshash poimi. Postojat samo drzhavni interesi i megjudrzhavni dogovori koi se vtemeluvaat na tie interesi. Drzhavnite interesi voglavno se ekonomsko-politichki nacionalni interesi koi demokratski gi odreduvaat site drzhavi samite za sebe. Tuka ne postoi nikakva megjudrzhavna demokratija.

Shto ochekuvash so takvata nepostoechka demokratija, SAD da se slozhi so demokratskoto izbiranje na narodot vo nekoja drzhava da go prekine izvozot na naftata zatoa shto ne se slozhuva so amerikanskata politika, opshtetveno ureduvanje ili verskata opredelba? Shto ochekuvash, Makedonija da aminuva toa shto grchkiot narod na najdemokratski nachin kje se izjasni deka ne postojat makedonci kako nacija ? Ti od edna strana gi obvinuvash ednite drzhavi zoshto se odnesuvaat nasilnichki, a ne gledash deka istovremeno si podgvotven istoto nasilnichko odnesuvanje na drugite drzhavi da go prifatish kako demokratija. Toa e oksimoronstvo.

Gi imash ispomeshano poimite i postavkite vo svetov, a tokmu toa taka go uchev i jas na chasovite po marksizam. Zatoa i go spomnav ovoj vekje nepostoechki predmet. Mozhebi ne trebashe da go napravam toa bidejki mi izgleda deka temava i diskusijava zastranuva vo pogreshen pravec.






Изменето од Messenger - 24.Март.2011 во 20:49
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
Platenik Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3600
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Platenik Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Март.2011 во 00:30
Толку ги мешаш работите што незнам дека некој би можел да им фати крај.

Прво и основно треба да разбереш дека демократијата не е државно, општествено уредување. Државни уредувања се робовладетелство, феудализам, капитализам, социјализам.... и нивните дериватi како либерален капитализам, империјализам, државен капитализам, реален социјализам, самоуправен социјализам итн.

Во сите овие општествено економско политчки формации на овај или на онај начин се дава некоја правна форма преку која ќе може да се слушне и гласот на народот. Таа форма е сублимирана во терминот демократија.

Праксата покажува дека демократијата и гласот на народот е само параван преку кој се легитимизира мандатот на владеачката гарнитура и ништо повеќе.

Народот никогаш не решавал за клучните прашања, никогаш не изгласал држават да отвори војна. Никогаш нардот не излегол на референдум и потврдил дека е време тој и тој диктатор да се тргне од власт!

Последователно на тоа решенијата ги доенсуваат мандаторите, а не народот. Притоа за да и се даде легитимитет на донеснота одлука јавнот мнение се обработува. Тоа според мене не е демократија, туку узурпација и злоупотреба на власта со цел да се постигнат нечиви интереси. Тие нечиви интереси се многу умешно скриени зад националните интереси на државата.

Пак мешаш поими! Каде виде дека јас споменувам некаква си меѓудржавна демократија?

Велиш дека самостојните држави стапуваат во меѓусебни односи поведени од нивните економски и политички интереси. Велиш дека сите тие земји самите за себе си ги дефинираат нивните економско-политчки и национални интереси. Дали е тоа навистина така или треба да направиме кус осврт на праксата? Ќе видме дека праксата те демантира.

Всушност одговорот си го даваш сам веќе во наредната реченица од твојот пост.

Messanger: Shto ochekuvash so takvata nepostoechka demokratija, SAD da se slozhi so demokratskoto izbiranje na narodot vo nekoja drzhava da go prekine izvozot na naftata zatoa shto ne se slozhuva so amerikanskata politika, opshtetveno ureduvanje ili verskata opredelba?

Да, очекувам САД и не само САД да ја почитуваат волјата на народот во соодветната држава. Очекувам исто така да се почитува и ексклузивното право како и на кој начин тој народ ќе располага со државните приордни ресурси, во каков системот на уредување сака да живее согласно неговите социолошки, културолошки, религиозни вредности и се она што му го гарантира достоинството на народот.

САД или било кој друг нема право да интервенира и да наметнува свој вредносен ситем, а тоа е зацртано во сите меѓународни повелби и конвенции.

Messanger: Shto ochekuvash, Makedonija da aminuva toa shto grchkiot narod na najdemokratski nachin kje se izjasni deka ne postojat makedonci kako nacija ? Ti od edna strana gi obvinuvash ednite drzhavi zoshto se odnesuvaat nasilnichki, a ne gledash deka istovremeno si podgvotven istoto nasilnichko odnesuvanje na drugite drzhavi da go prifatish kako demokratija. Toa e oksimoronstvo.

Самата реченица е толку конфузна, што е класичен пример за оксиморонство.

Како дојде до заклучок дека насилничкото однесување на другите држави го порифаќам како демократија?! Прости, ама насилничкото оденсување на ниту една држава не го прифаќам како норма на однесување, а камо ли како демократија.


Мислам дека угледот на САД, како демократска земја, како капиталистичка земја е толку нарушен, што ќе треба да се направат коренити промени во менталниот склоп на американските policy and decsion makers. Се разбира ако се сака да се поврати угледот. Тешко, неверувам!





Изменето од Platenik - 25.Март.2011 во 03:10
Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“

Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Март.2011 во 02:16
OK Platenik... neka bide tvojot zbor posleden.
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 678910 30>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,203 секунди.