|
Продавници за резервни делови |
Внеси реплика |
Автор | |
nostalgija
Сениор сениор Регистриран: 12.Септември.2010 Статус: Офлајн Поени: 231 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 16.Март.2011 во 22:40 |
Да отвориме нова тема која сигурно ке биде корисна за сите нас кои ги сакаме своите миленичиња повеке од жените(ама само на моменти )и забораваат на се друго дома,кога ке треба да се купи резервен дел за миленикот.....
Па постирајте локации на дукани,цени,услуга,кавлитет на деловите.... Јас лично одам кај мојот школски другар Васе кој се наога веднаш до Алкалоид погон Билкара,патот накај Лисиче од Центар......Пиеме кафе,делот е тука,а има и сервис,менувам,не е скап најбитно,а има делови од потрошен материјал за скоро сите возила...... Поопремени се и продавниците долж улицата која води кон Општината Кисела Вода.....Има скоро се од каиши,плочки,гуртни,галантерија......Задоволен сум од услугата на момците.... Па повелете.... |
|
I WILL NEVER APOLOGIZE FOR BEING MACEDONIAN
|
|
volkswagen
Модератор Знам, комшивка ми е! Регистриран: 18.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 4820 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Сите обично купуваат делови од кај пријател. Ја земам од Атег (прилеп) затоа што е добро снабден и може да ме почека околу плаќање. За моите коли многу ретко купувам делови (ваљда одбирам добри коли). На шкодата имав еден поголем зафат ... менував (сам) ламела , потисна и друклагер. Со оглед на тоа што имам делови за да составам 4 шкоди, само друклагерот го купив итоа половен, за 100тка.
За помпата за кочници за Шкодата НОВА ми побараа малку повеќе од 6000 денари. И ме фати инает - зедов цела шкода зарибана за 6000 денари , извадов се што ми требаше од неа и ја метнав в отпад за 7000 по две недели. За 101от имам земено само еден каиш на алнасер пошто беше испукан. За аудиот ни еден осигурач немав купено. Инаку... од каде што земам цените се солидни. Плочките беа 600 за опелот, каишот 1500 ребрастиот.... Најмногу страдам досега со сите коли за акомулатор. Никогаш немам асолен или ако е ОК јас ко за беља ќе оставам нешто вклучено и ќе ја заборавам. Кога ќе се вратам неќе да вергла Ете така.... |
|
Внеси реплика | |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |