|
Рецепти за торти и други благи работи |
Внеси реплика | страница <1 1617181920 56> |
Автор | |
andryy
Нов член Регистриран: 30.Јануари.2011 Статус: Офлајн Поени: 8 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Баклава
1/2 кгр. кори за баклава Фил: 250 гр. путер 200 гр. ореви 80 гр. суво грозје Шербет: 300 гр. шеќер 500 гр. вода 1 лимон Намачкајте ја тепсиiата со растoпен путер и наредете преку 4-5 листа кори. Секоја кора порoсете ја со стопен путер, пoтоа ставете мешавина oд толчени ореви и суво грозје. Ова повтoрувајте го додека не се пoтроши сиoт материјал, а за oд горе оставете пак 3-4 кори. Сложената баклава исечете ја на ромбови или коцки по желба, прелејте ја со растопен путер и печете ја во рерна на 200° се додека не добие убава црвена боја. Печената баклава извадете ја од рерна и веднаш прелејте ја со ладен шербет кој претходно сте го свариле од водата, шеќерот и лимонот. Оставете ја да стои 4-5 часа за да го впие шербетот, а потоа служете. |
|
andryy
Нов член Регистриран: 30.Јануари.2011 Статус: Офлајн Поени: 8 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
БАКЛАВА со гриз
Потребно е: 1кг готови кори, 700г ореви (половина мелени, половина толчени), 500г путер, 2 лажици гриз, 2 лажици ладна вода. Во плех се редат три кори па се прскаат со путер кој е претходно растопен на тивок оган. Се посипуваат со оревите мешани со гризот. Се редат корите една по една, па секоја се прска прво со путер, а после со ореви. Се завршува со три кори кои пак се прскаат со путер. Откако ќе се исече (баклавата секогаш се сече непечена), се прска со останатиот путер во кој се додадени двете лажици ладна вода. После печењето се попарува со шербет од 1300г шеќер и 700мл вода, и тоа топла баклава со топол шербет (многу убаво омекнува, само одозгора е крцкава). РОЛАТ БАКЛАВА Потребно е 1 кг готови кори. Филот се прави од 150г мелени ореви, 150г сецкани ореви, 100г суво грозје, 100г кокос, 100г рендано чоколадо за готвење и една и пол шолја шеќер - сите овие состојки се попаруваат со една шолја врела вода и убаво се меша. За секој ролат се редат по 4 кори, се прскаат со масло и вода, па се филуваат и се виткаат. После печењето се попарува со шербет од 1кг шеќер и 1л вода. БАКЛАВА СО ЛЕШНИЦИ Потребно е 1кг готови кори, 500г лешници, еден маргарин, 250г масло. Се редат корите во плех и секоја се прска со малку масло и малку потпечени мелени лешници. Кога е готова се сече, па се попарува со стопениот маргарин, па се пече. Шербетот се прави од еден и пол кг шеќер, литар вода, ќесичка ванилин шеќер и малку лимонтос, па ладната баклава се попарува со топол шербет. ГРЧКА БАКЛАВА Потребно е 500г кори, 300г мелени ореви, 300г кокос, две чоколади за готвење и ќесичка цимет. За прскање на корите се топи еден маргарин и се меша со една чаша (средна големина) масло. Секоја кора се прави посебно. Се прска прво со мешавината од масло и маргарин, па се прска од филот направен од оревите, кокосот, ренданите чоколади за готвење и циметот. Се зема игла за плетење, на неа се витка кората како ролат, се набира од двете страни и се вади од иглата. Се сече на три дела (ова се оние мали баклавчиња, за едно залаче). Се пече на 200 степени, а ладна се попарува со млак шербет од 1кг шеќер и 700мл вода. |
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Посни ванилици Потребно: |
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Печени јаболка Печените јаболка ја подобруваат работата на бубрезите. За да ги подготвите, потребно ви е: 8 јаболка, 8 лажички шеќер, 1 лажичка мелен цимет, 8 лажички џем од вишни, 50 г путер и 50 г бадеми исечени на ливчиња. |
|
brza
Сениор Регистриран: 06.Февруари.2006 Локација: vidiFOTOupotpis Статус: Офлајн Поени: 34534 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
aj , sega ,...pishi i sherbet kako se pravi.
stopati ke te molam?! |
|
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein |
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Шербет
полниш една чаша со 2/3 сладолед. Потоа ставаш внатре сецкани на ситно овошје(јагода,малина,праска ,кајсија,портокал).Ставаш по 10 грама сируп од овошје и алкохол (бело вино или мартини) и готово
|
|
brza
Сениор Регистриран: 06.Февруари.2006 Локација: vidiFOTOupotpis Статус: Офлајн Поени: 34534 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
aaa,..pa posle mi [plache koga go dupam?!
|
|
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein |
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Кошнички со мусли Потребно: |
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Зашеќерен ѓумбир Во исламскиот свет отсекогаш важел како добар афродизијак, сепак, ѓумбирот ги смирува желудочната нервоза, воспаленијата на слузта на желудникот, помага при чир на желудникот. |
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Чоколадни снегулки Потребно: |
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Овошна салата Потребно: |
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Чоколадно овесно колаче
Потребнo: •230 грама Шеќер кафеав •230 грама Шеќер •малку Сол •120 грама Путер •230 грама Ореви •250 грама Овесни снегулки •300 грама Корнфлекс чоколаден •30 грама Какао •5 Гpами сода •450 милилитри Вода •450 грама Брашно •2 Јајца Подготвување: Во еден сад измешајте ја водата и овесните снегулки и оставете да остојат 10 минути. Во голем сад за мешање ставете го мекиот путер и шеќерот. Додадете ги јајцата, едно по едно, мешајќи добро по секое додавање. Смесата истурете ја кај накиснатите овесни снегулки. Измешајте ги брашното, какаото, содата и солта. Постепено додавајте ја оваа смеса во кремастата мешавина. Додадете малку повеќе од половина од чоколадниот корнфлекс. Смесата ставете ја во тавче за печење кое претхопдно е намачкано со путер. Посипете го со сецканите ореви и остатокот од корнфлексот. Печете на 170 целзиусови степени 40 до 45 минути. За да проверете дали е готово, боцнете со чепкалка, која треба да ја извадите чиста, без да биде размачкана од кремастата смеса. Пред сечење, оставете колачот да се олади. |
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Какао куп
Потребно: * 1 ќесичка пудинг од какао * 200 мл слатка павлака * 400 мл млеко * 150 г пишкоти * ликер од какао * 4 лажици кафе * 3 лажици мелени ореви Приготвување: измешајте ги млекото и слатката павлака, па ставете ги да се варат. Измешајте го прашокот за пудинг со шеќер и со 2-3 лажици ладно млеко. Мешајќи, додајте го разматениот прашок за пудинг во вареното млеко, па сварете го. Пред крај на варењето, сипете ги мелените ореви во пудингот. Распоредете ги пишкотите искршени на парчиња на дното од поширока чаша и прелијте ги со вареното кафе и со ликерот, па посипете ги со малку мелени ореви. Прелијте го пудингот врз нив, изладете го и пред да го послужите, украсете го какао купот со матена слатка павлака. |
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Колач од цимет Потребно: |
|
Внеси реплика | страница <1 1617181920 56> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |