|
НАЈ .....ИДИВИДИ ГИНИС ......СО СЛИКА |
Внеси реплика | страница <1 78910> |
Автор | ||||||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Британка 27 пати прогласена за најгрда жена на светотАна Вудс (62) повеќекратна победничка на натпреварување во правење гримаси би можела наскоро да се најде и во Гинисовата книга на рекорди, затоа што дури 27 пати била прогласена за најгрда жена на светот. Нејзината ќерка изјави дека мајка и ја пријавила за Гинисова книга и оти таа не знае ништо за тоа. - Браќата ја насмеале и таа само се качила на бина и направила гримаса која и ја донела првата победа во 1977 година, рече нејзината ќерка. Ана продолжила да прави гримаси наредните години на натпеварот во Егермонт каде победила дури 27 пати, а двапати го освоила второто место, станувајќи маскота на натпреварите. Оваа година имала несреќа да и се слоши во текот на натпреварот па морале да ја однесат во болница, додаде нејзината ќерка и подвлече дека Ана ќе продолжи да се натпреварува се додека биде здрава. Во изминатите 33 години го пропуштила ова натпреварување само еднаш и тоа поради бременост. |
||||||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Баба и на 90 години игра тенис
Деведесетгодишната Мери Џејн Марфи има цврст бекхенд и на стари години. Марфи, мајка на 10 деца, вели дека кога е на тениско игралиште се чувствува како да има 55 или 60 години. Во последниве 30 години таа игра во двојки два пати неделно во клубот "Оак Лон ракет клаб", надвор од Чикаго. А кога времето е убаво, таа сака да игра и голф. |
||||||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Најмалата жена во светот тежи околу 7 килограми
Натиџе Коџаман е најмалата жена во светот. Има 21 година, висока е само 71 сантиметар и тешка е нешто повеќе од седум килограми. Хатиџе живее со своите родители во Кадирли. Посетила голем број лекари во Турција, но ниту еден не успеал да дијагностицира за каков вид болест се работи. Семеjството нема автомобил и не може да се дозволат патувања за решавање на проблемот на својата ќерка. Завршила специјално училиште, но не може да најде работа. - Секогаш се надевав дека ќе бидам позната во светот, а сега и сум, поради својата висина, вели Хатиџе. |
||||||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
|
||||||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Умре најдебелата мачка на светот
Принс Чанк, една од најпознатите мачки на светот тешка 20 килограми, умре во спиење само неколку дена откако $ била дијагностицирана болест на срцето. Најверојатно дебелата мачка стана меѓународна сензација кога е пронајдена пред две години додека талкала по улиците на гратчето Ворхес. Поранешните сопственици ја напуштиле откако банката им ја одземала куќата, а приказната за нивната мачка го заобиколи светот. Принс Чанк стана заштитно лице на кампањата за вдомување напуштени животни, а гостуваше и во голем број емисии, како "Тудеј шоу", Гуд морнинг Америка" и други. Славниот мачор најде нов сопственик, кој сега многу тагува по него. "Сите сме многу вознемирени. Изгубивме член на семејството", изјави Винс Дамиани, сопственикот на мачорот Принс Чанк. Тој пред две недели го однесе на ветеринар кога забележал дека мачката тешко дише. Докторот му кажал дека неговиот 10-годишен миленик може да проживее уште само неколку дена поради компликации со срцето. За жал тие прогнози се оствариле. По Принс Чанк најмногу тагува вториот миленик на семејството Дамиани, мачката Тито. Изменето од емил - 30.Ноември.2010 во 16:32 |
||||||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Најстариот човек почина на 114 години
ВАШИНГТОН (ДПА) - Најстариот човек на светот почина на возраст од 114 години и 195 дена, објавија локалните медиуми. Американката Јунис Санборн беше официјално најстарата жена на светот од ноември, 2010 кога почина француската калуѓерка Ежени Бланшар на 114 години. Сосед на Санборн од нејзиниот роден Тексас му јавил на весникот "Џексонвил дејли прогрес" дека таа починала. Санборн е родена во Луизијана на 20 јули, 1896 година. Според светската листа на луѓе постари од 110 години што ја води Групата за геронтолошки испитувања, нејзината сонародничка Бес Купер, која е родена еден месец по Санборн, сега ќе стане најстариот жив човек на светот. |
||||||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Девојче има 26 прсти
Едногодишно девојче од Кина наскоро ќе влезе во Гинисовата книга на рекорди како лице со најмногу прсти. Малата Леи Јади Мин има 14 прсти на нозете и 12 на рацете. Кинескињата која вкупно има 26 прсти чека официјална потврда од Гинис, па нејзиното име може да биде запишано во Книгата на рекорди во изданието за 2012 година. Досега во Книгата на рекорди , како лица со најмногу прсти се впишани две 15-годишни Индијки, кои имаат по 25 прсти. Лицата кои се раѓаат со вишок на прсти страдаат од полидактија. Оваа конгенитална аномалија се јавува кај едно од 500 новороденчиња. Дополнителните прсти најчесто не се функционални. |
||||||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Изменето од емил - 20.Февруари.2011 во 23:58 |
||||||
N.Nikolina
Сениор Регистриран: 14.Февруари.2011 Статус: Офлајн Поени: 118 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Колку ли години има човечево
|
||||||
Лудилото може да се нарече сон на оној што е буден.
|
||||||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Кој зборувал најмногу јазициСекој може и знае да зборува и пишува на својот мајчин јазик. Многу од луѓето знаат да зборуваат, понекогаш и пишуваат, на повеќе од десет јазици, но малкумина тоа го знаат и на повеќе од 20 јазици. Изменето од емил - 22.Февруари.2011 во 08:25 |
||||||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Кое е најголемето цвеќе на светотВо дождливите шуми на Суматра, Индонезиски остров, расте многу чудно растение, наречено, рафлесија (rafflesiа). |
||||||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Највлакнесто девојче во светот
Тајланѓанката Сапутра Сасуфан од Бангкок го доби прекарот „Девојче волк“ и „Мајмунско лице“. Единаесетгодишната Сасуфан сега доби признание и од Гинисовата книга на рекорди за највлакнесто девојче во светот. Иако сите досега се задевале поради тоа, сега после добивањето на титулата станала особено популарна. - Горда сум што сум во книгата. Луѓето мораат да прават сешто за да влезат, а јас само одговорив на неколку прашања, вели девојчето. Супатра е една од 50-те евидентирани луѓе од Средниот век до сега кои го имаат синдромот Амбрас, кој е последица на еден мутиран хромозом. Пред да ја разберат болеста, пациентите се нарекувале „врколаци“. Супатра има густа коса по лицето, ушите, рацете, нозете и грбот. Нејзе не и помогнале ниту ласерските третмани. - Не ја чувствувам косата по лицето затоа што отсекогаш е тука. Тешко ми е само кога е долга, вели девојчето кое се надева дека еден ден ќе се најде лек за нејзината состојба. Иако Сапутра е позитивна, нејзината иднина не секогаш изгледала светло. После раѓањето два пати ја оперирале само за да може да дише, бидејќи нејзините носници имале отвори од милиметар. Била во болница 10 месеци. - Откако ја донесовме дома, соседите ме прашаа каков грев сум направил што Господ вака ме казнил, вели нејзиниот татко, 38-годишниот Саммруенг. Сепак, сега сите ја сакаат малата Сапутра, пред се затоа што има топло срце и добра душа. |
||||||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Запознајте го најнискиот човек на сите времиња
Јунреј Балавинг наскоро ќе се закити со титулата најмалиот човек на светот. Тинејџерот од Филипините е висок само 56 сантиметри, а во Гинисовата книга на рекорди ќе може да се впише откако во јуни годинава ќе наполни 18 години. Балавинг е за 11 сантиметри понизок од во моментов најмалиот човек во светот, Кагендре Тапе Магара. Исто така е за еден сантиметар понизок од најнискиот човек на светот на сите времиња, Индиецот Гулу Мохамед, тешкиот пушач кој почина во 1997 година, на 40-годишна возраст. Кога ќе наполни 18 години Филипинецот и официјално ќе влезе во Гинисовата книга на рекорди и така ќе стане најнискиот човек на сите времиња. - Ако бидам најнискиот човек на светот, тоа ќе биде навистина супер, вели Балавинг. Поради нискиот раст Филипинецот има бројни проблеми. Не може долго да стои и потполно е зависен од својата мајка Консепшн. Може да оди само со туѓа помош, а кога предолго стои добива силни болки. - Сепак, му се допаѓа кога ќе му кажам дека ќе биде најмалиот човек во светот. Гордо се смее, вели 35-годишната Концепшн. Таа вели дека би сакала да најде работа и да може да работи, но не смее да го остави Јунреј сам дома. Неговите браќа одат на училиште, но тој останува со својата мајка. Секој момент му е потребна помош. - Првпат забележав дека нешто не е в ред кога имаше две години. Лекарите не знаеја како да ми помогнат. Секогаш беше болникав, а потоа забележавме дека не расте. Единствен совет од докторите беше да зема што е можно повеќе витамини, но ние тоа не можевме да си го дозволиме, вели мајката. Сепак е горда што сите ќе чујат за нејзиниот син кој наскоро ќе биде прогласен за најнискиот човек на сите времиња. |
||||||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
БРИТАНЕЦОТ БРАЈАН БЕК ПОМИНАЛ 694 ДЕНА НА СТАДИОНИ Гледал 10.000 натпревари во живо Премиерлига или дивизија од понизок ранг, важно да е фудбал. Педесет и деветгодишниот Британец Брајан Бак поминал 694 дена на стадионите низ Велика Британија и за тој период изгледал дури 10.000 фудбалски натпревари во живо. |
||||||
Внеси реплика | страница <1 78910> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |