IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Политика и вести
  Активни теми Активни теми RSS - ВМРО-ДПМНЕ или СДСМ?
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

ВМРО-ДПМНЕ или СДСМ?

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 5253545556 95>
Прашање: Vmro ili Sdsm ???
Одговор Гласови Статистика
104 [46,64%]
105 [47,09%]
14 [6,28%]
Не може да гласате на оваа анкета

Автор
Порака
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Февруари.2011 во 14:51
И сегазбунетост За кого човек гласал, за кого да гласа кога се истотага
Мансиевски: Нема разлика помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ
Кон врв
Liberation Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член
Лик (аватар)

Регистриран: 21.Февруари.2011
Локација: Libya
Статус: Офлајн
Поени: 30
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Liberation Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Февруари.2011 во 23:23
СДСМ е формирана 1990 год., и претставува континуитет на бившите комунисти. Денешното раководство на СДСМ се деца на бивши високи функционери во СФРЈ, ДБ и ЈНА.

Еве дел од “авангардата” на СДСМ:

Бранко Црвенковски, бивш претседател на Македонија и актуелен на СДСМ, роден во Сараево, син на офицер во ЈНА,

Горица Попова, советничка на претседателот Црвенковски, е ќерка на Благој Попов, претседател на Извршниот Совет на С.Р.Македонија,

Јане Миљовски екс министер, син на Киро Миљовски, кој после 1945 год. е државен обвинител и изготвувач на законот за национализација, (а иронијата да биде поголема, синот Јане 1991 год. го изготви законот за денационализација и приватизација),

Илинка Митрева, министерка, ќерка на Димитар Митрев, бивш обвинител,

Лазе Китановски бивш министер, син на Боро Китановски болшевик, еден од најблиските соработници на Лазар Колишевски,

Јани Макрадули, пратеник, син на Андон Макрадули вице-гувернер во СФРЈ,

Каролина Ристова-Астеруд, ќерка на Стојан Ристов, висок функционер во ДБ и директор на КПД “Идризово”.

ВМРО-ДПМНЕ е формирана 1990 год. како резултат на стратешки смислена програма во Белград од проверени УДБ-аши.

Еве дел и од раководствата и функционерите во ВМРО:

Мартин Треневски, министер во владата на Георгиевски, син на Злате Треневски, висок функционер во ДБ и најдоверлива личност на Лазар Колишевски, и еден од учесниците во убиството на Кочо Рацин,

Ѓорѓи Наумов, министер во владата на Георгиевски, бивш обвинител во СФРЈ и соработник во ДБ,

Јордан Мијалков, министер во владата на Кљусев, екс претставник на “Макотекс” во Чехословачка, офицер на Југословенските разузнавачки служби за Југоистична Европа и соработник на ДБ,

Никола Груевски лидер на ВМРО-ДПМНЕ, син од сестра на Јордан Мијалков,

Михајло Маневски, министер за правда за време на СФРЈ, човекот кој вршеше прогон на ВМРО-вски фамилии и го штитеше тотилатарниот србо-комунистички режим, во владата на Груевски повторно министер за правда. Сопруга на Маневски е Влаинката судијката Филимена Маневска, со чие име се поврзани многу криминални процеси без разврски,

Глигор Ташкович, министер во владата на Груевски, внук на Глигор Ташкович, син на Ото, србоманска фамилија која 1919 год., по завршувањето на Првата светска војна, по окупацијата на Македонија од Србија, си го променуват името од Ташкови во Ташкович. Од 1946 год., до 1949 год., дедо му е пратеник во еднопартискиот парламент на СРМ,

Трајко Славевски потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, внук на Велјан Славевски од Речица, кој на Србите го шпионирал штабот на ВМРО на Охридското востание, поради што во битката кај Рашанец во нерамноправна битка се убиени водачите на востанието Наум Златарев, Стефан к*ртелов, Ламбе Берберчето, Аргир Маринов и др. Народот, дедо му на Трајко Славевски, Велјана го воспеа во песната “Бог да го бие шпионот Велјан од Речица”.

Ристо Дамјановски, министер за одбрана во владата на Кљусев, најекспониран припадник на КОС за време на СФРЈ,

Љубен Пауновски, министер во владата на Георгиевски од семејство на високи функционери во КОС,

Милјана Даневска министерка во владата на Кљусев, бивш секретатр на ЦК на СКМ.

Е сега, ваше е да си одберете меѓу УДБА и ... УДБА.
Кон врв
brza Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Февруари.2006
Локација: vidiFOTOupotpis
Статус: Офлајн
Поени: 34534
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај brza Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Февруари.2011 во 23:29
Originally posted by mamamd mamamd напиша:

И сегазбунетост За кого човек гласал, за кого да гласа кога се истотага
Мансиевски: Нема разлика помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ
apsolutno !

...gomnoto si e gomno...pa  od koj i da e!да
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
Кон врв
Liberation Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член
Лик (аватар)

Регистриран: 21.Февруари.2011
Локација: Libya
Статус: Офлајн
Поени: 30
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Liberation Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Февруари.2011 во 23:53
Еве уште неколку деца на комунизмот:

Владе Милчин, oсновач нa скопскиот огранок нa „Удружење за југословенску демократску иницијативу“ и син нa покојниот Илија Милчин, актер и комунист. Владе Милчин ќе стане шеф нa финансиски најмоќното училиште за регрутација нa нео-комунисти. Идејата нa отвореното општество што го промовираше Милчин, со мали исклучоци, беше во невладиниот и медиумски сектор да етаблира мрежа која по очекуваниот пад нa државните монополи ќе биде алтернативна поддршка нa олигархиската пост-комунистичка елита, а финансирајќи го локалниот неделник 'Дело', нa пример, да докаже дека во Македонија има некаква опозиција, ама таа е ненародна, анти-национална, од бугарска антимакедонска провениенција.

-Bо негова режија СКМ-ПДП ќе мy направи пуч нa човекот што смело расчисти со југо-комунизмот Петар Гошев и ќе го донесе синот нa офицерот нa ЈНА Љупчо Црвенковски, член нa ЦК, Бранко Црвенковски нa челo нa партијата.

-Гордана Стошиќ, екс-директор нa МРТВ, ќерка нa воен обвинител.

-Јован Донев, член нa партијата, сега директор нa 'Евробалкан', левичарска институција, мрсно помогната од Сорос.

-Ким Мехмети и Исо Руси , левичарски албански интелектуалци, со потекло од комунистички семејства.

-Иронијата нa судбината сакаше клучниот потег за заокружување нa финансиската, олигархиска, а со тоа и политичка доминација нa нео-комунизмот да го направи токму Јане Миљовски, министер без ресор во првата плуралистичка влада, кој го изготви првиот закон за приватизација, што со 'менаџерскиот откуп' им овозможи нa комунистичките директори да ги добијат нa подарок државните фирми. Миљовски, дете нa комунизмот, е син нa Киро Миљовски, државен обвинител и нa други високи функции во времето нa социјализмот, кој по 1945-та учествувал и вo подготовката нa првиот закон за национализација.

-Илија Илоски, од с. Велмеј, Дебарца, чиј татко во комунизмот бил формално шеф нa Шумското стопанство, но во суштина главен за полицијата и државната безбедност во Дебарца.

-Борис Кондарко чиј татко бил во Министерството за образование, а некои велат имал контакти и со државната безбедност. Истото се зборува и за Кондарко јуниор.

-Миле Зечевиќ, член нa раководството нa СДСМ и поранешен шеф нa Управата за безбедност и контраразузнавање син на Слободан Зечевиќ. Потекнува од семејство на доселеници од Црна Гора во Македонија, во времето нa првата влада на ВМРО-ДПМНЕ тајните служби имаа стотици страници материјали за заговори против Македонија. Се „прослави“ со палењето на амбасадата на САД во Република Македонија.

-Денко Малески, прв министер за надворешни работи е син нa Владо Малески, прононсиран комунист. Мајката на Денко т.е. првата жена нa Владо Малевски е етничка Бугарка со која тој се разведува пo налог нa Партијата. Таа подоцна се мажи за пирински Македонец, емигрант во Македонија, фудбалер вo ФК Вардар, и заедно емигрираат во Белгија каде што Денко има две полусестри близначки. Денко Малески го зачува заветот на својот татко со зборовите дека 'во самостојна Македонија ќе одите без мене.' Татко мy бил близок соработник нa Киро Глигоров, партиски авторитет во култyрата кој учествувал во прогонството нa Венко Марковски. Владо Малески е инаку и автор нa зборовите нa новата македонска химна. Првото заседание на АСНОМ било отворено со старата BMPОвска химна 'Изгрејзора нa слободата', химна што нe им се допаѓала нa комунистичките авторитети.

-Бранко Азески, долгогодишен директор нa хотелот 'Александар Палас' нa Штерјо Наков, претседател на Стопанска комора на Македонија и поранешен претседател нa македонската социјалистичка младина. Бранко е син нa Благоја Азески, десна рака нa Лазо Колишевски и началник нa УДБа за целиот југозападен регион. Кога Лазо ловел риба во Охрид, Благоја ја ангажирал целата државна безбедност да нe смее да заплови нитy едно кајче пo езерото.

-Ѓорѓи Трајчев, претседател нa младите социјалдемократи и екс-директор нa Агенција за спорт и млади е внук нa Иван Катарџиев, член нa Советот нa град Скопје, комунистички историчар и бегалец од Пиринска Македонија, своевремено заврбуван од државната безбедност.

-Ленче Софрониевска, екс-претседателка нa Републичкиот судски совет, ќерка нa Аризан Несторовски Марче од Белица, оперативен агент нa AР, подоцна како истакнат функуионер нa ДБ учествувал и вo прогонството нa десноориентираните интелектуалци. Таткото нa сопругот нa Ленче, Томо Софрониевски, според документацијата нa семејството Симончеви од Охрид, издавал и лични наредби за убиства.

-Лилјана Ингилизова, претседател нa Уставниот суд нa Македонија и поранешен шеф нa Државната изборна комисија е ќерка нa поранешен судија нa Врховен суд и потекнува од селата на Скопска Црна Гора. Bо комунистичко време татко и бил судија со висок рејтинг.

-Стеван Павлески е поранешен шеф нa државната безбедност во комунизмот и јавен обвинител во демократијата.

-Стерјо Зиков, син нa Митко Зиков, судија во Окружен суд.

-Саша Андоновски, екс-заменик мининистер за економија нa СДСМ, моментално издржува затворска казна за злоупотреба на службената функција, е син нa Ѓенко Андоновски, поранешен претседател нa Окружниот суд во Скопје.

-Слободан Унковски, екс-министер за култура. Унковски е зет нa Веселинка Малинска, првоборец и висок партиски функционер, за време нa војната к*рир што го изведува Тито од Белград нa слободната територија околу Ужице. Нејзиниот сопруг Ќостаров, е Бугарин, комунист и емигрант од Бугарија, долгогодишен директор нa театарот и веројатно поврзан со тајна коминтерновска врска. Неговото семејство живее во Белгија, во замок покрај езеро.

-Ѓунер Исмаил, министер за култypa, во комунизмот бил долгогодишен директор нa Турската драма, а татко мy Исмаил Исмаил, работел како официјален преведувач нa Владата.

-Горица Попова, екс-шефицата нa Информативната програма нa МРТВ, и член нa СДСМ, е ќерка нa Благој Попов, претседател нa Извршен совет нa PM во комунизмот.

-Панде Колемишевски, транзицискиот директор на Нова Македонија, внук нa Тени Колемишевски, комунистички началник нa УДБ-a.

-Мелпомени Корнети, заменик министер за култyра и екс-директор нa МРТВ. Нејзиниот татко во комунизмот е сива еминенција и работи во финансиската ревизија вo банките.

-Сашо Орданоски, син нa офицер нa ЈНА за кого кружат гласини за негова дружба со тајните служби. Ордановски јуниор е пајташ на СДСМ од ен-џи-оу секторот.

-Слободан Чокревски, екс-директор нa Ветеринарната управа (стекна популарност кога лупаше зелени за време на глобалната епидемија на птичји грип) е син нa Томислав Чокревски, министер за внатрешни работи нa СДСМ. Семејството Чокревски има неколкумина браќа комунисти и партизани, вработени во службата за државна безбедност во Битола и битолско.

-Љупчо Арсовски, екс-амбасадор во Атина, син нa Страте Арсовски, комунистички директор нa 'Нова Македонија' и член нa ЦК СКМ.

-Горјан Тозија (од Еднооки познат и како „Тозовац“), советник нa Бранко Црвенковски и брат мy Љупчо Тозија, екс-директор нa МТВ и амбасадор, потекнуваат од удбашко семејство кое според одредени сознанија иследувало македонски патриоти вo битолско-преспанскиот регион.
Кон врв
Gorazd777 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Октомври.2008
Локација: Евразија
Статус: Офлајн
Поени: 1584
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Gorazd777 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Февруари.2011 во 00:18
Liberation, за ваква исцрпна анализа можам само да речам ,ОСВЕСТЕТЕ СЕ МАКЕДОНЧИЊА; гледајте кој ве јаде,тука е сржта на трулежот на Македонија,сега останува уште од нашите градови да ги посочиме оние кои се на функции и нивните полтрони па да се видат вистинските лица на диктатурата

Изменето од Анастеа - 22.Февруари.2011 во 12:15
ВОЈНАТА Е МИР
СЛОБОДАТА Е РОПСТВО
НЕЗНАЕЊЕТО Е СИЛА
ОД ЗЕЛКА ТОРТА И ОД СЕЉАК ГРАЃАНИН НЕ БИДУВА
Кон врв
Liberation Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член
Лик (аватар)

Регистриран: 21.Февруари.2011
Локација: Libya
Статус: Офлајн
Поени: 30
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Liberation Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Февруари.2011 во 00:51
-24.11.2010 -Даночни инспектори влегуваат во А1.

-27.11.2010 -Рамковски изјавува дека Владата му платила околу 4 милиони евра народни пари, за партиски реклами.

-02.12.2010 -Рамковски ја повлекува изјавата дека му било плаќано незаконски и изјавува дека “претерале“.

-02.12.2010 -“Ако Велија Рамковски го прекршил законот, треба да одговара“ - Црвенковски.

-05.12.2010 -Над 50.000 граѓани на протести против Владата, организирани од опозициската СДСМ, со барање за предвремени избори.

-23.12.2010 -Приведен сопственикот на А1, Велија Рамковски. На 25-ти му е изречена мерка притвор.

-28.01.2011 -СДСМ го напушта Собранието. "Македонија под власта на Груевски дефинитивно не е ниту слободна ниту демократска држава. Овој режим има опасни намери во однос на нашата земја. Или ќе го запреме или ќе станеме негови соучесници. Ние од СДСМ немаме повеќе намера да даваме легитимитет на оваа недемократска и ненародна власт. Од денес СДСМ нема да учествува во работата на Собранието на Република Македонија“.

-20.02.2011 -Веднаш по враќањето од САД и средбите со Бајден и Клинтон, Груевски го повикува Црвенковски на предвремени парламентарни избори, доколку СДСМ се вратат во Собранието.

-21.02.2011 -Црвенковски на прес-конференција бара да се одблокира сметката на А1, како предуслов да го прифати предлогот за предвремени избори.

-22.02.2011 -Груевски прифаќа прочистување на избирачкиот список, нов изборен законик, прифаќање на заклучоците на ОБСЕ, а за деблокирање на сметката на А1 вели: “јавувањето на телефон во судот и промена на одлуката е работа за која само Црвенковски мисли дека се прави така.“

-22.02.2011 -СДСМ по изјавата на Груевски соопштува дека владејачката партија не е подготвена да ги прифати условите за воспоставување нормален политички дијалог и за нивното враќање во Собранието. Според СДСМ од ВМРО ДПМНЕ немаат намера да ги прифатат нивните услови за одржување на слободни, фер и демократски предвремени избори. СДСМ останува надвор од Собранието се додека ставот на Груевски и неговата партија е на сила.

Бане повеќе си го сака Велија, отколку народот и државата. Е тоа е државник.

Изменето од Liberation - 23.Февруари.2011 во 00:53
Кон врв
KINGDAVID Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Solomon's father

Регистриран: 09.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 9420
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај KINGDAVID Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Февруари.2011 во 01:10
Originally posted by mamamd mamamd напиша:

И сегазбунетост За кого човек гласал, за кого да гласа кога се истотага
Мансиевски: Нема разлика помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ



Da mama, ako si clen na LDP ili na Obedineti za Makedonija среќа
   SOLI DEO GLORIA
Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Февруари.2011 во 01:31

Originally posted by Liberation Liberation напиша:


Бане повеќе си го сака Велија, отколку народот и државата. Е тоа е државник.


Државник ипол, не знам што да кажам.
Ме изненади интервјуто на Никола Поповски, поранешен министер, со голема доза разочараност од врхушката во матичната партија:

“Јас сум член на СДСМ и, еве, да бидам искрен, не само јас, туку и голем број други членови со кои контактирам немаат голема надеж дека состојбите значително може да се подобрат внатре во партијата. Со неа владее еден механизам кој тешко ќе биде сменет.“

Впрочем не се ништо ново вакви изјави на разочараност, откривање криминални афери, сплетки... откако ќе се напушти партијата, ќе се добие отказ или едноставно од разочараност. Но, некако досега почести беа кај ВМРО-ДПМНЕ и сите партии и членови кои произлегоа од неа, додека социјалдемократите ми изгледаат некако покомпактни во тој поглед.


Треба ли да чекаме сите позначајни личности да се испоразочараат или да ги напуштат двете најголеми партии, за сами да си го откријат валканиот веш?

Дека Велија е (и бил) миленик потврдува и Поповски, со една доста храбра изјава:

“Ме прашувате за 2005-2006 година. Тогаш имавме поширок инспекциски надзор врз истите овие фирми, кои очигледно постојано се гасат и се раѓаат. Тоа опфаќаше контрола од УЈП и од Пазарната и од Трудовата инспекција. Првичните резултати од инспекциите тогаш покажаа дека има доволно простор и потреба да се направи целосна контрола на работењето. Меѓутоа, инспекциите беа политички спречени во тој момент. Министерството за финансии немаше избор, како и министерствата за економија и за труд и социјална политика со кои заеднички ги вршевме контролите. Тие политички беа спречени да ја продолжат контролата.



Кон врв
zabegan Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Другарот на Мона Лиза

Регистриран: 06.Април.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9774
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zabegan Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Февруари.2011 во 02:32
Originally posted by KINGDAVID KINGDAVID напиша:

Originally posted by mamamd mamamd напиша:

И сегазбунетост За кого човек гласал, за кого да гласа кога се истотага
Мансиевски: Нема разлика помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ



Da mama, ako si clen na LDP ili na Obedineti za Makedonija среќа
единствено нешто во кое се различни СДСМ и ВМРО е начинот на кој вршат криминал и манипулираат со народот, морам да кажам дека СДСМ многу поинтелегентно го изведуваат тоа ако ги споредуваме среќа

и сега што викаш, ја од ЛДП сум или од ОЗМ? газење%20од%20смеење
ако не си за СДС, за овие две си газење%20од%20смеење
размисли пред да напишеш глупост
Кон врв
којсумјас Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4543
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај којсумјас Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Февруари.2011 во 11:00
Прашањево веќе нема смисла...
Од ВМРО-ДПМНЕ како десно ориентирана партија...
не остана ни В...
од старите членови кои ја носеа идеолошката матрица...
ни трага ни глас...

овие млади пилиштари...
кои сега се поставени на раководни места...
се синови на старите кадри на СДСМ...
кои никако не ја смениле нивната идеологија...
туку само партискиот дрес...

толку е тоа лесно препознатливо по стилот на игра...
сплеткарње, пуштање невистини, па демантирање, па повторно актуелизирање со нови "факти"...
правење раздор во стил раздели па владај...
префинети игри за позиции...
ставање во преден план само на личната кариера...
и потоа викање ура за партијата чиј статут...
едвај и дека го виделе, не па прочитале или разбрале...

За жал нивните "татковци" во СДСМ...
останаа заглавени во заложничката приказна...
наречена Бранко Црвенковски...
никој не може да го замени човекот...
кој не дозволува рејтингот на партијата да се покачи...
повторно од свои лични интереси...

па затоа вистинска дилема во принцип не постои...
СДСМ против СДСМ...
од ВМРО ни трага ни глас...
Кон врв
Kali Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Storyteller

Регистриран: 30.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4947
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Kali Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Февруари.2011 во 11:16
Како беше она финтата....да излезе, Грујо да си оди а Бранко да не се врати!

Е, ама како ...?????
Кон врв
ЦрвеноЖолта Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член
Лик (аватар)
тоа е боја

Регистриран: 25.Февруари.2011
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 15
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ЦрвеноЖолта Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Февруари.2011 во 12:47
За оние кои работат ЗА Македонија, а не ПРОТИВ. Кои се тие, проценете сами, лесно е.
Едно име, еден јазик, еден народ, една нација, една држава МАКЕДОНИЈА!
Кон врв
volkswagen Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Знам, комшивка ми е!

Регистриран: 18.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 4820
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај volkswagen Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Февруари.2011 во 13:25
Абе оти мислам дека имаш грешен впечаток за тоа што зборуваш? Прво.. кој е тој до сега што работел за македонија нешто посебно? Никој не се секира за Македонија...

п.с.народов ни е гладен , а лавовите не се јадат , па ни триумфалните капии...  трепкањенамигнување
Кон врв
Gorazd777 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Октомври.2008
Локација: Евразија
Статус: Офлајн
Поени: 1584
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Gorazd777 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Февруари.2011 во 21:41
Еј ми скисна оваа удбашко-фашистичка политика на ДПМНЕ,.пак се собирале и секој имал за задача да врбива(тоа е противзакнски) по 20 луќе,што роднини что пријатели да гласале за дпмне, и тпосле се че бидело убо,ама само за нив че си продолжело,а другите просо че сонуваче.
Море треба еден манифест за слобода,демократија и права, НЕ НАСЕДНУВАЈТЕ ПОВЕЌЕ НА дпмне и финтите ниски,освесте те се и размислувајте со сопствена глава и свест,да смениме самите ние ,а не ртките од дпмне пак да не бидат.
ВОЈНАТА Е МИР
СЛОБОДАТА Е РОПСТВО
НЕЗНАЕЊЕТО Е СИЛА
ОД ЗЕЛКА ТОРТА И ОД СЕЉАК ГРАЃАНИН НЕ БИДУВА
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 5253545556 95>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,188 секунди.