IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Општо > Животински и растителен свет
  Активни теми Активни теми RSS - Животни - општа дискусија
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Животни - општа дискусија

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 7891011 14>
Автор
Порака
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Јануари.2011 во 07:31

Од што им се расипуваат забите на слоновите?  

 

Поминувајќи го поголемиот дел од денот јадејќи лисја, кора и плодови на дрвјата и грмушките, слоновите се тревопасни животни и тие исто така може да јадат треви и билки.

Варејќи околу половина од она што го јадат, слоновите се прочистувачи во дивината, а се знае дека сакаат тикви и лубеници во изобилство. А секогаш кога има можност да добијат, исто така сакаат и разни видови на слатки. За жал, слоновите се подложни на расипување на забите, па добра работа е тоа што нема многу храна која ја одбираат во дивината која содржи шеќери. Дури и без премногу шеќер во нивната исхрана, слоновите страдаат од  губење на природни заби во староста, па често се случува слоновите да не можат да јадат, што резултира со глад.

Ова природно губење на забите има предизвикано проблеми од суштинско значење за многу зоолошките градини ширум светот кои се борат со посетителите да не им делат храна на слоновите, со што ќе бидат сигурни дека животните ќе добијат добра и урамнотежена исхрана.



Но, ако некое животно се загуби забите, тоа не е крај на светот - умеат да ја променат својата исхраната во мека храна, исто како и она што ја јаде баба.


Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Февруари.2011 во 14:23

Вос­па­ле­ние на ус­на­та праз­ни­на кај мач­ки­те

Орал­на­та ул­це­ра­ци­ја и хро­нич­ни­от ул­це­ра­ти­вен па­ра­ден­та­лен сто­ма­тит се еден вид за­бо­лу­ва­ње на ус­на­та праз­ни­на кај мач­ки­те. Оваа бо­лест пре­диз­ви­ку­ва бол­ни чи­ре­ви на неп­ца­та и му­коз­на­та об­вив­ка на ус­на­та праз­ни­на. При­чи­на­та за оваа сос­тој­ба е де­тер­ми­ни­ра­на ка­ко хи­пер­сен­зи­ти­вен имун од­го­вор на бак­те­ри­и­те и нас­лој­ки­те на заб­на­та по­вр­ши­на. По­не­ко­гаш зна­ци­те на оваа бо­лест се ја­вуваат по чис­те­ње­то на заб­ни­от ка­мен, ко­га овој ма­те­ри­јал ќе се ос­ло­бо­ди во ус­та­та. Мач­ки­те со оваа сос­тој­ба има­ат тен­ден­ци­ја да раз­ви­јат лим­фо­ци­тен плаз­ма­ци­тен сто­ма­тит, што е ис­клу­чи­тел­но теш­ко за­бо­лу­ва­ње на ус­та­та. Тоа е екс­трем­но бол­на сос­тој­ба и вли­јае на нор­мал­ни­те ак­тив­нос­ти на мач­ка­та. Ин­ди­ци­ра­но е со свет­ло­цр­ве­ни неп­ца и ус­та, кр­ва­ве­ње од неп­ца­та и јас­но из­ра­зе­на бол­ка при из­ве­ду­ва­ње на ко­ја би­ло ак­тив­ност со ус­та­та. Сим­пто­ми­те се про­ја­ву­ва­ат со: лош здив, оте­че­ни неп­ца, вос­па­ле­ние на фа­рин­гсот, вос­па­ле­ни­ја на внат­реш­на­та стра­на на об­ра­зи­те, гус­та плун­ка, ли­га­ве­ње, бол­ка, гу­бе­ње на апе­ти­тот и дру­го. При­чи­ни­те мо­жат да би­дат раз­лич­ни: ме­та­бо­лич­ки, де­фи­цит на сос­тој­ки во ис­хра­на­та; не­оп­лас­тич­ни, ка­ко сква­мо­зек кар­ци­ном; иму­но­лош­ки, ин­фек­тив­ни, ка­де што ка­ко при­чи­ни­те­ли се ја­ву­ва­ат рет­ро­ви­ру­си, кал­ци­ви­ру­си, хер­пес ви­ру­си, ле­у­ке­ми­ја ви­рус ин­фек­ци­ја, иму­но­де­фи­ци­ен­тна ви­рус­на ин­фек­ци­ја. Пок­рај го­ре­на­ве­де­ни­те, ос­та­на­ти­те при­чи­ни мо­же да би­дат тра­у­мат­ски, хе­ми­ски. Пос­та­ву­ва­ње­то ди­јаг­но­за за­поч­ну­ва со те­мел­на ис­то­ри­ја на здравс­тве­на­та сос­тој­ба на мач­ка­та и по­че­то­кот на по­ја­ву­ва­ње­то на сим­пто­ми­те. По де­тал­ни­от прег­лед на ус­на­та праз­ни­на, ве­те­ри­на­рот ги од­ре­ду­ва сос­тој­ба­та и сте­пе­нот на за­бо­лу­ва­ње­то. Од осо­бе­но зна­че­ње е вак­ци­нал­ни­от кар­тон на ми­ле­ни­кот, би­деј­ќи од­ре­де­ни бо­лес­ти мо­жат да се спре­чат са­мо со нав­ре­ме­на и ус­пеш­на вак­ци­на­ци­ја. Ис­хо­дот од ова за­бо­лу­ва­ње за­ви­си, пред сè, од при­чи­на­та. Од­ре­де­ни ви­рус­ни при­чи­ни­те­ли се, по пра­ви­ло, смр­то­нос­ни. Ме­ѓу­тоа, ова за­бо­лу­ва­ње мо­же да трае дол­го и со гри­жа око­лу за­би­те и ус­та­та на мач­ка­та, сопс­тве­ни­кот мо­же да $ овоз­мо­жи ква­ли­те­тен жи­вот.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Февруари.2011 во 11:48

Кој навистина е главен во џунглата: лавот или лавицата?

 

Можеби лавот се нарекува крал на животните, но дури и тој ја наведнува главата кога лавицата има нешто да каже.

На интересните фотографии се гледа како лав плашливо ја наведнува главата додека лавицата предупредувачки рикнува над него.

Лавот%20Лук%20и%20разлутената%20лавица

Причината за таквата реакција на лавицата е што лавот во текот на игра со нивното лавче, го превртел малечкото на земја.

На фотографиите снимени во зоолошката градина во Вашингтон се гледа како малото лавче најпрво ја гризе опашката на својот татко за да го привлече неговото внимание.

Лавот%20Лук%20и%20неговата%20ќерка%20ЛусакаЛавот Лук и неговата ќерка Лусака

Потоа лавот се вклучува во играта и започнува да го брка лавчето, брзо го стигнува и продолжува да си игра со него. Нивната игра била прекината од лавицата која заштитнички скокнала во одбрана на своето малечко. Изгледа како да сака да му каже на лавот: „Не биди толку груб со детето!“.

Лавот%20Лук%20и%20неговата%20ќерка%20Лусака
Кон врв
*moon* Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 27.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7657
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај *moon* Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Февруари.2011 во 00:49
merak mi e malku so ova da se setam  :-D
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Февруари.2011 во 06:31
За кого вкусот има најголемо значење?

 

Просечниот човек има околу 10 000 јазли за вкус. Овој број можеби изгледа
многу, но тој се „губи“ во споредба со животното кое има најмногу јазли за вкус. Ова е бидејќи ова суштество има јазли за вкус не само во устата, туку и по целото тело.

Сомот – рибата со чудни очи и мустаќи кои потсетуваат на мачка обично има околу 100 000 вакви јазли, а некои поголеми сомови имаат и до 175 000 јазли за вкус. Малите јазли за вкус, сетилни органи составени од клетки кои можат да ги препознаат и почувствуваат молекулите кои го даваат вкусот се распоредени по целото тело на сомот,  но се најконцентрирани на четирите пара „мустаќи“ околу устата. Овие мустаќи имаат улога на антени. Заедно со илјадниците јазли по нивното тело, мустаќите дозволуваат на рибата не само да почувствува кога вечерата е во близина, но исто така да ја открие и точната локација на следниот оброк.

Како риба која живее на дното и сака екстремно калливи , матни води, сомовите се адаптирани за ловење на плен во темно. Иако сомовите имаат очи и можат да гледаат, тие не му се потребни за ловење на храната. Со изобилството на јазли за вкус се зголемува способноста на ова животно да ги детектира и најмалите траги од храна. Високо развиеното чувство за вкус е критично за сомовите, кои ловат во екстремно калливи, матни води каде има многу мала видливост. Научниците откриле дека иако сомовите можат да го фатат својот плен без визуелни помагала, сомовите без функционални јазли за вкус не можат да се хранат нормално.

А што мислите, кое животно има најмалку јазли за вкус? Тоа е кокошката, има околу 24 јазли за вкус.



Изменето од емил - 09.Февруари.2011 во 06:32
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Февруари.2011 во 05:49
Прериските кучиња сакаат бакнување пред публика

 Прериските кучиња што живеат во заробеништво се бакнуваат и милуваат уште повеќе кога посетителите во зоолошката градина ги гледаат, открија научниците.
Истражувачкиот тим проучуваше 25 прериски кучиња со црни опашки во зоолошката градина во Сент Луис, САД.
Тие велат дека нивните откритија ќе им помогнат и на другите научници кои го проучуваат однесувањето на животните да ги разликуваат ефектите кај нив кога некој ги гледа и нивното "нормално" однесување.
Адам Елтораи од универзитетот "Вашингтон" во Сент Луис кој беше водач на истражувањето, заедно со неговите колеги го набљудуваше однесувањето на прериските кучиња во текот на летото и ги бележеше случувањата.
Истовремени научниците го бележеа и бројот на посетители на нивното живеалиште.
"Во голем број ситуации прериските кучиња реагираа сосема исто како и луѓето во ситуација кога знаеја дека некој ги гледа", вели доктор Елтораи.
Животинчињата уживаа во вниманието. Колку повеќе се зголемуваше бројот на посетители, возрасните единки се опуштаа и не внимаваа толку на потенцијални закани околу нив.
"Кога ги гледаа повеќе луѓе, возрасните прериски кучиња уште повеќе си искажуваа нежности, повеќе се бакнуваа и се галеа, а помалку се тепаа", вели тој.
"Меѓутоа младенчињата беа повознемирени и понервозни кога имаше поголема публика, повеќе се тепаа и помалку се бакнуваа".
Кон врв
BellaGrandma Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Game over

Регистриран: 10.Јуни.2010
Статус: Офлајн
Поени: 20029
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај BellaGrandma Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Февруари.2011 во 14:11

Најдобар бакнеж според National Geographic
 среќа
Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
Кон врв
Renatax Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 27.Декември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 11613
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Renatax Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Февруари.2011 во 11:52
Најдобар?
Ова срнчево како со усисивач да се бакнува.смеење
Мирно движи се низ галамата и хаосот, секогаш имајќи на ум каков мир постои во тишината.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Февруари.2011 во 23:38
Пајак вампир се храни од смрдливи нозе

 
Вид пајак-скокач од Источна Африка го привлекува мирисот на човечки стапала, што посмрдливи, тоа подобро, и може да помогне во борбата против маларија, вели група научници од Нов Зеланд.
Истражувачите од универзитетот Кантербери користеле износени чорапи за да откријат дали "пајакот-вампир" кој се храни со комарци кои пренесуваат маларија, го привлекува реата на смрдливи стапала, објави новинската агенција од Нов Зеланд. Фиона Крос и Роберт Џексон го проучуваа овој вид пајак во источна Кенија. Пајакот се храни со комарците Анпопхелес гамбиае кои исто така ги привлекуваат телесните мириси на човекот.
"Честопати ги гледаме овие пајаци во нашите домови", вели Крос. "Кога ги користевме овие пајаци во други експерименти тие се однесуваа многу посмирено во наша близина во споредба со другите пајаци-скокачи кои ги тестиравме". "Бидејќи знаевме дека пленот на овој вид пајак го привлекува човечкиот мирис, решивме да испитаме дали истиот мирис е подеднакво привлечен и за пајакот. Не беше многу тешко бидејќи користењето засмрдени чорапи во експериментот беше брз и погоден начин за откривање дали пајаците ги привлекува телесната миризба на човекот".
Откритијата на Крос и Џексон беа објавени на Интернет страната на списанието "Бајолоџи летерс" и двајцата истражувачи велат дека ова може да помогне во справувањето со маларијата. Овој вид пајак би можел да биде корисен во борбата против маларијата ако се охрабрат луѓето да ги остават пајаците да им живеат по дома
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Февруари.2011 во 11:34

Зошто лавот се смета за крал на животните

Лавот сигурно е најпознат член на семејтвото мачки, и мажјакот најверојатно е познат како „Крал на Животните“ по неговиот величенствен изглед и грива. Возрасен мажјак е единствениот член на фамилијата мачки кој има грива, долга коса на вратот и главата што го прави да изгледа кралски.

Силата, убавината и моќта истотака го прават да изгледа кралски. Гласно рика и р'жи како да не се плаши од ништо. Нема предатори или ловци што го ловат освен човекот.

Заедно со тигарот, лавот е најголемиот член на фамилијата мачки. Мажјакот може да биде долг 3,5 м и да тежи до 270кг. За разлика од тигарот кој живее и лови сам, лавовите живеат во групи наречени стада. Во стадото има само еден возрасен мажјак, и повеќе женки со различна возраст. Иако најчесто женките ловат и го убиваат пленот, ако е гледан мажјакот прв ќе јаде.

Лавовите сакаат да дремат, и понекогаш спијат и по 20 часа на ден.

Лавовите повеќе сакаат голем плен за оброк како : зебри, антилопи,... Мажјакот може да изеде и 35 кг месо за еден оброк !

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Февруари.2011 во 15:27

Најчести промени во однесувањето кај старите мачки

Како што стануваат постари, мачките можат да бидат повеќе склони да го сменат своето однесување и да развијат некои проблеми кај него. Со навремени и правилни дијагноза и третман, многу од нив успешно се решаваат. Можеби тоа ќе потрае некое време, но миленикот, секако, го заслужува тоа. Несоодветните мокрење и дефецирање се најчестиот проблем во однесувањето кај старите мачки. Постојат повеќе причини, некои од нив се медицински, па затоа е неопходно првин да се прегледа од доктор. Медицинските состојби, како воспаление на уринарниот тракт, црниот дроб, дијабетес, хипотиреоза, можат да бидат причина за ваквите состојби. Стресот претставува главен проблем за несоодветното однесување. Постарите мачки потешко се справуваат со стресните состојби. Агресијата на старите мачки кон луѓето може да биде од медицинска природа, како артритис, губење на видот и слухот или болести кои имаат директно влијание на нервниот систем. И во овие случаи, стресните состојби можат да предизвикаат агресивно однесување. Десензибилизацијата и медицинската терапија можат да помогнат да се смени агресивното однесување. Стравот и вознемиреноста се состојби кои се јавуваат како резултат на погоренаведените причини. Третманот вклучува утврдување на причината, спроведување на адекватна терапија која подразбира, покрај основната, и лекарства против анксиозност. За време на целиот живот некои мачки имаат навика да бидат активни во текот на ноќта, а наутро да легнат и да спијат. Меѓутоа, мачките кои нормално спиеле прекуноќ, а во текот на денот биле активни, можат одеднаш да ги сменат своите навики. Многу од нарушувањата во однесувањето кои се јавуваат кај постарите мачки се резултат на медицински проблеми. Со адекватно решавање, се овозможуваат минимални адекватни услови за квалитетен живот на миленикот.


Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Март.2011 во 13:41

Слоновите брзо учат

Слоновите брзо учат да соработуваат при решавање проблеми, велат истражувачите во најновото издание на Трудови од Националната академија на науки. Овие џиновски цицачи се комплексни социјални суштества, објаснува главниот истражувач Џошуа М. Плотник.
"Им помагаат на другите кога имаат проблем", вели тој. "Се чини дека се емотивно поврзани меѓу себе на некој начин, па нормално е да се очекува некакво ниво на соработка". Меѓутоа, додава тој, "бев изненаден колку брзо учат".
Слоновите сфаќаат подеднакво брзо како и шимпанзата, издигнувајќи се на високото ниво на големите мајмуни, делфините и гавраните, вели Плотник кој работи во одделот за експериментална психологија при универзитетот "Кембриџ" во Велика Британија.
Тестирањата кои беа спроведени во Тајланд вклучуваа награди во вид на храна ставени на платформа поставена на земјата, врзана со јаже, а слоновите се наоѓаат зад ограда. За да дојдат до храната слоновите требаше да ги влечат двата краеви на јажето и истовремено да ја повлечат платформата под оградата. Ако повлече само на едната страна, ќе добие само јаже.
Биле тестирани шест пара слонови 40 пати во текот на два дена и секој од паровите сфатил што треба да направи, успешно изведувајќи најмалку осум од последните десет обиди. Потоа научниците пробале да ги пуштаат слоновите еден по еден во зоната за тестирање, при што требало да се причекуваат по 45 секунди. Слоновите за брзо време научиле да ги причекуваат партнерите, со стапка на успешност меѓу 88 и 97 отсто за различни парови на вториот ден од тестирањето.
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Март.2011 во 18:44
Сопствениците на кучиња живеат поздраво
   

Па нели знаете дека тие се најдобрите пријатели на луѓето!

Американскиот истражувачки центар објави дека луѓето кои чуваат кучиња и истите ги шетаат или посветуваат време за да си играат со нив се во подобро здравје од луѓето кои немаат домашен миленик.

Со оглед на тоа дека ретко кој во денешно време има некоја физичка активност реален е фактот дека оние кои чуваат кучиња сакале или не мораат да посветат време да ги прошетаат барем на кратко. Тоа кратко е доволно за да имаат поголема физичка активност од останатите луѓе.

Дали сега размислувате да почнете да чувате некое куче?

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Март.2011 во 06:01
Лавовите живеат подобро ако се покрај речни сливови

Четириесет и петгодишна студија за лавовите во Танзанија откри дека стадата кои имаат најдобар успех во размножувањето имаат територии блиску до речни устија.

Од сите 36 видови диви мачки, лавот е единствениот кој живее во социјални групи познати како стада. Што посебно ги натерало лавовите да живеат така, и какво влијание може да има ова врз нивната иднина?

Бројот на лавовите во светот во моментов изнесува помеѓу 25.000 и 40.000.

За подобро разбирање на нивниот уникатен начин на живот, професорот Крег Пакер и неговиот тим во поминаа децении во Серенгети проектот за лавови во Танзанија, истражувајќи ги лавовите до неверојатни детали.

Кога професорот Пакер започна со неговата мисија во 1978 година, тој сметаше дека нема да му треба повеќе од три години за да стигне до некои заклучоци, но тој откри дека лавовите се врвно способни да не прават ништо.

„Открив дека истражувањето на лавовите е помалку возбудливо отколку што очекував - часови и часови здодевност од време на време размрдани од уште подлабока здодевност, чекајќи мрзеливите ѕверови да направат нешто“, рече тој.

Тимот опстана, трошејќи часови по полињата и снимајќи движења на 28 стада, и сега имаат податоци за повеќе од 5000 лавови.

Тие беа еден од првите проекти за истражување на животните кои ја користеа техниката на ДНК отпечатоци од шепите кај дивите животни за да ги разберат односите во стадото. Имаа и лажни кукли на лавови во природна големина кои беа користени со вистинските лавови за подобро да разберат како лавовите ги гледаат манирите на другите лавови.

Истражувајќи ја еволуцијата на социјалната структура на лавовите во такви детали, Пакер и неговиот тим мораа поблиску да се загледаат во многуте теории за овој животен стил за кој се зборува многу години наназад, како што е заедничкото ловење, заедничкото одгледување малечки и одбраната на младите од надворешни напади.

Додека тоа изгледаат како можеби интересни теории, при поблиско загледување тимот откри дека тоа не се движечките сили во еволуцијата на социјалниот живот кај лавовите.

Сега тимот во Серенгети проектот за лавови веруваат дека можеби конечно го нашле одговорот.

Употребувајќи опширни податоци за лавовите во Серенгети и со мапирање на успешното размножување во пределот каде што живее стадото, тимот откри дека крдата кои имаат највисок репродуктивен успех држат територии во многу специфични области во националниот парк.

Териториите се центрирани во области каде реките се спојуваат, во устија, што на лавовите кои живеат таму им дава предност.

Овие области имаат пристап до вода преку целата година, имаат сенки и добри места за стапици при лов.

Такви вредни области бараат добра одбрана обезбедена од стадото.

Стадата лавови на територии без речни устија имаат помал репродуктивен успех, стадата се помали и имаат тенденција да исчезнат по 10 години заедништво.

Дали околината во која живеат лавовите може да биде одговорна за нивниот социјален начин на живот?

Конечно, со употреба на компјутерски модел истражувачите погледна во тоа каков ефект би имал пределот со широко различни области за потенцијален репродуктивен успех кај лавовите и дали тоа влијае врз ефективноста и социјалноста кај стадата.

Резултатите зборуваат сами за себе.

Во областите каде имаше обележени различности во „вредност“ на територии во смисла на репродукција, да се биде социјален беше добра стратегија.

Територијата беше толку добра што не беше неопходно за индивидуалниот успех на размножување лавовите да бидат дел од стадото, додека пак структурата на стадото создаваше предност во бранење на територијата од натрапниците.

Ова е одлично парче од истражувањето и открива колку се важни специфичните области од хабитатот за успехот на стадото лавови, но и за бројноста на лавовите воопшто.

Како врвни предатори, можеби не е за изненадување тоа што областите каде лавовите најдобро успеваат и што води до еволуција на нивната социјалност се исто така области по кои копнеат и луѓето.

И затоа професорот Пакер и други сè се повеќе загрижени за овие икони во светот на мачките.

Тој рече: „Често се изненадувам дека некако очекуваме од Африка да го поднесе бремето на животот со навистина тешките услови... мене ми изгледа дека е тоа одговорност на светот. Ако лавовите исчезнат, тоа е одговорност на сите нас... тие се дел од сета наша историја“.

Истата загриженост ги покрена Роден слободно и другите движења за иницирање иставање на лавот од листата на „повредливи врсти“ и нивно ставање како загрозени врсти на листата во Законот за загрозени врсти, подигнувајќи ги на иста категорија како тигрите и снежните леопарди.

Ова е ситуација која пред 30 години изгледаше незамисливо.

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 7891011 14>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,172 секунди.