IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Мистерии и астрологија
  Активни теми Активни теми RSS - Петок 13
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Петок 13

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 45678>
Автор
Порака
stigma04 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Март.2010
Статус: Офлајн
Поени: 2661
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај stigma04 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Февруари.2011 во 15:15
На листата на најголемите стравови на луѓето во 21-от век, секако почесното прво место го зазема смртта. Во модерните времиња се јавува и страв од неуспех, кој што се наоѓа на високото второ место. Сепак од најстари времиња до денес, постои стравот од тринаесет како број, најчесто поради верувањата дека бројот 13 е баксузен. Ваквиот страв, иако за многумина неоснован, меѓу медицинските лица е попознат како параскаведекатриафобија и е мошне широко распространет меѓу луѓето.

Бројот 13 одамна се сметал за баксузен, особено ако доаѓа во комбинација со денот петок. Во паганските обичаи петок како ден се сметал за најсреќен во неделата, бидејќи со него владеела планетата Венера, планетата на љубовта и среќата. Но за христијаните, денот петок и не бил така среќен, земајќи предвид дека Адам и Ева го изеле забранетото овошје во петок и дека Исус Христос бил распнат на крст токму во петок. Поради овие причини, со векови морнарите одбивале да отпловат во петок, се до почетокот на 20-тиот век, кога се утврдило дека во петок има најмалку сообраќај, па од практични причини граѓаните почнале често да патуваат токму тогаш. И пред да речете „Фала му на Бога, петок е“, мислејќи на почетокот на викендот и на будењето подоцна наредниот ден, имајте предвид дека истражувањата на ФБИ велат дека токму најголемите кражби се случуваат во петок.

Додека барем за младите делот петок од баксузната комбинација петок 13-ти ги асоцира на убави моменти, тринаесетката останува да „боде очи“. Стравот од овој број произлегува од способноста на луѓето во стари времиња да бројат до 12. Од 13 па понатаму броевите имаат имиња кои се автентични, но во исто време претставуваат комбинација меѓу имињата на броевите од 1 до 12. Размислувањата одат до таму што бројот 13 во тарот картите означува смрт. Несреќниот број 13 се поврзува и со симболичното месење 13 леба, присутно во минатото, кога 12 леба претставувале дузина, а 13-тиот леб се правел за ѓаволот да не ја попречува продажбата на лебот.

Сепак бројот 13 не носи секаде лоша среќа. Маите верувале во 13 богови, Ацтеките по 13 скали доаѓале до нивните свети места, а Евреите зборуваат за 13 принципи на вера. Но од сеуште нејасни причини, луѓето се суеверни и одбегнуваат на петок 13-ти да патуваат или да донесуваат важни одлуки, мислејќи дека така ќе ги следи лоша среќа.
—————
Јас не сметам дека е баксуз, туку на тоа повеќе влијае уверувањето на луѓето дека нешто лошо ќе им се случи. Ако такво нешто се случи, веднаш му се препишува на датумот.
Jas sum pepel tamu kade sto bev ogan
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Февруари.2011 во 11:44

Зошто Петок 13 се смета за баксузен ден?

 

Многу луѓе веруваат дека Петок 13 е баксузен ден, дека 13-от кат на зграда е несреќен, или општо земено, дека бројот 13 е баксузен. Речиси никој не ја знае точната причина за ова, но постојат повеќе разумни објасненија.

Првото е е суеверието од Тајната Вечера. Присутни биле 13 луѓе на вечерата, вклучувајќи го Исус Христос, и Јуда се мислело дека е тринаесеттиот гостин.

Во некои антички Европски религии, постоеле 12 добри богови и еден зол бог; злиот бог бил наречен 13-тиот бог. И средбата на вештерките, наречена "sabbath" (празник), морално било да присуствуваат најмалку 13 вештерки.

Петок исто така се зема во предвид за баксузен ден, најверојатно поради тоа што Исус умрел во петок. Штом и петок и бројот 13 се сметаат за несреќни, тогаш најнесреќниот ден од сите е Петок 13

Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Февруари.2011 во 14:43
Kon nabroenoto treba da se dodade i onoa so Templarite za koe nekoi lugje smetaat deka e prichina shto vo Evropa petok trinaesetti se smeta za baksuzen.

Imeno, na petok 13, 1307 godina, francuskiot car Filip IV se obide da gi zarobi site templari vo Francija otuzhuvajkji deka plukale i gazele na Hristoiot krst, deka vrz nego pravele homoseksualni orgii, kako i drugi gnasni nemoralni raboti. Rabotata bilo shto ovoj car so vreme stanal prezadolzhen kaj tempalrite poradi pozajmuvanje pari za vodenjeto vojni protiv Anglija i ne bil povekje vo mozhnost nitu da vrakja i nuti da pozajmuva.

Akcijata ja imal prigotveno moshne dobro i taa bila dosta uspeshna. Povekjeto templari bile fateni i egzekutirani i samo eden pomal broj uspeal da se spasi begajkji so brodovi za Amerika.


P.S. Vekje ima edna tema otvoreno za Petok 13, pa ne znam zoshto se otvara ushte edna? Moderatorot treba da gi razgleda i da reshi dali da gi ostavi vaka ili da gi spoi.

Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
Majkl Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3019
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Majkl Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Март.2011 во 17:21
Датава ме буни...
Originally posted by Messenger Messenger напиша:

Imeno, na petok 13, 1307 godina,...

... i samo eden pomal broj uspeal da se spasi begajkji so brodovi za Amerika.
Па зарем тогаш веќе знаеле дека можат да пловат за Америка безбедно? Ја така знам дека тој континент 1492 год. го откриваат европјаните...
Додуша викинзите со совите скандинавски хеви метал бендови имале турнеја до Канада уште во 11 век али немало доволно публика па се вратиле.

Изменето од Majkl - 02.Март.2011 во 17:22
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Март.2011 во 19:41
Neka ne te buni oficijalnata istorija tolku mnogu.

Koga posle nekoe vreme templarite reshija da se vratat od Amerika vo Britanija, na domorodcite (so koi ostvarija i neguvaa odlichni vrski) im rekoa deka vo idnina kje dojdat ushte takvi beli lugje so bradi kako niv.

Zatoa, koga dojde Kolumbo ovie go dochekaa so najvisoki pochesti, smetajkji deka toj gi predvodi onie koi im bea togash veteni.

Istorijata treba odnovo da se napishi... ako voopshto nekogash se napishi.






Изменето од Messenger - 02.Март.2011 во 19:46
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
Majkl Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3019
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Majkl Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Март.2011 во 00:23
Originally posted by Messenger Messenger напиша:

Neka ne te buni oficijalnata istorija tolku mnogu.

Koga posle nekoe vreme templarite reshija da se vratat od Amerika vo Britanija, na domorodcite (so koi ostvarija i neguvaa odlichni vrski) im rekoa deka vo idnina kje dojdat ushte takvi beli lugje so bradi kako niv.

Zatoa, koga dojde Kolumbo ovie go dochekaa so najvisoki pochesti, smetajkji deka toj gi predvodi onie koi im bea togash veteni.

Istorijata treba odnovo da se napishi... ako voopshto nekogash se napishi.
Вака кажано веќе звучи поинаку. Ова не сум го знаел. Значи постои легенда дека тие уште околу 1307 заминале таму, можеби и не е само легенда можеби е така навистина. Тоа би менувало некои работи.
Инаку од каде овој податок конкретно?

Изменето од Majkl - 03.Март.2011 во 00:23
Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Март.2011 во 16:34
Originally posted by Messenger Messenger напиша:

Neka ne te buni oficijalnata istorija tolku mnogu.

Koga posle nekoe vreme templarite reshija da se vratat od Amerika vo Britanija, na domorodcite (so koi ostvarija i neguvaa odlichni vrski) im rekoa deka vo idnina kje dojdat ushte takvi beli lugje so bradi kako niv.

Zatoa, koga dojde Kolumbo ovie go dochekaa so najvisoki pochesti, smetajkji deka toj gi predvodi onie koi im bea togash veteni.

Istorijata treba odnovo da se napishi... ako voopshto nekogash se napishi.



Messenger, постот многу ме заинтересира. Дали би можел да споделиш и нешто повеќе со нас во однос на ова прашање. Јас колку што знам, Темпларите, една ноќ, откако веќе почнале прогоните избегале во Англијасо цел од своите парични средства.

А во однос на Колумбо, не знаев дека така сметале за него. Знам дека за Кортез сметале дека е некое нивно божество кое треба да ги избави од војните, ама за Колумбо, ако можеш, сподели нешто, би било интересно сите да слушнеме, или прочитаме.
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Март.2011 во 05:40
Utroto na petok 13, 1307 godina, kralot Filip iV vo odlichno organiiranata akcija zarobi okolu 15.000 templari.

No ne uspea da gi fati site... ne se znae tochno kako, no edna dobra grupa od niv doznala na vreme shto se podgotvuva i vecherta uspeala so brodovi da isplovi od Francija.

Treba da se znae deka akcijata od strana na franciskiot kral beshe vo dogovor so Papata. Poradi toa tamplarite koi izbegaa so brodovite ne bea sigurni so koi drzhavi Papata napravil dogovor za nivno lishuvanje od sloboda. Od onoa shto do togash im bilo poznato, znaele deka Shkotska i Portugal im se nakoloneti i najverojatno s'e ushte prijatelski raspolozheni.


E sega, togash nemalo telefoni i internet konekcii, pa neshtata trebalo da gi reshat bukvalno na pamet... a pametot velel deka posigurno za nivnoto opstojuvanje e da se podelat i ednite da otplovat za Shkotska, a drugite za Partugal otkolku zaedno da odat na isto mesto.

Onie koi stignale vo Shkotska naishle na privremeno sigurno pribezhishte, no drugitre ne mozhele da bidat sigurni na bilo kakov podolg termin bidejki rakata na Papata togash lesno dopirala do Shpanija i Portugal. Zatoa tie se stokmile so potrebshtini i ne znaejkji za sudbinata na drugata grupa, poagjaat na dolg i neizvesen pat za Amerika, edinstvenoto mesto koe im garantiralo sigurnost.

Vtorata grupa koja bila na Britanskite ostrovi bila pod zashtita nekoe vreme, no i tuka sostojbata stanala nepovolna bidejki Papata uspeal da izvrshi dovolno silen pritisok za da bidat i tamu progonuvani..

Eden del od niv se fateni, macheni i egzekutirani, a drugiot del se sokrieni i izbegani vo Amerika.


Vo sekoj sluchaj, koga uslovite se podobruvaat tie povtorno se vrakjaat na Britanskite ostrovi i edno vreme najverojatno patuvaat megju kontinentite. Vo Amerika se dvizhat od severnite delovi (Nova Scotia) do jugot na Kuba i Meksiko. Plemeto Micmac od Nova Scotia (Kanada) neguvalo legenda vo koja se zboruva za herojot so bela kozha narechen Glooscap koj dopatuval od istok preku okeanot.

Kako shto vekje spomnav, kaj indijancite na juzhniot del od Amerika postoela druga legenda vo koja visok bel chovek so brada im vetil na domorodnoto naselenie deka vo idnina kje dojdat drugi beli lugje so bradi kako nego. Tamoshnite indijanci go dochekaa Kolumbo kako eden od proreknatite lugje, isto onaka kako shto gi prechekaa i drugite koi dojdoa posle nego. Impresionirani od prvite templari koi pristignaa na nivnite teritorii kako prijateli, uchiteli i lugje so nesporedlivo pogolemo znaenje, tie site beli lugje gi smetaa kako bozhji sinovi ili bogovi. Tokmu zatoa shpancite uspeeja so shaka lugje bez golemi problemi da ograbat i porobat milioni indijanci.

Vo rok od 100-150 godini templarite postepeno ischeznaa i na scenata se pojavuvija slobodnite zidari, no vrskata so Amerika ostanuva nivna tajna s'e dodeka "oficijalno" ne e "otkriena" od Kolumbo.








Изменето од Messenger - 04.Март.2011 во 05:43
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
Majkl Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3019
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Majkl Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Март.2011 во 00:16
Сепак останува прашањето зошто се упатиле токму кон запад кога патувањето натака е осудено на пропаст? Во тоа време не се знаело за Америка. Дури се верувало дека по некое време патување кон запад се стигнува до бездна. Дали Темпларите имале сознанија дека не е така?

Колумбо тргнал на запад сакајќи меѓудругото да докаже дека Земјата е кружна па пловел кон исток или кон запад исто ќе се фати на крај ќе стигнеш во Индија. Тој кога пристигнал, и самиот бил во заблуда дека стигнал на источниот дел од Индија. Затоа и ги нарекол индијанците така.

Изменето од Majkl - 05.Март.2011 во 00:17
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Март.2011 во 01:03
Pa ne bilo tokmu taka...

Za prvoto, deka na krajot ima bezdna, toa bilo veruvanje od mnogu damneshni vreminja koe se provlekuvalo niz neukiot narod kako shto shto i den denes se provlekuvaat nekoi urbani legendi.

Ako za vremeto na Kolumbo se znaelo deka Zemjata e trkalezna (a toa soznanie poteknuva ushte mnogu poodamna od antichki vreminja), togash sekako deka odredeni krugovi znale mnogu dobro shto se naogjalo na zapad.

Ushte od vremetto pred Isusovoto ragjanje Nazarenite znaele za postoenjeto na zemja na taa strana na svetot koja bila markirana so zvezda na neboto koja ja narekuvale Merika. Francuskite templari ja narekuvale "la Merika", no so vreme toa "laMerika" vo sekojdnevniot govor se poednostavilo vo Amerika.

Imeto Amerika prethodi na legendata za pozjamuvanje na imeto od Amerigo Vespuchi mnogu porano od "oficijalnoto" otkrivanjeto na ovoj kontinent.

I koga sme vekje tamu, vo sushtina Kolumbo poagja vo "otkrivanje" na Amerika ZNAEJKJI (izuchuvajkji gi starite dokumenti i mapi od Vatikanskata Biblioteka za chie koristenje ima dobieno dozvola od Papata Innocent VIII, a mozhebi i samiot bil templar) deka taa postoi, no shpanskata kralica ne mozhel da ja ubedi da go finansira toa negovo skapo patuvanje na osnova na "rekla-kazala".

Zatoa ja ubedil deka odi da go otkrie pokusiot pat do Indija.







Изменето од Messenger - 05.Март.2011 во 01:14
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Март.2011 во 01:59
Messenger, да знаеш дека кога ќе се погледнат деталите, се вклопуваат и има логика ова што го пишуваш.

Впрочем, доволно е човек само да се замисли како можело да се знае уште во антиката, за што сведочат и писанијата на Аристотел кој тогаш задолжително се изучувал на сите универзитети, а и во средниот век, луѓето, барем учените, изучувајки го сето тоа, морале да знаат земјата е округла, а сигурно наеднаш тие векови не доживувале колективна амнезија, па наеднаш да заборават.

А во прилог на тоа, доволно е да се спомене дека Католичката Црква го прифатила геоцентричниот систем на Птоломеј, според кој, земјата не е никаква плочка и не отстапувала од тоа.

Навистина, после ова, човек ќе се посомнева во автентичноста на официјалната историја.

Вакви детали менуваат цела слика. Очигледно потребно е повеќе истражување.


Единствено нема да се сложам дека Кортез со малку народ успеа да ги уништи Ацтеките. Тој донел доволно војска, но се потпрел на легендите дека е некое очекувано ацтечко божество, па потпирајќи се на својата итрина и политички манипулации, ги ограбил жителите, а кога веќе сфатиле и се побуниле некои од владетелските кругови, ги масакрирал истите, оставајќи го само збунетиот и немоќен владетел, кој не успеал да го убеди да му се придружи. Впрочем, благодарение на своите сплетки и моќ, Кортез дури и имал несогласувања со шпанскиот двор.

Изменето од Македон - 05.Март.2011 во 02:03
Кон врв
Calipso Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Primarius

Регистриран: 26.Мај.2009
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 44671
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Calipso Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Мај.2011 во 20:35
Среќен петок 13-ти


Мај е единствениот месец во 2011-та година кој има петок 13-ти, ама затоа 2012-та, годината кога светот ќе биде уништен (барем според Маите) има дури 3.

13 примери за страв од петок 13-ти
1. Болниците и хотелите обично немаат соба со број 13
2. Во многу градови нема улица или булевар со број 13
3. Ако збирот од буквите на твоето име и презиме е 13, ти ја имаш среќата на Ѓаволот
4. Многу аеродроми ја прескокнуваат 13-та порта
5. Авионите немаат 13-ти ред
6. Италијаните го испуштаат бројот 13 од државната лотарија
7. Повеќе од 80% од облакодерите немаат 13-ти спрат

8. На улиците во Фиренца, куќите помеѓу броевите 12 и 14 добиваат адреса со број 12 ипол
9. При бесење, обично има 13 јазли на јамката а 13 скали водат до моментот на смртта
10. Во Франција постојат луѓе наречени Четиринаесетки, кои секогаш се на располагање да бидат 14-от гостин на вечерите
11.Многумина велат дека мисијата на месечината на Аполо 13 била неуспешна токму заради бројката
12. 13-та Тарот карта е картата на Смртта, на која го има Косачот
13. Некои велат дека главен виновник за стравот од 13-та е Хамурабиевиот законик, во кој е испуштен законот со реден број 13
На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент:
Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker!
Кон врв
dejanpp Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 30.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 893
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај dejanpp Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Мај.2011 во 20:41
na petok 13 lujdzeto resile da gi zapisuvaat nesrejkite no ako bi izbrale i nekoj drug datum da gi zapisat nesrejkite ke vidite deka ima mnogu postrasni i ponesrejkni denovi pa i brojki.inaku da znaete vo petok 13 tajnite sluzbi mozat slobodno da ubivaat i da ne treba nisto da maskiraat zasto lujdzeto ednostavno veruvaat deka umreno ima nekoj od baksuzniot den.pa ottuka sleduva deka so seto pravo plasetese   na petok 13 no samo ako ne ste lice na vlasta.
Кон врв
IvaMk Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член
Лик (аватар)

Регистриран: 17.Октомври.2011
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 8
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај IvaMk Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Октомври.2011 во 01:02
Историјата ја пишуваат победниците. А во тој период најголемата моќ ја имала Католичката црква. Темпларите се само жртва на Црквата.
Многу веројатно е дека сеуште живееме во заблуда токму поради Католичката црква. Но, тоа е долга тема, би било добро доколку некој отвори тема за тоа што пронашле темпларите по што црквата морала итно да ги елиминира. Има многу за дискутирање..

Originally posted by Македон Македон напиша:

Messenger, да знаеш дека кога ќе се погледнат деталите, се вклопуваат и има логика ова што го пишуваш.

Навистина, после ова, човек ќе се посомнева во автентичноста на официјалната историја.

.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 45678>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,219 секунди.