|
Животни - општа дискусија |
Внеси реплика | страница <1 7891011 14> |
Автор | ||||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Од што им се расипуваат забите на слоновите?
Поминувајќи го поголемиот дел од денот јадејќи лисја, кора и плодови на дрвјата и грмушките, слоновите се тревопасни животни и тие исто така може да јадат треви и билки. Варејќи околу половина од она што го јадат, слоновите се прочистувачи во дивината, а се знае дека сакаат тикви и лубеници во изобилство. А секогаш кога има можност да добијат, исто така сакаат и разни видови на слатки. За жал, слоновите се подложни на расипување на забите, па добра работа е тоа што нема многу храна која ја одбираат во дивината која содржи шеќери. Дури и без премногу шеќер во нивната исхрана, слоновите страдаат од губење на природни заби во староста, па често се случува слоновите да не можат да јадат, што резултира со глад. Ова природно губење на забите има предизвикано проблеми од суштинско значење за многу зоолошките градини ширум светот кои се борат со посетителите да не им делат храна на слоновите, со што ќе бидат сигурни дека животните ќе добијат добра и урамнотежена исхрана.
|
||||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Воспаление на усната празнина кај мачките Оралната улцерација и хроничниот улцеративен парадентален стоматит се еден вид заболување на усната празнина кај мачките. Оваа болест предизвикува болни чиреви на непцата и мукозната обвивка на усната празнина. Причината за оваа состојба е детерминирана како хиперсензитивен имун одговор на бактериите и наслојките на забната површина. Понекогаш знаците на оваа болест се јавуваат по чистењето на забниот камен, кога овој материјал ќе се ослободи во устата. Мачките со оваа состојба имаат тенденција да развијат лимфоцитен плазмацитен стоматит, што е исклучително тешко заболување на устата. Тоа е екстремно болна состојба и влијае на нормалните активности на мачката. Индицирано е со светлоцрвени непца и уста, крвавење од непцата и јасно изразена болка при изведување на која било активност со устата. Симптомите се пројавуваат со: лош здив, отечени непца, воспаление на фарингсот, воспаленија на внатрешната страна на образите, густа плунка, лигавење, болка, губење на апетитот и друго. Причините можат да бидат различни: метаболички, дефицит на состојки во исхраната; неопластични, како сквамозек карцином; имунолошки, инфективни, каде што како причинители се јавуваат ретровируси, калцивируси, херпес вируси, леукемија вирус инфекција, имунодефициентна вирусна инфекција. Покрај горенаведените, останатите причини може да бидат трауматски, хемиски. Поставувањето дијагноза започнува со темелна историја на здравствената состојба на мачката и почетокот на појавувањето на симптомите. По деталниот преглед на усната празнина, ветеринарот ги одредува состојбата и степенот на заболувањето. Од особено значење е вакциналниот картон на миленикот, бидејќи одредени болести можат да се спречат само со навремена и успешна вакцинација. Исходот од ова заболување зависи, пред сè, од причината. Одредени вирусни причинители се, по правило, смртоносни. Меѓутоа, ова заболување може да трае долго и со грижа околу забите и устата на мачката, сопственикот може да $ овозможи квалитетен живот. |
||||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Кој навистина е главен во џунглата: лавот или лавицата?Можеби лавот се нарекува крал на животните, но дури и тој ја наведнува главата кога лавицата има нешто да каже. На интересните фотографии се гледа како лав плашливо ја наведнува главата додека лавицата предупредувачки рикнува над него. Причината за таквата реакција на лавицата е што лавот во текот на игра со нивното лавче, го превртел малечкото на земја. На фотографиите снимени во зоолошката градина во Вашингтон се гледа како малото лавче најпрво ја гризе опашката на својот татко за да го привлече неговото внимание. Лавот Лук и неговата ќерка ЛусакаПотоа лавот се вклучува во играта и започнува да го брка лавчето, брзо го стигнува и продолжува да си игра со него. Нивната игра била прекината од лавицата која заштитнички скокнала во одбрана на своето малечко. Изгледа како да сака да му каже на лавот: „Не биди толку груб со детето!“. |
||||
*moon*
Сениор Регистриран: 27.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7657 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
merak mi e malku so ova da se setam :-D
|
||||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Изменето од емил - 09.Февруари.2011 во 06:32 |
||||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Прериските кучиња сакаат бакнување пред публика
Прериските кучиња што живеат во заробеништво се бакнуваат и милуваат уште повеќе кога посетителите во зоолошката градина ги гледаат, открија научниците. Истражувачкиот тим проучуваше 25 прериски кучиња со црни опашки во зоолошката градина во Сент Луис, САД. Тие велат дека нивните откритија ќе им помогнат и на другите научници кои го проучуваат однесувањето на животните да ги разликуваат ефектите кај нив кога некој ги гледа и нивното "нормално" однесување. Адам Елтораи од универзитетот "Вашингтон" во Сент Луис кој беше водач на истражувањето, заедно со неговите колеги го набљудуваше однесувањето на прериските кучиња во текот на летото и ги бележеше случувањата. Истовремени научниците го бележеа и бројот на посетители на нивното живеалиште. "Во голем број ситуации прериските кучиња реагираа сосема исто како и луѓето во ситуација кога знаеја дека некој ги гледа", вели доктор Елтораи. Животинчињата уживаа во вниманието. Колку повеќе се зголемуваше бројот на посетители, возрасните единки се опуштаа и не внимаваа толку на потенцијални закани околу нив. "Кога ги гледаа повеќе луѓе, возрасните прериски кучиња уште повеќе си искажуваа нежности, повеќе се бакнуваа и се галеа, а помалку се тепаа", вели тој. "Меѓутоа младенчињата беа повознемирени и понервозни кога имаше поголема публика, повеќе се тепаа и помалку се бакнуваа". |
||||
BellaGrandma
Сениор Game over Регистриран: 10.Јуни.2010 Статус: Офлајн Поени: 20029 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Најдобар бакнеж според National Geographic |
||||
Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
|
||||
Renatax
Сениор Регистриран: 27.Декември.2008 Статус: Офлајн Поени: 11613 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Најдобар?
Ова срнчево како со усисивач да се бакнува. |
||||
Мирно движи се низ галамата и хаосот, секогаш имајќи на ум каков мир постои во тишината.
|
||||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Пајак вампир се храни од смрдливи нозе
Вид пајак-скокач од Источна Африка го привлекува мирисот на човечки стапала, што посмрдливи, тоа подобро, и може да помогне во борбата против маларија, вели група научници од Нов Зеланд. Истражувачите од универзитетот Кантербери користеле износени чорапи за да откријат дали "пајакот-вампир" кој се храни со комарци кои пренесуваат маларија, го привлекува реата на смрдливи стапала, објави новинската агенција од Нов Зеланд. Фиона Крос и Роберт Џексон го проучуваа овој вид пајак во источна Кенија. Пајакот се храни со комарците Анпопхелес гамбиае кои исто така ги привлекуваат телесните мириси на човекот. "Честопати ги гледаме овие пајаци во нашите домови", вели Крос. "Кога ги користевме овие пајаци во други експерименти тие се однесуваа многу посмирено во наша близина во споредба со другите пајаци-скокачи кои ги тестиравме". "Бидејќи знаевме дека пленот на овој вид пајак го привлекува човечкиот мирис, решивме да испитаме дали истиот мирис е подеднакво привлечен и за пајакот. Не беше многу тешко бидејќи користењето засмрдени чорапи во експериментот беше брз и погоден начин за откривање дали пајаците ги привлекува телесната миризба на човекот". Откритијата на Крос и Џексон беа објавени на Интернет страната на списанието "Бајолоџи летерс" и двајцата истражувачи велат дека ова може да помогне во справувањето со маларијата. Овој вид пајак би можел да биде корисен во борбата против маларијата ако се охрабрат луѓето да ги остават пајаците да им живеат по дома |
||||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Зошто лавот се смета за крал на животнитеЛавот сигурно е најпознат член на семејтвото мачки, и мажјакот најверојатно е познат како „Крал на Животните“ по неговиот величенствен изглед и грива. Возрасен мажјак е единствениот член на фамилијата мачки кој има грива, долга коса на вратот и главата што го прави да изгледа кралски. |
||||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
|
||||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Слоновите брзо учат Слоновите брзо учат да соработуваат при решавање проблеми, велат истражувачите во најновото издание на Трудови од Националната академија на науки. Овие џиновски цицачи се комплексни социјални суштества, објаснува главниот истражувач Џошуа М. Плотник."Им помагаат на другите кога имаат проблем", вели тој. "Се чини дека се емотивно поврзани меѓу себе на некој начин, па нормално е да се очекува некакво ниво на соработка". Меѓутоа, додава тој, "бев изненаден колку брзо учат". Слоновите сфаќаат подеднакво брзо како и шимпанзата, издигнувајќи се на високото ниво на големите мајмуни, делфините и гавраните, вели Плотник кој работи во одделот за експериментална психологија при универзитетот "Кембриџ" во Велика Британија. Тестирањата кои беа спроведени во Тајланд вклучуваа награди во вид на храна ставени на платформа поставена на земјата, врзана со јаже, а слоновите се наоѓаат зад ограда. За да дојдат до храната слоновите требаше да ги влечат двата краеви на јажето и истовремено да ја повлечат платформата под оградата. Ако повлече само на едната страна, ќе добие само јаже. Биле тестирани шест пара слонови 40 пати во текот на два дена и секој од паровите сфатил што треба да направи, успешно изведувајќи најмалку осум од последните десет обиди. Потоа научниците пробале да ги пуштаат слоновите еден по еден во зоната за тестирање, при што требало да се причекуваат по 45 секунди. Слоновите за брзо време научиле да ги причекуваат партнерите, со стапка на успешност меѓу 88 и 97 отсто за различни парови на вториот ден од тестирањето. |
||||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Сопствениците на кучиња живеат поздраво
Па нели знаете дека тие се најдобрите пријатели на луѓето! Американскиот истражувачки центар објави дека луѓето кои чуваат кучиња и истите ги шетаат или посветуваат време за да си играат со нив се во подобро здравје од луѓето кои немаат домашен миленик. Со оглед на тоа дека ретко кој во денешно време има некоја физичка активност реален е фактот дека оние кои чуваат кучиња сакале или не мораат да посветат време да ги прошетаат барем на кратко. Тоа кратко е доволно за да имаат поголема физичка активност од останатите луѓе. Дали сега размислувате да почнете да чувате некое куче? |
||||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Лавовите живеат подобро ако се покрај речни сливови
Четириесет и петгодишна студија за лавовите во Танзанија откри дека стадата кои имаат најдобар успех во размножувањето имаат територии блиску до речни устија. Бројот на лавовите во светот во моментов изнесува помеѓу 25.000 и 40.000. „Открив дека истражувањето на лавовите е помалку возбудливо отколку што очекував - часови и часови здодевност од време на време размрдани од уште подлабока здодевност, чекајќи мрзеливите ѕверови да направат нешто“, рече тој. Истражувајќи ја еволуцијата на социјалната структура на лавовите во такви детали, Пакер и неговиот тим мораа поблиску да се загледаат во многуте теории за овој животен стил за кој се зборува многу години наназад, како што е заедничкото ловење, заедничкото одгледување малечки и одбраната на младите од надворешни напади. Териториите се центрирани во области каде реките се спојуваат, во устија, што на лавовите кои живеат таму им дава предност. Територијата беше толку добра што не беше неопходно за индивидуалниот успех на размножување лавовите да бидат дел од стадото, додека пак структурата на стадото создаваше предност во бранење на територијата од натрапниците. |
||||
Внеси реплика | страница <1 7891011 14> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |