IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Технологија > Интернет
  Активни теми Активни теми RSS - Видеата на YouTube
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Видеата на YouTube

 Внеси реплика Внеси реплика
Автор
Порака
TheHacker Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
I see you!

Регистриран: 07.Јули.2010
Статус: Офлајн
Поени: 155
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај TheHacker Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Видеата на YouTube
    Испратена: 15.Јули.2010 во 11:55
Има повеќе сајтови на кои можете да гледате и да поставувате видеа, но има причина зошто YouTube е најпопуларен таков сервис. Покрај екстремно големата база на корисници, постојат и многу алатки на располагање кои одат заедно со овој видео сервис. Еве неколку од нив.


ListenToYouTube


Доколку сте заинтересирани само за аудиото на некое YouTube видео и сакате брзо да го рипувате, тоа можете да го направите преку ListenToYouTube. Внесете го URL-то на видеото од кое сакате да го преземете звукот или песната и потоа можете да ги даунлоадирате на вашиот компјутер како MP3 фајл.

Направете си рингтон

Со MadRingtones можете брзо и лесно да направите рингтонови од YouTube видеа: го внесувате URL-то од видеото или MP3 фајлот и потоа кликате на Load. Можете да одредите кога ќе биде почетокот/крајот на тонот и потоа да го даунлоадирате на вашиот компјутер како MP3, AMR, OGG или M4R фајл.


Исечете го само интересниот дел

Сакате да го покажете некому само делот од видеото кога започнува вистинската акција да речеме од 3-та минута и 22 секунда? Се што треба да направите е да додадете #t=03m22s (#t=XXmYYs, XX се минутите, а YY секундите) на крајот од URL-то од видеото. Или можете истото да го направите на TubeChop и Splicd. И двете веб страници овозможуваат преку внесеното URL на видеото да го задржите само делот кој ве интересира, а останатото да го исечете. Потоа можете да го поставите „исеченото“ видео на вашиот блог/веб страница или да го споделите со пријателите.


Видео аларм


Ова е едноставен онлајн аларм кој ве разбудува со YouTube видео по ваш избор. Наместете го времето и изберете го видеото кое го сакате. Не е потребно регистрирање.


Додадете превод

Ако некогаш посакате да додадете превод на некое видео на YouTube тоа можете да го направите преку веб сервисот Subyo. Пред да започнете ќе треба да се регистрирате и да отворите сметка. Следното нешто е да го внесете URL-то во одреденото поле и да кликнете на „Add Subtitles“. Видеото ќе се аплоадира во Subyo едиторот каде можете да започнете да го додавате преводот.


Направете ремикс


Со помош на YtDub можете да правите измиксате едно видео со аудиото на некое друго видео од YouTube. Функционира едноставно, само внесете го ID-то на видеото кое сакате да го миксате и од видеото чие аудио ќе го искористите како позадина, кликнете „Dubbo“ и ќе добиете линк кон вашиот ремикс.


Како да преземате видеа од YouTube


YouTube им дозволува на своите корисници да поставуваат и да споделуваат видеа, меѓутоа не нуди и начин за нивно преземање. Меѓутоа, постојат многу други сервиси кои го овозможуваат тоа. Еве неколку од наједноставните за користење.

Add a Kiss - ако го додадете зборот „kiss“ на URL-то на видеото кое сакате да го преземете, ќе бидете пренасочени кон веб страница каде можете да го направите тоа. На пр. доколку URL-то е http://www.youtube.com/watch?v=dMH0bHeiRNg заменете го со http://www.kissyoutube.com/watch?v=dMH0bHeiRNg. Кога ќе кликнете ентер ќе бидете пренасочени на веб страницата каде ќе можете да го преземете во .flv формат или да го конвертирате во некој друг формат.

На YouTube Catcher доволно е само да го внесете линкот и да го преземете видеото, а на истиот принцип функционираат и Keepvid.com и Tube Leecher кои се многу едноставни за користење. За повеќе начини како да преземате YouTube видеа погледнете тука.

Изменето од TheHacker - 15.Јули.2010 во 11:55
Кон врв
mila90 Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 15.Февруари.2011
Статус: Офлајн
Поени: 1
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mila90 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Февруари.2011 во 12:16
А како да ја ја dowloadiram таа програмата за сметнување на видеата од youtube се отепав во барање и се некој грешни линкови ми излегуваат ве молам за помош
Кон врв
K1nm23 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 16.Јануари.2011
Статус: Офлајн
Поени: 808
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај K1nm23 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Февруари.2011 во 23:25
realplayer....simni si.....
Кон врв
Anja1989 Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 14.Јули.2011
Статус: Офлајн
Поени: 18
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Anja1989 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Јули.2011 во 18:08
м
Кон врв
Anja1989 Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 14.Јули.2011
Статус: Офлајн
Поени: 18
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Anja1989 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Јули.2011 во 18:09
незнам дали му е тука местото на моето прашање ..но сепак , доколку некој знае ке ве замолам да ми кажете.
После колку време се брои гледаноста на you tube видео кога е постирано на некоја друга страна или социјлна мрежа?
Дали веднаш или сепак треба да помине некое време за пренос на податоци ?
Кон врв
op12eh Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 17.Април.2011
Статус: Офлајн
Поени: 242
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај op12eh Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Јули.2011 во 18:18
vednas....
Кон врв
Anja1989 Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 14.Јули.2011
Статус: Офлајн
Поени: 18
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Anja1989 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Јули.2011 во 18:28
хмммммм.. сигурно ?
Имам поставено видео на Фејсбук , на кое имам повеке од 100 like и над 50 коментари во врска со истото видео , а сепак на You tube имам само 20 прегледи ...исто како и пред да го поставам на Фб:(
Кон врв
op12eh Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 17.Април.2011
Статус: Офлајн
Поени: 242
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај op12eh Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Јули.2011 во 17:34
Originally posted by Anja1989 Anja1989 напиша:

хмммммм.. сигурно ?
Имам поставено видео на Фејсбук , на кое имам повеке од 100 like и над 50 коментари во врска со истото видео , а сепак на You tube имам само 20 прегледи ...исто како и пред да го поставам на Фб:(


Е па тогаш што не прашуваш кога знаеш..........
Кон врв
Орка Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 30.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 44580
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Орка Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Март.2013 во 21:38
Интересно за youtubе на голем дел од видеата достапен и превод на македонски (иако не совршен)
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,267 секунди.