|
Знаеме ли што прават нашите деца? |
Внеси реплика | страница <1 3456> |
Автор | |
Tiggy Vicious
Сениор Consume. Be silent. Die. Регистриран: 27.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 6238 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Па види сега, малку е комплицирано.
Јас во 21, и тој во 21, ама сака да ме смести во 19ти. |
|
What the hell is going on?
-The cruelest dream, reality |
|
zamislena
Сениор Регистриран: 03.Јануари.2010 Статус: Офлајн Поени: 14566 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Новата студија изработена од Универзитетот во Хаифа покажа дека се зголемува опасноста од развој на пореметување во исхраната, како што се анорексијата и булимијата кај тинејџерките, кои се премногу врзани за социјалната мрежа Фејсбук.
Авторите на студијата ги советуваат родителите да ги надгледуваат децата при користењето на интернетот, со цел да се намали овој ризик.
Професорите Јаел Лецер, Рут Кац и Зохар Спивак од Факултетот за социјална помош и здравствени науки истражиле два фактори, кои имаат врска со пореметувањето во исхраната на примерок од 248 девојчиња на возраст од 12 до 18 години - изложеноста на медиумите и личниот фактор. Истражувано е влијанието на гледањето телевизија, читањето списанија и користењето на интернет врз девојчињата.
Истражувачите открија дека постои директна врска меѓу времето кое девојчињата го минуваат на Фејсбук и бројот на пореметувањата во исхраната.
Колку повеќе време поминуваат на оваа социјална мрежа, толку е поголема опасноста да боледуваат од булимија, бидејќи стануваат незадоволни од својот изглед и почнуваат диети за да ослабат.
Авторите наведуваат дека постојаната поврзаност со Фејсбук промовира еднострано фокусирање на изгледот, навиките и однесувањето..........
|
|
Assailant
Нов член O_o Регистриран: 10.Февруари.2011 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 8 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Sepak mozat do tolku da im tekne deka ne e vo red toa
|
|
What is this, i don't even..
|
|
volkswagen
Модератор Знам, комшивка ми е! Регистриран: 18.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 4820 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Малце поозбилно одколку истражувањата на самоназначен амерички научник.... Чупенца од по 14-15 години , уште недооформени ги истопориле градите и полу-голи се шетаат.... добро само бе чоек... кај е пропустов... во нас помладите или во тие од дома што му пуштаат преголема слобода...
стварно се вадам од контакт.... на 14 почнуваат да пушат со изговор „да се смирам малце“ (од јаките нервози ), на 15 такви полуголи ги гледам каде што ги носат ѕивра пијани од кафич до такси , одвај одат децата, на 16 ти глуми калуѓерка , као демек се кае за тоа што било... деца, што разбирале... а ја знајш дека се мота со пола град... на 17 веќе е длабоко навлезена и неможе да си ги преброи шемачите... заминува со еден в чаршија, со друг седи в кафич , со трет си оди дома.... на 18 веќе не е дете и не спаѓа во оваа тема... сепак... до 17 години кога ги побила сите правила на нормално однесување, што и останува понатаму??? За машките е малку поинаку (мнозинството што ги познавам) ... до 16 нема женска фатено... тогаш прв пат фаќа женска и го убива еуфорија (ајде, фолки тапша, части и пијани ги носи до дома... јбг... разбирливо... битен чекор , особено со оглед на тоа што е забаен)... се колни дека цел живот ќе биди со неа и дека стално ќе ја сака... по една недела добива „ѕвонец“ и пак покиснат се пијанчи, ја отплакува.... уште 2-3 такви случки до 17 .... тогаш станува феноменално јак... мува се што ќе начека ( и грдо ,и глупо , и ќоро, и сакато... итд...). Па се фали и тој... со онаа се мував, со онаа се пував... што знам што праел, јаката работа - дрвел тапи пивски ... Го пропуштив моментот на трезнење со повраќање „ во слободен стил“ или „со два прста“, ама тоа е приказна за себе... Кој згрешил и каде...? Од 16 години немам нешто оригинално прочитано на нет... Сите фраери користат издупени фрази , сите издупени цури му враќаат уште поиздупени фрази.... се филмаат као „ е, не даам“ а само прашање на време е која кога на кого ќе му се преврти однопачке... Абе луѓе.... внимавајте малце на децата.... заборавија што е тоа вистински нешто да се сака, да се копнее по нешто и нешто да ти значи... Секој со секоја се имапоминато... Ретка работа е во овој свет тоа, ама бесценета за луѓе кои знаат за вистински вредности..... Во вакви услови чувството на љубов го нема, само на допаѓање Апелирам каде ќе стигнам, а од сите добивам само „“... Озбилна е работата... |
|
Tiggy Vicious
Сениор Consume. Be silent. Die. Регистриран: 27.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 6238 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Не би се сложила околу делот со машките.
Баш тие се оние што ги вртат и ги откачуваат. Фраери бе, па да! Не. Само идиоти. Незнам за тебе, ама јас мислам секоја девојка има право да прави ШТО САКА со КОГО САКА. Нејзина работа е дали на 14 години ќе има секс со 10тина, нејзина работа е и дали ќе се мува со двајца или тројца во една вечер и само нејзина работа и право е да оди кај сака и со кого сака. Сега, ниеден родител не сака “распуштена ќерка“ тоа е факт, ама за да си го не им го испрчат гзот пред лице вака еден ден, треба да им постават граници. „Абе луѓе.... внимавајте малце на децата.... заборавија што е тоа вистински нешто да се сака, да се копнее по нешто и нешто да ти значи... Секој со секоја се имапоминато... Ретка работа е во овој свет тоа, ама бесценета за луѓе кои знаат за вистински вредности..... Во вакви услови чувството на љубов го нема, само на допаѓање“ Побитно е да си јак фраер или јака... женска, п...а, риба... (!?) На кој му е гајле дали си заљубен? Битно е да се пофалиш дека си ја смувал (type name here) Дај те молам, си кажал ли ти некогаш: -Еј брат, ама ја сакам! Не. -Еј брат, да видиш шо сум и правел вчера. Ете тоа е. И после прашуваш зошто немало копнеж, љубов, глупости... Околу дрогата, алкохолот и цигарите.... избор на поединецот, ако има свест ќе свати дека не е океј. И да ви се пофалам, цигари немам чепнато долго време. Ете што бил лекот -фати си дечко непушач! П.С: Многу мразам долги постови. |
|
What the hell is going on?
-The cruelest dream, reality |
|
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Многу сакам долги постови... како погорните два |
|
volkswagen
Модератор Знам, комшивка ми е! Регистриран: 18.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 4820 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Слушај мало...
гледам дека само си го провртила тоа
што го пишував горе, не и прочитала.
Во
врска со машките имам пишано што се
случува, фала богу мислам, машко сум и
знам малку повеќе како одат работите
во „машкиот свет“. Епа видиш (без да ме молиш) , сум рекол , и сум се нервирал што грешно сум ги тумачел стварите на твои години и погрешно сум гледал. Сега тоа второто е веќе за во друга тема , ама еве само да спомнам: Никогаш не сум копнеел за да се пофалам на другар што сум правел со некое чупе. Ако нешто го правам , го правам исклучиво за моментот на уживање и задоволство , а не за стварите и статусот после тоа. Дали фалењето пред другарите што сме правеле со некоја лесна цура ќе го направи некого посреќен? Искрено ги сожалувам фаците што постојат само за да бидат спомнати во муабет....
Енивеј... Ти свати дека цигарите не се ок? Чисто рекреативно пушеше, нели? Ај одговори ми зошто почна да пушиш цигари (суштествената причина кажи ја) Свеста не се наметнува со тоа што мајката природа те ставила во човечко тело... А за да ја развиеш треба одговор од околината! Да ти откријам нешто.... повеќе од пола година не пушам и во план сум никогаш повеќе да не запалам.... Во прашање е цврста воља, не дечко непушач...
@ Анастеа: Сори што не
вратив на пораката веднаш ...на школо сум сеа, морав
да вратам само на постот од тиги пошто
многу ме изиритира... Изменето од volkswagen - 14.Февруари.2011 во 17:46 |
|
Tiggy Vicious
Сениор Consume. Be silent. Die. Регистриран: 27.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 6238 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Не ми е јасно зошто воопшто се замараш со деца од 14 години кои се рокаат со кој стигнат. Нивна работа -не твоја на крај краева.
И немој мене тие прикаски дека резимирам со детски очи. Пубертет е, стануваш свесен што се и како се некои работи. Едни ќе си најдат спас во “чудната“ музика и облекување, а други ќе се обидуваат да го заборават тоа и ставаат шминка, облакаат допичњаци и гајле немаат (или бар така се чини). И да, разгалени се. И тоа е пропус во родителството. А па, гајле ти е што прават, се додека имаш луѓе во кои имаш доверба и кои те сакаат и кои ги сакаш. Некогаш и јас помислувам, главно додека сум под туш: што е со луѓево? Посебно со девојките. Јас ли сум чудна или се тие изреметени? И доаѓам до една константација дека не е ни битно. И цигарите не се битни. А и да е битно, што би можел да направиш ти? Или јас? Да билдаме постови без никаква цел. Него онака... колку да пројадам бурек, да промрчам нешто... Ај сеа поздрав. |
|
What the hell is going on?
-The cruelest dream, reality |
|
Glenn
Сениор Тата-Мата Регистриран: 14.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 3166 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Moram samo da kazam deka site istoto go pravele na tie godini pa i roditelite nasi, a sega se i necivi babi i dedovci so taa razlika sto sega starosnata granica e pomestena i pogolem e stepenot na tolerancija.
Od 60 i nekoja godina navaka site bile ili hipici ili diskovci pa se treskale na razno-razni raboti, a radodajki i fraerista ne izostanuvale i togas i pred 20 i pred 30,40 god.
Moze nemalo napliv tolkav i lesen pristap do drogite, a i starcite bile postrogi ama site na tie godini samo edna misla gi tera.
Bitno e da ne zabegas skroz bez razlika sto pravis ama na site koga-togas im doagja od gazot vo glavata.
|
|
Beauty fades, dumb is forever
|
|
volkswagen
Модератор Знам, комшивка ми е! Регистриран: 18.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 4820 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Тиги, ова го пишуваш само за да „промрчиш нешто“?
Пубертет е ... стануваш ЗБУНЕТ за некои работи.... само што ти сега си во топ фаза на пубертетот и уште ти е чудно кога читаш вакви работи.... 15 и 16 се најнезгодни години за трезвено размислување... Ако не е битно воопшто , тогаш пак идам на мојата теза дека во земјава само се лечиме од последици, никако да се соочиме со ствариве што се сега и овде, само со тоа што било... Поставив неколку прашања во погорниот пост, не добив одговор... На твои деца ти ќе му дозволиш такви глупости на 14 - 15 години? Што му останува понатаму и кај е здравиот разум на заедницава? До каде ќе се поместува границата и до кај ќе оди незаинтересираноста на родителите? Јас МОЖАМ да направам доволно за тие што ми се во близина да не испаднат „орјаци“... Постовите ги пишувам само колку да резимириам се што имам на ум , да си разбистрам мисли и да видам дали постои некој што ме поддржува во тоа нешто (надвор од мојава околина)... стварно... извини, али чудно ми е како ги ледаш ствариве.... „ќе си најдат спас“ од што бре спас ? Од турско ропство??? Од Панде Чесноска или од Пинк Пантер? Што ги мачи бре толку? „И немој мене тие прикаски дека резимирам со детски очи.“ „И цигарите не се битни. “ неосновани ти се ствариве и .... ИМА ФАКТ ШТО ГО НОСИ ОВА? Изменето од volkswagen - 15.Февруари.2011 во 12:38 |
|
Anarchy
Сениор Фатенко Регистриран: 19.Март.2009 Статус: Офлајн Поени: 6676 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Многу бе, уште од нецели 18 години, знаат какви ќе им бидат децата/
|
|
Tiggy Vicious
Сениор Consume. Be silent. Die. Регистриран: 27.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 6238 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Тошо Малерот.
Па да... |
|
What the hell is going on?
-The cruelest dream, reality |
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Опивање со помош на ТАМПОНИ????
тоа го имав читано во нашата преса и стварно се чудам од каде им текнуваат такви глупости на децата!!!
|
|
zamislena
Сениор Регистриран: 03.Јануари.2010 Статус: Офлајн Поени: 14566 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
........................
Фатен малолетник - сторител на 19 кражби во СкопјеСкопската полиција уапси 16- годишно момче, сторител на 19 тешки кражби, три кривични дела – “тешка кражба во обид“, како и две “дрски кражби“. Според полицијата во петокот околу 12 часот по извршена тешка кражба, во стан на булеварот “Илинден“ осомничениот А.О. е фатен со украден лап-топ компјутер и бил приведен во просториите на полициската станица Центар. Во обавениот разговор, малолетникот признал дека од март годинава па се до неговото приведување извршил повеќе тешки кражби во станови, дуќани и одземање на велосипеди како и дрски кражби. Полицијата го сомничи за три тешки кражби во обид во станови на улицата “Народен Фронт“ (влегол во становите но не украл ништо); потоа девет тешки кражби во станови, од кои четири стана на улицата “Народен Фронт“, останатите во станови на улиците “Виктор Иго“, “Коце Металец“, “Страшо Пинџур“, “Васил Ѓоргов“, како и во еден стан на булеварот “Илинден“; три тешки кражби – украдени велосипеди на подрачје од Центар; четири тешки кражби во дуќани, од кои една во мобилара на улица “Водњанска“, една во аптека на “Зегин“ лоцирана кај пазарот во Бутел како и две тешки кражби во колонијални продавници кај ГТЦ-Скопје; и две дрски кражби - една извршена во населбата Радишани и една извршена во населбата Чаир. Малолетникот А.О. по станови оперирал сам, вратите ги отварал насилно со употреба на сила и погоден предмет - штравцигер кој е пронајден кај него, а при кражбите од становите земал пари, злато како и техничка стока но најчесто мета на кражбите му биле пронаоѓње на лап-топ компјутери, фотоапарати, камери и мобилни телефони. |
|
Внеси реплика | страница <1 3456> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |