|
Пропаѓа мултикултуриниот концепт во Европа |
Внеси реплика | страница 12> |
Автор | ||||||||||||||
kultuzin
Сениор Регистриран: 03.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4903 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 12.Февруари.2011 во 18:23 |
|||||||||||||
МЕРКЕЛ И КАМЕРОН ПРИЗНАА, НА САРКОЗИ МУ Е РЕДОТ
Во изјавите на Ангела Меркел и на Дејвид Камерон дека пропаднал мултикултурниот концепт, по кој различните луѓе требаше да живеат среќно еден крај друг, сега им се придружи и францускиот претседател Никола Саркози, според кого ако доаѓаш во Франција ја прифаќаш националната заедница или не си добредојден. “Мојот одговор е да, пропадна. Секако дека сите ние мора да ги почитуваме разликите, но не сакаме... општество каде што заедници коегзистираат рамо до рамо. Ако си во Франција прифаќаш да се `стопиш` во единствена заедница, во националната заедница, а ако не сакаш да го прифатиш тоа, не може да си добредојден во државата. Француската национална заедница не може да прифати промени во сопствениот стил на живеење,“ одговорил Саркози на прашањето за мултикултурата. Во телевизиско интервју претседателот на Франција забележал и дека постоела голема загриженост за идентитетот на луѓето кои пристигнувале во државата, а не се водело доволно грижа за идентитетот на земјата која што ги примала патниците. Претходно месецов на темата се огласи и британскиот премиер Дејвид Камерон, кој предложи напуштање на пасивната толеранција и примена на далеку поактивен либерализам, нагласувајќи дека доктрината на мултикултура само ги раздвојува луѓето и создава изолирани заедници кои се однесуваат спротивно од суштинските британски вредности. "За заштита од екстремизмот, на Кралството му треба посилен национален идентитет," порача Камерон на безбедносна конференција во Минхен. Во октомври минатата година и германската канцеларка Ангела Меркел, во сличен тон оцени дека мултикултурниот концепт комплетно пропаднал. "Мулти - култи концептот кој претпоставуваше дека различни луѓе среќно ќе живеат едни покрај други не успеа и обидите Германија да изгради мултикултурно општество целосно пропаднаа", констатираше тогаш Меркел. Со слични оценки се произнесоа и поранешните премиери на Австралија и на Шпанија, Џон Хауард и Хозе Мариа Азнар. Последна промена: 12.02.2011 # http://on.net.mk/default-MK.asp?ItemID=58D2BE61AF662643B01A501E0A5AA080 |
||||||||||||||
Polaris
Сениор Регистриран: 04.Октомври.2007 Локација: Turkey Статус: Офлајн Поени: 1514 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||
BRAVO, super tema, ajde sega da se prepukuvame..
|
||||||||||||||
Hayatta kimseye güvenme! çünkü beyaz gülün gölgesi bile siyahtır.
|
||||||||||||||
kultuzin
Сениор Регистриран: 03.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4903 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||
Тие што ќе се препукуваат и ќе спамуват (нешто во стилот на твојот пост) ќе бидат бришани.Форумот не е за препукување туку за дискутирање и тоа по можност конструктивно дискутирање.
|
||||||||||||||
Polaris
Сениор Регистриран: 04.Октомври.2007 Локација: Turkey Статус: Офлајн Поени: 1514 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||
taka e.... Изменето од Polaris - 13.Февруари.2011 во 02:28 |
||||||||||||||
Hayatta kimseye güvenme! çünkü beyaz gülün gölgesi bile siyahtır.
|
||||||||||||||
DragancoLeskoec
Сениор Регистриран: 01.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 984 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||
Со оглед на состојбата во неговата земја, Саркози прв треба да признај.
|
||||||||||||||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||
A da gi spomeneme SAD i Kanada vo koi od momentot na nivnite osnovanja tie de facto bile i ostanale multikulturni drzhavi ?
Kako kaj niv multikuturata raboti bez "propagjanje"? Problemot voopshto ne e do nikakvo "propaganje" na multikulturata, tuku do neshto sosem drugo. |
||||||||||||||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||||||||||||||
Zeksi71
Сениор Регистриран: 18.Ноември.2009 Статус: Офлајн Поени: 2391 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||
kaltuzin,
Ne e rabotata vo toa sto nekakov si samonarecen multikulturalizam propagja. Toj nikogas i ne postoel. Premnogu razlika ima medju narodite a najnaglasena e razlikata medju hristijanite i muslimanite. Zapadot napravi pogresna procenka koga pocna da im dozvoluva na muslimanite od bivsite kolonii da doagjaat vo zap. evropa. Mislese deka ke gi iscivilizira, da gi okulturi, ako im dade skoluvanje i sl. a i mu trebaa rabotnici, da mijat ulici, klozeti, gradjevina itn... Koga vidoa i posle nekolku generacii deka od toa nema fajde, pocnaa poleka da gi stegaat uzdite, ovie pak drugite pocnaa da se osekjaat zagrozeni i da se buntuvaat. I sega evropa ima problem i ne znae kako da go resi a ke mora da go resi sto pobrgu za da ne bide kasno. |
||||||||||||||
"Када је неко глуп не можеш му то ни доказати" Душко Радовиќ
|
||||||||||||||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||
Прво, не си во право дека од основањето на САД и Канада мултикултурализмот бил мошне развиен. За тоа говорат и конфликите меѓу Англичаните и Французите, а и во САД нештата не беа различни во однос на Индијанците. Мултикултурализмот подоцна се разви. САД и Канада не биле и не се национални држави на еден народ, погледнато од аспект на европските национални држави, па како такви не може да се споредат со европските држави. Историскиот развикот на европските и американските држави е мошне различен, па затоа и не може да стане збор за споредба. |
||||||||||||||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||
Istorijski idejata za sozdavanje na SAD pochnuva da egzistira so proglasuvanje na teritorijalnata nezavisnost od Britanija vo 1776 godina posle koja sledi amerikanskata revolucija, za da na krajot pravno da se konstituira kako Soedineti Drzhavi na Amerika na 17 Septemvri 1787 godina. Spored toa, koga rekov deka SAD ushte od pochetokot bea konstituirani kako multikulturna drzhava ne pogreshiv. Toa shto go velish za konfliktite so indijancite, francuzite i anglichanite beshe pred toa. Samo kolku za tvoja informacija, odlukata da se usvoi angliskiot jazik kako drzhaven se dobi so samo eden glas povekje od predlogot toa da bide germanskiot. Od momentot na konstituiranjeto na SAD taa pretstavuva multikulturna drzhava vo koja zhiveeja rasi, nacionalnosti i veri od cel svet. Inaku, ako ne se lazham, nie govorime za toa dali mozhe da opstane multikulturen koncept. Jas velam deka mozhe i primeri za toa se SAD i Kanada, a osven niv, oficijalni multikulturni drzhavi isto taka se i Avstralija, Rusija, Indija, Filipini, Indonezija i Malezija. Znachi ne se postavuva prashanje okolu izdrhanosta na konceptot kako forma na egzistencija na edna drzhava, tuku problemot lezhi vo neshto sosem drugo, a toa e nedozvoluvanjeto takaviot koncept da zazhivee vo drzhavite koi se posochuvaat vo naslovot na temata. I problemot lezhi tokmu tamu, kako shto vprochem i ti go nagovesti vo tvojata replika. |
||||||||||||||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||||||||||||||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||
Одлично си го објаснил, во куси црти, создавањето на САД, иако не си во право во однос на конфликтите со Индијанците. Конфликтите со Индијанците се случиле по создавањето на САД, односно по 1787 година. Иако САД декларативно се конституирани како мултикултурна држава, тоа не значи дека не запреле прогоните врз Индијанците. Многу добро знаеш дека војната против Мексико, како и политиката за преселувања на Индијанците, која се случувала по 1830 година, а која согласно дејствијата кои биле преземани може да се нарече и геноцид. И сето тоа се случуваше во мултикултурен САД, а не во британските колонии. За ропството, сегрегацијата на црнците и да не говорам, познати ни се одлично тие нешта. Во Европа идејата за мултикултурализам може да се разбере единствено од аспект на доделување права на малцинствата во државите каде што живеат, затоа што европските нации, за разлика од американската нација, не претставуваат чиста политичка творба, туку творба, која најчесто се идентификува со поимот народ и етницитет. Покрај етницитетот, во Европа, тие народи имаат своја долгогодишна историја и безмалку униформна култура, која е истотака симбол на државата. Во САД тоа го нема. И исто особено важно е што во Европа долги периоди доминирал империјализмот, а во САД не. Сето тоа создало антагонизам меѓу народите, особено оние лишени од национални држави. И секако, војните кои постојано се воделе. Во однос на европските држави, проблем не е недозволувањето истиот да заживее, туку недозволувањето нацијата да се претвори во нешто што е и американската нација, односно истата да стане политичка, без постоење на белегот на доминантниот народ. Тоа е и сосема нормално, особено ако се знае дека во речиси сите држави постојат доминантни народи, па и религии. Не може да очекуваме промена на сиот систем и поредок во католичка држава како што е Италија, поради тоа што има емигранти кои дошле во Италија за подобар живот. Тие, за разлика од САД, каде создале свој систем, се сретнуваат со постоечки, кој како таков мора да го прифатат, затоа што доминантниот народ тоа го прифатил неколку векови пред тоа. Не може емигрант од Авганистан, кој ужива бенефиции во Германија, да се обидува да ја наметне својата култура на сета околина. Тој сепак е дојденец. Не може ниту да одбегнува да го говори германскиот јазик, или да настојува неговиот јазик да биде службен. Речиси секој народ во Европа ужива културна или национална автономија, или пак има национална држава, па затоа и нема потреба од котел за мешање, каков што е САД. |
||||||||||||||
Polaris
Сениор Регистриран: 04.Октомври.2007 Локација: Turkey Статус: Офлајн Поени: 1514 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||
E pa zaradi toa vaka im se desi .... Тежок пораз на партијата на Меркел
Христијанско-демократската унија (ЦДУ) на германската канцеларка Ангела Меркел доживеа тежок пораз на вчерашните избори во Хамбург. Партијата на Меркел освои само 21,9 отсто од гласовите, што е двојно помалку во споредба со минатите парламентарни избори во овој град-покраина. Со Хамбург во следниот мандат ќе владее Социјалдемократската партија (СПД), која освои 48,3 отсто од гласовите. „Меркел во сенка на СПД“ или „На Меркел и се заканува нова дебата во ЦДУ околу к*рсот на партијата“ се само некои од првичните коментари во денешниот германски печат. Медиумите се согласуваат дека Меркел доживеа тежок пораз во „супер изборната година“ во која ќе се гласа во уште седум германски покраини“. Според аналитичарите изборите во Хамбург
можат да го одредат текот на понатамошните покраински избори, но се исто
така важни затоа што влијаат врз односот на силите во горниот дом на
германскиот парламент, кој го сочинуваат претставници на 16 германски
покраини. evo i za Sarkozi,da ve potsetam samo vo 2010 ta godina sto go najde.. Партијата на Саркози изгуби на избори Партијата на францускиот претседател Никола Саркози претрпе тежок пораз на регионалните избори.
Речиси сите гласови се изброени во вториот круг и јасно е дека опозициските Социјалисти и нивните сојузници обезбедиле 54% додека десничарскиот Сојуз на народни движења на Саркози освои 36%. Премиерот Франсоа Фијон го призна поразот и успехот на левицата, а се очекува денеска да понуди оставка. Сепак, се очекува Саркози да не ја прифати оставката на Фијон бидејќи и неговите рејтинзи на популарноста се мошне ниски. Со вакви резултати, УМП ја држи контролата над само еден од вкупно 22 области во Франција, и тоа Алзас на истокот од земјата. Дописникот на БиБиСи од Париз јавува дека ова е јасен показател оти Французите се лути на владата околу високата невработеност и бавното стопанство. Регионалните избори се последен значаен тест пред претседателските избори во 2012. http://www.time.mk/read/24c2fd7cea/dfaed66fdb/index.htmlИзменето од Polaris - 21.Февруари.2011 во 21:35 |
||||||||||||||
Hayatta kimseye güvenme! çünkü beyaz gülün gölgesi bile siyahtır.
|
||||||||||||||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||
Изгубија на изборите не поради тоа што се против мултикултурализмот, туку пред се поради економските параметри. Всушност, Меркел и ен изгуби. Со самото тоа што е против влезот на Туција во ЕУ, Меркел има сеуште одлична положба. Саркози е друга приказна. Нему нештата одамна му излегоа од контрола.
|
||||||||||||||
Polaris
Сениор Регистриран: 04.Октомври.2007 Локација: Turkey Статус: Офлајн Поени: 1514 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||
Znam deka ne izgubija zaradi multikulturizmot, ama edno bese jasno,deka turcite vo Germanija ne glasaa za Merkel, mozebi ne igra tolku golema uloga turskite glasovi,ama sepak turcite se 4 milijoni vo Germanija ,a bogami 4 milijoni glasovi ne se malku i ne e za potcenuvanje.. Isto bese i vo Francija,mnogu afrikanski muslimani ne glasaa za Sarkozi.. |
||||||||||||||
Hayatta kimseye güvenme! çünkü beyaz gülün gölgesi bile siyahtır.
|
||||||||||||||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||
Можеби четири милиони Турци не гласаа за неа, ама затоа пак, двојно повеќе Германци гласаа токму поради таквата нејзина политика и односот кон проширувањето на ЕУ. Во Франција и самите Французи се против Саркози. Неговиот рејтинг го допре дното. Сите бевме сведоци на тоа како нештата му излегуваа од контрола. |
||||||||||||||
Внеси реплика | страница 12> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |