IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Политика и вести
  Активни теми Активни теми RSS - Кој креира кризи и ја дестабилизира Македонија?
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Кој креира кризи и ја дестабилизира Македонија?

 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 4>
Автор
Порака
Persej7 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 21.Октомври.2010
Статус: Офлајн
Поени: 254
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Persej7 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Кој креира кризи и ја дестабилизира Македонија?
    Испратена: 10.Февруари.2011 во 17:18
Кој и зошто ги предизвикува политичките кризи?

Секој набљудувач на македонската политичка сцена во изминативе две децении многу лесно може да ја забележи закономерната појава на т.н. политички, односно институционални кризи. Иако политиката не е космички феномен детерминиран со познати физички закони, во Македонија кризирањето е предвидлива појава, која може да се пресмета до децимала. Оваа во која актери беа Рамковски и неговите „деца“ во А1 ја следевме на ист начин на кој се следи формирањето ураган или бура, а особено во контекст на настаните што ја очекуваат државата: дваесетгодишниот јубилеј како независна држава, пописот и судскиот процес во Хаг, сврзан со прекршувањето на Привремената спогодба. Подолго време се бараше повод.

На изведувачот на кризата му требаше критична маса, оти криза не е криза ако нема кризна завршница. И затоа се бараше повод за таа да почне и потоа да се пумпа. Овој пат како повод беше искористена контролата на институциите на фирмите, чиј сопственик не плаќал со години данок и ги кршел сите возможни закони, користејќи ги како лична гарда трите печатени и еден електронски медиум. Ова што денес го нарекуваме криза и го преокупира јавното внимание, не се ни реформите, ни проблемите што ги засегаат граѓаните, не се ни статусот, угледот и кредибилноста на институциите. Ова е своевидно огледало во кое на дваесетгодишнината од постоењето видовме како македонската држава, под притисок на Вашингтон и на Брисел, уште еднаш капитулираше пред криминалот и бандитизмот.

Се соочивме со фактот дека Македонија нема политичка елита, која е доволно мотивирана и одлучна да ја истранзитира државата од криминално дувло во правна и демократска држава. Нам, како на граѓани, пратена ни е пораката дека со Македонија не раководи легално избрана власт, туку грст гангстери и американскиот амбасадор. Тие недвосмислено ни кажаа дека за џабе ни се и реформи и исполнување на строгите европски услови за прием, зашто на крајот Македонците не се предвидени да успеат да создадат своја демократска, самоодржлива и правна држава. Затоа воопшто не е неочекувано што жителите на оваа држава, наместо славенички чувства, во анкетите во јубилејната година ја изразуваат својата разочараност од „државотворниот“ капацитет на своите елити, незадоволство од квалитетот и функционалноста на институциите и страв за иднината. Верата му помага на човекот да се ослободи од стравовите. Политиката го стимулира стравот за да го држи човека во ропство. Сега ние ја загубивме верата во правната држава и надежта дека кога било ќе биде поинаку. Македонија е новиот див Запад.

Последната фингирана криза нé исправа пред прашањето - кој ги креира овие собитија, кој ги организира и во чија изведба се тие. И секако со каква цел.

Овој пат нема ние да ви го сервираме заклучокот. Врз основа на изнесените податоци, заклучокот донесете си го самите. Ние само ќе ве поканиме да се качите на времепловот и на патувањето низ нашата транзиција да си го освежите сеќавањето на она низ што минавме, а кое ни се нуди и како сегашност и како блиска иднина доколку сега колективно не ја земеме одговорноста за нашата судбина. Нема веќе поправен!

КОЈ ВЛАДЕЕ СО МАКЕДОНИЈА?

Во изминативе две децении ВМРО-ДПМНЕ четирипати легитимно победува на демократски парламентарни избори. Тоа се 1990, 1998, 2006 и 2008 година. Легитимно добива мандат за состав на влада и реализација на сопствената политичка програма. Но, интересно, четирипати победникот на избори не успева да го реализира докрај регуларно добиениот мандат. Напротив, редовно му „се случува СДСМ“.

- Во 1990 година на избори победува новоформираната партија ВМРО-ДПМНЕ. Со нејзината победа се официјализира народната волја, која никој однатре, а уште помалку однадвор, дотогаш не ја есапеше. Сценаристите на распадот на СФРЈ, како и домашните протагонисти, воопшто не мислеа дека безгласниот и кроток македонски народ копнеел по своја независна држава. Тие мислеле дека 20 век бил доволен за трајно асимилирање и збришување на македонскиот народ. Мислеле дека времето било доволно да се одгледа и воспита политичка и интелектуална елита, која нема национален идентитет што може да ги искомплицира балканските востановени состојби. Оттаму, „факторите“ се најдоа непријатно затечени од референдумскиот резултат и победата на анонимната ВМРО-ДПМНЕ. Затечено беше дури и раководството на победничката партија, кое не знаеше што треба да прави. И така, неподготвеното водство, кое во дотогашниот систем било маргинализирано, надвор од главните политички текови, не успева да испреговара коалиција, а многу е веројатно дека и немало волја да ја преземе одговорноста за раководење со државата.

Љупчо Георгиевски во моментот кога ги дозна резултатите на акредитираните новинари во прес-центарот во Собранието искрено им признава дека „не очекувал победа“. Како и да е, вмровците лесно и без борба им го предадоа својот мандат на искусните „преобразени“ комунисти. Тие го избраа првиот претседател на државата, тие ја измислија вонуставната функција потпретседател на претседателот, која му беше дадена на Георгиевски, колку да не е без ич, тие ја составија владата со 50:50 министерски квоти. По нецели две години плурален фингерај, обезвластената ВМРО-ДПМНЕ самоиницијативно премина во опозиција. Брзо потоа, „експертската“, всушност, коалициска влада беше соборена по барање на СКМ-ПДП. Мандатот го доби Петар Гошев, но откако и тој беше принуден да се откаже, со партиски преврат и многу дворски игри, целокупната власт ја зеде Бранко Црвенковски. И така, тој првпат стана премиер без избори, а неговата партија, иако изборно поразена, стана владејачка.

Во такви нелегитимни околности во 1993 година се случи приемот на Македонија во ООН со референца наместо име, се случија без јавна расправа или политички консензус промената на државното знаме и измените во Уставот, со кои Македонија се откажува од грижата и постоењето на македонското малцинство во соседните држави, отворајќи ги ширум портите за докажување на тезата дека македонскиот народ е производ на комунистички инженеринг.

Во 1994 година СДСМ на чело со Црвенковски самостојно организираше и изведе избори. Тогаш првпат слушнавме за гласање по моделот „бугарски воз“ и за контингенти од албански фиктивни гласови. Подземјето беше вклучено во креирањето демократска изборна атмосфера, а полицијата, освен со шверц, се занимаваше со компромитација и со застрашување на опозицијата. Не и беше тешко, зашто ВМРО вриеше од индивидуи со нарушен идентитет, инсталирана агентура и кафеански патриоти. Победата на СДСМ му беше загарантирана. Особено зашто на тие избори граѓаните не одлучуваа, ами судиите во ДИК. ВМРО-ДПМНЕ и ДП на Гошев ги бојкотираа институциите и заминаа во вонпарламентарна опозиција. Од ситуацијата никој не се потресе. Европа и САД не се притресуваа многу зашто им одговараше „комуњарите“ да ги држат уздите на овој џомбаст терен, кои се покажаа како темелно национално обезличени, а загреани за првобитна акумулација на капиталот.

Во тоа благопријатно време на плурализам без опозиција, со санкции кон СРЈ и економска блокада кон Македонија, во земјата процутија организираниот шверц и криминал. Македонија стана светски извозник на нафта, бакар, злато, цигари. Владата на СДСМ ги удри темелите на криминалната држава и го озакони организираниот криминал. Тогаш се донесе клучниот закон по кој подоцна се изведе славната приватизација. Беше декриминализирана злоупотребата на службената положба, поради што македонската општествена сопственост од претходниот систем „во еден чекор“ се претвори во приватна. Така, работничката класа прекуноќ се претвори во безгласна, закрепостена раја, без правна и законска заштита. Новите капиталисти, помогнати од политичката левица, бескрупулозно им ги грабаа акциите и ги оставија без работни места. Немаше суд пред кој да се жалат зашто во функција на новиот криминален поредок беше извршен и генерален реизбор на судиите. Тие требаше да го исполнуваат само критериумот да не ги бидува ни за чистачи и да и бидат лојални на партијата што ги воздигнала. Во тој политички амбиент се случија ТАТ и други пирамидални штедилници. До крајот на тој мандат се случи и атентат на шефот на државата, а последователно се потпиша и Привремената спогодба. Тие настани „случајно“ се совпаднаа со времето кога се подготвуваше Дејтонскиот мировен договор, а Македонија изгледа за малку го промаши моментот со што не стана составен дел од комплицираното дејтонско сценарио.

Интересно е дека сиот попис на настани што ги споменавме, не беа доволни за кој било да го употреби зборот криза. Напротив! Опозицијата си дремеше вонинституционално, собираше потписи за референдум за предвремени избори, се повикуваше на Уставот, но никој однадвор или однатре немаше чувство дека нешто е тотално наопаку.

КРИЗЕН ДИЗАЈН

Во 1998 година ВМРО-ДПМНЕ пак победи на избори. Овој пат фактичките властодршци не сакаа да ризикуваат со народот како во 1990 година и на Георгиевски за изборите му беше прикачен набрзина наменски формиран субјект Демократска алтернатива.

Георгиевски, кој си умислува дека е историска личност, а не обична марионета во рацете на тајните служби, кои вешто ја искористија неговата алчност по пари, неговата харизматична необичност во комбинација со неговиот нарушен идентитет, не ни сфати дека како „њу Љупчо“ што го промовираа Американците, доби строго одредена улога во новиот фингерај. Но Црвенковски тоа добро го знаеше и кротко чекаше вмровците да ја завршат валканата работа за тој да се врати како спасител, со помош на истите Американци. Македонија на 7 декември 1998 година во Брисел беше деградирана од држава во територија со неопределен статус. И тоа не било случајно. Во 1999 година експлодираше „спонтаната“ косовска криза.

Македонија беше преплавена од бегалци. Доби 13 отсто ново население. Во Белград веќе отворено се подготвуваше сценариото во 10 точки за поделба на Косово, при што во игра влезе и територијата на Македонија. Оживеа планот на Милошевиќ и на Мицотакис за меѓусебно раскусурување преку Македонија. Во такви околности, Тупурковски решава да ја напушти Владата, а опозицијата го одржа најголемиот митинг на кој бараше оставка од Георгиевски. По тоа, поточно по 2000 година, кога се одржаа локалните избори, Црвенковски, заедно со Тупурковски и со Стојменов, го изведе трикот со новото парламентарно мнозинство со намера без избори да ја преземе власта. Сценариото не се оствари само зашто Амди Бајрам го обелодени и Георгиевски во последен момент го спречи. Дури по тој неуспех, Црвенковски се реши да си најде вистински повод кој ќе го доведе до власт. Го изведе трикот со прислушувањето на кој наседнавме сите што бевме избрани за жртви, а кои требаше да му помогнат во манипулацијата. Како и да е, овој изрежиран скандал беше преттекст за настаните што следуваа. Беше тоа 2001 година. Се подготвуваше „војната“ во Македонија, а СДСМ успеа повторно да упадне во мандатот на ВМРО-ДПМНЕ, станувајќи коалициски партнер во Владата за божемно национално единство. Како и во 1990 година, беше узурпиран мандатот и преземана власта уште пред да се случат изборите. Тогаш кога нам ни се случи ОНА со изобилна помош на НАТО и особено САД, Вашингтон го аранжираше Кумановскиот договор. Нашиот рамковен или Охридски договор дојде како анекс на тој договор. Последица од ваквиот исход е темелно преуредената Македонија, на која со една фингерајка и пет потписи и се одземени и победата од Втората светска војна и правото на македонскиот народ како дел од антифашистичката коалиција да создаде своја држава. СДСМ се враќа на власт како спасител, а Црвенковски како национален победник, што е краен историски цинизам. И пак на Македонија и се случуваат морбидни настани. Се изведува етничка територијална поделба, се опструира и се фалсификува референдумот. Народот е понижен. Кога е Црвенковски на власт, гине (и) вториот претседател на државата (со целиот негов кабинет минус еден кој неколку месеци подоцна добива главна улога како шеф на ДИК во фингерајот наречен избори). Годината беше изборна, а ќе се избираше шеф на државата. Трајковски баш згодно го одбра времето за да загине. Црвенковски потоа, само вшета од едниот во другиот извршен кабинет за да си ја потполни збирката од врвни функции. Груевски како американизиран идеалист се закануваше со „псефалоџисти за рикаунтинг“ на изборните ливчиња. Кормиларот умираше од смеење. Додека тој кормилареше со државата, му кризираше партијата, што е загарантиран резултат кога тој ќе ги земе работите во свои раце. Но партиската криза не се одрази на државата. Напротив, СДСМ смени три премиери и три партиски лидерства, а мандатот му беше стабилен.

- Низ криза минуваше и ВМРО-ДПМНЕ, но со новоизбраниот лидер оваа партија на изборите во 2006 година излезе тотално реформирана, подмладена, со прецизна програма. И победи. Арно ама, тоа не беше гаранција дека ќе истера цел мандат. Црвенковски од државничката фотелја на нацијата и честиташе Нова година со злокобно ликувачка порака: „Сакам да го видам тој маж што на народот ќе му соопшти дека му го сменил името“. Ете затоа Груевски бил избран за нов вмровски лидер! Политички дунстер, кој требал да заврши валкана работа! За таков го сметале.

Кога тој сериозно отстапи од „планот“, ни се случи нова криза. Опозицијата воведе нов „демократски модел“ по кој во унитарна држава со единствени избори, има двајца етнички победници, кои мораат да коалицираат. Сé додека тоа не се случи, Македонија беше во политичка и во институционална криза. Во 2008-та, два месеца пред самитот на НАТО во Бук*решт, СДСМ го активираше истото сценарио за преземање на власта преку парламентарен преврат. Го прогласи превентивно Груевски за предавник што го продал името уште пред да почне самитот. Но и за кочничар на евроатлантските интеграции поради националистичката непопустливост. Го обвини и за тоа дека тој ги влошил меѓуетничките односи. Настана прекуноќ владина криза. Излегоа од коалицијата ДПА, ЛП и НСДП.

Сепак, Груевски не е Георгиевски и договара со Ахмети распишување на вонредни избори и постизборна коалиција. СДСМ е затечен од оваа „непринципиелна коалиција“, па вели дека времето не било за избори. Изборите сепак се случија, ВМРО победи уште поубедливо. Но ни двотретинското мнозинство ни бројката од 63 мандати не му обезбедија нормален мандат. СДСМ го прогласи Ахмети за слуга на Груевски, а легалната влада за нелегитимна диктаторска власт. Следуваа секакви обвиненија, меѓу кои и за антиквизација и за гушење на медиумската слобода. Сега, лидерот на СДСМ во својот ултиматум навел предуслови и услови: бара да бидат суспендирани државните институции, државата да биде третирана како меѓународен протекторат, оти тој загубил верба во институциите. Бара странски фактор да удри на масата. Бара странци да му фингираат избори. Бара на тие избори Филип Рикер да му гарантира дека тој ќе биде победник, ако не и уставна категорија, бара народот да не се меша во политиката, а криминалот да се третира како претприемаштво. Бара сé, а за возврат тој „успешно“ ќе го затвори македонското прашање.

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=21011811428&id=9&setIzdanie=22203


.

Изменето од Анастеа - 13.Февруари.2011 во 02:44
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Февруари.2011 во 18:57
Wow! Kakov komentar...

Ne zhiveev vo Makedonija za ona vreme koe se spomnuva i priznavam deka ne gi sledev zbidnuvanjata kako shto mozhebi trebashe... zatoa ne mozham da tvrdam deka komentarov ja prezentira vistinskata sostojba, no spored onoa kolku shto mi e poznato mnogu neshta vo nego se opishani onaka kako shto bea...

Uveren sum deka ovoj tekst kje predizvika reakcii kaj chlenovite.
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
marsovec Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 18.Април.2010
Статус: Офлајн
Поени: 3378
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај marsovec Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Февруари.2011 во 19:25
Nemame dovolen demokratski kapacitet, za da sozdademe demokratska drzava, zatoa i postojano imame nekakvi olesnuvachi...Pa nemame nitu demokratski partii...zoshto bi bilo poinaku vo drzavata...Pusto tursko, mora da se izbrishat traumite, koi se vgnezdile, kako chipiranje na poedinci i grupi....gooooolemiii...?газење%20од%20смеењеда
СЕ Е КОНЕЧНО САМО ГЛУПОСТА Е БЕСКОНЕЧНА - САМО КАЈ НАС
Кон врв
zabegan Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Другарот на Мона Лиза

Регистриран: 06.Април.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9774
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zabegan Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Февруари.2011 во 21:24
како тоа кој ги создавал, нели според многу луѓе немало кризи кај нас???
размисли пред да напишеш глупост
Кон врв
VaZoLjIN Кликни и види ги опциите
Група
Група
Лик (аватар)
господ

Регистриран: 29.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 55
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај VaZoLjIN Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Февруари.2011 во 05:10
Браво за Мирка.Одлично сумирано.Нека каже некој кој барем малце ја познава поновата Македонска историја дека има некоја лага во текстот на Мирка.
Кон врв
Генерал Митре Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
бадајалџија

Регистриран: 19.Ноември.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 646
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Генерал Митре Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Февруари.2011 во 09:19
Originally posted by VaZoLjIN VaZoLjIN напиша:

Браво за Мирка.Одлично сумирано.Нека каже некој кој барем малце ја познава поновата Македонска историја дека има некоја лага во текстот на Мирка.

Еве јас ке ти коментирам со една стара поговорка:
'рѓавом ***** длаке сметају!!!
Стално нас некој друг ни е крив.Те турци, те срби те американци те бугари те сороси те педери, те грци, те албанци те марсовци. Само ние самите не.
за Мирка имам само еден коментар. Чим со Миленко почнала да се дружи јасно ми е све.
Кон врв
aLkINOr Кликни и види ги опциите
Група
Група
Лик (аватар)

Регистриран: 16.Јануари.2011
Статус: Офлајн
Поени: 76
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај aLkINOr Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Февруари.2011 во 10:15
samo branke i sdmd gi napravija tija krizrinja vo nasta zalna makedonja i grujevki e najdobar i ke gi apci site os sds i kje ja isprava neprivdite
Кон врв
Gorazd777 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Октомври.2008
Локација: Евразија
Статус: Офлајн
Поени: 1584
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Gorazd777 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Февруари.2011 во 12:36
Originally posted by VaZoLjIN VaZoLjIN напиша:

Браво за Мирка.Одлично сумирано.Нека каже некој кој барем малце ја познава поновата Македонска историја дека има некоја лага во текстот на Мирка.


Не станува збор за лага,поготово тоа го знаеме ние современиците на настаните и такаречи ,кога ќе си споменам за некои работи... станува збор за тоа што прави авторката на оваа статија. Од една страна може да се рече така се гради историја со вистински факти,(со извесни премолчувања овде и за едната и за другата страна),кои малце се филуваат сега во полза на оној што владее.
Имено во политиката нема чисти,барем кај нас сеуште сме на највалканото ниво или како што че рече - политиката е ку.рва,па затоа и сегашните властодржци би рекол не се ништо подобро,само да видите како нивното владеење би го искоментирал некој аналитичар.
Но настрана се да не проширувам,само би рекол едно стратегијата во сето тоа владеење на сдсм со дедо киро беше како да се уништи ДПМНЕ-то во тие години,затоа што тие работеа со тајните служби на КОС и УДБА, и сведок сум на некои настани,и затоа протежираа кризи,но сегашното опстојување на Гвујо е, не само од некоја друга точка,или што би го сакал народот туку,ете се постигна тоа уништување,сега сликата на ДПМНЕ-то е изменета,некаде 70-80% е изменета структурата на таа партија,таму се членови од СДСМ,кои не се пронајдоаа во матичната партија и со врски,митоманија и насилно навлегоа ВО дпмне(тоа беше и целта на бранко).сега е полесно да се одвиваат одредени работи,да се владее со луѓе кои се аминџии и путиња,па така за да се надмине се че треба уште долги години, и тоа не е се ....
ВОЈНАТА Е МИР
СЛОБОДАТА Е РОПСТВО
НЕЗНАЕЊЕТО Е СИЛА
ОД ЗЕЛКА ТОРТА И ОД СЕЉАК ГРАЃАНИН НЕ БИДУВА
Кон врв
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Февруари.2011 во 12:56
Originally posted by Генерал Митре Генерал Митре напиша:

Чим со Миленко почнала да се дружи јасно ми е све.

А шо му фали на Миленконамигнување
Случајно некој да знае дали се смирија со Латас-оти еднаш партали се направија, ама сега се на иста линија?збунетост
Зошто ги примам со одредена резерва нејзините написи- па како и Латас во секој коментар се труди да ги вметне СДСМ и многу пати се губи смислата на кажаното. Не велам дека не треба да се критикува опозицијата-ама па во се да се стави ми наликува ко ОРИГАНО дури и во благ сутлијаш или во васина торта..
За мене е многу по прифатливо да не се критикува и никогаш да не се вели никогаш од едноставна причина што ПОЛИТИКАТА е к**ва и за да се опстане на власт неможното станува можно. Така видовме како Црвенковски “стана другар“ со Љубчо и со Љубе, Груевски прв другар со Ахмети. Работата отиде дотаму што вмровците повеќе го бранеа Ахмети и од самите дуевци.
Затоа новинарите нека си пишуваат, политичарите нека си се здружуваат, а ние ...ние можеби најарно е сеир да гледаме до оној момент додека не ни дојде нож до коска. Тогаш веќе е доцнаголема%20насмевка
Кон врв
Persej7 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 21.Октомври.2010
Статус: Офлајн
Поени: 254
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Persej7 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Февруари.2011 во 14:56
Учтиво ве молам да не ја разводнувате дискусијата со простачки коментари со оф топици за Миленко Неделковски.

Originally posted by Генерал Митре Генерал Митре напиша:

Стално нас некој друг ни е крив.Те турци, те срби те американци те бугари те сороси те педери, те грци, те албанци те марсовци. Само ние самите не.


Има суштествена разлика во насловувањето на терминот "нас".   Не на "нас" (македонскиот народ), туку на "вас" т.е. на СДСМ и на привезоците, секогаш друг ви е крив.

Дури и парламентарна криза направивте за криминалците да си ги спасат испраните и украдените пари во вредност од многу милиони евра, откако државава се реши да почне да го спроведува законот.

Правевте опструкции во и преку А1, измислувавте драмолетки за "опсада" на телевизијата, го повикувавте народот на бунт, се глупиравте со оцрнувањето на Македонија во странство, сега излеговте од Собранието со што и дадовте аргументи на ЕУ да не притиска.

Сите видоа како Бранко Црвенковски излезе и јавно рече "видете како можело" откако интервенираше Филип Рикер во негова заштита. Народов гледа, не е слеп, сите знаат што се прави преку А1 и фирмите на "Перо Наков". Цело време играте на карта да сте адут на некој друг, а на штета на нашата држава, при што профитирате феноменално. Ваква политичка проституција немало ни кај врховистите.

Ајде ќе отворам тема кога ќе имам повеќе време за вашите градежни фирми, во странство разбира се, кои играат со украдениот капитал од приватизацијата. Да го дополниме малку просторов со интерсни информации за тоа кој прави кризи -- а при тоа се прави луд -- и не кочи на секој чекор последниве 20 години.






Изменето од Persej7 - 11.Февруари.2011 во 17:51
Кон врв
brza Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Февруари.2006
Локација: vidiFOTOupotpis
Статус: Офлајн
Поени: 34534
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај brza Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Февруари.2011 во 15:34
...izgleda,..koga ke odapne 'ranko,...konechno ke vidi bel den i ovoj narod!збунетост

...se dotogash ...crno mu se pishe!


...sveshto ...bogami !!
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
Кон врв
Buggyman Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 26.Јуни.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1308
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Buggyman Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Февруари.2011 во 17:27
Статијата на Мирка буквално ја опишува Македонија, а тоа е криминалот! Но наместо да се фокусира на криминалот за жал, статијата има огромна политичка позадина, штитејќи ги владините потези и големиот Никола!

Дај Мирке жити “пенкалото“, да беше совесен и професионален новинар, ке пресметаше дека економијата ни е во колапс, но кај нас старата изрека вели “село гори а баба се чешла“, па некој “фрла“ милиони евра за зелени статуи, па дури планира и триумфални капии. Дали таа триумфална капија ке им вреди на економски поразениот Македонски народ? Згора на тоа, Мирке ти го подржуваш тој проект, бидејќи некој требал тоа да го направи.

Зошто токму сега? Зар не е примарна цел економијата на Република Македонија?

За наведените личности кој ја создадоа криминогената Македонија немам збор, тука ке се слагам со тебе. Се прашувам себеси, зошто не биле уапсени креаторите на криминалот и зошто не се апсат криминалците кој буквално преку ноќ станаа тајкуни преку ноќ?
Се спомнува само Рамковски, зошто? Бидејќи сега им е потребна некоја жртва?
Што со останатите “тајкунчиња“, тиа ке бидат ли апсени? или тие се под заштита на моќните властодршци?

Едно е јасно, Македонија патела, пати, и ќе пати од самите Македонци кој некаде во некој простор ја загубиле чесноста.


СЕКИРА И МЕД

Мислам дека старата поговорка е измислена кај нас... нели?
Homo homini lupus est...
Кон врв
Persej7 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 21.Октомври.2010
Статус: Офлајн
Поени: 254
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Persej7 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Февруари.2011 во 20:39
Исто како во 2001 година, СДСМ и партиите привезоци -- вклучувајќи ги албанските -- одлучија да играат на посигурна, "eтничка" карта.

Ова карта е внесена во шпилот, откако пропаднаа повиците до народот (македонскиот) за бунт за време на драмолетката пред А1 и сите настани потоа со кои ја замајуваа македноската јаност.

Ноќеска (10. февруари 2011 год.) ни ги претставија стотината  вехабисти од Чаир и др. места како уништуваат црква во изградба на скопското Кале.

Вехабистите беа предводени од градоначалникот на Чаир, Изет Меџити и заменик-министерот за внатрешни работи Џеват Бучи.

Мислам изјавата на Павле Трајанов дека се работи за увертира во предвремени избори е реална оценка на настаните.

Целта на инцидентиве е да створат тензии за да пукне коалицијата на ДПМНЕ-ДУИ, а ако не, во спротивно да има инциденти на етничка основа за евентиално да дојдат на власт исто како и во 2001 година "спасителите" Бранко Црвенковски и компанија, разбира се.

Впрочем таква беше и препораката и акциите на српските служби за безбедност, а слични препораки имаше и во документот "Надеж" за враќање на Бранко Црвенковски на власт, документ купен со украдени народни пари.

Очигледно е дека повеќето албанци се рамнодушни во поддршка на инцидентот, а доколку не се, А1 телевизија е тука за да ги распалува меѓуетничките тензии.

Имер Селмани изрази потполна поддршка за дивеењето на вехабистите.

Очекувано, "меѓународниот фактор" засега ќути како вагина под кошула. Глас не им се слуша на ќелавиот Ирец и на ќелавиот Амер.

Да се потсетиме, албанците противправно изградија џамии во Македонија - една во чаршијата, една во Карпош 4 и една во Горна Белица кај Струга.

Исто така да потсетиме дека 2011-та не е 2001-ва. За умните е доста, а на другите да се надеваме дека ќе им текне.


Изменето од Анастеа - 13.Февруари.2011 во 23:06
Кон врв
Radijator Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 18.Ноември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 153
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Radijator Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Февруари.2011 во 22:07
Тоа е таа иронија која што се повторува и повторува цело време во Македонија. Наместо да се занимаваат со подобрување на животен стандард итн. се градат цркви,споменици мостови и многу други глупости кои што не се апсолутно приоритет во моментот а од друга страна пак се причина за поголеми меѓуетнички тензии. И нормално кога во државата имаш нешто повеќе од 30% невработеност и вниманието на сите тие е свртено кон политика не ни очекувајте дека тоа ќе донесе било каков позитивен ефект.
Меѓутоа овде едноставно не е фер да се обвинува само опозицијата, мислам, навистна нема смисла. Како и на кој начин е вмешана не знам, а знак прашање е и дали е ова навистина масло на СДСМ и партиите привезоци како што имаш напишано погоре....???

И морам да ти забележам за последната реченица. Точно ова не е 2001, ова е 2011 година.

Цитирам ,,За умните е доста, а на другите да се надеваме дека ќе им текне,,


Ако се сеќавате, во 2001г. кога на само 14 километри од Скопје во Арачиново се пукаше на сите страни и имаше отворен фронт и под закана беше нашиот главен град, екипата на тогашната влада на чело со Љубчо Георгиевски и тогашниот министер за финансии или економија беше не сум сигурен, а сегашен премиер и економски реформатор г-дин Никола Груевски и останатата компанија организираа БАЛ во Александар Палас. Сега ви текнува.....????

Затоа со цела моја почит кон вас те/ве замолувам, немојте толку по секоја цена да ја обвинувате опозицијиата а од друга страна да ја ставате на пиедестал оваа владејачка гарнитура а без претходно да погледнете назад/сега и да ги процените нивните вистински квалитети!!! Редовно го слушаме на ТВ, ке го повторам и јас по не знам кој пат, имаат апсолутна власт така да жално е за секој проблем и неупсех на власта во државата, да се бара вината во опозициска партија. И самиот имаш напишано дека таму бил заменик министерот за внатрешни работа, со други зборови човек од власта.
И не знам на кој начин А1 распалува меѓуетнички тензии. Со тоа што секоја вечер организираат отворено студио каде што се дебатира за актуелностите во државата???
Just because i see the world with my own eyes, that doesn't make me a sinner !!!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 4>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,234 секунди.