IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Политика и вести
  Активни теми Активни теми RSS - Пофалби и жалби за Македонија
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Пофалби и жалби за Македонија

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 7891011 17>
Автор
Порака
Platenik Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3600
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Platenik Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Јануари.2011 во 01:43
Originally posted by brza brza напиша:


......znachi...bedna drzava ne zasluzuva pofalbi,...barem dodeka se gleda deka bukvlno sekoj koj stapnal nekade na nejzino "chelo" ...momentalno'' si go onezbeduva i svojot i zivotot na nekoi negovi bliski ......uostalom...toa i im e namerata koga prifakjaat da ''sednat''  nekade ............



Таквиот однос само го распламнува огнот, а колку што ми е познато со долевање нафтени деривати оган не се гасне.

Ако бедна држава незаслужува пофалби, а притоа не се прави ништо да се порменат работите, тогаш таа држава ќе биде осудена да остане бедна.

Па што ви се чинеше вам, дека со воведувањето на плурализмот и демократијата дека сите проблеми ќе беа решени преку ноќ?! Колку луѓе толку мислења, толку начини како треба да се стигне до иделаното општество. Напротив, квантитетот на мислења не секогаш резултира во квалитет, а во услови на немање демократска култура резултатот може да биде само неквалитет и ѓубре. Во вакви услови ова што се случува, не само во Македонија туку во сите транзициски земји и земји во развој, повеќе наликува на онаа латинската, раздели па владеј. Од таквата состојба, некој се офајдува, а сигурно тоа не е Македонија или сите оние кои ја делата истата транзициска судбина.

Таквите односи и аномалии постојат во сите држави во светот, без разлика на нивниот степен на развиток. Разликата е во стартните позиции. Во некои змеји диференцијацијата меѓу капиталот и оние кои можат да ја продаваат само сопствената работна сила и знаење е завршена. За жал таа диференцијација во Македонија сеуште не е завршена, а во услови на недостаток на ресурси и капитал, аномалиите се повидливи, а последиците поболни.

Што ти останува друго сем да се бориш и да се надеваш дека еден ден ќе зграбиш поголемо парче од колачот.   
Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“

Кон врв
marsovec Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 18.Април.2010
Статус: Офлајн
Поени: 3378
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај marsovec Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Јануари.2011 во 08:25
даПофалба до ОВИЕ...не догураа до дното...белким нема каде веќе надолу....а и можеби народот ќе ја најде кубурата за злу не требало....а и има подуки дури и од Африка...и така тоа...Па и поделбите се чини завршија...поделија се што можеше да се подели од луѓето до народните пари...Белким ова ќе го свести народецов???да
СЕ Е КОНЕЧНО САМО ГЛУПОСТА Е БЕСКОНЕЧНА - САМО КАЈ НАС
Кон врв
Kali Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Storyteller

Регистриран: 30.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4947
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Kali Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Јануари.2011 во 12:06
Originally posted by Platenik Platenik напиша:



Светот, чиј еден мал дел е и Македонија, за жал сеуште не функционра врз основа на алтруизмот.

За да можеш да опстанеш (како држава) во овај егоцентричен свет, каде секој еден само ги гледа сопствените интереси и ние како Македонци треба да бидеме поучени од туѓите искуства и го примениме истиот кодекс на оденусвање. Зарем тоа не е предуслов за влез во ЕУ.

За жал кога една Македонија е оспорувана на секој еден чекор и кога знаеме дека е опкружена со соседи кои сметааат за себе дека сонцето изгрева од нивните задници, тогаш нам не ни преостанува ништо друго, туку да веруваме дека Македонец неможе да биде ништо друго сем привилегија, прва радост.

Зарем неможеме да учиме од гршките, туѓи и сопствени? Зарем неможеме да сватиме дека откорнатото дрво има мала веројатност да преживее?

Зарем пак ќе си дозолиме за 5 килограми урда да менуваме вера или за “подобар живот“ ќе зимаме пасоши од оние кои не негираат?!

Македонија е над се, а најмногу над незадовлените матриајлни потреби на некои незадовлни индивидуи.


Originally posted by Platenik Platenik напиша:


Втората алтенатива е покрај времето поединецот да ангажира и сопствен капитал и знаење па да почне некој бизнис. Да вработи некој, па да и плаќа на државата даноци од кои ќе има полза и државата и поединците кои ја сочинуваат државата.



Зар не мислиш дека и Македонија добро ја научила таа лекција на егоцентричност...само на малку поинаков начин ја применува од западот? Зар не мислиш дека и тука луѓето го гледаат само својот интерес, не мислејќи на целата слика, на народот и државата? 

За 5 кг урда или нов автомобил луѓето не само што земаат туѓ пасош, туку се подготвени и да им слугуваат на големите партии. Како е тоа во полза на Македонија? Не би ги потценувала материјалните потреби на луѓето....оти тие го вртат светот, како и нашава политичка реалност.

Оддамна мислам дека докажувањето на нашите вистини е однапред изгубена битка....Секој околу нас има своја теорија за..нас. Што добиваме со тоа? Како на тој начин ја чуваме својата земја??? Па обидувајќи се да му докажеме на светот кои сме и што сме, ја губиме сегашноста. И доаѓаме до тој момент на нов пасош за 5 кг урда. Колку повеќе остануваме на оваа линија, толку повеќе ќе се одродуваме и селиме, а внатрешните граѓански состојби кои се како вулкан пред ерупција, само слеп човек може да не ги види....

Зошто да и помагам на државата со приватен бизнис? Што видов јас од даноците кои ги плаќам?
Скопје 2014?
Ужасно здравство?
Искомерцијализирано, а неквалитетно образование? Знаеш дека покрај министрите, и новите професори на факултет се на возраст од 25 год?
Партизирана администрација?

Се согласувам со тебе дека критиката е упатена на власта, не на земјата. Но не можеш да одбегнеш да ја коментираш и свеста, нели? Не можат да се одвоени едно од друго, власта од народот.

Јас и ти можеме да дискутираме на темава, и да зборуваме за тоа дали надежта и вербата ги чува вредностите покрај лошата економска и политичка ситуација ( нешто не сум убедена во тоасреќа)...но веројатно штом имаме време да зборуваме за ова и за идеалите, значи дека ние сме добро стокмени во системов, нели?намигнување Дали сме свесни за тоа како всушност човекот во Македонија живее во овој момент...тоа не се ’’некои индивидуи’’, туку огромен и статистички значаен процент од населението.

И на крајот на краиштата, дали сето ова погоре нас не загрижува, и сметаме дека треба да се реагира во однос на истото? Оти грижата за Македонија денес е грижа и за иднината и за идните поколенија, т.е. грижа за човекот.


Изменето од Kali - 23.Јануари.2011 во 14:03
Кон врв
brza Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Февруари.2006
Локација: vidiFOTOupotpis
Статус: Офлајн
Поени: 34534
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај brza Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Јануари.2011 во 14:15
od premnogu zalbi....pofalbite nemaat efekt!
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
Кон врв
Joshua_Tree Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 27.Јуни.2007
Статус: Офлајн
Поени: 6477
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Joshua_Tree Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Јануари.2011 во 14:27
najubava si...bogastija na zemjata tvoja sto sekoj drug,sem nas ovde,bi ja sakal za svoja.Na tvoeto tlo i sperma da stavis...covek ke izrasne...se samo ne ona sto go ragjaat majkite nasi kako kletva za tebe.

Davas se,imas se...sekoja cest!

Nekoi drugi od pustina plodna pocva pravat,a tvoite obratno
Nekoi drugi bi napravile raj za eden grst luge od tebe,a tvoite pekol
Tie drugi go imaat seto pravo da te imaat,oti vistinski te sakaat

Ostavi gi svoite,za da bides srekna so tie...nekoi drugi...
“Talk, talk, talk: the utter and heartbreaking stupidity of words.”
― William Faulkner, Mosquitoes
Кон врв
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Февруари.2011 во 15:18
Еве дека не сме само за во отпад
Политички барометар - 39% за предвремени избори
За избори повеќе притискаат Албанците (62,2 отсто) наспроти мнозинството Македонци (49,7 отсто), кои сметаат дека излез од политичката криза е опозицијата да се врати во Собранието ...
Кон врв
brza Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Февруари.2006
Локација: vidiFOTOupotpis
Статус: Офлајн
Поени: 34534
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај brza Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Февруари.2011 во 15:23
...da...toa e prashanjeto....dali ima neshto pametno...ama od chovek napraveno  , vo zemjava?збунетост

...vo poslednive 20-tina godini!


Изменето од brza - 02.Февруари.2011 во 15:25
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
Кон врв
zagor Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Уникатен песимист

Регистриран: 27.Септември.2007
Локација: Congo
Статус: Офлајн
Поени: 12850
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zagor Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Февруари.2011 во 15:38
Македонија за "околу"(еве го тоа зборче..у пм) десетина години треба да добие два значајни хидрокапацитети кои значително ќе ги намалат потребите за увоз на струја и ќе ја подобрат снабденоста со електрична енергија на домашниот пазар, за која во последниве години има се' поголема побарувачка. Тоа се ХЕЦ „Чебрен“ и „Галиште“ кои треба да се градат на Црна Река, каде што е веќе лоцирана ХЕЦ „Тиквеш“. Производството на струја од двете нови централи треба да изнесува колку сегашното вкупно производство на енергија од македонскиот хидросистем. Тендерот за „Чебрен“ и „Галиште“ е завршен. Пет компании останаа во трката за главни концесионери. Тоа се: германската РВЕ, австриската „Вербунд“, две италијански компании „Енел“ и „Едисон“ и норвешката компанија „Статкрафт“. Тие веќе ги исполнија претквалификациските услови и на крајот од неделава треба да падне конечниот избор за една од нив. Претквалификациски тендер за овие две хидроцентрали веќе имаше распишано претходната влада, непосредно пред заминување, а потоа Владата го пролонгира текот на настаните и лани во мај го објави тендерот. Беше најавувано дека изборот на изведувачот ќе се знае до крајот на 2007 г. , а работите дури сега привршуваат. Инаку, РВЕ, „Вербунд“ и „Енел“ учествуваа и на претходниот претквалификациски тендер.

Германската РВЕ, неофицијално, важи за фаворит. Претставници на оваа компанија пред една недела во Прилеп и во Кавадарци имаа сопствена промоција на идеите за инвестирање, кажувајќи дека се подготвени да вложат над 500 милиони евра за „Чебрен“ и „Галиште“, што е досега највисока понудена инвестиција во енергетиката. За илустрација, некогашно ЕСМ се продаде за 227 милиони евра. Истовремено, „Чебрен“ и „Галиште“ ќе бидат централи со голема моќност, „Чебрен“ со 330 мегавати и „Галиште“ со 193 мегавати. За споредба, трите блока на РЕК „Битола“, нашиот најголем производител на струја, имаат вкупно 730 магавати инсталирана моќност. Засега најголемиот мавровски систем, во кој се хидроцентралите „Равен“ „Вруток“ и „Врбен“ и опфаќа 42 отсто од вкупните хидрокапацитети, има инсталирана моќност од вкупно 185 мегавати и годишно произведство на струја од 440 ггвч. Додека, годишното производство на струја од „Чебрен“ и „Галиште“ е проектирано на 1.100 гигават-часа. Толку, всушност, изнесува вкупното производство на струја од постојните домашни хидрокапацитети.

Конк*рентските учеснички на тендерот, „Вербунт“ и „Статкрафт“, деновиве од Министерството за економија побарале пролонгирање на рокот за доставување на финансиските понуди, наместо 28 март, за уште најмалку 6 недели. Според неофицијални информации, тоа го барале поради промени во претходните услови на тендерот, што наводно биле направени од Владата, а заради фаворизирање на РВЕ. Дали нивните забелешки ќе бидат прифатени од Министерството, останува неизвесно.

Со изградбата на „Чебрен“ и „Галиште“, заедно со постојната ХЕЦ „Тиквеш“, ќе се заокружи енергетскиот потенцијал на Црна Река, а регионот и Македонија ќе добијат значаен енергетски објект.

Во Кавадарци и во Прилеп, општини каде што ќе бидат лоцирани хидроцентралите, се очекува да се раздвижи економијата и да се отворат нови работни места. Само во изградбата на објектите ќе се ангажираат околу 2.000 лица. Инаку, според тендерските услови, изградбата на централите треба да започне идната пролет, а концесионерот треба на двете централи да работи паралелно и тие да бидат завршени за седум години. Правото на користење на централите е 70 години, заедно со ХЕЦ „Тиквеш“ . ХЕ „Чебрен“ треба да се гради на Црна Река блиску до селото Манастир, а „Галиште“ ќе биде во близина на постојната акумулација „Тиквеш“. Инвестициската вредност на „Чебрен“ е 320 милиони евра, а на „Галиште“ околу 200 милиона евра. Проектите за двете ХЕЦ се направени уште во 1990 година.


УТРИНСКИ ВЕСНИК 26 03 2008,


..а ова е пред некој ден...

За да привлече повеќе инвеститори Владата ги намали тендерските критериуми за Чебрен и Галиште. Инвестиција според пресметките тешка над 540 милиони евра.

Истиот се очекува да биде атрактивен и за помалите компании. Шестиот по ред оглас ќе биде објавен до крајот на неделава во Фајненшл Тајмс. Заинтересираните во првата фаза ќе треба да приложат доказ за вкупен приход од 100 милиони евра во последните две години и реализирани енергетски проекти од 300 милиони каде едниот тежел најмалку 100 милиони евра.

Бесими очекува до средината на март да заврши првата фаза. Избраниот инвеститор ќе треба да потпише договор со Владата но и со ЕЛЕМ како партнер, при што ќе се формира новата заедничка фирма. Потоа ќе следи втората фаза која ќе мора да заврши до крајот на јули, период во кој дополнително ќе се кројат обврските за инвеститорите при што ќе бидат вклучени и нивните барања.

Хидроцентралата Тиквеш, која е влог на ЕЛЕМ во јавното приватно партнерство, уште на стартот од договорот ќе биде на располагање на новиот инвеститор. Од 8 на 5 илјади евра е намален и почетниот трошок за подигање на тендерската документација, за која Бесими смета дека ќе има интерес од неколку европски реномирани фирми.

На претходните тендери најзаинтересирани беа италијанскиот ЕНЕЛ, германскиот РВЕ и австрискиот Вербунд, при што пресметале дека изградбата на хидроцентралите на Црна Река тежи околу 700 милиони евра.

Како што веќе објави Сител, Кинеската развојна банка е заинтересирана за финансиски да поддржи енергетски проект кај нас. Бесими денеска само потврди дека станувало збор за проектот Вардарска долина. Наскоро се очекувало да биде потпишан и меморандум за соработка помеѓу двете влади.

Проектот со 12-те хидроцентрали од кои најверојатно ќе се градат само три, ќе бидат во сопственост на државата. За возврат на понудената кредитна помош се бара хидроцентралите да ги гради кинеската компанија ЦВИ.



..стварно тие ...спорни 2000 евра за тендерската документација ги спречува светски реномирани фирми да вложат кај нас повеќе од пола милијарда ЕВРА
.еве и со бројки..види колку нули има во девизи....>500 000 000 ЕВРОПСКИ евра.

п.с:
А да ја земе Тиквеш без да гради друга?Eм полесно ќе се договорат,ем нема потреба да се утепуваат од работа.
...zagor e ziv,se drugo e laga.
Кон врв
brza Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Февруари.2006
Локација: vidiFOTOupotpis
Статус: Офлајн
Поени: 34534
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај brza Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Февруари.2011 во 15:43
''..стварно тие ...спорни 2000 евра за тендерската документација ги спречува светски реномирани фирми да вложат кај нас повеќе од пола милијарда ЕВРА
.еве и со бројки..види колку нули има во девизи....>500 000 000 ЕВРОПСКИ евра. ''

                                                                    

....izvini, ne te prochitav cel ama ova e epten za ...smeenje!газење%20од%20смеење

Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
Кон врв
DragancoLeskoec Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 01.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 984
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DragancoLeskoec Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Февруари.2011 во 15:55
Мора да има нешто паметно, фала Богу, ама општо земено, претходните 20 години беа промашај и лутање во грешен правец.Голема благодарност и заслуги за претходнонаведеното до комуњарската банда на чело со Бранко Црвенковски заради епската приватизација, каде Македонија наместо од комунизам во капиталистичко општество, премина во феудално уредување.

И сега имаме феудалци како Ѕинго и Велија и цар како Никола и Мијалкови.
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Февруари.2011 во 16:10
Eхeee во Скопје во Дестан ќе*ачето е 10 денари пивото 120 денари....со 3000 денари се правам стока и ми остануваат да се приберем во Софија.Многу убави работо има во Македонија на добра цена.големо%20гушкањеголемо%20гушкање 
 
п.с.Брза ајде ти изјасни се што толку ти смета во Македонија и кога не гледаш излез од целата оваа состојба зошто бе не емигрирааш ?
 
п.с.с.Македонија ја напиши со главно М и на кирилица барем еднаш


Изменето од емил - 02.Февруари.2011 во 16:12
Кон врв
DragancoLeskoec Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 01.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 984
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DragancoLeskoec Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Февруари.2011 во 16:16
Пиво 120 денaри ѭ колку литри ?
Кон врв
brza Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Февруари.2006
Локација: vidiFOTOupotpis
Статус: Офлајн
Поени: 34534
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај brza Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Февруари.2011 во 16:20
............ne fala!изненадување...kazi mu na destan!

...ke odam vo Thesalloniki da go popijam,

...poeftino(ili isto!) e...na slichni mesta!да
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
Кон врв
zenmaster Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Interceptor

Регистриран: 05.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4262
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zenmaster Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Февруари.2011 во 16:22
Секако дека има , еве јас би издвоил дека ние сме едниствениот народ кој протестира од задоволство...едноставно сум задоволен и протестирам.
[IMG]http://img148.imageshack.us/img148/4285/xxxpn7.gif">
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 7891011 17>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 1,735 секунди.