IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Политика и вести
  Активни теми Активни теми RSS - Инциденти во училиштата...
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Инциденти во училиштата...

 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 4>
Автор
Порака
*moon* Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 27.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7657
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај *moon* Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Инциденти во училиштата...
    Испратена: 31.Јануари.2011 во 17:28

Вооружена група претепа професор и ученици во средното хемиско!

Поголема група млади маскирани и вооружени со шипки и ножеви, околу 12 часот упаднале во средното хемиско училиште „Марија Кири Склодовска“ најверојатно сакајќи да се пресметаат со некој од средношколците.

Канал 5 неофицијално дознава дека шестмина се повредени, меѓу кои еден професор, а еден ученик е избоден со нож.

Полицијата интервенирала и успеала да приведе двајца од напаѓачите. Станува збор за жители од село Орланци.

Екипа на Канал 5 е на местото на настанот, повеќе детали во текот на денот.

ПРЕВЗЕМЕНО ОД САЈТОТ НА КАНАЛ 5   
            
 ГОСПОДА  ОД ПАРЛАМЕНТОТ И ВЛАДАТА НАМЕСТО ДА СЕ ГРИЖИТЕ ЗА А1 СЕДНЕТЕ ТАМУ КАДЕ ШТО СМЕ  ВЕ ИЗБРАЛЕ И ПОЧНЕТЕ ДА РАБОТИТЕ   ЗА ПОДОБРУВАЊЕ  НА УСЛОВИТЕ ЗА ЖИВОТОТ А ПРЕД СЕ ЗА ЖИВОТОТ НАШИТЕ ДЕЦАТ КОИ СЕ НАША ИДНИНА..............    







Изменето од *moon* - 31.Јануари.2011 во 17:29
Кон врв
zabegan Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Другарот на Мона Лиза

Регистриран: 06.Април.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9774
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zabegan Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Јануари.2011 во 18:11
оди кажи му го ова на министерот на кој единствена преокупација во неговата кариера беа професорите по факултетиве...


размисли пред да напишеш глупост
Кон врв
aLbaneso Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 27.Септември.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 933
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај aLbaneso Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Јануари.2011 во 23:21
Вооружени лица нападнаа средношколци во Хемиското училиште

Група вооружена со ножеви и шипки со маски на лицето претепале неколку ученици, а со нож раниле професор и еден ученик во средното хемиско училиште „Марија Склодовска Кири“ во Скопје.

Инцидентот се случил околу 12 и 30 часот кога десетина маскирани луѓе упаднале на часот по физичко и почнале да ги тепаат учениците, тогаш професорот при обид да ги раздвои е прободен со нож во грбот, а ученикот е ранет во текот на тепачката.

Другите тројца ученици се повредени во тепањето. Учениците на средното хемиско се згрозени од настанот за кој велат дека се случил поради расправија за некоја девојка од училиштето.

„Девојчињата им кажале дека тука учат“.

„Ова е срамота. Родителите треба да преземат мерки“ велат ученици.

Директорот на училиштето немал ангажирано обезбедување, бидејќи мислел дека немало потреба. Средното хемиско го посети и градоначалникот на Скопје Коце Трајановски, кој најави преиспитување на начинот на кој се обезбедуваат средните училишта.

„Нивните расправии се обично надвор од оградата, меѓутоа во училишниот двор и во зградата во овие 40 години е прв пат“, вели Павле Павлов, директор на средното хемиско училиште.

„После ова, ние уште еднаш ќе го разгледаме системот на безбедност на средните училишта, меѓутоа можам да ви кажам дека ова се инцидентни случаи, кои што навистина ретко се случуваат и врз основа на ова ние ќе преземеме одредени мерки“, рече Коце Трајановски, градоначалник на град Скопје.

Од МВР велат дека е приведена групата која е осомничена дека учествувала во инцидентот и со нив се разговара околу мотивите за нападот. Приведените се на возраст од 17 до 18 години и сите се од скопското село Орланци.

Повредените ученици и професорот се примени во Ургентниот центар, од каде информираат дека нивната состојба е стабилна и дека не се работи за посериозни повреди, и најверојатно сите повредени уште утре ќе бидат пуштени дома.

Ова не е прв пат средношколците расправиите да ги завршуваат со ножеви. Пред два месеца пред гимназијата Орце Николов, седумнаесетгодишен средношколец заврши со убодна рана во срцето од негов врсник.

http://a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=133700
Љаеш НЕ касаш !
Кон врв
aLbaneso Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 27.Септември.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 933
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај aLbaneso Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Јануари.2011 во 23:24
Moj licen stav: go osuduvaam ova sto se slucuvase i tie napagacite da se fatat sto e mozno pobrzo i da se kaznuvaat
p.s Анастеа
Љаеш НЕ касаш !
Кон врв
Andjelina Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Miss High Hill’s

Регистриран: 07.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 14129
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Andjelina Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Јануари.2011 во 23:27
ете,сакавме да бидеме Америка и ни се случува Америка...прашање на време кога ножовите ќе ги заменат со пиштоли
пред два дена имаше инцидент во прилепската гимназија...само што ученикот сам се испука со к*ршум...еден куп муниција оставена во кабинет по ОНО...а настава по ОНО одамна  нема
навистина време е да се загрижиме што се случува со нашиве деца...што им направивме со нашата непрекината борба за повеќе пари,со невниманието на наставниците,со изместените критериуми во општеството...децата ќе ни станат колатерална штета на транзицијата
и сите имаме подеднакво вина
родителите,наставниците,општеството...
Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува

Кон врв
DameMak Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 24.Јуни.2009
Статус: Офлајн
Поени: 617
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DameMak Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Февруари.2011 во 07:27
Мој совет до МВР и Обвинителството:

Фатате ги насилниците и покренете постапка за нивно НАЈСТРОГО осудување со барање судот да им пресуди најголема можна казна.
Мислам дека овој напад може да се окарактеризира како обид за убиство, а за обид за убиство најголемата казна во нашиот закон е до 10 години затвор.

Секој друг што ќе помисли да врши насилство (посебно во училиште) ќе размисли уште еднаш ако знае што го чека кога ќе го фатат.

Изменето од DameMak - 01.Февруари.2011 во 07:29
Кон врв
marsovec Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 18.Април.2010
Статус: Офлајн
Поени: 3378
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај marsovec Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Февруари.2011 во 08:33
Видете во Србија, како им пресудија на насилниците на францускиот навивач...така требе и кај нас...да се свати дека сериозна работа е силеџиството и опасна но и казнива и тоа построго...да
СЕ Е КОНЕЧНО САМО ГЛУПОСТА Е БЕСКОНЕЧНА - САМО КАЈ НАС
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Февруари.2011 во 11:10
zakonot za zadolzitelno sredno obrazovanie si go pravi svoeto...
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
Ane09 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 18.Февруари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 209
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Ane09 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Февруари.2011 во 13:55
Колку нашите деца се сигурни во училишните клупи? Долго време ги убедувам родителите, во училиштето во кое учи и моето дете, за значењето од присуство на обезбедување во училиштето, но тие постојано ми враќаат со одговорот: „Од кого тоа треба да ги штитиме нашите деца?“ Што мислите Вие за тоа?
Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Февруари.2011 во 14:05
Има тема за ова Ане во политика.
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Февруари.2011 во 14:05
Originally posted by Ane09 Ane09 напиша:

Колку нашите деца се сигурни во училишните клупи? Долго време ги убедувам родителите, во училиштето во кое учи и моето дете, за значењето од присуство на обезбедување во училиштето, но тие постојано ми враќаат со одговорот: „Од кого тоа треба да ги штитиме нашите деца?“ Што мислите Вие за тоа?

Ние веќе дебатираме за оватага
Originally posted by mamamd mamamd напиша:

Искрено многупати се дебатирало околу ова-пониска вредност или немање критериуми за почитување законитост, па дури и немање сенс за спроведување казни.
Денеска околу случајот со хемиското училиште (нели секое  чудо за три дена) чув еден ваков коментар
- Како кај децата да се изгради правилен однос кон нештата кога на прво место затаила државата (институциите-законитоста) . Во Македонија ти бараат потврда дека не си осудуван за вработување, ама не бараат за пратеник (демек народот го бирал кандидатот). Значи, децата гледаат дека некој кој бил осудуван може да биде политичар, да живее лагодно, да зема плата на државна сметка.
- На филмови (па нека е само на филмови) гледаме како по западот за одредена личност се има “досие“ за однесување уште од градинка. Кај нас да побараат едно пишано зборче за пр. овие вчерашниве маскирани кои упаднаа во училиштето нема да се најде ни збор дали/нели имале нарушено однесување, биле ли известени родителите, дали/нели се толерирало нивното добро/лошо однесување. Ко што рече една моја пријателка -училишните педагози-психолози даваат изјава ко да се портпароли само кога ќе се случи нешто лошо,обавезно информирајки општо. Никој не се прашува дали родителите треба да сносат одговорност (барем за малолетните прекршители), дали тие го толерирале лошото однесување на своите деца?
Ако сакаме нешто да промениме-мора да почнеме од негде. Треба овие сега да ги “изгорат“ убаво, за да биде предупредување за некои други ако посакаат во иднина да направат нешто слично.
И пак ќе речам- незнам дали е пониска вредност- или е само немање сенс за живеење по некои норми?збунетост


Кон врв
bluebell Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
the craziest

Регистриран: 14.Септември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 8041
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bluebell Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Февруари.2011 во 14:09
баш се прашував зошто нема тема за ова?...а тоа каде била!
always look on the bright side of the life!
Кон врв
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Февруари.2011 во 14:30
Зарем треба да се “дебатира“ за оватага
Десетина минути не се знаеше кој кого удира. Беше пеколно. За да ги раздвои се вмеша професорот Николовски, но и него го ранија со нож. Едвај успеавме да се извлечеме настрана и од страв се затворивме во училница, а заради некаква сигурност ставивме столче на врата - велат учениците.
Според информациите со кои располагаме, двајца за кои се претпоставува дека биле дел од синоќешниот инцидент пред три-четири дена биле во Хемиското училиште, но само накратко. Наводно се расправале за ученик од трета година. Но бидејќи не го нашле си заминале.

Маскирана банда упадна на настава во Хемиското училиште
Сите,од директор, до министер, до психолог кој даваше изјава, насилниците, родителите нивни..нека палат свеќи и нека се молат на бога што не настрадал смртно никој. Ако ваквиве појави не се аларм дека во образованието, меѓу најмладите нешто не е како што треба, незнам што понатаму.
Министерот под итно МОРА да го спроведе она со советодавна служба. Државниот инспекторат МОРА да оди од училиште до училиште и да побара досиејата за разговори, советувања, средби, преземени мерки за дца со нарушено однесување. Некој мора да одговара. Доста се замижува пред проблемите.тага
Ова зборува дека нити родителите, нити директорите, психолозите, педагозите на знаат што им се случува во, пред училиштата, домовите.

Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Февруари.2011 во 14:34
Kaj mene za pogolemi ili pochesti discipilinski ispadi se otvara dosie za uchenikot i vo nego se evidentira za sekoe negovo opomenuvanje i kaznuvanje. Tamu vleguvaat izjavite i analizite na uchitelot, direktorot i psihologot, kako i sekoja policijska intervencija koja redovno sledi za krazhbi, tepachki ili poseriozni vandalizmi.

Vakvo dosie se otvara od osnovno uchilishte i go prati deteto do krajot na negovoto shkoluvanje vo site uchilishta.
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 4>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,160 секунди.