IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Забава > Музика
  Активни теми Активни теми RSS - МУЗИЧКИ ВЕСТИ
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

МУЗИЧКИ ВЕСТИ

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 2425262728 32>
Автор
Порака
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Јануари.2011 во 14:40

Еминем и Леди Гага со најмногу номинации за Греми наградите

 Раперот Еминем и поп дивата Леди Гага се меѓу ѕвездите кои ќе настапуваат на доделувањето на греми наградите кое ќе се случи наредниот месец во Лос Анџелес. Еминем кој повторно е на врвот откако ја надмина зависноста од дрога има најмногу номинации на најважната вечер за поп музиката, дури 10, меѓу кои и трите важни категории: за најдобар албум, песна и снимка. Леди Гага позната по екстремната облека е номинирана во шест категории меѓу кои за најдобар албум.
Доделувањето ќе биде на 13 февруари.

Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Јануари.2011 во 10:20


Концерт и албум „Со љубов од Тоше“



Скопје, 24 јануари 2011 (МИА) – „Со љубов од Тоше“ е насловен концертот по повод 30-тиот роденден на Тоше Проески што утревечер во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ ќе го одбележат негови колеги и соработници.

Во пресрет на денот на раѓањето, најголемата македонска музичка ѕвезда денеска ќе биде одликувана со Орден за заслуги за Македонија од претседателот Ѓорге Иванов поради високите дострели на неговата професионална музичка дејност и придонесот за збогатување и промоција на македонските културни вредности, но и за неговите хуманитарни активности.

На третиот меморијален концерт што го организира фондацијата „Тоше Проески“ утре од 20 часот ќе настапат Наум Петрески, Миле Кузмановски, „Синтезис“, бендот на Тоше, Елена Ристевска, Марко Возељ, Мартин Вучиќ, Антонија Шола, Јоана,  Црвена јабука,  Жељко Самарџиќ и Маја Оџаклиевска...Покрај нив, на сцената ќе бидат и децата од хорот „Златно славејче“ и  членовите на музичкиот кабинет од Крушево кои премиерно ќе ја испеат композицијата „Пасворд“ на музика на Тоше, со стихови на Огнен Неделковски и аранжман на Валентино Скендеровски.

- Концептот е поразличен од двата претходни меморијални концерта за македонската ѕвезда. Овојпат идејата ја дадоа фановите. Тие сакаат целата вечер да го носи „печатот“  на Тоше, да ги слушаат неговите песни, да го гледаат неговиот ведар и насмеан лик на видеоснимки, кои ќе се прикажуваат на три лед-екрани, и да ги пеат неговите песни заедно со пејачите кои ќе пеат на сцена, информира фондацијата.



„Со љубов од Тоше“ е насловено и цедето што ќе биде објавено утре. Овој, трет постхумен албум на Тоше содржи  15 песни, од кои 12 се од светската рок-антологија кои Тоше ги изведуваше на своите концерти, две песни се познати хитови,  досега неслушнати во негова интерпретација (од Елтон Џон и од Витни Хјустон), а  15-та песна е „Наслони главу на моје раме“, која деновиве е промовирана на радијата. Автори на песната се „Тути фрути“, Нино Нинчевиќ и Миро Буљан. За неа има и видеоспот снимен во Загреб. Деновиве на радиостаниците се емитува и песната  „Can You Feel The Love Tonight“, која пред неколку години Тоше ја снимил во своето домашно студио.

Концертот ќе го снимаат повеќе телевизии од Балканот. Ќе се одржи со поддршка на ЕВН и „Аворд“ и под покровителство Министерството за култура. Влезниците се 250 денари и приходот ќе биде наменет хуманитарно.

Министерството за култура денеска ќе им додели 75 бесплатни билети на децата од Домот за деца без родители „11 Октомври“, Јавната установа за деца со социјално-воспитни проблеми и од СОС Детското село.

За  30-тиот роденден на Тоше е завршена и изградбата на спомен-куќата во Крушево, но објектот ќе  биде официјално отворен откако во него ќе бидат сместени сите предмети на Тоше и експонати од семејството Проески.  Големата музејска збирка која ќе раскажува за животниот и уметничкиот пат на Тоше  ќе биде внесена во спомен-куќата во координација на Министерството за култура и фондацијата „Тоше Проески“.


Кон врв
zamislena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Јануари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 14566
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zamislena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Февруари.2011 во 23:20
 
Повторно скандал околу „Евросонг“ - победникот наместен  ???
Најпрвин Наде Талевска, потоа се откажаа и Дуле и Коки од македонскиот избор за песна на „Евровизија“. Дали целосно го изгубивме квалитетот? Фестивалот оцрнет и оваа година. Кандидатите се откажуваат изреволтирани. Наде Талевска не сакаше да коментира околу откажувањето од фестивалот, иако подоцна откривме дека се откажала од истите причини како и другите пејачи, иако таа како причина открива дека е надвор од земјата во тој период.
Дуле и Коки, иако беа најавени како ексклузивци, сепак нема да настапуваат. Се откажаа уште пред да бидат ставени на списокот. Скандалот со „Евросонг“ никако да запре. Се зборува дека веднаш ќе биде најдена замена, но дали соодветна, останува да видиме на 26-ти месецов во Универзалната сала.
Дуле на својот „Фејсбук“-профил изјави: „Решив да не настапувам на Скопски. Нема да помагам во малверзации, стандардни на мамини и татини деца, кои сакаат да се публицираат преку мене. Заради тие глупави игри никогаш нема да стигнеме подалеку на ’Евровизија’. Нека му е со среќа на новиот победник. Ќе се радува мајка му и татко му и уште тројца луѓе кога ќе биде 723.813.839 место... Ама тоа е, Македонче, копај, паси трева, па и плати на крајот“.
Ова предизвика бројни коментари од публиката и од музичките ѕвезди, меѓу кои беше и изјавата на Наде Талевска: „Браво колеги. И јас го откажав својот настап неодамна... не од истите причини, ама и тоа имаше дел во одлуката! Како и да е... со среќа нека му е на ’победникот’!“
Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Февруари.2011 во 16:31


Џо Кокер доаѓа во Скопје на 15 јуни

 

Влезниците, како што информираат од Авалон, ќе бидат пуштени од 1 март, а за цените на овој рок настан за оваа година дополнително ќе известат.

„Се трудиме во една сезона да опфатиме концерти кои ќе понудат два-три типа на различна музика. За рок-концерти минатата и предминатата година ги подготвуваме Сантана и Боб Дилан, а за оваа година решивме тоа да биде Џо Кокер. На овој концерт работевме шест години. Во регионот до сега настапувал во Бугарија, Хрватска, Србија, Словенија, па успеавме да го вклопиме во слободен термин што го има во јуни,“ изјави за „Макфакс“, Бобан Милошески од Авалон продукција.

Овој неприкосновен уметник во неговата четиридецениска кариера има објавено 21 студиски, и четири албуми во живо кои се продадени во милионски тиражи.

Има освоено Греми, Златен глобус и Оскар, а е еден од ретките британски музичари кои е добитник на ОBE (Order of the Brtish Empire).

Меѓудругите големи хитови ги испеа: „You can leave your hat on“, „Unchain my heart“, „With a little help from my friends“, „Summer in the city“ „I put a spell on you“, „When the nights come“, „You are so beautiful“, „Up where we belong“.

Кон врв
FeaR Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
False Evidence Appearing Real

Регистриран: 15.Септември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 5307
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај FeaR Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Февруари.2011 во 19:02
Pesnata Jas ja imam silata na Gjoko Tanevski e prerabotena na afrikanski jazik pa ako nekoj slucajno znae dali ja ima na youtube ili nekade neka ja prikaci tuka za da ja slusnemeсреќа
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Февруари.2011 во 13:21
Ален Славица во Скопје ќе пее за вљубените

"Драго ми е што по две децении повторно се среќавам со македонската публика, која отсекогаш ме поддржувала, рече некогашната ју ѕвезда, Ален Славица на вчерашната прес конференција во "Дал Мет Фу". Ален во Скопје дојде два дена пред неговиот утрешен концерт во Универзална сала во 20 часот, во организација на "Бест примус" , додека групата "Даире бенд" од Нови Сад што ќе го придружува на сцена пристигнува утре.
-Ветувам добра забава, пеење, уживање за сите, изјави поп-пејачот.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Февруари.2011 во 04:27

Тоалети, модни додатоци, наочари за сонце: Забавата може да почне!

 - Греми студиото се наоѓа на најгорниот кат од зграда сместена во центарот на Лос Анџелес со убав поглед на целиот град и е опремено со сè што им е потребно на номинираните, изведувачите и презентерите, од лажни обожаватели па сè до вистински дијаманти.
Веќе осма година по ред студиото нуди облека, модни додатоци и козметика од врвни брендови и познати дизајнери за учесниците на доделувањето на греми наградите кое ќе се одржи в недела, во центарот Стејплс .
Брајан Лихтенберг чии креации носеле Леди Гага и Ники Минаж ја покажа својата колекција на откачени фустани украсени со монистри и пердуви. Тој, исто така, покажа и два пара крзнени чевли во стилот на Леди Гага.
"Целта на греми наградите е да се забавуваме", изјави Лојд Клејн кој исто така понуди дел од своите колекции. Тој додаде дека негова инспирација се Мадона и Ријана и дека треба да се внесе малку рокенрол елементи.
Според Оси Шохам која е омилена дизајнерка на Кристина Агилера и Тејлор Свифт изјави дека нежните бои, лелеавите материјали и долгите фустани ќе бидат хит на годинешното доделување на наградите.
Розиен Кармес, дизајнер и основач на златарницата "СиднејЕван"ги претстави своите ексцентрични колекции кои $ се омилени на Ријана и кои се комбинации од бисери, дијаманти и злато.
И мажите имаат шанса да бидат гламурозни. Тие можат да изберат бразлетни и ѓердани декорирани со мали черепи од дијаманти на М. Коен, како и спортски сакоа и панталони на "Канвис".
Дизајнерски наочари за сонце се ин во Холивуд и гостите на греми студиото можат да си изберат модели кои за прв пат ќе се покажат тука. "Марчон" презентираше нова линија на наочари кои неодамна беа претставени во Париз, меѓу кои и ултра модерните 3 Д наочари за сонце на "Келвин Клајн".
"Ова се ексклузивни парчиња кои сè уште не се достапни за обичните смртници".
Исто така, достапна е и козметиката на "Епик*рен" која има многу производи против стареење кои им се омилени на Џенифер Лопез, Гвен Стефани и Алиша Кис

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Февруари.2011 во 02:11

Национален избор за Евросонг

 

Фестивалот ќе се одржи на 27. февруари 2011 година, со почеток во 20.10 часот. Одржувањето на фестивалот е помесетено за еден ден сè со цел учесниците да имаат повеќе време за подготовки. Влезниците ќе бидат пуштени во продажба веќе во понеделник (14. февруари) со цена до 300 денари.

Во ревијалнот дел ќе настапи минатогодишниот победник Ѓоко Танески, потоа Драган Мијалковски, Зоран Маџиров, минатогодишните претставнички на Хрватска "Феминем". На крајот од овој дел ќе настапат "Суперхикс".

Од годинава, новитет е наградата за интерпретација, која ќе го носи името на Тоше Проески и која е во договор со Фондацијата Тоше Проески. Наградата изнесува 1.000 евра. Исто така, традиција од годинава ќе биде и доделување на награда за луѓето што придонеле за успешноста на Скопскиот фестивал.

Уште еден новитет е тоа што од годинава и второ и третопласираниот ќе настапат директно во финалето на Сунчане Скале, чиј директор Слободан Бучевац ќе биде гостин на Скопскиот фестивал и ќе ги додели наградите...

 

Еве го редоследот:

Наслов на песна - Изведувач
Музика / Аранжман / Текст

1. "Кук*рику" - Рок Агресори
Зоран Трпков / Александар Ристовски - Принц / Зоран Трпков

2. "Те краде тој" - Боби Мојсоски
Лазар Цветковски / Лазар Цветковски / Огнен Неделковски

3. "На крај" - Оливера Ѓорговска
Гоце Симоновски / Гоце Симоновски / Раде Врчаковски - Врчак

4. "Знаеш ли" - Ангелина Стојаноска

Даниел Митревски / Даниел Митревски / Петар Димитровски / Ирена Димовска

5. "Остави политика и појачај тон" - Скипи и Тајзи

Горјан Јовановски - Скипи / Горјан Јовановски - Скипи / Драган Величковски – Тајзи

6. "Последна песна" - Амир Ибраимовски & Арт Саунд

Јован Василевски / Јован Василевски и Глигор Кондовски / Јован Василевски

7. "Параноја" - Емилија Гиевска feat. Андреј Миске
Бобан Апостолов - Џани / Бобан Апостолов - Џани / Зоран Рудан - Цеки

8. "Не се менува љубовта" - Ристе Тевдовски
Милан Миланов / Лазар Цветковски / Милан Миланов

9. "Рам там там" - Мартин Србиновски

Мартин Србиновски / Гоце Симоновски / Мартин Србиновски

10. "Божји патеки" - Лидија Кочовска
Александар Чекреџи / Александар Чекреџи / Маја Павловска - Сотироски


11. "Лажеш дека не боли" - Горан Каргов
Хрис Марин / Владимир Дојчиновски / Петар Ацев

12. "Лудост" - Здравка Мирчевскa
Здравка Мирчевскa / Кирил Бабамов / Здравка Мирчевскa

13. "Грешка" - Наташа Малинкова
Столе Аврамов / Зоран Алексиќ / Менче Аврамова

14. "Koшмар мој" - Иле Спасов
Иле Спасов / Иле Спасов / Огнен Неделковски

15. "Секогаш некој повеќе вреди" - Филип Јордановски
Блаже Темелков / Дарко Тасев / Блаже Темелков

16. "Не ми требаш" - Наталија Славева
Зоран Алексиќ / Столе Аврамов / Зоран Алексиќ / Даниел Ванков

17. "Коцкар" - Иван Јованов & Денис Екс
Иван Јованов и Јован Јованов / Иван Јованов / Денис Хајдаревиќ

18. "Секој ден" - Offside
Милан Миланов / Гоце Симоновски / Милан Миланов

19. "Русинка" - Влатко Илиевски

Глигор Копров / Владимир Дојчиновски / Владимир Дојчиновски / Јован Јованов / Марко Маринковиќ - Слаткар

20. "Не враќај се" - Водолија
Ристо Апостолов / Ристо Апостолов / Ристо Апостолов

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Февруари.2011 во 06:56

Тони Зен со нови песна и спот

"Суперзен" е новата песна на хип-хоп пејачот Тони Зен која деновиве заедно со спотот се промовира по домашните електронски медиуми. Автор на песната е Бертан Аслани, а текстот го напиша Тони. Спотот го работеше продукциската куќа БМА и продуцентот Мерт Аслани, кои ги изработија и претходните спотови на Зен.
Приказната во спотот го следи провокативниот текст во кој Тони вели дека се чувстува како Супермен, па самиот тој од највисоката точка на градот ја упатува својата порака.
Во моментов Тони работи на подготовките за концертот на 18-ти март, во спортскиот центар Борис Трајковски за кој го најави неговото спектакуларно појавување како Супермен

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Февруари.2011 во 23:36

Концертот на Масимо Савиќ одложен за мај

Концертот на хрватскиот кантавтор Масимо Савиќ, кој требаше да се одржи на 19 март во Универзалната сала во Скопје, се одложува за шести мај.
Од "Авалон" продукција велат дека концертот е одложен поради многуте нивни обврски со многуте концерти кои се закажани во Белград и во Скопје. Хрватскиот пејач и композитор, кој важи за еден од најквалитетните вокали во екс Југославија, до сега во Скопје имаше клупски свирки и гостуваше на неколку манифестации, а ова ќе биде негов самостоен концерт по долго време.
Масимо Савиќ , својата кариера ја започнал во 1983 година, како основач на легендарната њу вејв група "Дориан Греј", која со својот прв албум " Сјај во темнината" (Сјај у тами) доживеа фантастичен успех. По два издадени албуми со групата, Масимо продолжи со соло кариера, која најголем успех достигна со албумите "Вештина 1" (Вјештина 1) и "Вештина 2", албуми на кои Масимо со својот уникатен глас ги препеа најголемите Југословенски поп и рок хитови. Има снимено вкупно 16 албуми, и добитник е награди "Порин" за вокална изведба. "Странец во ноќта" (Странац у ноќи). Масимо Савиќ е актуелен по преработката на македонската традиционална песна "Елено ќерко", која ја испеа на албумот на Гарабет Тавитјан и неговите синови "Македонското срце чука во седум осмини"

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Март.2011 во 00:57

Александра Радовиќ со концерт во Скопје

Српската поп-пејачка Александра Радовиќ ќе го одржи својот прв солистички концерт во Скопје, на 5 април во Универзалната сала, најавуваат од "Феникс продукција". Александра лани гостуваше во Скопје на концертот на Сергеј Ќеткоивќ, и откако македонската публика топло ја пречека изјави дека наскоро ќе одржи свој концерт кај нас.
Радовиќ се смета за еден од најдобрите вокали, копозитори и текстописци во Србија. Модните критичари неколку години по ред ја прогласуваат за најдобро облечена. Првиот успех во музичката кариера го постигна во 2003 година со настапот на фестивалот "Сунчане скале" во Херцег Нови. Песната "Како сол во морето" ( Као со у мору) и донесе втора награда, и стана голем хит. Истата година го издаде деби албумот, за кој самата е автор на шест песни. Албумот доби награда за најдобар деби албум во Србија, а Александра беше наградена за поп-пејачка на годината. Во 2006 го издаде вториот албум "Домино". Од него се издвоија хитовите "Не си мој" (Ниси мој), "Те чувам" (Чувам те), "Прерни ме" (Загрли ме)... Во 2009 година Александра одржа два концерти во Белградскиот Сава Ценатр и го издаде албумот "Жарот на птиците "(Жар птица).
На ланскиот настап во Скопје, таа беше во седмиот месец од бременоста. Во јуни лани, Александра и нејзиниот тогашен свршеник Александар Зеремски ја добија ќеркичката Нина. Радовиќ и Зеремски рскинаа во август лани. Зеремски претходно беше во врска со Јована Јанковиќ, сегашната свршеничка на Жељко Јоксимовиќ

Кон врв
sneska_v Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 05.Јуни.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3455
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sneska_v Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Март.2011 во 18:12
Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Март.2011 во 01:53


Срце за Јапонија

Добротворен концерт на македонската aвангарда

По повод трагичниот земјотрес во Јапонија, Младинскиот културен центар поканува на голем добротворен концерт на македонската независна музичка сцена, Срце за Јапонија, на 23. март (среда), 2011, со почеток во 20 часот.

Билетите за овој добротворен настан ќе чинат 200 денари. Средствата, собрани на овој концерт ќе одат во добротворни цели за граѓаните на Јапонија. На концертот ќе настапат: Бернајс Пропаганда, Стринг Форсес, Мугер Фугер, Љубојна, PMG Колектив, Конкверинг Лајон, Девојка, Сашко Костов, Распеани Скопјани и диџеите: Мирко Попов, Нино Наумов, Соња Исмаил, Зоки Бејбе, Гоце (САФ) и Wish.ko. 

На 26. јули 1963 година, точно во 5:17 часот Скопје го погоди земјотрес со јачина од девет степени по Мекралиевата скала или шест според Рихтеровата сеизмичка скала, силен земјотрес што го уништи градот, однесе многу животи и остави бројни семејства во жалост.

Според статистиката, точно 87 нации во светот испратиле некаква помош во Скопје кои помогнаа градот да се изгради повторно и поради што Скопје го  носи епитетот Градот на Солидарноста. Затоа, ајде сите да бидеме солидарни и да му помогнеме на Јапонскиот народ. Да не беше Кензо Танге, големиот градител на Скопје, денес ќе немавме Градски Ѕид, Железничка Станица..., и многу останати објекти со кој остави печат во времето на нашето битисување.



Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Март.2011 во 15:31

Владо Георгиев во Скопје на 28 мај

Црногорскиот кантавтор Владо Георгиев ќе одржи концерт во Скопје на 28 мај, во Арената "Борис Трајковски", најави "Гуливер милс". Скопје ќе биде еден од првите балкански градови каде што Георгиев ќе ги промовира песните од новиот албум кој треба да излезе саледниот месец.
Владо беќе специјален гостин на концертот на Оливер Драгојевиќ кој се одржа на 5 март, и најави дека наскоро ќе одржи солистички концерт во Скопје, по седум години пауза. Работниот наслов на албумот кој излегува по осум години дискографска пауза е "Далечина" (Даљина). До сега, Георгиев има издадено два албуми: "Навика" во 2001 година, и "Жена без име" (Жена без имена) во 2003 година. Негов последен хит сингл е "Еј ти". Поради романтичните балади, канатвторот важи за еден од најпопуларните пејачи кај женската публика. Во српските медиуми често се пишува за неговата бурна врска со неговата пиар менаџерка Ирена Маркет која последен пат ја обновија во кон крајот на минатата година. Во интервјуто за "Вест", Георгиев не откри дали е во врска, но изјави дека секогаш е вљубен, но не верува во бракот.
" Не сум од оние кои многу веруваат во институцијата брак. Денес е време на разводи, се живее пребрзо. И некако луѓето ми се отуѓија. Лично мислам дека е доволно да живееш и да се сложувбаш со некого, а бракот, свадбата и хартиите се небитни", рече Георгиев.
Од "Гуливер Милс" најавуват дека на концертот ќе има изненадувања кои допрва ќе ги откријат

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 2425262728 32>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,219 секунди.