IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - Kabbalah
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Kabbalah

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 234
Автор
Порака
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Јануари.2011 во 01:42
Originally posted by Македон Македон напиша:

Како очекуваш да се сомневаме дека е преведена добро или лошо, ако знаеме дека оригиналот е на грчки? Немаме што ние да истражуваме, ако науката вели дека само некои од тие текстови можеби биле напишани на еврејски, а сите други на грчки, тогаш не сме ние тие кои треба да истражуваме и бараме, тоа сте вие, ние немаме проблем со кажувањата на науката, туку вие.


Originally posted by heptagram heptagram напиша:


оригиналот е на грчки????Наредното паѓа во вода.....


А на кој јазик се напишани Евангелијата, ако не на грчки? Постои претпоставка дека можно е само едно да е на еврејски и тоа е се. Се друго е напишано на грчки.

Originally posted by Македон Македон напиша:

А ти, врз основа на што нам ни велиш дека ги кажал? Презентирај нешто како потврда, не само не велење да остане нештото.


Originally posted by heptagram heptagram напиша:

Ако ги видиш зборовите на еврејски(Стариот завет е на еврејски нели) што тој ги цитира во контекстот, ќе видиш дека ги кажал! Евреин е Исус,  не може на грчки да зборува...


Да, но не говорел на еврејски, туку на арамејски. Стариот Завет е на еврејски напишан, зар не? Значи дека повторно тоа што го кажуваш го поткрепуваш со твои размислувања, без никаква научна, историска или библиска потврда. Дури и да ги цитирал од Стариот Завет нештата на еврејски, никаде не споменувал никакви гностицизми, кабали или нешто слично, му се допаѓало тоа некому или не.

Originally posted by Македон Македон напиша:

А зошто тогаш и тајното е запишано во Светото Писмо, ако воопшто не требало народот да го слушне? И зошто учениците потоа се кажале, а не ја задржале тајната?


Originally posted by heptagram heptagram напиша:

Бидејќи ништо не разбраа, а тие по нив уште помалку...Има мала тајна овде околу тоа, но нема да биде кажана на форум!


Значи, Апостолите на кој им кажа дури и тајни нешта, не разбрале, па дури и погрешно било запишано се во Светото Писмо? Како ли тогаш вие знаете што е точно, а што не, штом Апостолите, кои биле негови најблиски ученици, погрешно разбрале. Немој само да ми ги споменуваш гностичките евангелија, тоа се подоцнежни документи и немаат никаква врска со Исус Христос. Ако пак сметаш дека тие платонистички погледи се вистинити, повели, барем кажи дека тоа е од Платон, грчката паганска митологија, но не од Христос. Тогаш и научна основа ќе имаат тие погледи, затоа што основата ќе си ја бараат таму каде што треба, во Платон, Софија и другите пагански традиции.

Originally posted by Македон Македон напиша:

Значи самиот факт што Исус цитирал од Законот го прави Исус кабалист?! Значи сите што цитираат од тој Закон, автоматски се кабалисти? Да не е трагично кажувањето, ќе е смешно.


Originally posted by heptagram heptagram напиша:


Ако цитирањето на Законот те прави пак исполнувач на законот, и со тоа се прогласиш за Син Божји, или пак така те препознаат другите, тоа е уште потрагично... нели... трагично за наредните генерации следбеници кои веруваат слепо заради незнаење...


Наредните генерации ги држат тие верувања кои ги држеле и Апостолите, на кои верувањето им било пренесено од Исус Христос.

Originally posted by Македон Македон напиша:


Погоре велиш дека на тие, како што ги нарекуваш "секташи", Исус им објаснувал тајни нешта, а сега пак тие не ги познавале законите и ритуалите. Самиот си противречиш, а очекуваш да ти веруваме. Се додека самиот си противречиш, нема ниту потреба друг да ти каже нешто, доволно е што самиот си противречиш.


Originally posted by heptagram heptagram напиша:

Да ја проучуваш кабалата и нејзината пракса, ќе знаеше за противречностите подобро отколку ова што го кажа!И кој рече пак дека неговите ученици не разбрале? Јас кажав следбениците... Македон, не сум јас христијанин и да ти велам верувај!Работи учи истражувај... тоа ти велам... Немој такви изјави ...



Не ми е потребно да ја проучувам кабалата за да ги видам противречностите кои ги напиша, доволно е тоа што сум писмен за да го забележам тоа. А за тоа кој рече дека неговите ученици не разбрале, доволно е да го поставам ова:

Originally posted by Македон Македон напиша:

А зошто тогаш и тајното е запишано во Светото Писмо, ако воопшто не требало народот да го слушне? И зошто учениците потоа се кажале, а не ја задржале тајната?


Originally posted by heptagram heptagram напиша:

Бидејќи ништо не разбраа, а тие по нив уште помалку...


Сега мислам дека ти е јасно кој го кажа тоа дека неговите ученици не разбрале. Очигледно е, зар не?


Originally posted by heptagram heptagram напиша:

И тебе некој да ти објасни, ако не го знаеш законот, ќе паднеш... толку те чуди тоа?


Originally posted by Македон Македон напиша:


Слободно прави го тоа за што си дојден, ама со вакви противречности, не очекувај сите да стојат со скрстени раце и да молчат за вакви невистини. Сепак ова е форум, а на форум се дискутира, дебатира за тоа што е темата на разговор.


Originally posted by heptagram heptagram напиша:

Слободно дискутираме нели, но ова стана како и на секој рисјански под форум... или тема што не им одговара... Реплицираш на тема кабала, за Исус кој како евреин мора да го знае законот, а не ја знаеш другара страна од Дрвото...


Почитуван heptagram, на елементарни прашања не даде одговор, а за тоа не се виновни ниту Христијаните, ниту пак подфорумот, затоа што како што гледаш, се држиме до темата. Ти го посочи Исус, јас и за тоа дебатирам. Не е важно јас што сум, јас сум овде член на форумот, а како таков и дискутирам. Ниту ја расипувам темата, ниту ништо. Говориме за Исус и кабалата зарем не, а тоа го начна ти, не јас.

Originally posted by heptagram heptagram напиша:


 Кога велам дека наредните генерации го уништија Законот, ти ми велиш противречности!Нека биде така како што велиш...


Еднаш велиш дека учениците разбрале, потоа дека не разбрале, сега наредните генерации го уништиле законот, а не гледаш нешто што е евидентно, а тоа е дека Апостолите, јасно и гласно не наредија на Христијаните да го држат сиот Закон на Стариот Завет, ниту пак тоа го бараа. Тоа го одлучија самите тие, на Ерусалимскиот собор.

Originally posted by heptagram heptagram напиша:


Цркавата не ја ни спомнуваме.... ја загуби силата и надежта која ја ветуваше за да ја одржи хиерархијата која нема корења за да се одржи...


Гледано од овој аспект, што ли загубија гностиците и кабалата...веројатно дури и тлото под нозете не им остана. Затоа и останаа предадени на заборавот.

Originally posted by heptagram heptagram напиша:


Сега има алатки како по божјиот пат... Има начини Исус да биде тоа што навистина е... Има допирни точки со се! Но ти си рисјанин, и ќе велиш нема... и јас велам твоја вера, како ти е волја...


Јас судам според здравиот разум. Не може некој да ме убедува дека паганската Софија не е паганска. Тоа е како некој да ми вели дека каменот е дрвен. Постои дрвен камен? Тоа што сум верник не значи и дека треба целосно да го напуштам здравиот разум.

Originally posted by heptagram heptagram напиша:


Како да е зло да се спореди Исус со друго име по кое некој го препознава својот Бог кој е сепак слика на највисокото и највнатрешното за поединецот...


Не е зло да се спореди Исус, тоа е слободно право кое го имаш, но, ако велиш дека Исус Христос нешто правел или чинел, тоа треба и да го поткрепиш некако, а не само на говорење да оставиш. Доколку останеш на говорење, тогаш е само твое говорење,размислување и уверување и ништо повеќе. А ова секако е твое право.

Originally posted by heptagram heptagram напиша:


Ти си следбеник... Пастирите се на едно место, овците на друго... Слободно студирај ги евангелијата, но пробај веднаш да не ги осудиш ако не ти легнат на душата... П.С. Многу муабет за Исус... ај да смениме тема, да го оставиме Исус таму кај што е...


Јас сум следбеник, но говорам во свое име и само за себе. Јас нема потреба да ги осудам тие Евангелија, самата содржина за нив доволно говори.

Изменето од Македон - 18.Јануари.2011 во 01:43
Кон врв
heptagram Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член
Лик (аватар)

Регистриран: 12.Јануари.2011
Статус: Офлајн
Поени: 29
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај heptagram Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Јануари.2011 во 02:27
Да, но не говорел на еврејски, туку на арамејски. Стариот Завет е на еврејски напишан, зар не? Значи дека повторно тоа што го кажуваш го поткрепуваш со твои размислувања, без никаква научна, историска или библиска потврда. Дури и да ги цитирал од Стариот Завет нештата на еврејски, никаде не споменувал никакви гностицизми, кабали или нешто слично, му се допаѓало тоа некому или не.

Здебеленото беше сарказам!!!

СТАРИОТ ЗАВЕТ е напишан на АРАМЕЈСКИ!
ИСУС зборувал АРАМЕЈСКИ!!!
НАУЧЕН ДОКАЗ САКАШ?
Побарај на google за арамејскиот јазик, има речници еврејски, види што велат рабините за Законот, па види Исус во кој контекст го користел Законот кога го цитирал пред учениците, побарај види петокнижието на кој јазик е пишуван...

Ако јас ти кажувам ти цело време ќе ми бараш Докази и Наука!

Ако бараш ИСУС да кажал некаде КАБАЛА, не кажал, кабала значи да примиш, и е езотерична гранка од еврејската теологија.
Дека Исус разбирал и знаел што збори, не можеш да негираш! А ако тебе ти смета тоа дека Исус сепак предал некакви тајни пораки кои ете може и денес да бидат препознаени како такви, тоа си е твое!
Ако мислиш дека си изоставен, научи нешто повеќе, патот кон Бога не е широк, туку тесен и со трње!


Дека ОРИГИНАЛНИТЕ пишани документи ги нема, од апостолите, тоа го знаеме но се чудиме каде се оригиналите! Ако учениците разбрале се, тогаш?
Грчките неуки монаси, намерно или не,  успеаа да направат фалсификати(кои датираат од IV век, некои велат III век најрано) и тие и те како лошо и збунувачки го искасапија зборот на Исус!

Исто така избраа што е Верно а што не од сите евангелија! Како тоа?

Велиш да не се повикуваме на гностичките евангелија, но сепак тие почнаа да се појавуваат и да се студираат, и датираат од време многу поблиску на Исус отколку овие грчки преводи на кои е изграден Новиот Завет кој е отфрлен од евреите, кои се Творци на Законот!

P.S. И ако јас сум го спомнал ИСУС сега ова ќе биде бранење на Верата? Имаш потреба да докажуваш кој е Исус пред другите и она во што ти веруваш пред другите? Зарем не ве учат во тишина и мир да си ги гледате искушенијата? Или си навреден можеби? Или да почнам и јас да барам научни докази...

Бесконечна тема и бесцелна стана ова... Тука застанувам!


Изменето од heptagram - 18.Јануари.2011 во 02:33
Нека Оној кој има Разбирање го пресмета Бројот на Нашата Дама; бидејќи е Бројот на Жена; и Нејзиниот Број е Сто и Педесет и Шест.
Кон врв
KINGDAVID Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Solomon's father

Регистриран: 09.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 9420
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај KINGDAVID Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Јануари.2011 во 13:21

 Heptagram, ne samo sto si sarkasticen , tuku i pokazuvas golemo neznaenje za jazikot na koj bil pisuvan Stariot Zavet.


Velis : СТАРИОТ ЗАВЕТ е напишан на АРАМЕЈСКИ!

 
Kako prvo, jazikot na koj bil pisuvan pogolemiot del od Stariot Zavet ne e aramejski , nitu denesniot evrejski jazik,  tuku hebrejski (staro- evrejski jazik), koj ne e ist so jazikot na denesnite Evrei.

Eden pomal del od Stariot Zavet e napisan na aramejski.

Aramejskiot jazik e dijalekt na Hebrejskiot i pocnal da se upotrebuva od vremeto na Neemija pa natamu, koga mnogu Evrei ziveele vo Persija .

 Bidejki  tamosnite Evrei ne mozele da go razberat Zakonot na hebrejski jazik, moralo da se napravi prevod na aramejski jazik za tamosnite ziteli, prevod poznat kako Aramejski Targum.

Aramejskiot jazik bil zboruvan vo Isusovo vreme i Evreite vo toa vreme zboruvale na toj jazik.


ISUS i apostolite zboruvale na aramejski jazik.


Proveri gi ovie fakti i kje vidis deka se tocni. Pozdrav!

   SOLI DEO GLORIA
Кон врв
ahmar1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 712
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ahmar1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Јануари.2011 во 13:44
Originally posted by heptagram heptagram напиша:


Велиш да не се повикуваме на гностичките евангелија, но сепак тие почнаа да се појавуваат и да се студираат, и датираат од време многу поблиску на Исус отколку овие грчки преводи на кои е изграден Новиот Завет кој е отфрлен од евреите, кои се Творци на Законот!


Да кажеш дека Гностичките евангелија се постари од Канонските е ИСТОРИСКИ НЕТОЧНО. Најстарото гностичко евангелие е евангелието по тома кое е напишани на крајот на првиот и почетокот на вториот век.

Значи кажуваш историски небулози на кило.Али ако си ти среќен со таа твоја кабала и таа твоја верзија на историјата пеки тоа си е твое право ама и будали при здрав памет да не праиш е тоа потешко.
Илја дин,Илја бил ел Месија+++
нема друга вера освен правоверната,Христос е Месијата+++
Кон врв
heptagram Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член
Лик (аватар)

Регистриран: 12.Јануари.2011
Статус: Офлајн
Поени: 29
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај heptagram Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Јануари.2011 во 15:30
Сртаро-арамејски, и арамејски е пишуван Стариот завет, без интерпукциски знаци, за да не се прекинува Божјата мисла!

Но, нека биде како што ти велиш...

Друго, најстарото што тебе ти е доспапно, да, но најстарото канонско еванѓелие е од демек III век и тоа на грчки! Оригиналите мистериозно ги нема!
Но тоа е за тема во стилот Историја на црковните еванѓелија и нивните преводи...

Сега назад на кабала!

Постојат 22 букви во еврејскиот јазик! Како и римската азбука тие букви се и броеви! Еве слика за да видиме како изгледаат тие букви-броеви!



22 букви и исто толку патеки на Дрвото на Животот, и 10 еманации кои заедно ги прават 32-те мистериозни патеки кон спознавањето на Бога.
Бидејќи е кажано:

Yah, Jehovah of hosts, the living Elohim, King of the Universe, Omnipotent, All-King and Merciful, Supreme and Extolled, Who is Eternal, Sublime and Most -Holy, formed and created the Universe in thirty-two mysterious paths of wisdom by three Sepharim, namely: Sfor(Броеви), Sippur(Букви) and Sapher(Зборови)!

They consist of ten Sephiroth(Еманации) out of nothing and of twenty-two fundamental letters(еврејската азбука). He divided the twenty-two consonants into three divisions: Three Mothers(Алеф, Мем, Шин), fundamental letters or first elements; Seven Double(Бет, Гимел, Далет, Каф, Пе, Реш, Тау); and Twelve Simple consonants(Хе, Вау, Заин, Хет, Тет, Јод, Ламед, Нун, Самек, Ајин, Тцади, Коф).

Тие 10 еманации се појавуваат:

The appearance of the Sephiroth out of nothing is like a flash of lightning, being without end, His word is in them, when they go and return; they run by His order like a whirlwind and humble themselves before His throne

Стариот завет започнува со :
 בְּרֵאשִׁית, בָּרָא אֱלֹהִים, אֵת הַשָּׁמַיִם, וְאֵת הָאָרֶץ
Берашит бара елохим ат ха-шамим, ве ат ха-арец
На почетокот Елохим го создаде небото и ја создаде земјата!

Зборот אֵת (создава) го градат првата и последната буква од еврејскиот јазик! Алеф и Тау! Помеѓу нив се сите букви и еманации потребни за создавањето на Адам Кадмон, Првиот Човек!
Ако го погледнете зборот адам на еврејски, алеф далет мем, во кој богот преку ноздрите му дал божествен здив, може да ги откриете тајните значења на овие божји букви зборови и броеви! Далет мем е Крв, алеф нека остане мистерија за да барате божја милост за да спознавате повеќе!
Исто постои тајна во првиот збор со кој започнува Законот, בְּרֵאשִׁית (Берашит), за кој не е мудро да се зборува премногу!
  
На дрвото на животот овие букви и зборови се  групираат на Три Столба(Јахин и Боаз, и средниот столб)! Јахин и Боаз се споменуваат како столбови во Соломоновиот Храм!
На 7 палати, 5 делови на душата, 5 делови на умот итн итн...

Постои еден метод Аик Бекир, Или Тајната на Деветте комори!
Еве слика:



Секоја буква може да се замени со соодветна друга буква, еден вид на енкрипција! Методот можеби ќе го објасниме во иднина, сега за сега е доволно и ова!

Во индина повеќе прашања на темава и повеќе постови на истата! Поздрав!


Изменето од heptagram - 18.Јануари.2011 во 15:32
Нека Оној кој има Разбирање го пресмета Бројот на Нашата Дама; бидејќи е Бројот на Жена; и Нејзиниот Број е Сто и Педесет и Шест.
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Јануари.2011 во 16:01
Nedorazbiranjata vo vakvite diskutiranja voglavno se sveduva na nepravenjeto razlika megju gnosticizam, hristijanski gnosticizam i Hristijanstvo.

Gnosticizmot, vo poshirokat smisla na negovoto znachenje, postoi pred pojavata na Hristijanstvoto.

Hristijanskiot gnosticizam se javuva paralelno so mnogu drugi tolkuvanja na onoa shto denes go podrazbirame kako Hristijanstvo. Istorijski gledano, prvite oficijalni hristijanski orientirani dela (ako voopshto mozheme taka da gi definirame pisanijata koi se napishani pred bilo kakvo oficijalno vtemeluvanje na Hristijanskata religija) se Pavlovite poslanija. Hronoloshki, barem spored dosega poznatite podatoci, site drugi pisanija koi mozheme da gi zememe kako hristijanski (vo poshiroka smisla na zborot) artefakti sledat posle negovite pisma.

Vo taa smisla, onoa shto denes pretstavuva institucijalizirano Hristijanstvo poseduva najstari istorijski potvrdeni pisanija. Dokolku toa po nekoja sluchajnost ne se vtemeleshe voglavno na Pavlovata misija i dela tuku na onie koi se proglaseni kako eretichki, togash mozhebi denes kje govorevme deka gnostichkoto tolkuvanje (vo poshiroka smisla) na Isusovite propovedanja e postaro od onoa shto se pojavilo kako pravoslavno interpretiranje na istite spored pronajdenite pisani artefakti.

Fakt na zhivotot e deka starosta ne e sekogash bezrezerven dokaz za bilo shto, pa raspravanjeto okolu toa shto e postaro ne e sekogash tolku polodno kako shto se se posakuva. Pretpostavkata deka dokolku nekoj dokument e postar verojatno znachi deka e i poispraven e samo toa - pretpostavka. Razlichnite tolkuvanja na Isusovoto propovedanje se sluchija od prviot moment kako posledica od razlichnata svest i nivo na razbiranje na lugjeto vo toa vreme, isto onaka kako sko shto e vo i vo segashnoto i kako shto kje bide vo bilo koe drugo vo idnina. Dokaz za toa nerazbiranje imame i vo razlichnoto odnesuvanje megju samite apostoli koe vo svojot ekstrem odi duri i do Isusovoto predavstvo.

Ova samo ja dokazhuva starata vistina deka prosvetluvanjeto ne e nekakva shtafeta ili virus koj mozhe da se prenese od raka na raka so nekakov artefakt, tuku deka do nego se pristiga samo so lichen trud. Oti ako ne beshe taka, denes ne kje mozhevme da se razmineme od prosvetleni lugje. Nitu Isus, nitu Gautama Buda, nitu bilo koj Sin Bozhji, avatar ili buda ne stanale toa shto bile zatoa shto chitale odredena "avtorizirana" kniga. Site tie zachekorile nadvor od toa i vnatre vo sebe, ostvaruvajkji lichen kontakt so Boga.



No, da ne odime nadovor od temata i da se vratime na Kabalata kako staro evrejsko gnostichno uchenje.



Изменето од Messenger - 18.Јануари.2011 во 21:15
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
KINGDAVID Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Solomon's father

Регистриран: 09.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 9420
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај KINGDAVID Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Јануари.2011 во 21:06

 Prasanje do Heptagram:

Kakvo e znacenjeto na Tetragramatonot  JHVH vo Kabalata? Pozdrav!
   SOLI DEO GLORIA
Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Јануари.2011 во 00:25
Originally posted by heptagram heptagram напиша:


Да, но не говорел на еврејски, туку на арамејски. Стариот Завет е на
еврејски
напишан, зар не? Значи дека повторно тоа што го кажуваш го
поткрепуваш со твои размислувања, без никаква научна, историска или
библиска потврда. Дури и да ги цитирал од Стариот Завет нештата на
еврејски, никаде не споменувал никакви гностицизми, кабали или нешто
слично, му се допаѓало тоа некому или не.



Здебеленото беше сарказам!!!СТАРИОТ ЗАВЕТ е напишан на АРАМЕЈСКИ!ИСУС зборувал АРАМЕЈСКИ!!!
НАУЧЕН ДОКАЗ САКАШ? Побарај на google за арамејскиот јазик, има речници еврејски, види што велат рабините за Законот, па види Исус во кој контекст го користел Законот кога го цитирал пред учениците, побарај види петокнижието на кој јазик е пишуван...
Ако јас ти кажувам ти цело време ќе ми бараш Докази и Наука!


Повели ,презентирај мислење од релевантна катедра или професор за тоа кое го говориш. Засега историската наука јасно тврди дека текстовите на Стариот Завет се напишани на еврејски јазик, а дел потоа и на арамејски, но и предевени на грчки. A за тоа на кој јазик е напишано петокнижието, доволно говори името Торах и неговото изведување од еврејски збор. Повеќе од тоа нема потреба да говорам. А ти ако сакаш да спориш, во тој случај, не спориш со мене, туку со сета историска наука.

Originally posted by heptagram heptagram напиша:


Ако бараш ИСУС да кажал некаде КАБАЛА, не кажал, кабала значи да примиш, и е езотерична гранка од еврејската теологија.


Исус ниту кажал, ниту практикувал, ниту учениците негови практикувале. Ако практикуваа, ќе не научеа и нам на тоа.

Originally posted by heptagram heptagram напиша:


Дека Исус разбирал и знаел што збори, не можеш да негираш! А ако тебе ти смета тоа дека Исус сепак предал некакви тајни пораки кои ете може и денес да бидат препознаени како такви, тоа си е твое!


Мене не ми смета. Тоа што Исус го кажал и што е знајачно, учениците негови го пренесоа на сиот тогашен свет. Дури и тоа што им е кажано тајно, тие го пренесоа.

Originally posted by heptagram heptagram напиша:


Ако мислиш дека си изоставен, научи нешто повеќе, патот кон Бога не е широк, туку тесен и со трње!


Ниту најмалку не сум изоставен, Христовата порака не е сокриена некаде, а само јас да не знам, па да се чувствувам изоставен, напротив, тој им кажа на учениците да ја шират насекаде, тие тоа го сторија, па тоа допрело и до мене.

Originally posted by heptagram heptagram напиша:


Дека ОРИГИНАЛНИТЕ пишани документи ги нема, од апостолите, тоа го знаеме но се чудиме каде се оригиналите! Ако учениците разбрале се, тогаш?Грчките неуки монаси, намерно или не,  успеаа да направат фалсификати(кои датираат од IV век, некои велат III век најрано) и тие и те како лошо и збунувачки го искасапија зборот на Исус!


Од каде ли го извади ова? Поткрепи го со нешто, се што досега кажа ти остана на велење, а ги обвинуваш Христијаните дека слепо веруваат. Христијаните барем веруваат, ама ти веруваш нешто што ниту е вистинито, ниту пак има некаква поткрепа, а сета историја на тоа што сакаш да ни го прикажеш како точно, едноставно е една невистина, односно бајка. А тоа не го говорам јас, туку го говорат светски признати професори. Провери oвде. Ова го пишувале професори, кои овие нешта ги предаваат на универзитети.

Originally posted by heptagram heptagram напиша:


Исто така избраа што е Верно а што не од сите евангелија! Како тоа? Велиш да не се повикуваме на гностичките евангелија, но сепак тие почнаа да се појавуваат и да се студираат, и датираат од време многу поблиску на Исус отколку овие грчки преводи на кои е изграден Новиот Завет кој е отфрлен од евреите, кои се Творци на Законот!


Во табелата што ти ја дадов во линкот се е кажано, нема потреба јас да кажувам за годините од кога датираат текстовите. Секој што знае да чита, ќе го прочита тоа и ќе се увери дека ова што си го напишал е невистина.
А за гностичките евангелија, доволно е што некој ќе ги прочита Софија, мислите на Платон и слични нешта за да сфати дека нивниот корен не христијански, ниту еврејски, туку пагански. Здравиот разум е тој кој ќе ги осуди. За датирањето и на гностичките евангелија, во табелата истотака имаш посочени датуми.

Originally posted by heptagram heptagram напиша:


P.S. И ако јас сум го спомнал ИСУС сега ова ќе биде бранење на Верата? Имаш потреба да докажуваш кој е Исус пред другите и она во што ти веруваш пред другите? Зарем не ве учат во тишина и мир да си ги гледате искушенијата? Или си навреден можеби? Или да почнам и јас да барам научни докази...Бесконечна тема и бесцелна стана ова... Тука застанувам!


Немам потреба да докажувам, ама имам потреба да реагирам на историски невистини.

Кон врв
heptagram Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член
Лик (аватар)

Регистриран: 12.Јануари.2011
Статус: Офлајн
Поени: 29
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај heptagram Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Јануари.2011 во 15:33
Originally posted by KINGDAVID KINGDAVID напиша:


 Prasanje do Heptagram:

Kakvo e znacenjeto na Tetragramatonot  JHVH vo Kabalata? Pozdrav!


Значењето на
יהוה אלהים
יהוה אלוה ודעת
יהוה צבאות
יהוה
 итн итн...

Ме прашуваш за поодреден свет, Азијах(материјален), Јетцирах(формативен), Бриах итн итн... ?
Кабалата не дава значења, туку дава методи... יהוה е метод (еврејските рабини кога дојдат до овој збор, не го читаат, прават мала пауза, или го заменуваат со АДОНАИ(мислам дека знаете што значи овој збор)), за разлика од некои христијански цркви што намерно или во незнаење велат Јехова(не му е тоа изговорот, тоа го знае секој!)

За прашатето твое, не може да се даде прост одговор од 4 пасуси! И оба е нецел одговор кој повеќе раѓа прашања(а тоа е целта нели!).
Прво, треба да ги знаеш буквите и мистеријата на нивното пишување, вистинските атрибуции за да ги градиш Имиња на Бог и да прашуваш за нивната веродостојност и значење!

П.С. Македон, ти мене не сакаш да ме разбереш! Сите убаво збореа, само што наследниците, не разбраа ништо! И кажав како мислиш така нека ти е, не ми се троши време да се докажувам!
Да беше се добро разбрано, светот ќе беше друго место, нели, а не 2000 години да трубиме дека доаѓа Рајот! Ти се молам...
Досадно ми е веќе да зборувам за христијанскиот концепт за Исус(поточно концепти, бидејќи има илјадници христијански вери(цркви))... ваше верување ваши догми!



Изменето од heptagram - 19.Јануари.2011 во 15:39
Нека Оној кој има Разбирање го пресмета Бројот на Нашата Дама; бидејќи е Бројот на Жена; и Нејзиниот Број е Сто и Педесет и Шест.
Кон врв
KINGDAVID Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Solomon's father

Регистриран: 09.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 9420
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај KINGDAVID Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Јануари.2011 во 23:01
Originally posted by heptagram heptagram напиша:

Originally posted by KINGDAVID KINGDAVID напиша:


 Prasanje do Heptagram:

Kakvo e znacenjeto na Tetragramatonot  JHVH vo Kabalata? Pozdrav!


Значењето на
יהוה אלהים
יהוה אלוה ודעת
יהוה צבאות
יהוה
 итн итн...

Ме прашуваш за поодреден свет, Азијах(материјален), Јетцирах(формативен), Бриах итн итн... ?
Кабалата не дава значења, туку дава методи... יהוה е метод (еврејските рабини кога дојдат до овој збор, не го читаат, прават мала пауза, или го заменуваат со АДОНАИ(мислам дека знаете што значи овој збор)), за разлика од некои христијански цркви што намерно или во незнаење велат Јехова(не му е тоа изговорот, тоа го знае секој!)

За прашатето твое, не може да се даде прост одговор од 4 пасуси! И оба е нецел одговор кој повеќе раѓа прашања(а тоа е целта нели!).
Прво, треба да ги знаеш буквите и мистеријата на нивното пишување, вистинските атрибуции за да ги градиш Имиња на Бог и да прашуваш за нивната веродостојност и значење!




 Te prasuvam opsto, kakva upotreba vo Kabalata ima tetragramatonot ? 
יהו
ה   
   SOLI DEO GLORIA
Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Јануари.2011 во 23:05
Originally posted by heptagram heptagram напиша:


П.С. Македон, ти мене не сакаш да ме разбереш! Сите убаво збореа, само што наследниците, не разбраа ништо! И кажав како мислиш така нека ти е, не ми се троши време да се докажувам!Да беше се добро разбрано, светот ќе беше друго место, нели, а не 2000 години да трубиме дека доаѓа Рајот! Ти се молам... Досадно ми е веќе да зборувам за христијанскиот концепт за Исус(поточно концепти, бидејќи има илјадници христијански вери(цркви))... ваше верување ваши догми!


Да сум јас проблемот, добро ќе биде. Но, твојот концепт и твоите кажувања имаат проблем со здравиот разум и сета наука.
Кон врв
Elidija Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 17.Јануари.2011
Статус: Офлајн
Поени: 9
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Elidija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Април.2015 во 09:20
Во Матица ќе ја најдете книгата „Поглед во Светлината“ Таму е објаснето што е кабала. За оние кои повеќе се интересираат еве линк:http://www.kabbalah.info/mk/

Изменето од Elidija - 03.Април.2015 во 09:31
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 234
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,768 секунди.