|
Македонците од Егејска Македонија |
Внеси реплика | страница <1 3132333435 40> |
Автор | |||||||
чоли
Сениор Регистриран: 15.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 2973 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||
Книгава на Шклифов во PDF формат: Бугарски диjалектни текстови од Егеjска Македониjа
--- Ако се абстрахирате од заклучоците на Шклифов кои не ви аресват, требе да приезнаете што авторот е свршил изклучително народополезна работа во документирането на народните говори во Егеjата. |
|||||||
Мунгос - цензорот на Мисирков
|
|||||||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||
Не е прашањето дали некому се допаѓаат заклучоците и коментарите на Шклифов или не, туку дали се тие вистинити или не се. Тоа нема да го утврдиме врз основа на тоа дали тоа некому му се допаѓа или не, туку врз основа на големиот број факти кои го демантираат пишувањето на Шклифов. |
|||||||
DragancoLeskoec
Сениор Регистриран: 01.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 984 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||
Дa, во однос на то. |
|||||||
DragancoLeskoec
Сениор Регистриран: 01.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 984 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||
Војната 1948 ја зафатила Југозападна Македонија - Леринско и Костурско.Од уништените села и од надоаѓањето на грчката војска, газ преку гла преку ноќ сите ја преминале границата која им била само неколку километри оддалечена.Незнам дали имало определена маршрута и организирано бегање, ама според мои сознаниа, јас живеам во Битола, луѓето биле или бркани или од страв бегале со ништо во нив и гледале да стигнат на пријателска територија во најбрз можен рок. Во Битола биле убо пречекани и една цела улица од големите битолски улици е изградена со егејски згради. Инаку родителите на прабаба ми се исто преселени од зад граница, село Герман, ама во 1910 година кога уште границите не биле поставени.Во 2001та(или некоја година покасно, не се сеќавам) бев таму и си најдов роднини, сега планирам пак да одам. Изменето од DragancoLeskoec - 02.Јануари.2011 во 17:56 |
|||||||
чоли
Сениор Регистриран: 15.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 2973 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||
Ете уште едно дете-бегалец: Тома Трифоновски
исто Томата Бев чувал за него... ама разбрав што е дете-бегалец кога почина на врв Коледа. Бог да го прости. |
|||||||
Мунгос - цензорот на Мисирков
|
|||||||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||
Не е важно јас што мислам, важно е што тој напишал. Ако тоа што го напишал е јасно дека се коси со реалноста и со фактите, нема начин да биде вистина.
Се гледа дека не ти се познати основните нешта во тој период. Бегањето во НР Македонија се одвивало само одреден период, кога границата била отворена, за помошта од каде доаѓала и да не говорам, тоа е јасно, има детални списоци кои говорат, но, потоа границата кон НР Македонија се затвора поради притисок од западните сили, најмногу Велика Британија. Потоа бегалците бегаат во НР Албанија, а некои и во НР Бугарија. Тие граници не биле затворени. Од НР Албанија бегалците ги носат во СССР и другите земји на источниот блок. Како што може да се види, тие не одат да живеат во НР Бугарија, иако тоа им се дозволува и НР Бугарија упатува апели до нив, туку по затоплувањето на односите меѓу СФРЈ и СССР, се враќаат во НР Македонија. Во Бугарија одат едвај десетина познати борци. А оние пак, кои по убедувањето биле наклонети кон социјализмот кој бил спроведуван во Источниот блок, во седумдесеттите години, со дозвола од СФРЈ се враќаат во НР Македонија. Како ли после очекуваш некој да верува во писанијата, кога ни основните бегалски патишта си ги измешал.
Да? А како емигрира подоцна Љубка Рондова од Полска? Не е само Љубка, уште неколкумина истотака. Погоре објаснив како се одвивало бегањето, а тоа што го пишуваш ти е само измислување.
Се си измешал. Погоре објаснив какви биле патиштата. Тие кои избегале во Бугарија, избегале во 1945 година, а не порано.
Македонците од Егејска Македонија ли се дрва без корен? Не влечи ме за јазик Чоли. Јасно може да видиме кој е дрво без корен, ако споредиме како се нарекуваат денес Македонците во Егејска Македонија и со кого се идентификуваат. Патем, ако сакале да се борат против капитализмот, немало да одат во СФРЈ, туку ќе останеле таму каде што се, но не, се вратиле во Македонија. А забораваш и дека СФРЈ имала премногу лоши односи со СССР за да СССР застане на нејзина страна.
Друго е во Софија, каде што царувало мракобесието и пропагандата, да градиш "борци," а друго во Егејска Македонија каде што народот живее. Во Софија, ако не се изградиш, мракот бргу ќе те изеде. Не случајно во Пловдив имало апсења и интернирања на сите со македонско самосознание. Во Југославија тоа не им се правеше на Македонците од егејска Македонија. Напротив, во Битола имало кампови за бегалците, владата во Белград има пуштено огромни суми, сиот народ во Македонија од платите одвојуваше пари, за тоа има и записи, да помогне на тој народ таму. Во Бугарија книгите им ги палеа. Се сум видел, ама до волку ни срам ни перде да се немало... Изменето од Македон - 07.Јануари.2011 во 14:05 |
|||||||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||
Војната го зафатила и солунско, го зафатила и воденско, а и негушко, каде што градот бил речиси целосно уништен. Тоа бегање кое ти си го измислил, не знам од каде, не се случило така. Првите бегања се во 1948 година, кога границите биле отворени, а подоцна истите се затворени и бегањето се одвива преку границата, кон НР Албанија. Масовното доаѓање во Југославија се должи на постоењето македонска држава, а потоа, масовното доаѓање се случува во шеесетите години, кога со специјален повик од овде се повикуваат егејските Македонци да се вратат дома. И сите тргнувале со таа мисла: Се враќаме дома!
Во Битола бил и кампот за оружје, не само тој за бегалци. Средношколците в Битола дури биле ослободени од часови, за да оставаат оружје до границата. Има детални списоци на ресурси в Битола, кои биле за бегалците, но и за префрлување в Грција. |
|||||||
чоли
Сениор Регистриран: 15.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 2973 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||
Си во право што след 09.09.1944 г. во Софиjа за цели 45 години царуваше комунистическото мракобесие. Дури и во тие услови е немало вакви работи за кои пишеш: "... Во Софија, ако не се изградиш, мракот бргу ќе те изеде. Не случајно во Пловдив имало апсења и интернирања на сите со македонско самосознание...". Ако имаш податки за вакви работи - те молам да ги споделиш. Инаку имам податоци за други работи. Како наприемер овие: |
|||||||
Мунгос - цензорот на Мисирков
|
|||||||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||
Јас ги споделив на страна 15 од оваа тема, ама никој не коментираше, што и не ме зачуди, знаејќи дека многу нешта претставуваат шок за оние кои живееле во минатиот систем. Еве, повели повторно. Ете, во оваа книга пишува што треба да стори партијата со тие кои имаат македонска национална свест и што правела.
Тие писма се постирани и поназад. Ако ги видиш датумите, па ги споредиш со постот погоре, ќе видиш дека сум во право за годините. Барем, се надевам дека сега ти е јасно бегството на Македонците и периодите кога тоа се случувало, штом веќе не ги спомена. |
|||||||
чоли
Сениор Регистриран: 15.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 2973 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||
Таа студиjа на Чавдар Маринов е стара работа. Веке тоj е ревизарал своите тавови видно од тук |
|||||||
Мунгос - цензорот на Мисирков
|
|||||||
Pat
Сениор Регистриран: 18.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 1334 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||
Па не може да се види што точно ревидирал, му ги нема текстовите. А инаку тој вели дека спорните проблеми се само методолошки.
Интересно, гледам дека има и некои либерални Бугари, кои што не се согласуваат баш многу со тие од „кампуса на Краси и Божо“. Ти Чоли, во кој камп спиеш? |
|||||||
Zero Tolerance For Silence
|
|||||||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||
Тој може и да ги ревидира своите ставови, но не може да ги смени фактите за исчезнувањата преку ноќ и апсењата. Тие се документирани и се факти, верувал некој во нив или не. А менувањето на неговите ставови е негово лично право. |
|||||||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||
Како потврда на се што досега кажав, повели, прочитај го сведоштвото за бегањето и повлекувањето во Албанија, а не во Југославија. Сведоштво на Леско Малев Чинам, нема потреба да ти кажам дека се што напиша ти падна во вода. |
|||||||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||
Внеси реплика | страница <1 3132333435 40> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |