|
Офтопик |
Внеси реплика | страница <1 119120121122123 327> |
Автор | |
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Колку ќе живеете? А колку брзо одите?
Брзината на одењето е адекватен показател за долговечноста, возраст, пол, хронични болести, пушење, идексот на телесна маса или крвниот притисок, заклучиja научниците. Се чини дека брзината на одењето е поврзана со долговечноста кај постарите од 65 години. Тоа го покажа тоа анализата на неколку истражувања објавена во „Гласникот на американското медицинско здружение“(JAMA). „Бројот на годините кои ќе ги доживеат мажите и жените се зголемува во зависност од брзината на нивното одење“, пишуваат авторите на анализата. Тие пресметале дека нормално очекуваниот животен век кај двата пола почнува да се зголемува во одредено доба во зависност од брзината на одењето. Просечната брзина на учесниците изнесува 0.92 метри во секунда. Истражувањето се однесува на податоци добиени измеѓу 1985 и 2000 година, помеѓу 34.485 поединци – 80% белци, 60% жени – чија просечна возраст изнесувала 73,5 години. Истражувачите востановиле дека брзината на одењето е поврзана со разликата во веројатноста на преживување на учесниците во сите возрасти и за двата пола. Брзината на одењето е еднакво доверлив показател за долговечноста како и возраста, полот, хроничните болести, пушењето, индексот на телесна маса или крвниот притисок, заклучиле научниците. Има неколку причини кои објаснуваат зошто брзината на одењето е добар показател за должината на животот кај старите луѓе, велат научниците. „За одење е потребна енергија и контрола на потезите, а и го поттикнува работењето на неколку органи, како срце, бели дробови, нервниот, кардиоваскуларниот и мускулниот систем“, нагласуваат научниците. Спорото одење може да биде и знак за влошување на функцијата на некои од овие органи или системи. |
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Десет најжешки луѓе од минатиот век
Кон половината на минатиот век, за разлика од денес, голотијата била многу поретка. Сепак и тогаш некои едноставно зрачеле со привлечност и со својот сексипил го одбележиле тој век. Во тоа време, кога се раѓал рокенролот и кога строгите традиционални правила за пристојно однесување се повеќе исчезнувале, улогата на секс симбол била важна на цели генерации, а тие кои ги носеле тие титули биле многу влијателни во своето време. 10. Урсула Андрес – фантазија во бел бикини Едно од тие лица е сигурно Урсула Андрес. Швајцарската глумица стана секс симбол во 60-тите, а кариерата ја започнала како модел во Рим. Најпозната е по улогата во филмот за Џемс Бонд „Д-р Но“, која и отвори врата за одлични деловни понуди во манекенството, а доби и улоги во филмови со великани како што се Елвис Присли, Френк Синатра и Марчело Мастројани. Својата титула секс симбол Урсула најмногу ја должи на славната сцена од филмот со Бонд, во која излегува од море во бел бикини. Тој момент ја прослави и стана посакувана жена кај целата машка публика. Позирала гола за Плејбој во 1965 година, а меѓу нејзините момчиња се вбројуваат Џемс Дин, Шон Конери и Марлон Брандо. 9. Пол Њумен Пол стана сон на секоја американска тинејџерка, а и многу сериозни госпоѓи. Жените ги идеализираа јунаците кои ги глумеше во своите филмови, а неговите сини очи им беа вистински афродизијак. Беше интелигентен и со цврст карактер, кој јасно го изразува сопственото мислење. Отелотворение на вистински маж, ретко се смееше на фотографиите, а жените едноставно го обожаваа и беа подготвени да направат се за да се најдат во негова близина. Во доцните 60-ти години се противеше на војната во Виетнам, поради што се најаде на листата на непријатели на Никсон, а тоа го сметаше за свој најголем успех. Подоцна се залагаше за легализација на бракови од ист пол и даваше поддршка на борбата против глобалното затоплување. Почина во 2008 година на 83-годишна возраст. 8. Ракел Велч - никогаш не се соблекла до крај Глумицата Ракел Велч глумеше во повеќе од сто филмови и позната е по својата голема привлечност. Исто така работела и како модел, а набрзо стана позната и по својата долга коса и големите кафени очи. Со своите прекрасни облини помогна да се популаризираат бикините за капење во раните 60-ти години. Како и сите други прекрасни дами и Ракел го привлекла вниманието на Хју Хефнер, кој во Плејбој ја објави нејзината славна фотографија со наслов „Најпосакувана жена“. Ракел стекна статус на секс симбол иако никогаш не се соблече до крај за ниту едно списание, ниту во некој филм. 7. Мик Џегер - својот статус го доби благодарение на големата самодоверба Иако многу рок ѕвезди од тоа време можат да се наречат секс симболи, веројатно никој не беше толку провокативен како Џегер. Неговите посебни црти на лицето и големата самодоверба со која се појавуваше на бината, освои милион жени во светот, а и денес ужива огромни симпатии кај публиката иако е веќе во своите 70-ти години. 6. Бети Пег - кралица на пин-апот Кариерата исто така ја почна како модел, а кога била помлада се фотографирала пред се за машката публика. Во текот на тој период, често била фотографирана врзана со садо-мазо реквизити, а набрзо стана најдобро платена девојка на тоа поле. Црномурестата убавица од југот на САД никогаш не сними експлицитни сексуални содржини, но привлекуваше доволно внимание со својата голотија, како и провокативните пози. Ја доби етикетата „кралица на пин-апот“, а беше позната и по нерационален однос. На крајот на 50-тите години доживеа нервен слом и заврши во болница за ментално болни, откако со нож избоде една од домашните помошнички. Страдаше од шизофренија, а од болница излезњ во 1992 година. Почина во 2008 година на 85 години. 5. Џејн Менсфилд - и самата ги сакаше нејзините бујни гради Американската глумица стана интернационален секс симбол во 50-тите години. Беше позната по тоа што сакаше да го открива своето бујно деколте во јавноста. Често привлекуваше внимание со „случајно“ испаѓање на градите на јавни места. Една од нејзините најпознати фотографии е снимена во друштво со Софија Лорен. Додека Џејн весело гледа во објективот, Софија не може да го одлепи погледот од нејзините бујни гради. Џејн почина млада во автомобилска несреќа. Имаше само 34 години. 4. Елвис Присли – поради него најмногу се паѓаше во несвест Веројатно за никој толку девојки не паднале во несвест колку за „кралот“ Елвис. Не само поради неговиот сексипил, Елвис е една од најважните фигури во 20 век, кој помогна да се промени комплетната перцепција на популарната музика и да ги прошири хоризонтите на цела генерација. Не му беше лесно да се справи со огромната популарност, а и во годините по неговата смрт на брендот Елвис се заработуваат огромни пари. 3. Брижит Бардо - славна секси „мачка“ Родена во Франција во 1934 година, Бардо од мали нозе покажувала љубов кон танцот. Но, набрзо била препозната како вистинска убавица и ја започна кариерата како модел и глумица. Таа е ретка европска глумица од тоа време, која постигна огромен успех во САД. Во текот на нејзината кариера, Бардо стана секс фантазија на цела генерација, а и се восхитуваа и Џон Ленон, Пол Макартни и Боб Дилан. Во текот на кариерата имаше огромно влијание врз модата, а моделот на фустан што ги открива двете рамена го доби името по неа. Се прослави како „секс мачка“ и тој имиџ и донесе голема популарност. Во целиот свет стана позната по улогата во филмот „И Бог ја создаде жената“, а остана запаметена и како слободоумна жена која често ги менува партнерите и своите врски не ги криеше од јавноста. 2. Џејмс Дин – идол и на мажите и на жените „Бунтовникот без причина“ стана секс симбол пред се бидејќи цела генерација на тинејџери се поистоветуваа со него и го сметаа како поим за слобода. Неговата сексуална ориентација веројатно и денес би била интересна: глумецот експериментирал и со жени и со мажи. - Сигурно низ животот нема да поминувам со една рака врзана на грбот, е еден од неговите славни цитати, со кој одговори на прашањето за своите сексуални склоности. Поради тоа и поради имиџот на „немирно момче“, Дин го обожуваа и девојки и момчиња, а темата за истополови односи се појави во центар на вниманието. Џејмс Дин погина млад и секогаш ќе се памети како исклучително привлечен 24-годишен човек, кој со својот сексипил го плени целиот свет. 1. Мерлин Монро Дефинитивно ултимативен секс симбол на 50-тите и 60-тите години. Со вистинското име Норма Џин Бејкер, Мерлин исто така ја почнала кариерата како модел, пред да потпише договор со компанијата „Твенти Сенчари Фокс“ во 1950 година. Кога по две години се појавија нејзини фотографии на кои е гола, кои во 1948 ги снимила за еден календар, Мерлин се оправдуваше дека во тоа време немала пари. Тие фотографии и донесоа огромна популарност, а глумицата и денес е синоним за секс симбол. Позната по својата руса коса, заведе многу мажи, меѓу кои и браќата Кенеди. Беше и популарна пејачка и патуваше да го зголеми моралот на војниците кои се бореа во Корејската војна. Почина во 1962 година, под сомнителни околности, а во историјата на секс симболи дефинитивно го зазема првото место. |
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Лисица застрела ловџија
Ранета лисица го застрелала својот напаѓач во Белорусија, повлекувајќи го чкрапалото на ловџиската пушка додека двајцата се бореле, откако човекот пробал да го докусури животното со кундакот од пушката, објавија медиумите. Анонимниот ловџија, кој $ се приближил на лисицата откако ја ранил оддалеку, е во болница со прострелна рана во ногата, а лисицата успеала да избега, објавија медиумите цитирајќи го обвинителството од регионот Гродно. "Животното дало жесток отпор и додека се бореле случајно го повлекло чкрапалото со шепата", вели еден од обвинителите. Ловот на лисици е популарен во живописниот фармерски регион во северозападна Белорусија, на границата со Полска. |
|
ANITA11
Сениор Регистриран: 04.Јануари.2009 Статус: Офлајн Поени: 21488 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
добри сте
|
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
да
|
|
ANITA11
Сениор Регистриран: 04.Јануари.2009 Статус: Офлајн Поени: 21488 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
milo mi e
|
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
а ти добра си ?
|
|
ANITA11
Сениор Регистриран: 04.Јануари.2009 Статус: Офлајн Поени: 21488 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
taka taka
kade e my..mi nedostiga |
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
она е викендашка
а ти зошто не си на Кожув да се лизгаш ?
|
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Премногу TV и PC ви го скратува животот!
Доколку дневно седните и гледате телевизија или сте на компјутер повеќе од 4 часа вие значително си го намалувате животот! Ова е реузлтатот од едно истражување кое го спроведоа тим на Американски научници, во кои се истражуваше штетното влијание на седењето пред TV или PC. Без разлика дали вие после тоа ќе вежбате, штетното влијание кое го прави седењето е огромно. Тоа научниците го објаснуваат со намалувањето на активноста и трупањето на мастите додека се излежувате, кои директно влијаат на работата на срцето. Значи потребно е седеењето пред TV и PC да ги сведете на минумум, а прошетките во природа и дружењето во живо што можете повеќе, сепак Facebook-от и телевизијата не се замена за вистинското дружење |
|
ПодВодно
Сениор Регистриран: 09.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 7391 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Емил, а ти дали го прочита ова? Изменето од ПодВодно - 16.Јануари.2011 во 14:38 |
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Целото го прочитав преди да го постирам. |
|
ПодВодно
Сениор Регистриран: 09.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 7391 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
Marko Polo 1
Сениор venecijaner Регистриран: 20.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 9693 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ahm... Znaci i TV i PC... prethodno bese alkohol, zeni, cigari, stresovi... Kaj i da e, vekje edno 2 godini sum mrtov... |
|
Incredible Blue
|
|
Внеси реплика | страница <1 119120121122123 327> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |