|
ПЕЧУРКА - ГАБА |
Внеси реплика |
Автор | |
bijonse1
Сениор bella Madonna Регистриран: 14.Јануари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 16521 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 08.Април.2010 во 18:32 |
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Пeчурката не е отровна ,а е најпопуларната габа со која се работи во кујните на рестораните.Вистински деликатес.
А кој не е јадел полнени печурки со ситно насецкани кисели краставички,сланина и кашкавал запечени на фурна е пропуштил многу. Изменето од емил - 08.Април.2010 во 18:37 |
|
bijonse1
Сениор bella Madonna Регистриран: 14.Јануари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 16521 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Се греши само еднаш.....и крајот е тука
Сите печурки се јадат, ама некои само еднаш........ - Печурките се како жените. Колку се поубави, толку се поотровни отровните печурки обично ги нема кога е ладно...... |
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
bijonse1
Сениор bella Madonna Регистриран: 14.Јануари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 16521 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Кога деликатесот ги убива луѓето....emil !!! Неколкуте трагични случаи на труење од печурки во Струмичко и Охридско повторно потврди дека јадењето печурки од природата е тежок хазард, во кој на коцка се става сопствениот живот. Единствена превенција е знаењето и искуството, но колку е сигурна и таа кажува податокот дека често пати страдаат токму оние кои важат за најдобри познавачи на отровните печурки....... Во Европа секоја година од отровни печурки годишно умираат по 10.000 лица. Најмногу настрадани има во Чешка, Полска, Австрија, Баварија и во другите региони на Средна Европа, каде што берењето и приготвувањето на печурките се вековна традиција. Во средниот век, во време на војни, збегови и општа сиромаштија, печурките биле шумско месо кое ја надополнувало неквалитетната и слаба исхрана на селаните. Со време печурките преминале во деликатес, но бидејќи навиките во исхраната се менуваат многу бавно, луѓето и понатаму излегуваат на пријатни есенски излети, собирајќи вргањ, лисичарка, или нивните смртоносни двојници.......емил Првата и основна грешка е што печурките се јадат без доволно да се познаваат. Знаеме дека се вкусни, се смета дека со виното што нў чека во викендичката ќе се направи одлична вечера, па без многу мислење се ставаат во тава. Понекогаш изгледаат привлечно и безопасно, каква што е физиономијата на Аманита пантхерина. Но, токму оваа "куќарка на штрумфовите", печурката со црвена капа, прошарана со бели дамки, е една од најотровните во нашето поднебје..............знаеше тоа емилијано?? Родот Аманитае е најризичен затоа што во него спаѓаат највкусните и најотровните печурки....... Никогаш не смее да се биде сигурен дека она што е ставено во кошницата е стопроцентно таа и таа печурка. Кај нас најценет е вргањот, кој е "дебел" и затоа "препознатлив". Но, родот на вргњи, Болетус, ја вклучува и многу отровната Болетус сатанас, печурка која според изгледот е слична на вистинскиот вргањ, Болетус едулис..... така да емил еднаш ќе се проба и крај....друг пат нема НО може и вака : Една рецептура доволно кажува каква збрка може да настане. Болетус луридус е отровна кога е сурова, но ако се вари 25 минути и потоа водата се фрла, се добива вкусна и неотровна печурка. Во Чешка тоа се прави, но кога воопшто може да се биде сигурен? Еве како советуваат миколозите: да не се оди подалеку од конзервите и маринираните, индустриски проверени шампињони.....што е сигурно сигурно е нели?? ПАМТИ ГО ОВА емил дека секоја неотровна печурка има свој отровен "двојник". Варењето и пржењето, исто така, се погрешни методи на прочистување. Само Аманита рубесценс и мал број други печурки содржат термолабилни отрови. Некои ги пробуваат во сурова состојба, па ако им се бендиса вкусот заклучуваат дека можат да се готват. Навистина некои се горчливи или лути, но овој критериум зема најмногу данок. Токму најотровната Аманита фаллоидес има благ и пријатен вкус! и то емиле Изменето од bijonse1 - 08.Април.2010 во 19:06 |
|
Џо
Сениор Каубоец Регистриран: 17.Ноември.2009 Статус: Офлајн Поени: 2121 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Muhara (latinski Amanita muscaria var. muscaria) je otrovna gljiva iz porodice (Amanita), kojoj pripadaju također smrtno otrovna zelena pupavka (lat. Amanita phalloides). Raste u Evropi, Americi i Africi od juna do kasne jeseni u brezovim, ali i mješovitim šumama, na sunčanim proplancima. Na crvenom ili žuto-naranđastom klobuku nalaze se bijele fleke, koje su prepoznatljive za sve gljive i iste porodice. Mada otrovna, smatra se da u sjevernoj Evropi, kao i u dijelovima Rusije raste varijacija, koja je jestiva, ali joj je crvena kora mora oguliti. Takođe se smatra da sa oguljenom korom sa klobuka i prokuhana u vručoj vodi oko deset minuta, jestivom i u južnoj Evropi. Pravilo važi za mlađe primjerke, jer kod starijih gljiva, otrov prelazi u meso. Печурката е халуциногена и може да се искористи ако се отстрани црвениот дел а потоа свари. |
|
sjena je od zastora kula na nebesima u našim je prsima |
|
hermiona
Сениор Регистриран: 04.Април.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 564 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
TRAMETES VERSICOLOR-Cesta gaba od rodot Trametes. Versicolor znaci povekebojna sto proizleglo od toa deka na ovaa pecurka na razlicni delovi mozat da se vidat razlicni boi.Taa raste najcesto na cetinari i toa najcesto na mrtvi ili osteteni drvja.Se smeta za mnogu lekovita gaba i se koristi nekolku iljadi godini vo kineska narodna medicina.Najznacajni sostojki: * β-глукан-протеини (Кориолан, ПСК): делује против тумора, вируса и уређује имунитет. * Полисахарид-К (ПСК) * Ергостерол (провитамин D2): помаже у борби против тумора * Полисахаропептид (ПСП): делује против вируса Srodni vrsti i se: # Lenzites betulina # Trametes hirsuta |
|
sanja-a
Сениор Only God Can Judge Me! Регистриран: 12.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 13457 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Класа-Basidiomycetes
Подкласа-Holobasidiomycetidae Ред-Aphyllophorales Фмилија-Polyporaceae Вид-Fomes Fomentarius Плодните тела се повеќегодишни со облик на коњско копито, без дршка и со дрвенеста конзистенција.Големината на плодното тело може да достигне и до 50цм. Поседува химениум кој што е функционален само една година и секоја година се формира нов слој.Тоа овозможува да се одреди староста на плодното тело преку одредување на бројот на слоеви. Паразитира на бука, но и на други дрвенести растенија.По изумирање на стеблото габата продолжува да живее сапрофитски. |
|
Обожавам луѓе кои ме смеат.
Искрено, мислам дека смеењето е нешто што го сакам најмногу. Тоа лечи многу болести. Можеби тоа е најважното нешто кај човекот. Одри Хепберн |
|
bijonse1
Сениор bella Madonna Регистриран: 14.Јануари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 16521 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ТАРТУФ ПЕЧУРКА
Спаѓа во групата на фунги…не е зеленчук…не е ни овошје…туку јадливо овошно тело… спаѓа во групата на фунги…потеклото на зборот тартуф доаѓа од латинското tuber, кое значи грутка, израсток. преминувајќи tuber во tufer, па така и францускиот назив Truffe, шпанскиот Trufa, германскиот Trüffel и италијанскиот tartufo… во светските кулинарски четива може да го сретнете како дијамант во готвењето…често пати специјалитетите го имаат овој назив затоа што изгледаат како нив, или пак на некој начин се поврзани со тартуфите, или пак се користеле некои синтетизирани материи кои треба да ги заменат тартуфите. …јадењето во кое е употребено вистински тартуф ќе го препознаете прво по енормно високата цена, а потоа по уникатниот мирис…зошто толкава фама за овој додаток на храната?
БЕЛИ ТАРТУФИ ЦРНИ ТАРТУФИ КИНЕСКИ ТАРТУФИ ЛЕТЕН ТАРТУФ Поради силната миризба, многумина сметаат дека тартуфот е зачин, но научните испитувања докажале дека оваа скапа печурка е храна. Содржи многу витамини и минерали, доста е калорична, а има и лековити својства поради кои го добила и епитетот афродизијак. Со редовна консумација, тартуфот го подобрува имунолошкиот систем на организмот и спречува појава на тешки заболувања...во подготовка е проект за испитување на тартуфите во Македонија…тартуфите ги има во Истра, а наполно иста вегетација има и поголем дел на Македонија, посебно јужното Повардарие, затоа нема причина да ги нема и тука, секоја година се организираат научно истражувачки акции со студенти на одредени, секогаш различни, локации во Македонија…така да се добро истражени габите на Шар Планина, Пелистер, извршени се истражувања на Јабланица, Ниџе, минатата година на Пониква, Осоговските Планини, претходно Кожуф, така што голем дел од планините се покриени со теренски акции. Во Македонија е регистриран црниот тартуф, што го има во Мариово, Стогово и Куманово….а лоцирањето на оваа ретка габа се користат дресирани кучиња…растат поединечно или во групи, под почва, во микориза со млади корења на дрвенести растенија, во хумус на варовнички подлоги, под дрвја или грмушки, во листокапни и мешани шуми со бука, цреша, јасен, брест, како и даб, бор, лешник и смрека и на височина до 1.000 метри…важно тартуфите да се собираат во вистинскиот временски период т.е. од летото до доцната есен и да се остават многу младите и презреаните..
Македонскиот мед сo тартуф е далеку поквалитетен oд обичниот 50 пати…тој е заштитен пo сите светски норми какo БРЕНД… амбалажата е со сите Македонски обележја како ѕвездата oд вергина и сл. заштитена пo сите светски норми вo повеќе варијанти. Таруф вo Македонија има вo поголеми количини и квалитет...овој мед не e мед туку e тартуф вo форма на мед. ..има и дополнителни карактеристики штo ги немаат ниту тартуфот, a ни медот, како што е калиумот во големи количини, витаминот Ц вo многу поголеми количини oд останатите медови, железото… исто така медот имa и аминокиселински состав истo какo тартуфот…според анализите што се направени, медот бил единствен нe само кај нас туку и вo светот…сe набавени 140 пчелни семејства и овие пчели се сместени нa Кожуф...овој мед гo даваат самo одредени пчели кои можат дa гo собираат…пчелите сe насочени дa гo бараат тартуфот, иако тоa изгледа нелогично бидејќи тoј a под земја… како паразитно растение кое расте нa корењата нa дабот, леската и други растенија. Пчелите гo собираат тартуфот преку медовината нa листовите ...покрај хранливата вредност, она што е највредно кај нив е мирисот, речиси идентичен на еден хормон што се наоѓа во потта на човекот… токму заради тоа се верува дека е поттикнувач на сексуалната желба…!!! TartufiTruffle HuntersBlack Truffle FarmBiggest White Truffle of the Year AuctionedИзменето од bijonse1 - 16.Јануари.2011 во 14:03 |
|
Calipso
Модератор Primarius Регистриран: 26.Мај.2009 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 44671 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Печурки кои се најчести кај нас:
ВРГАЊОТ (Boletus edulis) со сигурност буди најмногу интерес кај љубителите и собирачите на печурки. Има посебен вкус, извонреден квалитет и хранливост. Местото на растење е во мешаните листопадни шуми, почесто и во иглолисните, од почетокот на јуни до крајот на јули и од септември па се до крајот на октомври. Вргањот слободно може да се нарече КРАЛ на печурките. ЛИСИЧАРКА (Cantharellus cibarius) личи на паткина нога, со боја како жолчката од јајцето или малку црвено-жолта во средината. Јадлива печурка со врвен квалитет, и разновидна употреба. Расте во листопадните и во иглолисните шуми , по правило во колонии, поретко поединечно. Времето на растење е во јуни , меѓутоа бара доста дождови кои ако ги нема, може воопшто и да не се појави, или само во мали количини. СМРЧАК (Morchella conica) Во неверојатниот свет на печурките, смрчакот е една од најнеобичните. Има необични фигури и мириси и се појавува на места на кои другите печурки не сакаат или привидно нема од што да живеат- на песок, на изгниени крпи и весници, на опожарени места...Сепак најчесто го наоѓаме низ јасикови шуми, во раната пролет.Смрчакот е особено вкусна, ценета и скапа габа. Сурова не треба да се јаде, бидејќи предизвикува стомачни болки. СОНЧАРКА (СРНДАК)(Macrolepiota procera)овие печурки се препознатливи по својот чадорест изглед, лушпите на шапката и прстенчето во горниот дел од стеблото. Расте по ливади, пасишта, стрништа, шумски чистини, по меѓи, од првата половина на септември , па се до крајот на октомври. Исклучително вкусна печурка , најчесто употребувана во Малешевијата како печена, а може да се суши и да се прави ароматично брашно за чорби. ЈАЈЧАРКА (Amanita caesarea) Карактеристична по портокаловата боја, убавината и вкусот, со право е наречена ЦАРИЦА на печурките. Позната е уште од римско време каде била гозба за царевите. Може да се најде од јуни до октомври , на отворени и топли места, светли шуми и ливади. Јајчарката има смротоносен двојник Amanita muscaria , која се разликува од неа по изразената кармин-црвена боја на шапката, по која има бели снегулки. Мухарата е една од најубавите печурки , симбол и илустрација на многу цртежи, но колку убава , толку и опасна. РУЈНИЦА (БРИКОВКА) (Lactarius deliciosus ) По боја е бледо жолта до портокалова со бројни потемни дамки кои се во вид на концентрични кругови и често позеленуваат.Површината и е мазна и сува , а работ прво правилен и свиткан, а потоа брановиден. Оваа печурка на притисот позеленува. Расте во мешовити и иглолисни шуми, особено под борови, во период од октомври до ноември.Особено е добра за конзервирање и за салати. ЃУРЃЕВКА (Calocube gambosa) Печурка која расте во ливади и пасишта, рабови на шуми , особено во непосредна близина на диви сливи, во високиа трева, се јавува во големи колонии во форма на кругови или полукругови. Највеќе ја има околу Ѓурѓовден , по што го добила и името. ОВЧА НОГА (Hydnum repandum ) Многу релјефна печурка која на прв поглед многу потсеќа на лисичарката , поради сличноста во бојата и градбата, меѓутоа за разлика од лисичарката, овчата нога на долниот крај од шапката има иглички кои се доста ронливи. Расте и во иглолисните и во листопадните шуми, во големи колонии. ЦРНА ТРУБА (Craterellus cornucopioides ) Името го добила поради тоа што личи на труба. По боја е темнокафеава до црна. Дршката и е кратка, и полека кон врвот се шири како инка. Сака влажни места и расте во групи од август до ноевмври но, може и да не се роди. Најчесто се употребува сува, како зачин за чорби и супи. НАПОМЕНА: Нема ниту едно општо правило со кое отровните габи би се разликувале од оние што се јадат. Не се јадат сите габи кои растат на дрво , ниту сите оние кои ги јадат разни животни , ниту пак се отровни сите оние кои ја менуваат бојата на месото. |
|
На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент:
Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker! |
|
Внеси реплика | |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |