IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Градови во Македонија
  Активни теми Активни теми RSS - Вевчани
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Вевчани

 Внеси реплика Внеси реплика страница  12>
Автор
Порака
kultuzin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 03.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4903
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kultuzin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Вевчани
    Испратена: 29.Јули.2010 во 12:10
Вевчани лежи на вода, но нема кал

     
Жителите на селото живеат многу поградски од тие во некои градови, газат на поплочени улици, секогаш имаат вода, а не користат ниту септички јами


     
     
Шаренилото од маски на вевчанскиот карневал традиционално привлекува многу погледи кон ова дримколско село, а сликите од тој познат настан на 13 јануари секоја година го обиколуваат светот. Но тие го сокриваат она што може да се види кога го нема карневалскиот метеж. А, тоа е развиеноста на вевчанската инфраструктура, на која може да и позавидат повеќе градови во земјава, уреденост со која Вевчани навистина заслужува да си издава свои пасоши во сувенирниците и да ги заменува денарите со личници, како вистинска држава во држава.

Пасошите и личниците Вевчани се обиде да ги воведе во некогашната југословенска држава како граѓански протест кога насилно се настојуваше да му се одземе еден од богатите вевчански извори за водоснабдување на Елен Камен. Така, последниве 20 години Вевчани стана симбол на снажна локална самоуправа и протест кон централните власти, кога нивните одлуки не соодветствуваат со локалниот интерес. На тоа се сетија и многу теоретичари, кои по минатонеделното мислење на Меѓународниот суд во Хаг за легитимноста на косовската самостојност, цинично прокоментираа: „Може сега ќе се повампират Илирида и Вевчани“.

Вевчани со неговите три илјади жители има нов водовод и стабилно водоснабдување, за разлика од Тетово и од Прилеп во некои години. Околу 95 отсто од домаќинствата се поврзани на канализацијата, за која има и пречистителна станица. Во Скопје тој процент е околу 70, а пречистување нема, туку сé оди во Вардар. Локалниот здравствен дом бил меѓу четирите најопремени во земјава, а опслужувал 25 илјади луѓе од околните села. Брзиот и ефикасен јавен превоз на компанијата „Сприја“, што значи брзина на локалниот дијалект, е изненадување за земјава. Местото има и пошта и детска градинка, а наскоро ќе добие и сосема ново училиште, инвестиција од еден милион евра од Министерството за образование. Тука е и еден од најуредените кејови, кој е каскаден. Дури и туризмот во Вевчани веќе не е селски, алтернативен, туку се одвива во вистински хотели.

Но како најмалата општина во земјава, соодветно на тоа и најсиромашна според годишниот буџет, успеала да го направи сето тоа?

- Уште од отпорот во 1987 година сите постојано вложуваме овде. Сé сме направиле со самопридонес. Привлекуваме и пари од странство, водоводот е направен со 550 илјади евра од Европската агенција за развој. Имаме малку пари, но успеваме многу да постигнеме. Затоа државата треба да ги распределува парите од ДДВ за општините не според бројот на стомаци во секоја од нив, туку според нивните заслуги. Како што се гледа, нашата инфраструктура е главно решена, ни останува само да шминкаме некои помали улички. Иако лежи на вода, во Вевчани нема кал - гордо објаснува општинскиот градоначалник Перо Илиески.

Токму водата на која лежи селото беше причина за бунтот во 1987 година, кој ја потресе цела тогашна Југославија. Вевчанските извори како споменик на природата придонесоа за деценискиот развој на туризмот, кој полека го надминува печалбарството како главен извор на приходи за населението. Изворите, уредени со патеки, мовчиња, црквички, се меѓу најубавите места во земјава. Но не се и единствената атракција. Општината има стратегија за да го претвори местото од викенд-дестинација и во локација за цел одмор од седум дена, со планинарските патеки што се обележуваат, со езерото што се гради, чија главна цел ќе биде наводнување на површините за производство на органска храна, како и според зголемувањето на бројот на атракциите. Така, се уреди и куќата на семејството на познатиот физичар Михајло Пупин, во која тоа се доселило од Москополе и живеело сé до отселувањето во банатското село Идвор во соседна Србија, каде што тој бил роден. Куќата сега има ресторан и соби за издавање, како и спомен-просторија со фотографии, меѓу кои и една од овековечена средба на Пупин и на Алберт Ајнштајн во САД.

Посетители привлекуваат и црквите и манастирите, од кои најпозната е „Свети Никола“, како и водениците, кои исто како и во изминатите векови мелат жито со помош на водата. Останале малку, но сé уште живеат од мелењето, односно не стојат само поради туристите.

- Има стари, запуштени објекти што сакаме да ги уредиме, да не го нагрдуваат просторот, но нивните сопственички односи најчесто се многу замрсени и тоа е невозможно - додава градоначалникот Илиоски.

Првиот човек на општината сака да го урне и објектот на претпријатието „Дримкол“ во самиот центар на селото, кој е изграден во соцреалистички стил, а долго време е запуштен, не се користи, па намерата на општинските власти е да изградат нешто убаво на тоа место. Но иако претпријатието не работи 20 години, стечајната постапка не била завршена, па и уривањето било невозможно.

Низ Вевчани не прошета Ѓорѓи Влајнкиноски, вработен во општината, горд на своето потекло и дете на познатиот бунт.





- Тогаш сум имал само шест месеци, но ме поткачиле со електричен пендрек, нешто што првпат било употребено во Југославија - раскажуваше Влајнкиноски додека ни ги покажуваше изворите, чија вода тогашните комунистички власти сакале да ја спроведат до елитната викенд-населба Елен Камен, каде што имале викендички.

Во селото има 64 легла во хотелите и во вилите, а заедно со приватното сместување бројката достигнува 200. Еден од најпознатите хотели е „Премиер“, отворен пред три години. Неговата менаџерка Соња Поповска вели дека посетеност има сé повеќе, и од домашни и од странски туристи, но иако зачестуваат оние што остануваат подолго, сепак, главно се доаѓа за еден викенд.

- Вевчани има многу да понуди и еден викенд е малку за целосно да се доживее местото. Овде има можности за вистински одмор и рекреација. Затоа сме имале и гости, кои наместо да седат во Охрид и во Струга и да го посетуваат Вевчани, отседнуваат тука, па патуваат до овие градови, што се блиску. Оттука лесно се стигнува и до Маврово - објаснува Поповска.

Автентичниот селски амбиент, искомбиниран со градските услови за живот, како и многубројните знаменитости за едно толку мало место, прават вевчанци да се гордеат со својата република. Тие срдечно го пречекуваат секој добронамерник и му овозможуваат да ужива во сé што нуди нивниот крај. Но 1987 година секогаш им стои како потсетник дека ако некој се обиде да им одземе нешто, нема лесно да се предадат.

http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=72910102143&id=9&prilog=0&setIzdanie=22046

Кон врв
Џо Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Каубоец

Регистриран: 17.Ноември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 2121
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Џо Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Јули.2010 во 12:28
Сум бил , фино мало место.
И стварно , наликува на посебна држава.
Ovo nebo nad nama
sjena je od zastora
kula na nebesima
u našim je prsima



Кон врв
alekso_2000 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Март.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 523
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај alekso_2000 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Септември.2010 во 20:49
Алоооооооо!!!!
Вевчани не е град .... ДЕРЖАВА !!!!
car's freack
Кон врв
zabegan Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Другарот на Мона Лиза

Регистриран: 06.Април.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9774
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zabegan Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Септември.2010 во 21:46
мене од вевчани ми се допаѓа архитектурата и природата околу градот, а сеуште не сум бил таму за да го осетам духот да
размисли пред да напишеш глупост
Кон врв
Генерал Митре Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
бадајалџија

Регистриран: 19.Ноември.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 646
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Генерал Митре Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Октомври.2010 во 20:32
За првпат појдов во вевчани прошлиот месец и се воодушевив. Како да бев во друга држава со друг народ.Значи имало нада за македонија.
Големо браво за вевчани и добрите луѓе од таму.
Кон врв
bijonse1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
bella Madonna

Регистриран: 14.Јануари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 16521
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bijonse1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Ноември.2010 во 19:51
http://www.australianmacedonianweekly.com/edition/1119_13042010/Vevcani.jpg     http://2.bp.blogspot.com/_1i9XGdsW5w0/SuATVpnREfI/AAAAAAAAABE/rTOPGdZ1Zqk/s320/2006-09-20-makedonija-vevcani-izvir.jpg        http://profile.ak.fbcdn.net/hprofile-ak-snc4/hs338.snc4/41813_120975807922440_3001_n.jpg   http://www.mpc.org.mk/_images/Aktuelnosti/vevchani170820061.jpg http://www.ereporter.com.mk/Content_Data/Images/2010022014455245.jpghttp://ohridnews.com/sliki/vesti1/2008/08/17/23-46-55_2240/most.jpg 

Атарот на Општина Вевчани се наоѓа северозападно од Охридското Езеро...се протега во насока исток - запад, од подножјето, преку ридестиот терен, се до сртот на планината Јабланица... се граничи со општините Струга, Велешта, и Лабуништа, а во потесен дел ја допира државната гранична линија со Албанија ... до Вевчани води асфалтиран пат што од Струга минува низ селата Враништа и Велешта....среќа


Изменето од bijonse1 - 02.Февруари.2011 во 18:43
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Јануари.2011 во 15:42
Промовирана книга за Вевчани
 
"Вевчански масони и војводи" е наслов на книгата која вчера и официјално беше промовирана и којашто, според авторот Илија Калановски, има научна основа и открива досега непознати содржини од историјата на Вевчани. Ова ја прави хрониката интересна на повеќе рамништа и дава скромен придонес во збогатувањето на македонската историографија...

Кон врв
stigma04 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Март.2010
Статус: Офлајн
Поени: 2661
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај stigma04 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Јануари.2011 во 20:22
vevcani e preubavo mesto a sega za karnevalot e top mislam ne e loso da se poseti.....
Jas sum pepel tamu kade sto bev ogan
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Јануари.2011 во 06:56

Вевчани е закон!

 
 

Сите знаете како изгледа, но знаете ли како звучи владата на Република Македонија.

Да, ова е вевчанскиот карневал, но само загревањето. Кога Вевчани ќе ги откријат строго чуваните маски, се спуштаат до почетокот на селото и почнува василичарскиот танц.

Започнува прочистувањето на селото, по улиците се протеруваат злите духови. Тргнуваат прво горно-маалците, по по нив, долно-маалците. Но, вевчански не се себични, освен за своето мало село, се грижат и за нашето големо.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Јануари.2011 во 06:57
 
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Јануари.2011 во 06:57
 
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Јануари.2011 во 06:58
Кон врв
Calipso Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Primarius

Регистриран: 26.Мај.2009
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 44671
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Calipso Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Јануари.2011 во 16:36
Од кога па Вевчани е град
На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент:
Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker!
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Јануари.2011 во 16:41
Originally posted by Calipso Calipso напиша:

Од кога па Вевчани е град
 
 
Не е град.Ама кога нема раздел ''Села во Македонија'' е редно тука да се пушти темата.голема%20насмевканамигнување
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  12>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,172 секунди.