IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Образование
  Активни теми Активни теми RSS - Министерство за образование
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Министерство за образование

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 2345>
Автор
Порака
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Ноември.2008 во 20:58
..na poteg e ministerot stojanovski...ne bi trebalo da gi izneveri ocekuvanjata i doverbata na onie koi mislat deka e dostoen na mestoto koe go zazema...
Ревизорот му препорачува на министерот Стојановски да ги задолжи службениците да ги вратат незаконски исплатените средства. Да се напушти воспоставената практика на исплата на надоместоци за вршење работи и задачи кои спаѓаат во редовни работни обврски на вработените.

Кон врв
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Ноември.2008 во 06:07
...pozitivno ili negativno...vremeto kje pokaze...

МИНИСТЕРСТВО ЗА ОБРАЗОВАНИЕ ЗА 100 ДЕНА ВЛАДА


Задолжителното средно - успешен проект


Во првите сто дена од работеењето на новата Влада, повеќе од 35 илјади основци и четири илјади средношколци ја искористија можноста да добијат бесплатни учебници, истакна Министерот за образование Перо Стојановски.
- Од оваа учебна година повеќе од 14.000 ученици во прва година користат бесплатни автобуски билети, без разлика дали ги користат услугите на јавните или приватните превозници. Во Скопје оваа услуга на Министерството е овозможена за 5600 средношколци - истакна Стојановски.

Министерот за образование напомена дека 95 проценти од завршените основци го продолжиле своето образование во средно училиште - дека државниот просветен инспекторат поднел 924 прекршочни пријави против родителите кои не го почитуваат законот за задолжително средно образование.
- Оваа година ја воведовме државната матура и за неа се пријавија 17.800 матуранти. На државните и приватните универзитети се запишани 19.128 бруцоши - истакна Стојановски, напоменувајќи дека за оваа учебна година е предвидено зголемување на стипендиите за учениците и студентите.

Од Буџетот, рече министерот за образование, се издвоени 778 милиони денари за реконструкција на педесет училишта и изградба на едно ново. 
Кон врв
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Ноември.2008 во 06:37
...Ministerot prv treba da gi vrati parite... honorarot e premnogu mal...za visokata cena koja kje ja platat reformski nastroenite cekori na Vladata i premierot Gruevski...zatoa shto honorarite se isplateni za rabotni zadaci za koi se zema plata...samo taka kje moze da se veruva deka vo obrazovanieto pocnaa pozitivni promeni...
Напумпаните хонорари во образование кај обвинителот
Министерот, кој и самиот добил извесна сума пари за своето ангажирање во комисиите, одбегна да одговори на прашањето дали тој ќе ги врати парите и дали ќе им укаже на своите вработени и тие да ги вратат набилданите хонорари во вкупен износ над 230 илјади евра, на кои се посочува во извештајот на ДЗР. Со извештајот е скенирана работата во Министерството за време на Сулејман Рушити.
Според извештајот, Стојановски како државен секретар за учество во разни комисии и зголемен обем на работа добил 155 илјади денари.
Министерот потврди дека добил одредена сума пари како член на Државниот матурски одбор, но членувал и во други комисии за кои, како што рече, „согласно со одредена процедура биле предвидени одредени средства“. Но, како што вели, тој не добил најголем хонорар. Екстремно високите хонорари, според него, се резултат на тоа што не постоела јасна процедура.
... odredeni sredstva moze da bidat predvideni za nadvoreshni sorabotnici...ne za vrabotenite cie ucestvo vo tie komisii e po sluzbena dolznost... ubavo e da se rasceprkaat i honorarite koi se zemaat vo edni odredeni krugovi za izdavanje (citaj preveduvaat) priracnici koi ponatamu s e distribuiraat po ucilishtata i se insistira na realizacija na nekoi proekti za koi nastavno vospitniot kadar se izjasnuvaat kako shtetni i ne korisni za ucenicite i za vospitno-obrazovniot proces...
Кон врв
Majkl Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3019
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Majkl Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Ноември.2008 во 21:25
Зошто вакви работи не се лекторираат пред да бидат ставени на веб-сајтот на македонското министерство за образование? Каква е таа ИИИ година? Мене ми е јасно но дали на сите им е јасно? Од когато това се по б`лгарчи казването на философскиот ни факултет та станаха филозОВски?
Цитирај
КОНк*рС за доделување на стипендии во траење од 36 месеци за учење на италијански јазик и култура во Перуџа или Сиена
25.04.2008
Владата на Италија за учебната 2008-2009 година доделува стипендии во траење од 36 месеци за изучување на италијански јазик и култура (за студенти од државните Универзитети во Р.М) на Универзитетите за странци во Перуџа или Сиена, и тоа:

15 двомесечни стипендии се наменети за редовни студенти на ИИИ година на Катедрата за италијански јазик на Филолошкиот факултет- Скопје;
6 едномесечни стипендии се наменети за студенти на ИИ и ИИИ година, а кои студираат на: Архитектонски факултет, Факултет за музичка уметност, Факултет за ликовни уметности, Факултет за туризам, Педагочки факултет, како и на Филозовски факултет.
Неопходни документи за конк*рирање:

Формулар за барање на стипендија
фотокопија од Индексот за запишан семестар, односно година;
фотокопија од првата страница на Индексот
уверение за положени испити со среден успех (8.00);
да не се корисници на стипендии од Владата на Република Италија;
потврда или изјава за познавање на италијанскиот јазик;
документ за докажување на државјанството (уверение за државјанство, фотокопија од лична карта или пасош).
Документите се доставуваат во два примероци.

Краен рок за пријавување е 9 мај 2008 година.

Формулари за поднесување на кандидатитурите, како и подетални информации можат да се добијат во
Министерството за образование и наука,
Бул. “Илинден” б.б. - Скопје,
тел 3118 - 022, локал 127.

Превземено од:
http://www.mon.gov.mk/mk/konk*rsi_tenderi/642-konk*rs-stipendii-peruxa-siena



Изменето од Majkl - 10.Ноември.2008 во 21:25
Кон врв
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Ноември.2008 во 06:26
... nekako ne ubavo se odmotuva klopceto za rabotenjeto vo instituciite kade mladite treba da naucat kako da stanat dobri gragjani na svojata drzava... a se veli...kakvo obrazovanie imate...takva kje vi bide drzavata... so zdravo obrazovanie... zdrava drzava...kaj nas Obrazovanieto ne e mokj...kaj nas ocigledno drugo e mokj...a boga mi i bogatstvo... prezemeno od deneshen Dnevnik

СЛУЧАЈ „ХОНОРАРИ“ ВО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОБРАЗОВАНИЕ

Инстант-кариери плус плата и хонорар

Надворешни хонорарци се поставуваат и на раководни позиции со звања државен советник, раководител на одделение или сектор

Министерството за образование и наука го достави случајот „Хонорари“ во Јавното обвинителство, но додека ги чека наодите, и понатаму ангажира кадар од надвор. Подготвува и нова систематизација по вонредните парламентарни избори. Под маската на законите за основното и за високото образование, како и за истражувачка дејност, новиот правилник за работните места сега треба да ги задоволи апетитите на кадарот од редовите на довчерашните опозиционери, а сега коалициски партнер во власта - ДУИ. Без почитување на законските одредби, државни службеници се преместуваат и по три-четири скалила во хиерархиската поставеност.

Покрај редовното вработување во научни и во други државни институции, „специјалитет“ е дополнителниот ангажман во самото Министерство за што се исплаќале и се' уште се исплаќаат високи хонорари како втора ставка по таа за членство во интерните и во експертските ад хок-комисии. Надворешни хонорарци се и на раководни позиции со звања државен советник, раководител на одделение или на сектор.

-----------------------------------------------------------------------------------------------

Во Министерството за образование и наука вчера беа децидни дека во мандатот на претходниот министер Сулејман Рушити не биле ангажирани хонорарци, кои биле редовно вработени на друго место. Уште помалку дека тие биле на раководни функции.

Но, според сознанијата, иако не се меѓу имињата со највисоки хонорари, сепак меѓу тие што земале се и Дрита Мамути и Исамедин Азизи. Мамути уште од јануари годинава редовно се вработила како асистент на тетовскиот универзитет, а до изборите продолжила да ја извршува функцијата раководител на Одделение за односи со јавноста, протокол и превод. Исамедин Азизи без ниту ден работно искуство во Министерството бил примен за државен советник за меѓународна соработка, а со решение за редовно вработување бил во Институтот за албанска историја. Тој се' уште чека разврска со оглед дека сега е член на новата партија на Имер Селмани.

За името на Гуле Гулев се врзува обратна ситуација. Тој во мандатот на Рушити бил државен советник. Од неодамна е редовно вработен како асистент на штипскиот универзитет „Гоце Делчев“, а е и надворешен советник на министерот за образование Перо Стојановски. Доброупатени извори тврдат оти тој е и шеф на кабинетот на министерот. Н.С. се иницијалите на вработен што по победата на ДУИ напредува четири хиерархиски места во кариерата со звање државен советник. Но, и актуелниот државен секретар Дарко Митевски напредувал експресно, зашто на раководна функција со звање државен советник за образовни политики, стигнал од местото училиштен педагог во осмолетка во Македонска Каменица.

Државната ревизија во последниот извештај за работењето на МОН во минатата година утврди дека за хонорари за дополнителен ангажман во интерните или експертските комисии на 92 лица им биле исплатени 14 милиони денари или над 230.000 евра. Највисок хонорар, од 30.000 евра, зел Аднан Селмани, кој во мандатот на Рушити бил раководител на секторот за финансии. Меѓу доброплатените хонорарци е и Феузи Џафери, раководител на секторот за поддршка на министерот и шеф на неговиот кабинет.

... poleka se dobiva odgovor za nereshavanje na site problemi spomnati vo site temi na podforumot Obrazovanie...

..angaziranje defektolog za rabota so decata so POP godishno bi cinelo okolu 3 000 evra... iako ucilishtata odamna podnele baranja...defektolozi nema...nemalo pari...e pa parite za 10 defektolozi... otidoa na 1 honorar... a so tie 230 000 evra bogami kje se reshea bajagi problemi vo obrazovanieto...




Изменето од mamamd - 11.Ноември.2008 во 06:26
Кон врв
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Мај.2009 во 06:13
Знаењето е сила, знаењето е моќ.Нови преструктуирања во МОН. Подобри или полоши, времето ќе покаже
Џорџе Арсов од локалната се сели во централната власт


Екс-градоначалникот на Кисела Вода, Џорџе Арсов, кој не влезе во трката за нов градоначалнички мандат, во иднина ќе раководи со државниот просветен инсепекторат. Владата за директор го назначила на една од последни седници. Досега функцијата на прв просветен инспектор ја вршеше Роберт Георгиев.


Кон врв
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Јануари.2011 во 13:58
Читам, па пречитувам и пак не разбрав- зарем досегашниот наставен план според кој  е предидено дополнителна и додатна настава не е задолжителен?збунетост
Не ми е јасно што сака да каже министерот со ова
За годинава планирате и измени во законите за основно и за средно. Предвидовте задолжителна дополнителна и додатна настава. Зошто?

Имаме ситуација во еден клас, на пример, да имаме ученици што се одлични и на кои треба да им дадеме малку повеќе поттик за да усвојат уште повеќе материјали и тоа е таканаречена додатна настава. Таа е незадолжителна и е наменета за талентирани ученици. И таа мора да биде задолжително организирана во секое училиште. Но, поклучна за мене е дополнителната настава, која се организира за слабите ученици. Со измените сакаме да спречиме да имаме што помалку слаби ученици, кои имаат знаења еднакви на единица или двојка. Знаете дека генерално во Македонија има појава на држење приватни часови по многу предмети. Но, не секој во државата има средства да плати таква дополнителна настава за своето дете. Тоа чини. Поради тоа, ние предвидуваме ваква настава да има задолжително во секое училиште, така што секој родител ќе може да побара неговото дете да посетува таква настава бесплатно, независно од оценката.
Ќе има казни за професорите што не држат настава, но и за деканите


Кон врв
brza Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Февруари.2006
Локација: vidiFOTOupotpis
Статус: Офлајн
Поени: 34534
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај brza Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Јануари.2011 во 15:38
taka e toa tuka,..odamna,

..koj kako ke 'dojde'' na nekoe povazno mesto...saka da gi sreduva rabotite a ustvari ne e svesen deka gi unereduva....vekje sredenite!изненадување
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
Кон врв
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Февруари.2011 во 08:47
И додека средните училишта ги тресат тепачки, упади во училишта, во основните се прават вицови на сметка на законот за наставничко досие-односно модерно портфолио.
Шегите се на сметка на педагошко-психолошките служби кои “добија“ задача да ги присоберат и архивираат досиејата- па така тие кутрите немаат време за работата која им ја предвидело министерството-советодавната служба со децата и родителите.
Шегите-трагикомично одат дотаму што просветарите се договараат на членот од законот кој предвидува- прилог видео материјали од 3 до 4 часа “да настапат“ така што сите да ги подготват, налицкаат таквите часови и по “понудениот доказ“ да се релаксираат “со помалку работа“. Та нели имаат доказ дека се вредни и работниголема%20насмевка
Шегите одат дотаму што- на членот од законот каде се бара присуство на советник од БРО- да се издоговорат “со малку непотизам“ и да ги донесат броовци да им го видат “добриот “ час па потоа да се релаксираат.голема%20насмевка
И ако некому ова му изгледа чудно нека не се чуди. Токму така стои во законот, за добар просветар ќе биде прогласен САМО оној кој ги има гореспомнатите “докази“. Оној кој цела година работи, а не приложи “докази“ отиде јабана.
Небулозата е отидена дотаму што оној кој напишал учебник, заработил пари- а комисијата на МОН докажала дека не чини учебникот- пак ќе си добие поенчиња и ќе го добие звањето -“поголема плата“ од оној кој не пишувал учебници, написи во весници, ама си работел во училница со децата.
Педагошко-психолошката служба “ги оценува“ даскалите, ама тие не смеат да ги оценуваат овие другиве. Тие ќе се самооценуваат со докази- сертификати. Искрено- за нив нема мислење од ученици, родители, наставници/професори.
Незнма кој го донел законов, ама мислам дека министерот Тодоров малку ќе мора да седне да поразговара со даскалите околу небулозите кои ги содржи и за кои деновиве се актуелните вицови.изненадување
Кон врв
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Февруари.2011 во 08:59
И вчера беше кулминација кога една наставничка која работи со првачиња-деветколеткаши побара “консултација“ како да ги сними таа “своите докази“ кога овие малецкиве само гледаат во камерата и бараат да им објасни што прави-зошто не е со нив туку се занимава со камери, апарати на час?Запрепастена жената прашуваше-Како да си ги собере доказите- и препорачавме да си плати снимател газење%20од%20смеење
Таа кутрата сериозно праша- Дали мора да побара одобрение од родителите ако сака дел од сликите да стави на Фејсбук или кога ќе ги дава на “доказ“ доказите? Што ако некој родител не сака слики од неговото дете на социјални мрежи?
Тоа не зневме да и го кажеме-оти и ние не сме информираниголема%20насмевка
Кон врв
ПодВодно Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 09.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 7391
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ПодВодно Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Февруари.2011 во 10:54
дер из ноу бизнис лајк шоу бизнис.
изгледа дека така ќе биде и во образованието. таканаречените доказни материјали дека и како некој работи со учениците ќе се делат во жанрови: театар, скриена камера, реалити шоу, зависно од тоа како се „подготвил“ наставникот да ги фати учениците и/ли себе „на дело“.

оние кои се поставени (нема да речам избрани или платени, оти тоа ќе значи дека треба да чувствуваат и одговорност) да го унапредат образованието со сигурност ќе успеат да го претворат во фарса.
колективите и онака се поделени на обоени, шарени и безбојни групи, а сега и поединците ќе добиваат маркица за идентитет без дигнитет т.е. наставник од прва, втора и шљ-класа. зависи какви филмови снимал.

боже, а која беше темава? ааа, МО(Н)! хмммм... или јас сум оф-топик или нешто во МО(Н) е оф-топик






Изменето од ПодВодно - 05.Февруари.2011 во 11:28
Кон врв
Gorazd777 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Октомври.2008
Локација: Евразија
Статус: Офлајн
Поени: 1584
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Gorazd777 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Февруари.2011 во 02:06
Последните промени во законите за основно и средно образование,ајде не само што не се смешни,туку покрај тоа што се трагикомични , и се небулозни.
Додавањето на додатните,дополнителните и слободните активности,како часови,ќе претставуваат дополнителен товар како на малите деца,кои веќе имаат по 5 до 6 часови,а за среднистите да не зборувам ,во еден ден нема да биде реално можно да се изведуваат тие часови,како 12 или 13 час.
Но најкапак од се е казнувањето на родителите од по 200евра,кои немало да дојдат на покана на советување од незнам какви причини.
После ова крајно може да се рече дека идиотизмот или промените од идиотска смисла на министерот за образование,како и другите активности од неговата влада,одат само на една помисла,КРИЗИТЕ ИЛИ КРИЗИРАЊЕТО во ова општество се гледа кој го прави ,само актуелната власт,а вината ја префрла на опозицијата,така министрееееееее,ој министреееееееееее,не си на правен и не лечи фрустрации со деца,зашто и по тебе некој доаѓа?!?
ВОЈНАТА Е МИР
СЛОБОДАТА Е РОПСТВО
НЕЗНАЕЊЕТО Е СИЛА
ОД ЗЕЛКА ТОРТА И ОД СЕЉАК ГРАЃАНИН НЕ БИДУВА
Кон врв
Little Daisy Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член
Лик (аватар)
Мала.

Регистриран: 29.Мај.2010
Статус: Офлајн
Поени: 18
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Little Daisy Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Февруари.2011 во 13:10
Некои промени во образванието не ги поддржувам, на пример огромнава контрола која ќе ја имаат родителите врз децата. Сметам дека, не треба да им се даде толкав пристап на родителите до случувањата на школо.Контра ефектот ќе биде огромен! Нормално, кај децата ќе се јави одбивност, која никој не може да предвиди како ќе се рефлектира. Но, променате која почна да се случува на факултетиве многу ми се допаѓа. Конечно дојде време онаа багра во скривницата да се размрда малку.

Изменето од Little Daisy - 16.Февруари.2011 во 13:11
Dream and love are just words - until you decide to experience them!
Кон врв
Gorazd777 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Октомври.2008
Локација: Евразија
Статус: Офлајн
Поени: 1584
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Gorazd777 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Февруари.2011 во 13:33
Никогаш со репресија работите не се решаваат,зашто во народот се вели кој инает брка(со инает решава) од главата му се крши,после се враќа како бумеранг.
Промени може во се,само да биде издржано,а за да му направиш на некого зло,многу е лесно.
Едноставно,подобри го начинот на студирање на приватните универзитети,квалитетот ќе си го одбере сам секој,па после ако не постарите,младите професори кои ќе доаѓаат сами ќе побараат промени,ако од тоа им зависи работата и опстанокот.
И на крај зошто се полни квотата на студенти,дури и се тепаат за државниот(ако и тој се плаќа),за високо образование никој не те присилува,слободно одиш на кој сакаш факултет.
ВОЈНАТА Е МИР
СЛОБОДАТА Е РОПСТВО
НЕЗНАЕЊЕТО Е СИЛА
ОД ЗЕЛКА ТОРТА И ОД СЕЉАК ГРАЃАНИН НЕ БИДУВА
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 2345>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,187 секунди.