IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - Поуки од Светото Писмо
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Поуки од Светото Писмо

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 89101112 13>
Автор
Порака
Blagoj_s Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3057
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blagoj_s Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Декември.2010 во 14:54
     


     ЗА ГРИЖИТЕ, МОЛИТВАТА И ПРИОРИТЕТИТЕ.


       31 И така не грижете се, велејќи: ‘Што ќе јадеме?’ или: ‘Што ќе пиеме?’ или: ‘Што ќе облечеме?’ 32 Зашто сето тоа го бараат народите, зашто вашиот небесен Татко знае дека ви е потребно сето ова.

АРГУМЕНТ 5 – ГРИЖЕЊЕТО Е НЕДОВЕРБА ВО БОГА.

Ако се грижите и кукате, за храна, пијалок и облека. Тогаш вие се однесувате како луѓето (народите) кои немаат вера во Живиот Бог. Луѓето кои не го познаваат Вистинскиот Бог тоа постојано го бараат од Бога, да имаат храна, пијалок и облека. Колку често такви работи ги нагласуваат и нашите сограѓани? “Најпрво здравје!“ Или кога ќе ми речат: “не треба молитва туку треба мотика!“ А не сваќаат дека и пред и по мотиката е потребна молитва и благослов Божји. Ако си Христијанин, дете Божјо, не се однесувај како луѓето кои не го познаваат Бога, па се грижат, плачат, кукаат, офкаат, стенкаат под товарот на грижите. Верникот има вера во Бога, се надева на Бога, ја има љубовта Божја во срцето и знае, Небесниот Татко ќе се погрижи за телесните потреби. Господ Исус рече: “вашиот небесен Татко знае дека ви е потребно сето ова.“ Затоа не грижете се!



33 Но, барајте го првин царството Божјо и Неговата правда, и сè тоа ќе ви се додаде.

АРГУМЕНТ 6 – ПОСТАВИ БОЖЈИ ПРИОРИТЕТИ ВО МОЛИТВАТА И ДУХОВНОСТА КАКО ЗАШТИТА ОД ГРИЖИТЕ.

Господ ни порачува јасно. НЕ ГРИЖИ СЕ за ништо туку ВО МОЛИТВА “сите ваши грижи префрлете му ги Нему, зашто Тој се грижи за вас.“ (1.Петрово 5:7) Е сега дојдовме до молитвата. Ама секој се моли, верни и неверни, правоверни и “правоверни“, вакви и такви, дали сите правилно се молат? Не! Еве како треба правилно да се молиме и да бараме од Бога. Мора да ги следиме Божјите приоритети.
www.myspace.com/sblagoj
Кон врв
KINGDAVID Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Solomon's father

Регистриран: 09.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 9420
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај KINGDAVID Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Декември.2010 во 22:56

 "Затоа ви дадов пример да прaвите и вие така, како што ви направив Јас."

                                   ( Jovan 13:15)


  ISUS dal odlicen primer za roditelite bidejki go pravel ona sto go zboruval.

Za da gi zainteresiraat decata da go sakaat BOG, roditelite mora da postapuvaat vo sklad so ona sto go zboruvaat (1 Jovanovo 3:18).

Zosto e tolku vazno roditelot da poucuva so licen primer?

Isto kako sto vozrasnite mozat da naucat da go sakaat BOG gledajki go primerot na ISUS, taka i decata mozat da naucat da go sakaat BOG so toa sto kje go sledat dobriot primer na svoite roditeli.

Drustvoto vo koe se naogja deteto moze ili da vlijae dobro vrz nego ili da mu gi rasipe dobrite naviki ( 1 Korintjanite 15:33).

Vo pogolemiot del od zivotot na deteto, a najmnogu vo ranoto detstvo-koe e mnogu vazen period bidejki togas se oblikuva negovata licnost- najbliskoto i najvlijatelnoto drustvo za edno dete se negovite roditeli.

Zatoa , roditelite treba da se zaprasaat:

' Kakvo drustvo sum jas za moeto dete? Dali toa moze da uci od mojot primer i da stekne dobri naviki?

Kakov primer mu davam vo pogled na vaznite raboti vo zivotot?

Dali ona sto go zboruvam go praktikuvam i na delo ? '

Dali moeto dete moze da vidi  deka se nadevam na BOG ? '


   SOLI DEO GLORIA
Кон врв
Blagoj_s Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3057
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blagoj_s Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Декември.2010 во 11:23



     ЗА ГРИЖИТЕ, МОЛИТВАТА И ПРИОРИТЕТИТЕ


ПРИОРИТЕТ БР.1 - БОЖЈОТО ЦАРСТВО.

Во своите молитви и целокупната твоја духовност најголем и најважен приоритет треба да ти биде царството Божјо. Пријатели, Господ Исус никаде не проповедаше дека се наближи таа или оваа црква, туку проповедаше приближување на царството Божјо (Небесно). Господ ги повикуваше луѓето да влезат во царството Божјо а не во црквена организација. Не ме сваќајте погрешно, не сум против црквите, туку давам се од себе да го разберете најголемиот приоритет Господов – влез во царството Божјо. Црквите имаат граници, ама царството Божјо нема граници:

    * Просторна (тоа е и на земјата и во целата вселена).
    * Временска (минато, сегашност, иднина).
    * Народна.(од сите народи се таму).
    * Расна (бели, црни, жолти, црвени, секакви).
    * Верска – е тука влезот е отворен САМО ЗА ОНИЕ КОИ ЌЕ ПОВЕРУВААТ И ГО ПРИМАТ ИСУС ЗА ГОСПОД И СПАСИТЕЛ.
    * Идентитет – секој верник се вклопува и стопува во идентитетот Божји, тој е БОЖЈО ЧЕДО, тие се БОЖЈО СЕМЕЈСТВО, НАРОД БОЖЈИ.

Во истата глава (Матеј 6) Господ Исус ја даде молитвата “Оче Наш“ како примерок на молитва. Во Нејзе јасно е нагласено: “да дојде Твоето царство, да биде Твојата волја, како во небото, така и на земјата.“ (6:10) Затоа, кога се молиш:

    * Моли го Бога како свој цар и господар.
    * Моли го да ја исполнуваш волјата Негова – Царска.
    * Моли го да ти го даде “пасошот“ и “државјанството Божјо“ сега.
    * Моли го да те чека на “граничниот премин“ меѓу овој и идниот живот.
    * Моли го да те внеси во Неговото царство на Небо.
    * Моли го достојно да го претставуваш Божјото царство и Семејство на земјата.
    * Моли го Божјото царство да е во твоето срце, во твојот живот.



ПРИОРИТЕТ БР.2 - БОЖЈАТА ПРАВДА.

Господ исус пред да најави дека царството Божјо доаѓа и се наближува им порачуваше на луѓето да се покајат, тоа е влезот во царството Божјо. Затоа кога се молиш:

    * Покај се за своите гревови.
    * Покај се активно и секојдневно за се што си згрешил.
    * Барај прошка од Бог.
    * Барај сила за победа над гревот.
    * Бори се против пороците и гревот.
    * Бори се да бидеш свет и праведен по Божји стандарди.
    * Промени ги критериумите на праведност.
    * Промени го својот живот – живеј свето.
    * Биди втемелен во Божјата праведност.
    * Биди Божји праведник – зашто само “праведникот ќе живее преку вера“ вечно.

Ако ги поставиш царството Божјо и правдата Божја за свои приоритети како во молитвата така и во животот, тогаш, не бери гајле, Бог ќе се погрижи за сите твои потреви.
www.myspace.com/sblagoj
Кон врв
Blagoj_s Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3057
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blagoj_s Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Декември.2010 во 11:57


        ЗА ГРИЖИТЕ, МОЛИТВАТА И ПРИОРИТЕТИТЕ.


   

    34 И така, не грижете се за утрешниот ден, зашто утрешниот ден ќе се грижи за себеси. Доста му е на секој ден неговото зло.”

АРГУМЕНТ 7 – БОГ ЌЕ СЕ ГРИЖИ И ЗА ИДНИНАТА.

Затоа после се што не поучи Господ за грижите, зарем треба уште да се кажува? Ама некој ќе рече, па јас не се грижам за денеска, ама за утре, односно за во иднина. Без разлика за кога, за денеска или утре, за сегашноста или иднината, НЕ ГРИЖИ СЕ – БОГ ЌЕ СЕ ПОГРИЖИ ЗА СЕ!

Доволно грев, лоши работи, зли дела, нечесност и грижи има во секој ден. Ако од денешните грижи Бог те ослободува, Ти вели да не се грижиш, туку да му дозволиш Тој да се погрижи за тебе и да ти обезбеди се што ти треба, тогаш ќе се погрижи и за утрешните. Верувај му, надевај се на Него, имај доверба во Него. Препушти се Божјата љубов да те смири и да ти обезбеди се што ти е неопходно за живот.



На крајот сакам да ги поттикнам сите Христијани и луѓе со добра волја. Се наближува денот кога се сеќаваме и го славиме раѓаењото на Господ и Спасителот Исус Христос. Божик е денот кога светот, човечкиот род прими НАЈГОЛЕМ ДАР, дар од Бога. Тој дар ни донесе не само спасение од гревот, туку и радост, ослободување од грижите и ветување дека Бог ќе се грижи за нас. Затоа за Божик и ние да подариме некому мала радост. Со сопругата ги поучуваме нашите деца да собираат средства и да дадат дар на некое дете за Божик, да донесат насмевка некому. Ние со сопругата го правиме истото. Христијаните кои имаме прилика да ги поучуваме ги поттикнуваме и инспирираме и тие да го прават истото. Сакаме да ве охрабриме и вас. Имате доволно време, по 10, 20, 30, 50 денари да одвојувате секој ден, да соберите доволно, да купите храна или нешто друго. Најдете сиромав, човек во потреба, понудете му храна во името на Господ Исус Христос. Помогнете некому, со тоа ќе соработувате со Бога во отстранување на грижите на тие луѓе во тој ден. Ако вие не знаете такви луѓе, можете да донирате кај нас, ние како заедница на верници се организираме и имаме план да помогнеме на повеќе луѓе. Господ Исус ни даде прекрасен совет, а ова е дел од Божјата правда. „Кога даваш ручек или вечера, не повикувај ги своите пријатели, ни твоите браќа, ни своите роднини, ниту богатите соседи, за да не те повикаат и тие и да ти биде вратено. Туку кога даваш гозба, повикај ги бедните, сакатите, хромите и слепите! И ќе бидеш блажен, зашто немаат со што да ти вратат! Ќе ти биде вратено при воскресението на праведниците.” Лука 14:12-14 Апостолот Павле опишува која била одлуката на Апостолскиот собир во Ерусалим и што правел тој во неговото служење. “Да си спомнуваме за бедните, за истото, што и ревнував да го правам.“ Галатјани 2:10 Бог нека ве благослови.
www.myspace.com/sblagoj
Кон врв
KINGDAVID Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Solomon's father

Регистриран: 09.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 9420
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај KINGDAVID Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Јануари.2011 во 23:50

 Затоа Јудејците се чудеа и велеа: „Како ги познава Овој Писмата - кога не учел?”

                                        ( Jovan 7:15)


 Otkako zapocnal da propoveda , ISUS dosol vo Nazaret, gradot kade sto porasnal i vlegol da poucuva vo tamosnata sinagoga.

Mnogumina od negovite slusateli bile vooduseveni i se prasuvale od kade ima ovoj covek tolku mudrost .

Tie go poznavale Negovoto semejstvo- Negovite roditeli, i Negovite brakja i sestri- i dobro znaele deka se siromasni ( Matej 13:54-56 ; Marko 6:1-3).

Bez somnenie, znaele deka ovoj drvodelec od Nazaret sto zboruva tolku ubavo nikogas ne odel vo nitu edna od rabinskite procueni skoli ( Jovan 7:15). Zatoa, nivnoto prasanje bilo na mesto.

Mudrosta sto ja pokazal ISUS ne bila proizvod samo na Negoviot sovrsen um.

Nesto podocna vo tekot na svojata sluzba, koga javno poucuval vo hramot ISUS rekol deka Negovata mudrost doagja od eden mnogu povisok izvor.

Vo Evangelieto spored Jovan 6 :15 pisuva :

Тогаш им одговори Исус и рече: “Учењето Мое не е Мое, а на Оној што ме прати;


Da, Onoj Koj go ispratil Sinot na Zemjata , bil vistinskiot Izvor na mudrost (Jovan 12:49).


Kako e so nas? Dali i nie se nadevame na Bozjata mudrost ?

( Izreki 3: 5,6)




   SOLI DEO GLORIA
Кон врв
Blagoj_s Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3057
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blagoj_s Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Јануари.2011 во 12:34


        Поглед кон смислата на Христовото раѓање и Божиќните празници



     Преминот од една во друга година најчесто е поврзан со нови почетоци. Вообичаено, секој од нас на истекот од годината ги анализира достигнувањата од претходната година, успесите и евентуалните неуспеси, личните промашувања и верувам многуте радосни моменти. Но, истовремено, почетокот на новата година секого од нас го тера да размислува за периодот кој претстои, сите не тера да погледнеме малку нанапред и да размислиме за тоа како ќе чекориме во месеците кои претстојат, по кој пат ќе се движиме во деновите кои доаѓаат.

          Како ниеден друг период, Божиќните празници асоцираат на нови почетоци. Секој размислувајќи за тоа каков тек на животот посакува во новата година, не само за себе туку и за ближниот, си пожелува пред се среќа, радост, здравје, живот, мир, финансии, успеси...

          Можеби несвесно, во тие моменти, секој од нас си ги посакува токму Божјите благослови, а тоа се токму тие: среќата, радоста, здравјето, мирот, спокојството...

           Во Јован 10:10, нашиот Господ и Спасител Исус Христос, ни кажа зошто дојде на земјата, ни кажа кои се Неговите желби за нас: “Јас дојдов“ – ни вели Христос, “за да имаат живот и да го имаат во изобилие“; “...та секој кој верува во него (Исус) да не загине, но да има живот вечен.“ Јован 3:15

Во Божјиот збор Библијата, уште ни е ветено, во Еремија 29:11-13 “Само Јас ги знам замислите, што сум ги смислил за вас, вели Господ, замислите за добро, а не за зло, за да ви дадам иднина и надеж. Па ќе повикате по Мене, ќе дојдете и ќе Ме замолите, и Јас ќе ве чујам; ќе Ме побарате и ќе Ме најдете, ако Ме побарате од се срце“. И затоа, често пати низ Словото, Господ ни порачува “Радувајте се и пак ќе речам радувајте се“.           Имаме ли причини за радост? Имаме ли сила да се устроиме со Божјите намери за нас луѓето, Неговите бесценети созданија?

          Да се запрашаме, имаме ли се уште мака, страдање, проблеми кои ни изгледаат несовладливи во моментов? Имаме ли се уште, како Христијани, немир, нервоза, расправии, раздори? Или сето тоа е само минато, во нашите животи?

          Драги браќа и сестри, Библијата е просперитетно Слово. Таа, не ни посакува ние да страдаме. Таа е извор на жива надеж, извор на успех и просперотет за секој поединечно, но и за нациите и за државите. Таа ни нуди излез од секојдневните потешкотии во животот, таа ни нуди спас од проблемите кои не истоштуваат и не ни даваат мир. Таа е решение за бремето кое го носиме непотребно.

          Во Библијата Исус Христос ни порача: “Дојдете кај мене сите уморени и обременети и Јас ќе ве успокојам... и ќе најдете мир за душите ваши.“ Матеј 11:28           Многумина ќе се запрашаат, како? Како е можно, Исус кој пред повеќе од 2.000 години дошол на овој свет, ни се објавил со сета слава преку бројни чудеса, да ни се најде и денес, па уште и нашето бреме да го носи наместо нас? Нели ова изгледа малку чудно, на прв поглед.

          Не е ни најмалку чудно, драги мои, ако знаеме дека истиот Тој Исус, е жив, вчера, денес и во веки. Да, Исус е жив, и тој е тука меѓу нас и денес, Неговата слава и чудеса се присутни и денес, и овде меѓу нас, во Македонија и помеѓу Македонците, помеѓу секој од нас, кој го повикува со сето срце, душа, сила и разум, кој го љуби искрено и длабоко од срцето свое Господа, и ближниот како себеси. Присутен е преку Неговиот Дух Свети кој го излеа на земјата, за да преку Него, секој кој поверува во Исуса Христа, секој кој се покае и во покајничка молитва го прими за свој Господ и Спасител, буквално секој да биде спасен и преку верата, а по милоста Божја, да го стекне правото да има живот во полнота на земјата и правото на вечен живот.

            Покајничката молитва е нашиот влез во Божјото присуство на земјата, таа е светлината во темнниот тунел на неизвесност, на несигурност, на страв и разочараност од животот, таа е лозинката за да ни се отворат ризниците небески во нашиот живот на земјата. Таа покајничка молитва е волшебниот збор со кој ние ја отвораме вратата на нашето срце, за да во Него се слее сета љубов и милост Христова, сите Негови благослови, кои Тој ги подготвил за секого од нас, како Негови Божји чеда. Но, и за, од нашето срце да извира и струи сета љубов Христијанска, агапе, од нас кон Бога, кон нашите блиски и кон сите останати кои Бог на пречуден начин ни ги праќа секојдневно во нашите животи.

            Тоа е тајната на побожноста и пречудно е ова во очите човечки, ни вели Библијата. Наше е да веруваме, да се надеваме и да ја примаме и даваме Христијанската агапе љубов кон Бога и кон ближните. Да се препуштиме на водството Божјо, во полна доверба и надеж дека за нас, Бог го предвидел најдоброто нешто во нашите животи.

            Нека Божиќните празници оваа нова година бидат нашиот нов почеток. Почеток на наше сигурно чекорење кон Божјите благослови во нашите животи. Почеток на најблескавиот за нас период до сега. Почеток на присен однос со Бога, однос кој ќе ни дари таква сигурност и смиреност каква што досега не сме почувствувале.

            Само на ваков начин, ние луѓето ќе ги доживуваме деновите од 2011та година како вистински дарови од Бога, желни за вистински живот во полнота, со Бога до нас, во нашите срца, во нашите семејства, работни средини и насекаде околу нас.

            Само на ваков начин, дарот на животот кој ни е даден од Бога ќе има смисла. Само така, секоја наша мисла, збор и постапка, устроени по Библиските Божји инструкции, ќе ни донесе среќа, радост, успех и просперитет, мир, здравје и извесност во нашите животи.

            Е токму за ваква среќа и радост зборува Словото Божјо, за состојба која е одржлива на долг рок, која трае и која ништо на овој свет нема сила да ја поремети, освен нашите отстапки од тој и таков Божји пат, нашите компромиси со светот, нашето сообразување со се што е спротивно од Библиските инструкции.

            Да, драги мои, и тука Господ ни го дава правото на избор. Сакаме ли да продолжиме како досега, со сета неизвесност на тој пат? Или сакаме нов почеток во нашите животи, почеток на вистинската полнота од Божјото присуство во него?

           Милиони Христијани во светот го одбраа единствениот пат, вистина и живот, патот на нашиот Господ и Спасител Исус Христос. Да го одбереме и ние. И да се придружиме на милионите радосни и среќни Христијани низ светот, да се придружиме на милионите успешни и просперитетни Христијани, да се придружиме на патот на надеж и иднина под Божја закрила, заштита и водство.

           “...Кога ќе Го побарате Господа, вашиот Бог, ќе Го најдете, ако го побарате од се срце и со целата своја душа. Кога ќе западнеш во тага, и кога сето тоа со време ќе те снајде, ти ќе му се обратиш на Господ твојот Бог, и ќе го чуеш Неговиот глас. Господ, твојот Бог, е Бог милосрден; Тој нема да те остави...“ 5 Мојсеева 4:29-31           Првиот чекор кон тоа откривање е покајничката молитва. Да ја изговориме заедно, искрено и со љубов кон Бога, од длабочината на нашето срце, и со сета сила и разум, да повикаме кон Бога, за да ни се објави во нашите животи.



Основна Молитва



Господи Боже, Исусе Христе...

Од овој момент сум Твој,

го предавам моето срце на Тебе...

Влези во него и научи ме како да те спознаам целосно,

како да научам да верувам.

Ти превземи ги сите мои мисли и дела,

сите мои грижи и проблеми

и помогни ми да носам вистински одлуки во животот.

Сам тоа не можам да го направам, но само со тебе и под твое водство, Боже...

Покај ме за се што сум грешел досега и

дозволи ми да бидам Твој, а Ти да бидеш постојано во моето срце,

да ме водиш според Твојата Божја волја и промисла...

Сé Тебе ти препуштам Господи, во Дух и Вистина.
АМИН
www.myspace.com/sblagoj
Кон врв
alf Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 15.Септември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 631
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај alf Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Јануари.2011 во 20:52
.

Изменето од alf - 20.Септември.2011 во 16:50
Кон врв
KINGDAVID Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Solomon's father

Регистриран: 09.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 9420
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај KINGDAVID Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Јануари.2011 во 22:46

    Од се, што е за пазење, најмногу чувај го срцето своe, зашто од него се изворите на животот.

                                      ( Izreki 4:23)


 Biblijata veli deka  srceto e poizmamlivo od se' .

" Поизмамливо од сè е срцето, и е страшно болно, кој може да проникне во него?" ( Eremija 17:9)

 Kako moze srceto da bide izmamlivo-duri i opasno za nas?

Na primer, eden avtomobil moze da bide mnogu korisen, a vo itni slucai moze duri i da spasi zivoti.

No, ako vozacot ne go kontrolira avtomobilot na toj nacin sto postojano
kje upravuva so volanot, istiot toj avtomobil moze lesno da se pretvori vo
smrtonosno oruzje.

Slicno na ova, ako ne go cuvas svoeto srce, kje bides prepusten na milosta i nemilosta na sekoja tvoja vnatresna zelba ili nagon, a tvojot zivoten pat kje zavrsi so katastrofa.

Bozjata Rec veli : " Безумен е кој се надева на своето срце, а се спасува кој живее мудро " ( Izreki 28:26).


Da, mozes da cekoris mudro i da izbegnes katastrofa ako se vodis spored Bozjata Rec, isto kako sto bi poglednal vo avtokarta pred da trgnes na pat.

" Твоето слово е светилка на мојата нога и светлина на мојата патека."

         ( Psalm 119 : 105)
   SOLI DEO GLORIA
Кон врв
Blagoj_s Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3057
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blagoj_s Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Јануари.2011 во 13:15


   НЕШТО НЕДОСТАСУВА!




„... Покајте се и верувајте во Евангелието“. Марко 1:15.



При една „евангелизација“ се случило, некој познат криминалец да се заинтересира за Евангелието.
Чувству-вајќи дека обраќањето на овој човек би било голем успех во борбата против криминалот, најеминентните водачи на заедницата сериозно се потрудиле за овој човек и му сведочеле за Христа. На крајот, побарале да го отвори своето срце и да го прими Господа.
Тогаш сметале дека човекот се предал во Божјите раце, но со текот на времето се увидело дека тој не си го изменил својот начин на живеење. Кога еден ден бил повикан на отворен разговор, криминалецот им рекол на верните дека досега никој не го предупредил дека заедно со решението да се предаде на Исус, треба да си го измени и начинот на живеење.

„Па зар нема на светов христијани работници, возачи, овчари, земјоделци, лекари, инженери и други занимања? Зошто не би можело да има и еден христијанин крадец?“ – рекол човекот. Кога му била објаснета потребата од покајание, човекот повеќе не сакал да чуе за христијанството!

Грчкиот збор за покајание, „метаноја“, значи да си го смениш мислењето, односно умот. Тоа значи да мислиш поинаку за гревот, за себе и за Бог. Да се каеш, значи да жалиш за својот грев толку, што ќе бидеш готов да го напуштиш, макар колку и да те чини тоа.
Ако навистина сакаш да се покаеш, самиот Бог ќе ти даде сили. Но, треба да знаеш што значи тоа. Да се обратиш кон Христа значи да се одвратиш од гревот. Едното без другото е невозможно.

„АКО НЕ ДЕЈСТВУВА ВРЗ ТВОЕТО СРЦЕ,ТОА НЕ Е ХРИСТИЈАНСТВО!“
www.myspace.com/sblagoj
Кон врв
Blagoj_s Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3057
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blagoj_s Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Јануари.2011 во 20:22


ТИ благодарам денес


   Драги Боже :

Сакам да Ти се заблагодарам за се што веќе си направил .

Јас н ема да чекам додека не ги видам резултатите илидодека не ја примам наградата ;

Ти благодарам токму сега .

Нема да чекам додека не се чувствувам подобро или додека не се подобрат нештата ;

Ти благодарам токму сега .

Нема да чекам додека не ми се извинат луѓето или додека не престанат да зборуваат за мене ;

Ти благодарам токму сега .

Нема да чекам додека не исчезне болката во моето тело ;

Ти благодарам токму сега .

Нема да чекам додека не се подобри мојата финансиска ситуација ;

Ти благодарам токму сега .

Нема да чекам додека не заспијат децата и куќата стане тивка ;

Ќе ти се заблагодарам токму сега .

Нема да чекам додека не ме унапредат на работа или додека не добијам работа ;

Ќе ти се заблагодарам токму сега .

Нема да чекам додека не го разберам секое уискуство во мојот живот што ми предизвикало болка или страдање;

Ти благодарам токму сега .

Нема да чекам додека патувањето не стане полесно или искушенијата не се отстранат ;

Ти благодарам токму сега .

Ти благодарам што сум жива. Благодарна сум што ги надминувам дневните тешкотии. Ти благодарам што ги поминав препреките .

Ти благодарам за тоа што имам способност и можност да направам повеќе и подобро .

Ти благодарам затоа што ТАТКО,   ТИ не се откажа од мене .

www.myspace.com/sblagoj
Кон врв
KINGDAVID Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Solomon's father

Регистриран: 09.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 9420
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај KINGDAVID Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Јануари.2011 во 00:26


         Не лажете се: Бог не дозволува да биде исмеван! Бидејќи човекот што ќе посее, тоа и ќе жнее.

                                ( Galatjanite 6:7)

 Edna pricina za stradanjeto e iznesena vo gorniot stih.

Ponekogas lugjeto seat donesuvajki losi odluki i kako posledica od toa zneat izvesno stradanje.

Mozebi ke odlucat da vozat nevnimatelno, pa kako posledica na toa kje im se sluci soobrakjajna nesrekja.

Mnogu odlucuvaat da pushat, a toa vodi do srcevi zaboluvanja i do rak na belite drobovi.

Onie sto odlucuvaat da vodat nemoralen zivot se izlozuvaat na rizik da gi rasipat semejnite odnosi, da izgubat samopocit, da dobijat seksualno prenoslivi bolesti i da dojde do nesakana bremenost.

Mozebi lugjeto vo toj slucaj kje se obidat da go obvinuvaat BOG za takvoto stradanje, no tie se, vsusnost, zrtvi na sopstvenite losi odluki.

"  Глупавоста на човекот му го искривува патот негов, а срцето негово негодува против Господа. " (Izreki 19:3)

 Zakonot sto go postavil BOG,deka, koj sto see toa i kje znee e neumoliv. Toj zakon vazi za site lugje, bez razlika dali se vernici ili nevernici.

Osven toa, Propovednik 9:11 naveduva deka " vremeto i kobta ( nepredvidenite nastani ) gi dostignuvaat site . "

Ponekogas, lugjeto ednostavno se naogjaat na pogresno mesto vo pogresno vreme.

Stradanjeto i smrtta mozat da go snajdat sekogo od nas vo sekoe vreme ( Luka 13:1-5).

BOG ne e vinoven za takvoto stradanje. ( Jakov 1:13)



   SOLI DEO GLORIA
Кон врв
LiDivio Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор


Регистриран: 19.Мај.2010
Статус: Офлајн
Поени: 7265
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај LiDivio Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Јануари.2011 во 08:27
Originally posted by KINGDAVID KINGDAVID напиша:



Osven toa, Propovednik 9:11 naveduva deka " vremeto i kobta ( nepredvidenite nastani ) gi dostignuvaat site . "

Ponekogas, lugjeto ednostavno se naogjaat na pogresno mesto vo pogresno vreme.

 
Се прашувам дали е ова изворот на песимизмот кај луѓето?
 
Дали некој човек за да му биде полесно ги ,,предвидува,, тие лоши случки што би можеле да му се случат за потоа помалку да страда?
 
Или пак, ако не му се случи тоа лошо нешто, потоа да биде повеќе среќен (а го ,,предвидел,, демек)?
 
Егото е страшна работа...
 
ПС: Да не залутав во темава... збунетост
 
голема%20насмевка


Изменето од LiDivio - 17.Јануари.2011 во 08:31
Кон врв
KINGDAVID Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Solomon's father

Регистриран: 09.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 9420
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај KINGDAVID Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Јануари.2011 во 14:48
Originally posted by LiDivio LiDivio напиша:

Originally posted by KINGDAVID KINGDAVID напиша:



Osven toa, Propovednik 9:11 naveduva deka " vremeto i kobta ( nepredvidenite nastani ) gi dostignuvaat site . "

Ponekogas, lugjeto ednostavno se naogjaat na pogresno mesto vo pogresno vreme.

 
Се прашувам дали е ова изворот на песимизмот кај луѓето?
 
Дали некој човек за да му биде полесно ги ,,предвидува,, тие лоши случки што би можеле да му се случат за потоа помалку да страда?
 
Или пак, ако не му се случи тоа лошо нешто, потоа да биде повеќе среќен (а го ,,предвидел,, демек)?
 
Егото е страшна работа...
 
ПС: Да не залутав во темава... збунетост
 
голема%20насмевка




Fakt e deka vo ovoj svet vakov kakov sto e, se slucuvaat i dobri no i losi raboti. Zivotot e ubav kako roza, no i bodlikav kako roza.


Taka kje bide se do Vtoroto Hristovo doagjanje, koga kje se vospostavi nov svet, kade nema da ima stradanja, bolesti i smrt.


Evangelieto vo prevod znaci -Radosna Vest, zatoa Hristijanite se radosni a ne pesimisti .

Pozdrav LiDivio ! да


ОТКРОВЕНИЕ НА ЈОВАН
Глава  21       
                      



3 И чув силен глас од небото, велејќи: „Еве го Божјиот Шатор меѓу луѓето; и Тој ќе живее со нив, и тие ќе бидат Негов народ, и Самиот Бог ќе биде со нив,

  4 и ќе ја избрише секоја солза од нивните очи, и смрт нема да има веќе, ни тага, ни плач, ниту болка, зашто првото помина.

  5 И Оној, Кој седи на престолот рече: „Ете, правам сè ново.” Уште рече: „Напиши, зашто овие зборови се верни и вистинити!”






   SOLI DEO GLORIA
Кон врв
KINGDAVID Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Solomon's father

Регистриран: 09.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 9420
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај KINGDAVID Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Февруари.2011 во 00:24

 Тогаш Павле застана среде Ареопагот и рече: „Луѓе Атињани! Гледам по сè дека сте многу побожни."

                                  ( Dela 17:22)

 Vo Atina mnogu nevernici bile obrazovani za grckata filozofija bez nikakvo poznavanje na Pismoto.

Dali toa go obeshrabrilo Apostol Pavle da im svedoci? Ne.

Megjutoa, toj go prilagodil svojot pristap. Veshto gi prezentiral bibliskite ucenja bez direktno da citira od Hebrejskite sveti spisi.

Apostol Pavle pokazal slicnost pomegju Bibliskata vistina i izvesni misli izrazeni od drevnite stoicki poeti i go prezentiral konceptot za eden vistinit BOG za seto covestvo, BOG koj kje im sudi na site lugje vo pravednost za vreme na Sudniot Den preku odredeniot od Nego Covek koj umrel i voskresnal ( Dela 17:24-31).

Na toj nacin Apostol Pavle takticno im propovedal na Atinjanite za Hristos.

Kakov bil rezultatot?

Iako mnozinstvoto mu se ismejuvalo ili pak bilo skepticno, nekoi lugje se prisoedinile kon nego i poveruvale.

Megju niv bil i Dionisij Areopagit i edna zena po ime Damara i mnogu drugi.

   ( Dela 17:32-34)

   SOLI DEO GLORIA
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 89101112 13>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,109 секунди.