|
Пливање |
Внеси реплика | страница <12 |
Автор | |||||||||
fiks
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||
Стефановски го преплива Ла Манш
Лондон, 14 август (МИА) - Македонскиот пливач-маратонец Томи Стефановски успеа да го препливува каналот Ламанш за време од 7 часа, 42 минути и 32 секунди. Со препливувањето тој се стекна со националното спортско признание популарно наречено спортска пензија и по неговото пристигнување во Скопје свечено ќе биде примен во Агенцијата за млади и спорт. На францускиот брег, кај пристаништето Кале, македонскиот пливач пристигна изморен, но пресреќен поради својот голем успех, особено што времето што го постигна е за речиси два часа подобро од она што пред тргнувањето во англиското пристаниште Довер го предвидуваа тој и екипата што го придружува. Стефановски во првата половина од делницата, долга околу 34 километри, имал подобри услови, затоа што брановите биле мали, а ветерот поумерен, но во вториот дел на неговото пливање, на француската страна од каналот, временските услови се влошиле,а и морските бранови биле поголеми. Томи Стефановски е третиот македонски пливач што ја поминал „класичната“ маратонска пливачка делница меѓу бреговите на Велика Британија и Франција. Пред него, прв тоа го направи Нико Нестор, во далечната 1959 година, а подоцна охриѓанката Атина Бојаџи, која борејќи се со големите и силни струи во Ламанш мораше да плива дури 13 часови за да стигне од Кале до Довер. Стефановски тргна утринава околу 6 часот од Довер, каде неколку денови се подготвуваше чекајќи ја одлуката на британскиот капетан кога да го започне пливањето преку каналот. Прв пат овој воден пат, што Англичаните го нарекуваат англискиот канал, а Французите Ламанш, го има препливано англискиот капетан Метју Веб, уште во далечната 1875 година. За овој „историски потфат“ на Веб тогаш му биле потребни повеќе од 22 часа пливање. Досега над 100 пливачи, мажи и жени, на разни возрасти, го препливале каналот во едната или во другата насока. Рекордот во препливување на делницата го држи Бугаринот Петар Стојчев кој го преплива каналот за помалку од седум часа. |
|||||||||
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
|||||||||
fiks
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||
Изменето од fiks - 31.Август.2009 во 23:49 |
|||||||||
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
|||||||||
fiks
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||
Уште еден пливачки херој Македонец кој заслужува Национално Признание
Маратонецот Игор Димовски го преплива Ла Манш Македонскиот маратонец Игор Димовски го преплива вчера каналот Ла Манш меѓу англиското пристаниште Довер и францускиот брег кај градот Кале, јави дописникот на МИА од Лондон. Димовски е четвртиот македонски маратонец кој го препливал каналот. Пред него тоа им успеа на Нико Нестор во 1959 година, на Атина Бојаџи десет години подоцна и на Томи Стефановски минатата година. Оваа патека меѓу британските острови и европскиот континент се обиде пред повеќе години да ја исплива и Ристо Бимбиловски, пливајќи во стил пеперутка, но се откажа пред да пристигне до брегот на Франција. Оддалеченоста меѓу Довер и Кале од 34 километри, Димовски ја препливал за околу 13 часа, што е повеќе од времето што тој и неговиот тренер го имаа испланирано. Беше предвидено Димовски да плива меѓу 7,5 и осум часа, но денеска времето и водите во Каналот не му беа наклонети на маратонецот. Тој тргна утринава рано од Довер во четири часот по совет на капетанот на придружниот брод, во обид да ја одбегне посилната плима што беше најавена. Димовски два дена чекаше и тренираше на британскиот брег додека да се намали силината на ветерот и на морските струи кои во каналот се тешко предвидливи. Условите за пливање биле толку тешки, што последните четири-пет километри од патеката Димовски беше принуден да ги плива дури околу пет часа. Тоа и предизвика неговиот подвиг да потрае до доцните попладневни часови.
|
|||||||||
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
|||||||||
fiks
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||
Ова е Игор Димовски,честитки до него
|
|||||||||
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
|||||||||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||
Почина американски пливач за време на тркаИзвор: AP
Репрезентативецот на САД во пливање, Френ Крипен, почина за време на трката која се одржа во Обединетите Арапски Емирати. 26-годишниот пливач од Филаделфија се натпреваруваше на трката на 10 километри, која се пливаше во рамките на Светскиот куп во Фуџаријаху, јужно од Дубаи. |
|||||||||
stigma04
Сениор Регистриран: 29.Март.2010 Статус: Офлајн Поени: 2661 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||
Почина Атина Бојаџи
Среда, 29 Декември 2010 10:46 29 На 66 години по кусо боледување, легендата на македонското маратонско пливање почина. Врв на нејзината спортска кариера се смета препливувањето на Ла Манш во септември 1969 година. Ова нејзино достигнување ќе го инспирира режисерот Милан Ѓурчинов во 1975 година да го сними филмот „Исправи се Делфина“, во кој таа е еден од соработниците. Атина Бојаџи беше светски шампион во маратонско пливање и повеќекратен победник на Охридскиот маратон. По успешната пливачка кариера, продолжува како тренер во белградскиот клуб „Црвена ѕвезда“, а потоа и во спортскиот центар во Лос Анџелес, САД. Во 1998 година Македонскиот олимписки комитет и го додели признанието великан на македонскиот спорт, а беше прогласена и за спортист на векот во Македонија.... |
|||||||||
Jas sum pepel tamu kade sto bev ogan
|
|||||||||
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||
Пливањето е спорт кој најмногу си го сакам. И да гледам и да го практикувам. Цело тело ти се активира, без многу напор а што е најважно и без потење. А башка и уживанција, било лето било во зима. |
|||||||||
Zlatnik
Сениор Регистриран: 23.Август.2005 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 2605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
|
|||||||||
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||
Море Златнику, смешно е ама и не е смешно. Од самата помисла дека зиме луѓето се бањаат во отворен базен, нели е одма реума да те фати. Арно ама еве овој подолу на сликите, е еден таков базен на отворено, од комплексот со многу други, со топла вода, џакузи и меурчиња кои масираат. А до него се излегува од покриениот базен со пливање, преку еден, како да го кажам - канал. И оп: си пливкаш во топла вода, меурчиња те масираат а на главата ти врне снег. Изменето од Анастеа - 11.Јуни.2014 во 09:11 |
|||||||||
Zlatnik
Сениор Регистриран: 23.Август.2005 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 2605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
|
|||||||||
Внеси реплика | страница <12 |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |