IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > АРХИВА > Историја и политика
  Активни теми Активни теми RSS - Уапсен Велија Рамковски
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Уапсен Велија Рамковски

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1213141516 22>
Автор
Порака
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Декември.2010 во 14:20
А Премиер Велија ќе биде највероватноголема%20насмевка
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Декември.2010 во 14:22
Originally posted by zagor zagor напиша:

можам да си замислам.....
само уште неколку души да приберат пр. тие што се осудени а се со жалби,тие пребегнатите(дупли)...и ете ти парламент ...во Шутка!
...и лидери и портпароли и пратеници и министри ...сите на број.

Добра идеја за нова теманамигнување
Кон врв
zagor Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Уникатен песимист

Регистриран: 27.Септември.2007
Локација: Congo
Статус: Офлајн
Поени: 12850
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zagor Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Декември.2010 во 14:29
ама ќе треба и Латас да го "вметнат",инаку               ќе нема кој да врши пренос од ...ќелијата.
...zagor e ziv,se drugo e laga.
Кон врв
Генерал Митре Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
бадајалџија

Регистриран: 19.Ноември.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 646
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Генерал Митре Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Декември.2010 во 14:40
Можат и Неделко Миленковски да си го земат таму..Демек туристички водич да им биде.. Сепак добро е запознат со околината во Шутка.
Кон врв
zagor Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Уникатен песимист

Регистриран: 27.Септември.2007
Локација: Congo
Статус: Офлајн
Поени: 12850
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zagor Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Декември.2010 во 14:52
..а што кога ќе го ослободат Велија ,и ќе се жали во Стразбур ли беше тоа...па кога ќе треба да му платиме оштета за се и сешто..КОЈ ТОГАШ ЌЕ ОДГОВАРА за овој циркус?

..не е само да не палат со снимки како да е ова "Долина на волците"...туку треба да има ЕФЕКТ![што се стори со царинарниците..што со инкасаторите?сега уште треба да им се плати...

велат,АКО НЕ ТИ ДОЈДЕ ПОЛИЦИЈА ДОМА,НЕ СИ БИЛ ДОМАЌИН.
...zagor e ziv,se drugo e laga.
Кон врв
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Декември.2010 во 14:57
Originally posted by zagor zagor напиша:

.

велат,АКО НЕ ТИ ДОЈДЕ ПОЛИЦИЈА ДОМА,НЕ СИ БИЛ ДОМАЌИН.

Доброволно се јавувам за ПАРАСПУРголема%20насмевка
Кон врв
Pavaroti Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Експерто нумеро 2

Регистриран: 03.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Pavaroti Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Декември.2010 во 15:18
Originally posted by zagor zagor напиша:

..а што кога ќе го ослободат Велија ,и ќе се жали во Стразбур ли беше тоа...па кога ќе треба да му платиме оштета за се и сешто..КОЈ ТОГАШ ЌЕ ОДГОВАРА за овој циркус?

..не е само да не палат со снимки како да е ова "Долина на волците"...туку треба да има ЕФЕКТ![што се стори со царинарниците..што со инкасаторите?сега уште треба да им се плати...

велат,АКО НЕ ТИ ДОЈДЕ ПОЛИЦИЈА ДОМА,НЕ СИ БИЛ ДОМАЌИН.


Ако Велија отиде во Стразбур ќе го уапсат за батачињата
Кон врв
zabegan Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Другарот на Мона Лиза

Регистриран: 06.Април.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9774
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zabegan Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Декември.2010 во 15:42
малце пари се лапнаа од буџети, па им недостигаа и овие на Велија газење%20од%20смеење
абе смешки, некој што ги потроши сите пари од буџетот безмилосно, на неисплатливи проекти, со заебана документација или често, без документација намигнување, сега да ми попува колкав бил криминалот на затајување данок
и тоа пази, само еден затајувач е битниот, од стотици трепкање

и уште нешто, сега им текна да апсат луѓе? после четири години владеење...

размисли пред да напишеш глупост
Кон врв
marsovec Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 18.Април.2010
Статус: Офлајн
Поени: 3378
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај marsovec Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Декември.2010 во 15:46
Originally posted by Pavaroti Pavaroti напиша:

Originally posted by zagor zagor напиша:

..а што кога ќе го ослободат Велија ,и ќе се жали во Стразбур ли беше тоа...па кога ќе треба да му платиме оштета за се и сешто..КОЈ ТОГАШ ЌЕ ОДГОВАРА за овој циркус?

..не е само да не палат со снимки како да е ова "Долина на волците"...туку треба да има ЕФЕКТ![што се стори со царинарниците..што со инкасаторите?сега уште треба да им се плати...

велат,АКО НЕ ТИ ДОЈДЕ ПОЛИЦИЈА ДОМА,НЕ СИ БИЛ ДОМАЌИН.


Ако Велија отиде во Стразбур ќе го уапсат за батачињата
DA NE BIDE ZA TASHACHINJA???да
СЕ Е КОНЕЧНО САМО ГЛУПОСТА Е БЕСКОНЕЧНА - САМО КАЈ НАС
Кон врв
Pavaroti Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Експерто нумеро 2

Регистриран: 03.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Pavaroti Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Декември.2010 во 16:08
Originally posted by marsovec marsovec напиша:

Originally posted by Pavaroti Pavaroti напиша:

Originally posted by zagor zagor напиша:

..а што кога ќе го ослободат Велија ,и ќе се жали во Стразбур ли беше тоа...па кога ќе треба да му платиме оштета за се и сешто..КОЈ ТОГАШ ЌЕ ОДГОВАРА за овој циркус? ..не е само да не палат со снимки како да е ова "Долина на волците"...туку треба да има ЕФЕКТ![што се стори со царинарниците..што со инкасаторите?сега уште треба да им се плати... велат,АКО НЕ ТИ ДОЈДЕ ПОЛИЦИЈА ДОМА,НЕ СИ БИЛ ДОМАЌИН.
Ако Велија отиде во Стразбур ќе го уапсат за батачињата

DA NE BIDE ZA TASHACHINJA???да

Па незнам дали ги има претежно на таквите ги сечат доле, а ако имаа тие такви оној синму немаше да се крие во мишја рупа
Кон врв
BoaVista Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 24.Ноември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 124
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај BoaVista Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Декември.2010 во 17:04
Интервју со проф.д-р Гордан Кајалџиев, професор на Правниот факултет.

ОД ПРОЦЕДУРАТА ПРАВАТ ТЕАТАР
Деновиве вниманието на јавноста одново го преокупира спектакуларно апсење во најновата епизода од борбата на актуелната власт со криминалот и корупцијата. На ова се фокусирани и експертите, меѓу кои е и д-р Гордан Калајџиев, професор на Правниот факултет во Скопје. „Нема сомнение, вели тој, дека државата има право и обврска да ги гони лицата за кои постојат сомненија за сторени кривични дела. Никој не смее да биде над законот и секој мора да одговара за своите постапки. Но, во држава во која владее правото, државата е должна тоа да го стори во согласност со правните прописи, со почитување на законските процедури и правата на осомничените. Процедурите се тие што ја легитимираат акцијата на власта. Начинот на кој постапуваме со осомничените е огледало на нашата цивилизација. Со почитувањето на правата на осомничените ние ги воздигнуваме правата на секој од нас и ја чуваме општата атмосфера на слобода. Ако државата почне да ги крши процедурите што самата ги востановила, таа не е веќе правна држава, тоа е повик за анархија“.


Деновиве одново бевме сведоци на спектакуларни апсења. Ги почитува ли полицијата правните прописи и процедури?

- Со години упорно укажувам дека ваквата практика ги крши Уставот, законите и човековите права. Нашиот Устав и законите, дури и повеќе од меѓународните стандарди изразуваат голема недоверба во полицијата, врз основа на традиционално лошите практики. Имено, за ограничување или за одземање на личната слобода може да одлучи само судот. Полицијата има право да лишува од слобода само тогаш кога случајот е таков што едноставно не може, односно нема време да се дојде до судска одлука. Тоа се ситуации каде што лице е затечено при вршење кривично дело за кое се гони по службена должност или непосредно потоа, кога се уште постои реална опасност од одлагање. Уставот и законите, во таков случај, како исклучок, допуштаат полицијата да апси без судска наредба, бидејќи едноставно нема време за таа да се прибави, а државата мора итно да реагира. Во сите други случаи, полицијата треба прво да го убеди јавниот обвинител, кој е единствен овластен да одлучи дали ќе гони и кого, а тој, пак, од истражниот судија треба да побара, односно да го убеди дека против определено лице постои основано сомнение за сторено кривично дело, за судот да поведе истрага и евентуално лицето да го притвори, ако постојат дополнителни основи за тоа. Ако судијата најде дека тоа е основано,прво ќе нареди приведување на лицето, па откако ќе го сослуша, против него може да поведе истрага и евентуално да го притвори. Тоа значи дека за дела од типот на финансиски криминал и слично, полицијата не може самата да апси, па потоа осомничените да ги приведува во станица или пред истражен судија!


Дали ова е јасно уредено во правните прописи?

- Апсолутно. Тоа е убаво објаснето и во учебниците по право и во полициските прирачници. Нашата полиција, сепак, се оглушува и упорно си тера по старата практика. Не само што апси без судска одлука во ситуации каде што тоа прописите не го допуштаат, туку осомничените ги задржува во полиција по правило 24 часа, како да е тоа некое право на полицијата, иако тоа законот го допушта само за строго определени случаи. Тоа се проверка на идентитетот на сторителот, проверка на алибито и нужни полициски истраги допуштени во оние ситуации на затеченост на дело и итност за кои зборувавме понапред, каде што полицијата навистина има нужна потреба да изврши определени проверки и слично. Тоа, како што знаеме, не е случај во последниве настани.
л Зошто во сите случаи експонирани во медиумите редовно има определување притвор?
- Притворот, според домашните и меѓународните прописи, е крајна мерка, ултима ратио. Во светот е нормално обвинетите да се бранат од слобода со определена гаранција. Притворот обично се користи за сторители на тешки дела, како убиства, силување и слично, или каде што опасноста од бегство е навистина реална. За економски криминал, за кој навремено се обезбедени докази, гаранцијата е сосема доволна. Нашата практика, спротивно на сите прописи и светски тенденции, масовно посега по притворот, мерка која е тешко да се оправда за лица за кои има претпоставка дека се невини, додека тоа не се докаже во една фер постапка пред судот. Органите на прогонот и судот дури и не се обидуваат да покажат дека основите поради кои законот допушта притвор навистина постојат, туку само ги парафразираат законските прописи. Посебно медиумски експонираните случаи кај нас по дефиниција повлекуваат притвор, што може да се објасни само со пропагандни цели и лажна сериозност во справувањето со криминалот и корупцијата.


Зошто тогаш полицијата упорно ги крши прописите, како што велите?

- Реално, нема потреба за тоа. Незаконитите постапки на полицијата со тоа, не само што ги кршат правата на осомничените, туку ги загрозуваат практично и судските процедури што следат и оставаат лоша слика за полицијата и власта во целина. Претпоставувам дека целта е да се демонстрира моќ, решеност во справување со криминалот, но веројатно и да се покаже силата на власта и да се застрашат луѓето. Затоа и непотребното апсење и претресување ноќе, водење на луѓето со лисици, со специјалци со маски и слично. Со тоа непотребно се крши пресумпцијата на невиност, угледот и достоинството на личноста. Што е најчудно, судиите и обвинителите, не само што ја толерираат ваквата незаконска практика, туку и учествуваат во неа, а понекогаш и ја иницираат. Тешко може да се објасни ова. Главната причина е тоа што овие се во дослух и работат по договор, неретко по диктат на полицијата.Целата процедура, на крајот, е само обичен театар.


Може ли државата да прогласува за криминалци лица, за кои уште нема поведено ниту постапка?

- Јавните прес-конференции и сличните настапи на претставниците на извршната власт не смеат да одат подалеку од резервирани информации за тоа дека се води истрага и слично, за определени кривични дела, при што мора да се почитува пресумпцијата на невиност на лицето чија вина допрва треба да се утврди во постапка пред судот. Изјави со кои тие се карактеризираат како сторители и криминалци и изнесување на доказите преку медиумите не се само повреда на пресумпцијата на невиност, туку сериозно ја доведуваат во прашање непристрасноста на судот и можноста обвинетите да добијат фер судење. Згора на ова, изнесувањето на доказите е повреда на тајноста на постапката, односно истрагата и сериозно ја загрозува истата. За ова постојат повеќе одлуки на судот за правата на човекот во Стразбур. Во државите кои држат до интегритетот на судските постапки, ова се смета за сериозно дело против правосудството. Кај нас полицијата свесно ги „жртвува“ овие принципи, само за да покаже некаква ефикасност и бескомпромисност во борбата со криминалот. Вистинска ефикасност и професионалност не се докажува со спектакуларни апсења, со прислушувања на секој и секаде, арбитрерни претреси и слично, туку со макотрпно собирање докази во една законита процедура.


Деновиве бевме сведоци на силен притисок врз судиите. Можеме ли воопшто да зборуваме за независност на судството во Македонија?

- Независноста на судството никогаш не била во поголема криза. Или барем откако јас се занимавам со оваа проблематика. Последниве случувања на разрешување судии за наводно погрешни одлуки во конкретни случаи се вулгарен притисок на извршната власт врз судиите, непримерен за една европска држава. Ова за мене е пострашно од повредата на процедурите при апсењата, прислушувањата или претресите. Врховниот суд и судскиот совет, наместо да го штитат судството од притисок, станаа алатка за негово инструментализирање. Здружението на судии сега, исто така, е составен дел на овој „тројански коњ“, кој однатре го растура интегритетот на судството. Кулминација на ваквото безобѕирно застрашување на судиите е изјавата на премиерот дека сите судии што ќе пуштат на слобода „докажани криминалци“, ќе бидат разрешени или ќе мора да си поднесат оставка! Вакво нешто нема видено ниту една демократија, барем не во Европа.
Да не се лажеме, и досега имало притисоци, Македонија никогаш не била некој пример за правна држава, ама ова што се случува деновиве е допирање на дното. Луѓето не разбираат дека не се работи само за некој осомничен или за некој судија, се работи за правната држава! Судот е суд само ако е слободен да суди според законот и без притисоци од извршната или која било друга власт. Ако нема независно судство - нема ни поделба на власта, нема владеење на правото, нема човекови права и слободи, нема демократија! Под привид на борба со криминалот, правната држава се претвора во полициска! Тоа мора да запре. Во суштина, тоа не и одговара ниту на власта, иако на прв поглед може да и донесе определени поени на сметка на таа навидум бескомпромисна борба со криминалот и корупцијата. Но, порано или подоцна, ќе и се врати.
Кон врв
ansasho Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 08.Ноември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 127
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ansasho Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Декември.2010 во 19:48
Човек како газда Велија затвор е блага форма на казна.
Кон врв
Persej7 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 21.Октомври.2010
Статус: Офлајн
Поени: 254
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Persej7 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Декември.2010 во 20:04
Стигнаа до 17 милиони евра, но работава ако се разоткрие се' може да тера и многу над 100 милиони.

Да краде, да се заборави од крадење.

Имотот на Рамковски официјално се проценува на 30тина милиони евра, што според полициското искуство е два до три пати повеќе во реалноста.


Сé уште не сме ја виделе целата „Пајажина“

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=122810837557&id=9&setIzdanie=22169



Изменето од Persej7 - 28.Декември.2010 во 20:06
Кон врв
brza Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Февруари.2006
Локација: vidiFOTOupotpis
Статус: Офлајн
Поени: 34534
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај brza Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Декември.2010 во 21:23
more...moze i 100 milijardi da izlezat...za toj shto saka tolku da bidat!

..inache , ne e vazno kolku milioni se ,..ako zgreshil ...treba i da pati poradi toa,...

...ama , problemot e shto toj "sobata" treba da ja deli so mnogu takvi vo zemjava  i toa megju drugite i so site komplet od nejziniot vrv, pa posle moze da se kaze deka makedonija e vistinska drzava na ...vistinski narod!
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1213141516 22>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,141 секунди.