|
Што сте во хороскоп? |
Внеси реплика | страница <1 45678 46> |
Автор | ||
ANITA11
Сениор Регистриран: 04.Јануари.2009 Статус: Офлајн Поени: 21488 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
||
KUKOC7
Сениор Барон Минхаузен Регистриран: 26.Октомври.2007 Статус: Офлајн Поени: 1852 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
vaga / oven
|
||
JOCKER
Нов член Special One Регистриран: 15.Септември.2010 Статус: Офлајн Поени: 38 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Dupla Skorpija
|
||
WhO KnoWs?NoT Me!I'Ve NeVeR LosT CoNtRoL...
|
||
ANITA11
Сениор Регистриран: 04.Јануари.2009 Статус: Офлајн Поени: 21488 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
||
Marko Polo 1
Сениор venecijaner Регистриран: 20.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 9693 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
tetris... nesto komplicirano, u sekoj slucaj...
|
||
Omar
Сениор Too young to die... Регистриран: 22.Февруари.2009 Статус: Офлајн Поени: 12633 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
za 2010... (moze malce zastaren ama ako... )
Рак Новата година ветува многу за припадниците на овој знак. Нејзиниот почеток ќе биде обележан со вашата волја за ефикасност и упорност во работењето. Нови прилики се појавуваат постојано. Доста обврски ќе ве изолираат од социјалниот живот кон крајот на летото, но не за долго. Љубов Дел од Раковите на почеток на годината ќе запловат во брачните води. Најмногу промени ќе има од февруари до април и може да ви побегнат од контрола. Покажете дека сте независни од промените. Ќе имате среќа во љубовта во 2010. Кариера Понуди за партнерства, заедничко работење со стари пријатели. Никогаш не знаете што да одберете. Најтурбулентна фаза е помеѓу 16 август до 17 септември, кога најголем број ракови ќе се соочат со предизвици. |
||
TheHacker
Сениор I see you! Регистриран: 07.Јули.2010 Статус: Офлајн Поени: 155 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
ОВЕН (21. III – 19. IV)
2010-та година Љубов Во текот на оваа година треба да се научите со леснотија да ја прифаќате промената. Многу често ќе се најдете растргнати помеѓу домот, работата, љубовта, па за жал ќе треба да правите компромиси. Ако постојано барате од партнерот сè да биде како што вие сакате, тогаш ризикувате тој да започне да се чувствува неудобно и дури и да посака да излезе од врската. Интензитетот на вашиот љубовен живот ќе варира. Првата половина на годината ќе ви биде исполнета со страст, поради присуството на Марс во вашата 5-та куќа на романсата и плодноста. Страста особено ќе ја почувствувате во текот на пролетта и во почетокот на летото. До април Сатурн ќе се движи ретроградно во вага, вашиот сектор на сериозните врски. Ќе треба да поработите на тоа да оставите некои љубовни искри во минатото – каде што припаѓаат. Ако не успеете да го направите тоа, кај некои овни ќе дојде и до привремена разделба. Сатурн ќе се врати во вага на 22 јули и ќе остане таму сè до октомври 2012 година. Во овој период ќе забележите колку многу сте се изградиле како личност и ќе започнете да се однесувате поодговорно кога станува збор за вашата врска. Пари Кариерата ќе ви биде главна преокупација. Најверојатно ќе преосмислувате сè што имате започнато досега. Датите 15 јануари и 26 јули се многу важни за вас кога станува збор за кариерата, затоа што тогаш ќе донесете важни одлуки кои ќе ги променат вашите цели. Пред да донесете некоја значајна одлука, многу е важно да се сообразите со вашето семејство или партнерот. Колку и да сакате да бидете независни, некои работи влијаат и врз животот на другите, па не бидете себични. Ако се плашите дека вашиот партнер ве кочи на патот до успехот, време е да ги преиспитате тие ваши чувства. Вие никогаш не сте биле и никогаш нема да бидете жртва. Во првата половина и во последните 3 месеци на 2010, Јупитер се наоѓа во риби, па потребно е да внимавате на кого му верувате. Некој колега може да има скриени намери или љубоморна личност може да ви се спротивставува. Здравје Вашата енергија ќе биде непостојана. Во првите месеци на 2010, присуството на Марс во лав ќе ви донесе многу креативна енергија. Присуството на Јупитер во вашата 12-та куќа ќе придонесе да се одмарате и да го поставите здравјето на прво место. Од април до јули ќе започнете да обрнувате големо внимание на својот изглед. Најверојатно ќе станете редовен посетител на фитнес сала. Особено е важно да го намалите стресот, правилно да ги распределувате обврските и да внимавате на начинот на исхрана. Општи карактеристики за овен Овенот е управуван од Марс, црвената огнена планета, која е симбол на енергијата и виталноста. Во митологијата Марс е бог на војната и агресијата. Марс исто така го управува и знакот шкорпија, но овенот е војникот, а шкорпијата стратегот. Ако сте припадник на знакот овен, тогаш вие го поседувате натпреварувачкиот дух на митолошкиот владетел, кој ви помага по патот кон успехот. Секој проект под ваше раководство е успешен, но често знаете да бидете горделиви и нетолерантни. Сите тие ваши карактеристики ви помагаат да ги постигнете вашите цели. Вие сте родени да бидете број еден. Сакате да демонстрирате сила, индивидуалност, сигурност и самоувереност. Вие сте пионерите на хороскопот и секогаш се насочувате кон освојување на нови хоризонти. Секогаш сте во центарот на вниманието и ги инспирирате луѓето со својата самодоверба. Не сакате да бидете сами, многу често сте егоисти и барате големо внимание, а кога нема да го добиете веднаш надвладува лошото расположение. За среќа, ретко имате проблеми во привлекувањето на вниманието. Во љубовните односи сте многу романтични. Умеете да уживате во секоја минута, страсни сте и никогаш не го разочарувате партнерот. Страв ви е од досадата и спремни сте да го оставите вашиот партнер, ако страста во вашата врска исчезне. Како огнен знак вие сакате да одговарате на предизвиците со дела, а не емоционално или интелектуално. Најголемата ваша слабост е што многу често се откажувате пред самиот крај, особено кога сте избрзале и не сте размислиле пред да започнете. Секогаш кога не можете да ги контролирате работите и вашиот живот станувате неподносливи. Понекогаш по малку се однесувате „шефовски“, особено кога работите не се одвиваат по ваша волја. Но, дозволете од време на време и некој друг да ја преземе водечката функција, во спротивно се оддалечувате од потенцијалните сојузници. Фокусирајте ја вашата натпреварувачка енергија кон цел достојна за еден лидер, делегирајте задачи на вашата војска и брзо ќе го достигнете врвот. Симбол: Овен Симболизира: Почеток, авторитет, насилство, амбиција, сексуална енергија, импулсивност, младост, мажественост. Елемент: Оган Планета: Марс - планетата на војната и енергијата. Ден од седмицата: Вторник Боја: Црвена Број: 1, 7 и 9. Скапоцени камења: Рубин, дијамант, гранат, аметист. Најдобри професии: Војници, управници на фирми, лидери, спортисти, месари, инженери, производители на оружје, натпреварувачи со автомобили и сè што е поврзано со ризик и предизвици. За да се спријателите со нив: Не им се спротивставувајте. Пробајте да го следите нивниот ритам! Дел од телото: Глава, лице, горните заби. Добри карактеристики: Енергични и динамични, борбени, страсни, ентузијасти, оригинални, охрабрувачки и херојски настроени, незапирливи, посветени, грижливи, реагираат брзо, веруваат во своите способности и не се плашат од бариерите, имаат голема самодоверба и самодисциплина. Карактеристики по кои ќе ги познаете: Високо чело; агресивно поведение. Омилени работи: Видео игри, нова облека, патувања во брзи коли, логички игри, да им се обрнува внимание, да разговараат. Работи кои ги мразат: Зборот „не“, да делат работи со некој друг, да бидат игнорирани, тесни места, да губат. Можете да ги најдете: Обидувајќи се да победат на „Music idol“; работејќи напорно за црн појас; пишувајќи и продуцирајќи соло албум. Скриена желба: Да бидат број еден! Јас сум Овен Изменето од TheHacker - 15.Јули.2010 во 11:47 |
||
bluebell
Сениор the craziest Регистриран: 14.Септември.2007 Статус: Офлајн Поени: 8041 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
||
always look on the bright side of the life!
|
||
Schatzii
Сениор Регистриран: 04.Мај.2010 Локација: Germany Статус: Офлајн Поени: 10600 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
БИК
Општи карактеристики
Име : лат. Taurus, што значи бик Планета : Венера Боја : зелена, сина, розева Животно : Бик Метал : Бакар Благородни камења : Дијамант, смарагд Билки : рози, лилјани, слаткомирисни цвеќа и овошја Најнеправедна изрека :Бикот е напорен. Бикот не ужива во промени, му треба многу време да се прилагоди на секоја новонастаната ситуација, како и за учење на некои нови вештини.
Карактеристики : Бикот е прв од земјените знаци. Близок е на копното и природата. Колку време што му е потребно на дрвото да порасне, толку долго Бикот го чека она што му е навистина важно. Тоа може да се нарече инзвонредна трпеливост, или пак тврдоглавост. Овој знак своите сетила сака да ги задоволи со добрта храна, цвеќе со сладок мирис, нежни ткаенини, и сето тоа со многу, многу пари. Бикот е многу благ додека не го испровоцираат, а тогаш е најдобро да се побегне зад најблиската ограда. Дел од телото поврзан со овој знак е вратот, но и подрачјето на грлото, често има прекрасен глас за пеење или зборување.Бикот е стабилен, истраен, трпелив и инертен. Има исклучително јака волја. Го сака домот и семејството.Склон е на материјално стекнување. Не се откажува лесно. Сака луксузни предмети, накит и убава облека. Може да биде изразено убав или грд.
Љубов : Биковите ги земаат од животот сите радости и задоволства и несебично се трошат. Нивна девиза е: После мене – потоп. Зборот љубов го пишуваат со големи букви и бараат партнер со кој можат да остварат блискост. За нив многу се важни милувања, предигра и секс. Сакаат подароци, интимна атмосфера, паѓаат на музика и пијалок.
Пријателство : Бикот има отворена природа, и тоа е најдобар повик на пријателство. Се обавува чекор по чекор, а кога ќе одлучи на некој да му стане пријател, никој не може да го оттргне. Верен е но и посесивен. Не се работи за тоа дека сака да ги поседува луѓето, туку не му е баш драго кога тие прават нешто интересно со други луѓе, а тој не е дел од тоа.Потребни му се луѓе на кои може да се потпре, а не непредвидливи и чудни. Ако пријателите му се предани, доверливи и топли, секогаш ќе биде крај нив.
Работа : На Бикот му е потребна работа која нуди стабилност, не бегаат од одговорност, но работата мора да му донесе материјална стабилност, зошто за Бикот „да бидеш добро“ значи да имаш многу пари, па од таа причина непрестајно ќе трагаат по работа која ќе им донесе материјална сигурност. Занимања: моден креатор, цвеќар, уметник, механичар, слаткар, трговец, економист, сликар,музичар.
Гардероба : облеката за Бикот мора да биде мека, од природни материјали и лесна.Важни му се стилот, комоцијата и најважна цената. Цветни работи, памук, свила, и лен, на него добро изгледаат, а омилени бои му се: зелена, розева и сина. -Држи вода до некаде само ова цветниве варијанти...пупу скраја да е од никогаш не сум ги сакала... Изменето од Schatzii - 09.Јули.2010 во 19:45 |
||
Dream what you want to dream;
Go where you want to go; Be what you want to be, because you have only one life and one chance to do all the things you want to do. |
||
t.a.n.j.a.
Нов член Регистриран: 20.Мај.2010 Статус: Офлајн Поени: 2 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
bliznaci
|
||
matuf
Група Регистриран: 30.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 81 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
i jas za zalenje sum
S T R E L E C |
||
NISTO NE E TOLKU VAZNO KOLKU SO E VAZNO DEKA NISTO NE E VAZNO...
|
||
ANITA11
Сениор Регистриран: 04.Јануари.2009 Статус: Офлајн Поени: 21488 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
za zal sum -oven
|
||
Hedonistka
Сениор Shapeshifter Регистриран: 17.Јуни.2010 Статус: Офлајн Поени: 282 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
za zal sum.. rak..
|
||
If you are reading this, get a life!
|
||
sneska_v
Сениор Регистриран: 05.Јуни.2009 Статус: Офлајн Поени: 3455 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
riba
|
||
Внеси реплика | страница <1 45678 46> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |