|
Пршање, две и осврт за изложбата „Улица“ |
Внеси реплика | страница 12> |
Автор | |
StarLisec
Нов член Регистриран: 09.Декември.2010 Статус: Офлајн Поени: 5 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 09.Декември.2010 во 10:52 |
До организаторите:
1. Дали сте запознаени дека имавте примено фотографии кои не кореспондираа со вашите пропозции. Дали знаете дека имате фотографии кои не се од Македонија? 2. Дали знаевте дека жирито имаше примено фотографии кои воопшто не се на темата „Улица (авторот Елена Ѓеровска и авторот Ирена Јовановска, со дури две фотографии)“ 3. Дали знаевте дека при жирирање и самата проекција на фотографии на проектор, оштетивте многу фотографи кои го имаа „тенчено“ колоритот на калибрибани монитори? 4. Зошто во каталогот во статистика не беа наведени сите автори кои има изложено принт? 5. Дали ќе може да ги броиме поените за примена фотографија и по колку? 6. Дали го прочитавте освртот на Јанкуловски за излобата? Дали на момент успеавте да ја сватите неговата некултура и сиромаштијата во неговото излагање? 7. Што всушност претставува испуканата кал во позадината на каталогот и како успеавте тој детал да го поврзете со темата улица? До жирито: 1. Претседателу на жири комисијата, Роберт Јанкуловски, па нели ваквите изложби се надмината и селка работа? Нели Фото Медиа е селска изложба и сите изложби од тој тип се за вас надмината работа? Дали его авантурата ви продолжува на овој начин? Ајде ви прогледавме низ прсти кога ги направи глупостите во ФСМ и кога го спушти на ниво на задруга, ајде не коментиравме кога оформивте здружение на граѓани од само еден член и го нарековте Центар на Македонската фотографија. Роберт Јанкуловски – Центар на Македонската фотографија!?!?! Со што его авантурата, која гледам убаво ја везете, сега ќе ја одбраните, со самостојните изложби ваму и таму? Јавно ве повикувам да излезете и да видиме што вие може да уметнички да создадете и како тоа ќе помине на изложбите кај што се собираат автори-уметници од 40 земји. Вашите его патувања продолжуваат да ја враќаат македонската фотографија години наназад. 2. Професоре Сидовски, секоја чест на стекнување на вашето звање Мајстор на аматерскиот филм, односно со новите промени во кино сојузот Мајстот на непрофесионалниот филм и тоа под режимот на Илинденка, но дали сте запознаени колку фотографијата и филмот станаа далеки уметности? Дали мислите дека местото ви беше во жирито на фотографија на тема улица, кога секој ваш филм спаѓа во некојаси авангарда која не е никако поврзана за улицата? Вашите петокраки и рушење на општествените уредување кој ги имате во скоро секој ваш филм и вашето звање Мајстор, па и книгите кои ги напишавте за филмот не ве ставаат во позиција правилно и коректно да ја оцените оваа тема. 3. Дечкото кој највеќе ме има разочарано си баш ти Владимир. Ти во жири комисијата беше единствениот кој можеше реално да ги процени работите и можеше да ја одели уметноста на улицата од глупостите. Ајде Јанкуловски е човек без морал, кој никогаш го нема сфатено духот на уметноста, Сидовски е уметник кој врз оваа темава гледа со поинакви размислувања, ајде најди начин ти да се искупиш од катастрофално направената поставка! Краток осврт на изложбата Улица: Да се биде во жири комисија, значи да се даде правец на фотографите во кој тие треба да се развиваат. На жири комисијата најмала и наједоставна работа е да се доделат наградите, озбилната задача е да им пренесете на дури 250 фотографи порака што треба да претставува уметноста во уличната фотографија. Драго и ценето жири вие на 250 фотографи рековте дека портретната фотографија на Елена Ѓеровска и двете фотографии на Ирена Јовановска кои се сликани во затворени простории и немаат У од улична фотографија, се правиот правец на уметноста. Вие ни рековте дека затворените простории се улица! Од друга страна би сакал да ви се извинам доколку вие како жири комисија сте биле под притисок од огранизаторите. Во тој случај непотизмот на Атанас Бајлозов и Марио Давчевски беше на невидено високо ниво према фотографиите на пријателките Елена и Ирена. Треба да имате навистина храброст да извршите притисок и да им удрите шлаканица на професорот Сидовски и врз Владимир Секуловски и јавно да објавите фотографии на вашите пријателки кои немаат врска со улица. |
|
nikola_bb
Сениор Регистриран: 19.Јануари.2006 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 201 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Mene mi e zal sto ne uspeav da otida i da vidam sto imase da se vidi
|
|
Glecin
Сениор Регистриран: 11.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 450 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
wow wow wow.......!!! JAKA POLITICHKA PROPAGANDA.)..!! vakov tekst treba da se potpishe so Ime i Prezime, barem taka vo moe vreme pravea fraerite i lugjeto sto drzhea do sebe, ali vo ovoj grad i ovaa drzhava se e mozhno pa i vakvi MIZERII po netoy. No mirisot na lugjeto so vakov vokabular i MOZOK e tolku jak i neprijaten da odaleku se nasetuva koga doagjaat, taka da duri i "anonimnosra" ne mozhe da gi pokrie, taka da STAR LISECU ne gledam nekoja golema itroshtina vo vashata anonimost....samo gledam karakterna slabost...koja ve naterala da se sokriete i so samoto toa da pokazhete kolku ste NISKO na skaliloto na POCITTA vo opstestvoto kade bitisuvate!!! no da razgledame za sto stanuva zbor, ubava prilika da se dade osvrt i na ovaa izlozhba.....: Bev prisuten na izlozhbata ULICA i mozham da kazham deka vidov odlichni fotografii, megju drugite i "za mene" edna fotografija sto dlaboko se vkoreni vo mojata memorija a toa e postara fotografija na G-n Rade Lukovic za sto im blagodaram na organizatorite i zhiroto za mozhnosta da bide videna. Verojatno silinata na izlozhbata e vo korelacija so prijavenite fotografii na konk*rsot i generalno zemeno, velam generalno, uspea da ja pokrie i temata na istata. Temata e posebna prikazna: za mene lichno krajno kontroverzna, premnogu iskoristena, premnogu opshta, premnogu standardna, tema koja e i pravec vo fotografijata i na krajot tolku konzervativna tema sto ne im dolikuva na tolku mladi organizatori...)...np pva e nivna prva izlozhba i verojatno od tamu otsustvoto da se nametne nekoja posvezha tema. Mestoto na izlozhbata sosema korektno odbrano sp dovolno individualen prostor pri razgleduvanjeto i dozhivuvanjeto. Prisutni mladi lugje vistinski pochituvachi na fotografijata pri sto sluchuvanjeto pomina vo sosema prijatna atmosfera. Se na se korektna prva izlozhba na organizatorite so mnogu raboti da se nauchat i implementiaat vo podocnezhnata nivna aktivnost, no veruvam ova e edinstveniot pat da se odi napred. Izlohbata nemashe pretenzii da bide povekje od ona shto e... i vidlivo e organizirana so entuzijazam i rabota. Od moja strana imate iskreni chestitki za srabotenoto i vi stojam na raspolaganje dokolku vi treba sovet za bilo koe ponatamoshno sluchuvanje. Mislam deka tekstot na ANONIMNIOT star lisec e PREMNOGU MALICIOZEN i ne odgovara na osnovnata nishka na lugjeto organizatori na izlozhbata Mario i Atanas, a toa e vistisnska i naivna ljubov kon Fotografijata i zhelba da se napravi sluchuvanje koe kje kje se pokloni na istata. pozdrav I.S DO AVTOROT NA TEMATA: MALICIOZNOSTA NA TEKSTOT E TOLKU GOLEMA STO NEODMINLIVO UPATUVA NA POLITICHKA PRESMETKA ZARADI X PRICHINI KOI VEROJATNO ZADIRAAT VO VASHATA EGZISTENCIJA I NEINTELEGENCIJA. SPOMENAVTE IMINJA NA SERIOZNI LUGJE I DOBLESNO BI BILO DA SE PRETSTAVITE KOGA GI NAPAGJATE. SAMO TAKA MOZHETE DA GO DOPRETE NIVNIOT KREDIBILITET VO ODNOS NA TEMITE KOJ GI IMENUVATE. VI BLAGODARAM ZA PROZIVKATA ZA MLADITE LUGJE I UMETNICI SPOMENATI VO TEKSTOV, KJE IM POMOGNETE DA GO OSOZNAAAT FAKTOT DEKA UMETNOSTA NE E TOLKU "NAIVNA" I EDNOSTAVNA I DEKA TREBA DA RAZBERAT DEKA ZHIVOTOT ( UMETNOSTA ) E I BORBA, PONEKOGASH I SO KRETENSKI JAVNI BLATARANJA OD VASHA PROVINIENCIJA. ZA VAS NEMA POZDRAV...)..!! |
|
There is more in life than books you know, but not much more!
|
|
Glecin
Сениор Регистриран: 11.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 450 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
so, Let The Games Begin......:
|
|
There is more in life than books you know, but not much more!
|
|
hypertech
Сениор Регистриран: 02.Март.2007 Статус: Офлајн Поени: 600 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Nemav namera da pisuvam nisto na volku nisko nivo, samo da se nadovrzam na Igor, fotografijata na Rade spored mene e apsolutno najdobrata fotografija na izlozbata. Gledajki gi i vo katalog i vo zivo se zabelezuvase deka selskiot prag e von konk*rencijata na ostanatite dela.
Tolku od mene, zlonamernici imalo i sekogas ke ima, ili sto bi rekle so jazikot na internetot HATERS GONNA HATE |
|
eos 1D mk4 , EF 24L , EF 50L , EF 85L , EF 135L , EF 200L , EF 400L
|
|
Irena Mila
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Нов член Регистриран: 18.Ноември.2010 Статус: Офлајн Поени: 7 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Frustracija e mnogu zeznata situacija gospodine StarLisec. Ako imate nesto da me naucite naucete me, kazete kade da se popravam, a ne da plukate dali jas imam vrska so ulicna ili nemam vrska so ulicna fotografija. Jas vi pisav i ke vi pisam pak ke mi bide zadovolstvo da ve zapoznam i da mi kazete sto ima da mi kazete i da me poucite, prifakam kritiki a ne ponizuvanja. Ako nekoj postapil egoisticki vo postov toa ste vie i se nadveam se nahranivte so plukanjeto na drugi!Jas sum vi na raspolaganje da mi kazete koga imate vreme da se sretneme zosto mi zvucite mnogu iskusno vo fotografija, a jas sum na pocetokot, pa ajde da ucam od najdobrite ako veke nekako taka mi deluvate. Vas ne vi se dopagaat mnogu raboti, zosto moze da se vidi ogorcenosta po site zborovi. Ako mozete da smenite nesto na pozitivno smenete go, i treba da kazete barem BRAVO za MARIO i ATANAS, sto voopsto se potrudija, za razlika od vas sto sedite od strana i cekate da ja najdete prvata greska i da pluknete! Kako sto sfativ nikoj ne e vo red za vas. I ke ve molam vo idnina da ne go koristite moeto ime za plukanje i barem malku pokazete ja maskosta i kazete svojot identitet zosto po mizerno od ova sto go pravite nema. Pokazete ja sposbnosta organizirajte, napravete nesto da vidime kako ke izgleda toa. Bedno mnogu bedno, razocaruvacki mnogu! Toa e rabota so nasiot mentalitet ako mozesh PLUKAJ I UNISTI, taka e najlesno! Ne znam samo kako se drznuvate tolku mnogu da plukate!
Vasta ne najomilena Irena Jovanovska sto si nema vrska od poim ulica, koja tolku ve drzanala so nejzinite fotografii ve pozdravuva mnogu i ceka sredba gospodine STar no ne tolku mudar Lisec! Изменето од Irena Mila - 09.Декември.2010 во 20:00 |
|
Марио
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 20.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 136 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Лисецу или Лисице, овој коментар го пишува МАРИО ДАВЧЕВСКИ, да така, МАРИО ДАВЧЕВСКИ организатор на изложбата „Улица“.
Иако немаШ заслужено да ти одговорам на овој пост, сепак ќе го направам тоа зошто сум ЧИСТ и ќе стојам зад цел мој пост со ПОЛНО име и презиме. Ќе одам прашање по прашање... 1. Дали сте запознаени дека имавте примено фотографии кои не кореспондираа со вашите пропозции. Дали знаете дека имате фотографии кои не се од Македонија? Не, не сум запознаен, те молам просветлиме со твојата итрост... имаше десетици фотографии кои беа одбиени, поради тоа што очигледно беа фотографии кои се снимени надвор од МАКЕДОНИЈА. За остатокот имаше една фотографија која е сомнителна, па таа фотографија влезе како резерва, се доби контакт телефон од авторот на истата, се исконтактира и лично авторот ни потврди дека таа фотографија е од Македонија а ни ја кажа и точната локација каде е снимена за да потврдиме. Тоа го направивме и увидовме дека е наш превид иако на прв поглед фотографијата изгледа дека е снимеа во странство. Така, ги превземавме сите МЕРКИ што се во наша надлежност да провериме од кај се фотографиите. Секако за детал од типот на портрет на некое лице, оставивме на совеста на МАКЕДОНСКИОТ граѓанин кој испратил фотографии. 2. Дали знаевте дека жирито имаше примено фотографии кои воопшто не се на темата „Улица (авторот Елена Ѓеровска и авторот Ирена Јовановска, со дури две фотографии)“ Дали воопшто ги ПРОЧИТА правилата на фотоконк*рсот на нашиот веб сајт!? Ако не, тогаш побарај ќе ти стане јасно КАКО ја проширивме темата улица. Впрочем тоа е работа на жирито а не на нас. Но доколку бараш мислење од мене можам сосема да ти потврдам дека пример фотографиите на Елена влегуваат ВО СЕКОЈ ОПИС НА ТЕМАТА, проширен или непроширен. КАКО ПОЗНАВАЧ НА УМЕТНОСТА ТРЕБАШЕ ДА ГО РАЗБЕРЕШ КОНЦЕПТОТ НА УМЕТНИКОТ, НО ГЛЕДАМ ДЕКА ЗА ТЕБЕ ТОА Е 5-ТА ДИМЕНЗИЈА И СИ МАЛКУ ЗАГУБЕН ВО ПРОСТОРОТ И ВРЕМЕТО. ОУ ЧЕКАЈ, ПА ТОА СЕ 2 ДИМЕНЗИИ... 3-ТА КОЈА Е? НЕЗНАМ, РАЗМИСЛИ УМЕТНИКУ ЗОШТО ТАА ФОТОГРАФИЈА Е ИЗЛОЖЕНА. Сега многу важна работа, ќе се надоврзам на крајот на твојот пост лисице каде што велиш дека станува збор за НЕПОТИЗАМ. Ова е сериозно обвинување од твоја страна, без никаков РЕЛЕВАНТЕН доказ, затоа подобро представи се кој си и слободно контактирај ме по ЛП или тука ако сакаш ќе размениме контакт и ќе дебатираме во живо, да видам КОЈ ТОА ме обвинува за непотизам!!!! Внимавај што зборуваш, внимавај двапати пред да напишеш на форум! Впрочем ако се работеше за непотизам ќе организиравме изложба од 300 фотографии и ќе ги примевме нашите 150тина пријатели со по 1-2-3 фотографии. Ако ме познаваш, ќе знаеш кој е мојот круг на пријатели и сосема рационално ќе оцениш кои од нив влегле на изложба а кои не. 3. Дали знаевте дека при жирирање и самата проекција на фотографии на проектор, оштетивте многу фотографи кои го имаа „тенчено“ колоритот на калибрибани монитори? Да ти одговорам со КОНТРА прашање: ДАЛИ ЗНАЕШ КАКО БЕА ЖИРИРАНИ ФОТОГРАФИИТЕ? Па секако дека не знаеш бидејќи обвинуваш без никакви докази добога! Ајде и тоа ќе ти го објаснам ЛИСИЦЕ иако не заслужуваш. Фотографиите беа гледани на монитор, поединиечно од секој член на жирито и секој ги оцени со соодветни оцени. Потоа според оценки се одбраа 80 најдобри фотографии + уште на 35 фотографии им се даде шанса од страна кои добро котирале кај еден член од жирито или двајца, а лошо котирале кај останатиот или кај останатите двајца. ОВОЈ ПРОЦЕС ТРАЕШЕ 7 ДЕНА. По завршувањето се одвоија 115 фотографии кои беа изгледани на видео бим. ОЦЕНКИТЕ БЕА ЈАСНИ, МАЛТЕНЕ И НАГРАДИТЕ БЕА ЈАСНИ, бидејќи секој член пред себе си ја имаше листата од бодови. ФОТОГРАФИИТЕ БЕА ПРИКАЖАНИ НА БИМ, само за да може 6 луѓе да ги гледаат истите. Така со заедничка дебата се одлучи кои ќе бидат топ40 и која ќе ја освои првата награда. Значи можевме да го видиме и ПОЕДИНЕЧНОТО МИСЛЕЊЕ НА СЕКОЈ ЧЛЕН ОД ЖИРИТО преку бодовите кои ги имаше доделено самостојно, како и групната работа на жирито. Така да, треба да Шутиш или да прашаш прво пред НЕОСНОВАНО да аргументираш. Изгледаш смешно од страна. 4. Зошто во каталогот во статистика не беа наведени сите автори кои има изложено принт? Ајдеее, нема за што па удри за глупост. Човече добар си? Немаше потреба да се објавува статистика, за нас статистиката за примени автори е ирелевантна бидејќи сметавме дека сите што ги интересира истата завршиле барем 2ро оделение и знаат да избројат во каталогот колку фотографии има. Што е впрочем битно кога под фотографијата на сите автори стоеше името и презимето... Воопшто не си ми јасна. 5. Дали ќе може да ги броиме поените за примена фотографија и по колку? Може. 1,2,3,4,5,6,7,8,9,10. *3 = 30 максимално 6. Дали го прочитавте освртот на Јанкуловски за излобата? Дали на момент успеавте да ја сватите неговата некултура и сиромаштијата во неговото излагање? Секако дека го прочитав и не познавам никаква СВАЌА која се вика НЕКУЛТУРА. Впрочем не познавам личност која се вика НЕКУЛТУРА а уште помалку сиромаштија. Неговото излагање не е победно од твоето непознавање на ПРАВОПИСОТ! Впрочем не ни може да се спореди со истото! 7. Што всушност претставува испуканата кал во позадината на каталогот и како успеавте тој детал да го поврзете со темата улица? 5та димензија лисицо, 5та димензија :))))! Пробај ѕирни низ пукнатините можеби ќе ја видиш нашата идеа за истата позадина.... ______________________________________________________ Пред да аргументираш друг пат, и пред да напишеш нешто на овој форум повторно, подобро претстави се во спротивно ќе побарам од модераторите да бидеш баниран бидејќи ова твоето премина во лична пресметка, лична дебата во кој некој е обвинет за непотизам. Ти кажувам уште еднаш, напиши ми ЛП ќе одиме на пиво/кафе ќе седнеме лице во лице и ќе издебатираме на оваа тема. Секогаш сум отворен за критики, а впрочем и од нив треба секогаш да учиме за во иднина. Нема никогаш да прифатам критика од некој искажана со аргументи кои се поставени без идентитет а за докази да не зборувам. Многу амебовски од твоја страна. Гледам после се осврна кон навредување на Жири Комисијата. Се осврна кон Јанкуловски кон Сидовски кон Секуловски. Се запраша некогаш зошто токму ова жири? Гледам на друг пост збориш нешто и за Елема и Козјак и за членовите на ФСМ... Океј твое си е, него ајде јави се за моабет и докажи ми дека ти си тој/таа кој/а е кадар да биде жири во следниот наш фотоконк*рс!!! Изменето од Марио - 09.Декември.2010 во 21:59 |
|
branko_k
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 10.Јуни.2007 Статус: Офлајн Поени: 682 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
многу бе пишувате не се чита ова... скратено луѓе, скратено, есенција, не бидете тапа фраери...
|
|
Irena Mila
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Нов член Регистриран: 18.Ноември.2010 Статус: Офлајн Поени: 7 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Branko indeed! :) Samo me nervira koga nikogo ne provocirash i sedish na strana i nekoj te spomnuva pa i pluka po site ostanati, do tolku li e toj sovrsen ne mi e jasno ili e veke majstor na fotografija pa se custvuva dostoinstven za da pluka.. Wthat's the point? Ke smeni on nesto ako e sposoben neka smeni ili neka dade nekoj pravec a ne da deli prazni muabeti! Mene iskreno mi cue za natprevari i dali ke dobijam nesto osobeno tuka u MKD posto se znae kako idat rabotite barem mene mi se jasni vidov dovolno za kratko vreme, i dali ova ili ona ama koga ke se reshis cisto onaka da vidish do kaj si, ke te pluknat. Mizerija!
Изменето од Irena Mila - 11.Декември.2010 во 07:48 |
|
Марио
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 20.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 136 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Заобиколувањето на есенцијата се прави поради непознавањето на интелегенцијата на обвинувачот, кој дрско прави бура на аргументи кои немаат ниту еден доказ (што претставува „виза“ за една дебата ) Ако ти се пука сеир, пукај, за тоа е, а ако неможеш да читаш толку многу, еве ти како да си ги подобриш вештините на читањето Изменето од Марио - 11.Декември.2010 во 12:51 |
|
GEMINI
Сениор Регистриран: 01.Јануари.2009 Статус: Офлајн Поени: 311 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
A BE SO SE ZAMARATE SO DINOSAURUSI, NINOTO VREME ZAVRSI
Od vakvi Liseci, a uste poveke od onie koj so vakvi TIPOVI se rasravat, ne mi se vleguva na forumov. Dajte nekoi temi da razmenime iskustva i znaenje, pa borba na mislenja pa kreativna diskusija, pa druzenje .... |
|
http://www.youtube.com Chesma Sharena
|
|
GEMINI
Сениор Регистриран: 01.Јануари.2009 Статус: Офлајн Поени: 311 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Glecin barem ti ne nasednuvaj na vakvi mamci. Moze si pivar pa Star Lisec .... i desetka so kromid.
POZDRAV GEMINI |
|
http://www.youtube.com Chesma Sharena
|
|
branko_k
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 10.Јуни.2007 Статус: Офлајн Поени: 682 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Марио фала за линкот, изгледа многу корисно, сега веднаш ќе потрчам како ветерот и ќе почнам да учам како се чита брзо... иако... ...не верувам дека проблемот е во моето читање (до сега барем не ме изневерило, иако за се има првпат), туку во разводнетото и претенциозно пишување, како и расфрлањето со фрази и поими кои не се разбираат. Ќе ти направам една гастрономска аналогија која вели дека ако правиш компир манџа не ставај многу вода зашто има опасност да излезе само тенка чорба... ако не си пробал, пробај, ќе ти стане јасно за што зборам. така исто е со постовиве на „стариот лисец“, кој сигурен сум дека сите го знаеме, само што човекот нема храброст да си го напише името (искрено, не знам зошто)... значи: зборови, зборови, зборови, зборови до недоглед кои ако ги собереш сите заедно не вредат ни пола суштинска реченица, или пак погодуваат некој конкретен проблем, а уште помалку пак даваат некакво решение. за што и да е. а ја имат таа претензија да решаваат важни прашања. исто така е и со вашите одговори на темата - блуткаво до бескрај... неверојатно типична македонска поетика... а сеир, нормално дека форумов е за сеир. не верувам дека живееш во илузија дека овде се расправа за нешто опипливо, конкретно и многу битно? Изменето од branko_k - 11.Декември.2010 во 17:32 |
|
Panini
Сениор Регистриран: 13.Јули.2009 Статус: Офлајн Поени: 222 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Drugari ve razbiram jas site i nezadovolnite i zadovolnite i dobrite i losite ,
Samo mene ne mi e jasno edno.Jas se utepav od fotografiranje i navleguvanje vo tajnite na fotografijata,znaci tolku ja zasakav i proucuvav fotografijata,kupuvav spisanija, citav istrazuvav, prasuvav iskusni fotografi, ta duri sobirav i pari od Kadevecer i Zazabava slikajki sekakvi perverzii i demek luda zabava,rabotev ko konobar i recepcioner i ostalo da si kupam eden prosumer d-SLR aparat, i slikav i vezbav mnogu tips hints and cheats i prakav na sekoj konk*rs ama nikako da mi primat barem edna fotografija na koj bilo konk*rs vo MK, ah ama sto da pravam, sigurno sum debil za fotografija, ne me biva, izgleda treba da se otkazam...Pa da ke se otkazam, izgleda taka najubavo e... |
|
MIND AND SENSE IS PURIFIED,I AM FREED FROM DESIRE!
|
|
Внеси реплика | страница 12> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |