|
Најдобрите скијачки центри во светот |
Внеси реплика | страница 123> |
Автор | |
Schatzii
Сениор Регистриран: 04.Мај.2010 Локација: Germany Статус: Офлајн Поени: 10600 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 01.Декември.2010 во 22:28 |
Иако глобалните климатски промени играат своја игра со љубителите на скијањето, тоа не губи на популарност. Современата технологија овозможува за снегот да го создаваме на разни начини, но сите вистински љубители на скијањето знаат дека природниот снег е незаменлив.
Ви даваме преглед, кој го составија претставници од 70 најдобри светски туристички агенции. Aspen, Колорадо, во западниот дел на САД Сакате ли да се скијате со богатите и познатите? Доколку одговорот е да, тогаш Аспен е вистинското место за вас. Аспен е познат по стрмните патеки и по четирите одвоени планини. Благодарејќи на извонредните патеки за скијачи од сите нивоа – од почетници до професионалци – овој ски центар во Колорадо може да го угости баш секој. Покрај брдата и hupser – и, планината Аспен поседува и фантастично дотерани патеки за просечните скијачи. Оваа планина е одличен избор и за оние експерти кои уживаат во тоа да скијаат надвор од уредените патеки. Како центар кој претставува најдобар избор, Аспен е уредно и малку поскапа дестинација. Cortina, Италија Кортина може да се мери со било кој ски центар на Алпите. Беше домаќин на Олимписките игри во 1956 година. Слично како и во Zermat во Швајцарија, животот се одвива на улиците без сообраќај. Како еден од најпознатите светски ски центри, Кортина е истовремено и најпрестижниот центар на Италија. Mont-Tremblant, Квебек, источна Канада Француско – канадски “joie de vivre “ овде е здружен за северноамериканските стандарди на услуги. Како најпознат центар на источна Канада, Tremblant, го затегна својот изглед благодарејќи на инвестицијата од 1 билион долари. Отворен е уште од 1939 година, Tremblant беше првиот ски центар во Канада, а вториот во Северна Америка. Она што го прави посебен е фактот дека е оддалечен се на се еден час од Монтреал. Алтернаттивата би можела да му биде нешто поубавата планина Mont-Sainte-Anne која се наоѓа недалеку од Квебек, во Северна Америка можеби во најголема мерка на “историски град“ – капии кон “Новиот свет“. Stowe, Vermont, источен дел на САД Stowe е еден од најпознатите ски центри во светот. Тој истовемено нуди традиционален шарм на Нова Англија и најголема релативна висина во регионот. Се состои од две ски области: Mount Mansfield и Spruce Peak. Spruce Peak всушност претставува заливот Smugglers' Notch теренот. Благодарејќи на тоа Stowe припаѓа на многубројните американски скијачки центри кои се меѓусебно поврзани со ски лифтови. Според тоа овде можете да најдете и преку 90 продавници и 60 ресторани, што на посетителите им овозможува на самото место да ги задоволат своите потреби. Chamonix Mont-Blanc, Франција Како домаќин на првите светски Олимписки игри во 1924 година, Chamonix се вбројува во елитата која се бори за титулата “ светски најпознат ски центар“. Сместен во подножјето на Mon Blan, највисокиот врв на Алпите, односно втор по висина во Европа ( надморска висина од 4810 м, според најновото издание на Ларусовата енциклопедија, Западниот Elbrus на Kavkaz е со 5642 м надморска висина презема примат). Chamonix Mont-Blanc може да се пофали со релативната висина од 2807 м која има лифт, како и една од најдолгите патеки на светот (Vallée Blanche), долг дури 22 км. Banff/Lake Louise, Alberta, западна Канада Сместено во средиштето на канадскиот Национален парк Banff, езерото Louise важи за еден од најсликовитите планински центри во Северна Америка, а ако не и на целиот свет. Banff/Lake Louise поседува три различни ски области (Mount Norquay/Mystic Ridge, Sunshine Village и Lake Louise) кои меѓусебно се оддалечени околу 50 км. Vail, Колорадо, западен дел од САД Легендарниот Vail се рекламира како “ омилен американски ски центар“ а секако заслужува и да се вброи во првите пет центри на светот. Како најголема издвоена ски област во Соединетите Држави, Vail овозможува преку 2000 хектари со скијачки терени. Не смеат да се заборават ни најбрзите експресни четвороседи на една планина, со седишта на склопување. Со неколку уметнички галерии, музеи, летање со балон, санки кои ги влечат кучиња, лизгање, хокеј, возење со моторни санки, Vail нуди уште многу други уживања. Zermatt, Швајцарија И додека со своите три хотели со по 5 ѕвездички соседниот Gstaad еден од врвните светски ски центри, а St. Moritz попопуларниот Cermat (Zermatt) многу се вбројуваат во најјаките центри на Швајцарија. Ова неверојатно тивко село својата тишина ја должи на окружувањето без автомобили. Чудесно живописниот Cermat ја поседува втората на светот релативна висина која се служи со ски – лифт, а благодарејќи на својата надморска висина го карактеризира и огромната количина од снежни лавини. Kitzbuhel, Австрија Додека St. Anton е крунисан како “ најживиот европски ски – центар“, а Insbruk еден од највеселите и најубавите градови на Европа, легендарниот Kitzbuhel се смета за бисерот на Алпите и претставува најпознатиот вентар за одмор на австрискиот Tirol. Ова население, старо седум векови, им нуди на посетителите шарм на алпското село каде што луѓето почнале да се скијаат во зима уште во дамнешната 1892 година. Whistler/Blackcomb, Британска Колумбија Овие две високи планини даваат најдобро скијање со најголема релативна висина во Северна Америка. Просто е неверојатно каква разлика можат да направат 30 години и 600 милиони долари. Сепак, таму немало ништо друго освен планини за храбри планинари. Изменето од Schatzii - 01.Декември.2010 во 23:01 |
|
Dream what you want to dream;
Go where you want to go; Be what you want to be, because you have only one life and one chance to do all the things you want to do. |
|
Schatzii
Сениор Регистриран: 04.Мај.2010 Локација: Germany Статус: Офлајн Поени: 10600 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Les Portes du Soleil
На границата помеѓу Франција (Departement Hochsavoien) и Швајцарија (Kanton Wallis) се наоѓа областа Les Portes du Soleil.
|
|
Dream what you want to dream;
Go where you want to go; Be what you want to be, because you have only one life and one chance to do all the things you want to do. |
|
Schatzii
Сениор Регистриран: 04.Мај.2010 Локација: Germany Статус: Офлајн Поени: 10600 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
Dream what you want to dream;
Go where you want to go; Be what you want to be, because you have only one life and one chance to do all the things you want to do. |
|
BellaGrandma
Сениор Game over Регистриран: 10.Јуни.2010 Статус: Офлајн Поени: 20029 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Aj i od mene mal pridones....
Sun Valley, Idaho Изменето од ФорумскаБаба - 04.Декември.2010 во 18:20 |
|
Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
|
|
BellaGrandma
Сениор Game over Регистриран: 10.Јуни.2010 Статус: Офлајн Поени: 20029 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Mammoth Lakes, California
|
|
Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
|
|
BellaGrandma
Сениор Game over Регистриран: 10.Јуни.2010 Статус: Офлајн Поени: 20029 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Megeve, France
|
|
Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
|
|
BellaGrandma
Сениор Game over Регистриран: 10.Јуни.2010 Статус: Офлајн Поени: 20029 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
St. Moritz, Switzerland |
|
Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
|
|
BellaGrandma
Сениор Game over Регистриран: 10.Јуни.2010 Статус: Офлајн Поени: 20029 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Едно од местата што имав можност да ги посетам...
Courchevel, France |
|
Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
|
|
zamislena
Сениор Регистриран: 03.Јануари.2010 Статус: Офлајн Поени: 14566 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Најегзотичните скијачки центри во светотСекако, песочните плажи се релаксирачки за многумина, но за други снежните авантури претставуваат рај. Голем е бројот на градови кои се фалат со прекрасни скијачки терени, еве неколку .... кои доколку сте љубител на зимските спортови, морате да ги посетите............. Kitzbuhel, Austria Whistler Blackcomb, British Columbia Zermatt, Switzerland Vail, Colorado Banff/Lake Louise, Alberta Chamonix-Mont-Blanc, France Stowe, Vermont Mont-Tremblant, Quebec Cortina, Italy Aspen, Colorado |
|
Schatzii
Сениор Регистриран: 04.Мај.2010 Локација: Germany Статус: Офлајн Поени: 10600 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Мал, а голем свет
Whistler во Канада е едно од најпосетените скијалишта во светот. Погледнете како изгледа еден ден во ова познато зимовалиште. преубаво |
|
Dream what you want to dream;
Go where you want to go; Be what you want to be, because you have only one life and one chance to do all the things you want to do. |
|
hariing
Нов член Регистриран: 16.Декември.2010 Статус: Офлајн Поени: 33 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
samo sto se vrativ od ovde . proveri http://www.banskoski.com/
|
|
Schatzii
Сениор Регистриран: 04.Мај.2010 Локација: Germany Статус: Офлајн Поени: 10600 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
затоа те немаше никаде добре дојде назад
|
|
Dream what you want to dream;
Go where you want to go; Be what you want to be, because you have only one life and one chance to do all the things you want to do. |
|
hariing
Нов член Регистриран: 16.Декември.2010 Статус: Офлајн Поени: 33 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
dobro ve najdov - back to reality
|
|
Schatzii
Сениор Регистриран: 04.Мај.2010 Локација: Germany Статус: Офлајн Поени: 10600 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Најлуксузните европски скијалишта
Скијањето е многу скап спорт, опрема, патување, сместување, билет за ски-лифт и многу други работи кои се потребни за да имате одмор од соништата.
Да ѕирнеме во одморалиштата на славните и богатите! Zermatt, Швајцарија – Zermatt за разлика од познатиот St. Moritz е релативно непознат, но сепак спаѓа во најлуксузните скијалишта каде не е едноставно, ниту евтино да се купи имот. Tука се наоѓаат повеќе од стотина ресторани, барови и ноќни клубови, идеално место за сите оние кои сакаат одлична забава. Скијањето е поделено на четири области: Sunnegga, Gornergrat, Klein Matterhorn и Schwarzsee. Тука може да скијате во текот на целата година. Просечната цена на земјиштето изнесува 13.536 €/m². Се наоѓа на висина од 1620 m. Има вкупно 74 патеки, помеѓу кои и една од најдолгите, 22 km. Цената на неделен билет за ски-лифт изнесува 273 €. Доколку посетите некој од баровите можеби ќе го сретнете познатиот Robbie Williams, а пивото ќе го платите 3 €. Courchevel 1850, Франција – Се наоѓа на висина од 1747 m, а името на ски-центарот е одбрано од маркетиншки причини за да може лесно да се “справи” со својот најголем ривал Val d’Isèreom кој е висок 1850 m. Луѓето тука доаѓаат за да видат или да бидат видени. Постојат и Courchevel 1650, 1550 и 1300, а колку е местото пониско така и цената паѓа, па затоа и во 1850 е најскапо. Има многу ексклузивни шопинг центри со продавници како Dior, Chanel, Armani и Gucci. Но ова скијалиште не е само за прошетка на славните, бидејќи тука се наоѓаат едни од најтешките патеки на светот. Просечната цена на земјиштето изнесува 36.913 €/m². Има вкупно 275 скијачки патеки. Неделната карта за ски-лифт изнесува 216 €. Во баровите можете да ги сретнете Roman Abramovich, Flavio Briatore, Naomi Campbell, Victoria Beckham и George Clooney, а цената на пивото изнесува 4.50 €. Meribel, France – Познат скијачки центар кој се наоѓа на висина од 1450 m и има свој аеродром и хелиодром. Постојат прекрасни 250 патеки за скијање кои за кратко време ги освоија срцата на елитните скијачи. Во овој скијачки центар не може да ви биде досадно, секоја година во март се одржува Little World Festival, кој привлекува голем број музички ѕвезди, а забавите траат до раните утрински часови. Најскапите недвижнини се наоѓаат на повисоките делови, па доколку сакате да бидете сопственик на мала куќичка ќе треба да платите 7 милиони €. Просечната цена на земјиште изнесува 17.860 €/m². Цената на неделен билет за ски-лифт изнесува 267 €. Во клубовите на овие скијачки центри можете да ги најдете младите членови на британското семејство, Harry и William, а цената на пивото изнесува 6 € . Val d’Isere, Франција – Омилено скијалиште за сите “сериозни” скијачи, за време на Зимските Олимписки игри во 1992 година тука се возеше спустот за мажи, а во 2009 година тука се одржа Светско првенство во скијање. Овој ски центар се наоѓа на висина од 1850 m и е вистинско доживување за сите кои сакаат "оff" скијање (надвор од патеките), тука се наоѓа еден од најдобрите снежни паркови во Европа. На високите делови се наоѓаат прекрасни комплекси наменети за елитата, па цената на дрвените куќички изнесува и повеќе од 5 милиони €. Просечната цена на земјиштето изнесува 15.665 €/m². Неделната карта за ски-лифт изнесува 248 €. Во клубовите можете да ги сретнете Bono Vox, Gerard Depardieu, Helenа Christеnsеn, а цената на пивото изнесува 3 €. St Moritz, Switzerland – Можеби веќе не е најлуксузно скијалиште во Европа, но сигурно е најпознато. Тука може да се сретнат многу познати ѕвезди, од Marlene Dietrich до Madonna, снимани се многу филмови за James Bond. Познат е по огромната количина шампањ кој се пие во текот на годината, што ја потврдува концентрацијата на џет-сетот. Но токму поради големата популарност дел од кремот се пресели од St Moritz во помалку популарните и извикани елитни ски-центри. Просечната цена на земјиштето изнесува 17.161 €/m². Се наоѓа на висина од 1850 m. Постојат 88 ски патеки, а цената на неделниот билет за ски-лифт изнесува 240 €. Доколу буџетот не ви дозволува да си овозможите одмор од соништата, посетете некој од скијачките центри во Македонија, не се толку луксузни, но барем во вистинска смисла ќе ја почувствувате зимата. |
|
Dream what you want to dream;
Go where you want to go; Be what you want to be, because you have only one life and one chance to do all the things you want to do. |
|
Внеси реплика | страница 123> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |