|
A1 под полициска опсада?? |
Внеси реплика | страница <1 2223242526 56> |
Автор | |
Zajcef
Сениор TOTENKOPF Регистриран: 16.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 1252 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Да и јас го слушнав тоа,член на сдс дури споменуваше и сабји во рака земање и сл.ама да правиме разлика помеѓу повик на бунт/граѓанска непослушност и државен удар.За повик на бунт си има закони и ќе си одговараат. Изменето од Анастеа - 27.Ноември.2010 во 00:26 |
|
Кога неправдата станува закон,отпорот станува должност....
|
|
Zajcef
Сениор TOTENKOPF Регистриран: 16.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 1252 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Покажаа снимки каде на ујп никој не им пречи и таа теорија паѓа во вода,криви се затоа што праќаат полиција каде не е потребна со цел да го заплашат рамковски и сл.Криви се затоа што одма не излегоа и не кажаа што се случува туку се криеја и не креваа телефони се до 10 часот.Криви се зошто не ја повлекоа полицијата,туку пратија и кордони од СЕБР,кои не беа потребни. Изменето од Анастеа - 27.Ноември.2010 во 00:27 |
|
Кога неправдата станува закон,отпорот станува должност....
|
|
Persej7
Сениор Регистриран: 21.Октомври.2010 Статус: Офлајн Поени: 254 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Да, да, покажаа и ти виде, па сега донесуваш заклучок дека дефинитивно е така. Арно ама имаше се спремно од опозицијата за атакување...
Гледам јас дека полека доаѓаш до точката на прекршување. Ако Велија Рамковски е виновен, зошто тогаш оваа лакрдија за наводен напад на новинарството, односно за наводен напад на А1 кога врска нема со А1 ?!? Зошто беше целата таа глума? Чуму повици на рушење на власта? Отвори А1, продолуваат да лажат ко нездрави дека Чадиковски и други новинари биле тепани. А бе трагедија... Изменето од Persej7 - 26.Ноември.2010 во 12:38 |
|
Zajcef
Сениор TOTENKOPF Регистриран: 16.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 1252 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Еве за да разбереш,во цитираното јас не го бранам велија,крив е ко грешен ѓаол ама кај нас сите се криви и сите се криминалци ама никој не ги чепка.Ја кажувам причината зошто е ,,чепнат,, а зошто не е чепнат ѕинго или шпиунот латас или некој од фелата на владеачката партија кои се истотака грешни,и стојам на ставот дека ако велија водеше провладин медиум сега никој немаше да го чепка без разлика на криминалот негов.... Изменето од Анастеа - 27.Ноември.2010 во 00:30 |
|
Кога неправдата станува закон,отпорот станува должност....
|
|
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ајде сега малку сериозна анализа на синоќешните настани. За жал се виде поделеноста во Македонија и тоа длабока поделеност во медиумите, меѓу обичниот свет, за политичарите не зборувам- тие се општа мизерија, здравје поголема. Нејсе ајде по ред
Прва група- приврзаници на сегашната власт. Го осудуваат СДСМ а не сакаат да сватат дека вчера-синоќа направија фијаско кое скапо ќе ги чини кај неопределените кои им ја дадоа нивната доверба и сочии гласови дојдоа на власт. Кај мене лично има неколку дилеми-Кој ја фрли полицијата на тоа мето, кој ја изложи на ваков подсмев. Застанаа таму без никакво образложение, без давање никакви информации. Беа жртви на агресивноста на новинарите бидејки законот им го дозволува тоа-тие треба да прашуваат, да се движат слободно). Кој нареди тие јдни млади деца да стојат таму, неми, глуви, бедем пред влезот. Зошто ниеден не застана да даде интервју и да објасни-сигурно барем еден таму ја примил наредбата за да оди во кругот на А1 на задача?! Лично ме разочараа ВМРО- наседнаа на една заврзлама и како најобични аматери дозволија да бидат изманипулирани. Група 2- приврзаници на СДСМ. Едноставно беа на местото. Искрено ме разочараа. Место конструктивна опозиција, која полека почна да го свртува вниманието со откривање многу афери на сегашната влада, се симнаа на ниво на улична реторика. Што ако финаносовата полиција понуди докази за криминал? Зарем истите тие не упаднаа пред неколку години во истата таа телевизија (или ум јалнаш) Група 3- Гледачите на сувите лисја. Разочарани оти им ја прекинаа серијата. Поарно им е да гледаат една семејна драма, отколку да ги гледаат нашите Огуси, Ферхунди, Џеврии. За жал ние немаме ниеден Али Риза. И НОВИНАРИТЕ како посебна категорија. Страшно. Сега сфатив дека ние и немаме новинари. Имаме само приврзаници на опозицијата и позицијата, во зависност кај кој газда работат. После ова остана пелин во душата. Во меѓусебните пресметки заборавија на најважното- државата. Ја урнисаа до темел. Ја изложија на подсмев на меѓународната јавност.Дефинитивно. |
|
fiks
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Инспекцијата е искористена како обид да се искриви вистината и А1 да се престави како жртва.
Премногу е очигледно дека се тоа е планирано во кујната на СДСМ со цел добивање на политички поени и преставување на сегашната власт со епитетот како што љубат од СДСМ на ги нарекуваат диктаторски режим и слично,а секако СДСМ најголеми демократи и душегрижници за демократија,слобода и секако новинарската фела. Апел до сите членови да нема конфронтации,навреди и карање на темава,нека си држи секој до своето мислење но нека и го почитува туѓото,секако некој греши,а кој ќе видиме деновиве. |
|
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
|
marsovec
Сениор Регистриран: 18.Април.2010 Статус: Офлајн Поени: 3378 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
По полноќ видовме кршење на врати во А1 а и го одземале софтвертот на теленизијата а и напад над Чадиковски и обезбедувањето...ЕЕЕЕЈ луѓе...ова го нема во демократски општества...Но кој мисли овде на демократиоја....Властитутките СЕУШТЕ се во погон...Добиле налог????
|
|
СЕ Е КОНЕЧНО САМО ГЛУПОСТА Е БЕСКОНЕЧНА - САМО КАЈ НАС
|
|
fiks
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Чудно многу,еден куп претепани те новинари,те водители,те уредници,врати искршени,а никаде снимка од крв,модрици,потврда од лекарско уверение или пак пријава дека е нанесена материјална штета
|
|
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
|
MisterSk
Нов член Регистриран: 28.Јуни.2010 Статус: Офлајн Поени: 38 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Се бара циркузант повеке кој ке настапи на А1 најголемата циркузантска телевизија во светот.
A 1 вчера стана изборен штаб на ЗАМИСЛЕНИ избори кои умоболните режисери се обидоа да го изрежираат пред Македонскиот народ. Остајте ги институциите на државата да си ги вршат должностите и она за што се платени... Ако Хедис затајува документи и не ги дава на увид на инспекторите, нормално дека полицијата ке интервенира... Јавувањето на Иво Котевски-портпарол на МВР беше брутално прекинато од страна на т.н. новинар Борјан и не дозволи Македонската јавност да ја дознае вистината за инсценираната комедија која циркузантите на Рамковски ја приредија... Само А1 МОЖАТ да снимаат на НЕОТПАКУВАНИ касети, и само А1 има новинари кои се тепани а не се ПОВРЕДЕНИ, и само А1 може да е под „опсада“ а во студиото без проблем да им влезат 300 опозиционери. Чудно нели? Избега Велија ! Па како да се покаже после толку валкани работи што криел со години? Редно е да се дознае.Ги пушти новинарите негови од никаде да се појават и да кренат врева иако не се тие оние кои се предмет на истражување на УЈП.А и си прават журка овие на СДСМ,сеуште се надеваат дека народов ќе им поверува...жалосно... |
|
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Кој не бил во гужва не знае што значи да те клоцнат, да те штипнат, да ти се “залепи“ некој и да се трие од тебе задоволувајки си ги ниските страсти Може да се удрени-клоцнати, може да се влечени. Интерсна е анализава на Жарко (иако искрено не ми е многу симпатичен) и навистина се на место прашањата. Кој ја злоупотреби полицијата за упад во А1? Дали секаде има вакво полициско обезбедување која инспектори на УЈП вршат увид? Кој успеа од Велија да направи жртва мето да ја докаже вината (ако постои, оти барем 15 години се зборува а ништо нема на дело) |
|
Persej7
Сениор Регистриран: 21.Октомври.2010 Статус: Офлајн Поени: 254 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ајде малку поконкретно, кој ја изложи Maкедонија на потсмев? Кој има потреба да се оцрнува Македонија (ѕирни А1 денес, да видиш тотлаен откачитис во лагите и ситење дека Брисел изразил жалење). А НЕМА ВРСКА СО А1 И СО ПОПРЕЧУВАЊЕ НА НОВИНАРСТВОТО! ИМА ВРСКА СО ФИНАНСИСКА ИНСПЕКЦИЈА НА ФИРМИТЕ НА ВЕЛИЈА РАМКОВСКИ! Истата шема ја прават пријателе веќе 20 години. Изменето од Persej7 - 26.Ноември.2010 во 12:55 |
|
KING35
Сениор shadow... Регистриран: 25.Ноември.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 7624 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Samo edno prasanje...kako sto vikaat deka A1 ne bila opfatena so kontrola...nego drugi firmi,zasto policijata ne gi blokira tie firmi i ne im ovozmozi na novinarite i
drugite vraboteni vo A1 da rabotat normalno... Primer vo gradov ima zgradi so mnogu firmi....i sega ako vo edna se vrsi kontrola...zarem treba i drugite x po broj toj den da bidat spreceni da rabotat |
|
zivotot pisuva romani...a lugeto citaat stripovi
|
|
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Мојот став е јасен. Сите до еден кој нешто значат на политичката сцена. Инспекцијата била таму цел ден, а полицијата била испратена негде во вечерните часови Пак прашувам- Сегде ли инспекторите одат со толкаво обезбедување? Признале или не признале сите ние кои имаме одредени симпатии кон постоечката власт мора да си признаеме дека наивно влегоа во мрежата која ја сплете опозицијата. Нека го треста Велија, нека еднаш јасно и гласно кажат има или нема малверзации во неговото работење. Но, медиумите не се чепкаат. Тука европејците и другите белосветски се немилосрдни во осудата. Еве читам дека Пломби и на вратите на дневните весници Време, Шпиц и Коха е Ре |
|
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Токму тоа зборувам- Зошто така наивно дозволија да бидат изманипулирани? |
|
Внеси реплика | страница <1 2223242526 56> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |