|
РАКОМЕТ - новости |
Внеси реплика | страница <1 1213141516 18> |
Автор | ||||||||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||
Савевски поднесе оставка
Љубомир Савевски поднесе оставка од селекторската функција на македонската ракометна репрезентација. Савевски вели дека ваквиот потег го повлекува во интерес на репрезентацијата и обвини неколку медиуми за непринципиелна кампања за негово заминување. На последниот тренинг не се појавија 6 ракометари на Металург. Ракометарите кои ја одбија поканата на Савевски рекоа дека ги навредувал на последниот натпревар во Автокоманда, каде тој ја предводеше екипата на Вардар Про. „Оставката ја дадов во интерес на репрезентацијата. Против мене се води организирана кампања. Во медиумите се појавија измислици дека јас сум ги избркал играчите од првиот тренинг на репрезентацијата. Ги отфрлам овие неточни обвинувања, но заради смирување на тензиите кои настанаа во репрезентацијата пред квалификациите за ЕП 2012 одлучив дека е најдобро да се повлечам од селекторското место“. |
||||||||
mungos80
Модератор АНАРХИСТ Регистриран: 21.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 4330 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||
Реми рамно на победа за македонските ракометари
Проклетството е скршено, Македонија остана непоразена во Сараево, но не победи, 28:28 против репрезентацијата на Босна и Херцеговина. Иако пропуштивме напад за победа, констатираме дека ремито е позитивен резултат и дека Македонија со зголемени шанси ќе го чека продолжението на квалификациите на пролет. Реми рамно на победа во еден драматичен двобој што не приближува на чекор до пласман на европскиот шампионат по цели 14 години. Тежок натпревар во кој нашите ракометари покажаа карактер и ментална цврстина и најдоа сили да се мотивираат за позитивен резултат и за голема радост овде во Сараево. Можеше да биде и победничко ако Алушевски во последните секунди нашиот најдобар стрелец го постигнеше деветтиот гол но и вака имаме голема шанса, со што во јуни идната година Босанците ни доаѓаат на реванш во Скопје. Изедначен прв дел со наше водство на стартот и потоа извонредниот Шариќ и Доборац обезбедуваат два гола позитива. Се исплашивме во моментите кога домаќините додадоа два се зголемија на четири гола разлика во 34-тата минута а на семафорот стоеше 17:13. И потоа стрпливо со максимална борбеност и поцврста одбрана најпрво ја издржавме резултатската нишалка минус два, минус еден и во драматична завршница предводени од Ристовски кој имаше 12 одбрани, и головите на Наумче Мојсовски и реализациите на Алушевски ја решивме драматичната завршница со реми кое во оваа ситуација има триумфален сјај, ако се знае дека Унгарците се најблиску до првата позиција во групата. Босанците играа повторно само 40 минути, максимално смирено и со голема упорност го искористивме нивниот психолошки товар и грешките, и со константно зголемување на темпото го добивме посакуваниот резултат. Првиот играч на мечот Алушовски со осум гола имаше одлична поддршка од Наумче Мојсовски кој постигна шест, четири исклучително значајни во вториот дел и Кире Лазаров кој со пет гола и неколку асистенции во моментите кога беше добро чуван ја разби одбранбената зона наместена за неговата левица. Ќе се радуваме до март кога ни гостува Унгарија, и со позитивни вибрации ќе се обидеме да го расчистиме патот кон Еврошампионатот во Србија 2012-та. |
||||||||
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
|
||||||||
stigma04
Сениор Регистриран: 29.Март.2010 Статус: Офлајн Поени: 2661 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||
cestito bravost za rakometarite respekt
|
||||||||
Jas sum pepel tamu kade sto bev ogan
|
||||||||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||
Кумановци го сменија Георгиевски По поразот на домашен терен од Пелистер, управата на РК Куманово го смени тренерот Новко Георгиевски. На негово место од вчера е назначен Горан Миладиновски, поранешен играч на кумановци. Тој треба да дебитира на клупата на мечот со Металург викендов.Причината за смената на Георгиевски се слабите резултати на екипата. Георгиевски останува во Куманово, но ќе ги води младинците. Куманово во лигата влезе откако МРК Вардар им го отстапи местото и добија и неколку ракометари како засилување. По осум кола во Супер ВИП лигата, кумановци се на петтото место со девет бода, три повеќе од Тинекс Пролет и Борец. |
||||||||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||
Ристовски го избрка Савевски од Вардар? Ракометниот вицепрвак Вардар вчера неочекувано остана без тренер, откако Љубомир Савевски поднесе оставка, негова втора за период од само три недели. Откако пред 20-ина дена, на самиот старт на квалификацискиот циклус за ЕП 2012, го напушти кормилото на машката репрезентација под притисок на бојкотот на неколкумина играчи на Металург, се шпекулира дека сега од слични причини си замина и од клупата на "црвено-црните". Овој пат, станува збор за наводен конфликт со капитенот Борко Ристовски. |
||||||||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||
Пет ракометни екипи од Македонија со настап во евро-куповитеПет македонските екипи утре и задутре ќе настапат во рамките на третото коло од европските ракометни куповите. Во купот на ЕХФ Македонија има два претставника. Металург е домаќин на француската екипа Иври во скопската сала „Автокоманда“, додека во Битола Пелистер ќе го пречека шпанскиот тим Адемар Леон. Противниците на македонските претставници во овој куп се најзвучните имиња што можеа да ги добијат. Во СРЦ „Кале“ во Скопје, Вардар Про во Купот на куповите е домаќин на екипата на Брехем од Луксембург, додека единствениот македонски тим кој ќе гостува овој викенд е ВВ Тиквеш, и тоа во Полска кај Азоти Пулави. Овој натпревар се игра во рамките на Челинџ купот. Сите четири натпревари се играат во ист термин, утре од 18 часот. Единствениот македонски женски тим во оваа фаза на натпревари Металург Скопје, в недела во салата „Автокоманда“ го игра реванш дуелот со шведскиот тим Сковде. Македонскиот шаммпион има висока предност по првиот дуел бидејќи забележа победа на првиот натпревар од седум голови (27:20). Почетокот на натпреварот Металург Скопје – Сковде е во 18 часот. |
||||||||
Marko Polo 1
Сениор venecijaner Регистриран: 20.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 9693 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||
Zenskata rakometna reprezentacija gi mina kvalifikaciite koi se orzaa vikendov vo Drama, Egejska Makedonija. Posle pobedite nad grcija i Azerbejdzan, denes nasite reprezentativki ja pobedija i reprezentacijata na Svajcarija so 37:26 i go osvoija prvoto mesto na turnirot, edistvenoto koe vodi vo barazot. Najdobar strelec denes bese Bajramoska, so 8 gola, a vo reprezentacijata na Svajcarija... Mustafovska, so 6 gola... Jaka nekoja Svajcarica... |
||||||||
Incredible Blue
|
||||||||
Marko Polo 1
Сениор venecijaner Регистриран: 20.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 9693 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||
Vecerva zavrsi SP vo maska konk*rencija...
Francija ostana apsoluten sampion i gi obedini site tituli. Znaci, pokraj Evropskata, Olimpiskata ja dodade i Svetskata titula. i ups... Nema "update" na prethodnata vest... Zenskata Makedonska Reprezentacija vo barazaot kje igra protiv Spanija... |
||||||||
Incredible Blue
|
||||||||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||
Металург чека реванш, Прилеп чека одлука Двата женски претставници на Македонија беа во центарот на вниманието на отворањето на евросезоната годинава Черноиваненко: Металург е екипа која се бори до крај |
||||||||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||
Лазаров си ја повреди десната нога
Најдобриот македонски ракометар Кире Лазаров заработил повреда на нога на првиот меч од продолжението на сезоната во Лигата на шампионите. Сиудад Реал го совлада Санкт Петербург со 32:27 и на три кола до крајот обезбеди пласман во следната фаза, а невообичаено малиот ефект на Кире од само еден гол се должи на повреда. Лазаров се здобил се повреда на десната потколеница при еден доскок во раната фаза од средбата и во продолжението не се вратил на паркетот. Ногата вчера му била отечена, а дали станува збор за сериозна повреда, што, евентуално, би можело да се одрази и врз неговиот настап на претстојните квалификациски средби со Унгарија, ќе покажат снимањата. Кире Лазаров, кој ја игра својата прва сезона во дресот на шпанскиот првак, е најдобриот стрелец на тимот во досегашниот дел од домашното првенство и од Лигата на шампионите. Во првите седум средби од елитното европско натпреварување, тој има постигнато вкупно 39 гола, што, сепак, е далеку од првиот голгетер Марко Вуин од МКБ Веспрем |
||||||||
ZOTE
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 26.Мај.2005 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 627 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||
Звонко Шундовски е само ПИУН ,сакале верувале сакале не...тие кои следат ракомет доволно ќе разберат шо зборувам..
Звонко беше ставен само ЗА ДА СЕ КУПИ МИР ВО КУЌАТА.... Ако не беше така,ќе бојкотираа Металург.. Вака ставија принудно решение..НЕУТРАЛЕЦ.... Им требаше некој таков селектор,друг ги влечи конците.... Цевак премногу лаеше,сакаше сам да ја води репката,ама ова е Македонија,овде секогаш НЕКОЈ ЧИЧКО КАЖУВА КАКО ТРЕБА ДА БИДИ.... Ете затоа мора да ги држи во игра Мојсо,Миркуловски....итн... Овие играат ..а овие не се ни во поширокиот список,зошто?зошто не ги плаќа чичко Минчо... Ако стават некој странец за селектор,на пример Лино,е тогаш ќе биди друга песна,но пак ќе се јави проблем.. Тука ќе почнат да се бунат Лазаров....кој е еден од најзначајните фактори....можеби и ГЛАВЕН БОС во репката.... Инаку досега 100 пати ќе го ставеа Лино,еден куп шеми направија за да го турнат во фотеља,но секогаш наидуваат на рампа...од Михајло..и другите струи.... Како и да е...не е на арно тоа шо еден клуб,еден газда сака да раководи и со својот тим,и со репката... Ете до кај стигнавме.... И кога беше во Металург тренер, Чокрев викаше тајмаут, Чокрев им збораше на тајмаутот... Која акција да им ја кажи кога цела репрезентација ни е уствари 2-3 табори кои ни селектор ни ништо не фермаат. За жал неможе да го седни Наумче, неможеше да го седни Борко... затоа што не му беше така кажано. Голем хендикеп за нас е политиката која ја води Металург како клуб. Океј, сакаат да бидат апсолутни шампиони во македонија, ама стварно претераа... И да, намерно правеа раздор додека Савески беше селектор, ништо чудно и намерно да загубија на квалификацискиот турнир во Турција... Шо правиме кога Лазаров ќе ја заврши кариерата? Нема ни одблизу таков талент,а со ваквата мизерна работа со младинските екипи во клубовите никогаш нема да ни да има..... Не тераме далеку со ова темпо.... |
||||||||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||
Металург и Пелистер во куп-финалето
|
||||||||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||
Во среда ждрепка за Европското првенство во ракомет
Како што е познато, нашиот северен сосед следната година ќе биде домаќин на Европското првенство за ракометари. Ждрепката за групите ќе биде во среда точно на пладне во Белград, а веќе се знаат и некој детали околу составот на групите. Домаќинот сигурно ќе игра во Белград, Хрватска ќе биде носител на групата која ќе се игра во Вршац, а нашата репрезентација групната фаза ќе ја игра во Ниш, додека Унгарците ќе играат во Нови Сад, бидејќи се води сметка со овој распоред да биде задоволен и економскиот интерес. Состав на шеширите за ждрепка: Прв шешир: Франција, Полска, Хрватска, Германија. Втор шешир: Данска, Норвешка, Шведска, Унгарија. Трет шешир: Србија, Шпанија, Исланд, Чешка. Четврти шешир: Словенија, Русија, Словачка, Македонија. |
||||||||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||
Ракометарите на Македонија на ЕП 2012 против Германија, Шведска и Чешка
Ждрепката за Европското првенство за ракометари кое ќе се одржи 2012. година во Србија се одржа денеска, а нашата национална селекција ќе игра во групата Б против Германија, Норвешка и Чешка. Еве го и комплетниот исход од ждрепката за ЕП 2012, на кое по три екипи од секоја група ќе минат во втората фаза од натпреварувањето: Група А: Полска, Данска, Србија, Словачка Група Б: Германија, Шведска, Чешка, Македонија Група Ц: Франција, Унгарија, Шпанија, Русија Група Д: Хрватска, Норвешка, Исланд, Словенија. Првичните проценки велат дека Македонија имаше и малку среќа во денешната ждрепка при составот на групите од завршницата на ЕП во Србија. Според претходните најави во однос на посакуваните противници, денеска добивме група по мерка. Македонија натпреварите од фазата по групи на Континенталниопт шампионат ќе ги игра во Ниш. Најпрво на 15. јануари играме против Шведска, на 17. ќе излеземе на мегдан со Германија, а по ден одмор (19. јануари) ќе ги одмериме силите со Чешка. Цените на билетите за прелиминарната фаза не се познати, ниту пак кога ќе почне продажбата. Капацитетот на салата во Ниш е 4.000 седишта, а всушност станува збор за старата сала „Чаир“ која е реновирана за да ги задоволи условите за организирање група. "Посакувавме ваква група и ја добивме, задоволство е огромно. Противниците се репрезентации со кои можеме да играме и да оствариме позитивен резултат. Наше е добро да се подготвиме и да постигнеме што е можно подобар пласман и успех, најпрво ќе се сконцентрираме на пласман во вториот круг." - изјави селекторот на Македонија, Звонко Шундовски, веднаш по ждрепката. "На хартија коцките на некој начин се поклопија. Денешната ждрепка не мора ништо да значи, но сепак за мене лично ова се посакувани противници, според рејтингот. Но, мора да ни биде јасно дека на ЕП нема слаби противници" - изјави македонскиот репрезентативец Ванчо Димовски по денешната ждрепка. Европското првенство се игра од 15. до 29. јануари 2012. година во Белград, Ниш, Нови Сад и Вршац. |
||||||||
Внеси реплика | страница <1 1213141516 18> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |