IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Патувања...
  Активни теми Активни теми RSS - Места кои мора да ги посетите
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Места кои мора да ги посетите

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1011121314 15>
Автор
Порака
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Јули.2010 во 14:08
Мозамбик
 
Мозамбик, земјата која пред три децении привлекуваше повеќе туристи од Јужна Африка и Зимбабве заедно, сместен...

  помеѓу двете споменати држави, а најпознат е по најубавите плажи и морска храна на светот, пишува репортерката на "Telegraph".

Иако враќањето на животните во нивната природна средина е во тек, Мозамбик нема голем број на крупен дивеч кој може да се види во резерватите за диви животни ширум Африка.

"Explore Gorongosa" е единствен камп во склоп на резерватот во кој може да се престојува.

Во пролет се во резерватот врие од живот, кондорите ги шират криљата на врвовите од дрвјата, додека импалите се припремаат за долга борба во освојувањето на женките.

Вреден за посета е и малиот хотел "Azura" на островот Бенгуера. 

Хотелот поседува 15 апартмани, секој со свој базен опколен со преубав бел песок од плажите.

Подводниот свет е еден од најубавите во светот, а нуркањето е многу популарен спорт помеѓу туристите.

Ако сте повеќе за вкусување на урбаниот живот на Африка, мора да го посетите Мапуто, градот преполн со улици во арт-деко стил и вили направени во стил на оние во Мајами.

Единствено попримамливо од архитектурата на градот, е неговиот ноќен живот.

Свежата морска храна може да ја најдете речиси сегде, и во сите видови и големини.

Сепак, во Мапуто за најдобар важи "Costa do Sol" - ресторанот сместен покрај брегот на преубавото море.

 

 



Изменето од емил - 28.Јули.2010 во 14:10
Кон врв
Schatzii Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 04.Мај.2010
Локација: Germany
Статус: Офлајн
Поени: 10600
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Schatzii Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Ноември.2010 во 12:41
Топ 10 земји за 2011 година

Се мислите каде би оделе на одмор следната година? Најпознатиот светски туристички водич Lonely Planet објави листа на 10 земји кои мора да се посетат во 2011 година. Критериумот по кој се избрани земјите се темели на локација, атрактивност и возбуда, како и на цена.

10. Јапонија

Иако важи за многу скапа земја, Јапонија едноставно е прекрасна. Било да преферирате природа, извонредни модерни згради, или пак историско наследство, Јапонија е ИН дестинација. Оваа земја од посетителите често е нарекувана user-friendly заради исклучително пријателското и гостопримливо население. Токио, Фуџи, самураи, гејши, суши, сумо... набројувањето нема крај. Огромна концентрација на интересни знаменитости и обичаи на едно место.

9. Сирија

Оваа блискоисточна земја е поделена на неколку региони – тесни крајбрежни низини, планински зони (Nusayriya на север и Anti-Libanon на југ) и висорамнини со малку врнежи во годината и ретка вегетација. Симбол на земјата е познатата река Еуфрат која не е пловна, но е исклучително популарна меѓу туристите. Пред да ја посетат оваа земја, голем дел од нив не знаат дека во Сирија може да се ужива во умерената клима на крајбрежјето (со суви лета и влажни зими), во пустинска клима во внатрешноста, како и во планинска, на највисоките врвови. За оние кои се желни за културно истражување, во Дамаск се наоѓа Национален музеј кој содржи бројни изложби од азиска, грчка, римска, византиска и исламска уметност. Исто така, во главниот град се наоѓа најголемата библиотека во светот, со повеќе од 150 000 наслови. Сирија е дефинитивно една од историски и географски најинтересните туристички дестинации во светот.

8. Танзанија

Танзанија е земја на големи чуда, како што се Серенгети, Нгоронгоро, Килиманџаро, Занзибар... Освен тоа, Танзанија има многу резервати полни со егзотични африкански животни. Накратко речено, во Танзанија е обединето сето она што го нуди Африка, од прекрасни зајдисонца на реката Руфиџи, преполна со нилски коњи и крокодили, до предели населени со ретките и популарни црвени мајмуни, црни носорози и други ретки видови на животни. Славното Викториево езеро исто така се наоѓа во оваа земја. Без оглед дали сте за планинарење, пловење или пешачење – Танзанија нуди за секого по нешто.

7. Италија

Што уште треба да се каже за Италија што не е кажано до сега? Единствена, историска, гурманска, забавна светска туристичка дестинација. Италија е прогласена за земја со најголем број на заштитени споменици од светското културно наследство од страна на UNESCO. Од популарни скијачки и гурмански центри на север, до медитерански градови на југ, Италија нуди разновидни прекрасни искуства. Без разлика дали барате одмор на волшебните лозарски ридови на Тоскана, каналите на Венеција, античките улици на Рим, историски места низ земјата или на песочните крајбрежја, сето тоа може да го доживеете во извонредната Италија.

6. Ванутау

За оние кои бараат автентично искуство, Ванутау е вистинскиот избор. Оваа островска држава која се наоѓа во Тихиот океан содржи тропски шуми со просечна годишна темпераура од 25 степени, многубројни водопади, лагуни и мали домородни села.

Не очекувајте разни хотлески комплекси. Сместувањето се базира на традиционални фамилијарни куќи, опкружени со недопрена природа и шеталишта.

Овде ноќниот живот не е во прв план, туку станува збор за вистински одмор и опуштање. Еко-туристите во оваа земја ќе најдат сè што бараат. За да ги видите сите убавини на овој архипелаг, кој брои дури 83 острови, потребно е повеќе време за разлика од просечниот одмор. Ванутау е толку убава земја што изборот на следното место за разгледување ќе ви претставува слатко мачење.

5. Бугарија

Бугарија отсекогаш имала што да им понуди на нејзините посетители, од големите градови преполни со содржини, планинските врвови покриени со снег, Црното море и историските градови кои се наоѓаат по неговото крајбрежје, па до природата полна со водени текови. Бугарија е една од најбогатите земји со питка вода во светот. Од влегувањето во ЕУ, Бугарија стана неверојатно популарна за странските туристи. Голема улога тука играат и финансиски пристапните зимски одморалишта и скијачки терени. Неистражените заливи на Црното море и завидната винска индустрија уште повеќе ја нагласуваат атрактивноста на оваа земја.

4. Панама

Економската криза ѝ даде совршен повод на Панама да преземе радикални мерки во економската стратегија, па оттаму и мерки за подобрување на туризмот. По неконтролираното градење и бетонизација, кои само рецесијата успеа да ги прекине, Панама конечно се одлучи да ја врати автентичноста. Локални фестивали, атрактивно истражување на џунглата, пикници на песок... сето тоа ѝ ја враќа на Панама нејзината вистинска природа. Стратегијата на главниот град Панама Сити е да се прошири зеленилото и да се врати природниот изглед на градот. Иако климатските промени лошо влијаеја на некои од скапоцените животински видови, како на пример златните жаби, Панама сепак, според многумина, го поседува најубавото место на Земјата - Darien Gap, кое и понатаму привлекува многу љубопитни туристи, желни за вистински авантури.

3. Зелен ‘Рт (Cape Verde)

Архипелагот на Cape Verde е најновиот хит меѓу европските туристи кои за време на зимските студови избираат топли дестинации. Фантастичната природа, како создадена за одмор и уживање е, сликовито кажано, единствена мешавина на егзотичните Кариби и мистичната Африка. Вулканските планини во облаците, разните водени спортови, егзотичните фестивали, долгите песочни плажи и пред сè, сончевите денови во текот на целата година, го ставија овој архипелаг на светската туристичка мапа.

2. Бразил

Традиционално атрактивниот Бразили оваа година е на самиот врв според препораките на угледните туристички водичи. Самба, карневали, неверојатно згодни жени и умерена клима се само некои од карактеристиките на оваа прекрасна земја. Бразил привлече уште поголемо внимани на туристите освојувајќи го домаќинството за Светското фудбалско првенство за 2014 година, како и Летните олимписки игри за 2016 година. Доверувајќи му ги врвните спортски настани на Бразил, спортските институции наредија да се зголемат мерките за безбедност на туристите, што досега претставуваше болна точка на Бразил. Со оглед на претходното, разновидноста на туристичките понуди во Бразил расте од ден на ден. Во тек се проекти чија вредност се брои во милијарди. Интензивно се размислува и за градење на брза железница на релација Рио – Сао Паоло. И покрај јачината на бразилската валута, Бразил е и тоа како исплатлива дестинација, бидејќи заради брзиот пораст на слободните хотелски соби, нивните цени паѓаат, а со тоа се зголемува туристичката популарност.

1. Албанија

Можеби за некои претставува големо изненадување, но светскиот туристички водич ја рангираше Албанија на прво место, како дестинација што никако не смее да се пропушти во 2011 година. Иако до неодамна владееше стереотип дека земјите од Балканот се само за “храбри” туристи, токму неистраженоста и скриената убавина е она што ја издигнаа Албанија над сите останати дестинации. Исклучително културно наследство, песочни плажи, азурно море, пријателски и гостопримливи домаќини, домашна кујна, ноќен живот и пристапни цени се адутите кои ја држат Албанија на првото место на оваа престижна листа на најпосакувани земји во

Dream what you want to dream;
Go where you want to go;
Be what you want to be,
because you have only one life and one chance to do all the things you want to do.
Кон врв
brza Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Февруари.2006
Локација: vidiFOTOupotpis
Статус: Офлајн
Поени: 34534
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај brza Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Ноември.2010 во 13:34
" Од влегувањето во ЕУ, Бугарија стана неверојатно популарна за странските туристи. "
 
                                                                                                                
 
 
....ma shto znaat pa tie?!не
 
 
.....tuku, ete i najobichnite makedoncite,  mozat da bidat globtroteri,изненадување....duri na dve svetski turistichjki destinacii mozat da trknat,..."k'o od shale"!намигнување
 
...bravo za makedoncite!
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
Кон врв
Schatzii Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 04.Мај.2010
Локација: Germany
Статус: Офлајн
Поени: 10600
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Schatzii Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Ноември.2010 во 13:37

и мене ме изненади топ листава, посебно со изборот на двеве балкански земји...

на прво место албанијама%20ајде
Dream what you want to dream;
Go where you want to go;
Be what you want to be,
because you have only one life and one chance to do all the things you want to do.
Кон врв
brza Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Февруари.2006
Локација: vidiFOTOupotpis
Статус: Офлајн
Поени: 34534
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај brza Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Ноември.2010 во 13:41
...menjam dve destinacii,...albanija i bugarija za,...edna ...nekade vo tihiot okean,...ili japonija,...vo kraen sluchaj!намигнување
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
Кон врв
Schatzii Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 04.Мај.2010
Локација: Germany
Статус: Офлајн
Поени: 10600
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Schatzii Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Ноември.2010 во 13:47
јас би ги сменила веднаш со Бразил ( штета што не ни е соседсмеење )
а од поблискиве слободно би ги заменила со Хрватска или Словенија...
Dream what you want to dream;
Go where you want to go;
Be what you want to be,
because you have only one life and one chance to do all the things you want to do.
Кон врв
brza Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Февруари.2006
Локација: vidiFOTOupotpis
Статус: Офлајн
Поени: 34534
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај brza Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Ноември.2010 во 14:00

.....toa e tipichen dokaz deka za nekoj banalnoto,

...  za nekoj drug pa e, i te kako ...interesno,..i toa vo svetski ramki!
 
...taka  i so ohrid,...ne deka e stvarno kojznae shto , ama sepak e...za onie shto cela godina ziveat i rabotat  vo betonski djungli... kakvi shto ima vo zapadniot svet.
,...chii gragjani se i najgolemite "potroshuvachi" na  svetskiot turizam.
 
 
...a i tie ete,..se potepaa da dojdat na gosti kaj ...oridjanite!газење%20од%20смеење
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
Кон врв
*moon* Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 27.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7657
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај *moon* Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Ноември.2010 во 23:10
gore na mesecinata
Кон врв
FeaR Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
False Evidence Appearing Real

Регистриран: 15.Септември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 5307
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај FeaR Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Ноември.2010 во 15:53
"А ти поарен да не си?" -македонски начин на прифаќање критика
Кон врв
BellaGrandma Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Game over

Регистриран: 10.Јуни.2010
Статус: Офлајн
Поени: 20029
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај BellaGrandma Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Декември.2010 во 16:36

10- те туристички бисери



2010-та ги одбројува своите последни денови, а Новата година веќе ветувачки ни се насмевнува, па “to do“ листата за 2011. постепено започнува да се пополнува. Затоа, престижниот туристички водич Lonely Planet состави листа на 10 градови кои би требало да ги посетите во годината што следи.

Пред да ви го пренесеме изборот на Lonely Planet може да се спомне и дека на нивниот список не се најдоа “извикани“ туристички дестинации како Париз, Рим и слични, туку и градови кои до пред неколку години беа туристички непривлечни.

1. Њујорк, САД - Големото јаболко, 10 години подоцна

Од 11. септември 2001. година на местото на некогашниот Светски трговски центар остана само болен потсетник на терористичкиот напад и илјадниците жртви. Но, оваа година тоа ќе се промени, затоа што бившиот Светски трговски центар ќе се отвори за посетителите како Меморијален центар 11. септември.

На пошуменото тло, осветлено навечер, ќе се наоѓаат фонтани кои ќе потсетуваат на некогашните кули, а истакнати ќе бидат и имињата на сите недолжни жртви. Тоа ќе биде еден од најважните настани за Њујорк кој вреди да се посведочи, како и спуштањето на новогодишната топка на Тајмс Сквер.

2. Тангиер, Мароко - Белиот град

Поради извонредната положба на северозападниот р'т на Африка, мароканскиот Тангиер гледа во две насоки - едната е свртена кон Шпанија и Европа, а другата кон Африка. Сепак, значително се разликува од местата во неговата околина. “Белиот град“, со своите бели градби отсекогаш имал стратешка важност, но до неодамна, во туристички смисол, беше познат како запуштен, валкан и опасен.

Сепак, со новата градска власт, плажите се чисти, улиците безбедни, а таксистите пристојни. “Нашминканиот“ Тангиер е создаден како место на уметници, средени згради, одличен шопинг и нови ресторани.

3. Тел Авив, Израел - Син Сити

Тел Авив е целосна спротивност на Ерусалин - модерен Син Сити наспроти светото место на брдото. Изгледа дека хедонизмот и декаденцијата да е единственото заедничко религиски убедување на жителите. 

Сепак, под таквата површина, Тел Авив е медитеранското средиште на 21. век. Како најголем меѓународен град во Израел, дом на голема геј заедница, своевиден Сан Франциско на 21. век. Благодарение на универзитетите и музеите, градот е расадник на растечката израелска уметничка сцена.

4. Велингтон, Нов Зеланд - Опуштено, гурманско уживање

Велингтон е опуштен град со повеќе барови, кафулиња и ресторани по глава на жител отколку Њујорк. Воедно е и место со мноштво на гурмански содржини, вклучувајќи и десетината самостојни пржилници на кафе. Жителите се пак скромни и велат дека ако нешто работат, сакаат тоа да биде сработено како што треба.

Во текот на целата година новозеландската метропола е полна со уметност и културни доживувања. Тука е и филмската индустрија Веливуд, сместена на полуостровот Мирмар, која цвета благодарение на успехот на сер Питер Џексон. Се на се, локалните жители го сакаат тој град, а таа емоција лесно ја превземаат и туристите.

5. Валенсија, Шпанија - Средновековната престолнина повторно блеска

Задржувајќи го својот провинциски шарм, третиот шпански град по големина е сега место на меѓународна “гужва“.

Освен што е домаќин на престижната едриличарска трка America's Cup и на Формула 1, Валенсија е прогласена и за европска престолнина на спортот за 2011. година. Тука е и средновековната ложа Ла Лонха од 15. век која потсетува на времињата кога Валенисија владеела со Медитаранот. Пола милениум подоцна градот на уметноста и науката, како што го замислил славниот шпански архитект Сантијаго Калатвара, влегува во ерата на нов сјај.

6. Икуитос, Перу - Скапоценост во срцето на џунглата

Овој град е најновиот туристички бум. Посетителите може да ја истражуваат амазонската прашума, но и самото шетање низ Икуитос е доволно импресивно. Во главниот град на перуанската џунгла од клубовите ечат звуците на рокот и салсата до раните утрински часови, но градот е и културен центар. Во Икуитос може да се најдат делата на најдобрите перуански уметници, раскошни палати и музеи. Воедно е и трговски центар за локалните племиња од прашумата, што го прави уште по жив и интересен.

7. Гент, Белгија - Сокриено богатство

Гент би можел да биде еден од најдобрите еверопски градови кои веројатно не сте планирале да го посетите. Освен што се наоѓа во земјата со најмала криминална стапка на светот, тоа е и еден од најубавите европски речни градови во кои доминираат стари градби. Воедно, Гент има една од најживите фестивалски сцени.

8. Делхи, Индија - Препородената метропола слави 100 години

Делхи со векови не изгледал толку добро и привлечно. Подготовките за Комонвелт игрите, одржани во октомври 2010., ја подобриле градската инфраструктура, ги очистиле неговите улици и ги зголемиле сместувачките капацитети.

Освен подобрените спортски содржини, Делхи може да се пофали и со нова, подземна железница во која превозот е значително поудобен отколку во хаосот на улицата. Причина за посета на овој град е и прославата на стотата годишница на Њу Делхи, главниот град на Индија, кој како самостојна градска целина е основан во 1911. година.

9. Њукасл, Австралија - Австралискиот Монмартр

Најголемиот дел од минатиот век, Њукасл бил средиште на челичарите со чие затворање во 1999. година на луѓето им е нанесен тежок економски удар.

Но, неговите жители се покажале како снаодливи, а ефтините животни услови одлучиле да ги искористат многу уметници. Така, Њукесл станал град со најголем број на уметници по глава на жител во Австралија, се отвориле нови галерии, а бројни деловни згради во центарот биле завземени од фотографи, модни дизајнери и дигитални уметници. Затоа, обновениот Њукасл денес е единствен спој на фантазија, софистицираност и сурферска култура.

10. Чанг Маи, Тајланд - сјајот на минатото

И покрај годините, овој град го зачувал својот боемски шмек. Всушност, поинтересен и попривлечен е од било кога. Културната престолнина на Тајланд, некогаш бил центар на кралевството на Ланите, а денес го посетуваат оние кои сакаат да побегнат од буката на Банког и да уживаат во посебната атмосфера. Покрај пријателското, космополитско чувство што го нуди, ова место е и едноставно и сигурно за истражување. Може да се пофали и со неколку одлично зачувани храмови.

Па, и да не може да си го дозволите патување до некоја од наведените дестинации сега, во духот на новогодишните и божиќни празници, нека не ве напушта надежта за некои подобри времиња во кои и таквите патувања ќе станат реалност. На крајот од краиштата, фантазијата е бесплатна и нема граници. :)



Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
Кон врв
BellaGrandma Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Game over

Регистриран: 10.Јуни.2010
Статус: Офлајн
Поени: 20029
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај BellaGrandma Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Декември.2010 во 02:13
Може и не мора да се посети местово...уствари не ни знаев дека постои...али после темата што ја отвори членот..малку прочепкав на нет и го најдов ова....

К у р а т и ц а


Географска положба и селско подрачје


Селото K у р а т и ц а се наоѓа на 20 километри североисточно од Охрид или на 5 км. северно од патот Охрид — Ресен. Сместено е во пазувите на планинскиот масив Мазатар (Бајрак 1635 м) на надморска висина од 1080 метри. Селото е расположено во тесна карстна долина околу една суводолица која надојдува за време на посилни врнежи и прави штета врз домовите и нивјето. Заради конфигурацијата на теренот селото има издолжен облик во насока северозапад — југоисток и спаѓа во селата со збиен тип на куќи, со мали дворишта. Се дели на три краеви: Горна Маала, Долна Маала и Средна Маала.

Во Долна Маала се наоѓа селската црква Св. Никола пред чиј влез е заедничката гробница на загинатите борци во Наро-дноослободителната војна од ова село. Во непосредна близина на црквата се наоѓа Килимарницата изградена во текот на 1982 година, шго работи во состав на 33 „Рашанец" од Охрид.


Во Средна Маала се наоѓа селската чешма со спомен-плоча во чест на паднатите борци од НОВ, што се користи само за на-појување на добитокот бидејки селото се снабдува со вода за пиење преку водоводот изграден уште во 1962 година. Тука е Задружниот дом изграден во 1950 година, Основното училиште и две селскн продавници.

До селото се стигнува по асфалтен пат што претставува и единственага врска на к*ратица со моторно возило, со остана-тите населби во општината Охрид и подалеку.

Селското подрачје на к*ратица зафаќа површина од 2336Д хектари. Од север се граничи со подрачјата на Велмеј и Лешани, од запад со селските подрачја на Сирула и Расино, од југ со Опеница и од исток со Речица.

Синорот со околните села минува низ следните места: со Велмеј Никотинец, Крапчи Дол и Долги Рид, со Лешани — Бак-лишта, Долни Вирој, Крива Бука, Висока Чука, Булајчки Гари-шта и Дено Вода, со Сирула — Краста, Ишкојца, На Река, Прплец, Кутли и Кокошарник, со Расино — Гумниште, Ореов Дол, Дебранка и Ванатино, со Опеница — Делвнно, Сакој и Мар-ково Долче и со Речица — Влашка Чешма, Мијалец, Медејнца, Дел Гумно и Маркој куќи.

Во овие рамки влегува селскиот имот на к*ратица што се состои од 681,9 ха обработливи површини, 154,2 ха пасишта, 1273,6 ха шуми и 226,4 ха неплодно земјиште1).



Сообрајна поврзаност на селото


Единствената сообраќајна врска преку која може да се дојде до селото к*ратица со возило е асфалтниот пат што кај Прентов Мост се издвојува од патот Охрид — Ресен, во дол-жина од 5 км. Овој пат за првпат е пробиен со ангажирање на работоспособното население од К у р а т и ц а и од околните села за време на бугарската окупација во 1942 година.



Потекло на нмето на селото   
   Во секојдневниот говор кај месното население и во цело-то охридско подрачје, селото се нарекува со името „К у р а ј ц а" или „К у р а и ц а", а поретко и „К у р а т и ц а". Со името „К у р а ј ц а" е запишано (како додаток) и на топографската карта со размер 1:25000 изработена во 1973 година — лист Охрид, покрај офи-цијалното име „К у р а т и ц а".    Засега најстар пишан документ за името на селото претс-тавува Опширниот пописен тефтер за Охридскиот санџак од 1582 година, каде што селото е запишано како „К у р а т и ц а
    Кон крајот на XVI в. и почетокот на XVII век во кодика-та на Слепченскиот манастир е запишано како „К у р а ти ц а, во 1888 година Верковиќ, а иодоцна и К^нчов селото го запишале како „К у р а т и ц а". Во 1892 година во своите белешки од Охрид Браиислав Нушиќ го запишал како „Коратица"8), а со ова име се среќава и во административните акти непосредно по војната. Меѓутоа, пикој од досегашните наведени автори и документи не го објаснува значењето на името на селото.
   Во врска со потеклото на името на селото К у р а т и ц а, кај постарите жители од ова село постојат различни мислења. Не-кои сметаат дека селото го добило името заради тоа што е сместено во терен што личи на корито и би требало да се вика ..Коратица" Според други името на селото доаѓа од турскиот збор „k*ri", што значи „сув, а, о", па оттаму и мислењето дека селото порано се викало „Суво село" или „Суви дол".
   Постои и мислење дека селото го добило името по лично-то име К у р а т или К у р т.



РЕДОВНИ НАСТАНИ

К у р а ј ч к и карневал - 13-ти и 14-ти Јануари
(Жителите на К у р а т и ц а велат дека карневалот е стар исто колку што е старо и селото. Непотврдени податоци говорат дека маскирањето во К у р а т и ц а има традиција што датира од далечната 1575 година)


Носење крсти - 2-ри Јуни


Голема Богородица - 28-ми Август


Митровден - 8-ми Ноември





И тоа е тоа....
Научив барем дека постои...и каде е

Изменето од ФорумскаБаба - 11.Декември.2010 во 21:03
Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
Кон врв
Schatzii Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 04.Мај.2010
Локација: Germany
Статус: Офлајн
Поени: 10600
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Schatzii Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Декември.2010 во 13:35
Во земјата на снегот
 

mos

Русија, белата убавица распослана на голем простор. Нејзиниот главен град Москва е одлична туристичка дестинација, но само за оние поиздржливите на ниски температури.

Москва, најголемата урбана средина во Русија, е воедно и нејзин главен политички, економски, културен, религиозен, финансиски, образовен и транспортен центар.

Овој мегалополис е дом на најголемиот број билионери во светот. Со своите над 10 милиони жители претставува најголем град во Европа.

800478734

Низ градот тече реката Москва која е поврзана со пловен канал со Волга. Со ова градот е поврзан по воден пат со: Балтичко Море, Црно Море, Азовско Море, Бело Море и Касписко Езеро (Море). Поради ова Москва ја нарекуваат и "Пристаниште на 5 мориња".

Најпознатата туристичка атракција во градот е Црвениот плоштад каде што се лоцирани Кремљ, црквата Св. Василиј, ГУМ, мавзолејот на Ленин, Големиот Кремљски дворец и многу други мали манастири.

Оттука може да се види и најголемиот хотел на светот, хотелот Русија, како и седиштето на вселенскиот патријарх - црквата на Исус Христос.

18613990

Плоштадот е познат и по воените паради кои се оджувале на него во времето на Советскиот Сојуз, особено во времето на Сталин. Инаку, покрај Црвен плоштад името на плоштадот Краснаја плошчад (руски: красная площадь) означува убав плоштад.

Москва е највеличенствена во доцна пролет (мај или јуни) и во рана есен (септември и октомври), кога градските паркови се полни со расцветани дрвја или листови во сите бои.

Сепак, ако сакате да се нурнете во длабочините на руската душа, отидете во зима, кога снегот, студот и темнината ја завиткуваат модерната врева.

moscow

Климата во Москва е умерено-континентална, со топли влажни лета и долги ладни зими. Просечната температура во летните месеци е околу 23°Ц, но може да достигне и до 30°Ц, а во зима се спушта и до -10°Ц (преку ден).

За време на зимските месеци Москва се наоѓа во UTC/GMT +3 часа, а во летниот период го менува времето за еден час понапред односно, UTC/GMT +4 часа.

moscow-centre248

Земете топла облека, парите во џеб... и тргнувајте!

Dream what you want to dream;
Go where you want to go;
Be what you want to be,
because you have only one life and one chance to do all the things you want to do.
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Декември.2010 во 06:35

Попова Шапка подготвена за туристи

 

 На Попова Шапка оваа сезона сметаат дека ќе привлечат повеќе скијачи од порано бидејќи ги подобриле условите за скијање. Светислав Ефтоски, кој раководи со ски-лифтовите вели дека согласно концептот, во еден момент на сите скијачки патеки, ќе може да се најдат 2000 скијачи.
Кон врв
zamislena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Јануари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 14566
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zamislena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Декември.2010 во 21:09

10 градови во Европа кои треба да ги посетите во зимскиот период

Доколку планирате зимско патување, веќе е време да одлучите каде ќе одите. Европа може да биде добар избор, а имате можност да посетите разни места со различни култури кои можат да бидат добри авантури за вас. Тука сме да ви помогнеме во вашата одлука, па ги одбравме 10-те градови во Европа кои треба да ги посетите во зимскиот период.

Фиренца, Италија

Рим, Италија 

Истамбул, Турција 

Виена, Австрија

Атина, Грција 

Лондон, Англија 

Париз, Франција 

Прага, Чешка 

Барселона, Шпанија 

Минхен, Германија 


 

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1011121314 15>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,281 секунди.