|
Најморничавите локации во светот |
Внеси реплика |
Автор | |
BellaGrandma
Сениор Game over Регистриран: 10.Јуни.2010 Статус: Офлајн Поени: 20029 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 18.Ноември.2010 во 10:44 |
Инспирирана од нешто што прочитав на Идивиди....мислам дека може да имаме и ваква тема..кога може за хотели и слични работи, зошто не и за најморничавите места?
Па ајде да видиме Идивиди што ни претставува.... * ако модераторите сметаат дека темата е несоодветна, ......* Изменето од ФорумскаБаба - 18.Ноември.2010 во 10:44 |
|
Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
|
|
BellaGrandma
Сениор Game over Регистриран: 10.Јуни.2010 Статус: Офлајн Поени: 20029 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Најморничавите локации во светот
Сите знаеме какви чувства и стегање во градите предизвикуваат хорор филмовите, но што велите за вистинско патување до некоја морничава дестинација? Доколку сте авантурист со храбро срце, ви нудиме листа на седум најморничави локации во светот. Catacombs of the Capuchins – Парлемо, Сицилија Денес, Париз е познат по катакомбите на империјата на мртвите, каде заради болестите и пренатрупаноста на гробиштата на крајот на 18-иот век, телата биле префрлани во подземните тунели на градот. Скелетите биле наредени долж ѕидовите и означени со годината на умирање. Но, местото Catacombs of the Capuchins го надмина дури и Париз на морничавата скала – замислете 8000 мумифицирани тела, целосно облечени и наместени во пози. Овде не станува збор за некоја средновековна традиција, последното дополнување на оваа грозна глетка беше извршено во 1920 година. Салем – Масачутес, САД Овој американски источен брег има маѓепсана историја, со тоа што во 1692 таму се вршело судењето за магиите во Салем. За време на судењето, 19 мажи и жени биле осудени за вештерство и однесени на ридот Gallows за да бидат обесени. Овој рид можеби е најморничавиот дел на Салем, но вистинското дрво на кое виселе обесените вештерки повеќе не постои, а големата јама каде што се фрлале мртвите тела се затворила сама од себе. Но, вашата потрага по возбуда сè уште може да ја задоволите во музеите Salem Witch и Witch Dungeon, како и во восочниот музеј Wax Museum of Witches and Seafarers. Mary King's Close – Eдинбург, Шкотска Mary King's Close е место лоцирано под градбите во стариот дел од градот и е најморничаво место во главниот град на Шкотска. Во суштина тоа е тесна улица со калдрма која што во 1645 година била запечатена во обид да се запре ширењето на епидемијата. Но, кога велиме запечатена, го мислиме тоа во буквална смисла. Се смета дека некои фамилии биле заѕидани во нивните домови и оставени да изгладнат до смрт. Оваа област повторно беше отворена, но до ден денес не се смета за локација каде луѓето би сакале да живеат. Познато е дека таму се случувале бројни морничави појави кои биле поврзувани со душите на заробените жртви. Centralia– Пенсилванија, САД Centralia е вистински модерен град со духови, чија популација значајно се намалува, од повеќе од илјада жители во 1981 до само седум во 2010. Овој феномен се должи на фактот што градот бил напуштен после огромен пожар кој почнал да избувнува од подземјето. Сè започнало кога локалните власти запалиле депонија која се наоѓала веднаш над отворен рудник на јаглен, па така пожарот се раширил низ подземјето. Денес, Centralia е еден од најпопуларните опседнати градови во Америка, исполнет со дупки по улиците кои чадат, повремени експлозии и вознемирувачка тишина. Исто како стивнат град после нуклеарен напад. Коскената црква – Кутна Хора, Чешка Од надворешноста, Коскената црква не изгледа како некое спектакуларно морничаво место. На обичниот минувач таа не би изгледала поинаку од вообичаените средновековни готски цркви. Тоа што лежи под црквата е тоа што ја прави дел од оваа листа. На самиот влез може да се види дека оваа црква е уметнички декорирана со повеќе од 40000 човечки скелети. Една од најфасцинантните уметнички творби е големиот лустер направен од коски кој е сместен во средината. Калето Bhangarh– Rajasthan, Индија Калето Bhangarh е место познато како најпрогонувано во Индија, каде после зајдисонце, пристапот е строго забранет од страна на индиската Влада. Познато е дека тантрик кој се занимавал со црна магија го проколнал калето дека секој што ќе умре таму ќе биде заробен во палатата без можност да биде повторно роден. Се верува дека никој што останал на ова кале после стемнување не се вратил. Многу локални жители и посетители тврдат дека биле сведоци на паранормални активности, како звук на музика и играње, како и на чудни дамки во боја на фотографиите кои ги сликале во одаите. Манила Филм Центар – Манила, Филипини Станува збор за уште едно модерно морничаво место. Морничавата историја на Манила Филм Центарот датира од 1980-тите. Приказната вели дека градежните тимови биле под притисок да ја завршат зградата на време за започнувањето на некој филмски фестивал. За време на изградбата се случила несреќа која трагично им го зела животот на повеќе работници. Наместо да прекинат со градењето за да им овозможат на работниците соодветен погреб, одговорните наводно истуриле бетон врз телата со цел да го исполнат временскиот распоред. Од тогаш, посетителите откриваат дека низ филмскиот центар се слушаат чудни гласови. |
|
Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
|
|
BellaGrandma
Сениор Game over Регистриран: 10.Јуни.2010 Статус: Офлајн Поени: 20029 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Музејот на мумиите
Локација: Guanajuato, Mexico Пријатна глетка зар не?
Просто човек да се запраша зошто воопшто и постои вакво нешто во светот. Да се каже дека ова е музеј полн со мумии воопшто и не е доволно да се опише севкупниот ужас на ова место. Замислете го ова: во древниот Рим имало понижувачка традиција на казнување според која тој што бил казнет требало да трча меѓу два реда од војници кои што го удирале и навредувале, што представувало вистински хорор за казнетиот. „Музејот на мумиите“ во Гуанахуато, Мексико, има слично нешто, само што овде луѓето во редовите се голи....И мртви.
Една од овие раце може во секој миг да посегне и да ве допре. Мумиите од Гуанахуато се природно зачувани тела на жртвите од епидемијата на колера која што избила во 1833. Бидејќи овој музеј всушност представува една голема отворена и осветлена гробница, законитоста и моралноста на постоењето на овој музеј често се доведуваат во прашање.
Повеќето од муиите кои што се изложени се трупови на луѓе чии што семејства не можеле да си дозволат да ја платат погребната такса. Ако не можете да си ја платите таксата, погодете....
Завршувате како музејски експонат Верувале или не, има дури и бебиња!
|
|
Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
|
|
BellaGrandma
Сениор Game over Регистриран: 10.Јуни.2010 Статус: Офлајн Поени: 20029 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
The Glore Psychiatric Museum
Локација: Сент Џозеф, Мисури, САД Психијатрискиот Музеј на Глор, порано познат како „State Lunatic Asylum No. 2“, изгледа речии како поставка во некоја галерија на модернистичка уметност.
Ова дело е наречено "Шизофренија"
Музејот го носи името на Џорџ Глор, кој што во шеесеттите години прибирал се што се однесувало на душевните заболувања и нивниот третман, па така овој музеј денес се смета за еден од најчудните во САД. Тој ги терал своите пациенти да прават реплики на некои од најужасните третмани практикувани во изминатите векови.
Очигледно, правењето на вакво морничаво непто е извонреден начин да оздравеете Резултатот е чудна и застрашувачка екск*рзија низ умовите на стотици лудаци, прикажувајќи ги уметничките дела на пациентите, од кои што некои се навистина софистицирани.
Други личат на South Park...
Но врвното достигнување на овој музеј сигурно претставува величевствениот мозаик, кој што бил конструиран целосно од содржината на стомакот на некоја жена која што страдала од компулзивно голтање на нешта.
Сето ова е од стомакот на жената.
Жената која што ги проголтала тие 1 446 предмети починала во текот на хируршка интервенција. Очигледно, мозаикот бил направен од нејзините колеги, и можеби болничарите, кои што исто така се повеќе или помалку луди. |
|
Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
|
|
BellaGrandma
Сениор Game over Регистриран: 10.Јуни.2010 Статус: Офлајн Поени: 20029 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Музејот на менструацијата и женското здравје
Локација: Њу Карлтон, Мериленд ОК, овде сите сме повеќе или помалку зрели личности и менструацијата не е ништо повеќе одбивна од некои други телесни функции за кои што не разговараме во учтиво друштво. Тогаш што би имало лошо во тоа да има таков музеј посветен на менструацијата?
Веројатно фактот дека музејот се наоѓа во подрумот на некој просечен човек од Мериленд, САД.
Додека навистина има долга историја на впечатоците кои што женската менструација ги оставала врз човечката култура, почнувајќи од симболичните значења, па се до нејзното вклучување во Дон Кихот, на Сервантес, Музејот на менструацијата и женското здравје е всушност приказна за еден човек кој што имал сон: Хари Финли. Почнувајќи од 1955, овој скромен средовечен Американец го посветил својот живот во создавањето на неговата колекција од женски хигиенски продукти и слични предмети. Неговото дело добило признание од Универзитетот Џон Хопкинс, како и од The New York Times- барем така вели на неговиот website- и од тогаш репутацијата на Хари е во постојан расцут. Меѓу експонатите изложени во музејот се наоѓа и овој фустан направен од тампони...
...добро организирани архиви...
...што и да представува ова... ...и конечно, сознанието дека вие и Хари сте единствените луѓе во куѓата. Навистина. Од 1999 сите посети намузејот мора да се закажуваат, и се од приватна природа, т.е. голема е веројатноста Хари да викаже да дојдете сами.
|
|
Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
|
|
BellaGrandma
Сениор Game over Регистриран: 10.Јуни.2010 Статус: Офлајн Поени: 20029 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
The Mutter Museum
Локација: Филаделфија, Пенсилванија Mutter Museum е музеј на медицинскиот колеџ во Филаделфија, и без сомнение претставува случај за Ripley's Believe It or Not!.
Основан во 1858 од благодарение на донацијата на Др. Томас Дент Мутер.
Овој музеј е дом на една цела колекција на черепи- цел еден ѕид од черепи со често пати вознемирувачки, а поекогаш и смешни опишувања на начинот на смртта на тие луѓе.
Можете да видите и нешто вакво, наречено „Сапунската дама“...
...човечки црева...
...остатоци од бебиња...
...без коментар...
...погодете што е тоа...
...и на крајот, цела една серија на морничави слики на разни ужасни деформирачки болести...
...и други деформитети |
|
Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
|
|
Schatzii
Сениор Регистриран: 04.Мај.2010 Локација: Germany Статус: Офлајн Поени: 10600 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Најпознати европски гробишта
Гробишта како туристичка атракција. Некои oд нив се познати по својата необична архитектура, додека пак дурги лесно го привлекуваат вниманието со гробовите на познатите личности кои се наоѓаат таму. Погледнете кои европски гробишта вреди да ги посетите: Highgate Cemetery, Лондон (Велика Британија) – Овие необични гробишта постојат од далечната 1839 година, а се наоѓаат во шумовитиот дел на Лондон. Вниманието го привлекуваат со креативните гробови, статуи и плочи, кои се окружени со дрвја, цвеќиња и папрат. На овие гробишта се закопани многу познати британски уметници како што се Douglas Adams и Radclyffe Hall, а најпознат гроб тука е гробот на Karl Marx. Тука е вечниот дом и на рускиот таен агент Alexander Litwinenko, кој почина под неразјаснети околности. Покрај нив тука се закопани и голем број странци кои во текот на животот работеле и живееле во Велика Британија.
Merry Cemetery, Сапанта (Романија) – Овие гробишта кои се наоѓаат во романското село Сапанта се познати по необичните шарени надгробни споменици. На нив се наоѓаат цртежи и стихови од песни кои го опишуваат животот на личноста која е закопана таму. Денес овие гробишта станаа отворен музеј и голема туристичка атракција.
Père Lachaise, Париз (Франција) – Најголемите гробишта кои се наоѓаат во главниот град на Франција се и најпознати гробишта во светот. За сето тоа говорат бројките, годишно овие гробишта ги посетуваат милиони посетители. Но, не биле популарни секогаш, кога биле изградени, во 1804 година, никој не сакал да биде закопан на ова место. По четири години познатиот архитект Alexandre-Theodore Brongniart ги претворил овие гробишта во споменик во неокласичен стил. Една од причините поради кои овие гробишта се голема туристичка атракција се големиот број гробови на познати личности - Marcel Proust, Oscar Wilde, Isadora Duncan, Camille Pissarro, Edith Piaft, Frederic Chopin, како и најпознатиот гроб, оној на легендарниот пејач, Jim Morrison. Денес најевтиното место на овие гробишта чини 8000 евра.
Old Jewish Cemetery, Прага (Чешка) – Oвие гробишта се наоѓаат во еврејската населба во гравниот град на Чешка. Посебни се по бројот на гробишта кои се наоѓаат на мал простор, околу 12 000 гробови видливи со око или приближно 100.000 костури. Првиот споменик е направен во 1439 година, а карактеристично е тоа што за време на холокаустот гробиштата останале недопрени. Тоа го побарал Хитлер, сакајќи да изгради музеј по своите големи победи.
Protestant Cemetery, Рим (Италија) – Овие гробишта често во Рим се нарекуваат англиски. Кога во текот на 18. век дошло до населување на градот Рим, било потребно да се изградат гробишта за оние кои не се католици, затоа што не им било дозволено на припадниците на другите вери да бидат закопани на католички гробишта. Меѓу првите познати личности кои се закопани на овие гробишта се John Keats и Percy Bysshe Shelley.
|
|
Dream what you want to dream;
Go where you want to go; Be what you want to be, because you have only one life and one chance to do all the things you want to do. |
|
Џо
Сениор Каубоец Регистриран: 17.Ноември.2009 Статус: Офлајн Поени: 2121 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
а шо е тоа фалусот на човечката глава...
да не кажам к*р на чело ? |
|
sjena je od zastora kula na nebesima u našim je prsima |
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
5 најморничави места на светот Од островот на кукли до капелата од коски, ова се најморничавите места на планетата.
Погребите се одржувале на овие гробишта од 1439 до 1787 година, а на релативно малата област се погребани 100.000 лица и се поставени 12.000 надгробни споменици. Работниците ги покривале со земја старите гробови, а на врвот поставувале нови. Текот на времето и ерозијата на тлото го направиле своето, па Старите еврејски гробишта денес изгледаат необично. Кога ќе падне ноќ, тие потсетуваат на сцена од некој хорор филм. Таму ги оставил Џулијан Сантана Барера кој во 1950 година почнал да ги собира отфрлените кукли од кантата за ѓубре ширум Мексико Сити. Тука ги изложил во желба да и` донесе мир на девојчето кое се удавило во близина. Интересно, и авторот на колекцијата исто така се удавил во близина на островот во септември 2001 година. Капелата од коски е дел од црквата Свети Францис во португалскиот град Евора. Како и катакомбите во Париз кои ги кријат посмртните остатоци од многу лица кои биле префрлени таму поради недостатокот на гробен простор во главниот град на Франција, и капелата го добила својот посебен изглед поради истата причина. До 16 век во околината на овој португалски град имало дури 43 гробишта, а во капелата денес се наоѓаат скелети на 5000 лица. Замислете да влезете во напуштена црква, а таа е полна со духови. Токму тоа би можело да ви се случи ако ја посетите црквата Св. Јурја во чешкиот град Лукова. Таа е напуштена во 1968 година откако пропаднал дел од таванот за време на една погребна церемноија. Уметникот Јакуб Хадрава пред неколку години одлучил да постави скулптури во неа, кои неодоливо потсетуваат на духови и создаваат морничава глетка. На островот Лузон се крие едно од најстрашните места на Филипините, кое во прв план го става древниот погребален обичај. Имено, во селото Сагада жителите ги креваат и ги коваат ковчезите на починатите на карпа, поради верување дека душата на покојниците ќе заврши во рајот, ако му биде што поблиска. Станува збор за глетка која дефинитивно не сакате да ја видите на овој остров кога ќе падне мрак. Изменето од Valerija - 29.Март.2018 во 14:30 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
6 морничави места низ светот кои не би сакале да ги посетитеМногу често објекти, шуми, острови и слично изгледаат морничави само поради околината во која се наоѓаат, но некои од нив кријат и ужасни приказни кои водат до необјасниви појави и ги оддалечуваат туристите. но, доколку сте љубители на паранормалното, мистериозното и хорор жанрот, овие места би биле идеални за вас. 6. Луна парк Такаканонума ГренландОвој луна парк бил изграден во 1968 во Фукушима, а бил затворен во 1970 година, затоа што се сметал за небезбеден и се верува дека неколку луѓе ги загубиле животите. ПАркот бил отворен повторно во 1986 година, но го затвориле во 1999 година. Сега шумата си ја враќа нејзината територија и паркот секогаш е опкружен во густа магла, но најчудното нешто е што нема официјални податоци за постоењето на паркот и го нема на мапата. 5. Квинта да ЈункосаКвинта да Јункоса во Пенафиел, Португалија е стара фарма за која се верува дека ја опседнува духот на Баронот од Лагес. Баронот, кој бил сопственик на фармата мислел дека неговата сопруга го изневерува, затоа ја врзал за коњ кој за влечел по земјата додека не починала. Кога подоцна дознал дека таа не го изневерувала, ги убил сопствените деца и потоа се самоубил. Многу луѓе тврдат дека го забележале духот на Баронот во и околу фармата, како и духот на неговата сопруга. 4. Хелингли болницаОваа болница изградена во 1903 година е позната по екстремно суровиот третман на своите пациенти. Тие биле подложени на болни третмани и претрпеле неколку епидемии на непријатни болести поради недостаток на основни правила за хигиена и безбедност. Болницата била затворена во 1994 година и оттогаш многу експерти за паранормалното, а и обични ентузијасти тврдат дека во болницата лутаат духовите на пациентите и доколку некој ја посети може да слушне вресоци, чекори па дури и силна болка. 3. Музејот на Реина Софија и Универзитетот КордоваМузејот на Реина Софија во Мадрид (на сликата погоре) бил отворен како болница во 17 век. Во тоа време, пациентите биле згрижени од страна на верниците и верските водачи. Туристите велат дека слушаат гласови и гледаат духови на калуѓерки кои лутаат по ходниците. Исто така често лифтовите се вклучуваат без причина. На Универзитетот Кордова во Андалузија, постариот дел од една од зградите, наводно е прогонуван од жените кои ги загубиле своите животи при раѓањето на своите деца, наставниците кои починале во зградата и духот на лут војник кој се заканува со убиство на оние што го вознемируваат. 2. Тврдината АкершусАкершус е средновековна тврдина која била изградена околу 1300 година. Се состои од зандани, банкетни сали и одаи, па дури има и капела. Тврдината исто така била користена како затвор во одреден момент. Тврдината е позната како најопседнатото место во Норвешка, со седум членови на кралското семејство, закопани во неа. Исто така позната е и приказната за кучето-демон кое ја чува тврдината. Легендата вели дека кучето било закопано живо за да стане лут демон кога ќе почине. Голем број на посетители на тврдината велат дека го виделе дугот на „Мантелгеистен“, жената која нема лице. 1. Замокот ДрагшолмМорничавиот замок во Зеланд, Данска се смета дека е прогонуван од околу 100 духови. Еден од нив бил член на кралското семејство, Џејмс Хепберн, четвртиот наследник од Ботвел, кој бил затворен во овој замок пет години, додека не починал во 1576 или 1578 година. Бидејќи бил сместен во самица, неговото лудило го довело до смрт. Духот на Џејмс може да се види во дворот на замокот, како јава на коњ. Два други познати духа се духовите на Сивата и Белата дама. Приказната за Белата дама е многу пострашна. Се верува дека таа била ќерка на еден од сопствениците на замокот и кога се заљубила во некој селанец, нејзиниот татко не сакал да ја одобри таа љубов и затоа ја убил и ја ставил во еден од ѕидовите на замокот. Наводно во 1930 година кога работниците рушеле еден од ѕидовите на замокот за да поправат проблем со цевките пронашле скелет облечен во бел фустан. Сега духот на девојката го забележуваат како поминува низ ѕидовите на замокот. Изменето од Valerija - 29.Март.2018 во 14:33 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Внеси реплика | |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |