IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - Поуки од Светото Писмо
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Поуки од Светото Писмо

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 7891011 13>
Автор
Порака
Blagoj_s Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3057
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blagoj_s Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Ноември.2010 во 20:49



     Верност во секојдневниот живот



10 Кој е верен во најмалото - верен е и во многу; а несправедливиот во најмалото, несправедлив е и во многу.

==Евангелие по Лука 16:10 ; Библија==



Следните особини претставуваат некои од факторите на верност:



Доверба – Довербата значи дека некој може да смета на вас.



Чесност – значи искреност. Значи дека нема да лажете, нема да мамите ни да крадете.



Постојаност – Да се биде постојан значи да се има кодекс на чест. Кога човек е постојан, тој се држи за некои вредности и верувања, според кои живее. И постојаноста е еден од темелите на карактерот.



Преданост – Преданоста е приврзаност. Тоа значи да се биде со некого и кога е тешко. Преданоста е важен дел на пријателството.

www.myspace.com/sblagoj
Кон врв
KINGDAVID Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Solomon's father

Регистриран: 09.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 9420
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај KINGDAVID Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Ноември.2010 во 23:16

                  "лебот наш насушен дај ни го денес"

                                      ( Matej 6:11)


  ISUS gi naucil svoite sledbenici da se molat za ona sto e navedeno pogore vo stihot.

Lebot bil osnovnata hrana na mnogu narodi, vklucuvajki gi i Izraelcite.

Iako se smeta za hrana koja ednostavno se podgotvuva, hemiskiot proces pri koj nekolku osnovni sostojki se pretvoraat vo vkusen leb voopsto ne e ednostaven.

Koga bila pisuvana Biblijata, Izraelcite pravele leb od pcenicno ili od jacmenovo brasno i voda. Ponekogas dodavale i kvasec.

So kombiniranjeto na ovie ednostavni sostojki se sozdavaat golem broj hemiski supstancii megju koi doagja do hemiski reakcii koga kje dojdat vo dopir.

Sepak se' uste ne e sosema jasno za naucnicite koi se' reakcii se odvivaat megju ovie supstancii.

A i nacinot na koj lebot se vari vo zeludnikot i crevata e uste eden zacuduvacki slozen proces.

Zatoa ne ne' iznenaduva toa sto psalmistot peel:

 "  Колку се бројни Твоите дела, о Господи! со мудрост направи сè: земјата е полна со Твои созданија." ( Psalm 104:24)
   SOLI DEO GLORIA
Кон врв
Blagoj_s Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3057
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blagoj_s Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Ноември.2010 во 11:45










           Верни до крајот



Господ Исус Христос вели:

44 Затоа и вие бидете готови, зашто Човечкиот Син ќе дојде во час, кога не мислите.”

45 И така, кој е оној верен и благоразумен слуга, кого господарот го поставил над слугите свои, за да им дава храна навреме?

46 Блажен е оној слуга, кого неговиот господар - кога ќе дојде - ќе го најде да прави така.

47 Вистина ви велам: ќе го постави над сиот свој имот.

48 Ако пак оној зол слуга рече во своето срце: ‘Мојот господар ќе се забави долго, ‘

49 па почне да ги бие своите сослужители, и да јаде и да пие со пијаниците,

50 господарот на оној слуга ќе дојде во ден, кога не очекува, и во час, што не го знае,

51 па ќе го пресече и ќе го стави меѓу лицемерите. Таму ќе биде плач и чкртање со заби.”

==Евангелие по Матеј 24:44 ; Библија==





Апостол Павле не’ охрабрува:

9 Да не бидеме уморни да правиме добро, зашто ќе жнееме во право време, ако не се умориме.

==Послание до Галатјаните 6:9 ; Библија==





Прашањето со кое се соочува Божјиот народ во 21. век не е

>>Дали Бог навистина ќе остане верен?<<

Досега би требало да знаеме дека Тој е верен во се’ што ветил. Клучното прашање гласи:

>>Дали јас ќе му останам верен.<<



На различни начини, прашањето за иднината може да се постави и за сегашноста. Во која насока оди нашиот сегашен духовен живот? Дали секој свој ден му го посветуваме на Господа, растејќи во благодатта и во верноста, или полека и незабележливо попуштаме, навикнувајќи се на светот и на неговите патишта?









Најголемата потреба што ја има светот, е потребата од луѓе – луѓе кои не можат да се купат ни да се продадат, луѓе кои не се плашат гревот да го наречат со неговото право име, луѓе чија совест е верна на должноста, како магнетната игла на полот, луѓе кои ќе ја застапуваат правдата, макар и небото да се урне.
www.myspace.com/sblagoj
Кон врв
KINGDAVID Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Solomon's father

Регистриран: 09.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 9420
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај KINGDAVID Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Ноември.2010 во 23:21

   " Оти знаеме дека сите созданија заедно со нас воздивнуваат и тажат досега."

                        ( Rimjanite 8:22)


 Niz celata covecka istorija se slucuvale losi raboti koi vodele do golemi nepravdi.

Denes situacijata e polosa od koga i da bilo porano. Zosto?

Zatoa sto vekje so decenii ovoj bezbozen svet se naogja vo svoite posledni denovi i , kako sto mu se blizi krajot, lugjeto ziveat vo osobeno teski vreminja.

Vo Svetoto Pismo  pisuva :  А ова знај го: во последните денови ќе настанат тешки времиња,

 зашто луѓето ќе бидат саможиви, среброљупци, самофалци, горделиви, хулители; непокорни на родителите, неблагодарни, несвети;

 без природна љубов, непомирливи, клеветници, невоздржани, жестоки, непријатели на доброто,

 предавници, избувливи, надуени, повеќе сластољубиви, а не богољубиви,

 кои имаат изглед на побожност, а се одрекле од нејзината сила; отстранувај се и од нив! ( 2 Timotej 3:1-5).

Gledame deka ovie prorocki zborovi se ispolnuvaat tokmu vo nasevo vreme.

Posebno vo poslednite sto godini nepravdite dostignaa nevideni razmeri.

Edna rabota e sto vo ovie godini se vodele najmnogu vojni .

Na primer, nekoi istoricari procenuvaat deka samo vo Vtorata Svetska Vojna zaginale okolu 50 do 60 milioni lugje, od koi povekjeto bile civili-nevini mazi, zeni i deca.

Otkako zavrsila taa vojna, vo razni sudiri zaginale uste milioni, pri sto pogolemiot del od zrtvite povtorno bea civili.

Satana predizvikuva vakvi nepravdi bidejki e besen i znae deka negoviot kraj se blizi i deka vo bitkata Armagedon kje bide porazen i unisten .

Tokmu vo nasevo vreme kako nikogas dosega se ispolnuvaat stihovite od Otkrovenieto :


"Затоа, веселете се небеса и вие, кои живеете во нив. Тешко вам, кои живеете на земјата и морето, зашто ѓаволот слезе при вас со голем гнев, знаејќи дека има малку време”( Otkrovenie 12:12)




   SOLI DEO GLORIA
Кон врв
KINGDAVID Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Solomon's father

Регистриран: 09.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 9420
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај KINGDAVID Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Ноември.2010 во 19:06

   

 " Надевај се на Господа од се срце и не се потпирај врз твојот разум.

  По сите свои патишта размислувај за Него, и Он ќе ти ги покаже твоите патеки."

                                           (Izreki 3:5,6)


 Mora da imame doverba vo BOG osobeno koga sme vo depresija poradi toa sto se' ni izgleda crno.

Da razmislime za ona sto i' se slucilo na ostarenata Noemina , na koja i' pocinale mazot i dvata sina .

Sepak, Noemina i ponatamu imala doverba vo BOG. I rabotite navistina se promenile!

Nejzinata snaa Rut, koja bila vdovica od edniot sin mu stanala zena na Voaz i rodila sin. Noemina go cuvala deteto a izvestajot veli:

"Сосетките му дадоа име, велејќи: "На Ноемин и се роди син", и го нарекоа Овид. Тој е татко на Јесеја, таткото Давидов."( Rut 4:14-17).


Isto kako Noemina i nie ne mozeme da bideme sigurni kakov ishod kje imame od nekoi losi situacii.

Posle site teskotii sto ja snajdoa vo zivotot, na krajot sepak nejziniot zivot trgna na podobro.


Zatoa, sekogas treba da imame doverba vo BOG deka ke gi vodi rabotite iako mozebi vo momentov ne mozeme da vidime nisto od toa.


   SOLI DEO GLORIA
Кон врв
Blagoj_s Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3057
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blagoj_s Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Ноември.2010 во 20:48



     Благословувај Го Господа, душо моја!




    Благословувај Го Господа, душо моја, и Се што е во Мене: Неговото свето име! Благословувај Го Господа, душо моја, и не заборави ги Неговите добротворства: Тој ги проштава сите твои гревови, Тој ги исцелува сите твои болести; Тој ти го спасува животот од распадливост, те овенчува со добрина и љубов; Ти го исполнува животот со добрини, твојата младост се обновува како на орелот. Господ прави праведни дела, и на угнетените им ја враќа правдата, на Мојсеј му ги објави Своите патишта, на Израеловите синови Своите дела. Жалостив и милостив е Господ, долготрпелив и многу милостив. Не е јаросен за вечни времиња, ниту Неговиот гнев пламнува довека. Не постапува со нас според нашите гревови, ниту ни плаќа според нашите беззаконија. Зашто колку е небото високо над земјата, толку е голема Неговата милост кон оние што се бојат од Него. Колку е исток далеку од запад, толку ги оддалечува од нас нашите беззаконија. Како што таткото ги милува синовите, така Господ ги милува оние, кои се бојат од Него. Зашто знае добро како сме создадени, си спомнува дека сме од прав. Човековите денови се како трева, цветаат како полски цвет; штом ветерот ќе го допре, и веќе го нема, ни неговото место не го помни. Но Господовата љубов е вечна над оние кои се бојат од Него, и Неговата правда над синовите на синовите, над оние што го чуваат Неговиот завет, и ги помнат Неговите заповеди, за да ги исполни.



Секој да Го благословува Господ



Господ го постави Својот престол на небо, и Неговот Царство владее над Се. Благословувајте Го Господа, сите Негови ангели, вие моќни во силата, кои го исполнувате Неговиот збор, послушни на гласот од Неговото слово! Благословувајте Го Господа, сите Негови воинства, Негови слуги, што ја исполнувате Неговата волја! Благословувајте Го Господа, сите Негови дела, во секое место на Неговото владеење! Благословувај Го Господа, душо моја!



Псалм 103

Извадок од Стариот завет - Библијат
www.myspace.com/sblagoj
Кон врв
KINGDAVID Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Solomon's father

Регистриран: 09.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 9420
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај KINGDAVID Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Декември.2010 во 00:42


Евангелие според Лука
Глава  1  
                             

30 И и рече ангелот: “Не бој се, Марија, зашто си нашла милост пред Бога;

31 И ете, ти ќе зачнеш во утробата и ќе Син, и ќе го наречеш со името Исус.

32 Он ќе биде голем и ќе се нарече Син на Севишниот; и ќе Му го даде Господ Бог престолот на Неговиот татко Давида;

33 и ќе царува над домот Јаковов секогаш, и царството Негово нема да има крај.


Angelot Gavriil bil ispraten kaj Marija, devica od Nazaret, grad vo Galileja koj se naogja vo severna Palestina.

Angelot i rekol:" И ете, ти ќе зачнеш во утробата и ќе Син, и ќе го наречеш со името Исус.

Он ќе биде голем и ќе се нарече Син на Севишниот; и ќе Му го даде Господ Бог престолот на Неговиот татко Давида;"

Konecno nablizilo vremeto da se otkrie "svetata tajna ."

Naskoro trebalo da se pojavi vetenoto potomstvo proreceno od BOG. (vidi gi stihovite :Marko 4:11; 1 Mojseeva 3:15; Galatjanite 4:4; 1 Timotej 3:16)


Satana trebalo da go rani vo peticata.

 No, za vozvrat , toa potomstvo trebalo da mu ja zgazi glavata na Satana i da go otstrani seto vlijanie na Gjavolot i na negovite sledbenici.

Isto taka , toa potomstvo ( ISUS) trebalo da posvedoci deka preku Bozjeto Carstvo seta steta sto ja napravil Satana Gjavolot kje bide nadomestena i kje bide dokazano deka samo BOG ima pravo da vladee ( Evreite 2:14; 1 Jovanovo 3:8 ).

 

   SOLI DEO GLORIA
Кон врв
Blagoj_s Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3057
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blagoj_s Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Декември.2010 во 12:37

    ЗА ПРИЈАТЕЛСТВОТО – ПОУКА ОД ЈОВ.


    За Јов се вели уште на почетоткот на книгата следново: “ Беше некогаш во земјата Уз човек по име Јов. ТОЈ БЕШЕ НЕПОРОЧЕН И ПРАВЕДЕН ЧОВЕК: СЕ БОЕШЕ ОД БОГА И СЕ ОТСТРАНУВАШЕ ОД ЗЛОТО.“ (1:1) Дека тој навистина беше праведен, непорочен, дека се боеше од Бога и се отстрануваше од злото имаме потврда од најсигурен извор. Во Продолжение Бог изјавува за Јов: “Господ рече: „Дали го забележа МОЈОТ СЛУГА ЈОВ? Нему никој не му е рамен на земјата. ТОЈ Е НЕПОРОЧЕН И ПРАВЕДЕН ЧОВЕК, СЕ БОИ ОД БОГА И СЕ ОТСТРАНУВА ОД ЗЛОТО!” (1:8) Пријатели, ве молам внимавајте, ова не е пофалба од човек, ова се зборови и признание кое доаѓа директно од Бога. Вака Бог го гледа Јова, и за таков го сметал. Скратено да објаснам што се случува во продолжение со надеж дека вие ќе ја отворите Библијата и ќе ги погледнете деталите. Јов беше кодошен и напаѓан од ѓаволот дека поради тоа што Бог го заштитува и благословува, затоа и му е верен и псолушен на Бога. Бог му дозволи на ѓаволот да му ги одземе сите материјални богатства, па дури и децата. Но Јов не се огрешил пред Господа. Еве што се вели за постапката на Јов во сред искушенијата: “Покрај сè тоа, ЈОВ НЕ ЗГРЕШИ НИТУ ИЗУСТИ НЕКАКВА НАВРЕДА ПРОТИВ БОГА.“ (1:21) По тие искушенија Бог дозволи сатаната да го нападне Јова со тешка болест, ја искористил дури и Јововата жена за да го измами да згреши. Ама повторно: “Во сè тоа ЈОВ НЕ ЗГРЕШИ СО СВОИТЕ УСНИ.“ (2:10)



Кога слушнале за неволјите кои го снашле, тројца пријатели му дошле да го охрабрат и утешат, да ја споделат неговата мака. Арно ама, некои таги, тешкотии, маки, страдања и болки се неподносливи за човековото око. Болеста на Јов била толку болна, страшна и неверојатна што по лик не можел да биде препознаен. “И кога оддалеку ги насочија очите кон него, НЕ ГО ПРЕПОЗНАА. Тогаш ПОЧНАА ДА ПЛАЧАТ; секој ја раздра својата облека и фрлија прав на своите глави кон небото. Потоа СЕДНАА ПОКРАЈ НЕГО на земјата и останаа така седум дена и седум ноќи. НИЕДЕН НЕ МУ ПРОГОВОРИ НИ ЗБОР, зашто видоа дека е голема неговата болка.“ Јов 2:11-13 Седум дена и ноќи молчеа, седеа покрај пријателот и сочувствуваа со него. Седум дена и ноќи ја делеа маката и болката на својот пријател. Не знае што да кажат, со зборови не можеше да се утеши и охрабри нивниот пријател. Арно си седеа 7 дена и ноќи, ама ... човек не е човек ако не каже нешто.



После тие седум дена, ете го Елифаз проговири и се потруди да му објасни на својот љубен пријател Јов. “Дали пропаднал некогаш невин? Кога беа истребени праведниците? “ (4:7) Со тоа индиректно му кажа на пријателот дека е виновен и неправеден. Јов во сета болка и мака се бранеше. Потоа ете го и вториот пријател Валдад: “Па зар може Бог да ја гази правината, може ли Сèсилниот да ја изопачи правдата? “ (8:3) Пораката беше јасна, Бог е праведен а ти не си. На Јов болката му се зголемуваше, ама повторно проговпри и се бранеше. Ама и третиот не остана покусо, Софар: “Но ако Бог сакаше да проговори и ... да ти одговори, ... ќе знаеше (Јове) дека ти бара сметка за гревовите.“ (11:5-6) Грешник си Јове, признај си, и не се оправдувај! Тоа му беше пораката од него. Јов кутриот повторно проговори во своја одбрана, ама го болеше не само од болеста, туку уште повеќе од отсуствто на сочувство и разбирање кај неговите пријатели. Го болеше што неправедно беше осуден и отфрлен од нив. Го болеше оти знаеше дека пред Бога нема згрешено, а сепак страдаше, ги поднесуваше страдањата и искушенијата, а неговите пријатели не само што не му помагаат и прифаќаат, туку и го осудуваат и напаѓаат.



Без да навлегувам во теолошка дебата, за момент само прифатете го следново. Не секое страдање е казна за грешност. Некои страдања се допуштени од Бога за да се пофали Бог со нас, со нашата љубов кон Него. Некои страдања се за да не направат поцврсти и посилни за Господа. Некои страдања се за да ја зајакнат нашата вера и карактер. Некои страдања се за да му ја затвори Бог устата на сатаната и да прекине да не кодоши и напаѓа, покажувајќи му ја нашата послушност, смиреност и вера во Бога во секоја ситуација. Има и многу други причини зошто Бог дозволува страдања во животот на верникот, но никогаш Бог не го напушта верникот и секогаш му помага. Затоа Ап. Павле рекол: “Но знаеме дека сите работи содејствуваат за добро на оние, кои Го љубат Бога, кои се повикани по Неговата намера.“ (Римјани 8:28)



Јов можеби и да се сомневал дека некогаш несвесно направил грев, иако го испитувал своето срце и барал прошка од Бога, сепак имаше сведоштво во своето срце дека од друга причина е дозволено страдањето. Од друга страна Бог јасно објавил дека Јов не згрешил против Него, и дека Јов останал праведен и непорочен при сите напади на сатаната, искушенија преку жената, па дури и сега преку пријателите. Затоа и покрај грижата на совеста која го јади човекот и го тера на испитување, кога верникот згреши и се покае, Бог му простува и го заборава гревот. Совеста е моќно Божјо орудие вградено во човековата душа, преку кое Бог не опоменува кога грешиме. Но, совеста на Јов беше чиста, затоа тој им се обраќа на своите пријатели: “Погледајте ме сега добро во очите, внимавајте да не ве излажам во лице. Проверете дали е неправда! Проверете го зборот, јас сум правичен! ” (6:28-30)
www.myspace.com/sblagoj
Кон врв
KINGDAVID Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Solomon's father

Регистриран: 09.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 9420
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај KINGDAVID Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Декември.2010 во 00:04

  А над сето тоа облечете се во љубов, која е врска на совршенството

                                    ( Kolosjanite 3:14)


     Dali nekogas ni se slucuva da kazeme: " Nemam predrasudi no... " , a potoa iznesuvame izvesni negativni karakteristiki sto smetame deka se voobicaeni za nekoja etnicka grupa?


Ova mozebi e pokazatel deka kje mora da iskorenime nekoi predrasudi koi se` uste ni se vkoreneti dlaboko vo srceto.


Bi mozele da se prasame: ' Dali se trudam da gi zapoznaam lugjeto sto se od druga kultura, porazlicna od mojata'?


Vakvoto preispituvanje moze da ni pomogne da se analizirame podobro so cel da staneme pobliski i poslicni na nasiot Otec nebesen 'koj dava sonce i dozd i na pravednite i na nepravednite" ( Matej 6:45).


Apostolite Petar i Pavle se ubavi primeri za lugje sto se promenile vo ovoj pogled ( Dela Apostolski 10:9-35; Galatjanite 1:13-20).


Nema somnenie deka i nie mozeme da si go promenime stavot so pomos na Bozjiot Sveti Duh.


Ako zabelezime skrieni tragi na predrasudi, da dademe se' od sebe za da gi iskorenime, trudejki se 'da go zapazime ednistvoto na Duhot preku vrskite na mirot '( Efesjanite 4:3-6; )


   SOLI DEO GLORIA
Кон врв
Blagoj_s Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3057
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blagoj_s Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Декември.2010 во 12:35



ЗА ПРАВЕДНОСТА ПРЕД БОГА , СТРАДАЊАТА, ПОМОШТА И ИЗЛЕЗОТ.



1.       Биди праведен и имај сравопочит кон Господа.

2.       Не секое страдање е плод на грев, некои се контролирирано-дозволени од Бог за твое добро.

3.       Поднеси ги неволјите и не греши пред Бога.

4.       Не греши кога си искушуван, па макар и од најблиските; брачен другар, семејство или најблиски пријатели.

5.       Повикувај го Бога за твој Сведок и Бранител. Дозволи му Тој да те одбрани.

6.       Не осудувај никого кога страда, за да не згрешиш пред Бога па ти да си донесеш страдања.

7.       Конечниот збор за се го има Бог. Бог ќе ти помогне и благослови по издржаните испити и искушенија.





ЗА ПРИЈАТЕЛСТВОТО.


1.       Љуби го и почитувај го пријателот во искреност, со зборови и дела.

2.       Бог нема да те посрами и остави на цедило, дури кога и пријателите ќе го сторат тоа.

3.       Биди љубезен, сочувствителен и не го го осудувај и напаѓај својот пријател.

4.       Барај мудрост од Бога како да му помогнеш на пријателот, во добро и во зло.

5.       Биди искористен од Бога а не од ѓаволот во односите со твоите пријатели.

6.       Бог заповеда на оние кои ќе згрешат да побараат прошка од оној на кој му згрешиле.

7.       Без прошка и благослов од оној на кој сме му згрешиле, ќе имаме проблем со Бог.

www.myspace.com/sblagoj
Кон врв
KINGDAVID Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Solomon's father

Регистриран: 09.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 9420
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај KINGDAVID Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Декември.2010 во 23:22


  А он им рече: "И на другите градови треба да им соопштам радосна вест за царството Божјо, оти за тоа сум пратен."

                                            ( Luka 4:43)


  ISUS ja propatuval Zemjata nadolz i nasiroko, propoveduvajki ja i objavuvajki ja dobrata vest za Bozjoto Carstvo ( Luka 8:1).


 Pravel i mnogu mokjni dela - gi nahranil mnostvata, go smiril opasnoto nevreme, gi lekuval bolnite i gi voskresnuval mrtvite.


 So ovie cuda ISUS dokazal deka BOG moze da ja popravi sekoja steta i da im nadomesti na lugjeto za site stradanja sto gi doziveale po buntot vo Edem, i na toj nacin " da gi razurne delata na Gjavolot" ( 1 Jovanovo 3:8).


Za da moze da im se objavi na lugjeto Dobrata Vest za Bozjoto Carstvo na kolku sto e mozno povekje lugje, ISUS sobral edna grupa verni sledbenici i gi obucil da go pravat toa.


Najprvo gi odbral svoite 12 apostoli i gi ispratil da go propovedaat Bozjoto Carstvo ( Luka 9:1,2).


Potoa ispratil  70 drugi svoi ucenici da ja objavuvaat porakata :

" Bozjoto Carstvo se priblizi do vas ! " ( Luka 10:1,8,9 )

   SOLI DEO GLORIA
Кон врв
KINGDAVID Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Solomon's father

Регистриран: 09.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 9420
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај KINGDAVID Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Декември.2010 во 23:18

    "Ако си сиромав, не настојувај да трупаш богатство; бегај од таквите мисли.

   Ќе ги устремиш очите кон него, о - веќе го нема: тоа ќе си направи крилја и како орел ќе летне кон небото."

                                 ( Izreki 23:4,5 )


 Koga kje se kaze " vistinskiot zivot" , povekjeto lugje si zamisluvaat zivot ispolnet so luksuz i zadovolstvo.

Vo edno spisanie pisuva:" Onie sto gledaat filmovi i televizija pocnuvaat da go posakuvaat ona sto go gledaat i da sonuvaat za ona sto bi mozele da go imaat."

Smislata vo zivotot na mnogu lugje im e da steknat bogatstvo i da bidat nekoj i nesto vo opstestvoto.

Vo trkata za bogatstvo, mnozina od niv ja zrtvuvaat svojata mladost, zdravje, semejstvo i duhovni vrednosti.

Malkumina si go stavaat prstot na celo za da razmislat deka luksuzot i zadovolstvata sto se prikazuvaat vo mediumite se samo odraz na " duhot na svetot", odnosno na nacinot na razmisluvanje koj vlijae vrz milijardite lugje na Zemjata i gi tera da postapuvaat sprotivno na namerata za koja ne sozdal BOG. ( Efesjanite 2:2)

Ne e nisto cudno sto denes ima tolku mnogu nesrekni lugje !


Но ние не го примивме духот на овој свет, туку Духот, Кој иде од Бога, за да го знаеме она, што ни е дарувано од Бога ( 1 Korintjanite 2:12)

   SOLI DEO GLORIA
Кон врв
Blagoj_s Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3057
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blagoj_s Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Декември.2010 во 14:38



     ЗА ГРИЖИТЕ, МОЛИТВАТА И ПРИОРИТЕТИТЕ.




     Нема човек кој во една или друга форма нема грижи, исто така нема човек кој во една или друга ситуација не се помолил, ама исто така секој човек свесно или несвесно има приоритети. Точно за тие нешта ќе проговориме денес. Да погледаме во Матеј 6:25-34 и да ја примиме поуката Господова.



25 ”Затоа ви велам: не грижете се за својата душа, што ќе јадете или што ќе пиете; ниту за своето тело, што ќе облечете. Зар душата не е повеќе од храната, и телото од облеката?

На Господа му е јасно дека грижи ќе имаме. Грижи за храна, грижи за облека, за секојдневните основни животни потреби или и малку повеќе. Но она кое Господ го порачува е: “не грижете се за својата душа!“ Како бе да не се грижам? Па зар ти ќе ми ги платиш сметките? Ти ќе ми донесеш за јадење? Не! Па како да не се грижам тогаш? Едноставно. Господ ти нуди аргументи за да не се грижиш:

АРГУМЕНТ 1 - ВРЕДНОСТА НА ДУШАТА (ЖИВОТОТ).

Погледај се! Имаш дух, душа и тело. Ти си најсовршеното нешто кое Бог го создал. Исус ти вели, погледај и види ја разликата меѓу тебе и животните и растенијата. Ти имаш душа, а тие не. Зарем твојата душа не е повредна од храната? Да, повредна е! Затоа, сети се, Бог те создал прекрасен. Бог нема да те остави на цедило оти Тој е најдобар Родител. Еве ја вредноста на душата: “Зашто, каква полза ќе има човек ако го придобие целиот свет, а на својата душа и напакости? Или што ќе даде човек во замена за својата душа?“ (Матеј 16:26) Цел свет не вреди колку една човечка душа (живот). Тој ти подарил скапа душа и тело, повредни од храната и облеката. Бог ќе се погрижи и за твојата душа и за твоето тело, за се што ти е неопходно. Не грижи се!



26 Погледнете ги птиците небесни! Тие ниту сеат, ниту жнијат, ниту собираат во житници, и пак вашиот небесен Татко ги храни. Зар не сте вредни многу повеќе од нив?

АРГУМЕНТ 2 – ВРЕДНОСТА НА СПАСЕНИЕТО.

Погледајте ги птиците. Не сеат, не жнеат, не собираат храна, сепак Бог секојдневно ги храни. Овде ми е малку незгодно, ама морам да кажам. Бог се грижи за сите луѓе бидејќи ги создал. “(Бог) прави Неговото сонце да изгрева над злите и над добрите, и дава дожд на праведните и на неправедните.“ (Матеј 5:45) Ама за оние кои станале Божји деца, се грижи со посебна љубов и внимание. Господ Исус вели во овој стих: “вашиот небесен Татко ги храни.“ Сакам да ве охрабрам, сите кои не сте деца Божји, сторете го тоа одма. За да станете деца Божји морате да го примите Синот Божји во своите животи. (види Јован 1:12). Ако имате прашања или ви е потребна помош, пишете ми приватна порака и ќе ви образложам и помогнам. Христијаните мора да ја знаат цената на нивното спасение – ЖИВОТОТ НА ИСУС ХРИСТОС во замена за мојот и твојот (види Јован 3:16). Толку вредиш ти, колку што вреди Господ Исус, затоа не заборавај и не се грижи, туку имај доверба дека твојот Небесен татко ќе се грижи за секоја твоја потреба. Не само од птиците, детето Божјо е повредно и од Ангелите. Слава на Бога.
www.myspace.com/sblagoj
Кон врв
Blagoj_s Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3057
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blagoj_s Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Декември.2010 во 11:54



    ЗА ГРИЖИТЕ, МОЛИТВАТА И ПРИОРИТЕТИТЕ.


     27 Кој од вас може, грижејќи се, да му придаде на својот раст еден лакот?

АРГУМЕНТ 3 – ГРИЖИТЕ ТИ ШТЕТАТ.

Дали знаете дека најмалку две третини од грижите, загриженоста, црните мисли, опасностите кои ги замислуваме, никогаш не се случуваат? Замислете колку време трошиме на грижење за нешта кои никогаш нема ни да се случат. Зошто? За потоа да имаме главоболки, нерасположение, нервоза, напнатост, тоа носи кавги дома, со пријатели, на работа, итн. Грижите имаат штетен ефект на нашето здравје, на нашето однесување кон себе и другите. А со грижата не можеме да си помогнеме.

Да направиме јасна разлика. Смееме да се молиме, да бараме помош и мудрост од Бога за решение, да размислуваме, да бараме решенија. Не смееме да се грижиме, односно да бидеме загрижени, да помислиме ете сега нема решение, нема надеж, нема помош. Некои тинејџери ги вознемирува недостатокот на висина, дали можеш да пораснеш во висина ако се грижиш? Нема шанса! Напротив, ќе се подгрбавиш од секирација, и понизок ќе станеш од непотребниот товар кој ќе те притисне надолу. Кога не можеш да си помогнеш со грижите, тогаш не се грижи оти си одмагаш.



28 Зошто се грижите и за облеклото? Погледнете ги полските лилјани како растат; не се трудат, ниту предат; 29 а Јас ви велам дека ни Соломон, во целата своја слава, не се облече како еден од нив. 30 И, ако Бог ја облекува така полската трева, што денес е, а утре ја фрлаат во печка, нема ли многу повеќе вас, маловерни?

АРГУМЕНТ 4 – ВРЕДНОСТА НА ТЕЛОТО.

Бог го создаде телото човечко од земјен прав? Повторно околу две третини од телото е вода, и кога ќе се прерачуна вредноста на сите хемиски елементи, многу многу и не вреди. Ама, кога Бог му вдахна од својот дух на телото, е тогаш “акциите“ му “пораснаа“. На почетоткот Бог планираше човекот да живее вечно а тоа подразбира и телото да е вечно. Поради таа вредност на телото ѓаволот сакаше и да го уништи, затоа ги измами луѓето да згрешат, така нашите сегашни тела се осудени на смрт. Ама Бог поради духот Негов во нас, сеуште не ги отфрлил до крај нашите тела, и затоа дури и воскресението на мртвите ќе биде во тело. Значи при воскресението секој човек нема да биде само со дух и душа, туку и со тело, целото битие заедно. Затоа кога знаете дека Бог ги сака не само духот и душата, туку и телото, тогаш погледајте во растителната природа. Погледајте ги лилјаните, погледајте ги другите растенија кои Бог прекрасно ги облекува а ние им се восхитуваме на убавината. Ни богатиот цар Соломон не бил толку убаво облечен како убавината на облеката во растителниот свет. Ако Бог така го облекол растителниот свет, зарем Бог ќе ги остави нашите тела да бидат голи, без облека? Нема! Ќе се погрижи за облека. Имајте доверба во Бога. Ќе се погрижи и за покрив над глава, имајте доверба во Него!
www.myspace.com/sblagoj
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 7891011 13>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,156 секунди.