|
13 НОЕМВРИ - значаен историски датум за Скопје |
Внеси реплика | страница <123> |
Автор | ||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Не била толку лесна, не заборавај дека Скопје тогаш е дел од патот по кој треба германската армија да се повлече, па со битката кај Скопје таа е принудена да застане и да се бори, па и дел од залихите остануваат овде. А самата бугарска армија без Црвената армија немала да успее ниту малку да има нанесе штети на Германците, тоа мислам е јасно. Изменето од Македон - 13.Ноември.2009 во 19:25 |
||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Битката за „Матка" беше пресудна за ослободувањето на Скопје
Освојувањето на минираната брана и хидроцентрала ?Матка" од германскиот окупатор и балистите била главната задача за непречен влез во Скопје на партизанските единици и за последните битки за негово ослободување. Тоа требало да биде и последната планирана акција за целосно ослободување на Македонија. Подготовките за овој напад се извршиле неколку дена претходно, со точно прецизирање на воените и морално-политичките тактики. Точно било утврдено која чета, вод, десетина, или група борци напаѓа одреден објект и каква воена тактика треба да се спроведе. Активностите биле водени од наредбите давани од Главниот штаб, дел од нив спроведувани со помош на младината и локалното население желно за слобода. Задачата за ослободување на Матка беше еден од приоритетите за да можат нашите борци непречено да влезат во Скопје и, конечно, да го ослободат. По ослободувањето на Велес и враќањето оттаму, Првиот баталјон на Дванаесеттата бригада имаше за цел да се распореди на линијата од која требаше да се избркаат или уништат германскиот окупатор и балистите од реонот на ?Матка", се потсетува и раскажува за тактиката, Трајко Стојковски-Бузо, тогаш 21-годишен командант на Дванаесеттата бригада. Во снежната, студена и ветровита ноќ на 12 ноември 1944 година баталјонот се спушти од Бел Камен. Зафативме позиција на десниот брег на Треска, кај дрвениот мост, кој не беше сигурен. Главната команда за напад со громогласното УРА против балистичките и германските сили одекна силно во раните утрински часови, кога темнината беше наш главен сојузник", раскажува Бузо, потенцирајќи дека противникот бил посилен од нашите сили во секој поглед. Тие располагале со голем арсенал оружје, биле топло облечени, а нивната бројност наспроти нашата ослободителна војска изнесувала осум спрема еден. Ние бевме прегладнети, лесно облечени и секогаш со минимум оружје на располагање. Но, нашата желба за слободата беше поголема од с?", раскажува Бузо, тогаш најстар во редовите на нашите борци кои ја воделе главната битка за спас на ?Матка". Тристоте борци, на возраст меѓу 16 и 20 години, не се плашеле ниту од помислата дека противникот има подготвено шест камиони експлозив за минирање на браната. Желбата и возбудата за слободно Скопје надвладеала. По главната команда се јуришало кон желбата за вечна слобода. Окупаторот мислеше дека кон него се пушта најсовремена војска, а ние едвај имавме муниција. Почнавме да пукаме, а од спротива веднаш добивме силен отпор. Муницијата полека ни се трошеше", раскажува Бузо, потсетувајќи се на неговиот соборец, осумнаесетгодишниот Италијанец Николо Малдини, наречен Николче, кој се обидел и успеал да земе муниција од еден загинат Германец. Николче, кога го забележал мртвиот Германец, разнесувач на муниција, се стрчал кон него да ги земе сандаците. Ги зграбил, се исправил и летнал во трк, но по триесетина метри нозете му се "пресекле". Неговите соборци помислиле дека се препнал, но кога пак се кренал, Италијанецот бил облеан во крв. Сепак, успеа да стигне до нас, ни ги остави сандаците со муниција и - падна", додава неговиот соборец. Така завршил Италијанецот Малдини, кој го дал животот за ослободување на Матка, за да се ослободи влезот по улиците на Скопје. Благодарение на муницијата со која Николче, миг пред својата смрт го снабдил баталјанот, битката се довела кон крај. Нашите се доближиле на 60-70 метри до балистите кои почнале да се повлекуваат, некои од нив да паѓаат како покосени. Истовремено, мала група наши инженерци ја деминирале браната. Во борбата за ?Матка", покрај Италијанецот, загинаа уште 11 борци, меѓу кои Руси, Чеси и Австријци. Браната на ?Матка" ја спасивме од минирање, кое доколку се случеше ќе предизвикаше голема катастрофа, бидејќи во градот ќе навлезеше воден бран висок шест метри, ќе потопеше сў, ќе се прекинеше струјата и тоа не само во Скопје, туку и во цела Македонија, бидејќи од ХЕЦ ?Матка" во тоа време со струја се снабдуваа речиси сите во Македонија", раскажува Бузо. Откако се обезбедила "Матка", дел од Дванаесеттата бригада заминал кон Тетово. Во Скопје, во битките по градските улици, учествувале другите ангажирани според планот, меѓу нив два баталјона на Дванаесеттата бригада и борците од Третата. Како една од приоритетните задачи било ослободување на Камениот мост и другите железни мостови. Окупаторот, кој поставил експлозив под Стражарската кула на мостот, бил стациониран кај зградата на Ибни Пајко, а нашите нишанеле од претходно ослободените згради на Офицерскиот дом и Народна банка. Само со една граната од минофрлач, благодарение на техниката на дел од нашите соборци-Италијанци, окупаторот се исплаши и поголем дел од него се повлече. Во престрелките во борбата за ослободување на Камениот мост загинаа многу Германци. Излеговме вистински победници, во битката за мостот не положивме ниту една жртва", гордо раскажува Бузо, но со жал истакнува дека поради нереализираната намера на Германците да го минираат Камениот мост, мал број од фашистичките војници со последни сили се одмаздиле стрелајќи кон една група жени и старци на плоштадот пред мостот. Извор: Утрински весник Изменето од Македон - 15.Ноември.2009 во 00:46 |
||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Македонското раководство во слободно Скопје Честит ден на ослободувањето на Скопје! |
||
чоли
Сениор Регистриран: 15.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 2973 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Тие снимки ми се чини што не са од 13 ноември 1944 г. зоштото е немало такви цвекета кои да цвтат през ноември. А е немало оранжерии. А улиците такви изметени и чисти... |
||
Мунгос - цензорот на Мисирков
|
||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Зошто да не се од 13.11.1944 година? Народот знаел дека доаѓа раководството, не случајно пред тоа се собирале во црквата св. Рамноапостолни Константин и Елена, се договарале со приврзаниците на партизаните, комуницирале, праќале пораки, се договарале како да се изведе тоа. Се било спремно за битката. Види тука. |
||
Boogie
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Не не,капути у ноември не се носат
|
||
чоли
Сениор Регистриран: 15.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 2973 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Види букетите - ми се чини што са од Божури. Во ноември божури нема. Па и началниците са успеале да се избрнат и униформите им са изгладени и чисти (готови за парад)... Момите са во народни носии... Комуналната служба е изчистила плоштадот... П'лна идилиjа... --- Мислим што таа сцена е од маj 1945 по случаj краjот на ІІ-рата светска воjна. |
||
Мунгос - цензорот на Мисирков
|
||
fiks
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Каква боја е Божурот Чоли?
|
||
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
||
чоли
Сениор Регистриран: 15.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 2973 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Видим: ...Сите истрчавме на патот, а партизаните меѓу кои имаше и млади, такаречи деца, во опинци, слабо облечени, па им смрзнале рачињата, ама пеат ли пеат спуштајќи се кон Скопје. На едно му паднаа к*ршумите, па мама со мајчинска љубов му ги собра и му рече: "Како, бре синко, ќе пукаш?" "Ќе биде тешко, не се плаши". Отидоа пеејќи кон центарот, такаречи испразнет од окупаторот, Тие на снимката не ми личат да са обути со опинци со смрзнати рачиња... Изменето од чоли - 13.Ноември.2010 во 19:06 |
||
Мунгос - цензорот на Мисирков
|
||
чоли
Сениор Регистриран: 15.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 2973 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Ти подобре ми кажи какви цвекина можеш да набереш во средата на ноември? Бел божур: Изменето од чоли - 13.Ноември.2010 во 19:09 |
||
Мунгос - цензорот на Мисирков
|
||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Не си во право. На сцената од мај 1945 година е присутен Јосип Броз Тито. Eве клип од посетата на Тито во Скопје, мај 1945 година. Гледај од 5:05 до 5:29 и од 6:13 до 6:24. Тука иако има 60 000 скопјани, нема моми со народни носии, веселби и слично. |
||
fiks
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Види вака сега Чоли,ова мислам најдобро намерно од моја страна
Почитувај го денов и не го упропастувај споменот на него. Додека Македонските Паризани го ослободуваа Скопје,бугарските така наречени "сојузници во борба против фашизмот" чекале наредба и дозвола дали може да присуствуваат на тој чин. Сум рекол милион пати и пак ќе речам-Секоја година месец мај треба да го преседите во Куќата на Цвеќето во Белград и да му се поклонувате на Тито затоа што дозволил да се вклучите во некои воени операции на Сојузниците,во спротивно ни Маршал Толбухин немаше да ви помогне. Тешки гревови имавте за време на Втора Светска Војна,и слободно може да си ги величате вашите воени "заслуги" само и единствено само на вашата бугарска Википедиа,во која ги поразувате единиците на Германскиот Вермахт. Ма се уште рацете ви мирисаат на крв бре,и уште долги години нема да можете да ги измиете. А сега те молам немој да ни го рушиш денов со твоите провокации и апсурдности,за тоа постои бугарската Википедиа,тамо што сакаш прави. |
||
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
||
чоли
Сениор Регистриран: 15.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 2973 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Ааа не... со администратори немам потреба да спорим, оти фаjда немам. Сепак приклучвам вопросите си около таа дата со пишаното денес во "Нова Македониjа":
Студеното и снежно утро на 13 ноември 1944 -- Не видим и следи од снег... --- Со тоа приклучвам по таа тема. |
||
Мунгос - цензорот на Мисирков
|
||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Чоли, тоа не значи дека среде град имало снег. Пред некој ден имаше снег на Водно, ама во центарот на градот немаше ниту трага од снег. Тоа што го гледаш на сликите е централниот плоштад на град Скопје, плоштадот Македонија. А снегот на плоштадот секако дека се чисти. Кога ќе кажеме дека имало снег, тоа не значи дека имало снег до колена, туку дека врнел снег утрото, кој може и да се стопил до пладне. Сепак, македонското раководство не влегло во Скопје утрото, зарем не? Утрото ако било снежно, не значи дека и пладнето било снежно. Изменето од Македон - 14.Ноември.2010 во 13:28 |
||
Внеси реплика | страница <123> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |