|
Албанците и нивните права |
Внеси реплика | страница <12345 16> |
Автор | ||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Јас ништо не споменав околу мешање во државните работи, ти очигледно не си ми ја разбрал поентата, а цитираш член од Уставот кој е изменет со амандман. МПЦ нема потреба да се вмешува на политички план, доволно е да бара да се утврди правото на сопственост. Доколку таа поседува право на сопственост, а тоа го добие со судска одлука, нема да има потреба да чека од некој да сруши објект на нејзино земјиште. А за тоа на што мислев, само ќе ти споменав дека не мислев да се вмешува во државните работи, туку да ја искористи моќта која ја има на политички план, а не институционално. А факт е дека МПЦ има моќ сред народот. Ќе те потсетам на случаите пред изборите, кога народот го прашувал свештеникот дали е грев да се гласа за овој или оној. Исто, сигурно се сеќаваш колку народ излезе на протест во 2002 година, во текот на велешките настани, со цел одбрана на МПЦ. А сето ова е во рамки на Уставот, ниту црта надвор од истиот. Изменето од Македон - 12.Ноември.2010 во 13:28 |
||
Gorazd777
Сениор Регистриран: 22.Октомври.2008 Локација: Евразија Статус: Офлајн Поени: 1584 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Добро е ова познавање и толкување на законските одредби и самите албанци знаат дека без закон и правила таму каде што се населиле нема да ги остават да аздисуваат,но ова самоволие нивно се рефлектира не од самите долни туку од горните највисоки слоеви,каде што се вели кој ги тркла нив,ние ќе си ја тераме работата,а после кој ни може ќе повлечеме разни проблеми и дубари и ќе покажеме дека не ни се испочитувани правата.
Значи властите кои се горе во овој случај колку е моќно она министерче јанакиески миле да спороведе нешто или ќе ги изедат Македонците,а после кога се ќе биде готово,крив е друг,така ќе дојде и до остварување на нивните права до финален распад... а,во еден друг пост или тема се споревме за Македонија како држава дали постои односно дали и функционираат органите со нејзините правни акти подеднакво за сите ,па да се нарече разумна држава,но после ова и многу други примери,тука нема елементи на државност. Изменето од Анастеа - 17.Ноември.2010 во 17:03 |
||
ВОЈНАТА Е МИР
СЛОБОДАТА Е РОПСТВО НЕЗНАЕЊЕТО Е СИЛА ОД ЗЕЛКА ТОРТА И ОД СЕЉАК ГРАЃАНИН НЕ БИДУВА |
||
Buggyman
Сениор Регистриран: 26.Јуни.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 1308 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Реков дека учат од нас за непочитување на темелот на државата а тоа е уставот... а вие го потврдивте тоа со вмешување на МПЦ во политички план....
Член 19 Се гарантира слободата на вероисповеста. Се гарантира слободно и јавно, поединечно или во заедница со други, изразување на верата. Македонската православна црква, другите верски заедници и религиозни групи се одвоени од државата и се еднакви пред законот. Македонската православна црква, другите верски заедници и религиозни групи се слободни во основањето на верски училишта и на социјални и добротворни установи во постапка предвидена со закон. |
||
Homo homini lupus est...
|
||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Пред се, се чудам на ситуацијата во државава и нејзината немоќ. Каква ли е таа држава која постојано сака да се покаже како толеранта, виткајќи се до земја? Тоа не е држава. Државата треба, кога е потребно, да покаже дека таа го има стапот во раката и да покаже дека владее правото. Од друга страна, најмногу и се чудам на МПЦ, како дозволува вакви нешта, знаејќи што се може да стори, особено на политички план. |
||
Buggyman
Сениор Регистриран: 26.Јуни.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 1308 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Полека но сигурно и они си учат од нашите примери како не се почитува уставниот суд... Не знам што се чудиш? Изменето од Buggyman - 11.Ноември.2010 во 23:55 |
||
Homo homini lupus est...
|
||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Мерко: Алах ја легализираше џамијата, одлуката на судот за рушење не важи
Извор:Канал 5 ------------------------------------------ По сите настани, јасно е дека само одземање на надлежностите во оваа држава се сфаќа исто како и одобрување на сите постапки. Дали меѓуетничките односи се темелат на беззаконие? Дали легализацијата на објекти во државата треба да се потпира врз меѓуетничките односи?! Јасна е немоќта на државата да се справи со секоја злоупотреба на правата. А ако ова е точно, тогаш МПЦ навистина треба сериозно да размисли што прави и да ја искористи својата моќ на сите можни начини да го одбрани она што е нејзино, без да се плаши дали некакви односи ќе се нарушеле или не. Изменето од Македон - 11.Ноември.2010 во 23:50 |
||
brza
Сениор Регистриран: 06.Февруари.2006 Локација: vidiFOTOupotpis Статус: Офлајн Поени: 34534 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
ne e toa do toa , tuku do toa shto ne te trpat tie , niti nekogash ke go pravat toa, ...
Изменето од Анастеа - 22.Октомври.2010 во 23:52 |
||
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein |
||
Andjelina
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Miss High Hill’s Регистриран: 07.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 14129 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
добар дел од нив се вработени во администрација,земаат плата ,а воопшто не одат на работа
се прашувам да не треба обратно да се постави темата-Македонците и нивните права?
не гледам во кој дел се Албанците обесправени?
|
||
Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува
|
||
aLbaneso
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 27.Септември.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 933 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Изменето од Анастеа - 22.Октомври.2010 во 23:51 |
||
Љаеш НЕ касаш !
|
||
vlad0
Сениор Титула нема поради неплатени сметки Регистриран: 18.Ноември.2009 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 2263 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
по моја логика албанците треба да имаат права само во албанија(сепак се албанци), ај што се населија во македонија туку сега сакаат и споменици да прават од нивната „историја„тоа не треба да им се дозволи(се надевам дека нема да се навредат албанските членови на форумов(доколку ги има))
Изменето од Анастеа - 22.Октомври.2010 во 23:50 |
||
Која е таа љубовна состојка која не држи поврзани за оние кои ги сакаме и покрај тоа што ни нанесуваат многу голема болка?!
|
||
orlov
Сениор army veteran 2001 Регистриран: 26.Јули.2007 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 11342 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
И ова е дел од општественото живеење..да не речам од скојдневната мулти политика во Македонија.
Posted by in Некатегоризирано. trackback ПРАВНА ДРЖАВА НА ОХРИДСКИ НАЧИН На Теута Арифи и беа потребни девет години за да каже дека насилството не е прифатливо, ни етички ни политички. Мнозина од нас го знаеа тоа и пред 2001, но таа чекаше на таква норма во Рамковниот договор кој се извојува токму со насилство. Но, таа сега изигрува Емил Зола: обвинува дека власта е таа која поттикнува насилство, дека со насилство одговара на оние кои се фатиле за оружје. Обвинува за егзекуции на лица, чија презумпција на невиност била нарушена, без оглед што меѓу дотичните имаше лица со правосилни судски пресуди и такви обвинети за воени злосторства. Иако споделувам загриженост околу начинот на изведување на секоја полициска акција во која има човечки жртви, сепак не можам да ја сфатам како е можно да тврди дека се егзекутирани и тоа само заради етничката припадност. Ваквите тези ја стигматизираат и навредуваат целата албанска заедница, бидејќи во исти кош со криминалци се ставаат сите чесни и мирољубиви луѓе, на кои на памет не им паѓа да шверцуваат оружје. Чуден начин да се покаже дека нема контрадикција меѓу европезимот и облиците на „имплементација“ на Рамковниот договор, милом или силом. Не знам за вас, ама мене ова ми личи на класична легитимација на насилство, па дури и предупредување дека ако се продолжи со моноетничката политика на „македонскиот партнер“ на сè поголем број Албанци може да им падне напамет да се вооружат. Јас ќе застанам во одбрана на достоинството на моите сограѓани Албанци. Или сум јас наивна, или имам повисоко мислење и респект за Албанците од нивната парламентарка. Точно е единствено дека до вистинско разоружување никогаш и е дојде, нелегалната тргоција со оружје и наркотици цвета, а како и во секое постконфликтно општество военото насилство се трансформира во криминално однесување. Девет години правото ни се сервира на охридски начин (вклучувајќи го и Уставниот суд, кој замислете требал да одлучува по етнички клуч, божем уставноста и законитоста се ценат низ етнички очила). Постојано одиме како по јајца, за да не се предизвикало вознемирување, излегување на албанскиот партнер од власта или да не дошло до дестабилизација. Во оваа држава сите знаат што е право – и оние во собраниската комисија и оние кои блокираат улици и протестираат, и јавното мислење. Сите, освен истражните судии, обвинителството и судовите. За Сопот се вели дека била јавна тајна дека луѓето биле невини, а плус и еден (бивш) амбасадор изразил сомневање дека станувало збор за вистинските сторители. За последната полициска акција сите знаат подобро и од разузнавачките органи и од специјалните сили. Зимбери рече дека тој, на пример, би се справил со таква ситуација со еден калашњиков. Да му веруваме на збор, си знае човекот! Ниту еден единствен албански интелектуалец не се насекира и не побара правда за оние несреќници масакрирани кај Вејце (дури и „не знаат“ дека Женевските конвенции важат и за онеспособени лица во униформа). Нема ни збор за цивилите дигнати во воздух кај „Бриони“. Барем Мавровските работници, а преку нив и сите ние, да видевме дека во Македонија постои правда за сите. Апстрактната „осуда“ на насилството веќе не е доволна. Нема ни морална осуда за скрнавењето на спомен обележјата, нема тронка респект за раселените и за имплементација на Охридскиот договор во оваа димензија. Не е дозволиво сите да се академици, енциклопедисти, или истражни органи, судии и толкувачи на закони. Нека престанат да се кријат зад амнестијата и да бараат толкување на нешто што е регулирано со меѓународно право кое не застарува. Повеќе од влез во ЕУ, ми значи да живеам во држава во која владее правото, во кое нема „чувствителни“ граѓани кои бараат да бидат изземени од законот, зошто од очај ќе фателе оружје. Доста е од коалиции по цена на пазарења со нешто за што не смее да има пазар, и од власт во која законодавната и извршната власт можат да и наложат на судската како да се однесува заради мир во куќата. Политиката на уцени не само што ја минира секоја помисла на правна држава, туку ја осуетува и секоја идеја за демократско општество. Радикализацијата на една заедница има соодветен ефект и кај другата. Постои праг на толеранција на уцените, на изигрување жртви на етноцентризам на оние кои војуваа за биетничност, уништувајќи ја автентичната мултиетничка суштина на Македонија. Не може (не)задоволството на четвртина од населението да биде услов за мирот и спокојството на останатите. Владата не ја заслужува мојата доверба ни ден повеќе, се додека се пазари за нешта за кои нема пазар и се меша во спроведувањето на правдата. |
||
,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,
|
||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Неџат Аголи е учесник во НОБ, министер во владата на НР Македонија, другите колку што знам и не се поврзани со Македонија. |
||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Koга сето тоа кое го говори за буџетот и сите други нешта ќе има правна основа, тогаш и нека бара некакви права.
Во однос на бројките, пописот ќе покаже кој е изедначен со кого. А за името, одамна е јасно дека на одреден дел не им е гајле за името, туку приоритет им се други опции. Се согласувам со кажаното од Kali, македонската држава не е способна да излезе на крај со определени прашања, а за жал тие прашања се последица на нерешавање на некои други прашања во минатото на соодветен начин и примена на сите средства кои ги има државата. |
||
brza
Сениор Регистриран: 06.Февруари.2006 Локација: vidiFOTOupotpis Статус: Офлајн Поени: 34534 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
pa,...kad mu se moze....ke zbori chjovekot!
...da ne ima nekoj shto sak , a pogotovo moze da go sprechi mnogu da zboruva ,...a?
|
||
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein |
||
Внеси реплика | страница <12345 16> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |