|
Што прави оваа влада?! |
Внеси реплика | страница <1 7071727374 200> |
Автор | |
Б. Трајковски
Нов член Регистриран: 03.Ноември.2010 Статус: Офлајн Поени: 10 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
А сигурно си ја забележал и таа особина кај нас, мислам, кога лаењето е во прашање! Секогаш се истакнуваме кога сме или дозирани во некоја евтина биртија после три четири жолти, или кога сме насамо или во одбрано друштво! А ако треба да се собереме некаде заедно и да дрекнеме со лавежот, а бе иди гледај не’ со свиткани опашки како престрашени стаорци, а не кучиња! Некои настани од историјата велат дека ќе потрае до конечен еволутивен развој на нашата македонска свест, ама јас не верувам дека ќе го доживема тој момент. Најважно е да се случи, кога тогаш. Е тогаш..., ќе биде предоцна за исправање на сите овие транзициски глупости!
|
|
Renatax
Сениор Регистриран: 27.Декември.2008 Статус: Офлајн Поени: 11613 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Изгледа баш затоа карванот спокојно си врви,безгласни кучиња не се никаков аларм дека нешто се случува.
Целите се јасни на двата најголеми антагонисти...фотелја,моќ,власт,така да проблемот е во народот,неговата (не) свест за реалноста. |
|
Мирно движи се низ галамата и хаосот, секогаш имајќи на ум каков мир постои во тишината.
|
|
laki_bu
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Лидер Регистриран: 30.Ноември.2008 Локација: Germanija Статус: Офлајн Поени: 32100 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Да почнам со ред:
• донесување на несоодветен човек за министер за образование со цел да биде послушник во спроведувањето на одлуките на власта во однос на универзитетското образование (и не само за него); • суспензија на Советот за финансирање и развој на високото образование во РМ, со цел да не постои контрола на универзитетските власти врз Министерството за образование и наука и, се разбира, оневозможување на секаков отпор во спроведувањето на одлуките на државните власти во однос на универзитетското образование; • постепено укинување на финансиската автономија на државните универзитети, нивните средства се ставени под директна контрола во рамките на трезорските сметки што значи дека средства можат да добијат само подобните, односно благонадежните универзитети, односно факултети; • универзитетските работници се поставија во рамката јавна администрација што значи дека му се потчинети во секој поглед на соодветното министерство, па не можат самостојно да вработуваат подмладок; • со новиот Закон (а тоа го потврдуваат и предложените негови идни измени и дополнувања) се укинаа помладите асистенти и асистентите (наставно-научен подмладок), а се воведоа т.н. соработници чиј статус не е регулиран, та тие немаат законско право да засноваат работен однос на универзитетот; • да потсетам дека десетици и десетици избрани соработници на УКИМ во рамките на законската постапка, чекаат без надеж со години, да бидат потврдени од страна на Министерството за финансии за да може да им се озакони нивниот статус; • неофицијална поделба на наставничкиот и соработничкиот кадар на УКИМ на предавници (опозиционери, спротивставени на власта, во превод) и патриоти (поддржувачи и послушници на власта, во превод); • новиот Закон за високо образование (замислете, дека тој беше како целосен текст држен во тајност до неговото изгласување во Собранието, во однос на неговите идни корисници – универзитетите во РМ), донесе најнапред неоправдана централизација на универзитетите, за потоа, по нецели две години, да се излезе со иновациска идеја за поделба на УКИМ што (во превод) значи уништување на еден од столбовите на македонската државност; • државата се меша во автономијата на универзитетот како институција, а таа, нели, е гарантирана со Уставот, преку автократското дизајнирање на наставните програми и на наставниот процес; • државното финансирање на УКИМ е сведено на минимум (на некои факултети тоа е дури и под една третина од реалните трошоци) и со тоа се загрозува можноста за бесплатно студирање, а на студентите како виновник им се претставува Универзитетот и факултетите што, божем, по секоја цена инсистираат на партиципациите; • уривањето на автономијата на УКИМ се гледа и во почнатата дискредитација на неговиот Ректор, како и на повеќето (според власта – неподобни) декани, особено кога министерот се самопокани да ги посетува седниците на наставно-научните совети на факултетите, без претходна покана од страна на универзитетските власти, како што е редот; • некритичкото отворање на нови факултети без општествена и образовна оправданост има за цел единствено да им се направи нелојална конк*ренција на постојните факултети, та преку тоа да се деградираат сегашните и идните дипломи, а не да се развива високото образование во нашата држава; • Владата спонзорира емисии т.н. ток шоуа, во кои се слави антиинтелектуализмот и од страна на контроверзни водители се плука по УКИМ и неговиот наставно-научен кадар. |
|
Без разлика колку страници прочитал учениот човек, никогаш не треба да заборави дека се уште не ни стигнал до првата страна....
|
|
laki_bu
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Лидер Регистриран: 30.Ноември.2008 Локација: Germanija Статус: Офлајн Поени: 32100 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Владата на ВМРО ДПМНЕ влезе во петтата година од своето владеење. И кои се нејзините централни политики? Тоа е политиката на антиквизација и копање по минатото на штета на сегашноста и иднината. Цели пет години, грдни пари се трошат за археолошките забеганости, за менување на историскиот и национален код на македонецот, за разно-разни споменици. Притоа заедничкиот именител на сето тоа е перењето народни пари преку т.н.скулптори, леарници, бетонски постаменти. Покрај финансиската штета, на тој начин Владата направи огромна и непроценлива политичка и долгорочна штета по нашата интеграција во ЕУ и НАТО.
Друг пример за централната политика на власта претставува трошењето на народните пари за непродуктивни инвестиции. Колку и да се трудат да ни објаснат, не можат да го поништат фактот дека на слабата македонска економија каде отсуствуваат странски инвестиции, ќе и помогнат владините проекти за спортски сали, тротоари, канти за смет, владини згради, фонтани или триумфална порта на пример. Во сите овие ситуации не постои здрава економска логика, освен безобразна политичка логика за задржување на режимот на власт и секако партискиот криминал и корупција. Пристапот на власта ”гради не тоа што е потребно, туку тоа што е брзо, ефтино, шарено и се гледа од прва” е пристап со кој не се решаваат крупните економски проблеми, туку само се глуми дека нешто се работи. ..........Па сетете се само на последните два месеца. Груевски или фрла лопата или сече лента на зафати кои не изнесуваат повеќе од 5-10 илјади евра....... |
|
Без разлика колку страници прочитал учениот човек, никогаш не треба да заборави дека се уште не ни стигнал до првата страна....
|
|
fstak
Група Регистриран: 31.Октомври.2010 Статус: Офлајн Поени: 99 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
koga nie toa izlegovme i rekovme nesakame spomenici? na televizija koj i da spomne protiv spomenici mu se nafrluvaat na covek " pa dali proslata vlada izgradi nesto ,pa vie ste slepci.i.t.n" Изменето од Анастеа - 17.Ноември.2010 во 16:20 |
|
brza
Сениор Регистриран: 06.Февруари.2006 Локација: vidiFOTOupotpis Статус: Офлајн Поени: 34534 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
"koga nie toa izlegovme i rekovme nesakame spomenici?
na televizija koj i da spomne protiv spomenici mu se nafrluvaat na covek " pa dali proslata vlada izgradi nesto ,pa vie ste slepci.i.t.n" " ..................
...bash taka!...ako eve , na primer , jas izlezam nadvor i istoto i tamu go tropam postaojano,...sigurno ke mi najdat mesto ...nekade..
znachi,...djabe ti e se,..ako nema kritichna masa za da se postignne neshto,
ne stotici ne iljadnici , tuku,..desetici iljadi ( i toa postojano) mozat i treba da napravat neshto ,
...a toa i go pravat,..sekade ...samo ne i tuka!
|
|
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein |
|
fstak
Група Регистриран: 31.Октомври.2010 Статус: Офлајн Поени: 99 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
se slozuvam treba kriticna masa.moze i mora da ja sozdademe za nase dobro ne za ojle dojle Изменето од Анастеа - 17.Ноември.2010 во 16:22 |
|
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Интересна констатција, на која јас би додала дека истото го прави и опозицијата само што за опозицијата тоа е нормално оти е опозиција
Воајери на туѓиот срам Власта тука има важна улога, бидејќи се грижи постојано да не' држи на штрек. Секојдневно го дефокусира нашето внимание од вистинските егзистенцијални проблеми со кој постојано се соочуваме. |
|
marsovec
Сениор Регистриран: 18.Април.2010 Статус: Офлајн Поени: 3378 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ovaa vlada si sozdava NAROD po svoj terk( no ne 'ke moze), namesto da sozdade drzava za site, po evropski terk...
|
|
СЕ Е КОНЕЧНО САМО ГЛУПОСТА Е БЕСКОНЕЧНА - САМО КАЈ НАС
|
|
brza
Сениор Регистриран: 06.Февруари.2006 Локација: vidiFOTOupotpis Статус: Офлајн Поени: 34534 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
a shto drugo da pravi?!
...trie race poradi....dogodishniot budjet!
|
|
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein |
|
orlov
Сениор army veteran 2001 Регистриран: 26.Јули.2007 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 11342 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Pogledajte shto drugo pravi ovaa Vlada.
Namesto ako neshto e nepravilno taa da reagira, vladini lugje i pokraj tolku javni istapi protiv GEM, begat od DEBATA na koja se povikani. Ima li bar nekoe objasnuvanje Stavrevski za svoeto beganje od DEBATATA.Se razbira nema, ama sepak izbegal. http://www.spic.com.mk/kat/hronika/stavreski-izbega-od-debata-na-gem.html |
|
,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,
|
|
annaja
Сениор Регистриран: 21.Април.2010 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 531 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Освен рамковниот,владата изгледа има и друг договор.Слушам дека во Скопје навалица на вработување од внатрешноста,ама само за со партиска книшка.Во општина центар неможев да се разберам со една ново примена службеничка,дали беше Бугарка,дали Струмичанка,дали Беровчанка некаде од тој крај,цепа она по дијалект,како да збори дома со другарките.Што е, има на недостаток на млади кадри во Скопје за вработување?Или прават компензација.
|
|
fstak
Група Регистриран: 31.Октомври.2010 Статус: Офлајн Поени: 99 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ovaa vlada za razlika od site prethodni navistina raboti ,meguta jas ke kritikuvam za se sto i ovaa vlada ne go resila do sega zasto sakam da mi bide podobro.Vlasta ne treba da se plasi od kritika moze da ja iskoristi vo svoja polza.
|
|
zagor
Сениор Уникатен песимист Регистриран: 27.Септември.2007 Локација: Congo Статус: Офлајн Поени: 12850 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
...добро е што гу дува инвестициите и на истите суми си плаќа ДДВ.....интересно е што на 300 милиони ставката на ДДВ не е баш мала. бившите беа неуки,не плаќаа ДДВ,па инвестициите не ги сметаа како трошок и нормално немаше реален обрт. |
|
...zagor e ziv,se drugo e laga.
|
|
Внеси реплика | страница <1 7071727374 200> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |