IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Историја
  Активни теми Активни теми RSS - Димитрија Чуповски
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Димитрија Чуповски

 Внеси реплика Внеси реплика
Автор
Порака
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Димитрија Чуповски
    Испратена: 10.Мај.2010 во 13:59
Бидејќи имаме тема за весникот "Македонски глас", чинам дека треба да отвориме една таква и за животот на големиот македонски деец Димитрија Чуповски.

---------------------------------------------------------



Димитрија Чуповски е роден на 8 ноември 1878 година во велешкото село Папрадиште. Роден е како посмртче, откако неговиот татко бил убиен од страна на албански платеници. Кога имал десет години неговото родно село било изгорено од албански качаци и семејството му се сели во Крушево, родното место на неговата мајка. Откако го научил молерскиот занает, тој и неговите браќа заминуваат на печалба во Софија.

Во престолнината на штотуку создадената бугарска држава, Димитрија дење работел, а ноќе го посетувал училиштето што било организирано за Македоците од страна на Даме Груев, Петар Поп Арсов и други будни македонски студенти. Така, покрај образованието, Димитрија имал можност да навлезе подлабоко и во македонското ослободително движење, со што бил зацртан неговиот иден животен пат.

Своето образование го продолжил во Белград во вечерната светосавска учителска школа каде, меѓувремено, членувал и во ученичкото друштво „Вардар“ во периодот од 1893 до 1894 година. По завршувањето на образованието во Белград, Чуповски се вработил како учител во своето родно село, во Папрадиште и предавал во учебаната 1895/1896 година. Но тоа учителување е краткотрајно бидејќи е затворен во затвор по обвинение дека работи со револуционерното движење. Чуповски по кратко време успева да избега од затворот и преку Белград се упатува за Русија. Во Русија, Димитрија се запишал во Духовната семинарија во Новогород и во Симферопол во периодот од 1897 до 1900 година. По овие семинарии, Чуповски своето високо образование го продолжува на Петербуршкиот Универзитет, но набрзо е исклучен од програмата поради учество во студентски штрајк кој се одвивал во 1905 година.
Чуповски бил иницијатор и прв претседател на Славјанско-македонското научно литературно друштво, основано во Петроград во 1902 година. Го основал и Национално-просветното (1912) и Руско-македонското друштво (1914) во Петроград, а во периодот од 1912 до 1915 година на руски јазик го издавал списанието „Македонски глас“.


Во Русија тој го формира “Македонското научно - литературно другарство во Петербург“ (МНЛД), предвесникот на денешната Македонска академија на науките и уметностите. Другарство развива широка мрежа од активности, пред се за запознавање на руската и пошироката европска јавност со вистинските состојби во кои се наоѓале Македонија и Македонците во тоа време.
Како претседател на МНЛД, Чуповски ги подготвува акциите и плановите на другарството, активно води разговори со руските власти и со турската и австро-унгарската амбасада во Русија, држи предавања во рамките на МНЛД и надвор од него. Во текот на својот творечки живот, Чуповски патувал и во Македонија заради подготовките за отворање на училишта на македонски јазик во периодот од 1905 до 1911 година. Покрај дејностите во МНЛД, тој бил и сопственик на Посредничкото биро „Трудовој Посредник“ и тогаш го издава годишникот „Дѣловой Петербургъ“ во 1909 и 1910 година.
Пред самиот почеток на Балканските војни, Чуповски со останатите членови на МЛНД настапувале на јавни собири во рускиот печат и јавен живот. По почетокот на војните, Димитрија пристигнува во Велес и со Петар Попарсов организираат Општомакедонска конференција во декември 1912 година. Целта на конференцијата била да се донесат заклучоци, а воедно и да се испрати сигнал, за зачувување на целоста на Македонија и обезбедување на слободата и државноста на истата. На самата конференција и од нејзиниот исход, Чуповски добива полна поддршка и полномошност за застапување на тие интереси преку Македонската колонија во Петроград и да ги презентира истите тие интереси пред Русија и Европа, воопшто.

Со самиот почеток на реализацијата на остварувањето на овие зацртани определби, Чуповски и Попарсов заминуваат за Лондон и Париз. Таму тој ги создава своите статии за македонската државност и за завојувачкиот карактер на војната. Во тој момент Чуповски ја објавува и првата карта за Македонија во боја и на македонски јазик - „Карта Македониіа“. Покрај картата, Чуповски ги објавува и „Македонски народници“ во март 1913 година и „Меморандум на Македонците“ на 1 март 1913 година. Сите три, Чуповски ги испраќа до Лондонската конференција и до рускиот печат за подобро запознавање со македонското прашање и желбата на Македонците за своја слободна татковина. На 7 јуни бил потпишан и „Меморандумот на Македонците“ кој пак бил испаретн до владите на балканските држави, додека пак на 9 јуни 1913 година Чуповски и МНЛД го издаваат својот прв број на македонското списание на руски јазик „Македонски Глас“. ова списание со 11 броја кое излегувало од 20 ноември 1914 година е важен историски архив за борбата на Македонците за зачувување на територијалната целост на Македонија и за извојувањето на македонската национална слобода.
Пкрај сите овие дејности кои ги организирале Чуповски и МЛНД, тие заедно со Крсте Петков Мисирков како заеднички акт од Петроградската и Јужноруската колонија поднесуваат опширен Меморандум до рускиот министер за надворешни работи на 14 август 1914 година. Заедно со Н. Димов и Друштвото за помош на почетниците литератори, артисти, уметници и научници на Русија тие организираат и Словенски лазарет за ранетите руски воини во 1915 година.
Следната 1916 година Чуповски се обидува да дојде во Македонија, но тој обид завршуба на романската граница. Во текот на истата година но во наредната 1917 година пропаѓаат и обидите за создавање на Балканска Федеративна Демократсkа Република, зацртан план на Македонскиот револуционерен комитет, кој пак бил задушен од самата Октормвриска револуција во Русија во 1917 година.
Обидите на Чуповски и понатака да придонесува за судбината на својот народ и татковина не запираат, па така тој започнал со подготовките да создаде македонско-руски речник. Исто така, Чуповски во ракопис имал и лексикон за историјата, етнографијата, јазикот, фолклорот и културата на Македонија. Сите овие последни дела на Чуповски се засекогаш изгубени при бомбардирањето на Ленинград во 1942 година.
Чуповски умира како турски поданик, изнесен за погреб прекриен со знамето на Македонската колонија изработено во 1914 г. На крстот син му му ги напишал зборовите што самиот му ги поставил на брата му Наце: Борец за правото и слободата на македонскиот народ


Димитрија Чуповски починал во Ленинград (Санкт Петербург), на 29 октомври 1940 година. По половина век, во 1990 година неговите посмртни остатоци биле пренесени во Скопје.

Посмртните останки со државни свечености му бил пренесени од Ленинград во Скопје во 1990 година.


Преземено одВикипедија



Портрет на Димитрија Чуповски








Молбата до Советот на “Петербуршкото словенско благотворно друштво” од 1902 година
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Октомври.2010 во 00:33
70 години од смрта на Димитија Чуповски.вечна му слава
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
depo Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Февруари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 501
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај depo Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Октомври.2010 во 12:53
За овој великан прочитав на сител дека „подготвувал македонско - руски речник , лексикон за историјата, етнографијата, јазикот, фолклорот и културата на Македонија. Но овие дела на Чуповски се изгубени при бомбардирањето на Ленинград во 1942 година.“

Дали некој знае нешто повеќе?
Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Ноември.2010 во 17:20
Originally posted by depo depo напиша:

За овој великан прочитав на сител дека „подготвувал македонско - руски речник , лексикон за историјата, етнографијата, јазикот, фолклорот и културата на Македонија. Но овие дела на Чуповски се изгубени при бомбардирањето на Ленинград во 1942 година.“

Дали некој знае нешто повеќе?


Ништо не е зачувано од овие нешта, чинам и академик Блаже Ристовски има истражувано за ова, но ништо не најде, затоа што во тој период се е конфиксувано, подоцна пренесувано, а и огромен дел од историските материјали за Македонија уништени во виорот на војната.
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Ноември.2010 во 16:10
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Април.2011 во 22:01




Писмо на Димитрија Чуповски до скопскиот митрополит Неофит, 1913 година



Картичка до Петар Попарсов, 1913 година
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,311 секунди.