![]() |
|
Tенис |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 11121314> |
Автор | |
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
ПОРАНЕШНИТЕ ГРЕНД СЛЕМ ШАМПИОНКИ СО ПРОБЛЕМИ ВО МАЈАМИ
Кузнецова се намачи, Ивановиќ верува во подобри времиња ![]() "Не сум пресреќна бидејќи бев лута и се борев самата со себеси. Чувството беше добро, но не можев да имам стабилна игра. Тоа е лошо", вели Кузнецова, која загуби во првото коло во Индијан Велс, каде што исто така беше прва носителка. Ана Ивановиќ, пак, ја совлада француската квалификантка Полин Парментие со 6:4/6:3 за да ја прекине серијата од 4 порази едноподруго, најдолга од стартот на нејзината професионална кариера во 2003. Србинката се уште се обидува да се врати во формата со која пред две години победи на Ролан Гарос, а сега по победата над 106-рангираната Французинка вели дека оди во вистинска насока. "Се чувствувам навистина добро во моментов. Тоа што нема да те убие само те прави посилна, и навистина верувам во тоа", вели Ивановиќ. По големата победа на 20 години во Париз, Србинката е "забавена" од повреди, последната на рамото, но и од губењето на самодоверба. Таа е на 58. место на ВТА листата и првпат надвор од топ 50 по пет години. Неодамна Ивановиќ го ангажираше поранешниот тренер на Штефи Граф Хајнц Гунтхард и вели дека работите ќе се сменат. "Со Хајнц работите се подобруваат секој ден и тоа е навистина охрабрувачки. Сега околу мене имам одлични луѓе и полека се враќа мотивацијата. Не сакам да живеам во минатото, туку да имам нова кариера", вели Ивановиќ. РЕЗУЛТАТИ СОНИ ЕРИКСОН ОПЕН - МАЈАМИ МАЖИ, АТП ТУР МАСТЕРС 1000, 4.500.000$, 1.КОЛО Лапенти - Стараче 7:5/6:3 Фиш - Маер 7:6(7:4)/6:4 Цебаљос - Сепи 7:6(7:4)/6:2 Чела - Лоренци 6:4/3:6/7:6(7:3) Печнер - Свитинг 6:3/6:1 Илхан - Суевас 6:2/6:2 Жиралдо - Даниел 6:3/6:2 Фаља - Ханеску 7:6(7:4)/3:6/6:4 Села - Королев 6:3/6:3 Де Бакер - Рам 6:4/7:5 Берер - Лацко 7:5/4:6/6:3 Лу - Фоњини 6:7(5:7)/6:2/6:4 Сера - Масу 6:4/6:4 Лучак - Ернандез 6:3/7:6(7:4) Андерсон - Мељо 6:3/6:1 Робер - Бек 7:5/6:4 ЖЕНИ, ПРЕМИЕР, 4.500.000$, 2.КОЛО (1) Кузнецова - Пенг 6:2/3:6/6:4 (3) В.Вилијамс - Чирстеа 6:4/6:3 (6) А.Радванска - Макарова 7:5/6:0 Бачински - (8) Ли 6:4/4:6/7:6(7:3) Петкович - (10) Пенета 6:3/3:6/6:0 (12) Викмаер - Балтача 6:1/6:3 (13) Бартоли - Рибарикова 6:2/6:4 (16) Петрова - Дате Крум 6:3/7:6(9:7) Мартиќ - (18) Резаи 7:5/5:7/6:4 (19) Хантухова - Шнидер 6:1/6:4 Дулко - (21) А.Бондаренко 7:5/6:2 Шведова - (23) Лисицки 6:3/0:1 пред. (25) Ивановиќ - Парментие 6:4/6:3 (27) Шавај - Молик 6:0/6:0 Винчи - (30) Медина Гаригес 6:4/7:6(7:5) Херцог - (31) Возниак 7:6(7:5)/6:3 Одесник го чека допинг суспензија Американскиот тенисер Вејн Одесник го очекува двегодишна суспензија, откако пред австралискиот суд во Бризбејн изјави дека е виновен за увезување на човечки хормон за раст. 24-годишниот светски рекет број 98 беше "фатен" со 8 епрувети човечки хормон за раст во Австралија и доби казна од 8.000 австралиски долари. "За поседување има можност за двегодишна суспензија. Знаеме дека сослушувањето заврши и сега го чекаме извештајот на анти-допинг комисијата", велат од ИТФ. Родик "лут" на сопругата? Енди Родик прво бил лут кога неговата сопруга Бруклин Декер се појави на изданието на Спортс Илустрејтед во пливачки костими минатиот месец, и тоа не поради нејзината скромна облека. Осморангираниот Родик никогаш не се појавил на насловната страница на неделниот магазин, дури ниту кога ја освои својата единствена гренд слем титула на УС Опен во 2003. Декер, која се омажи со Родик минатиот април, прво се шегувала со сопругот откако "го победила" за насловната. "Верувајте, добро го знаеше тоа. Затоа бев малку огорчен", признава на шега Родик на Мастерсот во Мајами. Германскиот тенис не излегува од криза, вели Штих Две децении откако ТВ станиците се бореа да ги пренесуваат победите на Штефи Граф и Борис Бекер, германските тениски турнири се мачат да добијат обични спонзори, вели поранешниот шампион од Вимблдон, Михаел Штих. "Во 1980-тите и 1990-тите, со Штефи и Борис, немаше вакви проблеми. Сега мораме да молиме ТВ станиците да н$ пуштат", вели Штих, кој сега работи како директор на турнирот во Хамбург, кој во 2008 го загуби својот Мастерс статус. Федерер вели дека не може да биде подобро По 9 месеци од раѓањето на неговите две ќерки, ништо не се сменило во тенисот на Рожер Федерер. Од тогаш тој стигна до својата прва титула од Ролан Гарос, шестата на Вимблдон и се врати на првото место на АТП листата. "Во однос на целите, нема големи промени. Рејтингот ми е висок, а бев број 2 кога Мирка беше бремена, но број 1 кога се породи. Морам да одам со високи цели - титули на гренд слем турнирите, првото место на АТП листата", вели Швајцарецот. |
|
![]() |
|
гoстин ![]() Сениор ![]() Регистриран: 29.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7557 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Novak Djokovic i Andy Murray odpadnaa vo 2 Runda na ATP Turnirot vo Miami!
|
|
|
|
![]() |
|
гoстин ![]() Сениор ![]() Регистриран: 29.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7557 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
ATP MIAMI Sony Ericsson
1/8 Finals Ferrero - Tsonga Almagro - Bellucci Youzhny - Fish Nadal - Ferrer Verdasco - Cilic Roddick - Becker Soderling - Gonzalez Federer - Berdych |
|
|
|
![]() |
|
гoстин ![]() Сениор ![]() Регистриран: 29.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7557 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
1/4 Finals
Roddick - Almagro Nadal - Tsonga Soderling - Youzhny Berdych - Verdasco Katastrofa e ova Federer vo momentov kako sto igra eden Berdych nemozese da go pobedi a plus i mec topka imase!!! |
|
|
|
![]() |
|
Tiggy Vicious ![]() Сениор ![]() ![]() Consume. Be silent. Die. Регистриран: 27.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 6238 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Никад не сум го сакала спортов.
Не ми иде тоа.. башка ме иритираат звуците што ги испуштаат играчите при мавањето на топчето.. па затоа не го ни гледам. |
|
What the hell is going on?
-The cruelest dream, reality |
|
![]() |
|
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Македонскиот тенис најслабо рангиран![]() Македонската тениска репрезентација догодина ќе биде дел од најслабиот ранг во Дејвис купот, Третата Европска зона. Македонската тениска репрезентација догодина ќе биде дел од најслабиот ранг во Дејвис купот, Третата Европска зона. Тоа е епилогот по поразот од Унгарија во бараж дуелот од Втората Евро - Африканска зона, по кој се вративме онаму каде што беше до април 2005 - та. Тогаш за година и половина прескокнавме два ранга, ги победивме Норвешка, Грција, Финска, Луксембург и Летонија, се боревме и за влез во најквалитетната Светска група, три години бевме хит во меѓународни рамки, а се искачивме и на 31-вото место во светот. Но, од
После успешно играње пет години практично дојде до еден замор на генерацијата, тоа резултираше со губење на неколку мечеви од силни репрезентации. Од другата страна помладата генерацијата, јас лично очекував дека порано ќе созрее и дека ќе достигне одредени квалитети, но тоа го нема остварено „После успешно играње пет години практично дојде до еден замор на генерацијата, тоа резултираше со губење на неколку мечеви од силни репрезентации. Од другата страна помладата генерацијата, јас лично очекував дека порано ќе созрее и дека ќе достигне одредени квалитети, но тоа го нема остварено и тие неможеа благовремено да го преземат големиот товар за натпреварување.“ Ако има нешто добро од преселбата во конк*ренцијата од која нема испаѓање, тогаш тоа е можноста за подмладување на селекцијата, која сега без притисок ќе се обиде да се врати на патот на успехот. Кормиларот посакува тоа да се случи час поскоро, но, и признава дека ќе биде многу тешко без силна конк*ренција за репрезентативниот дрес. Со тој проблем македонскиот тенис се соочува подолго време и доколку наскоро нешто не се промени, можно е ново еднодецениско тапкање во место, што беше случај до успехот пред пет години. За тоа да не се повтори потребно е решавање на многуте проблеми кои го мачат македонскиот спорт, како што се финансиите, условите за работа, организацијата, а во случајов и малиот број на активни клубови. „Во Макеоднија летниот период функционираат десетни клубови во зимскиот период само четири-пет клуба и тоа во Скопје и да бидам искрен со четири-пет клуба навистина е тешко остварливо секоја година да исфралате квалитетни натпреварувачи. Овој проблем не е проблем на Дејвис куп тимот, тоа е едноставно проблем на макеоднскиот тенис, меѓутоа дали тоа ќе се смени во престојниот период е многу тешко да се каже“, додаде селекторот Дејан Маринковиќ. |
|
![]() |
|
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Азаренка победи во СтенфордИзвор: Макфакс
Викторија Азаренка е победник на ВТА турнирот во Стенфорд. Белорусинката во финалето ја совлада Марија Шарапова од Русија со 6:4, 6:1 и освои 107.000 долари. Наградата и ја додели Тениската легенда Били Џин Кинг. |
|
![]() |
|
Santijago ![]() Сениор ![]() ![]() PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF Регистриран: 17.Јануари.2008 Локација: Tuka be ... Статус: Офлајн Поени: 21002 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
![]() Ноле и Рафа двојка од соништата
Изменето од Santijago - 06.Август.2010 во 12:44 |
|
I'm out bcz of pathetic around here
|
|
![]() |
|
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Налбандијан со 11-та победа во низаИзвор: АP
Првите четири носители на Роџерс Купот во Торонто, не дозволуваат изненадување и засега играат според планот и се пласираа во четвртинафиналето. |
|
![]() |
|
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Хјуит и Сафина елиминирани во Њујорк, сигурен настап на Федерер и КлајстерсШампионот во Њујорк, во 2001 година, Лејтон Хјуит, уште во првото коло го заврши својот настап на „Флешинг Медоуз“. Хјуит по пет одиграни сетови, меѓу гледачите го испрати Пол Анри Матие.
Најголемиот фаворит за освојување на титулата, Рожер Федерер, петкратен победник на турнирот, на теренот мина само 93 минути. Швајцарецот во три сета, 6:1, 6:4, 6:2, го победи Брајан Дубул од Аргентина. Пласман во следната рунда од рангираните тенисери изборија Николај Давиденко, Енди Родик, Марин Чилиќ, Робин Содерлинг, Јирген Мелцер, Гаел Монфилс, Алберт Монтањес, Хуан Карлос Фереро. Турнирот во Њујорк заврши за 27-от носител Фернадо Гонзалес, чилеанецот поради повреда му го предаде мечот на Иван Додиг. Некогашната број 1 во женскиот тенис, Динара Сафина во првото коло е елиминирана од последниот грен слем во сезоната, УС Опен. Сафина по еден час и 45 минути игра со 3:6, 4:6 загуби од Даниела Хантукова. Првото коло во Њујорк, лесно го минаа бранителката на титулата Ким Клајстерс и двократната шампионка Венус Вилајамс. Три сета за пласман во следната рунда мораше да игра Саманта Стосур, таа со 3:6, 7:6 и 6:1 ја елиминира Елена Веснина. Од носителките првото коло го минаа Марион Бартоли, Флавија Панета, Цветана Пиронкова, Франческа Скојавоне, Елена Дементиева, Анастазија Пављученкова, Петра Квитова, Алона Бондаренко и некогашната број 1, сега 41 светска тенисерка, Ана Ивановиќ |
|
![]() |
|
Schatzii ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 04.Мај.2010 Локација: Germany Статус: Офлајн Поени: 10600 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Возниацки е новиот број 1
![]() "Ова е навистина голем чекор за мене. Да се биде светска тенисерка број 1 е остварување на мојот сон. Во моментов не можам да сфатам дека ова е вистина", вели Возниацки. Таа е 20. тенисерка која е на врвот на компјутерскиот рејтинг од 1975 година и е трета во последните две години без гренд слем титула - по Русинката Динара Сафина и Србинката Јелена Јанковиќ. Тоа останува нејзината главна цел. "Морам да освојам гренд слем титула, бидејќи тоа е мојата втора голема цел", додава Данката, која во кариерата има 11 титули. Таа стигна до УС Опен финалето минатата година, каде што загуби од Ким Клајстерс, а оваа година загуби во полуфиналето во Њујорк. Следна за Возниацки е Србинката Ана Ивановиќ, која го имаше можеби најдобриот меч оваа година откако со 7:6(2)/7:6(4) ја совлада Русинката Елена Дементиева за само четврто 1/4 финале оваа година. Втората носителка Вера Звонарева го загуби првиот сет против сонародничката Марија Кириленко, но се врати за 5:7/6:4/6:2 победа, и сега ќе игра со домашната фаворитка Ли На, која за само 47 минути со 6:2/6:0 ја збриша Германката Анжелике Кербер. Британецот Енди Мареј имаше проблеми да влезе во ритам пред да го совлада Шпанецот Алберт Монтањес со 7:5/6:3 за пласман во 1/4 финалето на машкиот турнир во Кина. 23-годишниот Шкотланѓанец сега ќе игра со Хрватот Иван Љубичиќ, кој со 6:3/7:6 го совлада Александер Долгополов. Во Јапонија пак, светскиот број 1 Рафа Надал го "уништи" канадскиот квалификант Милош Раонич со 6:4/6:4 за пласман во 1/4 финалето. "Ова беше тешка победа против опасен противник. Се може да се случи во меч против него, бидејќи има неверојатен сервис", вели освојувачот на три гренд слем титули оваа година. |
|
Dream what you want to dream;
Go where you want to go; Be what you want to be, because you have only one life and one chance to do all the things you want to do. |
|
![]() |
|
LiDivio ![]() Модератор ![]() Регистриран: 19.Мај.2010 Статус: Офлајн Поени: 7265 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
И во убавина е меѓу првите три.
![]() ![]() |
|
![]() |
|
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Ѓоковиќ против Ферер ќе ја брани титулата во ПекингНовак Ѓоковиќ и Давид Ферер ќе се борат за титулата на АТП турнирот во Пекинг. Првиот носител и бранител на титулата, Ѓоковиќ во полуфиналниот двобој го совлада Џон Изнер од САД со 2:0 (7:6, 6:2). На патот до 18-та титула во кариерата на Ѓоковиќ му стои Давид Ферер. Шпанецот во маратонски меч со 2:1 (6:4, 4:6, 6:4) го совлада ветеранот од Хрватска, Иван Љубичиќ. Доколку во финалето Ѓоковиќ забележи победа, тој ќе стане само вториот тенисер кој успеал да ја одбрани титулата во Пекинг. На женскиот дел од турнирот во финалето ќе играат Карлон Вознијацки и Вера Звонарева. Светската тенисерка број 1, Вознијацки во полуфиналето со 2:0 (7:5, 6:2) ја совлада Сахар Пеер од Израел, додека Вера Звонарева на патот до финалето со 2:0 (6:3, 6:3) ја елиминира домашната тенисерка На Ли |
|
![]() |
|
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Ким Клајстерс триумфираше во ДохаКим Клајстерс го освои Шампионатот на ВТА во Доха. Во финалето белгијката ја победи светската тенисерка број 1 Каролин Вознијаги со 6:3, 5:7 и 6:3. За Клајстерс ова е трета титула од последниот турнир на сезоната по успесите во 2002 и во 2003. година. Во катар таа игра за прв пат од УС Опен, кој го освои по втор пат и со тоа ќе земе околу 1,5 милиони долари од наградниот фонд. Откако го освои првиот сет, белгијката поведе со 4:1 во вториот, но Вознијаги изедначи на 5:5, поведе со брејк за 6:5 и на крајот триумфираше со 7:5. Во последниот, решавачки сет Клајстерес набрзина поведе со 2:1 а потоа и со 5:2 за да на крајот успее да го освои сетот и да победи на натпреварот со 6:3 по 2 часа и 20 минути игра, откако направи шест брејка и дозволи четири. „Чувствував дека овој натпревар никогаш нема да заврши. Беше тешка битка со фантастични удари, одличен тенис и борба. Среќна сум што победив и ја разочарав Каролин. Таа е фантастична и иднината е пред неа“, кажа белгијката по натпреварот. „Ова беше исклучително фантастична недела за мене. Ким играше неверојатно и сосема сигурно ја заслужи победата“, изјави Вознијаги. Во наредните три години шампионатот на ВТА ќе се одржува во Истанбул, Турција. |
|
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 11121314> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |