|
Поуки од Светото Писмо |
Внеси реплика | страница <1 678910 13> |
Автор | |
KINGDAVID
Сениор Solomon's father Регистриран: 09.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 9420 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
"Зашто, словото Божјо е живо и дејствува и е поостро од секаков меч со две острици; и навлегува до разделување на душата и духот, до зглобовите и мозокот, и ги проценува мислите и намерите на срцето. " ( Evreite 4:12) Porakata vo Bozjeto Slovo moze da dopre do najvnatresnite delovi na edna licnost i da ja promeni odnatre, vlijaejki vrz toa kako razmisluvaa taa i sto saka, pravejki ja licnost spored Bozjata volja. Bozjeto Slovo razotkriva kakva navistina e licnosta vo srzta za razlika od ona sto taa licnost go misli za sebe ili sto dozvoluva da vidat drugite( 1 Samoil 16:7). Duri i nekoj sto e zloben ponekogas moze da skrie kakov e odnatre prikrivajki se zad maska na dobrina i poboznost. Zlobnite se prikazuvaat vo lazno svetlo od zlobni pricini. Gordite se krijat zad lazna poniznost dodeka vo isto vreme kopneat da go cujat odobruvanjeto od lugjeto. Megjutoa, razotkrivajki sto navistina im e vo srceto, Bozjeto Slovo moze silno da pottikne nekoj ponizen poedinec da ja soblece starata licnost i da ja oblece novata licnost koja e sozdadena po Bozja volja vo vistinska pravednost i lojalnost. Kako sto pisuva vo Biblijata : "да го отфрлите од себе стариот човек според вашето поранешно живеење, кој се распаѓа во измамливите желби, да се обновите со духот на својот ум и да се облечете во новиот човек, создаден според Бога во правда и светост во вистината." ( Efesjanite 4:22-24) |
|
KINGDAVID
Сениор Solomon's father Регистриран: 09.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 9420 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
"Љубовта нека не биде лицемерна; отстранувајте се од злото, прилепувајте се кон доброто;" ( Rimjanite 12:9) Ne e tesko da gi sakame nasite blizni kako grupa lugje. Megjutoa, da gi sakame kako poedinci moze da bide malku potesko. Na primer, nekoi lugje pokazuvaat ljubov kon bliznite samo so toa sto davaat donacii vo nekoja dobrotvorna organizacija. Vsusnost, mnogu polesno e da receme deka go sakame nasiot blizen otkolku da sakame nekoj kolega komu ne mu e griza za nas, nekoj neprijaten sosed, ili nekoj prijatel sto ne' razocaral. Kako da pokazeme ljubov kon lugjeto kako poedinci e mnogu vazna rabota i od toa mozeme mnogi da naucime od ISUS. Iako dosol na Zemjata da go zeme grevot na svetot, ISUS pokazuval ljubov kon lugjeto kako poedinci- bolna zena, leprozen covek, dete (Vidi vo stihovite : Matej 9:20-22; Marko 1:40-42; 7:26, 29, 30; Jovan 1:29). Slicno na toa, nie pokazuvame ljubov kon bliznite so nacinot na koj postapuvame so licata so koi doagjame vo kontakt sekoj den. I sekogas treba da imame na um deka ljubovta kon blizniot e povrzana so ljubovta kon BOG. |
|
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ne e tolku teshko da gi sakash blizhnite... tuku se raboti za sakanje na site, vkuchuvajki gi i onie koi se tolku daleku shto mozhebi kje gi sretneme ednash vo zhivotot... a mozhebi nitu tolku.
Isus govoreshe za takva ljubov. Toa e vistinskiot predizvik za sekoj obichen chovek... oti za onoj koj e prosvetlen toa e neshto sosem normalno i sekojdnevno. |
|
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|
KINGDAVID
Сениор Solomon's father Регистриран: 09.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 9420 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
"Зашто, како што телото без дух е мртво, така и верата без дела е мртва." ( Jakov 2:26) Edna rabota e da tvrdime deka imame doverba vo BOG. No, sosema druga rabota e da go pokazeme toa so nasite postapki. Na primer, frazata " Nasata doverba e vo Bog " ( IN GOD WE TRUST) vekje dolgo vreme ja ima na banknotite i na monetite na amerikanskiot dolar. Vo 1956 godina amerikanskiot kongres donel zakon so koj ovoj izraz bil proglasen za drzavno moto na Soedinetite Amerikansi Drzavi. Ironicno e toa sto mnogu lugje-ne samo vo taa zemja tuku i vo celiot svet -polagaat pogolema doverba vo parite otkolku vo BOG ( Luka 12:16-21). Kako vistinski Hristijani , morame da pravime povekje otkolku samo da izjavime deka imame doverba vo BOG. Sekoe tvrdenje deka imame doverba vo BOG e besmisleno ako ne go potkrepime so postapki. Svojata doverba vo BOG ja pokazuvame koga Mu se obrakjame vo molitva, barajki da ne prosvetli so Svetiot Duh, koga barame vodstvo od Negovoto Slovo i tesno gi sledime ucenjata na ISUS HRISTOS. |
|
Blagoj_s
Сениор Регистриран: 28.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 3057 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Пример на љубезност Во проповедта на Гората, Исус ја опишува добрината и Божјата милост. 43 ”Сте чуле дека било речено: ‘Љуби го својот ближен и мрази го својот непријател’. 44 А Јас ви велам: Љубете ги своите непријатели и молете се за оние, кои ве гонат; 45 за да бидете синови на вашиот Татко, Кој е во небесата, Кој прави Неговото сонце да изгрева над злите и над добрите, и дава дожд на праведните и на неправедните. 46 Зашто ако ги љубите оние, кои ве љубат вас, каква награда имате? Зар и цариниците не го прават тоа исто? 47 И ако ги поздравувате само своите браќа; што правите особено?Зар не го прават истото и цариниците? 48 И така, бидете совршени, како што е совршен вашиот небесен Татко.” ==Евангелие по Матеј 5:43-48 ; Библија== Ние, луѓето не сме ја заработиле Божјата благодат ниту сме ја заслужиле, туку, сите свесно сме згрешиле против Бога, па дури и сме го игнорирале и сме го презирале. Во таа смисла најголемиот грешник и најголемиот светец се наоѓаат во ист чамец: ниту еден не ја заслужил добрината и милоста, со кои Бог нас не’ дарува. Преку овие стихови, Господ Исус Христос не’ повикува да бидеме >>совршени<<, како што е и Бог совршен. Како тоа? На тој начин што ќе ги сакаме своите непријатели, молејќи се за оние кои не’ малтретираат, однесувајќи се љубезно кон оние кои кон нас биле нељубезни. Обидете се да замислите како би изгледалo нашето заедништво или нашиот дом, кога би умрело нашето >>јас<<, и кога би живееле баш така! Тогаш би имале таква сила и сведоштво што ни вратата на пеколот не би можеле да ги надвладеат. Што не’ спречува да го оствариме тоа? Ништо, освен нашето грешно и одмаздољубиво срце, кое пречесто не’ прави слични на фарисеите. 7:47 Затоа ти велам: нејзе и се простуваат многу гревови, оти Ме возљуби многу; а кому малку се проштава, и љубов мала има.” ==Евангелие по Лука 7:47 ; Библија== Секој од нас треба да размисли за Божјата љубов и нежност кон нас: дали ја заслужуваме? Дали таа со право ни припаѓа? Дали нашите мисли, нашите дела и нашите зборови се толку несебични, толку свети, толку полни со љубов и прифаќање, што Бог едноставно кон нас постапува како што постапуваме ние кон другите? Одговорот е, најверојатно >>не<<. Во тоа е суштината: кога ќе сфатиме што се’ Бог ни простил, кога ќе согледаме дека не’ сака, и покрај нашата природа и нашите дела, тогаш навистина разбираме што значи да се биде добар и љубезен кон оние што не го заслужиле тоа. Колку е тогаш важно крстот и неговото значење постојано да ни бидат пред очите! |
|
www.myspace.com/sblagoj
|
|
Blagoj_s
Сениор Регистриран: 28.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 3057 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Благи зборови Посланието до Ефесјаните 4:32 почнува со зборовите >> Бидете еден кон друг добри, милостиви<< 32 Бидете еден кон друг добри, милостиви, проштавајќи си еден на друг, како што и Бог ви прости вам во Христа. ==Послание до Ефесјаните 4:32 ; Библија== Христијаните треба во секој миг да ги обележува љубезност кон другите. Меѓутоа, луѓето имаат три посебни потреби, кои бараат и три посебни вида на охрабрувања. 1. Пред се’ треба да бидеме благи кон духовните бебиња. 7 Напротив, бевме благи меѓу вас, како доилката, која топло ги негува своите деца, 8 така, полни со љубов кон вас сакавме да ви го предадеме не само Божјото Евангелие, туку и своите души, зашто ни станавте мили. ==1 Послание до Солунјаните 2:7-8 ; Библија== 2. Треба со благост да ги храбриме слабите: 1 Ние силните должни сме да ги носиме слабостите на слабите, а да не си угодуваме сами на себеси. ==Послание до Римјаните 15:1 ; Библија== 3. Треба да ги лекуваме духовно болните 24 А Господовиот слуга не смее да се расправа, туку треба да биде кроток кон сите, способен да поучува и да трпи; 25 да ги воспитува со кротост оние кои се противат, та не би ли им дал Бог покајание, за полно познавање на вистината, 26 за да се отрезнат од мрежата на ѓаволот, кој ги заробил за да ја исполнуваат неговата волја. ==2 Послание до Тимотеј 2:24-26 ; Библија== Еднаш некој деловен човек рекол: >>Едвај чекам вечер да си дојдам дома-толку ме исцрпува да бидам љубезен цел ден!<< Колку ли е тажен ваквиот став кон другите луѓе и кон нивниот живот! Љубезноста, особено дома, има клучна важност. Еден од најважните начини на кои се искажува љубезноста, особено во домот, е начинот на кој разговараме едни со други. Атмосферата во домот во голема мера ја создаваат зборовите што ги изговараме. Колку само потешкотии, колку ли само навреди, напнатости и отворени судири би избегнале кога би воделе сметка, не само за тоа што кажуваме, туку и како го кажуваме Често на некое лице ќе му кажеме нешто, а не сме го навредиле ниту сме го повредиле, а потоа, истото тоа ќе го кажеме на некој друг, и притоа длабоко ќе го раниме и ќе го навредиме. Разликата е во тоа како зборуваме. Човечкиот говор е многу повеќе отколку само изговор на зборови; тонот на гласот, изразот на лицето, говорот на телото и расположението, сетот тоа се фактори кои му порачуваат на соговорникот што мислиме и што чувстуваме кон него. |
|
www.myspace.com/sblagoj
|
|
Blagoj_s
Сениор Регистриран: 28.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 3057 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Возвратена љубезност 35 Туку, љубете ги своите непријатели, правете им добро и позајмувајте им без да чекате нешто. И вашата награда ќе биде голема и ќе бидете синови на Сèвишниот, зашто Тој е благ кон неблагодарните и злите. 36 Бидете милостиви како што и вашиот Татко е милостив. 37 И не судете и нема да бидете судени; и не осудувајте и нема да бидете осудувани. Проштавајте и ќе ви биде простено! 38 Давајте и ќе ви се даде: добра мерка - набиена, натресена, преполнета, ќе ви биде дадена во скутот, зашто со каква мерка мерите, со таква ќе ви се одмери.” ==Евангелие по Лука 6:35-38 ; Библија== Мошне често, она што сме им го правеле на другите, ни се враќа. Поинаку речено, ако сме љубезни кон нив, најверојатно и тие ќе бидат љубезни кон нас. Како христијани, секогаш треба да бидеме љубезни едни кон други, макар и да не ни се врати со добро. Дотолку повеќе, љубезноста кон оние што се лоши е обележје на вистинскиот следбеник на Исус Христос. 12 ”И така, сè што сакате да ви прават луѓето, правете им и вие така; зашто тоа е Законот и пророците.” ==Матеј 7:12 ; Библија== Секогаш е лесно да се биде љубезен кон оние од кои очекуваме некоја полза. Така прават сите. Меѓутоа, многу е потешко да се биде љубезен кон оние кои никогаш со ништо нема да ни возвратат, а особено ако за тоа има и своја цена, односно ако нешто не’ чини. Ова е вистинска проверка на нашата добрина. Секој од нас треба да се преиспита. Дали нашата љубезност кон другите е несебична и пожртвувана, или е поттикната од користољубива намера! 12 И така, облечете се како Божји избраници, свети и возљубени, во милосрдно срце, благост, смиреност, кротост трпеливост! 13 Трпете се еден со друг и проштавајте си еден на друг, ако некој има поплака против некого, како што и Господ ви прости вам, така проштавајте и вие! 14 А над сето тоа облечете се во љубов, која сврзува сè во совршенство! ==Послание до Колосјаните 3:12-14 ; Библија== Од секој христијански дом треба да зрачи света светлина. Љубовта треба да се покаже со дела. Таа треба да живее во сите семејни односи, откривајќи се преку грижливата љубезност и нежната, несебична учтивост. Има домови во кои овие начела се спроведуваат – домови во кои Бог се почитува и во кои владее вистинска љубов. Од тие домови, наутро и навечер, се подигаат молитви кон Бога како благопријатен мирис. Неговата милост и неговите благослови се спуштаат врз молителите како утринска роса. Има многу такви кои изразувањето на љубов го сметаат за слабост и задржуваат став, кој ги одбива другите. Кога ќе се потисне желбата за друштвеност и великодушност, таа се суши и срцето станува пусто и студено. Треба да се чуваме од такви заблуди. Љубовта не може долго да опстане ако не се изразува. Не смее да се дозволи срцето, кое е поврзано со нас, да умре од недостаток на љубезност и сочувство. |
|
www.myspace.com/sblagoj
|
|
KINGDAVID
Сениор Solomon's father Регистриран: 09.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 9420 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
“Гледајте и пазете се од лакомство, оти животот на човекот не зависи од изобилството на неговиот имот.” ( Luka 12:15) Lakomosta ne e samo zelba da se imaat pari ili drugi raboti so koi navistina mozat da se zadovolat izvesni potrebi. Taa e preterana zelba za bogatstvo ili za materijalni raboti. Moze da bide i nezasiten, alcen poriv da poseduvame nesto koe mozebi mu pripagja na nekoj drug, samo kolku da go imame, a ne zatoa sto ni e potrebno i pritoa voopsto da ne vodime smetka kako kje se cuvstvuvaat drugite. Lakomiot covek dozvoluva rabotite sto gi posakuva tolku da zavladeat so negovite misli i postapki sto, vo sustina, tie stanuvaat negov bog. Da se setime, Apostol Pavle rekol deka lakomosta e isto sto i idolopoklonstvoto, a idolopoklonicite nema da go nasledat Bozjeto Carstvo . "Зашто, знајте го ова добро: ниеден блудник, ниеден нечист, ниеден лакомец - кој е идолопоклоник - нема наследство во Христовото и Божјото Царство!" ( Efesjanite 5:5 ). Vo Kolosjanite 3:5 Apostol Pavle sovetuva : "Затоа умртвете ги своите земни членови, односно пороците: блудството, нечистотијата, сласта, лошата желба, лакомството, кое е идолопоклонство" Interesno e sto ISUS rekol da se cuvame od sekakva lakomost. Zosto? Zatoa sto moze da se bide lakom po razlicni raboti. |
|
Blagoj_s
Сениор Регистриран: 28.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 3057 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Живејте правејќи добро 23 Може ли Етиопецот да ја измени својата кожа? Или леопардот своето крзно? А вие, можете ли да правите добро, свикнати да правите зло? ==Книга на пророк Еремија 13:23 ; Библија== Наведениот текст истакнува едно од основните обележја на човековата природа: ние тешко се менуваме, особено кога станува збор за лошите страни на карактерот. Имајки го ова на ум, можеби можеме подобро да разбереме зошто поимот добрина во Библијата има многу подлабоко и попрецизно значење отколку во нашата секојдневна употреба. Како плод на Духот, добрината проникнува длабоко во човековата суштина, и ја опфаќа секоја мисла, секој збор и секое дело на побожниот човек. Оттаму барањето човековите побуди да бидат добри пред неговите дела да можеме да ги наречеме >>добри<<. Тоа значи дека е добар оној човек, чии добри дела потекнуваат од неговата внатрешна посветеност и љубов кон Бога. 10 Боже, создај ми чисто срце, и постојан дух обнови во мене! ==Псалм 51:10 ; Библија== 9 Како ќе го запази младиот човек чист својот пат? чувајќи ги Твоите зборови. ==Пслам 119:9 ; Библија= |
|
www.myspace.com/sblagoj
|
|
Blagoj_s
Сениор Регистриран: 28.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 3057 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Божјиот Закон и Божјата добрина 7 И така, што да речеме? Дали е Законот грев? Далеку од тоа! Сепак, јас го запознав гревот само преку Законот, зашто не би ја запознал страсната желба, ако Законот не рече: „Не ќе пожелуваш!” 8 А гревот најде повод во заповедта и предизвика во мене секаква желба, зашто без Закон - гревот е мртов. 9 И јас живеев некогаш без Законот; но кога дојде заповедта гревот оживе, а јас умрев; 10 и се покажа дека заповедта, што беше дадена за живот, ме водеше во смрт; 11 имено, гревот, откако доби повод во заповедта, ме заведе и ме уби преку неа. 12 Затоа Законот е свет; а и заповедта е света, и праведна, и добра. ==Послание до Римјаните 7:7-12 ; Библија== Потешкотиите што ги имаат некои во врска со Божјиот Закон, лежат во недоразбирањето на улогата на Законот во планот на спасението. Кога ќе дојдеме на лекар заради здавствена пречка, тој најпрво мора да ја утврди дијагнозата, па дури тогаш да ни препише терапија. Проблемот настанува кога луѓето ја мешаат дијагнозата и терапијата. Не само што Божјиот Закон е Негов стандард, туку служи и како дијагноза во процесот на спасението. Павле едноставно кажува дека без Законот не би знаел дека постои грев. Според тоа, Законот утврдува дека сите сме болни од гревот. Без оваа дијагноза, малкумина би дошле кај Христа за да ги исцели. Божјиот Закон е неопходен во планот на спасението, зошто без Законот нема ни грев, а без грев, нема ни потреба од Спасител. Псалмистот Давид пишува: 8 мило ми е, Господи, да ја исполнувам Твојата волја, јас го носам Твојот закон длабоко во срцето.” ==Псалми 40:8 ; Библија== Се поставува прашањето како некои луѓе можат да веруваат дека држењето на Божјиот Закон е товар? |
|
www.myspace.com/sblagoj
|
|
KINGDAVID
Сениор Solomon's father Регистриран: 09.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 9420 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
" И никому не враќајте зло за зло, а размислувајте за тоа што е добро пред сите луѓе." ( Rimjanite 12:17) Koga edno dete kje go turne svoeto drugarce, obicno prvata reakcija e i toa da vrati so turkanje. Za zal, ne im e svojstveno samo na decata da vrakjaat milo za drago. I mnogu vozrasni go pravat istoto. Koga nekoj kje gi navredi, sakaat da vratat so ista mera. Iako povekjeto vozrasni nema doslovno da go turnat drugiot, istiot efekt kje go postignat na nekoj po prikrien nacin. Mozebi kje pocnat da go ozboruvaat onoj sto gi navredil ili kje najdat nacin da go sprecat da uspee vo nesto. Seedno koja taktika kje ja upotrebat , namerata e ista - da mu vratat so ista mera, da se odmazdat. Iako zelbata za odmazda e dlaboko vkoreneta vo lugjeto, vistinskite Hristijani ne i' podlegnuvaat. Namesto toa, go sledat sovetot na Apostol Pavle koj e spomnat vo pogorniot stih. Kontekstot na ovie zborovi, koi se naogjaat vo 12 poglavje od Rimjanite ni pokazuva deka e pravedno da ne se odmazduvame i deka na toj nacin pokazuvame ljubov i skromnost. |
|
Blagoj_s
Сениор Регистриран: 28.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 3057 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Бог е верен 8 Господи, Боже над Воинствата, кој е како Тебе? Силен Си, Господи, и вистината Те опкружува. ==Псалми 89:8 ; Библија== Како и за секој друг вид на плод на Духот, Бог е наш пример и во верноста. Бог е сега исто толку верен, како што бил и милиони години пред создавањето на земјата. И во следните милиони години Тој ќе остане исто толку верен, како што бил кога ги создавал своите вечни закони. Ништо нема да го одврати ниту ќе ги измени неговите патишта. Да согледаме некои својства на Божјата верност: -Божјата верност е далекусежна: 5 Господи, Твојата добрина е до небото, Твојата верност до облаците. ==Псалми 36:5 ; Библија== -Божјата верност е сигурна: 33 но нема да му ја одземам Мојата наклоност, ниту ќе ја прекршам Мојата вистина. ==Псалми 89:33 ; Библија== -Божјата верност е голема: 22 Заради Господовите добрини не сме уништени, Неговите милости никогаш не престануваат. 23 Тие се нови секое утро: Твојата верност е голема! ==Плач Еремиин 3:23 ; Библија== -Божјата верност е установена на небесата 2 Зашто реков: „Мојата љубов е создадена засекогаш!” Својата вистина ја втемели на небото: ==Псалм 89:2 ; Библија== 23 А Самиот Бог на мирот да ве освети наполно! И вашиот дух, и душата, и телото да се запазат беспрекорно при доаѓањето на нашиот Господ Исус Христос! 24 Верен е Оној, Кој ве повикува и Кој и ќе го направи тоа. ==Прво послание до Солунјаните 5:23-24 ; Библија== 3 Но верен е Господ, Кој ќе ве утврди и ќе ве запази од лукавиот. ==Второ послание до Солунјаните 3:3 ; Библија== 23 Да го држиме непоколебливо исповедувањето на нашата надеж, зашто е верен Оној, Кој ветил ==Послание до Евреите 10:23 ; Библија== |
|
www.myspace.com/sblagoj
|
|
KINGDAVID
Сениор Solomon's father Регистриран: 09.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 9420 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
" Зашто Господ ја љуби правдата и Своите свети не ги остава. Засекогаш ќе бидат сочувани, ќе биде истребено потомството на безбожниците." ( Psalm 37:28) Denes pravdata e mnogu retka. Moze da staneme zrtvi na nepravda ma site nivoa na opstestvoto- na naseto rabotno mesto, na uciliste, vo odnosite so vlastite i na drugi polinja- pa duri i vo semejniot krug. Se razbira, ova ne e nisto novo. Nepravdata navlegla vo coveckoto opstestvo koga nasite prvi roditeli se pobunile i stanale bezzakonici pottiknati od buntovnoto duhovno sustestvo koe stanalo Satana Gjavolot. Nema somnenie, Adam Eva i Satana, gi prekrsile pravednite nacela koga go zloupotrebile prekrasniot dar na slobodna volja sto im go dal BOG. Nivnite neipsravni postapki mu donele neopislivo stradanje i smrt na celoto covecko semejstvo ( 1 Mojseeva 3:1-6; Rimjanite 5:12; Evreite 2:14). Od pobunata vo gradinata Eden, pa se' dosega , nepravdata e sostaven del na coveckoto opstestvo. Ova ne ne' iznenaduva zatoa sto vo Biblijata pisuva deka Satana e bogot na ovoj svet ( 2 Korintjanite 4:4). Toj e lazlivec i tatko na lagata, klevetnik koj mu se protivi na BOG ( Jovan 8:44). |
|
SOLI DEO GLORIA
|
|
Blagoj_s
Сениор Регистриран: 28.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 3057 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Неверувањето-знак на последното време 8 Ви велам, ќе ги одбрани скоро. Но, кога ќе дојде Човечкиот Син, ќе најде ли вера на земјата?” ==Евангелие по Лука 18:8 ; Библија== Апостол Павле пишува: 13 додека злите луѓе и измамниците ќе напредуваат во злото, измамувајќи и бивајќи измамени. ==Второ послание до Тимотеј 3:13 ; Библија== Денешното општество е премногу попустливо пред гревот. Нашето окружување се’ повеќе наведува на грев, а нашата човечка природа, сама по себе, тежнее тоа да го злоупотреби. Постојано се промовира саможивоста. Рекламите не’ утврдуваат во здоволување на сопствените желби: ‘зошто да чекаме, зошто да се откажеме од себеси, зошто да се жртвуваме, зошто да не се поведуваме по другите’? Постојано слушаме: >>Оствари ги своите желби, зашто ти го заслужуваш тоа<< и слични пораки. Токму саможивоста e првата особина во Павловиот список за последното време: 1 А ова знај го: во последните денови ќе настанат тешки времиња, 2 зашто луѓето ќе бидат саможиви, среброљупци, самофалци, горделиви, хулители; непокорни на родителите, неблагодарни, несвети; 3 без природна љубов, непомирливи, клеветници, невоздржани, жестоки, непријатели на доброто, 4 предавници, избувливи, надуени, повеќе сластољубиви, а не богољубиви, 5 кои имаат изглед на побожност, а се одрекле од нејзината сила; отстранувај се и од нив! ==Второ послание до Тимотеј 3:1-5 ; Библија== Насекаде наидуваме на пароли: >>Земи го најдоброто<< , >>Сакај се најмногу себеси<<. Сконцентрираноста на самиот себе произвела уште една појава - неодговорност. Ова навистина би можело да биде она поколение, за кое стои напишано: 11 Има род кој го колне татка си и не ја благословува својата мајка! 12 Род кој мисли за себе дека е чист, а не е измиен од своите нечистотии. ==Пословици 30:11-12 ; Библија== Денес постојат многу луѓе кои мислат како сите други да им се виновни, најчесто и невните родители, а само тие се во право. |
|
www.myspace.com/sblagoj
|
|
Внеси реплика | страница <1 678910 13> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |