IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Спорт > Кошарка и ракомет
  Активни теми Активни теми RSS - РАКОМЕТ - новости
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

РАКОМЕТ - новости

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1213141516 18>
Автор
Порака
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Октомври.2010 во 19:37

Савевски поднесе оставка

 
image

Љубомир Савевски поднесе оставка од селекторската функција на македонската ракометна репрезентација. Савевски вели дека ваквиот потег го повлекува во интерес на репрезентацијата и обвини неколку медиуми за непринципиелна кампања за негово заминување. На последниот тренинг не се појавија 6 ракометари на Металург. Ракометарите кои ја одбија поканата на Савевски рекоа дека ги навредувал на последниот натпревар во Автокоманда, каде тој ја предводеше екипата на Вардар Про.

„Оставката ја дадов во интерес на репрезентацијата. Против мене се води организирана кампања. Во медиумите се појавија измислици дека јас сум ги избркал играчите од првиот тренинг на репрезентацијата. Ги отфрлам овие неточни обвинувања, но заради смирување на тензиите кои настанаа во репрезентацијата пред квалификациите за ЕП 2012 одлучив дека е најдобро да се повлечам од селекторското место“.

Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Ноември.2010 во 00:45
Реми рамно на победа за македонските ракометари


Проклетството е скршено, Македонија остана непоразена во Сараево, но не победи, 28:28 против репрезентацијата на Босна и Херцеговина.

Иако пропуштивме напад за победа, констатираме дека ремито е позитивен резултат и дека Македонија со зголемени шанси ќе го чека продолжението на квалификациите на пролет.

Реми рамно на победа во еден драматичен двобој што не приближува на чекор до пласман на европскиот шампионат по цели 14 години.

Тежок натпревар во кој нашите ракометари покажаа карактер и ментална цврстина и најдоа сили да се мотивираат за позитивен резултат и за голема радост овде во Сараево.

Можеше да биде и победничко ако Алушевски во последните секунди нашиот најдобар стрелец го постигнеше деветтиот гол но и вака имаме голема шанса, со што во јуни идната година Босанците ни доаѓаат на реванш во Скопје.

Изедначен прв дел со наше водство на стартот и потоа извонредниот Шариќ и Доборац обезбедуваат два гола позитива. Се исплашивме во моментите кога домаќините додадоа два се зголемија на четири гола разлика во 34-тата минута а на семафорот стоеше 17:13.

И потоа стрпливо со максимална борбеност и поцврста одбрана најпрво ја издржавме резултатската нишалка минус два, минус еден и во драматична завршница предводени од Ристовски кој имаше 12 одбрани, и головите на Наумче Мојсовски и реализациите на Алушевски ја решивме драматичната завршница со реми кое во оваа ситуација има триумфален сјај, ако се знае дека Унгарците се најблиску до првата позиција во групата.

Босанците играа повторно само 40 минути, максимално смирено и со голема упорност го искористивме нивниот психолошки товар и грешките, и со константно зголемување на темпото го добивме посакуваниот резултат.

Првиот играч на мечот Алушовски со осум гола имаше одлична поддршка од Наумче Мојсовски кој постигна шест, четири исклучително значајни во вториот дел и Кире Лазаров кој со пет гола и неколку асистенции во моментите кога беше добро чуван ја разби одбранбената зона наместена за неговата левица.

Ќе се радуваме до март кога ни гостува Унгарија, и со позитивни вибрации ќе се обидеме да го расчистиме патот кон Еврошампионатот во Србија 2012-та.
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
stigma04 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Март.2010
Статус: Офлајн
Поени: 2661
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај stigma04 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Ноември.2010 во 00:57
cestito bravost za rakometarite respekt
Jas sum pepel tamu kade sto bev ogan
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Ноември.2010 во 05:27

Кумановци го сменија Георгиевски

По поразот на домашен терен од Пелистер, управата на РК Куманово го смени тренерот Новко Георгиевски. На негово место од вчера е назначен Горан Миладиновски, поранешен играч на кумановци. Тој треба да дебитира на клупата на мечот со Металург викендов.

Причината за смената на Георгиевски се слабите резултати на екипата. Георгиевски останува во Куманово, но ќе ги води младинците. Куманово во лигата влезе откако МРК Вардар им го отстапи местото и добија и неколку ракометари како засилување. По осум кола во Супер ВИП лигата, кумановци се на петтото место со девет бода, три повеќе од Тинекс Пролет и Борец.
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Ноември.2010 во 06:31

Ристовски го избрка Савевски од Вардар?

Ракометниот вицепрвак Вардар вчера неочекувано остана без тренер, откако Љубомир Савевски поднесе оставка, негова втора за период од само три недели. Откако пред 20-ина дена, на самиот старт на квалификацискиот циклус за ЕП 2012, го напушти кормилото на машката репрезентација под притисок на бојкотот на неколкумина играчи на Металург, се шпекулира дека сега од слични причини си замина и од клупата на "црвено-црните". Овој пат, станува збор за наводен конфликт со капитенот Борко Ристовски.
Иако првиот голман на репрезентацијата не сакаше ништо да коментира, јавна тајна беше дека неговите односи со Савевски беа на стаклени нозе уште од доаѓањето на Ристовски во клубот ова лето. Двајцата, наводно, за првпат се судриле уште во подготвителниот период, на турнирот во Добој, и тогаш тргнаа шпекулациите дека Савевски нема да издржи долго на оваа функција.
- Да, Савевски поднесе оставка и Вардар моментално нема тренер. Ќе размислам што понатаму - рече претседателот на "црвено-црните" Михајло Михајловски.
Савевски ја презеде екипата од Веселин Вујовиќ на полусезоната од минатото првенство, па, и покрај една победа над Металург, Вардар тогаш ги испушти и двата трофеја. Од клубот си заминува по уште еден пораз во борбата на два авторитети, откако истата судбина претходно ја доживеа и во Кометал ЃП (Радуловиќ) и машкиот национален тим (Мојсоски, Алушевски, Ангелов...).

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Ноември.2010 во 17:35

Пет ракометни екипи од Македонија со настап во евро-куповите

 

Пет македонските екипи утре и задутре ќе настапат во рамките на третото коло од европските ракометни куповите.

Во купот на ЕХФ Македонија има два претставника. Металург е домаќин на француската екипа Иври во скопската сала „Автокоманда“, додека во Битола Пелистер ќе го пречека шпанскиот тим Адемар Леон. Противниците на македонските претставници во овој куп се најзвучните имиња што можеа да ги добијат.

Во СРЦ „Кале“ во Скопје, Вардар Про во Купот на куповите е домаќин на екипата на Брехем од Луксембург, додека единствениот македонски тим кој ќе гостува овој викенд е ВВ Тиквеш, и тоа во Полска кај Азоти Пулави. Овој натпревар се игра во рамките на Челинџ купот.

Сите четири натпревари се играат во ист термин, утре од 18 часот.

Единствениот македонски женски тим во оваа фаза на натпревари Металург Скопје, в недела во салата „Автокоманда“ го игра реванш дуелот со шведскиот тим Сковде. Македонскиот шаммпион има висока предност по првиот дуел бидејќи забележа победа на првиот натпревар од седум голови (27:20). Почетокот на натпреварот Металург Скопје – Сковде е во 18 часот.

Кон врв
Marko Polo 1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
venecijaner

Регистриран: 20.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 9693
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Marko Polo 1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Декември.2010 во 22:11


Zenskata rakometna reprezentacija gi mina kvalifikaciite koi se orzaa vikendov vo Drama, Egejska Makedonija.

Posle pobedite nad grcija i Azerbejdzan, denes nasite reprezentativki ja pobedija i reprezentacijata na Svajcarija so 37:26 i go osvoija prvoto mesto na turnirot, edistvenoto koe vodi vo barazot.

Najdobar strelec denes bese Bajramoska, so 8 gola, a vo reprezentacijata na Svajcarija... Mustafovska, so 6 gola... Jaka nekoja Svajcarica...
Incredible Blue
Кон врв
Marko Polo 1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
venecijaner

Регистриран: 20.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 9693
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Marko Polo 1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Јануари.2011 во 23:37
Vecerva zavrsi SP vo maska konk*rencija...
Francija ostana apsoluten sampion i gi obedini site tituli. Znaci, pokraj Evropskata, Olimpiskata ja dodade i Svetskata titula.

i ups...

Nema "update" na prethodnata vest...
Zenskata Makedonska Reprezentacija vo barazaot kje igra protiv Spanija...
Incredible Blue
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Февруари.2011 во 07:29

Металург чека реванш, Прилеп чека одлука

Двата женски претставници на Македонија беа во центарот на вниманието на отворањето на евросезоната годинава

Прилепскиот тим, Жито Прилеп е во исчекување на одлуката на ЕХФ за натпреварот со Арион, кој не се одигра. Познато, Грците не сакаат да играат ако видат шеснаесеткрако сонце на нечиј македонски дрес. Клупски Арион можеби и ќе се нафател, но јасно му било предочено од грчката федерација дека ќе има последици за клубот доколку излезе на терен.
ЕХФ бил прилично јасен, па сега Прилеп е во очекување на официјализирањето на службениот резултат и пласманот на тимот во 1/4 финалето на Челенџ куп. Мечот кој не се одигра сигурно ќе биде службен 10:0 за Ж. Прилеп, но се очекува и формална елиминација на Арион и верификација на пласманот на македонскиот тим во следното коло.
За разлика од Прилеп, кој без да се појави на паркетот се пласираше во 1/4 финалето, актуелниот првак Металург е во сосема поинаква ситуација.
Лада Тољати, едно од најпознатите ракометни имиња, последниве десетина години во Европа е противникот на Металург во 1/8 финалето на Купот на ЕХФ.

Черноиваненко: Металург е екипа која се бори до крај
Десното крило на руската Лада Тољати, Олга Черноиваненко беше најдобриот стрелец на натпреварот со Металург. Руската репрезентативка за "Македонски спорт" искоментира за атсмоферата во тимот на Лада и за натпреварот одигран во "Олимп". 
"Ние претпоставуваме дека натпреварот нема да биде лесен. Сите екипи кои се од југословенската школа  се силни, тврдоглави, борбени. Плус ние имаме густ распоред на натпревари во рускиот шампионат, што, секако, можеше да влијае на натпреварот. Мислам дека во Македонија нема да биде едноставно. На крајот, Металург ќе игра на домашен терен, што е дополнителен стимул, плус тука е и поддршката од публиката", вели Черноиваненко.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Февруари.2011 во 16:55
Лазаров си ја повреди десната нога

Најдобриот македонски ракометар Кире Лазаров заработил повреда на нога на првиот меч од продолжението на сезоната во Лигата на шампионите. Сиудад Реал го совлада Санкт Петербург со 32:27 и на три кола до крајот обезбеди пласман во следната фаза, а невообичаено малиот ефект на Кире од само еден гол се должи на повреда.
Лазаров се здобил се повреда на десната потколеница при еден доскок во раната фаза од средбата и во продолжението не се вратил на паркетот. Ногата вчера му била отечена, а дали станува збор за сериозна повреда, што, евентуално, би можело да се одрази и врз неговиот настап на претстојните квалификациски средби со Унгарија, ќе покажат снимањата.
Кире Лазаров, кој ја игра својата прва сезона во дресот на шпанскиот првак, е најдобриот стрелец на тимот во досегашниот дел од домашното првенство и од Лигата на шампионите. Во првите седум средби од елитното европско натпреварување, тој има постигнато вкупно 39 гола, што, сепак, е далеку од првиот голгетер Марко Вуин од МКБ Веспрем
Кон врв
ZOTE Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 26.Мај.2005
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 627
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ZOTE Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Март.2011 во 12:21
Звонко Шундовски е само ПИУН ,сакале верувале сакале не...тие кои следат ракомет доволно ќе разберат шо зборувам..
Звонко беше ставен само ЗА ДА СЕ КУПИ МИР ВО КУЌАТА....
Ако не беше така,ќе бојкотираа Металург..
Вака ставија принудно решение..НЕУТРАЛЕЦ....
Им требаше некој таков селектор,друг ги влечи конците....
Цевак премногу лаеше,сакаше сам да ја води репката,ама ова е Македонија,овде секогаш НЕКОЈ ЧИЧКО КАЖУВА КАКО ТРЕБА ДА БИДИ....

Ете затоа мора да ги држи во игра Мојсо,Миркуловски....итн...

Овие играат ..а овие не се ни во поширокиот список,зошто?зошто не ги плаќа чичко Минчо...
Ако стават некој странец за селектор,на пример Лино,е тогаш ќе биди друга песна,но пак ќе се јави проблем..
Тука ќе почнат да се бунат Лазаров....кој е еден од најзначајните фактори....можеби и ГЛАВЕН БОС во репката....
Инаку досега 100 пати ќе го ставеа Лино,еден куп шеми направија за да го турнат во фотеља,но секогаш наидуваат на рампа...од Михајло..и другите струи....
Како и да е...не е на арно тоа шо еден клуб,еден газда сака да раководи и со својот тим,и со репката...
Ете до кај стигнавме....

И кога беше во Металург тренер, Чокрев викаше тајмаут, Чокрев им збораше на тајмаутот... Која акција да им ја кажи кога цела репрезентација ни е уствари 2-3 табори кои ни селектор ни ништо не фермаат. За жал неможе да го седни Наумче, неможеше да го седни Борко... затоа што не му беше така кажано.

Голем хендикеп за нас е политиката која ја води Металург како клуб. Океј, сакаат да бидат апсолутни шампиони во македонија, ама стварно претераа...

И да, намерно правеа раздор додека Савески беше селектор, ништо чудно и намерно да загубија на квалификацискиот турнир во Турција...

Шо правиме кога Лазаров ќе ја заврши кариерата?
Нема ни одблизу таков талент,а со ваквата мизерна работа со младинските екипи во клубовите никогаш нема да ни да има.....
Не тераме далеку со ова темпо....
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Мај.2011 во 05:47

Металург и Пелистер во куп-финалето

 
 

Екипите на Металург и на Пелистер ќе играат утре во финалето на македонскиот ракометен Куп, на завршниот турнир во Битола.

На чекор до двојната круна, шампионот Металург се доведе со полуфиналниот триумф од 26:23 над најголемиот конк*рент Вардар Про. Домаќинот очекувано лесно мина преку Борец.

Металург имаше квалитет и рутина да го издржи психолошкиот притисок и императивот триумф над големиот ривал. По четвртипат оваа сезона избраниците на Лино Червар успеаја да го поразат Вардар Про. Кој и со третиот стратег на клупата не успеа да ја пронајде формулата за успех.

Имаа добра увертира во првите десет минути кога бранителот на тронот остана без реализација но со само два примени гола.

Од 11-та минута гола тимот од Автокоманда прв пат погоди натпреварот влезе во период на грешки, нервоза, прекршоци, исклучувања. Металург се снајдоа подобро одигра максимално во одбрана ги казнија грешките на тимот на Веселин Вујовиќ и се одлепи на највисоки три разлика.

Во вториот дел Вардар влезе мотивирани, кулминираше со пресврт и враќање на водството во 34-та минута и тука застана.

Металург ја врати цврстината во одбраната контрите беа убиствени. Максималните четири гола на седум минути пред завршницата беа преголеми за Вардар и триумфално враќање. Металург е заслужено во финале и во одабрана на двојната круна. Со шанса да биде првата екипа што третпат по ред го освојува Купот.

Балансиран состав со по четири гола имаше Червар, Манасков, Стојчески и Алушевски. Мала утеха за Вујовиќ е најефикасниот на натпреварот Чурувија со седум погодоци.

Разликата во класа направи Пелистер лесно со 32:28 за десетти пат да се најдат во финалето на ракометниот Куп на Македонија.

Во нервозниот старт со технички грешки и малку голови и добри одбрани се чекаше серијата на Пелистер. Почетокот на второто полувреме беше клучен период од натпреварот, за да нема никаква незивесност, Пелистер направи серија од 5:2, за плус седум и мирно без трошење ја надградуваше за највисоки 31:21 во 57-та минута.

Борец го имаше најдобрите стрелци на натпреварот, Илиев и Тодоровски со по седум гола, кај Пелистер Митевски нанижа шест гола.

Во утрешното финале од 16:45 Пелистер влегува со пет а Металург со три трофеи од кои двата последни во Купот на Македонија.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Јуни.2011 во 05:13
Во среда ждрепка за Европското првенство во ракомет

Како што е познато, нашиот северен сосед следната година ќе биде домаќин на Европското првенство за ракометари. Ждрепката за групите ќе биде во среда точно на пладне во Белград, а веќе се знаат и некој детали околу составот на групите. Домаќинот сигурно ќе игра во Белград, Хрватска ќе биде носител на групата која ќе се игра во Вршац, а нашата репрезентација групната фаза ќе ја игра во Ниш, додека Унгарците ќе играат во Нови Сад, бидејќи се води сметка со овој распоред да биде задоволен и економскиот интерес. Состав на шеширите за ждрепка:

Прв шешир: Франција, Полска, Хрватска, Германија.

Втор шешир: Данска, Норвешка, Шведска, Унгарија.

Трет шешир: Србија, Шпанија, Исланд, Чешка.

Четврти шешир: Словенија, Русија, Словачка, Македонија.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Јуни.2011 во 05:53
Ракометарите на Македонија на ЕП 2012 против Германија, Шведска и Чешка

Ждрепката за Европското првенство за ракометари кое ќе се одржи 2012. година во Србија се одржа денеска, а нашата национална селекција ќе игра во групата Б против Германија, Норвешка и Чешка.

Еве го и комплетниот исход од ждрепката за ЕП 2012, на кое по три екипи од секоја група ќе минат во втората фаза од натпреварувањето:

Група А: Полска, Данска, Србија, Словачка

Група Б: Германија, Шведска, Чешка, Македонија

Група Ц: Франција, Унгарија, Шпанија, Русија

Група Д: Хрватска, Норвешка, Исланд, Словенија.

Првичните проценки велат дека Македонија имаше и малку среќа во денешната ждрепка при составот на групите од завршницата на ЕП во Србија. Според претходните најави во однос на посакуваните противници, денеска добивме група по мерка.

Македонија натпреварите од фазата по групи на Континенталниопт шампионат ќе ги игра во Ниш. Најпрво на 15. јануари играме против Шведска, на 17. ќе излеземе на мегдан со Германија, а по ден одмор (19. јануари) ќе ги одмериме силите со Чешка. Цените на билетите за прелиминарната фаза не се познати, ниту пак кога ќе почне продажбата. Капацитетот на салата во Ниш е 4.000 седишта, а всушност станува збор за старата сала „Чаир“ која е реновирана за да ги задоволи условите за организирање група.

"Посакувавме ваква група и ја добивме, задоволство е огромно. Противниците се репрезентации со кои можеме да играме и да оствариме позитивен резултат. Наше е добро да се подготвиме и да постигнеме што е можно подобар пласман и успех, најпрво ќе се сконцентрираме на пласман во вториот круг." - изјави селекторот на Македонија, Звонко Шундовски, веднаш по ждрепката.

"На хартија коцките на некој начин се поклопија. Денешната ждрепка не мора ништо да значи, но сепак за мене лично ова се посакувани противници, според рејтингот. Но, мора да ни биде јасно дека на ЕП нема слаби противници" - изјави македонскиот репрезентативец Ванчо Димовски по денешната ждрепка.

Европското првенство се игра од 15. до 29. јануари 2012. година во Белград, Ниш, Нови Сад и Вршац.

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1213141516 18>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,422 секунди.