|
Мизеријата на власта, МАНУ, ИНИ и општина |
Внеси реплика | страница 12> |
Автор | |
mungos80
Модератор АНАРХИСТ Регистриран: 21.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 4330 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 23.Октомври.2010 во 15:43 |
До кога сите наведени уставо слепо ќе го лажат народот дека се бораат за неговата историја и идентитет кога дозволуваат на денот кога е прославата на основањето на ВМРО да се случуваат вакви настани.
Софија. На 23 октомври 2010 година (сабота) во 11.30 часот со воена парада на Централните софиски гробишта ќе бидат положени коските на д-р Христо Татарчев - еден од основачите на ВМОРО и првиот нејзиниот претседател. Д-р Христо Татарчев е принуден да живее во Торино, Италија, каде што умрел во прогонство на 5 јануари 1952 година. Коските му почиваат во Торино до 2002 година, а потоа, според правилата, се извадени и оставени на чување во складиште на гробиштата администрација. Не биле активно побарани од бугарската држава до декември 2009 година, кога се донесени од делегација на ВМРО (на Каракачанов) во Бугарија. Положувањето на коските на д-р Христо Татарчев на 23 октомври 2010 година се совпаѓа со датумот на кој пред 117 години во Солун беше создадена ослободителната организација на бугарите во Македонија и Одринско ВМОРО http://www.vmro.org/index.php?option=com_content&view=article&id=1212:-23-&catid=1:latestnews Изменето од Анастеа - 23.Октомври.2010 во 17:05 |
|
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
|
|
mungos80
Модератор АНАРХИСТ Регистриран: 21.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 4330 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
http://www.vmro.org/index.php?option=com_content&view=article&id=1225:2010-10-23-12-46-42&catid=1:latestnews
|
|
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
|
|
mungos80
Модератор АНАРХИСТ Регистриран: 21.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 4330 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
На денот кога ќе ги гледаме сите како се лижат дека тие се модерните борци ,наследници на илинденците бугарското вмро-бнд по легален пат си ги побара коските од италија и денес тие ќе почиваат во бугарија.
Имено Татарчев е еден од основачите а за да мизеријата е поголема видете го овој говор. Никола Груевски и неговиот говор видете само колку пати го цитира др.Татарчев. |
|
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
|
|
mungos80
Модератор АНАРХИСТ Регистриран: 21.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 4330 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Кога ние не знаеме да се гордееме со нашите предци а воедно и се откажуваме од нивните дела, славејќи "херои" кои само му наштетуваја на Македонија, некој друг ни ја краде историјата и се воздигнува со неа!!! Македонци редно време е да се свестиме!!!
|
|
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
|
|
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Аспарух Дуло
Нов член Регистриран: 17.Октомври.2010 Статус: Офлајн Поени: 9 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ЦЕРЕМОНИЈАТА МОЖЕ ДА ЈА ВИДИТЕ ТУКА
http://www.youtube.com/watch?v=NsGCe3bAXsI Македонија го празнува основањето на Македонската револуционерна организација, но ги заборава нејзините основачи. Денеска на софиските гробишта во Бугарија беше погребан еден од нив, доктор Христо Татарчев, првиот претседател на организацијата и еден од најзаслужните за нејзиното омасовување меѓу народот. Татарчев почина во Торино, Италија во 1952. година. Погребан е во истото место, но неговите посмртни останки, согласно тамошните правила, се извадени од неговиот грбот половина век подоцна, во 2002. година. Биле складирани во магацин на гробиштата, се до лани кога од бугарското ВМРО се сетиле да ги земат. Денеска, откако одржаа панихида, коските на Татарчев ги закопаа на гробиштата во бугарската метропола, неговото ново вечно почивалиште. „Ние решивме дека е редно коските на еден така виден Бугарин, кој има големи заслуги за бугарската историја, да бидат во родната земја“, вели Красимир Каракачанов, претседател на ВМРО-БНД. Тоа што наместо во земјава, коските на Татарчев завршија во Софија, ја покажува негрижата на државата за историското наследство, сметаат историчарите. „Тоа е пропуст, треба повеќе да се ангажираме ние како Македонци и како власт да се грижиме за нашите предци, нашите револуционери, патриоти. Ова според мене е пропуст и во иднина не треба да се случуваат такви пропусти. -Таквите великани, треба да си почиваат во својата земја, за која го дале својот живот“, изјави Михајло Георгиевски, историчар. Христо Татарчев е роден во Ресен, во 1869. година. Еден е од шестмината основачи на ВМРО и нејзин претседател во првите осум години од нејзиното формирање. Во 1901-ва, е затворен од страна на османлиските власти, но една година подоцна е амнестиран. Заминува за Софија и полека се повлекува од активното делување во организацијата. Пишувал мемоари, а станал и близок пријател на Ванчо Михајлов. За време на Втората светска војна се враќа на кратко во родниот град, но брзо потоа преку Бугарија, заминува за Италија каде го завршува животот. Останува нејасно зошто никој од надлежните не се сети неговите останки да ги донесе во земјава и тоа им го препуштија на бугарските националисти. http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=129187 Изменето од Аспарух Дуло - 23.Октомври.2010 во 19:37 |
|
Gorazd777
Сениор Регистриран: 22.Октомври.2008 Локација: Евразија Статус: Офлајн Поени: 1584 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ајде,ајде покротко,доаѓаме до вистинското лице на николета наш,односно на оние кои ја злоупотребуваат историјата во сопствени цели,за да го угнетуваат народот и видиш,вистинската работа излегува,а оние кои треба да го бранат делото во стваерност се волци кои сепак вистината ги стигнува,но ова нека го видат и тие што си упатуваат честитки за денешниот ден,па вистински да почнеме да ги одбележуваме празниците,или поточно веќе еднаш гнасите да се разоткријат,со нивните лаги,па да можеме на нашите дејци од минатото да им го најдеме вистинското место без злоупотреба.
|
|
ВОЈНАТА Е МИР
СЛОБОДАТА Е РОПСТВО НЕЗНАЕЊЕТО Е СИЛА ОД ЗЕЛКА ТОРТА И ОД СЕЉАК ГРАЃАНИН НЕ БИДУВА |
|
stigma04
Сениор Регистриран: 29.Март.2010 Статус: Офлајн Поени: 2661 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
jas mislam i branko treba da si ima eden praznik primer koga propadna tat da bidi kako neraboten den barem i nie sto izgubivme na nekoj nacin da se osekame poinaku.
|
|
Jas sum pepel tamu kade sto bev ogan
|
|
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Нити Бранко, нити сите пред него и по него не се амнестирани од одговорноста што дозволија посмртните останки да заминат за Бугарија. Лесно ке се справеа со италијанските закони и ке ги добиеја ако сакаа да направат достојно место-гробница.
Се согласувам со Мунгос, дека потфрлија и дека е срамота што не се размисли за една таква иницијатива уште кога се донесе одлука за прославување на празникот. Сега ке биде многу тешко да се покрене иницијатива за нивно земање од Бугарија и носење во Ресен или било кој дел од Македонија. |
|
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Изјавата на Каракачанов:
Еве како се искривуваат факти и се манипулира со историја, затоа што не верувам Каракачанов да не знае кај е роден Татарчев. А нашите власти и историчари нека спијат, историското наследство ќе ни го грабаат досетливите соседи! |
|
mungos80
Модератор АНАРХИСТ Регистриран: 21.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 4330 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
|
|
Аспарух Дуло
Нов член Регистриран: 17.Октомври.2010 Статус: Офлајн Поени: 9 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
овој Татарчев да не е од татарите а?
|
|
Аспарух Дуло
Нов член Регистриран: 17.Октомври.2010 Статус: Офлајн Поени: 9 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
дечко незнам дали знаеш но на погребот беше присутен неговиот внук и тој многу убаво кажа што бил Татарчев |
|
mungos80
Модератор АНАРХИСТ Регистриран: 21.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 4330 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Аспарух ајде види овде
годишнина од смртта на првиот претседател на вмро Бошковски и Татарчев на панихида во Ресен Над 500 граѓани, членови на ВМРО-ДПМНЕ и гости од Бугарија присуствуваа на панихидата одржана во саботата во Ресен по повод 51-годишнината од смртта на д-р Христо Татарчев, првиот претседател на ВМРО. На панихидата одржана во храмот "Свети Кирил и Методиј" присутни беа и пратеникот Љубе Бошковски и внукот од брат на Христо Татарчев, поранешниот бугарски јавен обвинител Иван Татарчев, кој допатува од Софија како и други членови на семејството Татарчеви. На комеморативниот собир за ликот и големото револуционерно дело на Татарчев, зборуваа пратеникот Љубе Бошковски, неговиот правнук Даниел Татарчев од Битола и скопскиот новинар Панде Ефтимов. Д-р Христо Татарчев завршил медицина на Сорбона, а како лекар работел во Софија, Торино и во повеќе европски градови. Тој пред 51 година умрел во Торино, каде што е погребан, а во тој италијански град почива и неговата сопруга. Знам како се изјаснил ,ама прашај се како ќе се изјаснил ако било обратно |
|
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
|
|
Внеси реплика | страница 12> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |