IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Градови во Македонија
  Активни теми Активни теми RSS - Кумановци и нивниот темперамент
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Кумановци и нивниот темперамент

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 18192021>
Автор
Порака
crnokonjac Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 28.Мај.2010
Статус: Офлајн
Поени: 18
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај crnokonjac Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Октомври.2010 во 16:09
Originally posted by емил емил напиша:

<SPAN id=ArticleTitle =WB_VEST_Naslov>Куманово со 856 регистрирани наркомани</SPAN>


Алар­ман­тна е бројката на зависници од дрога во Куманово. Според по­да­то­ци­те на полицијата, во моментов има регистрирано 856 лица корисници на хероин, марихуана и на кокаин, но реалната бројка е петпати поголема. Во последните 10 години, 65 лица починале како последица на пре­до­зи­ра­ност."Во последните три години бројката секојдневно се зголемува, а возраста оди надолу", вели д-р Јадранка Стаменковска од Центарот за јавно здрав­је. "Најмладиот регистриран корисник зависник ни е на 12-годишна воз­раст. Она што ние треба да го работиме, е да превенираме, а не да лекуваме. Да се почне со превенцијата од најмала возраст, од семејството, преку гра­дин­ки­те, училиштата, вклучувајќи ги тука сите институции кои можат да да­дат свој придонес за да има резултати", тврди Стаменковска.Од СВР Куманово велат дека преземаат мерки за спречување на оваа по­ја­ва, ја следат состојбата на терен и располагаат со конкретни податоци за бројот на регистрираните зависници, прекршоците кои тие ги прават и как­ви дроги користат."Це­лос­но справување со овој проблем не е можно, но со навремена пре­вен­ци­ја може да се намали бројот на зависници", објаснува Виолета Бог­да­нов­ска, началник во Одделението за превенција во СВР Куманово.Нај­мно­гу се користи хероин, а најраспространета е марихуаната. Од кри­вич­ни­те дела, наркозависниците најчесто се извршители на кражби.

OVOJ E PREPISANO OD NEKOJU NOVINU U KUMANOVO IMA 10 000 NARKOMANI ILI VIKEND NARKOMANI. A OVIJA VIKENDASI SU POZAEBANI OD OBICNI NARKOMANI KD KE SE UROKAV LAZIV PO ULICE A JUTRE VIKAV BREEJ AMA SAM SE NAPIJA NISTO NE SE SEKAM BREJJJJ PA JA PIJU PO 2 DNA BEZ DA ZASTANU BEZ SPANJE PA NA SVE SE SEKAM A ON ISKOCI U 11 U 11 25 LAZI... A SVI SE PRAVIV NAIVNI GLEDAJ GA OVJ PA SE NAPIJA IHHHHHHH
Кон врв
avon Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 31.Јули.2009
Локација: United States
Статус: Офлајн
Поени: 107
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај avon Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Октомври.2010 во 18:14
Abe super si se Kumanovce segadzii i mnogu drustveni,koga mi dojdat na gosti moite prijateli samo povtoruvam   sto..kako ..molam ? nista ne gu razumu
Кон врв
stigma04 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Март.2010
Статус: Офлајн
Поени: 2661
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај stigma04 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Октомври.2010 во 01:10
Interesni ljuge se kumanovci posto tamu bev tri meseci vojska i imam dobri drugari a tie mi vikaja bitolcanac,fer ljuge se kumanovci
Jas sum pepel tamu kade sto bev ogan
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Ноември.2010 во 15:34

Ку­ма­но­во се приклучи на главниот гасовод

Ку­ма­но­во, конечно, се приклучи на главниот гасоводен систем. Со поставување на мер­но-регулационата станица, јавното претпријатие "Куманово-гас" може да за­поч­не со дистрибуција на гасот до потрошувачите во градот.
"Она што го очекувавме повеќе од една година, толку споменуваната мерно-ре­гу­ла­ци­о­на станица со капацитет од 6.000 кубни метри гас на час, ја поставуваме де­не­ска. Екипата на АД 'ГАМА' ја приклучи на нивниот преносен систем, а ФЗЦ '11 Ок­том­ври' го направи спојување со нашиот преносен систем. Со ова се создаваат мож­нос­ти од понеделник да го пуштиме гасот низ системот. Истиот ден ќе се прик­лу­чи и првиот потрошувач во градот Домот на стари лица 'Зафир Сајто'", рече вче­ра директорот на ЈП "Куманово-гас" Момчило Мирчевски.
Спо­ред програмата на претпријатието, до крајот на годинава треба да се прик­лу­чат поголемите потрошувачи кои ги исполнуваат условите и ги приспособиле своите сис­те­ми за затоплување на гас, а тоа се градинката "Синоличка", Општината и јав­ни­те претпријатија "Чистота и зеленило" и "Водовод". Од идната година ќе поч­не масовна гасификација на фирмите и на домаќинствата, што треба да заврши за две години.
"Досега се потрошени 4 милиони евра, исклучирелно средства од буџетот на Општина Ку­ма­но­во. Проектот чини околу 10 милиони евра и ќе се довршува со јавно-при­ват­но партнерство", вели Мирчевски.
ЈП "Куманово-гас" почна со гасификација пред 4 години, досега се реализирани око­лу 30 отсто од проектот и поставени се 10 километри цевковод низ цен­трал­но­то градско подрачје. (С.Н.)


Кон врв
bluebell Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
the craziest

Регистриран: 14.Септември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 8041
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bluebell Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Ноември.2010 во 21:03
А браво за Кумановци!голема%20насмевка
always look on the bright side of the life!
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Јануари.2011 во 15:24
Кон врв
Assailant Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член
Лик (аватар)
O_o

Регистриран: 10.Февруари.2011
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 8
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Assailant Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Февруари.2011 во 18:36
Iskreno ne bi rekol deka kumanovcite se loshi po temperament tatko mi e kumanovec i sekogash koga ke go cujam da prozbori nesto na kumanovski se kinam od smeja :)
What is this, i don't even..
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Јули.2011 во 13:49

ОТВОРЕНО КУМАНОВСКО КУЛТУРНО ЛЕТО

Кумановци уживаа во српскиот фолклор

Со проекција на францускиот филм "Луѓе и богови" на режисерот Гзавие Бовоа и со концертот на националниот ансамбл на народни игри и песни "Коло" од Белград, прексиноќа во Младинскиот културен центар "Козјак" започна Кумановското културно лето. На градскиот Плоштад, "Коло" одржа двочасовен концерт, со повеќе сплетови на српски народни игри и песни, а публиката уживаше во фолклорот од Војводина, Косово, Врање и од други делови на Србија.
До крајот на неделата ќе бидат прикажани филмовите "Анонимни емотивци" од Жан Пјер Америс, босанскиот "Оставени" од Адис Бакраш, словенечкиот "Пиран Пирано"од Горан Војновиќ, "Источни игри" од бугарскиот режисер Камен Калев, како и македонскиот"Тајната книга" од Владо Цветановски.
Градоначалникот на Општина Куманово Зоран Дамјановски најави богати содржини на Кумановското културно лето, со ликовни колонии, фестивали, концерти, литературни читања и промоции на книги

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Јули.2011 во 14:21

Се гради атлетски полигон во Куманово

Во дворот на техничкото училиште "Наце Буѓони" во Куманово почна из­град­ба­та на современ полигон за атлетски спортови. Теренот ќе за­фа­ќа површина од околу еден хектар, а ќе биде наменет за тренинг на спорт­ски­те клубови, за училишни спортови и за рекреативно спортување на граѓаните.
Се работи за патека со четири ленти по 200 метри, со спринтерки патеки, терен за скок во далечина и височина, простор за фрлање ѓуле, коп­је, кладиво и сите останати атлетски спортови. "Ова е прв ваков по­ли­гон во државата, по модел од Словенија каде што фирмата 'Елан' ги гра­ди во помалите градови, бидејќи нема услови да се направи голем про­фе­си­о­на­лен стадион за атлетските спортови", вели гра­до­на­чал­ни­кот Зоран Дамјановски.
Ат­лет­ски­от полигон се планира да биде готов за два месеца

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Октомври.2011 во 08:21

Kумановци од отпад ќе прават струја

Kомуналниот и цврстиот отпад во Kумановско ќе бидат согорувани во фабрика во која ќе се произведува електрична енергија.

Проблемот со депониите ќе биде надминат, а топлинската енергија ќе се користи за затоплување, по урнекот на повеќето големи европски градови. Проектот чини околу 50 милиони евра. Со изградбата на фабриката за согорување цврст отпад, Kуманово и останатите општини од Североисточниот плански регион ќе добијат повеќе бенефити.

 За реализирање на овој проект градоначалникот на Kуманово, Зоран Дамјановски, кој е и претседател на Североисточниот плански регион, и претставници од компанијата „Бресон“ од Чешката Република потпишале договор за изработка на физибилити-студија, планска и тендерска документација.

 - Локалната самоуправа на Kуманово прави историски чекор, а регионот ќе го надмине повеќедеценискиот проблем со депонирање цврст отпад. Оваа иницијатива произлезе од мојата посета на Прага, каде што видов интересна приказна, дека таму голем процент, односно 30 до 40 отсто од граѓаните се затоплуваат од енергијата која произведува околу седум-осум мегавати електрична струја. Тоа им го пренесов на соработниците и на членовите на општинскиот Совет, кои ја прифатија иницијативата и се согласија да почнеме со изработка на студија – вели Дамјановски. Изработката на студијата ќе чини 255 илјади евра, а 55 отсто од средствата ќе бидат донација од чешката влада, односно од компанијата „Бресон“, која ќе се зафати со организација, со вклучување свои консултанти и експерти, а 45 отсто од средствата ќе ги обезбедат општините од Североисточниот плански регион.

 Претставникот од компанијата „Бресон“, Kарл Хаусшампер од Прага, вели дека за нивната компанија ова не е прв проект.

 -Имаме работено на повеќе слични проекти во повеќе европски градови, како што се Прага, Рим, Брно, Kошице, Братислава и други и сите овие фабрики за цврст отпад работат добро, согласно европските стандарди и закони, пред с` за заштита на еколошката средина. Со тоа даваме можност енергијата од отпадот да се исползува на најдобар можен начин – вели Хаусшампер.

 Фабриката најверојатно ќе биде изградена во приградската населба Доброшане, на 5 километри од Kуманово, во непосредна близина на пречистителната станица за отпадни води.

 Со тоа ќе се исчисти депонијата во селото Пчиња, која децении наназад му создаваше проблеми на месното население, како и на населението од околните села. Пред неколку години нивните реакции и револтот кулминираа со неколкудневни блокади, бидејќи сметаа дека им се загадува животната околина, а на пазарот купувачите ги одбегнувале нивните земјоделски производи.

 Депонијата ја загадува Пчиња

 Жителите на селото Пчиња велат дека е добро да се дислоцира депонијата, од која не само што се загадува воздухот туку и почвата и подземните води.

 - Одамна се зборува дека депонијата ќе се дислоцира зашто изминатите децении создаваше големи проблеми. Меѓутоа, многу ветувања имаше досега, а малку се остварија. Некако тешко е за верување дека и ова ќе се случи. Сепак, нам ни останува да се надеваме зашто оваа депонија не е штетна само за нас, туку и за граѓаните на Kуманово, на кои ние им ги продаваме нашите земјоделски производи – вели Kрсто Миливојевиќ од селото Пчиња.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Декември.2011 во 09:59
Кумановски Фејсбук љубовџија претепан и соблечен по гаќи

Ку­ма­но­вец, завчераноќ бил претепан, а потоа бил соблечен гол, оти отишол на сос­та­нок со девојка, со која се запознал преку социјалната мрежа Фејсбук. Претепаниот, ко­му напаѓачите му ги оставиле само гаќите, случајот го пријавил во полиција, која ра­бо­ти на целосно расчистување на случајот и пронаоѓање на засега непознатите напаѓачи.

Спо­ред првичните информации, инцидентот се случил завчераноќ, кај старата бања во ку­ма­нов­ско­то село Проевци. Л.Ш. (32), преку Фејсбук, се запознал со некоја кумановка, и се договориле завчеравечер да се сретнат кај бањата. Кога со девојката прис­тиг­на­ле на посоченото место, тие го изгаснале моторот на автомобилот. Додека седеле внат­ре, одненадеж се појавиле две непознати лица што насилно ја отвориле вратата од автомобилот и почнале крвнички да го тепаат момчето. По пре­те­пу­ва­њето, тие му ги одзеле мобилниот телефон, парите и клучевите од автомобилот, потоа го соблекле гол, и си заминале.

По нивното бегство, претепаниот, кој бил пиштол гол, и девојката, која била преп­ла­ше­на од насилничкото однесување, тргнале пеш до најблиските куќи и побарале помош од полицијата.
За­се­га сe уште не се знае кој го претепал момчето. Полицијата истражува дали се ра­бо­ти за љубоморни момчиња што сакале да му се одмаздат на Л.Ш. затоа што ја повикал де­вој­ка­та на состанок или, пак, биле цел на насилници што случајно ги затекле кај бањата

Кон врв
saguaro Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 25.Август.2011
Статус: Офлајн
Поени: 482
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај saguaro Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Декември.2011 во 21:54
... „а ти то појаје?“

Се чудеше брат ми зашто мислат кумановци дека земал јајца, а тој уствари само си пееше наутро...

Инаку се најлоши возачи...кога ќе видам регистрација KU бегам подалеку.
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Декември.2011 во 17:19
 

На кејот на реката Кумановка ќе биде поставено лизгалиште. Според најавите на локалната власт, лизгалиштето ќе биде монтирано неколку дена пред Нова Година.

lizgaliste.jpg500

Изборот за оваа локација е направен според повеќе критериуми, осветлување, инфраструктура, паркинг место и безбедност.

- Kако локална власт направивме напори преку Фондацијата за култура и спорт учениците да добијат бесплатни часови кои ќе бидат покриени со средства од општината како поддршка за развој на училишниот спорт, вели градоначалникот, Зоран Дамјановски.

Одлуката за поставувањето на лизгалиштето беше прифатена и на последната седница на Советот на општина Куманово. Според најавите лизгалиштето ќе биде  поставено до средината на март идната година.

Кон врв
gonzo Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Мачкозил

Регистриран: 04.Декември.2008
Локација: У дневну
Статус: Офлајн
Поени: 3137
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај gonzo Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Декември.2011 во 17:39
Toj toj ...koj ne znae da lizga, pravo u reku...газење од смеење
You have the right to remain silent. Anything you say will be misquoted, then used against you.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 18192021>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,250 секунди.